< Return to Video

Ментални кочници за спречување на нервни сломови | Стивен Хејс | TEDxDavidsonAcademy

  • 0:29 - 0:33
    Луѓето, измеѓу двете уши, имаат
    биолошки еквивалент на
  • 0:33 - 0:35
    тркачки автомобил.
  • 0:36 - 0:39
    И супер е што ја имаме оваа направа.
  • 0:39 - 0:44
    Останатите живи суштества можат само да ни
    завидуваат на нашата способност за
  • 0:44 - 0:50
    расудување, решавање на проблеми, планирање, евалуирање, апстрахирање и креирање.
  • 0:50 - 0:54
    Но никој не би се качил во брза
    тркачка кола
  • 0:54 - 0:58
    и не би нагазнал на гаста ако претходно
    не ви кажат
  • 0:58 - 1:02
    каде се кочниците и како треба
    да ги користите.
  • 1:03 - 1:09
    Нашиот ум, понекогаш, не` води
    во погрешна насока.
  • 1:09 - 1:10
    А кога го прави тоа,
  • 1:10 - 1:16
    мораме да знаеме како да го успориме
    и како да ги употребиме кочниците.
  • 1:17 - 1:20
    Но, не знаеме каде се кочниците.
  • 1:20 - 1:25
    Инстинктивно наместо на
    кочниците, ние стискаме на гаста
  • 1:25 - 1:28
    и возиме неконтролирано и брзо.
  • 1:28 - 1:32
    Но, се чини дека кочниците се наоѓаат
    на сосема друго место.
  • 1:33 - 1:37
    Овој говор го држам на TEDx, кој е
    спонзориран од Академијата Дејвидсон,
  • 1:38 - 1:42
    која е богатство на САД,
  • 1:42 - 1:44
    училиште за надарени и талентирани,
  • 1:44 - 1:52
    каде се образуваат млади луѓе кои имаат
    IQ на ниво на или над 99.9 перцентили.
  • 1:53 - 1:57
    Сега сум пред луѓе кои, знам дека во
    наредните неколку години,
  • 1:57 - 2:02
    ќе предизвикаат значајни промени во
    светот.
  • 2:02 - 2:05
    Но, јас сум клинички психолог.
  • 2:05 - 2:08
    И знам дека пред мене имам луѓе
    кои ќе страдаат.
  • 2:09 - 2:10
    Знам дека пред мене имам луѓе
  • 2:10 - 2:14
    кои ќе имаат мисли што ќе звучат отприлика
    вака,
  • 2:15 - 2:18
    "Никој нема да ме сака," или "Не вреди да
    се живее,"
  • 2:19 - 2:22
    "Нешто не е во ред со мене,"
  • 2:22 - 2:27
    "Длабоко во себе јас сум лош," "Јас сум
    расипан," "Треба да се срамам од себе."
  • 2:27 - 2:33
    Или, "Морам да најдам начин да не ме
    одбијат оти тоа е многу болно,"
  • 2:33 - 2:37
    "Морам да заборавам на траумата што ми
    се случи."
  • 2:37 - 2:40
    Кога ќе ви се јават вакви
    мисли, без оглед на тоа колку сте паметни,
  • 2:40 - 2:45
    ќе морате да научите да ги користите
    менталните кочници.
  • 2:45 - 2:48
    Сакам да ви споделам изненадувачко научно
    откритие
  • 2:48 - 2:50
    за тоа каде се наоѓаат кочниците.
  • 2:52 - 2:54
    Изминативе 30 години, јас и моите колеги
  • 2:54 - 2:57
    го проучувавме јазикот и познанието низ
    филтерот,
  • 2:57 - 3:02
    низ леќите, на теоријата позната како
    Теорија на Релациска Рамка, или ТРР;
  • 3:02 - 3:05
    теорија што јас ја создадов пред многу
    децении,
  • 3:05 - 3:10
    а потоа ја вградив во Терапијата на
    Прифаќање и Посветеност, или ТПП,
  • 3:10 - 3:12
    која е цел сет на методи што ги користиме
  • 3:12 - 3:17
    во многу, многу различни области на
    човековото страдање.
  • 3:18 - 3:23
    Сакам да ви објаснам што е јазик и
    познание,
  • 3:23 - 3:26
    зошто она што го правиме овде се
    разликува од она
  • 3:26 - 3:29
    што птиците надвор го прават.
  • 3:29 - 3:32
    Откако ќе ви објаснам ќе знаете
  • 3:32 - 3:35
    како да газите на гаста уште повеќе.
  • 3:35 - 3:36
    Но, тоа не е целта на мојот говор.
  • 3:37 - 3:41
    Исто така, ќе знаете зошто не смеете да се
    потпирате на тој дел од умот
  • 3:41 - 3:44
    во моментите кога треба да успорите,
  • 3:45 - 3:48
    во моментите кога ве води во погрешна
    насока.
  • 3:49 - 3:52
    30 години истражување можам да ги
    сумирам во мала стихотворба.
  • 3:52 - 3:56
    Понижувачки е дека тоа е можно,
    но можно е.
  • 3:56 - 3:58
    Оди вака:
  • 3:58 - 4:00
    Прво научи го, потоа заклучи го,
  • 4:01 - 4:05
    и на крај стави го во мрежи кои
    го менуваат твоето однесување.
  • 4:05 - 4:06
    Ете тоа ви се 30 години работа.
  • 4:06 - 4:09
    (Смеа)
  • 4:10 - 4:12
    Сакам да ви објаснам што тоа значи
  • 4:12 - 4:16
    и зошто се разликуваме од птиците
    надвор.
  • 4:16 - 4:21
    Да ги разгледаме првите две реченици.
    Прво научи го, потоа заклучи го.
  • 4:21 - 4:25
    Да земеме наједноставна работа. Име
    на некој предмет.
  • 4:25 - 4:29
    Многу малите деца, учат дека ако нешто
    има име.
  • 4:29 - 4:33
    На пример, ако ова го нарекувам буу-буу,
    и потоа речам, "Каде е буу-буу?"
  • 4:33 - 4:37
    Детето, многу брзо, ќе се обиде да
    го најде ова.
  • 4:38 - 4:40
    Ние сме единствените суштества што
    го можат ова.
  • 4:41 - 4:44
    Шимпанзата кои учеле јазик не го можат.
  • 4:44 - 4:45
    Истражувањата покажаа дека не можат.
  • 4:45 - 4:49
    И патем, ве молам не ми пишувајте дека
    имате многу паметно куче или мачка.
  • 4:49 - 4:50
    (Смеа)
  • 4:50 - 4:52
    Знам дека имате. И јас имам.
  • 4:52 - 4:55
    Но, тие не го можат ова.
  • 4:56 - 4:58
    А, ние го можеме.
  • 4:58 - 5:04
    На пример, ако знаете дека тркалезниот
    црвен предмет се вика јаболко,
  • 5:05 - 5:08
    ако му речам на 12 месечно бебе,
  • 5:08 - 5:11
    кое растело во едно нормално семејство
    каде било изложено на јазик
  • 5:11 - 5:14
    и кое имало нормален развој,
  • 5:15 - 5:19
    "Каде е јаболкото?" бебето ќе го бара.
  • 5:19 - 5:24
    Потоа можете да го ставите во мрежи кои
    всушност го менуваат вашето однесување.
  • 5:24 - 5:28
    Исто така, ако знаете дека јаболкото се
    вика и "јабука,"
  • 5:29 - 5:34
    и од вас побарам да замислите тогаш кога
    сте навистина жедни,
  • 5:34 - 5:39
    како одите до фрижидерот и од него вадите
    шише со свеж сок од "јабука"
  • 5:39 - 5:43
    кој го истурате во чаша, и потоа
    замислите како се наведнувате
  • 5:43 - 5:49
    и го мирисате сокот од "јабука",
  • 5:49 - 5:53
    а потоа земате неколку големи,
    слатки голтки од сокот од "јабука."
  • 5:54 - 5:55
    Можете да го замислите тоа?
  • 5:56 - 5:59
    Ако имавте памук во вашата уста и сега
    го исплукавте,
  • 5:59 - 6:03
    памукот ќе беше потежок, затоа што лачите
    плунка на самата помисла на сок од "јабука."
  • 6:03 - 6:06
    Освен ако не сте од Хрватска каде
    јаболкото се вика "јабука,"
  • 6:07 - 6:11
    веројатно не сте слушнале за овој збор
    се додека овој стар ќелав човек не ви кажа.
  • 6:11 - 6:14
    Ете така оди.
  • 6:15 - 6:18
    И неверојатно е кога ќе почнеме да учиме
    други релации
  • 6:18 - 6:20
    освен имињата, како "пред" и "после,"
  • 6:20 - 6:23
    "причина" и "последица,"
    "помало" и "поголемо."
  • 6:23 - 6:27
    Малите деца учат подлабоко да ги
    анализираат ситуациите.
  • 6:27 - 6:30
    Мало дете мисли дека петденарката е
    поголема од десетденарката,
  • 6:30 - 6:35
    но четири, пет и шест годишните деца
    знаат дека десетденарката е поголема од петденарката.
  • 6:35 - 6:36
    Но чекај малку.
  • 6:36 - 6:38
    Ако десетденарката е поголема
    од петденарката,
  • 6:39 - 6:43
    тогаш без оглед на тоа колку си успешен,
    можеби не е доволно.
  • 6:44 - 6:47
    Требало да бидеш уште повеќе.
  • 6:48 - 6:54
    Оваа алатка за решавање на проблеми што
    ја имаме може да се сврти против нас,
  • 6:54 - 6:56
    и често го прави тоа.
  • 6:56 - 6:59
    И што ќе правиш ако се случи тоа?
  • 6:59 - 7:02
    Дозволете да ви посочам некои
    од проблемите
  • 7:02 - 7:06
    кои се јавуваат тогаш кога ја
    користиме само оваа алатка.
  • 7:06 - 7:08
    Земете го овој пример:
  • 7:08 - 7:13
    Не сакам да мислите на желе крофни кои
    се полнети со крем.
  • 7:14 - 7:17
    Значи кога таа мисла ќе ви дојде во умот
    или доколку ја видите крофната,
  • 7:17 - 7:20
    не сакам да мислите на тоа, не мислете на
    тоа, лошо е.
  • 7:20 - 7:22
    Важно е да не мислите на тоа.
  • 7:22 - 7:25
    Наместо тоа, мислете на шешири.
  • 7:26 - 7:29
    Кога ќе помислите на крофни, мислете на
    шешири.
  • 7:29 - 7:31
    Шешири, запомнете, шешири.
  • 7:31 - 7:33
    Помислете ли на крофни, мислете на шешири.
  • 7:33 - 7:34
    Шешири, шешири.
  • 7:34 - 7:36
    Договорено? Сфативте?
  • 7:37 - 7:40
    Е сега, во моментот додека мислите
    на шешири,
  • 7:40 - 7:43
    се чини дека делува.
  • 7:44 - 7:47
    Вака настанува опсесивно-компулсивното
    растројство,
  • 7:47 - 7:50
    потиснувајќи ги мислите.
  • 7:50 - 7:52
    Но, ќе ви покажам дека ова е замка.
  • 7:52 - 7:55
    Она чувство дека ги држите работите
    под контрола во моментот,
  • 7:55 - 8:00
    дека логичниот дел од умот ви помогна
    да ја елиминирате лошата крофна,
  • 8:01 - 8:03
    ќе ви покажам дека тоа не е точно.
  • 8:03 - 8:05
    Што ви се јавува во умот ако речам?
  • 8:05 - 8:08
    Црно.....бело, така?
  • 8:08 - 8:11
    Топло....ладно, така?
  • 8:11 - 8:14
    Шешири....
  • 8:14 - 8:16
    (Смеа)
  • 8:16 - 8:18
    Крофни.
  • 8:18 - 8:20
    (Смеа)
  • 8:20 - 8:22
    Гледате колку брзо се случува.
  • 8:23 - 8:28
    Прво научи го, па заклучи го, и стави
    го во мрежи.
  • 8:28 - 8:30
    Мрежата е сега поголема,
  • 8:30 - 8:34
    и само затоа што велите "не е" не значи
    дека не е во релација со нешто друго.
  • 8:34 - 8:38
    Спротивноста е релација,
    различноста е релација.
  • 8:39 - 8:41
    И така мрежата станува поголема.
  • 8:41 - 8:44
    И сега шеширите ќе ве потсеќаат на крофни.
  • 8:45 - 8:47
    Ви го ставив тоа во главата.
  • 8:47 - 8:49
    (Смеа)
  • 8:49 - 8:52
    И другите луѓе ви ставаат работи
    во главата.
  • 8:52 - 8:55
    Не би било толку лошо ако само ние си
    ги ставаме работите, но не е така.
  • 8:56 - 9:01
    Телевизорот, вашата сестра, вашиот родител
    кога е лут и ве критикува,
  • 9:01 - 9:04
    или едноставно работите што
    ви се случуваат,
  • 9:04 - 9:05
    сето тоа ви влегува во глава.
  • 9:05 - 9:07
    А откако ќе влезат, е тогаш е проблем.
  • 9:07 - 9:09
    Ако ви речам,
  • 9:09 - 9:11
    - ова само за да видите колку
    брзо се одвива -
  • 9:11 - 9:13
    Имам три броја кои сакам да ги запамтите.
  • 9:13 - 9:17
    Луѓето од TED во соработка со Академијата
    Дејвидсон,
  • 9:17 - 9:19
    можеби и самата Академија,
  • 9:19 - 9:22
    ми дадоа 10,000 долари, кои треба
  • 9:22 - 9:25
    да ви ги дадам вам доколку се сетите
  • 9:25 - 9:27
    кои се броевите една недела од сега.
  • 9:27 - 9:28
    Значи многу е важно.
  • 9:28 - 9:29
    Еве ги броевите:
  • 9:29 - 9:31
    Еден, два, три.
  • 9:32 - 9:33
    Немој да ги заборавите.
  • 9:33 - 9:35
    Ве чекаат десет илјадарки.
  • 9:35 - 9:38
    Ако ве допрам за рамото една недела од
    сега и ве прашам,
  • 9:38 - 9:39
    "Кои се броевите?" вие ќе речете...
  • 9:40 - 9:43
    Еден, два, три, не ги заборавајте. Многу
    се важни.
  • 9:44 - 9:47
    Ве излажав. Нема пари.
  • 9:47 - 9:49
    (Смеа)
  • 9:49 - 9:53
    Но дали се сомневате дека ако една недела
    од сега дојдам до вас и речам,
  • 9:53 - 9:56
    "Кои се броевите?" "Ќе можете
    да ми одговорите?
  • 9:56 - 9:59
    Колку од вас мислат дека нема да можете
    да одговорите?
  • 9:59 - 10:01
    А еден месец од сега?
  • 10:01 - 10:05
    Има ли луѓе на кои еден месец од сега
  • 10:05 - 10:07
    броевите еден, два, три, се уште
  • 10:07 - 10:10
    ќе им бидат во главата? Навистина?
  • 10:10 - 10:12
    А една година од сега?
  • 10:12 - 10:14
    Има луѓе кои една година од сега...
  • 10:14 - 10:18
    А кога ќе бидете на смртна постела?
  • 10:18 - 10:20
    "Кажи ми ги броевите?"
  • 10:20 - 10:21
    (Смеа)
  • 10:21 - 10:23
    Зошто?
  • 10:24 - 10:28
    Само затоа што ви ги кажав, тоа е доволно.
  • 10:28 - 10:31
    Затоа што така функционира човечкиот
    нервен систем.
  • 10:31 - 10:35
    Тоа е како да имаш дигитрон кој
    нема копче за минус,
  • 10:35 - 10:41
    и нема копче за бришење, само за плус,
    за еднакво и за множење.
  • 10:41 - 10:43
    Откако ќе влезе, останува.
  • 10:43 - 10:44
    Ви велам како психолог,
  • 10:44 - 10:48
    во психологијата нема процес кој
    се вика "одучување."
  • 10:49 - 10:51
    Има екстинкција, итн.,
    но тоа е инхибирање.
  • 10:51 - 10:52
    Тоа не е одучување.
  • 10:52 - 10:55
    Ако сте го заборавиле можете одново
    да го научите,
  • 10:55 - 10:58
    но овојпат побрзо, што значи дека тоа
    некако останало внатре.
  • 10:59 - 11:04
    Еден, два, три ќе ви останат во главата до
    крајот на животот.
  • 11:04 - 11:06
    (Смеа)
  • 11:06 - 11:09
    Но замислете дека е нешто навистина
    болно.
  • 11:10 - 11:13
    Замислете дека е вашата девојка, како
    ви вели "Не те сакам."
  • 11:15 - 11:19
    Замислите дека длабоко ве
    изневериле.
  • 11:20 - 11:23
    Тоа не може да отиде на друго место.
  • 11:23 - 11:25
    Останува со вас,
  • 11:25 - 11:29
    а кога гласот ќе започне да ви вели
    дека сте несакани
  • 11:29 - 11:31
    и дека животот не вреди да се живее,
  • 11:32 - 11:35
    кога тоа ќе се случи, ќе треба да ги
    употребите кочниците.
  • 11:35 - 11:39
    А малава стихотворба ни посочува
    каде се тие.
  • 11:39 - 11:43
    Не се во делот "прво научи го,
    па заклучи го, и стави го во мрежата"
  • 11:43 - 11:46
    Кога дебатирате сами со себе тогаш само
    градите мрежи.
  • 11:46 - 11:49
    Вистина, ако немаш информација, во ред,
    најди ја.
  • 11:49 - 11:51
    Ако треба да размислуваш пофлексибилно,
    во ред.
  • 11:51 - 11:54
    Но, за повеќето работи со кои навистина
    се бориме,
  • 11:54 - 11:56
    ние мислиме дека ќе најдеме гума,
  • 11:56 - 11:58
    или копче за бришење, а тоа не
    постои.
  • 11:58 - 12:01
    Но, последнава реченица ни сугерира што
    да направиме:
  • 12:01 - 12:03
    да го промениме она што го правиме.
  • 12:03 - 12:07
    Постојат начини да ја промениш функцијата
    на мислите,
  • 12:07 - 12:09
    она како функционираат
    откако ќе се појават.
  • 12:11 - 12:12
    Кои се броевите?
  • 12:12 - 12:14
    (Смеа)
  • 12:14 - 12:18
    Тигарот наречен јазик и познание го
    јаваме
  • 12:18 - 12:22
    уште од настанокот на хомо сапиенсот, и
    веројатно,
  • 12:22 - 12:24
    уште од времето на човеколиките мајмуни.
  • 12:24 - 12:26
    Тоа е веројатно пред 400,000 години.
  • 12:26 - 12:29
    Знаеме дека не е пред повеќе
    од 2.8 милиони години
  • 12:29 - 12:31
    зашто шимпанзата не го можат ова.
  • 12:32 - 12:33
    Но, ние да.
  • 12:33 - 12:37
    Ние сме го јавале тигарот и сме се
    обидувале да го разбереме.
  • 12:37 - 12:39
    И што да правиме? Одговорот нема
  • 12:39 - 12:41
    да го најдеме во рационалниот дел
  • 12:41 - 12:45
    од нашата култура.
  • 12:45 - 12:47
    Туку во мистичниот дел.
  • 12:47 - 12:50
    Во духовните и религиозните
    традиции.
  • 12:50 - 12:53
    Тоа ќе ни помогне да го
    откриеме процесот.
  • 12:53 - 12:55
    Како да го промениме она што го
    правиме?
  • 12:55 - 12:58
    Откако ќе го видите тоа, ќе сфатите
    дека има и други начини
  • 12:59 - 13:01
    кои се надвор од тие традиции.
  • 13:01 - 13:04
    Тие се создадени и тестирани
    во рамки на ТРР и ТПП.
  • 13:04 - 13:06
    Сè што ќе ви кажам
  • 13:06 - 13:08
    е тестирано во повеќе научни студии,
  • 13:08 - 13:14
    буквално стотици истражувања за ТРР и
    близу 1,000 студии за ТПП.
  • 13:14 - 13:16
    Да го разгледаме првиот начин
  • 13:16 - 13:19
    кој е директно поврзан со духовните
    и религиозните традиции,
  • 13:19 - 13:22
    а тоа е целосната свесност за мислите.
  • 13:22 - 13:24
    Тој ќе ни помогне да го видиме принципот.
  • 13:24 - 13:26
    Ако некој од вас е медитатор,
  • 13:26 - 13:30
    знаете дека ваша работа е едноставно
    да бидете непристрасен набљудувач
  • 13:30 - 13:34
    на сопствениот мисловен процес.
  • 13:35 - 13:38
    За да го правите тоа не ви се потребни
    религиозни приказни.
  • 13:38 - 13:39
    Секој од вас го може тоа.
  • 13:39 - 13:43
    Можете да замислите облаци на небото
    како се движат,
  • 13:43 - 13:46
    и секоја мисла што ќе ви се појави
    треба да ја ставите на еден од облаците.
  • 13:46 - 13:49
    Не го туркајте. Облакот си има
    брзина на движење.
  • 13:49 - 13:51
    Не го задржувајте. Не можете да
    ги контролирате облаците.
  • 13:51 - 13:55
    Ставете ја мислата и пуштете ја. Ако
    се врати, ставете ја на следниот облак.
  • 13:55 - 13:57
    Или користете било што.
    Автомобили на автопат
  • 13:57 - 14:01
    или лисја што пловат во река. Вежбајте
    го ова и ќе стекнете вештина.
  • 14:01 - 14:02
    Што е всушност вештината?
  • 14:02 - 14:04
    Таму лежи кочницата.
  • 14:04 - 14:08
    Еве што всушност е вештината:
    да гледате како вашиот ум си ја врши работата
  • 14:08 - 14:13
    со чувство на дистанца и непристрасна
    љубопитност.
  • 14:13 - 14:17
    Притоа, да не бидете заведени од мислите,
    да не им дозволите да ве управуваат
  • 14:17 - 14:21
    туку да го фатите мисловниот процес
    во лет,
  • 14:21 - 14:25
    и токму тоа е целта на контемплацијата и
    медитацијата.
  • 14:26 - 14:29
    Така правилно се користат кочниците.
  • 14:30 - 14:34
    Како да гледате пајак кој плете мрежа,
    мала когнитивна мрежа.
  • 14:35 - 14:36
    Набљудувајте го тоа.
  • 14:36 - 14:38
    Зареме не е интересно?
  • 14:38 - 14:40
    Така се користат кочниците?
  • 14:40 - 14:44
    За време на контемплација се случува
    токму тоа,
  • 14:44 - 14:47
    и затоа ви ја препорачувам на сите,
    добро е да ја практикувате.
  • 14:47 - 14:51
    Но, ќе ви препорачам и работи
    кои ќе ви изгледаат смешни, малку чудни.
  • 14:51 - 14:55
    Но, истражувањата покажаа дека
    се полезни.
  • 14:56 - 15:00
    Првата препорака. Дајте
    му на вашиот ум име.
  • 15:02 - 15:04
    Ако има име, тогаш се разликува од вас.
  • 15:04 - 15:08
    Можете да го слушате со чувство на
    дистанца и да го гледате како брбори
  • 15:08 - 15:09
    и донесува одлуки.
  • 15:09 - 15:11
    Ќе му дозволите ли да управува со вас?
  • 15:11 - 15:13
    Понекогаш има добар, а понекогаш
    лош совет.
  • 15:13 - 15:16
    Не морате да дебатирате со него или
    да го терате да не ви зборува.
  • 15:16 - 15:18
    Не морате да му го смените мислењето.
  • 15:18 - 15:22
    Само речете, "Во ред, ти благодарам, Џорџ.
    Уште нешто да кажеш?
  • 15:22 - 15:23
    А, во ред. Ти благодарам."
  • 15:24 - 15:26
    Мојот ум се вика "Џорџ."
  • 15:26 - 15:29
    Ако не ви се допаѓа Џорџ,
    изберете си друго име.
  • 15:29 - 15:33
    Ако не ви текнува, можете да го викате
    Господине Паметен или Госпоѓо Паметна
  • 15:33 - 15:38
    и на тој начин буквално се дистанцирате
    доколку ви се јават болни мисли.
  • 15:38 - 15:41
    Имате чувство дека вашиот ум
    ви зборува.
  • 15:41 - 15:44
    Може да ви зборува за работи што вие сте
    ги помислиле или што некој ви ги кажал.
  • 15:44 - 15:45
    Кои се броевите?
  • 15:45 - 15:48
    Не мора да биде нешто важно.
  • 15:50 - 15:54
    Ако имате некоја мисла и сакате
    да се дистанцирате од неа,
  • 15:54 - 15:55
    не да направите да исчезне,
  • 15:55 - 15:59
    наместо да и` дозволите да ве заведе,
    само набљудувајте ја
  • 15:59 - 16:01
    онака како што е.
  • 16:02 - 16:05
    Ако имате мисла, некоја
    многу лоша мисла,
  • 16:05 - 16:08
    како "Јас сум лош, јас сум навистина лош,"
    и се чувствувате тажно,
  • 16:09 - 16:12
    ви препорачувам да ја пеете мислата.
  • 16:13 - 16:17
    Во недостаток на предлози,
    што велите за "Среќен Роденден"?
  • 16:18 - 16:21
    (Пее со мелодија на "Среќен Роденден")
    "Јас сум многу, многу, многу лош.
  • 16:21 - 16:23
    Јас сум многу, многу, многу лош.
  • 16:24 - 16:30
    Јас сум многу, многу, многу, многу
    Јас многу, многу, многу лош.
  • 16:30 - 16:31
    (завршува со пеењето)
  • 16:31 - 16:31
    (Смеа)
  • 16:31 - 16:33
    Ти благодарам, Џорџ.
  • 16:33 - 16:35
    (Смеа)
  • 16:35 - 16:38
    Ова не е за да го исмевате вашиот ум.
    Не ми е тоа целта.
  • 16:38 - 16:41
    Туку, за да ве потсетам дека тоа
    е само глас кој ви зборува.
  • 16:41 - 16:43
    Вие треба да одлучите дали е
  • 16:43 - 16:46
    во склад со вашите вредности и дали
    ви помага во дадената ситуација.
  • 16:46 - 16:50
    Поентата е да не функционирате
    на автопилот.
  • 16:50 - 16:54
    Да не им дозволите на мислите да ве
    заведат и
  • 16:54 - 16:55
    управуваат со вашиот живот.
  • 16:55 - 16:59
    Логичниот дел од умот тука нема
    да ви помогне.
  • 16:59 - 17:02
    Еве една вежба, ќе ве замолам и вие
    да учествувате.
  • 17:02 - 17:06
    Ќе морате да ми помогнете, во спротивно
    ќе изгледам многу глупаво.
  • 17:06 - 17:08
    Ова беше создадено од Тиченер,
  • 17:08 - 17:11
    таткото на американската психологија
    пред повеќе од 100 години,
  • 17:11 - 17:14
    точно пред 100 години.
  • 17:14 - 17:17
    Тој имал теорија за јазикот
    и познанието
  • 17:17 - 17:18
    која говорела што?
  • 17:18 - 17:22
    Идејата му била дека јазикот го губи
    значењето, ако го извадиш од контекст.
  • 17:22 - 17:26
    Тоа го правел така што, за време на
    јавни говори и демонстрации,
  • 17:26 - 17:29
    ги терал луѓето гласно и брзо да
    повторуваат одреден збор.
  • 17:29 - 17:31
    Го имаме истражувано ова.
  • 17:31 - 17:33
    Вознемиреноста и увереноста
  • 17:33 - 17:36
    се намалуваат во рок од 30 секунди.
  • 17:37 - 17:40
    Ќе ја направам само 20 секунди,
    доволно е за да сфатите
  • 17:40 - 17:42
    а и не сакам да ги полудам луѓето
    на Јутјуб.
  • 17:42 - 17:45
    Ќе земеме еден збор.
  • 17:45 - 17:46
    Да речеме млеко.
  • 17:46 - 17:49
    Зошто? Зашто повеќето од нас
    знаат какво е.
  • 17:49 - 17:52
    За момент помислете какво е
    млекото.
  • 17:52 - 17:55
    Каков му е вкусот, како мириса, како
    изгледа.
  • 17:56 - 18:00
    Ладно млеко, бело млеко,
    перцептивните функции.
  • 18:00 - 18:03
    Сега сакам заедно со мене,
  • 18:03 - 18:07
    и јас ќе учествувам, ќе се глупирам
    исто како и вие,
  • 18:07 - 18:11
    да го кажете зборот млеко гласно,
    брзо, во рок од 20 секунди.
  • 18:11 - 18:15
    И забележете што ќе се случи со белата,
    ладна и кремаста материја.
  • 18:15 - 18:20
    Сакате да се глупираме само 20
    секунди?
  • 18:20 - 18:21
    Помогнете ми.
  • 18:21 - 18:22
    Сакате?
    Во ред.
  • 18:22 - 18:24
    Спремни, може.
  • 18:24 - 18:25
    Гласно.
  • 18:25 - 18:30
    [Сите повторуваат "млеко" во рок од 20
    секунди]
  • 18:30 - 18:31
    Малку погласно.
  • 18:35 - 18:36
    Малку побрзо.
  • 18:39 - 18:43
    Во ред. Најдолгите 20 секунди од
    целиот говор.
  • 18:43 - 18:45
    (Смеа)
  • 18:45 - 18:49
    Што се случи со белата, кремаста
    и ладна материја?
  • 18:49 - 18:52
    Почна да исчезнува, почна да
    исчезнува.
  • 18:52 - 18:53
    И други работи се појавија,
  • 18:53 - 18:56
    како колку е тешко да изговараш еден
    збор постојано.
  • 18:56 - 18:58
    Ви се измори устата.
  • 18:58 - 19:00
    И чудниот звук. Зарем не е чуден звукот?
  • 19:01 - 19:04
    Видете, дел од тешките мисли се
    програмирани,
  • 19:04 - 19:05
    исто како, кои се броевите?
  • 19:05 - 19:06
    Еден, два, три.
  • 19:06 - 19:10
    На одредено ниво тие не се ништо
    друго, освен звуци.
  • 19:10 - 19:12
    Ќе дозволите животот да ви зависи
    од тоа?
  • 19:13 - 19:14
    Навистина?
  • 19:14 - 19:15
    Не е безбедно.
  • 19:15 - 19:17
    Стискајте на кочниците.
  • 19:18 - 19:21
    Ако имате лоши мисли, правете
    го ова 30 секунди.
  • 19:21 - 19:25
    Излезе дека 30 секунди е доволно,
    навистина брзо.
  • 19:26 - 19:30
    Држев говор на Стенфорд. Пред голема,
    група на важни луѓе.
  • 19:30 - 19:33
    Зборував за износот на пари кој го
    трошиме на
  • 19:33 - 19:36
    апчиња за спиење.
  • 19:37 - 19:40
    На слајдот пишуваше три. Јас требаше
    да речам, "Три милијарди,"
  • 19:40 - 19:44
    а наместо тоа реков, "Се искачи на три
    трилиони долари."
  • 19:44 - 19:45
    (Смеа)
  • 19:45 - 19:49
    Потоа отидов во хотелот и си легнав.
  • 19:49 - 19:52
    Во 3 изутрина се разбудив и
    седев на креветот,
  • 19:52 - 19:55
    "Три трилиони, идиот!"
  • 19:55 - 19:57
    (Смеа)
  • 19:57 - 19:59
    Тоа не е точно."
  • 19:59 - 20:01
    Скокнав од креветот,
    одев напред назад.
  • 20:01 - 20:04
    "Веројатно го снимиле. Го кажав
    тоа на Стенфорд."
  • 20:04 - 20:06
    (Смеа)
  • 20:07 - 20:10
    Си реков, "Ти си глуп. Како можеше
    да бидеш толку глуп?"
  • 20:10 - 20:14
    Тоа ме потсети на повторувањето
    на зборови.
  • 20:14 - 20:17
    Ако кажеш "Како можеш да бидеш толку
    глуп?" со паузи измеѓу
  • 20:17 - 20:19
    тогаш реченицата ќе го задржи значењето.
  • 20:19 - 20:24
    Но, наместо тоа јас седев на креветот и
    многу брзо и гласно, изговарав,
  • 20:24 - 20:27
    "Глуп, глуп, глуп,
    глуп, глуп, глуп,
  • 20:27 - 20:28
    глуп, глуп, глуп, глуп."
  • 20:28 - 20:30
    И после си легнав.
  • 20:30 - 20:32
    (Смеа)
  • 20:32 - 20:35
    Ви го препорачувам ова. Кочница е.
  • 20:36 - 20:41
    О, боже. Еве една која е ептен, ептен
    смешна,
  • 20:41 - 20:43
    но предизвикува драматична промена.
  • 20:44 - 20:47
    Ако имате тешка мисла која ве мачи,
    изговорете ја со различни гласови,
  • 20:47 - 20:50
    можеби со гласот на вашиот најнеомилен
    политичар.
  • 20:51 - 20:52
    Не можам да претпоставам кој е тоа.
  • 20:52 - 20:55
    (Смеа)
  • 20:55 - 20:58
    Или ако не ви се допаѓа тоа, што велите
    за лик од цртан филм?
  • 20:58 - 21:01
    Ако ја земеме мислата, "Јас сум лош, јас
    сум многу, многу лош,"
  • 21:01 - 21:04
    ви гарантирам дека ќе ја доживувате
    поинаку, ако кажете,
  • 21:04 - 21:08
    "Јас сум лош. Јас сум многу лош."
  • 21:08 - 21:10
    (Смеа)
  • 21:10 - 21:13
    Но, бидете внимателни. Не ви велам
    да го исмевате својот ум.
  • 21:13 - 21:14
    Навистина, не.
  • 21:14 - 21:18
    На крајот ќе ви објаснам како
    да го постигнете тоа.
  • 21:18 - 21:22
    Целта е да се дистанцирате,
    да внесете малку воздух во собата.
  • 21:23 - 21:24
    Да успорите,
  • 21:24 - 21:26
    за да направите правилен избор.
  • 21:26 - 21:29
    Ако навистина ви е преку глава
  • 21:29 - 21:33
    од одредена негативна мисла која
    постојано ве осудува и сакате
  • 21:33 - 21:34
    да се ослободите од неа,
  • 21:34 - 21:36
    не го правете ова, се додека
  • 21:36 - 21:40
    не го направите последниот чекор, а тоа
    е јавното декларирање.
  • 21:40 - 21:44
    Ја земате длабоката и мрачна тајна и ја
    споделувате со останатите.
  • 21:44 - 21:50
    Излезе дека сите имаме едни исти
    тајни.
  • 21:51 - 21:53
    Напишете ја на налепница и залепете
    ја на вашите гради
  • 21:53 - 21:56
    или пак испринтајте си ја на мајца.
  • 21:56 - 21:58
    И гледајте што ќе се случи.
  • 21:58 - 22:00
    Носете ја за да ве видат сите.
  • 22:00 - 22:03
    Ви гарантирам дека лошата мисла
    ќе ја изгуби моќта
  • 22:03 - 22:05
    уште во самиот момент.
  • 22:06 - 22:11
    Робин Валсер, ТПП терапевт од Пало Алто
    ја смисли вежбава работејќи со ветерани
  • 22:11 - 22:15
    кои се соочуваа со навистина тешки
    мисли.
  • 22:15 - 22:17
    Од војниците бараме да прават вакви
    тешки работи.
  • 22:17 - 22:21
    Во нивната глава често им се врти
    мислата "убиец."
  • 22:22 - 22:27
    Тие сфаќаат дека повеќе не смеат
    да дозволат
  • 22:27 - 22:30
    ваквите мисли да им го управуваат животот.
  • 22:30 - 22:34
    Ги носат како беџови.
  • 22:34 - 22:38
    Вежбава првпат ја направив
  • 22:38 - 22:41
    кога држев работилница во еден црковен
    камп на езерото Тахо.
  • 22:41 - 22:43
    Го напишав зборот "злобен."
  • 22:43 - 22:46
    Се присетив како ме фатија кога
  • 22:46 - 22:51
    имав шест години. Бев во
    Ел Кахон, Калифорнија.
  • 22:51 - 22:55
    Држев лупа и пробував да дознаам колку
    брзо оди тарантулата ако и` го вжариш задникот.
  • 22:55 - 22:57
    (Смеа)
  • 22:57 - 22:59
    Уште се сеќавам како изгледаше лицето
    на мајка ми.
  • 22:59 - 23:01
    (Прави гримаса)
  • 23:01 - 23:02
    Многу сум лош.
  • 23:02 - 23:05
    Знаете, такви чудни работи прават
    малите момчиња.
  • 23:06 - 23:09
    И знам. Не треба да им го правам тоа на
    пајаците, знам.
  • 23:09 - 23:14
    Но, еве ме во 50-те или 60-те
  • 23:14 - 23:17
    години од животот си го носам со мене
    "Јас сум злобен."
  • 23:17 - 23:18
    Навистина?
  • 23:18 - 23:20
    И така, го залепив на гради.
  • 23:20 - 23:22
    Но, беше ептен тешко.
  • 23:22 - 23:27
    Кога имавме пауза, отидов да земам
    кафе од готвачот.
  • 23:27 - 23:29
    Одев вака за да не го види.
  • 23:29 - 23:30
    (Смеа)
  • 23:30 - 23:34
    И сега, целосно го снема. Знам дека тоа
    ми се случило, и тука завршува.
  • 23:34 - 23:35
    Во ред.
  • 23:35 - 23:37
    Но, не сум злобен.
  • 23:38 - 23:41
    Нема да бегам од оваа помисла
    до крајот на животот.
  • 23:43 - 23:45
    Полесната варијанта е да ги ставите
  • 23:45 - 23:48
    лошите мисли кои ви се јавуваат на
    скринсејверот.
  • 23:48 - 23:51
    Земете ги тешките мисли и ставете
    ги на скринсејверот.
  • 23:51 - 23:54
    Имајте прилика да ги набљудувате тие
    мисли и запрашајте се:
  • 23:54 - 23:57
    Дали навистина тие ќе ми го
    управуваат животот?
  • 23:57 - 24:01
    Моите студенти. Сигурен сум дека се тие.
    Ми влегле во канцеларија.
  • 24:01 - 24:05
    Сигурен сум дека се тие. Јас бев на
    состанок.
  • 24:05 - 24:06
    Погледнав во компјутерот.
  • 24:06 - 24:10
    Пишуваше, "Длабоко, нешто не е во ред со
    тебе."
  • 24:10 - 24:12
    (Смеа)
  • 24:12 - 24:14
    Кога тогаш ќе дознаам кој го
    сторил ова,
  • 24:14 - 24:16
    немојте да мислите дека нема.
  • 24:16 - 24:18
    Некој успеал да се прикраде.
  • 24:19 - 24:22
    Сакам да завршам со
  • 24:22 - 24:26
    последниот пример од
    стотиците кои ги создадовме.
  • 24:26 - 24:30
    Можете да ги најдете во книгите за ТПП.
  • 24:32 - 24:35
    Ако имате нешто слично како мене,
  • 24:35 - 24:37
    што се случило пред многу години,
  • 24:38 - 24:41
    замислете се во најмладата возраст
  • 24:41 - 24:43
    како имате ваква мисла или ваква работа.
  • 24:44 - 24:47
    Замислете како сте изгледале на таа
    возраст:
  • 24:47 - 24:50
    каква ви била косата, како сте биле
    облечени.
  • 24:51 - 24:54
    И тогаш, во фантазијата истите тие зборови
  • 24:54 - 24:57
    нека излезат од устата на детето,
  • 24:57 - 25:00
    од самото дете со детски глас.
  • 25:02 - 25:04
    Ви гарантирам, ќе ви го распори срцето.
  • 25:04 - 25:07
    Работите кои си ги кажувате сега, слушнете
    ги
  • 25:07 - 25:09
    како доаѓаат од устата на дете.
  • 25:09 - 25:14
    Ќе чувствувате милост и сочувство
    кон самите себе,
  • 25:14 - 25:16
    што е и целта на овие методи.
  • 25:16 - 25:18
    Тука не зборуваме за исмевање.
  • 25:19 - 25:23
    Тука учиме како да се справиме со тигарот
    наречен јазик,
  • 25:24 - 25:29
    како да го јавате, а притоа да не ве фрли
    преку работ на карпата.
  • 25:30 - 25:32
    Ви дадов неколку идеи за тоа
  • 25:32 - 25:36
    каде се наоѓаат менталните кочници.
  • 25:37 - 25:38
    Тие не подразбираат решавање,
  • 25:38 - 25:41
    преиспитување и менување на вашите
    мисли.
  • 25:41 - 25:45
    Туку, заземање став на сочувство и милост
    кон себе,
  • 25:45 - 25:48
    и набљудување на малиот ментален пајак
    како си ја врши работата
  • 25:48 - 25:52
    со чувство на непристрасна љубопитност.
  • 25:52 - 25:55
    Дозволете му на умот да го прави она
    што го прави,
  • 25:55 - 25:58
    но бидете свесни кога ве турка во погрешна
    насока,
  • 25:58 - 26:00
    и тогаш нагазнете на кочниците.
  • 26:01 - 26:03
    Потребна ви е ваквата вештина.
    На сите ни е потребна.
  • 26:04 - 26:07
    А менталните кочници спречуваат
    нервни сломови.
  • 26:07 - 26:09
    Се надевам дека ви бев од корист.
  • 26:09 - 26:10
    Благодарам.
  • 26:10 - 26:12
    (Аплауз)
Title:
Ментални кочници за спречување на нервни сломови | Стивен Хејс | TEDxDavidsonAcademy
Description:

Како најдобро можеме да се справиме со тешките или негативни мисли? Д-р Стивен Хејс зборува за јазикот, познанието и за науката која ги проучува менталните кочници.

Стивен Ц. Хејс е професор-стипендист на Фондацијата Невада при Одделот за Психологија на Универзитетот од Невада. Во неговото истражување тој има покажано како јазикот и мислите предизвикуваат страдање кај човекот. Тој ја има создадено "Терапијата на Прифаќање и Посветеност" моќен терапевтски метод кој наоѓа примена во голем број на области.

Овој говор е одржан на TEDx настан кој го користи форматот карактеристичен за TED конференција, но е организиран од локална заедница. Дознајте повеќе на http://ted.com/tedx

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDxTalks
Duration:
26:22

Macedonian subtitles

Revisions