Нашиот систем за бегалци не функционира. Еве како можеме да го поправиме.
-
0:01 - 0:04Има мигови кога навистина се срамам
-
0:04 - 0:06што сум Европеец.
-
0:06 - 0:08Минатата година
-
0:08 - 0:13повеќе од 1 милион луѓе дојдоа во Европа
во потрага за помош, -
0:13 - 0:16и ние возративме на патетичен начин.
-
0:17 - 0:19Постојат многу контрадикторности.
-
0:20 - 0:23Жалиме за трагичната смрт
-
0:23 - 0:25на 2-годишниот Алан Курди
-
0:26 - 0:30но, оттогаш повеќе од 200 деца
-
0:30 - 0:32последователно се удавија во Медитеранот.
-
0:34 - 0:35Имаме меѓународни спогодби
-
0:35 - 0:39кои признаваат дека бегалците се
заедничка одговорност, -
0:39 - 0:42дури и прифаќаме дека една
мала држава како Либан -
0:42 - 0:45прифати повеќе бегалци од
цела Европа заедно. -
0:46 - 0:50Лелекаме заради постоењето
на криумчари на луѓе -
0:50 - 0:54а сепак се трудиме тоа да е единствен
можен начин -
0:54 - 0:56за да се бара азил во Европа.
-
0:57 - 0:59Имаме недостиг на работна сила,
-
0:59 - 1:04а ги исклучуваме луѓето кои се во склад
со нашите економски и демографски потреби -
1:04 - 1:06да дојдат во Европа.
-
1:06 - 1:13Прикажуваме либерални вредности спротивни
на исламскиот фундаментализам -
1:13 - 1:14а сепак-
-
1:16 - 1:18имаме репресивни закони
-
1:18 - 1:21за приведување на баратели
на азил за деца, -
1:21 - 1:24за одвојување на деца од нивните
семејства, -
1:25 - 1:28и одземање на она што го поседуваат
бегалците. -
1:29 - 1:30Што правиме?
-
1:31 - 1:33Како дојдовме до оваа состојба,
-
1:33 - 1:38да реагираме толку нечовечки кон една
хуманитарна криза? -
1:38 - 1:42Не верувам дека ова се случува
зашто на луѓето не им е гајле, -
1:42 - 1:45или не сакам да верувам дека ова е заради
негрижата на луѓето. -
1:45 - 1:49Верувам дека тоа е поради недостаток на
визија кај политичарите, -
1:49 - 1:52визија како да се прилагоди меѓународната
програма за бегалци -
1:52 - 1:55донесена пред 50 години
-
1:55 - 1:57за еден променлив и глобализиран свет.
-
1:58 - 2:00Сакам да се вратам еден чекор назад
-
2:00 - 2:04и да поставам две суштествени прашања,
-
2:04 - 2:06две прашања кои сите ние
треба да ги поставиме. -
2:06 - 2:10Прво, зошто сегашниот систем
не функционира? -
2:10 - 2:13Второ, што може да направиме
за да го поправиме? -
2:15 - 2:17Современиот режим за бегалци
-
2:17 - 2:21го создадоа после Втората светска војна
овие луѓе. -
2:21 - 2:25Основната цел е да се осигура дека,
-
2:25 - 2:29кога државата се распаѓа или полошо,
се свртува кон сопствениот народ -
2:29 - 2:31луѓето мора некаде да заминат,
-
2:31 - 2:35да живеат безбедно и достоинствено додека
не се вратат дома. -
2:35 - 2:40Беше создаден точно за ситуации каква
што гледаме во Сирија денес. -
2:41 - 2:46Со меѓународна конвенција потпишана
од 147 влади, -
2:46 - 2:49Конвенцијата од 1951 за статусот
на бегалците -
2:49 - 2:52и меѓународната организација, УНХЦР,
-
2:52 - 2:57државите се обврзале реципрочно да
прифаќаат на свои територии -
2:57 - 2:59луѓе кои бегаат од војни и прогони.
-
3:00 - 3:02Но денес тој систем се распаѓа.
-
3:03 - 3:06Теоретски, бегалците имаат право
да бараат азил. -
3:06 - 3:11Во пракса, нашите закони за имиграција го
попречуваат патот кон сигурноста. -
3:11 - 3:16Теоретски, бегалците имаат право на
пат кон интеграција, -
3:16 - 3:18или да се вратат во својата земја.
-
3:18 - 3:22Но во пракса, тие се заглавени
во ќорсокак. -
3:22 - 3:25Теоретски, бегалците се заедничка,
глобална одговорност. -
3:26 - 3:31Во пракса, земјите кои се најблиску
до военото жариште -
3:31 - 3:34го прифаќаат најголемиот број
на бегалци во светот. -
3:35 - 3:37Системот не се распаѓа бидејќи правилата
се погрешни, -
3:37 - 3:41туку не ги применуваме соодветно на
светот кој се менува, -
3:42 - 3:44тоа е она за што треба да го преиспитаме.
-
3:44 - 3:49Сакам да ви објаснам како функционира
современиот систем. -
3:49 - 3:51Како функционира режимот на бегалци?
-
3:52 - 3:54Но не од перспектива нa институциите
од врвот надолу -
3:54 - 3:58туку од перспектива на еден бегалец.
-
3:58 - 4:01Замислете една жена од Сирија.
-
4:01 - 4:02Да ја наречеме Амира.
-
4:03 - 4:07Амира за мене ги претставува многумината
кои ги сретнав во регионот. -
4:08 - 4:11Амира, како и останатите 25% од бегалците
во светот, -
4:11 - 4:12е жена со деца
-
4:13 - 4:16и таа не може да се врати дома во градот
-
4:16 - 4:18кој го гледате пред вас, Хомс,
-
4:18 - 4:21некогаш убав и историски град
-
4:21 - 4:22сега под урнатини.
-
4:22 - 4:24Амира не може да се врати назад.
-
4:25 - 4:29Но Амира исто така нема надеж дека
ќе се вдоми во трета држава -
4:29 - 4:31бидејќи тоа е лотариски билет,
-
4:31 - 4:34достапен само за помалку од 1% од
светските бегалци. -
4:35 - 4:37Амира и нејзиното семејство
-
4:37 - 4:39се соочуваат со речиси невозможен избор.
-
4:39 - 4:42Имаат три основни опции.
-
4:43 - 4:48Првата опција е Амира да оди со
семејството во камп. -
4:49 - 4:51Во кампот може да добие помош,
-
4:51 - 4:55но мали се изгледите за Амира и нејзиното
семејство. -
4:55 - 4:58Камповите се на пусти и сушни места,
-
4:58 - 4:59најчесто во пустина.
-
5:00 - 5:03Во бегалскиот камп Заатари во Јордан,
-
5:03 - 5:07можат да се чујат бомбардирањата
преку граница во Сирија. -
5:09 - 5:11Економската активност е ограничена.
-
5:11 - 5:13Образованието е неквалитетно.
-
5:14 - 5:15Низ целиот свет,
-
5:15 - 5:18околу 80% од бегалците кои се во кампови
-
5:18 - 5:21мора да останат таму барем 5 години.
-
5:21 - 5:23Тоа е бедна егзистенција,
-
5:23 - 5:25и веројатно поради овие причини
-
5:25 - 5:28само 9% од Сиријците ја бираат
оваа можност. -
5:29 - 5:33Алтернативно, Амира може да оди
и во урбан дел -
5:33 - 5:36во некоја соседна земја,
како Аман или Бејрут. -
5:37 - 5:41Оваа можност ја прифатиле 75%
од Сириските бегалци. -
5:42 - 5:45Но и таму има многу потешкотии.
-
5:46 - 5:50Бегалците во тие урбани средини обично
немаат право да работат. -
5:50 - 5:53Обично немаат пристап до одредена помош.
-
5:53 - 5:57Кога Амира и нејзините ќе ја потрошат
нивната заштеда, -
5:57 - 6:01им останува многу малку и веројатно
би се соочиле со урбаната беда. -
6:02 - 6:04Постои и трета алтернатива,
-
6:05 - 6:09која сè поголем број на Сиријци ја избираат.
-
6:10 - 6:14Амира може да бара надеж за
нејзиното семејство -
6:14 - 6:18ризикувајќи ги нивните животи на опасно
и несигурно патување -
6:18 - 6:19во друга земја,
-
6:19 - 6:23и тоа е она што денес го
гледаме во Европа. -
6:23 - 6:29На бегалците ширум светот им даваме речиси
невозможен избор -
6:29 - 6:31помеѓу овие три опции:
-
6:31 - 6:35живот во камп, урбана беда
и опасни патувања. -
6:36 - 6:40За бегалците, тој избор е глобалниот
бегалски режим денес. -
6:41 - 6:42Јас мислам дека e погрешен избор.
-
6:43 - 6:45Мислам дека треба да го преиспитаме
тој избор. -
6:45 - 6:49Причината зошто ги ограничуваме изборите
-
6:50 - 6:53е затоа што сметаме
-
6:53 - 6:57дека тие се единствените опции
за бегалците, -
6:57 - 6:59а не се.
-
6:59 - 7:03Политичарите го врамуваат проблемот како
нулта проблем, -
7:03 - 7:07ако им помогнеме на бегалците,
ги зголемуваме трошоците на граѓаните. -
7:07 - 7:09Настојуваме кон колективна претпоставка
-
7:09 - 7:12дека бегалците се неизбежен трошок
или товар за општеството. -
7:12 - 7:14Не мора да е така. Можат и да придонесат.
-
7:15 - 7:16Сакам да предочам
-
7:16 - 7:19дека има начини да ги прошириме
дадените избори -
7:19 - 7:21и секој да има придобивки,
-
7:21 - 7:23државите-домаќини и заедниците,
-
7:23 - 7:27нашите општества и самите бегалци.
-
7:27 - 7:29Сакам да предложам четири решенија
-
7:29 - 7:33како да го промениме образецот според кој
размислуваме за бегалците. -
7:34 - 7:36Сите четири решенија имаат
едно нешто заедничко: -
7:36 - 7:40начинот на кој ги прифаќаме можностите
на глобализацијата, -
7:40 - 7:42мобилноста и пазарот,
-
7:42 - 7:46и начинот на кој размислуваме за проблемот
со бегалците. -
7:46 - 7:48Најпрво помислувам
-
7:48 - 7:50како да се оспособат средините,
-
7:51 - 7:54на почеток, со основното признавање
-
7:54 - 7:56дека бегалците се човечки суштества
како сите ние, -
7:56 - 7:59само се наоѓаат во посебни околности.
-
7:59 - 8:01Заедно со моите колеги од Оксфорд,
-
8:01 - 8:04започнавме истражувачки проект во Уганда
-
8:04 - 8:07набљудувајќи го економскиот живот
на бегалците. -
8:08 - 8:12Не ја одбравме Уганда не затоа што таа ги
претставува земјите-домаќини. -
8:12 - 8:13Не е тоа. Таа е исклучителна.
-
8:14 - 8:16За разлика од другите земји-домаќини
во светот, -
8:16 - 8:18она што Уганда го направи е
-
8:18 - 8:20што им даде економска
можност на бегалците. -
8:20 - 8:24Им го даде правото да работат, им даде
слобода на движење. -
8:24 - 8:27И резултатите се извонредни
-
8:27 - 8:30и за бегалците и за заедниците-домаќини.
-
8:30 - 8:32Во главниот град Кампала откривме
-
8:32 - 8:38дека 21% од бегалците имаат бизниси
со кои вработуваат други луѓе, -
8:38 - 8:40и 40% од тие вработени
-
8:40 - 8:42се припадници на земјата-домаќин.
-
8:42 - 8:45Со други зборови, бегалците
создаваат работа -
8:45 - 8:47за граѓаните на земјите-домаќини.
-
8:48 - 8:51Дури и во камповите, видовме исклучителни
примери -
8:51 - 8:55на динамични, успешни и
претприемачки бизниси. -
8:56 - 8:59На пример, во населбата Накивале,
-
8:59 - 9:02откривме примери на бегалци од Конго
-
9:02 - 9:05кои водеа бизнис за размена
на дигитална музика. -
9:05 - 9:08Откривме човек од Руанда со бизнис
-
9:09 - 9:11кој им овозможува на младите
да играат видео игри -
9:11 - 9:15на рециклирани конзоли и
рециклирани телевизори. -
9:16 - 9:19И покрај условите на екстремно
ограничување -
9:19 - 9:21бегалците се иновативни,
-
9:21 - 9:25човекот што го гледате на сликата
е Демоу-Кај од Конго. -
9:25 - 9:29Демоу-Кај дојде во населбата
со речиси празни раце, -
9:29 - 9:31но сакал да снима филмови.
-
9:31 - 9:35Основа радио станица со пријатели
и колеги, -
9:35 - 9:37позајми видео камера,
-
9:37 - 9:38и сега снима филмови.
-
9:38 - 9:40Има направено два документарни филмови
-
9:40 - 9:42со и за нашиот тим,
-
9:42 - 9:46и прави успешен бизнис од речиси ништо.
-
9:47 - 9:49Овие се примерите
-
9:49 - 9:51кои треба да нѐ водат кога реагираме
на бегалците. -
9:51 - 9:53Наместо да ги гледаме
-
9:53 - 9:56како неизбежно зависни од хуманитарна
помош, -
9:56 - 9:59треба да им дадеме можности за човечки
просперитет. -
10:00 - 10:04Да, облека, ќебиња, засолништа, храна
-
10:04 - 10:07се важни во фазата на итна помош,
-
10:07 - 10:10но треба да погледнеме подалеку од тоа.
-
10:10 - 10:15Треба да им пружиме можности за
поврзување, струја, -
10:15 - 10:17образование, право на работа,
-
10:17 - 10:19пристап до капитал и банкарство.
-
10:20 - 10:22Сѐ што ние земаме здраво за готово
-
10:22 - 10:24што нѐ поврзува со глобалната економија
-
10:24 - 10:26може и треба да им следува
и на бегалците. -
10:27 - 10:31Второто решение за кое сакам да зборувам
се економските зони -
10:31 - 10:34За жал, сите земји-домаќини во Европа
-
10:34 - 10:36не ги превземаат чекорите на Уганда.
-
10:36 - 10:40Повеќето земји-домаќини не ја отвораат
нивната еконмија за бегалците -
10:40 - 10:41на истиот начин.
-
10:41 - 10:46Но сепак има прагматични, алтернативни
можности кои можеме да ги искоритиме. -
10:47 - 10:50Минатиот Април бев во Јордан
со мојот колега -
10:50 - 10:52Пол Колер, економист за развој,
-
10:52 - 10:55и заеднички дојдовме до идеја
-
10:55 - 10:58со меѓународната заедница и владата,
-
10:58 - 11:00идеја да им понудиме работа на Сиријците
-
11:00 - 11:04и истовремено да ја поддржиме развојната
стратегија на Јордан. -
11:04 - 11:07Идејата беше за економска зона
-
11:07 - 11:11во коај би интегрирале вработување
за бегалците -
11:11 - 11:14заедно со вработување на домаќини,
Јорданци. -
11:15 - 11:18Нa 15 мин оддалечененост од бегалскиот
камп Заатари, -
11:18 - 11:20дом на 83.000 бегалци,
-
11:20 - 11:22постои економска зона
-
11:22 - 11:25наречена развојно подрачје на кралот
Хусеин Бин Талал. -
11:26 - 11:29Владата има потрошено преку
100 милиони долари -
11:29 - 11:33поврзувајќи ја со електрична мрежа,
поврзувајќи ја со патна мрежа, -
11:33 - 11:34но ѝ недостасуваа две работи:
-
11:34 - 11:37пристап до работна сила и внатрешни
инвестиции. -
11:37 - 11:40Што ако бегалците беа во состојба
да работат таму -
11:40 - 11:42а не да се заглавени во камповите,
-
11:42 - 11:46да ги издржуваат семејствата и да
развиваат вештини преку стручни обуки -
11:46 - 11:47пред да се вратат во Сирија?
-
11:48 - 11:50Препознавме дека од тоа би имала
корист Јордан, -
11:50 - 11:53чија развојна стратегија налага
да го направи чекорот -
11:53 - 11:56од земја со просечен приход до
производствена земја. -
11:56 - 11:59Бегалците би имале корист
но тоа би придонело -
12:00 - 12:02и за повоената реконструкција
на Сирија -
12:02 - 12:05ако сфатиме дека треба да ги
оспособиме бегалците -
12:05 - 12:08како најдобар извор на евентуално
возобновување на Сирија. -
12:09 - 12:12Идејата ја објавивме во весникот
Форин Афеарс. -
12:12 - 12:14Кралот Абдула ја прифати идејата .
-
12:14 - 12:17Ја објавија на Лондонската конференција
за Сирија пред 2 недели -
12:17 - 12:20и пилот програмата ќе започне ова лето.
-
12:20 - 12:24(Аплауз)
-
12:25 - 12:28Третата идеја која сакам да ја изнесам
-
12:28 - 12:31е усогласување на приоритетите помеѓу
државите и бегалците, -
12:31 - 12:35што ќе води кон среќен завршеток како
што гледате на ова селфи -
12:35 - 12:38на Ангела Меркел и бегалец од Сирија.
-
12:38 - 12:42Ретко ги прашуваме бегалците што сакаат,
каде сакаат да одат, -
12:43 - 12:45мислам дека можеме
да го сториме тоа, -
12:45 - 12:47и да ги направиме да бидат задоволни.
-
12:48 - 12:52Економистот Алвин Рот ја развил идејата
за усогласени пазари, -
12:52 - 12:57рангирање на приоритетите на две странки
за да се одреди усогласеноста. -
12:58 - 13:01Моите колеги Вил Џонс и Алекс Тејтелбојм
-
13:01 - 13:05истажуваа начини како да се примени
идејата на бегалците, -
13:05 - 13:08да се прашаат бегалците да ги рангираат
приоритетните дестинации, -
13:09 - 13:12но и да им се дозволи на земјите да
ги рангираат бегалците кои ги сакаат -
13:12 - 13:15според критериум - вештини или јазик
-
13:15 - 13:17и да се постигне усогласеност.
-
13:17 - 13:19Така, се разбира ќе мора
да направите квоти -
13:19 - 13:22за нешта како што се разновидност
и ранливост, -
13:22 - 13:26но тоа е начин да се зголемат можностите
за усогласеност. -
13:26 - 13:28Оваа идеја успешно е применета
-
13:28 - 13:33за усогласување, на пример,
на студенти со факултети, -
13:34 - 13:36донатори на бубрези со пациенти,
-
13:36 - 13:40и тоа е во основа вид на алгоритми
кои ги има на сајтовите за запознавање. -
13:40 - 13:43Па зошто да не се примени тоа,
да имаат бегалците поголем избор? -
13:43 - 13:45Може да се примени и на меѓународно ниво,
-
13:45 - 13:47каде најголемиот предзвик за нас
-
13:47 - 13:51е да ги убедиме локалните заедници
да прифатат бегалци. -
13:51 - 13:54Во моментов, во мојата земја, на пример,
-
13:54 - 13:58најчесто праќаме инженери во рурални
места а фармери во градовите, -
13:58 - 14:00што нема никаков смисол.
-
14:00 - 14:04Соодветните пазари нудат потенцијален
начин да се спојат приоритетите -
14:04 - 14:08и да се слушнат потребите и барањата на
месното население -
14:08 - 14:10и на самите бегалци.
-
14:11 - 14:15Четвртата идеја што сакам да ви ја изнесам
е за хуманитарните визи. -
14:15 - 14:18Голем дел од трагедијата и
хаосот во Европа -
14:18 - 14:20можеше целосно да се избегне.
-
14:20 - 14:24Произлезе од основната контрадикторност
на европската политика за азил -
14:25 - 14:26која е следнава:
-
14:26 - 14:28за да побарате азил во Европа
-
14:28 - 14:33треба да дојдете спонтано со тргнување
на опасни патувања -
14:33 - 14:35кои ги опишав.
-
14:36 - 14:40Зошто се потребни такви патувања
во ера на ефтини летови -
14:40 - 14:43и современи конзуларни можности?
-
14:43 - 14:45Тие се сосема непотребни патувања,
-
14:45 - 14:49и минатата година доведоа
до смрт повеќе од 3,000 луѓе -
14:49 - 14:52на европските граници и на
територијата на Европа. -
14:53 - 14:55Ако им се дозволеше на бегалците
-
14:55 - 14:58да патуваат директно и бараат
азил во Европа, -
14:58 - 14:59ќе го избегневме тоа,
-
14:59 - 15:01и има начин како да се стори тоа
-
15:01 - 15:03преку нешто што се нарекува
хуманитарна виза, -
15:03 - 15:07што им дозволува на луѓето да
добијат виза во амбасади -
15:07 - 15:09или конзулати во соседни земји
-
15:09 - 15:11и потоа да си купат билет
-
15:11 - 15:13за траект или лет до Европа.
-
15:14 - 15:16Плаќаат по 1.000 евра
-
15:16 - 15:19на криумчари од Турција
до грчките острови. -
15:19 - 15:25Ниско буџетен лет од Бодрум до Франкфурт
чини 200 евра. -
15:25 - 15:29Ако им го дозволевме тоа на бегалците,
ќе имаше големи предности. -
15:29 - 15:30Ќе спасеше животи,
-
15:31 - 15:35ќе го разбиеше целиот пазар
на криумчарите, -
15:35 - 15:38и ќе немаше хаос каков што видовме на
граничните влезови во Европа -
15:38 - 15:40во области како грчките острови.
-
15:40 - 15:44Политиката нѐ спречува во тоа,
повеќе од рационалното решение. -
15:45 - 15:47И ова е идеја која веќе е применета.
-
15:47 - 15:50Бразил направи пионерски чекор
-
15:50 - 15:54кога им даде 2.000 хуманитарни
визи на Сиријци, -
15:54 - 15:59дозвола за влез во Бразил и статус на
бегалци веднаш потоа. -
15:59 - 16:02Во таа процедура, секој Сириец кој ја мина
-
16:02 - 16:06доби статус на бегалец и беше признаен
за вистински бегалец. -
16:06 - 16:08Постои и историски преседан за тоа.
-
16:09 - 16:12Помеѓу 1922 и 1942,
-
16:12 - 16:16овие Нансен пасоши се користеа
како патни документи -
16:16 - 16:22за да им дозволат на 450.000 Асиријци,
Турци и Чеченци -
16:22 - 16:23да патуваат низ Европа
-
16:23 - 16:26и да бараат статус на бегалци
било каде во Европа. -
16:27 - 16:29Меѓународната канцеларија за
бегалци на Нансен -
16:29 - 16:31ја добија Нобеловата награда за мир
-
16:31 - 16:34за препознавање на оваа
одржлива стратегија. -
16:35 - 16:38Сите четири идеи кои ви ги прикажав
-
16:38 - 16:42се начини како да се прошират изборите
кои ги има Амира. -
16:42 - 16:45Начини за поголеми можности за бегалците
-
16:45 - 16:49освен трите основни, невозможни 3 опции
-
16:49 - 16:50кои ви ги објаснив
-
16:50 - 16:52со цел на сите да им е подобро.
-
16:53 - 16:56На крај, навистина ни треба нова визија
-
16:56 - 16:59визија која ќе ги прошири
изборите на бегалците -
16:59 - 17:02но и ќе покаже дека тие
не мора да се товар. -
17:02 - 17:05Бегалците не мора да бидат нужен трошок.
-
17:05 - 17:08Да, тие се хуманитарна одговорност
-
17:08 - 17:12но и човечки суштества, со вештини,
таленти и стремежи, -
17:12 - 17:15со способности да придонесат,
ако им дозволиме. -
17:17 - 17:18Во новиот свет,
-
17:18 - 17:21миграциите нема да исчезнат.
-
17:21 - 17:24Она што го гледаме во Европа ќе биде
со нас уште многу години. -
17:24 - 17:25Луѓето ќе продолжат да патуваат,
-
17:25 - 17:27ќе продолжат да се раселуваат,
-
17:27 - 17:31и треба да изнајдеме рационални,
реални начини да се справиме со тоа, -
17:31 - 17:34да не се базираме на старата логика
за хуманитарна помош, -
17:34 - 17:36да не се базираме на логиката
на милосрдие, -
17:36 - 17:38туку да создадеме можности
-
17:38 - 17:41понудени од глобализацијата, пазарот
и мобилноста. -
17:41 - 17:44Ве повикувам сите да се разбудите и да ги
повикате нашите политичари -
17:44 - 17:46да се разбудат за овој предизвик.
-
17:46 - 17:48Ви благодарам.
-
17:48 - 17:57(Аплауз)
- Title:
- Нашиот систем за бегалци не функционира. Еве како можеме да го поправиме.
- Speaker:
- Александер Бетс
- Description:
-
Еден милион бегалци пристигнаа во Европа годинава- вели Александер Бетс,-и „нашиот одговор, искрено, беше беден.“ Бетс ги проучува принудните миграции, невозможните избори на семејствата, помеѓу камповите, урбаната сиромаштија и опасните, илегални патувања кон сигурноста. Преку неговиот прониклив говор тој нуди четири начини како да го промениме нашиот однос кон бегалците со цел тие да можат да придонесат во новите средини. „ Бегалците не мора да бидат нужен товар“, вели Бетс. „Тие се човечки суштества со вештини, таленти и стремежи, способни да придонесат-ако им дозволиме.“
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 18:09
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
Nade Kackarovska accepted Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
Nade Kackarovska edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
Nade Kackarovska edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Our refugee system is failing. Here's how we can fix it |