WEBVTT 00:00:28.690 --> 00:00:33.124 Луѓето, измеѓу двете уши, имаат биолошки еквивалент на 00:00:33.124 --> 00:00:35.414 тркачки автомобил. 00:00:35.853 --> 00:00:38.873 И супер е што ја имаме оваа направа. 00:00:39.344 --> 00:00:44.214 Останатите живи суштества можат само да ни завидуваат на нашата способност за 00:00:44.214 --> 00:00:49.914 расудување, решавање на проблеми, планирање, евалуирање, апстрахирање и креирање. 00:00:50.077 --> 00:00:54.016 Но никој не би се качил во брза тркачка кола 00:00:54.016 --> 00:00:58.303 и не би нагазнал на гаста ако претходно не ви кажат 00:00:58.303 --> 00:01:01.903 каде се кочниците и како треба да ги користите. 00:01:02.865 --> 00:01:08.885 Нашиот ум, понекогаш, не` води во погрешна насока. 00:01:09.046 --> 00:01:10.301 А кога го прави тоа, 00:01:10.301 --> 00:01:15.711 мораме да знаеме како да го успориме и како да ги употребиме кочниците. 00:01:16.820 --> 00:01:20.345 Но, не знаеме каде се кочниците. 00:01:20.345 --> 00:01:24.962 Инстинктивно наместо на кочниците, ние стискаме на гаста 00:01:24.962 --> 00:01:27.502 и возиме неконтролирано и брзо. 00:01:27.511 --> 00:01:31.931 Но, се чини дека кочниците се наоѓаат на сосема друго место. 00:01:32.520 --> 00:01:37.150 Овој говор го држам на TEDx, кој е спонзориран од Академијата Дејвидсон, 00:01:37.534 --> 00:01:41.694 која е богатство на САД, 00:01:42.307 --> 00:01:44.497 училиште за надарени и талентирани, 00:01:44.497 --> 00:01:52.137 каде се образуваат млади луѓе кои имаат IQ на ниво на или над 99.9 перцентили. 00:01:52.774 --> 00:01:57.054 Сега сум пред луѓе кои, знам дека во наредните неколку години, 00:01:57.058 --> 00:02:01.918 ќе предизвикаат значајни промени во светот. 00:02:02.461 --> 00:02:04.791 Но, јас сум клинички психолог. 00:02:05.198 --> 00:02:08.348 И знам дека пред мене имам луѓе кои ќе страдаат. 00:02:08.877 --> 00:02:10.485 Знам дека пред мене имам луѓе 00:02:10.485 --> 00:02:14.405 кои ќе имаат мисли што ќе звучат отприлика вака, 00:02:14.984 --> 00:02:18.404 "Никој нема да ме сака," или "Не вреди да се живее," 00:02:19.107 --> 00:02:22.067 "Нешто не е во ред со мене," 00:02:22.398 --> 00:02:26.818 "Длабоко во себе јас сум лош," "Јас сум расипан," "Треба да се срамам од себе." 00:02:27.096 --> 00:02:32.546 Или, "Морам да најдам начин да не ме одбијат оти тоа е многу болно," 00:02:32.546 --> 00:02:36.780 "Морам да заборавам на траумата што ми се случи." 00:02:36.780 --> 00:02:40.319 Кога ќе ви се јават вакви мисли, без оглед на тоа колку сте паметни, 00:02:40.319 --> 00:02:45.236 ќе морате да научите да ги користите менталните кочници. 00:02:45.236 --> 00:02:48.229 Сакам да ви споделам изненадувачко научно откритие 00:02:48.229 --> 00:02:50.159 за тоа каде се наоѓаат кочниците. 00:02:51.825 --> 00:02:53.970 Изминативе 30 години, јас и моите колеги 00:02:53.970 --> 00:02:57.150 го проучувавме јазикот и познанието низ филтерот, 00:02:57.155 --> 00:03:01.575 низ леќите, на теоријата позната како Теорија на Релациска Рамка, или ТРР; 00:03:01.577 --> 00:03:04.836 теорија што јас ја создадов пред многу децении, 00:03:04.836 --> 00:03:10.361 а потоа ја вградив во Терапијата на Прифаќање и Посветеност, или ТПП, 00:03:10.361 --> 00:03:12.344 која е цел сет на методи што ги користиме 00:03:12.344 --> 00:03:17.494 во многу, многу различни области на човековото страдање. 00:03:17.928 --> 00:03:22.968 Сакам да ви објаснам што е јазик и познание, 00:03:22.968 --> 00:03:25.509 зошто она што го правиме овде се разликува од она 00:03:25.509 --> 00:03:29.099 што птиците надвор го прават. 00:03:29.343 --> 00:03:32.074 Откако ќе ви објаснам ќе знаете 00:03:32.074 --> 00:03:34.604 како да газите на гаста уште повеќе. 00:03:34.604 --> 00:03:36.384 Но, тоа не е целта на мојот говор. 00:03:37.063 --> 00:03:40.944 Исто така, ќе знаете зошто не смеете да се потпирате на тој дел од умот 00:03:40.944 --> 00:03:44.154 во моментите кога треба да успорите, 00:03:44.709 --> 00:03:47.769 во моментите кога ве води во погрешна насока. 00:03:48.561 --> 00:03:52.103 30 години истражување можам да ги сумирам во мала стихотворба. 00:03:52.103 --> 00:03:55.853 Понижувачки е дека тоа е можно, но можно е. 00:03:56.263 --> 00:03:57.711 Оди вака: 00:03:57.711 --> 00:04:00.443 Прво научи го, потоа заклучи го, 00:04:00.763 --> 00:04:04.543 и на крај стави го во мрежи кои го менуваат твоето однесување. 00:04:04.543 --> 00:04:06.403 Ете тоа ви се 30 години работа. 00:04:06.403 --> 00:04:08.633 (Смеа) 00:04:09.547 --> 00:04:11.810 Сакам да ви објаснам што тоа значи 00:04:11.810 --> 00:04:15.699 и зошто се разликуваме од птиците надвор. 00:04:15.699 --> 00:04:20.619 Да ги разгледаме првите две реченици. Прво научи го, потоа заклучи го. 00:04:21.304 --> 00:04:24.504 Да земеме наједноставна работа. Име на некој предмет. 00:04:24.744 --> 00:04:28.640 Многу малите деца, учат дека ако нешто има име. 00:04:28.640 --> 00:04:32.748 На пример, ако ова го нарекувам буу-буу, и потоа речам, "Каде е буу-буу?" 00:04:32.748 --> 00:04:36.738 Детето, многу брзо, ќе се обиде да го најде ова. 00:04:37.755 --> 00:04:40.195 Ние сме единствените суштества што го можат ова. 00:04:40.919 --> 00:04:43.609 Шимпанзата кои учеле јазик не го можат. 00:04:43.609 --> 00:04:45.345 Истражувањата покажаа дека не можат. 00:04:45.345 --> 00:04:49.196 И патем, ве молам не ми пишувајте дека имате многу паметно куче или мачка. 00:04:49.196 --> 00:04:50.156 (Смеа) 00:04:50.156 --> 00:04:52.384 Знам дека имате. И јас имам. 00:04:52.384 --> 00:04:54.994 Но, тие не го можат ова. 00:04:55.501 --> 00:04:57.771 А, ние го можеме. 00:04:58.473 --> 00:05:04.193 На пример, ако знаете дека тркалезниот црвен предмет се вика јаболко, 00:05:04.812 --> 00:05:07.553 ако му речам на 12 месечно бебе, 00:05:07.553 --> 00:05:10.896 кое растело во едно нормално семејство каде било изложено на јазик 00:05:10.896 --> 00:05:14.016 и кое имало нормален развој, 00:05:14.635 --> 00:05:18.565 "Каде е јаболкото?" бебето ќе го бара. 00:05:18.944 --> 00:05:24.234 Потоа можете да го ставите во мрежи кои всушност го менуваат вашето однесување. 00:05:24.234 --> 00:05:28.464 Исто така, ако знаете дека јаболкото се вика и "јабука," 00:05:29.438 --> 00:05:33.631 и од вас побарам да замислите тогаш кога сте навистина жедни, 00:05:33.631 --> 00:05:38.731 како одите до фрижидерот и од него вадите шише со свеж сок од "јабука" 00:05:39.146 --> 00:05:42.898 кој го истурате во чаша, и потоа замислите како се наведнувате 00:05:42.898 --> 00:05:48.788 и го мирисате сокот од "јабука", 00:05:48.788 --> 00:05:53.183 а потоа земате неколку големи, слатки голтки од сокот од "јабука." 00:05:53.843 --> 00:05:55.293 Можете да го замислите тоа? 00:05:55.708 --> 00:05:58.611 Ако имавте памук во вашата уста и сега го исплукавте, 00:05:58.611 --> 00:06:02.681 памукот ќе беше потежок, затоа што лачите плунка на самата помисла на сок од "јабука." 00:06:02.762 --> 00:06:06.462 Освен ако не сте од Хрватска каде јаболкото се вика "јабука," 00:06:07.146 --> 00:06:11.020 веројатно не сте слушнале за овој збор се додека овој стар ќелав човек не ви кажа. 00:06:11.020 --> 00:06:14.190 Ете така оди. 00:06:14.714 --> 00:06:18.226 И неверојатно е кога ќе почнеме да учиме други релации 00:06:18.226 --> 00:06:20.361 освен имињата, како "пред" и "после," 00:06:20.361 --> 00:06:23.111 "причина" и "последица," "помало" и "поголемо." 00:06:23.111 --> 00:06:26.837 Малите деца учат подлабоко да ги анализираат ситуациите. 00:06:26.837 --> 00:06:30.107 Мало дете мисли дека петденарката е поголема од десетденарката, 00:06:30.107 --> 00:06:34.605 но четири, пет и шест годишните деца знаат дека десетденарката е поголема од петденарката. 00:06:34.684 --> 00:06:35.734 Но чекај малку. 00:06:35.737 --> 00:06:38.347 Ако десетденарката е поголема од петденарката, 00:06:38.703 --> 00:06:43.433 тогаш без оглед на тоа колку си успешен, можеби не е доволно. 00:06:44.158 --> 00:06:47.318 Требало да бидеш уште повеќе. 00:06:47.752 --> 00:06:53.998 Оваа алатка за решавање на проблеми што ја имаме може да се сврти против нас, 00:06:54.338 --> 00:06:55.858 и често го прави тоа. 00:06:55.858 --> 00:06:58.749 И што ќе правиш ако се случи тоа? 00:06:58.749 --> 00:07:01.602 Дозволете да ви посочам некои од проблемите 00:07:01.602 --> 00:07:05.622 кои се јавуваат тогаш кога ја користиме само оваа алатка. 00:07:05.986 --> 00:07:07.926 Земете го овој пример: 00:07:08.378 --> 00:07:12.598 Не сакам да мислите на желе крофни кои се полнети со крем. 00:07:13.675 --> 00:07:17.147 Значи кога таа мисла ќе ви дојде во умот или доколку ја видите крофната, 00:07:17.147 --> 00:07:20.233 не сакам да мислите на тоа, не мислете на тоа, лошо е. 00:07:20.233 --> 00:07:22.005 Важно е да не мислите на тоа. 00:07:22.005 --> 00:07:25.315 Наместо тоа, мислете на шешири. 00:07:25.734 --> 00:07:28.584 Кога ќе помислите на крофни, мислете на шешири. 00:07:29.128 --> 00:07:30.783 Шешири, запомнете, шешири. 00:07:30.783 --> 00:07:32.873 Помислете ли на крофни, мислете на шешири. 00:07:32.873 --> 00:07:34.350 Шешири, шешири. 00:07:34.350 --> 00:07:35.990 Договорено? Сфативте? 00:07:36.727 --> 00:07:40.487 Е сега, во моментот додека мислите на шешири, 00:07:40.487 --> 00:07:42.942 се чини дека делува. 00:07:43.784 --> 00:07:46.954 Вака настанува опсесивно-компулсивното растројство, 00:07:47.443 --> 00:07:49.711 потиснувајќи ги мислите. 00:07:49.711 --> 00:07:51.748 Но, ќе ви покажам дека ова е замка. 00:07:51.748 --> 00:07:54.817 Она чувство дека ги држите работите под контрола во моментот, 00:07:54.817 --> 00:07:59.507 дека логичниот дел од умот ви помогна да ја елиминирате лошата крофна, 00:08:00.833 --> 00:08:02.707 ќе ви покажам дека тоа не е точно. 00:08:02.707 --> 00:08:04.502 Што ви се јавува во умот ако речам? 00:08:04.502 --> 00:08:07.940 Црно.....бело, така? 00:08:07.940 --> 00:08:11.280 Топло....ладно, така? 00:08:11.280 --> 00:08:13.755 Шешири.... 00:08:13.755 --> 00:08:15.945 (Смеа) 00:08:15.945 --> 00:08:17.535 Крофни. 00:08:17.535 --> 00:08:19.919 (Смеа) 00:08:19.919 --> 00:08:22.049 Гледате колку брзо се случува. 00:08:23.258 --> 00:08:27.576 Прво научи го, па заклучи го, и стави го во мрежи. 00:08:27.576 --> 00:08:29.592 Мрежата е сега поголема, 00:08:29.592 --> 00:08:34.412 и само затоа што велите "не е" не значи дека не е во релација со нешто друго. 00:08:34.412 --> 00:08:37.750 Спротивноста е релација, различноста е релација. 00:08:38.511 --> 00:08:41.001 И така мрежата станува поголема. 00:08:41.251 --> 00:08:44.391 И сега шеширите ќе ве потсеќаат на крофни. 00:08:44.607 --> 00:08:46.700 Ви го ставив тоа во главата. 00:08:46.700 --> 00:08:48.884 (Смеа) 00:08:49.264 --> 00:08:51.616 И другите луѓе ви ставаат работи во главата. 00:08:51.616 --> 00:08:55.497 Не би било толку лошо ако само ние си ги ставаме работите, но не е така. 00:08:55.862 --> 00:09:01.324 Телевизорот, вашата сестра, вашиот родител кога е лут и ве критикува, 00:09:01.324 --> 00:09:04.004 или едноставно работите што ви се случуваат, 00:09:04.004 --> 00:09:05.420 сето тоа ви влегува во глава. 00:09:05.420 --> 00:09:07.374 А откако ќе влезат, е тогаш е проблем. 00:09:07.374 --> 00:09:08.704 Ако ви речам, 00:09:08.704 --> 00:09:10.925 - ова само за да видите колку брзо се одвива - 00:09:10.925 --> 00:09:13.252 Имам три броја кои сакам да ги запамтите. 00:09:13.252 --> 00:09:16.812 Луѓето од TED во соработка со Академијата Дејвидсон, 00:09:17.184 --> 00:09:18.891 можеби и самата Академија, 00:09:18.891 --> 00:09:21.633 ми дадоа 10,000 долари, кои треба 00:09:21.633 --> 00:09:24.677 да ви ги дадам вам доколку се сетите 00:09:24.677 --> 00:09:26.952 кои се броевите една недела од сега. 00:09:26.952 --> 00:09:27.962 Значи многу е важно. 00:09:27.962 --> 00:09:29.399 Еве ги броевите: 00:09:29.399 --> 00:09:31.289 Еден, два, три. 00:09:31.964 --> 00:09:33.314 Немој да ги заборавите. 00:09:33.314 --> 00:09:34.782 Ве чекаат десет илјадарки. 00:09:34.782 --> 00:09:37.540 Ако ве допрам за рамото една недела од сега и ве прашам, 00:09:37.540 --> 00:09:39.340 "Кои се броевите?" вие ќе речете... 00:09:39.748 --> 00:09:42.845 Еден, два, три, не ги заборавајте. Многу се важни. 00:09:44.025 --> 00:09:46.965 Ве излажав. Нема пари. 00:09:46.965 --> 00:09:48.635 (Смеа) 00:09:49.205 --> 00:09:53.359 Но дали се сомневате дека ако една недела од сега дојдам до вас и речам, 00:09:53.359 --> 00:09:55.849 "Кои се броевите?" "Ќе можете да ми одговорите? 00:09:56.236 --> 00:09:58.816 Колку од вас мислат дека нема да можете да одговорите? 00:09:59.252 --> 00:10:00.782 А еден месец од сега? 00:10:01.260 --> 00:10:04.503 Има ли луѓе на кои еден месец од сега 00:10:04.503 --> 00:10:06.843 броевите еден, два, три, се уште 00:10:06.843 --> 00:10:09.619 ќе им бидат во главата? Навистина? 00:10:10.259 --> 00:10:11.929 А една година од сега? 00:10:12.295 --> 00:10:14.125 Има луѓе кои една година од сега... 00:10:14.233 --> 00:10:17.513 А кога ќе бидете на смртна постела? 00:10:17.986 --> 00:10:19.686 "Кажи ми ги броевите?" 00:10:19.686 --> 00:10:21.496 (Смеа) 00:10:21.496 --> 00:10:23.324 Зошто? 00:10:24.374 --> 00:10:27.604 Само затоа што ви ги кажав, тоа е доволно. 00:10:27.604 --> 00:10:30.714 Затоа што така функционира човечкиот нервен систем. 00:10:31.186 --> 00:10:34.624 Тоа е како да имаш дигитрон кој нема копче за минус, 00:10:34.624 --> 00:10:40.934 и нема копче за бришење, само за плус, за еднакво и за множење. 00:10:40.942 --> 00:10:42.542 Откако ќе влезе, останува. 00:10:42.542 --> 00:10:44.145 Ви велам како психолог, 00:10:44.145 --> 00:10:47.595 во психологијата нема процес кој се вика "одучување." 00:10:48.851 --> 00:10:51.351 Има екстинкција, итн., но тоа е инхибирање. 00:10:51.351 --> 00:10:52.451 Тоа не е одучување. 00:10:52.451 --> 00:10:54.837 Ако сте го заборавиле можете одново да го научите, 00:10:54.837 --> 00:10:58.427 но овојпат побрзо, што значи дека тоа некако останало внатре. 00:10:58.760 --> 00:11:03.726 Еден, два, три ќе ви останат во главата до крајот на животот. 00:11:03.726 --> 00:11:05.506 (Смеа) 00:11:06.126 --> 00:11:08.666 Но замислете дека е нешто навистина болно. 00:11:09.772 --> 00:11:13.122 Замислете дека е вашата девојка, како ви вели "Не те сакам." 00:11:15.229 --> 00:11:18.739 Замислите дека длабоко ве изневериле. 00:11:20.045 --> 00:11:23.303 Тоа не може да отиде на друго место. 00:11:23.303 --> 00:11:25.193 Останува со вас, 00:11:25.193 --> 00:11:28.638 а кога гласот ќе започне да ви вели дека сте несакани 00:11:28.638 --> 00:11:31.338 и дека животот не вреди да се живее, 00:11:31.832 --> 00:11:35.379 кога тоа ќе се случи, ќе треба да ги употребите кочниците. 00:11:35.379 --> 00:11:39.119 А малава стихотворба ни посочува каде се тие. 00:11:39.119 --> 00:11:42.829 Не се во делот "прво научи го, па заклучи го, и стави го во мрежата" 00:11:42.829 --> 00:11:45.934 Кога дебатирате сами со себе тогаш само градите мрежи. 00:11:45.934 --> 00:11:49.035 Вистина, ако немаш информација, во ред, најди ја. 00:11:49.035 --> 00:11:51.224 Ако треба да размислуваш пофлексибилно, во ред. 00:11:51.224 --> 00:11:53.874 Но, за повеќето работи со кои навистина се бориме, 00:11:53.882 --> 00:11:56.263 ние мислиме дека ќе најдеме гума, 00:11:56.263 --> 00:11:58.493 или копче за бришење, а тоа не постои. 00:11:58.499 --> 00:12:00.993 Но, последнава реченица ни сугерира што да направиме: 00:12:00.993 --> 00:12:03.413 да го промениме она што го правиме. 00:12:03.413 --> 00:12:06.622 Постојат начини да ја промениш функцијата на мислите, 00:12:06.622 --> 00:12:09.472 она како функционираат откако ќе се појават. 00:12:10.640 --> 00:12:11.940 Кои се броевите? 00:12:11.956 --> 00:12:14.289 (Смеа) 00:12:14.289 --> 00:12:18.299 Тигарот наречен јазик и познание го јаваме 00:12:18.310 --> 00:12:21.643 уште од настанокот на хомо сапиенсот, и веројатно, 00:12:21.643 --> 00:12:23.940 уште од времето на човеколиките мајмуни. 00:12:23.940 --> 00:12:26.000 Тоа е веројатно пред 400,000 години. 00:12:26.252 --> 00:12:28.930 Знаеме дека не е пред повеќе од 2.8 милиони години 00:12:28.930 --> 00:12:31.090 зашто шимпанзата не го можат ова. 00:12:32.157 --> 00:12:33.107 Но, ние да. 00:12:33.428 --> 00:12:36.567 Ние сме го јавале тигарот и сме се обидувале да го разбереме. 00:12:36.567 --> 00:12:38.617 И што да правиме? Одговорот нема 00:12:38.617 --> 00:12:41.413 да го најдеме во рационалниот дел 00:12:41.413 --> 00:12:44.896 од нашата култура. 00:12:44.896 --> 00:12:46.586 Туку во мистичниот дел. 00:12:47.384 --> 00:12:49.924 Во духовните и религиозните традиции. 00:12:50.227 --> 00:12:53.114 Тоа ќе ни помогне да го откриеме процесот. 00:12:53.114 --> 00:12:55.011 Како да го промениме она што го правиме? 00:12:55.011 --> 00:12:58.371 Откако ќе го видите тоа, ќе сфатите дека има и други начини 00:12:58.877 --> 00:13:00.503 кои се надвор од тие традиции. 00:13:00.503 --> 00:13:04.157 Тие се создадени и тестирани во рамки на ТРР и ТПП. 00:13:04.157 --> 00:13:05.965 Сè што ќе ви кажам 00:13:05.965 --> 00:13:08.415 е тестирано во повеќе научни студии, 00:13:08.415 --> 00:13:14.175 буквално стотици истражувања за ТРР и близу 1,000 студии за ТПП. 00:13:14.185 --> 00:13:15.942 Да го разгледаме првиот начин 00:13:15.942 --> 00:13:19.272 кој е директно поврзан со духовните и религиозните традиции, 00:13:19.277 --> 00:13:21.817 а тоа е целосната свесност за мислите. 00:13:21.817 --> 00:13:23.833 Тој ќе ни помогне да го видиме принципот. 00:13:24.378 --> 00:13:26.080 Ако некој од вас е медитатор, 00:13:26.080 --> 00:13:30.070 знаете дека ваша работа е едноставно да бидете непристрасен набљудувач 00:13:30.070 --> 00:13:34.383 на сопствениот мисловен процес. 00:13:34.991 --> 00:13:38.001 За да го правите тоа не ви се потребни религиозни приказни. 00:13:38.001 --> 00:13:39.354 Секој од вас го може тоа. 00:13:39.354 --> 00:13:42.566 Можете да замислите облаци на небото како се движат, 00:13:42.566 --> 00:13:46.109 и секоја мисла што ќе ви се појави треба да ја ставите на еден од облаците. 00:13:46.109 --> 00:13:48.557 Не го туркајте. Облакот си има брзина на движење. 00:13:48.557 --> 00:13:51.277 Не го задржувајте. Не можете да ги контролирате облаците. 00:13:51.277 --> 00:13:54.873 Ставете ја мислата и пуштете ја. Ако се врати, ставете ја на следниот облак. 00:13:54.873 --> 00:13:57.053 Или користете било што. Автомобили на автопат 00:13:57.053 --> 00:14:01.033 или лисја што пловат во река. Вежбајте го ова и ќе стекнете вештина. 00:14:01.033 --> 00:14:02.362 Што е всушност вештината? 00:14:02.362 --> 00:14:03.604 Таму лежи кочницата. 00:14:03.604 --> 00:14:08.283 Еве што всушност е вештината: да гледате како вашиот ум си ја врши работата 00:14:08.283 --> 00:14:13.003 со чувство на дистанца и непристрасна љубопитност. 00:14:13.413 --> 00:14:17.133 Притоа, да не бидете заведени од мислите, да не им дозволите да ве управуваат 00:14:17.133 --> 00:14:20.578 туку да го фатите мисловниот процес во лет, 00:14:20.578 --> 00:14:25.128 и токму тоа е целта на контемплацијата и медитацијата. 00:14:26.168 --> 00:14:29.208 Така правилно се користат кочниците. 00:14:29.875 --> 00:14:34.255 Како да гледате пајак кој плете мрежа, мала когнитивна мрежа. 00:14:34.590 --> 00:14:35.940 Набљудувајте го тоа. 00:14:35.940 --> 00:14:38.078 Зареме не е интересно? 00:14:38.078 --> 00:14:39.919 Така се користат кочниците? 00:14:39.919 --> 00:14:43.939 За време на контемплација се случува токму тоа, 00:14:43.939 --> 00:14:46.909 и затоа ви ја препорачувам на сите, добро е да ја практикувате. 00:14:46.909 --> 00:14:50.786 Но, ќе ви препорачам и работи кои ќе ви изгледаат смешни, малку чудни. 00:14:50.786 --> 00:14:55.296 Но, истражувањата покажаа дека се полезни. 00:14:55.653 --> 00:15:00.023 Првата препорака. Дајте му на вашиот ум име. 00:15:02.261 --> 00:15:04.116 Ако има име, тогаш се разликува од вас. 00:15:04.116 --> 00:15:08.016 Можете да го слушате со чувство на дистанца и да го гледате како брбори 00:15:08.016 --> 00:15:09.176 и донесува одлуки. 00:15:09.176 --> 00:15:11.084 Ќе му дозволите ли да управува со вас? 00:15:11.084 --> 00:15:13.142 Понекогаш има добар, а понекогаш лош совет. 00:15:13.142 --> 00:15:16.282 Не морате да дебатирате со него или да го терате да не ви зборува. 00:15:16.282 --> 00:15:18.119 Не морате да му го смените мислењето. 00:15:18.119 --> 00:15:21.632 Само речете, "Во ред, ти благодарам, Џорџ. Уште нешто да кажеш? 00:15:21.632 --> 00:15:23.473 А, во ред. Ти благодарам." 00:15:23.813 --> 00:15:25.543 Мојот ум се вика "Џорџ." 00:15:26.013 --> 00:15:28.628 Ако не ви се допаѓа Џорџ, изберете си друго име. 00:15:28.628 --> 00:15:33.313 Ако не ви текнува, можете да го викате Господине Паметен или Госпоѓо Паметна 00:15:33.313 --> 00:15:38.175 и на тој начин буквално се дистанцирате доколку ви се јават болни мисли. 00:15:38.215 --> 00:15:40.509 Имате чувство дека вашиот ум ви зборува. 00:15:40.509 --> 00:15:44.295 Може да ви зборува за работи што вие сте ги помислиле или што некој ви ги кажал. 00:15:44.295 --> 00:15:45.105 Кои се броевите? 00:15:45.107 --> 00:15:48.067 Не мора да биде нешто важно. 00:15:50.270 --> 00:15:53.532 Ако имате некоја мисла и сакате да се дистанцирате од неа, 00:15:53.532 --> 00:15:54.874 не да направите да исчезне, 00:15:54.874 --> 00:15:59.349 наместо да и` дозволите да ве заведе, само набљудувајте ја 00:15:59.349 --> 00:16:00.619 онака како што е. 00:16:02.050 --> 00:16:04.616 Ако имате мисла, некоја многу лоша мисла, 00:16:04.616 --> 00:16:08.446 како "Јас сум лош, јас сум навистина лош," и се чувствувате тажно, 00:16:09.381 --> 00:16:12.421 ви препорачувам да ја пеете мислата. 00:16:13.094 --> 00:16:16.794 Во недостаток на предлози, што велите за "Среќен Роденден"? 00:16:17.573 --> 00:16:20.983 (Пее со мелодија на "Среќен Роденден") "Јас сум многу, многу, многу лош. 00:16:20.983 --> 00:16:23.343 Јас сум многу, многу, многу лош. 00:16:24.193 --> 00:16:29.508 Јас сум многу, многу, многу, многу Јас многу, многу, многу лош. 00:16:29.508 --> 00:16:30.548 (завршува со пеењето) 00:16:30.548 --> 00:16:31.488 (Смеа) 00:16:31.488 --> 00:16:32.553 Ти благодарам, Џорџ. 00:16:32.553 --> 00:16:34.651 (Смеа) 00:16:35.401 --> 00:16:38.023 Ова не е за да го исмевате вашиот ум. Не ми е тоа целта. 00:16:38.023 --> 00:16:40.993 Туку, за да ве потсетам дека тоа е само глас кој ви зборува. 00:16:41.464 --> 00:16:42.965 Вие треба да одлучите дали е 00:16:42.965 --> 00:16:46.297 во склад со вашите вредности и дали ви помага во дадената ситуација. 00:16:46.297 --> 00:16:49.708 Поентата е да не функционирате на автопилот. 00:16:49.708 --> 00:16:54.161 Да не им дозволите на мислите да ве заведат и 00:16:54.161 --> 00:16:55.469 управуваат со вашиот живот. 00:16:55.469 --> 00:16:58.889 Логичниот дел од умот тука нема да ви помогне. 00:16:59.382 --> 00:17:02.482 Еве една вежба, ќе ве замолам и вие да учествувате. 00:17:02.482 --> 00:17:06.088 Ќе морате да ми помогнете, во спротивно ќе изгледам многу глупаво. 00:17:06.275 --> 00:17:07.749 Ова беше создадено од Тиченер, 00:17:07.749 --> 00:17:11.486 таткото на американската психологија пред повеќе од 100 години, 00:17:11.486 --> 00:17:13.576 точно пред 100 години. 00:17:14.302 --> 00:17:16.692 Тој имал теорија за јазикот и познанието 00:17:16.692 --> 00:17:18.088 која говорела што? 00:17:18.088 --> 00:17:22.485 Идејата му била дека јазикот го губи значењето, ако го извадиш од контекст. 00:17:22.485 --> 00:17:25.765 Тоа го правел така што, за време на јавни говори и демонстрации, 00:17:25.765 --> 00:17:29.454 ги терал луѓето гласно и брзо да повторуваат одреден збор. 00:17:29.454 --> 00:17:30.895 Го имаме истражувано ова. 00:17:30.895 --> 00:17:32.922 Вознемиреноста и увереноста 00:17:32.922 --> 00:17:36.132 се намалуваат во рок од 30 секунди. 00:17:36.530 --> 00:17:39.579 Ќе ја направам само 20 секунди, доволно е за да сфатите 00:17:39.579 --> 00:17:42.119 а и не сакам да ги полудам луѓето на Јутјуб. 00:17:42.338 --> 00:17:44.797 Ќе земеме еден збор. 00:17:44.797 --> 00:17:45.797 Да речеме млеко. 00:17:45.797 --> 00:17:48.534 Зошто? Зашто повеќето од нас знаат какво е. 00:17:48.534 --> 00:17:52.003 За момент помислете какво е млекото. 00:17:52.003 --> 00:17:55.083 Каков му е вкусот, како мириса, како изгледа. 00:17:55.961 --> 00:17:59.881 Ладно млеко, бело млеко, перцептивните функции. 00:18:00.235 --> 00:18:02.794 Сега сакам заедно со мене, 00:18:02.794 --> 00:18:06.864 и јас ќе учествувам, ќе се глупирам исто како и вие, 00:18:07.439 --> 00:18:11.299 да го кажете зборот млеко гласно, брзо, во рок од 20 секунди. 00:18:11.299 --> 00:18:15.477 И забележете што ќе се случи со белата, ладна и кремаста материја. 00:18:15.477 --> 00:18:19.662 Сакате да се глупираме само 20 секунди? 00:18:19.662 --> 00:18:20.692 Помогнете ми. 00:18:20.692 --> 00:18:22.407 Сакате? Во ред. 00:18:22.407 --> 00:18:24.117 Спремни, може. 00:18:24.117 --> 00:18:24.829 Гласно. 00:18:24.829 --> 00:18:29.699 [Сите повторуваат "млеко" во рок од 20 секунди] 00:18:29.699 --> 00:18:30.819 Малку погласно. 00:18:35.159 --> 00:18:36.319 Малку побрзо. 00:18:39.322 --> 00:18:42.957 Во ред. Најдолгите 20 секунди од целиот говор. 00:18:42.957 --> 00:18:44.537 (Смеа) 00:18:44.857 --> 00:18:48.507 Што се случи со белата, кремаста и ладна материја? 00:18:49.127 --> 00:18:52.095 Почна да исчезнува, почна да исчезнува. 00:18:52.095 --> 00:18:53.385 И други работи се појавија, 00:18:53.385 --> 00:18:56.097 како колку е тешко да изговараш еден збор постојано. 00:18:56.097 --> 00:18:57.665 Ви се измори устата. 00:18:57.665 --> 00:19:00.215 И чудниот звук. Зарем не е чуден звукот? 00:19:00.775 --> 00:19:03.941 Видете, дел од тешките мисли се програмирани, 00:19:03.941 --> 00:19:05.271 исто како, кои се броевите? 00:19:05.271 --> 00:19:06.393 Еден, два, три. 00:19:06.393 --> 00:19:09.703 На одредено ниво тие не се ништо друго, освен звуци. 00:19:09.703 --> 00:19:11.977 Ќе дозволите животот да ви зависи од тоа? 00:19:12.580 --> 00:19:13.750 Навистина? 00:19:14.000 --> 00:19:15.467 Не е безбедно. 00:19:15.467 --> 00:19:17.117 Стискајте на кочниците. 00:19:17.676 --> 00:19:21.156 Ако имате лоши мисли, правете го ова 30 секунди. 00:19:21.156 --> 00:19:25.236 Излезе дека 30 секунди е доволно, навистина брзо. 00:19:26.351 --> 00:19:30.337 Држев говор на Стенфорд. Пред голема, група на важни луѓе. 00:19:30.337 --> 00:19:33.006 Зборував за износот на пари кој го трошиме на 00:19:33.006 --> 00:19:35.716 апчиња за спиење. 00:19:36.764 --> 00:19:40.367 На слајдот пишуваше три. Јас требаше да речам, "Три милијарди," 00:19:40.367 --> 00:19:43.720 а наместо тоа реков, "Се искачи на три трилиони долари." 00:19:43.720 --> 00:19:45.282 (Смеа) 00:19:45.282 --> 00:19:48.533 Потоа отидов во хотелот и си легнав. 00:19:48.533 --> 00:19:52.105 Во 3 изутрина се разбудив и седев на креветот, 00:19:52.105 --> 00:19:55.445 "Три трилиони, идиот!" 00:19:55.445 --> 00:19:56.665 (Смеа) 00:19:56.665 --> 00:19:58.545 Тоа не е точно." 00:19:58.545 --> 00:20:01.223 Скокнав од креветот, одев напред назад. 00:20:01.223 --> 00:20:04.387 "Веројатно го снимиле. Го кажав тоа на Стенфорд." 00:20:04.387 --> 00:20:06.377 (Смеа) 00:20:07.387 --> 00:20:10.497 Си реков, "Ти си глуп. Како можеше да бидеш толку глуп?" 00:20:10.497 --> 00:20:13.788 Тоа ме потсети на повторувањето на зборови. 00:20:13.788 --> 00:20:16.727 Ако кажеш "Како можеш да бидеш толку глуп?" со паузи измеѓу 00:20:16.727 --> 00:20:19.169 тогаш реченицата ќе го задржи значењето. 00:20:19.169 --> 00:20:24.118 Но, наместо тоа јас седев на креветот и многу брзо и гласно, изговарав, 00:20:24.118 --> 00:20:26.515 "Глуп, глуп, глуп, глуп, глуп, глуп, 00:20:26.515 --> 00:20:28.231 глуп, глуп, глуп, глуп." 00:20:28.231 --> 00:20:29.761 И после си легнав. 00:20:29.761 --> 00:20:32.143 (Смеа) 00:20:32.143 --> 00:20:34.783 Ви го препорачувам ова. Кочница е. 00:20:36.486 --> 00:20:40.666 О, боже. Еве една која е ептен, ептен смешна, 00:20:41.200 --> 00:20:43.350 но предизвикува драматична промена. 00:20:43.648 --> 00:20:47.348 Ако имате тешка мисла која ве мачи, изговорете ја со различни гласови, 00:20:47.348 --> 00:20:49.977 можеби со гласот на вашиот најнеомилен политичар. 00:20:50.552 --> 00:20:52.370 Не можам да претпоставам кој е тоа. 00:20:52.370 --> 00:20:54.529 (Смеа) 00:20:54.529 --> 00:20:57.802 Или ако не ви се допаѓа тоа, што велите за лик од цртан филм? 00:20:57.802 --> 00:21:01.193 Ако ја земеме мислата, "Јас сум лош, јас сум многу, многу лош," 00:21:01.193 --> 00:21:04.255 ви гарантирам дека ќе ја доживувате поинаку, ако кажете, 00:21:04.255 --> 00:21:07.885 "Јас сум лош. Јас сум многу лош." 00:21:07.885 --> 00:21:10.144 (Смеа) 00:21:10.144 --> 00:21:13.025 Но, бидете внимателни. Не ви велам да го исмевате својот ум. 00:21:13.025 --> 00:21:14.120 Навистина, не. 00:21:14.120 --> 00:21:17.549 На крајот ќе ви објаснам како да го постигнете тоа. 00:21:17.549 --> 00:21:22.189 Целта е да се дистанцирате, да внесете малку воздух во собата. 00:21:22.986 --> 00:21:24.096 Да успорите, 00:21:24.096 --> 00:21:26.273 за да направите правилен избор. 00:21:26.273 --> 00:21:29.009 Ако навистина ви е преку глава 00:21:29.009 --> 00:21:32.683 од одредена негативна мисла која постојано ве осудува и сакате 00:21:32.683 --> 00:21:34.082 да се ослободите од неа, 00:21:34.082 --> 00:21:36.402 не го правете ова, се додека 00:21:36.402 --> 00:21:39.552 не го направите последниот чекор, а тоа е јавното декларирање. 00:21:39.882 --> 00:21:44.140 Ја земате длабоката и мрачна тајна и ја споделувате со останатите. 00:21:44.140 --> 00:21:49.600 Излезе дека сите имаме едни исти тајни. 00:21:50.588 --> 00:21:53.396 Напишете ја на налепница и залепете ја на вашите гради 00:21:53.396 --> 00:21:56.076 или пак испринтајте си ја на мајца. 00:21:56.081 --> 00:21:57.671 И гледајте што ќе се случи. 00:21:57.671 --> 00:21:59.785 Носете ја за да ве видат сите. 00:21:59.785 --> 00:22:03.480 Ви гарантирам дека лошата мисла ќе ја изгуби моќта 00:22:03.480 --> 00:22:05.320 уште во самиот момент. 00:22:05.610 --> 00:22:10.784 Робин Валсер, ТПП терапевт од Пало Алто ја смисли вежбава работејќи со ветерани 00:22:10.784 --> 00:22:14.624 кои се соочуваа со навистина тешки мисли. 00:22:14.624 --> 00:22:17.459 Од војниците бараме да прават вакви тешки работи. 00:22:17.459 --> 00:22:21.199 Во нивната глава често им се врти мислата "убиец." 00:22:22.280 --> 00:22:26.511 Тие сфаќаат дека повеќе не смеат да дозволат 00:22:26.511 --> 00:22:29.871 ваквите мисли да им го управуваат животот. 00:22:30.153 --> 00:22:34.400 Ги носат како беџови. 00:22:34.400 --> 00:22:37.648 Вежбава првпат ја направив 00:22:37.648 --> 00:22:40.684 кога држев работилница во еден црковен камп на езерото Тахо. 00:22:40.684 --> 00:22:42.694 Го напишав зборот "злобен." 00:22:43.436 --> 00:22:46.425 Се присетив како ме фатија кога 00:22:46.425 --> 00:22:50.906 имав шест години. Бев во Ел Кахон, Калифорнија. 00:22:50.906 --> 00:22:55.014 Држев лупа и пробував да дознаам колку брзо оди тарантулата ако и` го вжариш задникот. 00:22:55.014 --> 00:22:56.534 (Смеа) 00:22:56.534 --> 00:22:59.457 Уште се сеќавам како изгледаше лицето на мајка ми. 00:22:59.457 --> 00:23:00.537 (Прави гримаса) 00:23:00.537 --> 00:23:02.417 Многу сум лош. 00:23:02.417 --> 00:23:05.227 Знаете, такви чудни работи прават малите момчиња. 00:23:05.739 --> 00:23:09.129 И знам. Не треба да им го правам тоа на пајаците, знам. 00:23:09.406 --> 00:23:13.597 Но, еве ме во 50-те или 60-те 00:23:13.597 --> 00:23:17.215 години од животот си го носам со мене "Јас сум злобен." 00:23:17.215 --> 00:23:18.215 Навистина? 00:23:18.215 --> 00:23:20.125 И така, го залепив на гради. 00:23:20.125 --> 00:23:21.795 Но, беше ептен тешко. 00:23:21.795 --> 00:23:26.807 Кога имавме пауза, отидов да земам кафе од готвачот. 00:23:26.807 --> 00:23:28.927 Одев вака за да не го види. 00:23:28.927 --> 00:23:30.493 (Смеа) 00:23:30.493 --> 00:23:33.871 И сега, целосно го снема. Знам дека тоа ми се случило, и тука завршува. 00:23:33.871 --> 00:23:34.781 Во ред. 00:23:34.781 --> 00:23:37.354 Но, не сум злобен. 00:23:37.544 --> 00:23:40.904 Нема да бегам од оваа помисла до крајот на животот. 00:23:42.529 --> 00:23:45.158 Полесната варијанта е да ги ставите 00:23:45.158 --> 00:23:48.338 лошите мисли кои ви се јавуваат на скринсејверот. 00:23:48.338 --> 00:23:50.944 Земете ги тешките мисли и ставете ги на скринсејверот. 00:23:50.944 --> 00:23:54.360 Имајте прилика да ги набљудувате тие мисли и запрашајте се: 00:23:54.360 --> 00:23:56.700 Дали навистина тие ќе ми го управуваат животот? 00:23:57.062 --> 00:24:00.552 Моите студенти. Сигурен сум дека се тие. Ми влегле во канцеларија. 00:24:00.871 --> 00:24:04.660 Сигурен сум дека се тие. Јас бев на состанок. 00:24:04.660 --> 00:24:06.160 Погледнав во компјутерот. 00:24:06.160 --> 00:24:09.526 Пишуваше, "Длабоко, нешто не е во ред со тебе." 00:24:09.526 --> 00:24:11.851 (Смеа) 00:24:11.851 --> 00:24:13.971 Кога тогаш ќе дознаам кој го сторил ова, 00:24:13.971 --> 00:24:15.924 немојте да мислите дека нема. 00:24:15.924 --> 00:24:17.754 Некој успеал да се прикраде. 00:24:19.344 --> 00:24:22.414 Сакам да завршам со 00:24:22.414 --> 00:24:26.153 последниот пример од стотиците кои ги создадовме. 00:24:26.153 --> 00:24:30.293 Можете да ги најдете во книгите за ТПП. 00:24:32.483 --> 00:24:35.039 Ако имате нешто слично како мене, 00:24:35.039 --> 00:24:37.219 што се случило пред многу години, 00:24:38.190 --> 00:24:40.812 замислете се во најмладата возраст 00:24:40.812 --> 00:24:43.352 како имате ваква мисла или ваква работа. 00:24:43.658 --> 00:24:47.267 Замислете како сте изгледале на таа возраст: 00:24:47.267 --> 00:24:49.647 каква ви била косата, како сте биле облечени. 00:24:50.519 --> 00:24:53.780 И тогаш, во фантазијата истите тие зборови 00:24:53.780 --> 00:24:57.040 нека излезат од устата на детето, 00:24:57.040 --> 00:25:00.500 од самото дете со детски глас. 00:25:01.596 --> 00:25:04.374 Ви гарантирам, ќе ви го распори срцето. 00:25:04.374 --> 00:25:06.631 Работите кои си ги кажувате сега, слушнете ги 00:25:06.631 --> 00:25:08.789 како доаѓаат од устата на дете. 00:25:08.789 --> 00:25:13.576 Ќе чувствувате милост и сочувство кон самите себе, 00:25:13.576 --> 00:25:16.436 што е и целта на овие методи. 00:25:16.436 --> 00:25:17.946 Тука не зборуваме за исмевање. 00:25:18.631 --> 00:25:23.351 Тука учиме како да се справиме со тигарот наречен јазик, 00:25:23.902 --> 00:25:28.972 како да го јавате, а притоа да не ве фрли преку работ на карпата. 00:25:30.221 --> 00:25:32.392 Ви дадов неколку идеи за тоа 00:25:32.392 --> 00:25:36.312 каде се наоѓаат менталните кочници. 00:25:36.573 --> 00:25:38.442 Тие не подразбираат решавање, 00:25:38.442 --> 00:25:40.842 преиспитување и менување на вашите мисли. 00:25:41.213 --> 00:25:45.363 Туку, заземање став на сочувство и милост кон себе, 00:25:45.363 --> 00:25:48.456 и набљудување на малиот ментален пајак како си ја врши работата 00:25:48.456 --> 00:25:51.866 со чувство на непристрасна љубопитност. 00:25:52.387 --> 00:25:54.817 Дозволете му на умот да го прави она што го прави, 00:25:54.852 --> 00:25:58.472 но бидете свесни кога ве турка во погрешна насока, 00:25:58.472 --> 00:26:00.342 и тогаш нагазнете на кочниците. 00:26:00.664 --> 00:26:03.464 Потребна ви е ваквата вештина. На сите ни е потребна. 00:26:03.796 --> 00:26:07.113 А менталните кочници спречуваат нервни сломови. 00:26:07.113 --> 00:26:08.813 Се надевам дека ви бев од корист. 00:26:08.813 --> 00:26:09.639 Благодарам. 00:26:09.639 --> 00:26:12.099 (Аплауз)