1 00:00:28,690 --> 00:00:33,124 Луѓето, измеѓу двете уши, имаат биолошки еквивалент на 2 00:00:33,124 --> 00:00:35,414 тркачки автомобил. 3 00:00:35,853 --> 00:00:38,873 И супер е што ја имаме оваа направа. 4 00:00:39,344 --> 00:00:44,214 Останатите живи суштества можат само да ни завидуваат на нашата способност за 5 00:00:44,214 --> 00:00:49,914 расудување, решавање на проблеми, планирање, евалуирање, апстрахирање и креирање. 6 00:00:50,077 --> 00:00:54,016 Но никој не би се качил во брза тркачка кола 7 00:00:54,016 --> 00:00:58,303 и не би нагазнал на гаста ако претходно не ви кажат 8 00:00:58,303 --> 00:01:01,903 каде се кочниците и како треба да ги користите. 9 00:01:02,865 --> 00:01:08,885 Нашиот ум, понекогаш, не` води во погрешна насока. 10 00:01:09,046 --> 00:01:10,301 А кога го прави тоа, 11 00:01:10,301 --> 00:01:15,711 мораме да знаеме како да го успориме и како да ги употребиме кочниците. 12 00:01:16,820 --> 00:01:20,345 Но, не знаеме каде се кочниците. 13 00:01:20,345 --> 00:01:24,962 Инстинктивно наместо на кочниците, ние стискаме на гаста 14 00:01:24,962 --> 00:01:27,502 и возиме неконтролирано и брзо. 15 00:01:27,511 --> 00:01:31,931 Но, се чини дека кочниците се наоѓаат на сосема друго место. 16 00:01:32,520 --> 00:01:37,150 Овој говор го држам на TEDx, кој е спонзориран од Академијата Дејвидсон, 17 00:01:37,534 --> 00:01:41,694 која е богатство на САД, 18 00:01:42,307 --> 00:01:44,497 училиште за надарени и талентирани, 19 00:01:44,497 --> 00:01:52,137 каде се образуваат млади луѓе кои имаат IQ на ниво на или над 99.9 перцентили. 20 00:01:52,774 --> 00:01:57,054 Сега сум пред луѓе кои, знам дека во наредните неколку години, 21 00:01:57,058 --> 00:02:01,918 ќе предизвикаат значајни промени во светот. 22 00:02:02,461 --> 00:02:04,791 Но, јас сум клинички психолог. 23 00:02:05,198 --> 00:02:08,348 И знам дека пред мене имам луѓе кои ќе страдаат. 24 00:02:08,877 --> 00:02:10,485 Знам дека пред мене имам луѓе 25 00:02:10,485 --> 00:02:14,405 кои ќе имаат мисли што ќе звучат отприлика вака, 26 00:02:14,984 --> 00:02:18,404 "Никој нема да ме сака," или "Не вреди да се живее," 27 00:02:19,107 --> 00:02:22,067 "Нешто не е во ред со мене," 28 00:02:22,398 --> 00:02:26,818 "Длабоко во себе јас сум лош," "Јас сум расипан," "Треба да се срамам од себе." 29 00:02:27,096 --> 00:02:32,546 Или, "Морам да најдам начин да не ме одбијат оти тоа е многу болно," 30 00:02:32,546 --> 00:02:36,780 "Морам да заборавам на траумата што ми се случи." 31 00:02:36,780 --> 00:02:40,319 Кога ќе ви се јават вакви мисли, без оглед на тоа колку сте паметни, 32 00:02:40,319 --> 00:02:45,236 ќе морате да научите да ги користите менталните кочници. 33 00:02:45,236 --> 00:02:48,229 Сакам да ви споделам изненадувачко научно откритие 34 00:02:48,229 --> 00:02:50,159 за тоа каде се наоѓаат кочниците. 35 00:02:51,825 --> 00:02:53,970 Изминативе 30 години, јас и моите колеги 36 00:02:53,970 --> 00:02:57,150 го проучувавме јазикот и познанието низ филтерот, 37 00:02:57,155 --> 00:03:01,575 низ леќите, на теоријата позната како Теорија на Релациска Рамка, или ТРР; 38 00:03:01,577 --> 00:03:04,836 теорија што јас ја создадов пред многу децении, 39 00:03:04,836 --> 00:03:10,361 а потоа ја вградив во Терапијата на Прифаќање и Посветеност, или ТПП, 40 00:03:10,361 --> 00:03:12,344 која е цел сет на методи што ги користиме 41 00:03:12,344 --> 00:03:17,494 во многу, многу различни области на човековото страдање. 42 00:03:17,928 --> 00:03:22,968 Сакам да ви објаснам што е јазик и познание, 43 00:03:22,968 --> 00:03:25,509 зошто она што го правиме овде се разликува од она 44 00:03:25,509 --> 00:03:29,099 што птиците надвор го прават. 45 00:03:29,343 --> 00:03:32,074 Откако ќе ви објаснам ќе знаете 46 00:03:32,074 --> 00:03:34,604 како да газите на гаста уште повеќе. 47 00:03:34,604 --> 00:03:36,384 Но, тоа не е целта на мојот говор. 48 00:03:37,063 --> 00:03:40,944 Исто така, ќе знаете зошто не смеете да се потпирате на тој дел од умот 49 00:03:40,944 --> 00:03:44,154 во моментите кога треба да успорите, 50 00:03:44,709 --> 00:03:47,769 во моментите кога ве води во погрешна насока. 51 00:03:48,561 --> 00:03:52,103 30 години истражување можам да ги сумирам во мала стихотворба. 52 00:03:52,103 --> 00:03:55,853 Понижувачки е дека тоа е можно, но можно е. 53 00:03:56,263 --> 00:03:57,711 Оди вака: 54 00:03:57,711 --> 00:04:00,443 Прво научи го, потоа заклучи го, 55 00:04:00,763 --> 00:04:04,543 и на крај стави го во мрежи кои го менуваат твоето однесување. 56 00:04:04,543 --> 00:04:06,403 Ете тоа ви се 30 години работа. 57 00:04:06,403 --> 00:04:08,633 (Смеа) 58 00:04:09,547 --> 00:04:11,810 Сакам да ви објаснам што тоа значи 59 00:04:11,810 --> 00:04:15,699 и зошто се разликуваме од птиците надвор. 60 00:04:15,699 --> 00:04:20,619 Да ги разгледаме првите две реченици. Прво научи го, потоа заклучи го. 61 00:04:21,304 --> 00:04:24,504 Да земеме наједноставна работа. Име на некој предмет. 62 00:04:24,744 --> 00:04:28,640 Многу малите деца, учат дека ако нешто има име. 63 00:04:28,640 --> 00:04:32,748 На пример, ако ова го нарекувам буу-буу, и потоа речам, "Каде е буу-буу?" 64 00:04:32,748 --> 00:04:36,738 Детето, многу брзо, ќе се обиде да го најде ова. 65 00:04:37,755 --> 00:04:40,195 Ние сме единствените суштества што го можат ова. 66 00:04:40,919 --> 00:04:43,609 Шимпанзата кои учеле јазик не го можат. 67 00:04:43,609 --> 00:04:45,345 Истражувањата покажаа дека не можат. 68 00:04:45,345 --> 00:04:49,196 И патем, ве молам не ми пишувајте дека имате многу паметно куче или мачка. 69 00:04:49,196 --> 00:04:50,156 (Смеа) 70 00:04:50,156 --> 00:04:52,384 Знам дека имате. И јас имам. 71 00:04:52,384 --> 00:04:54,994 Но, тие не го можат ова. 72 00:04:55,501 --> 00:04:57,771 А, ние го можеме. 73 00:04:58,473 --> 00:05:04,193 На пример, ако знаете дека тркалезниот црвен предмет се вика јаболко, 74 00:05:04,812 --> 00:05:07,553 ако му речам на 12 месечно бебе, 75 00:05:07,553 --> 00:05:10,896 кое растело во едно нормално семејство каде било изложено на јазик 76 00:05:10,896 --> 00:05:14,016 и кое имало нормален развој, 77 00:05:14,635 --> 00:05:18,565 "Каде е јаболкото?" бебето ќе го бара. 78 00:05:18,944 --> 00:05:24,234 Потоа можете да го ставите во мрежи кои всушност го менуваат вашето однесување. 79 00:05:24,234 --> 00:05:28,464 Исто така, ако знаете дека јаболкото се вика и "јабука," 80 00:05:29,438 --> 00:05:33,631 и од вас побарам да замислите тогаш кога сте навистина жедни, 81 00:05:33,631 --> 00:05:38,731 како одите до фрижидерот и од него вадите шише со свеж сок од "јабука" 82 00:05:39,146 --> 00:05:42,898 кој го истурате во чаша, и потоа замислите како се наведнувате 83 00:05:42,898 --> 00:05:48,788 и го мирисате сокот од "јабука", 84 00:05:48,788 --> 00:05:53,183 а потоа земате неколку големи, слатки голтки од сокот од "јабука." 85 00:05:53,843 --> 00:05:55,293 Можете да го замислите тоа? 86 00:05:55,708 --> 00:05:58,611 Ако имавте памук во вашата уста и сега го исплукавте, 87 00:05:58,611 --> 00:06:02,681 памукот ќе беше потежок, затоа што лачите плунка на самата помисла на сок од "јабука." 88 00:06:02,762 --> 00:06:06,462 Освен ако не сте од Хрватска каде јаболкото се вика "јабука," 89 00:06:07,146 --> 00:06:11,020 веројатно не сте слушнале за овој збор се додека овој стар ќелав човек не ви кажа. 90 00:06:11,020 --> 00:06:14,190 Ете така оди. 91 00:06:14,714 --> 00:06:18,226 И неверојатно е кога ќе почнеме да учиме други релации 92 00:06:18,226 --> 00:06:20,361 освен имињата, како "пред" и "после," 93 00:06:20,361 --> 00:06:23,111 "причина" и "последица," "помало" и "поголемо." 94 00:06:23,111 --> 00:06:26,837 Малите деца учат подлабоко да ги анализираат ситуациите. 95 00:06:26,837 --> 00:06:30,107 Мало дете мисли дека петденарката е поголема од десетденарката, 96 00:06:30,107 --> 00:06:34,605 но четири, пет и шест годишните деца знаат дека десетденарката е поголема од петденарката. 97 00:06:34,684 --> 00:06:35,734 Но чекај малку. 98 00:06:35,737 --> 00:06:38,347 Ако десетденарката е поголема од петденарката, 99 00:06:38,703 --> 00:06:43,433 тогаш без оглед на тоа колку си успешен, можеби не е доволно. 100 00:06:44,158 --> 00:06:47,318 Требало да бидеш уште повеќе. 101 00:06:47,752 --> 00:06:53,998 Оваа алатка за решавање на проблеми што ја имаме може да се сврти против нас, 102 00:06:54,338 --> 00:06:55,858 и често го прави тоа. 103 00:06:55,858 --> 00:06:58,749 И што ќе правиш ако се случи тоа? 104 00:06:58,749 --> 00:07:01,602 Дозволете да ви посочам некои од проблемите 105 00:07:01,602 --> 00:07:05,622 кои се јавуваат тогаш кога ја користиме само оваа алатка. 106 00:07:05,986 --> 00:07:07,926 Земете го овој пример: 107 00:07:08,378 --> 00:07:12,598 Не сакам да мислите на желе крофни кои се полнети со крем. 108 00:07:13,675 --> 00:07:17,147 Значи кога таа мисла ќе ви дојде во умот или доколку ја видите крофната, 109 00:07:17,147 --> 00:07:20,233 не сакам да мислите на тоа, не мислете на тоа, лошо е. 110 00:07:20,233 --> 00:07:22,005 Важно е да не мислите на тоа. 111 00:07:22,005 --> 00:07:25,315 Наместо тоа, мислете на шешири. 112 00:07:25,734 --> 00:07:28,584 Кога ќе помислите на крофни, мислете на шешири. 113 00:07:29,128 --> 00:07:30,783 Шешири, запомнете, шешири. 114 00:07:30,783 --> 00:07:32,873 Помислете ли на крофни, мислете на шешири. 115 00:07:32,873 --> 00:07:34,350 Шешири, шешири. 116 00:07:34,350 --> 00:07:35,990 Договорено? Сфативте? 117 00:07:36,727 --> 00:07:40,487 Е сега, во моментот додека мислите на шешири, 118 00:07:40,487 --> 00:07:42,942 се чини дека делува. 119 00:07:43,784 --> 00:07:46,954 Вака настанува опсесивно-компулсивното растројство, 120 00:07:47,443 --> 00:07:49,711 потиснувајќи ги мислите. 121 00:07:49,711 --> 00:07:51,748 Но, ќе ви покажам дека ова е замка. 122 00:07:51,748 --> 00:07:54,817 Она чувство дека ги држите работите под контрола во моментот, 123 00:07:54,817 --> 00:07:59,507 дека логичниот дел од умот ви помогна да ја елиминирате лошата крофна, 124 00:08:00,833 --> 00:08:02,707 ќе ви покажам дека тоа не е точно. 125 00:08:02,707 --> 00:08:04,502 Што ви се јавува во умот ако речам? 126 00:08:04,502 --> 00:08:07,940 Црно.....бело, така? 127 00:08:07,940 --> 00:08:11,280 Топло....ладно, така? 128 00:08:11,280 --> 00:08:13,755 Шешири.... 129 00:08:13,755 --> 00:08:15,945 (Смеа) 130 00:08:15,945 --> 00:08:17,535 Крофни. 131 00:08:17,535 --> 00:08:19,919 (Смеа) 132 00:08:19,919 --> 00:08:22,049 Гледате колку брзо се случува. 133 00:08:23,258 --> 00:08:27,576 Прво научи го, па заклучи го, и стави го во мрежи. 134 00:08:27,576 --> 00:08:29,592 Мрежата е сега поголема, 135 00:08:29,592 --> 00:08:34,412 и само затоа што велите "не е" не значи дека не е во релација со нешто друго. 136 00:08:34,412 --> 00:08:37,750 Спротивноста е релација, различноста е релација. 137 00:08:38,511 --> 00:08:41,001 И така мрежата станува поголема. 138 00:08:41,251 --> 00:08:44,391 И сега шеширите ќе ве потсеќаат на крофни. 139 00:08:44,607 --> 00:08:46,700 Ви го ставив тоа во главата. 140 00:08:46,700 --> 00:08:48,884 (Смеа) 141 00:08:49,264 --> 00:08:51,616 И другите луѓе ви ставаат работи во главата. 142 00:08:51,616 --> 00:08:55,497 Не би било толку лошо ако само ние си ги ставаме работите, но не е така. 143 00:08:55,862 --> 00:09:01,324 Телевизорот, вашата сестра, вашиот родител кога е лут и ве критикува, 144 00:09:01,324 --> 00:09:04,004 или едноставно работите што ви се случуваат, 145 00:09:04,004 --> 00:09:05,420 сето тоа ви влегува во глава. 146 00:09:05,420 --> 00:09:07,374 А откако ќе влезат, е тогаш е проблем. 147 00:09:07,374 --> 00:09:08,704 Ако ви речам, 148 00:09:08,704 --> 00:09:10,925 - ова само за да видите колку брзо се одвива - 149 00:09:10,925 --> 00:09:13,252 Имам три броја кои сакам да ги запамтите. 150 00:09:13,252 --> 00:09:16,812 Луѓето од TED во соработка со Академијата Дејвидсон, 151 00:09:17,184 --> 00:09:18,891 можеби и самата Академија, 152 00:09:18,891 --> 00:09:21,633 ми дадоа 10,000 долари, кои треба 153 00:09:21,633 --> 00:09:24,677 да ви ги дадам вам доколку се сетите 154 00:09:24,677 --> 00:09:26,952 кои се броевите една недела од сега. 155 00:09:26,952 --> 00:09:27,962 Значи многу е важно. 156 00:09:27,962 --> 00:09:29,399 Еве ги броевите: 157 00:09:29,399 --> 00:09:31,289 Еден, два, три. 158 00:09:31,964 --> 00:09:33,314 Немој да ги заборавите. 159 00:09:33,314 --> 00:09:34,782 Ве чекаат десет илјадарки. 160 00:09:34,782 --> 00:09:37,540 Ако ве допрам за рамото една недела од сега и ве прашам, 161 00:09:37,540 --> 00:09:39,340 "Кои се броевите?" вие ќе речете... 162 00:09:39,748 --> 00:09:42,845 Еден, два, три, не ги заборавајте. Многу се важни. 163 00:09:44,025 --> 00:09:46,965 Ве излажав. Нема пари. 164 00:09:46,965 --> 00:09:48,635 (Смеа) 165 00:09:49,205 --> 00:09:53,359 Но дали се сомневате дека ако една недела од сега дојдам до вас и речам, 166 00:09:53,359 --> 00:09:55,849 "Кои се броевите?" "Ќе можете да ми одговорите? 167 00:09:56,236 --> 00:09:58,816 Колку од вас мислат дека нема да можете да одговорите? 168 00:09:59,252 --> 00:10:00,782 А еден месец од сега? 169 00:10:01,260 --> 00:10:04,503 Има ли луѓе на кои еден месец од сега 170 00:10:04,503 --> 00:10:06,843 броевите еден, два, три, се уште 171 00:10:06,843 --> 00:10:09,619 ќе им бидат во главата? Навистина? 172 00:10:10,259 --> 00:10:11,929 А една година од сега? 173 00:10:12,295 --> 00:10:14,125 Има луѓе кои една година од сега... 174 00:10:14,233 --> 00:10:17,513 А кога ќе бидете на смртна постела? 175 00:10:17,986 --> 00:10:19,686 "Кажи ми ги броевите?" 176 00:10:19,686 --> 00:10:21,496 (Смеа) 177 00:10:21,496 --> 00:10:23,324 Зошто? 178 00:10:24,374 --> 00:10:27,604 Само затоа што ви ги кажав, тоа е доволно. 179 00:10:27,604 --> 00:10:30,714 Затоа што така функционира човечкиот нервен систем. 180 00:10:31,186 --> 00:10:34,624 Тоа е како да имаш дигитрон кој нема копче за минус, 181 00:10:34,624 --> 00:10:40,934 и нема копче за бришење, само за плус, за еднакво и за множење. 182 00:10:40,942 --> 00:10:42,542 Откако ќе влезе, останува. 183 00:10:42,542 --> 00:10:44,145 Ви велам како психолог, 184 00:10:44,145 --> 00:10:47,595 во психологијата нема процес кој се вика "одучување." 185 00:10:48,851 --> 00:10:51,351 Има екстинкција, итн., но тоа е инхибирање. 186 00:10:51,351 --> 00:10:52,451 Тоа не е одучување. 187 00:10:52,451 --> 00:10:54,837 Ако сте го заборавиле можете одново да го научите, 188 00:10:54,837 --> 00:10:58,427 но овојпат побрзо, што значи дека тоа некако останало внатре. 189 00:10:58,760 --> 00:11:03,726 Еден, два, три ќе ви останат во главата до крајот на животот. 190 00:11:03,726 --> 00:11:05,506 (Смеа) 191 00:11:06,126 --> 00:11:08,666 Но замислете дека е нешто навистина болно. 192 00:11:09,772 --> 00:11:13,122 Замислете дека е вашата девојка, како ви вели "Не те сакам." 193 00:11:15,229 --> 00:11:18,739 Замислите дека длабоко ве изневериле. 194 00:11:20,045 --> 00:11:23,303 Тоа не може да отиде на друго место. 195 00:11:23,303 --> 00:11:25,193 Останува со вас, 196 00:11:25,193 --> 00:11:28,638 а кога гласот ќе започне да ви вели дека сте несакани 197 00:11:28,638 --> 00:11:31,338 и дека животот не вреди да се живее, 198 00:11:31,832 --> 00:11:35,379 кога тоа ќе се случи, ќе треба да ги употребите кочниците. 199 00:11:35,379 --> 00:11:39,119 А малава стихотворба ни посочува каде се тие. 200 00:11:39,119 --> 00:11:42,829 Не се во делот "прво научи го, па заклучи го, и стави го во мрежата" 201 00:11:42,829 --> 00:11:45,934 Кога дебатирате сами со себе тогаш само градите мрежи. 202 00:11:45,934 --> 00:11:49,035 Вистина, ако немаш информација, во ред, најди ја. 203 00:11:49,035 --> 00:11:51,224 Ако треба да размислуваш пофлексибилно, во ред. 204 00:11:51,224 --> 00:11:53,874 Но, за повеќето работи со кои навистина се бориме, 205 00:11:53,882 --> 00:11:56,263 ние мислиме дека ќе најдеме гума, 206 00:11:56,263 --> 00:11:58,493 или копче за бришење, а тоа не постои. 207 00:11:58,499 --> 00:12:00,993 Но, последнава реченица ни сугерира што да направиме: 208 00:12:00,993 --> 00:12:03,413 да го промениме она што го правиме. 209 00:12:03,413 --> 00:12:06,622 Постојат начини да ја промениш функцијата на мислите, 210 00:12:06,622 --> 00:12:09,472 она како функционираат откако ќе се појават. 211 00:12:10,640 --> 00:12:11,940 Кои се броевите? 212 00:12:11,956 --> 00:12:14,289 (Смеа) 213 00:12:14,289 --> 00:12:18,299 Тигарот наречен јазик и познание го јаваме 214 00:12:18,310 --> 00:12:21,643 уште од настанокот на хомо сапиенсот, и веројатно, 215 00:12:21,643 --> 00:12:23,940 уште од времето на човеколиките мајмуни. 216 00:12:23,940 --> 00:12:26,000 Тоа е веројатно пред 400,000 години. 217 00:12:26,252 --> 00:12:28,930 Знаеме дека не е пред повеќе од 2.8 милиони години 218 00:12:28,930 --> 00:12:31,090 зашто шимпанзата не го можат ова. 219 00:12:32,157 --> 00:12:33,107 Но, ние да. 220 00:12:33,428 --> 00:12:36,567 Ние сме го јавале тигарот и сме се обидувале да го разбереме. 221 00:12:36,567 --> 00:12:38,617 И што да правиме? Одговорот нема 222 00:12:38,617 --> 00:12:41,413 да го најдеме во рационалниот дел 223 00:12:41,413 --> 00:12:44,896 од нашата култура. 224 00:12:44,896 --> 00:12:46,586 Туку во мистичниот дел. 225 00:12:47,384 --> 00:12:49,924 Во духовните и религиозните традиции. 226 00:12:50,227 --> 00:12:53,114 Тоа ќе ни помогне да го откриеме процесот. 227 00:12:53,114 --> 00:12:55,011 Како да го промениме она што го правиме? 228 00:12:55,011 --> 00:12:58,371 Откако ќе го видите тоа, ќе сфатите дека има и други начини 229 00:12:58,877 --> 00:13:00,503 кои се надвор од тие традиции. 230 00:13:00,503 --> 00:13:04,157 Тие се создадени и тестирани во рамки на ТРР и ТПП. 231 00:13:04,157 --> 00:13:05,965 Сè што ќе ви кажам 232 00:13:05,965 --> 00:13:08,415 е тестирано во повеќе научни студии, 233 00:13:08,415 --> 00:13:14,175 буквално стотици истражувања за ТРР и близу 1,000 студии за ТПП. 234 00:13:14,185 --> 00:13:15,942 Да го разгледаме првиот начин 235 00:13:15,942 --> 00:13:19,272 кој е директно поврзан со духовните и религиозните традиции, 236 00:13:19,277 --> 00:13:21,817 а тоа е целосната свесност за мислите. 237 00:13:21,817 --> 00:13:23,833 Тој ќе ни помогне да го видиме принципот. 238 00:13:24,378 --> 00:13:26,080 Ако некој од вас е медитатор, 239 00:13:26,080 --> 00:13:30,070 знаете дека ваша работа е едноставно да бидете непристрасен набљудувач 240 00:13:30,070 --> 00:13:34,383 на сопствениот мисловен процес. 241 00:13:34,991 --> 00:13:38,001 За да го правите тоа не ви се потребни религиозни приказни. 242 00:13:38,001 --> 00:13:39,354 Секој од вас го може тоа. 243 00:13:39,354 --> 00:13:42,566 Можете да замислите облаци на небото како се движат, 244 00:13:42,566 --> 00:13:46,109 и секоја мисла што ќе ви се појави треба да ја ставите на еден од облаците. 245 00:13:46,109 --> 00:13:48,557 Не го туркајте. Облакот си има брзина на движење. 246 00:13:48,557 --> 00:13:51,277 Не го задржувајте. Не можете да ги контролирате облаците. 247 00:13:51,277 --> 00:13:54,873 Ставете ја мислата и пуштете ја. Ако се врати, ставете ја на следниот облак. 248 00:13:54,873 --> 00:13:57,053 Или користете било што. Автомобили на автопат 249 00:13:57,053 --> 00:14:01,033 или лисја што пловат во река. Вежбајте го ова и ќе стекнете вештина. 250 00:14:01,033 --> 00:14:02,362 Што е всушност вештината? 251 00:14:02,362 --> 00:14:03,604 Таму лежи кочницата. 252 00:14:03,604 --> 00:14:08,283 Еве што всушност е вештината: да гледате како вашиот ум си ја врши работата 253 00:14:08,283 --> 00:14:13,003 со чувство на дистанца и непристрасна љубопитност. 254 00:14:13,413 --> 00:14:17,133 Притоа, да не бидете заведени од мислите, да не им дозволите да ве управуваат 255 00:14:17,133 --> 00:14:20,578 туку да го фатите мисловниот процес во лет, 256 00:14:20,578 --> 00:14:25,128 и токму тоа е целта на контемплацијата и медитацијата. 257 00:14:26,168 --> 00:14:29,208 Така правилно се користат кочниците. 258 00:14:29,875 --> 00:14:34,255 Како да гледате пајак кој плете мрежа, мала когнитивна мрежа. 259 00:14:34,590 --> 00:14:35,940 Набљудувајте го тоа. 260 00:14:35,940 --> 00:14:38,078 Зареме не е интересно? 261 00:14:38,078 --> 00:14:39,919 Така се користат кочниците? 262 00:14:39,919 --> 00:14:43,939 За време на контемплација се случува токму тоа, 263 00:14:43,939 --> 00:14:46,909 и затоа ви ја препорачувам на сите, добро е да ја практикувате. 264 00:14:46,909 --> 00:14:50,786 Но, ќе ви препорачам и работи кои ќе ви изгледаат смешни, малку чудни. 265 00:14:50,786 --> 00:14:55,296 Но, истражувањата покажаа дека се полезни. 266 00:14:55,653 --> 00:15:00,023 Првата препорака. Дајте му на вашиот ум име. 267 00:15:02,261 --> 00:15:04,116 Ако има име, тогаш се разликува од вас. 268 00:15:04,116 --> 00:15:08,016 Можете да го слушате со чувство на дистанца и да го гледате како брбори 269 00:15:08,016 --> 00:15:09,176 и донесува одлуки. 270 00:15:09,176 --> 00:15:11,084 Ќе му дозволите ли да управува со вас? 271 00:15:11,084 --> 00:15:13,142 Понекогаш има добар, а понекогаш лош совет. 272 00:15:13,142 --> 00:15:16,282 Не морате да дебатирате со него или да го терате да не ви зборува. 273 00:15:16,282 --> 00:15:18,119 Не морате да му го смените мислењето. 274 00:15:18,119 --> 00:15:21,632 Само речете, "Во ред, ти благодарам, Џорџ. Уште нешто да кажеш? 275 00:15:21,632 --> 00:15:23,473 А, во ред. Ти благодарам." 276 00:15:23,813 --> 00:15:25,543 Мојот ум се вика "Џорџ." 277 00:15:26,013 --> 00:15:28,628 Ако не ви се допаѓа Џорџ, изберете си друго име. 278 00:15:28,628 --> 00:15:33,313 Ако не ви текнува, можете да го викате Господине Паметен или Госпоѓо Паметна 279 00:15:33,313 --> 00:15:38,175 и на тој начин буквално се дистанцирате доколку ви се јават болни мисли. 280 00:15:38,215 --> 00:15:40,509 Имате чувство дека вашиот ум ви зборува. 281 00:15:40,509 --> 00:15:44,295 Може да ви зборува за работи што вие сте ги помислиле или што некој ви ги кажал. 282 00:15:44,295 --> 00:15:45,105 Кои се броевите? 283 00:15:45,107 --> 00:15:48,067 Не мора да биде нешто важно. 284 00:15:50,270 --> 00:15:53,532 Ако имате некоја мисла и сакате да се дистанцирате од неа, 285 00:15:53,532 --> 00:15:54,874 не да направите да исчезне, 286 00:15:54,874 --> 00:15:59,349 наместо да и` дозволите да ве заведе, само набљудувајте ја 287 00:15:59,349 --> 00:16:00,619 онака како што е. 288 00:16:02,050 --> 00:16:04,616 Ако имате мисла, некоја многу лоша мисла, 289 00:16:04,616 --> 00:16:08,446 како "Јас сум лош, јас сум навистина лош," и се чувствувате тажно, 290 00:16:09,381 --> 00:16:12,421 ви препорачувам да ја пеете мислата. 291 00:16:13,094 --> 00:16:16,794 Во недостаток на предлози, што велите за "Среќен Роденден"? 292 00:16:17,573 --> 00:16:20,983 (Пее со мелодија на "Среќен Роденден") "Јас сум многу, многу, многу лош. 293 00:16:20,983 --> 00:16:23,343 Јас сум многу, многу, многу лош. 294 00:16:24,193 --> 00:16:29,508 Јас сум многу, многу, многу, многу Јас многу, многу, многу лош. 295 00:16:29,508 --> 00:16:30,548 (завршува со пеењето) 296 00:16:30,548 --> 00:16:31,488 (Смеа) 297 00:16:31,488 --> 00:16:32,553 Ти благодарам, Џорџ. 298 00:16:32,553 --> 00:16:34,651 (Смеа) 299 00:16:35,401 --> 00:16:38,023 Ова не е за да го исмевате вашиот ум. Не ми е тоа целта. 300 00:16:38,023 --> 00:16:40,993 Туку, за да ве потсетам дека тоа е само глас кој ви зборува. 301 00:16:41,464 --> 00:16:42,965 Вие треба да одлучите дали е 302 00:16:42,965 --> 00:16:46,297 во склад со вашите вредности и дали ви помага во дадената ситуација. 303 00:16:46,297 --> 00:16:49,708 Поентата е да не функционирате на автопилот. 304 00:16:49,708 --> 00:16:54,161 Да не им дозволите на мислите да ве заведат и 305 00:16:54,161 --> 00:16:55,469 управуваат со вашиот живот. 306 00:16:55,469 --> 00:16:58,889 Логичниот дел од умот тука нема да ви помогне. 307 00:16:59,382 --> 00:17:02,482 Еве една вежба, ќе ве замолам и вие да учествувате. 308 00:17:02,482 --> 00:17:06,088 Ќе морате да ми помогнете, во спротивно ќе изгледам многу глупаво. 309 00:17:06,275 --> 00:17:07,749 Ова беше создадено од Тиченер, 310 00:17:07,749 --> 00:17:11,486 таткото на американската психологија пред повеќе од 100 години, 311 00:17:11,486 --> 00:17:13,576 точно пред 100 години. 312 00:17:14,302 --> 00:17:16,692 Тој имал теорија за јазикот и познанието 313 00:17:16,692 --> 00:17:18,088 која говорела што? 314 00:17:18,088 --> 00:17:22,485 Идејата му била дека јазикот го губи значењето, ако го извадиш од контекст. 315 00:17:22,485 --> 00:17:25,765 Тоа го правел така што, за време на јавни говори и демонстрации, 316 00:17:25,765 --> 00:17:29,454 ги терал луѓето гласно и брзо да повторуваат одреден збор. 317 00:17:29,454 --> 00:17:30,895 Го имаме истражувано ова. 318 00:17:30,895 --> 00:17:32,922 Вознемиреноста и увереноста 319 00:17:32,922 --> 00:17:36,132 се намалуваат во рок од 30 секунди. 320 00:17:36,530 --> 00:17:39,579 Ќе ја направам само 20 секунди, доволно е за да сфатите 321 00:17:39,579 --> 00:17:42,119 а и не сакам да ги полудам луѓето на Јутјуб. 322 00:17:42,338 --> 00:17:44,797 Ќе земеме еден збор. 323 00:17:44,797 --> 00:17:45,797 Да речеме млеко. 324 00:17:45,797 --> 00:17:48,534 Зошто? Зашто повеќето од нас знаат какво е. 325 00:17:48,534 --> 00:17:52,003 За момент помислете какво е млекото. 326 00:17:52,003 --> 00:17:55,083 Каков му е вкусот, како мириса, како изгледа. 327 00:17:55,961 --> 00:17:59,881 Ладно млеко, бело млеко, перцептивните функции. 328 00:18:00,235 --> 00:18:02,794 Сега сакам заедно со мене, 329 00:18:02,794 --> 00:18:06,864 и јас ќе учествувам, ќе се глупирам исто како и вие, 330 00:18:07,439 --> 00:18:11,299 да го кажете зборот млеко гласно, брзо, во рок од 20 секунди. 331 00:18:11,299 --> 00:18:15,477 И забележете што ќе се случи со белата, ладна и кремаста материја. 332 00:18:15,477 --> 00:18:19,662 Сакате да се глупираме само 20 секунди? 333 00:18:19,662 --> 00:18:20,692 Помогнете ми. 334 00:18:20,692 --> 00:18:22,407 Сакате? Во ред. 335 00:18:22,407 --> 00:18:24,117 Спремни, може. 336 00:18:24,117 --> 00:18:24,829 Гласно. 337 00:18:24,829 --> 00:18:29,699 [Сите повторуваат "млеко" во рок од 20 секунди] 338 00:18:29,699 --> 00:18:30,819 Малку погласно. 339 00:18:35,159 --> 00:18:36,319 Малку побрзо. 340 00:18:39,322 --> 00:18:42,957 Во ред. Најдолгите 20 секунди од целиот говор. 341 00:18:42,957 --> 00:18:44,537 (Смеа) 342 00:18:44,857 --> 00:18:48,507 Што се случи со белата, кремаста и ладна материја? 343 00:18:49,127 --> 00:18:52,095 Почна да исчезнува, почна да исчезнува. 344 00:18:52,095 --> 00:18:53,385 И други работи се појавија, 345 00:18:53,385 --> 00:18:56,097 како колку е тешко да изговараш еден збор постојано. 346 00:18:56,097 --> 00:18:57,665 Ви се измори устата. 347 00:18:57,665 --> 00:19:00,215 И чудниот звук. Зарем не е чуден звукот? 348 00:19:00,775 --> 00:19:03,941 Видете, дел од тешките мисли се програмирани, 349 00:19:03,941 --> 00:19:05,271 исто како, кои се броевите? 350 00:19:05,271 --> 00:19:06,393 Еден, два, три. 351 00:19:06,393 --> 00:19:09,703 На одредено ниво тие не се ништо друго, освен звуци. 352 00:19:09,703 --> 00:19:11,977 Ќе дозволите животот да ви зависи од тоа? 353 00:19:12,580 --> 00:19:13,750 Навистина? 354 00:19:14,000 --> 00:19:15,467 Не е безбедно. 355 00:19:15,467 --> 00:19:17,117 Стискајте на кочниците. 356 00:19:17,676 --> 00:19:21,156 Ако имате лоши мисли, правете го ова 30 секунди. 357 00:19:21,156 --> 00:19:25,236 Излезе дека 30 секунди е доволно, навистина брзо. 358 00:19:26,351 --> 00:19:30,337 Држев говор на Стенфорд. Пред голема, група на важни луѓе. 359 00:19:30,337 --> 00:19:33,006 Зборував за износот на пари кој го трошиме на 360 00:19:33,006 --> 00:19:35,716 апчиња за спиење. 361 00:19:36,764 --> 00:19:40,367 На слајдот пишуваше три. Јас требаше да речам, "Три милијарди," 362 00:19:40,367 --> 00:19:43,720 а наместо тоа реков, "Се искачи на три трилиони долари." 363 00:19:43,720 --> 00:19:45,282 (Смеа) 364 00:19:45,282 --> 00:19:48,533 Потоа отидов во хотелот и си легнав. 365 00:19:48,533 --> 00:19:52,105 Во 3 изутрина се разбудив и седев на креветот, 366 00:19:52,105 --> 00:19:55,445 "Три трилиони, идиот!" 367 00:19:55,445 --> 00:19:56,665 (Смеа) 368 00:19:56,665 --> 00:19:58,545 Тоа не е точно." 369 00:19:58,545 --> 00:20:01,223 Скокнав од креветот, одев напред назад. 370 00:20:01,223 --> 00:20:04,387 "Веројатно го снимиле. Го кажав тоа на Стенфорд." 371 00:20:04,387 --> 00:20:06,377 (Смеа) 372 00:20:07,387 --> 00:20:10,497 Си реков, "Ти си глуп. Како можеше да бидеш толку глуп?" 373 00:20:10,497 --> 00:20:13,788 Тоа ме потсети на повторувањето на зборови. 374 00:20:13,788 --> 00:20:16,727 Ако кажеш "Како можеш да бидеш толку глуп?" со паузи измеѓу 375 00:20:16,727 --> 00:20:19,169 тогаш реченицата ќе го задржи значењето. 376 00:20:19,169 --> 00:20:24,118 Но, наместо тоа јас седев на креветот и многу брзо и гласно, изговарав, 377 00:20:24,118 --> 00:20:26,515 "Глуп, глуп, глуп, глуп, глуп, глуп, 378 00:20:26,515 --> 00:20:28,231 глуп, глуп, глуп, глуп." 379 00:20:28,231 --> 00:20:29,761 И после си легнав. 380 00:20:29,761 --> 00:20:32,143 (Смеа) 381 00:20:32,143 --> 00:20:34,783 Ви го препорачувам ова. Кочница е. 382 00:20:36,486 --> 00:20:40,666 О, боже. Еве една која е ептен, ептен смешна, 383 00:20:41,200 --> 00:20:43,350 но предизвикува драматична промена. 384 00:20:43,648 --> 00:20:47,348 Ако имате тешка мисла која ве мачи, изговорете ја со различни гласови, 385 00:20:47,348 --> 00:20:49,977 можеби со гласот на вашиот најнеомилен политичар. 386 00:20:50,552 --> 00:20:52,370 Не можам да претпоставам кој е тоа. 387 00:20:52,370 --> 00:20:54,529 (Смеа) 388 00:20:54,529 --> 00:20:57,802 Или ако не ви се допаѓа тоа, што велите за лик од цртан филм? 389 00:20:57,802 --> 00:21:01,193 Ако ја земеме мислата, "Јас сум лош, јас сум многу, многу лош," 390 00:21:01,193 --> 00:21:04,255 ви гарантирам дека ќе ја доживувате поинаку, ако кажете, 391 00:21:04,255 --> 00:21:07,885 "Јас сум лош. Јас сум многу лош." 392 00:21:07,885 --> 00:21:10,144 (Смеа) 393 00:21:10,144 --> 00:21:13,025 Но, бидете внимателни. Не ви велам да го исмевате својот ум. 394 00:21:13,025 --> 00:21:14,120 Навистина, не. 395 00:21:14,120 --> 00:21:17,549 На крајот ќе ви објаснам како да го постигнете тоа. 396 00:21:17,549 --> 00:21:22,189 Целта е да се дистанцирате, да внесете малку воздух во собата. 397 00:21:22,986 --> 00:21:24,096 Да успорите, 398 00:21:24,096 --> 00:21:26,273 за да направите правилен избор. 399 00:21:26,273 --> 00:21:29,009 Ако навистина ви е преку глава 400 00:21:29,009 --> 00:21:32,683 од одредена негативна мисла која постојано ве осудува и сакате 401 00:21:32,683 --> 00:21:34,082 да се ослободите од неа, 402 00:21:34,082 --> 00:21:36,402 не го правете ова, се додека 403 00:21:36,402 --> 00:21:39,552 не го направите последниот чекор, а тоа е јавното декларирање. 404 00:21:39,882 --> 00:21:44,140 Ја земате длабоката и мрачна тајна и ја споделувате со останатите. 405 00:21:44,140 --> 00:21:49,600 Излезе дека сите имаме едни исти тајни. 406 00:21:50,588 --> 00:21:53,396 Напишете ја на налепница и залепете ја на вашите гради 407 00:21:53,396 --> 00:21:56,076 или пак испринтајте си ја на мајца. 408 00:21:56,081 --> 00:21:57,671 И гледајте што ќе се случи. 409 00:21:57,671 --> 00:21:59,785 Носете ја за да ве видат сите. 410 00:21:59,785 --> 00:22:03,480 Ви гарантирам дека лошата мисла ќе ја изгуби моќта 411 00:22:03,480 --> 00:22:05,320 уште во самиот момент. 412 00:22:05,610 --> 00:22:10,784 Робин Валсер, ТПП терапевт од Пало Алто ја смисли вежбава работејќи со ветерани 413 00:22:10,784 --> 00:22:14,624 кои се соочуваа со навистина тешки мисли. 414 00:22:14,624 --> 00:22:17,459 Од војниците бараме да прават вакви тешки работи. 415 00:22:17,459 --> 00:22:21,199 Во нивната глава често им се врти мислата "убиец." 416 00:22:22,280 --> 00:22:26,511 Тие сфаќаат дека повеќе не смеат да дозволат 417 00:22:26,511 --> 00:22:29,871 ваквите мисли да им го управуваат животот. 418 00:22:30,153 --> 00:22:34,400 Ги носат како беџови. 419 00:22:34,400 --> 00:22:37,648 Вежбава првпат ја направив 420 00:22:37,648 --> 00:22:40,684 кога држев работилница во еден црковен камп на езерото Тахо. 421 00:22:40,684 --> 00:22:42,694 Го напишав зборот "злобен." 422 00:22:43,436 --> 00:22:46,425 Се присетив како ме фатија кога 423 00:22:46,425 --> 00:22:50,906 имав шест години. Бев во Ел Кахон, Калифорнија. 424 00:22:50,906 --> 00:22:55,014 Држев лупа и пробував да дознаам колку брзо оди тарантулата ако и` го вжариш задникот. 425 00:22:55,014 --> 00:22:56,534 (Смеа) 426 00:22:56,534 --> 00:22:59,457 Уште се сеќавам како изгледаше лицето на мајка ми. 427 00:22:59,457 --> 00:23:00,537 (Прави гримаса) 428 00:23:00,537 --> 00:23:02,417 Многу сум лош. 429 00:23:02,417 --> 00:23:05,227 Знаете, такви чудни работи прават малите момчиња. 430 00:23:05,739 --> 00:23:09,129 И знам. Не треба да им го правам тоа на пајаците, знам. 431 00:23:09,406 --> 00:23:13,597 Но, еве ме во 50-те или 60-те 432 00:23:13,597 --> 00:23:17,215 години од животот си го носам со мене "Јас сум злобен." 433 00:23:17,215 --> 00:23:18,215 Навистина? 434 00:23:18,215 --> 00:23:20,125 И така, го залепив на гради. 435 00:23:20,125 --> 00:23:21,795 Но, беше ептен тешко. 436 00:23:21,795 --> 00:23:26,807 Кога имавме пауза, отидов да земам кафе од готвачот. 437 00:23:26,807 --> 00:23:28,927 Одев вака за да не го види. 438 00:23:28,927 --> 00:23:30,493 (Смеа) 439 00:23:30,493 --> 00:23:33,871 И сега, целосно го снема. Знам дека тоа ми се случило, и тука завршува. 440 00:23:33,871 --> 00:23:34,781 Во ред. 441 00:23:34,781 --> 00:23:37,354 Но, не сум злобен. 442 00:23:37,544 --> 00:23:40,904 Нема да бегам од оваа помисла до крајот на животот. 443 00:23:42,529 --> 00:23:45,158 Полесната варијанта е да ги ставите 444 00:23:45,158 --> 00:23:48,338 лошите мисли кои ви се јавуваат на скринсејверот. 445 00:23:48,338 --> 00:23:50,944 Земете ги тешките мисли и ставете ги на скринсејверот. 446 00:23:50,944 --> 00:23:54,360 Имајте прилика да ги набљудувате тие мисли и запрашајте се: 447 00:23:54,360 --> 00:23:56,700 Дали навистина тие ќе ми го управуваат животот? 448 00:23:57,062 --> 00:24:00,552 Моите студенти. Сигурен сум дека се тие. Ми влегле во канцеларија. 449 00:24:00,871 --> 00:24:04,660 Сигурен сум дека се тие. Јас бев на состанок. 450 00:24:04,660 --> 00:24:06,160 Погледнав во компјутерот. 451 00:24:06,160 --> 00:24:09,526 Пишуваше, "Длабоко, нешто не е во ред со тебе." 452 00:24:09,526 --> 00:24:11,851 (Смеа) 453 00:24:11,851 --> 00:24:13,971 Кога тогаш ќе дознаам кој го сторил ова, 454 00:24:13,971 --> 00:24:15,924 немојте да мислите дека нема. 455 00:24:15,924 --> 00:24:17,754 Некој успеал да се прикраде. 456 00:24:19,344 --> 00:24:22,414 Сакам да завршам со 457 00:24:22,414 --> 00:24:26,153 последниот пример од стотиците кои ги создадовме. 458 00:24:26,153 --> 00:24:30,293 Можете да ги најдете во книгите за ТПП. 459 00:24:32,483 --> 00:24:35,039 Ако имате нешто слично како мене, 460 00:24:35,039 --> 00:24:37,219 што се случило пред многу години, 461 00:24:38,190 --> 00:24:40,812 замислете се во најмладата возраст 462 00:24:40,812 --> 00:24:43,352 како имате ваква мисла или ваква работа. 463 00:24:43,658 --> 00:24:47,267 Замислете како сте изгледале на таа возраст: 464 00:24:47,267 --> 00:24:49,647 каква ви била косата, како сте биле облечени. 465 00:24:50,519 --> 00:24:53,780 И тогаш, во фантазијата истите тие зборови 466 00:24:53,780 --> 00:24:57,040 нека излезат од устата на детето, 467 00:24:57,040 --> 00:25:00,500 од самото дете со детски глас. 468 00:25:01,596 --> 00:25:04,374 Ви гарантирам, ќе ви го распори срцето. 469 00:25:04,374 --> 00:25:06,631 Работите кои си ги кажувате сега, слушнете ги 470 00:25:06,631 --> 00:25:08,789 како доаѓаат од устата на дете. 471 00:25:08,789 --> 00:25:13,576 Ќе чувствувате милост и сочувство кон самите себе, 472 00:25:13,576 --> 00:25:16,436 што е и целта на овие методи. 473 00:25:16,436 --> 00:25:17,946 Тука не зборуваме за исмевање. 474 00:25:18,631 --> 00:25:23,351 Тука учиме како да се справиме со тигарот наречен јазик, 475 00:25:23,902 --> 00:25:28,972 како да го јавате, а притоа да не ве фрли преку работ на карпата. 476 00:25:30,221 --> 00:25:32,392 Ви дадов неколку идеи за тоа 477 00:25:32,392 --> 00:25:36,312 каде се наоѓаат менталните кочници. 478 00:25:36,573 --> 00:25:38,442 Тие не подразбираат решавање, 479 00:25:38,442 --> 00:25:40,842 преиспитување и менување на вашите мисли. 480 00:25:41,213 --> 00:25:45,363 Туку, заземање став на сочувство и милост кон себе, 481 00:25:45,363 --> 00:25:48,456 и набљудување на малиот ментален пајак како си ја врши работата 482 00:25:48,456 --> 00:25:51,866 со чувство на непристрасна љубопитност. 483 00:25:52,387 --> 00:25:54,817 Дозволете му на умот да го прави она што го прави, 484 00:25:54,852 --> 00:25:58,472 но бидете свесни кога ве турка во погрешна насока, 485 00:25:58,472 --> 00:26:00,342 и тогаш нагазнете на кочниците. 486 00:26:00,664 --> 00:26:03,464 Потребна ви е ваквата вештина. На сите ни е потребна. 487 00:26:03,796 --> 00:26:07,113 А менталните кочници спречуваат нервни сломови. 488 00:26:07,113 --> 00:26:08,813 Се надевам дека ви бев од корист. 489 00:26:08,813 --> 00:26:09,639 Благодарам. 490 00:26:09,639 --> 00:26:12,099 (Аплауз)