1 00:00:00,800 --> 00:00:04,256 Има мигови кога навистина се срамам 2 00:00:04,280 --> 00:00:05,520 што сум Европеец. 3 00:00:06,200 --> 00:00:08,055 Минатата година 4 00:00:08,080 --> 00:00:12,656 повеќе од 1 милион луѓе дојдоа во Европа во потрага за помош, 5 00:00:12,680 --> 00:00:15,960 и ние возративме на патетичен начин. 6 00:00:17,000 --> 00:00:19,320 Постојат многу контрадикторности. 7 00:00:20,360 --> 00:00:22,816 Жалиме за трагичната смрт 8 00:00:22,840 --> 00:00:25,000 на 2-годишниот Алан Курди 9 00:00:26,000 --> 00:00:29,856 но, оттогаш повеќе од 200 деца 10 00:00:29,880 --> 00:00:32,240 последователно се удавија во Медитеранот. 11 00:00:33,960 --> 00:00:35,416 Имаме меѓународни спогодби 12 00:00:35,440 --> 00:00:38,656 кои признаваат дека бегалците се заедничка одговорност, 13 00:00:38,680 --> 00:00:41,736 дури и прифаќаме дека една мала држава како Либан 14 00:00:41,760 --> 00:00:45,400 прифати повеќе бегалци од цела Европа заедно. 15 00:00:46,320 --> 00:00:49,720 Лелекаме заради постоењето на криумчари на луѓе 16 00:00:50,360 --> 00:00:53,776 а сепак се трудиме тоа да е единствен можен начин 17 00:00:53,800 --> 00:00:55,880 за да се бара азил во Европа. 18 00:00:56,840 --> 00:00:58,696 Имаме недостиг на работна сила, 19 00:00:58,720 --> 00:01:04,176 а ги исклучуваме луѓето кои се во склад со нашите економски и демографски потреби 20 00:01:04,200 --> 00:01:06,040 да дојдат во Европа. 21 00:01:06,130 --> 00:01:12,936 Прикажуваме либерални вредности спротивни на исламскиот фундаментализам 22 00:01:12,960 --> 00:01:14,160 а сепак- 23 00:01:15,560 --> 00:01:18,216 имаме репресивни закони 24 00:01:18,240 --> 00:01:20,760 за приведување на баратели на азил за деца, 25 00:01:21,160 --> 00:01:23,960 за одвојување на деца од нивните семејства, 26 00:01:24,800 --> 00:01:27,720 и одземање на она што го поседуваат бегалците. 27 00:01:28,960 --> 00:01:30,200 Што правиме? 28 00:01:30,640 --> 00:01:33,056 Како дојдовме до оваа состојба, 29 00:01:33,080 --> 00:01:37,880 да реагираме толку нечовечки кон една хуманитарна криза? 30 00:01:38,160 --> 00:01:41,696 Не верувам дека ова се случува зашто на луѓето не им е гајле, 31 00:01:41,720 --> 00:01:44,896 или не сакам да верувам дека ова е заради негрижата на луѓето. 32 00:01:44,920 --> 00:01:48,626 Верувам дека тоа е поради недостаток на визија кај политичарите, 33 00:01:48,626 --> 00:01:52,376 визија како да се прилагоди меѓународната програма за бегалци 34 00:01:52,400 --> 00:01:54,536 донесена пред 50 години 35 00:01:54,560 --> 00:01:57,360 за еден променлив и глобализиран свет. 36 00:01:57,800 --> 00:02:00,336 Сакам да се вратам еден чекор назад 37 00:02:00,360 --> 00:02:03,776 и да поставам две суштествени прашања, 38 00:02:03,800 --> 00:02:06,256 две прашања кои сите ние треба да ги поставиме. 39 00:02:06,280 --> 00:02:09,576 Прво, зошто сегашниот систем не функционира? 40 00:02:09,600 --> 00:02:13,000 Второ, што може да направиме за да го поправиме? 41 00:02:14,760 --> 00:02:16,816 Современиот режим за бегалци 42 00:02:16,840 --> 00:02:21,140 го создадоа после Втората светска војна овие луѓе. 43 00:02:21,310 --> 00:02:25,136 Основната цел е да се осигура дека, 44 00:02:25,160 --> 00:02:29,376 кога државата се распаѓа или полошо, се свртува кон сопствениот народ 45 00:02:29,400 --> 00:02:30,976 луѓето мора некаде да заминат, 46 00:02:31,000 --> 00:02:34,656 да живеат безбедно и достоинствено додека не се вратат дома. 47 00:02:34,680 --> 00:02:39,960 Беше создаден точно за ситуации каква што гледаме во Сирија денес. 48 00:02:40,680 --> 00:02:45,536 Со меѓународна конвенција потпишана од 147 влади, 49 00:02:45,560 --> 00:02:48,576 Конвенцијата од 1951 за статусот на бегалците 50 00:02:48,600 --> 00:02:51,776 и меѓународната организација, УНХЦР, 51 00:02:51,800 --> 00:02:56,576 државите се обврзале реципрочно да прифаќаат на свои територии 52 00:02:56,600 --> 00:02:59,120 луѓе кои бегаат од војни и прогони. 53 00:02:59,680 --> 00:03:02,280 Но денес тој систем се распаѓа. 54 00:03:02,920 --> 00:03:06,360 Теоретски, бегалците имаат право да бараат азил. 55 00:03:06,480 --> 00:03:11,080 Во пракса, нашите закони за имиграција го попречуваат патот кон сигурноста. 56 00:03:11,280 --> 00:03:15,616 Теоретски, бегалците имаат право на пат кон интеграција, 57 00:03:15,640 --> 00:03:17,680 или да се вратат во својата земја. 58 00:03:17,880 --> 00:03:21,600 Но во пракса, тие се заглавени во ќорсокак. 59 00:03:22,240 --> 00:03:25,320 Теоретски, бегалците се заедничка, глобална одговорност. 60 00:03:25,680 --> 00:03:30,526 Во пракса, земјите кои се најблиску до военото жариште 61 00:03:30,530 --> 00:03:34,000 го прифаќаат најголемиот број на бегалци во светот. 62 00:03:34,720 --> 00:03:37,456 Системот не се распаѓа бидејќи правилата се погрешни, 63 00:03:37,480 --> 00:03:41,400 туку не ги применуваме соодветно на светот кој се менува, 64 00:03:41,840 --> 00:03:43,840 тоа е она за што треба да го преиспитаме. 65 00:03:44,440 --> 00:03:48,936 Сакам да ви објаснам како функционира современиот систем. 66 00:03:48,960 --> 00:03:51,120 Како функционира режимот на бегалци? 67 00:03:51,560 --> 00:03:54,336 Но не од перспектива нa институциите од врвот надолу 68 00:03:54,360 --> 00:03:57,680 туку од перспектива на еден бегалец. 69 00:03:58,240 --> 00:04:00,696 Замислете една жена од Сирија. 70 00:04:00,720 --> 00:04:02,320 Да ја наречеме Амира. 71 00:04:02,880 --> 00:04:06,760 Амира за мене ги претставува многумината кои ги сретнав во регионот. 72 00:04:07,560 --> 00:04:10,896 Амира, како и останатите 25% од бегалците во светот, 73 00:04:10,920 --> 00:04:12,200 е жена со деца 74 00:04:12,840 --> 00:04:16,096 и таа не може да се врати дома во градот 75 00:04:16,120 --> 00:04:18,136 кој го гледате пред вас, Хомс, 76 00:04:18,160 --> 00:04:20,896 некогаш убав и историски град 77 00:04:20,920 --> 00:04:22,416 сега под урнатини. 78 00:04:22,440 --> 00:04:24,280 Амира не може да се врати назад. 79 00:04:25,120 --> 00:04:29,336 Но Амира исто така нема надеж дека ќе се вдоми во трета држава 80 00:04:29,360 --> 00:04:30,856 бидејќи тоа е лотариски билет, 81 00:04:30,880 --> 00:04:34,320 достапен само за помалку од 1% од светските бегалци. 82 00:04:34,880 --> 00:04:37,136 Амира и нејзиното семејство 83 00:04:37,160 --> 00:04:39,336 се соочуваат со речиси невозможен избор. 84 00:04:39,360 --> 00:04:41,760 Имаат три основни опции. 85 00:04:42,560 --> 00:04:47,520 Првата опција е Амира да оди со семејството во камп. 86 00:04:48,520 --> 00:04:50,680 Во кампот може да добие помош, 87 00:04:51,160 --> 00:04:54,856 но мали се изгледите за Амира и нејзиното семејство. 88 00:04:54,880 --> 00:04:58,136 Камповите се на пусти и сушни места, 89 00:04:58,160 --> 00:04:59,400 најчесто во пустина. 90 00:05:00,040 --> 00:05:02,736 Во бегалскиот камп Заатари во Јордан, 91 00:05:02,760 --> 00:05:07,160 можат да се чујат бомбардирањата преку граница во Сирија. 92 00:05:08,600 --> 00:05:11,176 Економската активност е ограничена. 93 00:05:11,200 --> 00:05:13,360 Образованието е неквалитетно. 94 00:05:13,960 --> 00:05:15,296 Низ целиот свет, 95 00:05:15,320 --> 00:05:18,416 околу 80% од бегалците кои се во кампови 96 00:05:18,440 --> 00:05:20,976 мора да останат таму барем 5 години. 97 00:05:21,000 --> 00:05:22,896 Тоа е бедна егзистенција, 98 00:05:22,920 --> 00:05:25,296 и веројатно поради овие причини 99 00:05:25,320 --> 00:05:27,920 само 9% од Сиријците ја бираат оваа можност. 100 00:05:29,000 --> 00:05:32,976 Алтернативно, Амира може да оди и во урбан дел 101 00:05:33,000 --> 00:05:36,040 во некоја соседна земја, како Аман или Бејрут. 102 00:05:37,000 --> 00:05:41,040 Оваа можност ја прифатиле 75% од Сириските бегалци. 103 00:05:42,200 --> 00:05:44,920 Но и таму има многу потешкотии. 104 00:05:45,720 --> 00:05:50,016 Бегалците во тие урбани средини обично немаат право да работат. 105 00:05:50,040 --> 00:05:53,000 Обично немаат пристап до одредена помош. 106 00:05:53,440 --> 00:05:57,136 Кога Амира и нејзините ќе ја потрошат нивната заштеда, 107 00:05:57,160 --> 00:06:00,840 им останува многу малку и веројатно би се соочиле со урбаната беда. 108 00:06:02,280 --> 00:06:04,120 Постои и трета алтернатива, 109 00:06:04,920 --> 00:06:08,640 која сè поголем број на Сиријци ја избираат. 110 00:06:09,840 --> 00:06:14,016 Амира може да бара надеж за нејзиното семејство 111 00:06:14,040 --> 00:06:17,776 ризикувајќи ги нивните животи на опасно и несигурно патување 112 00:06:17,800 --> 00:06:19,296 во друга земја, 113 00:06:19,320 --> 00:06:22,840 и тоа е она што денес го гледаме во Европа. 114 00:06:23,440 --> 00:06:28,696 На бегалците ширум светот им даваме речиси невозможен избор 115 00:06:28,720 --> 00:06:30,536 помеѓу овие три опции: 116 00:06:30,560 --> 00:06:34,760 живот во камп, урбана беда и опасни патувања. 117 00:06:35,520 --> 00:06:39,840 За бегалците, тој избор е глобалниот бегалски режим денес. 118 00:06:40,600 --> 00:06:42,240 Јас мислам дека e погрешен избор. 119 00:06:42,760 --> 00:06:45,050 Мислам дека треба да го преиспитаме тој избор. 120 00:06:45,440 --> 00:06:48,800 Причината зошто ги ограничуваме изборите 121 00:06:50,040 --> 00:06:52,520 е затоа што сметаме 122 00:06:53,080 --> 00:06:57,456 дека тие се единствените опции за бегалците, 123 00:06:57,480 --> 00:06:58,680 а не се. 124 00:06:59,120 --> 00:07:02,616 Политичарите го врамуваат проблемот како нулта проблем, 125 00:07:02,640 --> 00:07:06,576 ако им помогнеме на бегалците, ги зголемуваме трошоците на граѓаните. 126 00:07:06,600 --> 00:07:08,656 Настојуваме кон колективна претпоставка 127 00:07:08,680 --> 00:07:12,336 дека бегалците се неизбежен трошок или товар за општеството. 128 00:07:12,360 --> 00:07:14,440 Не мора да е така. Можат и да придонесат. 129 00:07:14,880 --> 00:07:16,296 Сакам да предочам 130 00:07:16,320 --> 00:07:19,296 дека има начини да ги прошириме дадените избори 131 00:07:19,320 --> 00:07:21,336 и секој да има придобивки, 132 00:07:21,360 --> 00:07:23,216 државите-домаќини и заедниците, 133 00:07:23,240 --> 00:07:26,560 нашите општества и самите бегалци. 134 00:07:27,080 --> 00:07:29,056 Сакам да предложам четири решенија 135 00:07:29,080 --> 00:07:32,920 како да го промениме образецот според кој размислуваме за бегалците. 136 00:07:33,520 --> 00:07:35,960 Сите четири решенија имаат едно нешто заедничко: 137 00:07:36,440 --> 00:07:40,216 начинот на кој ги прифаќаме можностите на глобализацијата, 138 00:07:40,240 --> 00:07:42,296 мобилноста и пазарот, 139 00:07:42,320 --> 00:07:45,560 и начинот на кој размислуваме за проблемот со бегалците. 140 00:07:46,280 --> 00:07:47,976 Најпрво помислувам 141 00:07:48,000 --> 00:07:50,000 како да се оспособат средините, 142 00:07:50,720 --> 00:07:53,576 на почеток, со основното признавање 143 00:07:53,600 --> 00:07:56,296 дека бегалците се човечки суштества како сите ние, 144 00:07:56,320 --> 00:07:58,720 само се наоѓаат во посебни околности. 145 00:07:59,280 --> 00:08:01,256 Заедно со моите колеги од Оксфорд, 146 00:08:01,280 --> 00:08:03,936 започнавме истражувачки проект во Уганда 147 00:08:03,960 --> 00:08:07,000 набљудувајќи го економскиот живот на бегалците. 148 00:08:07,840 --> 00:08:11,896 Не ја одбравме Уганда не затоа што таа ги претставува земјите-домаќини. 149 00:08:11,920 --> 00:08:13,400 Не е тоа. Таа е исклучителна. 150 00:08:13,960 --> 00:08:16,336 За разлика од другите земји-домаќини во светот, 151 00:08:16,360 --> 00:08:17,816 она што Уганда го направи е 152 00:08:17,840 --> 00:08:20,216 што им даде економска можност на бегалците. 153 00:08:20,240 --> 00:08:23,600 Им го даде правото да работат, им даде слобода на движење. 154 00:08:24,200 --> 00:08:27,096 И резултатите се извонредни 155 00:08:27,120 --> 00:08:29,720 и за бегалците и за заедниците-домаќини. 156 00:08:30,480 --> 00:08:32,456 Во главниот град Кампала откривме 157 00:08:32,480 --> 00:08:37,895 дека 21% од бегалците имаат бизниси со кои вработуваат други луѓе, 158 00:08:37,919 --> 00:08:40,376 и 40% од тие вработени 159 00:08:40,400 --> 00:08:42,376 се припадници на земјата-домаќин. 160 00:08:42,400 --> 00:08:44,576 Со други зборови, бегалците создаваат работа 161 00:08:44,600 --> 00:08:47,240 за граѓаните на земјите-домаќини. 162 00:08:47,920 --> 00:08:51,256 Дури и во камповите, видовме исклучителни примери 163 00:08:51,280 --> 00:08:54,840 на динамични, успешни и претприемачки бизниси. 164 00:08:55,800 --> 00:08:59,136 На пример, во населбата Накивале, 165 00:08:59,160 --> 00:09:02,136 откривме примери на бегалци од Конго 166 00:09:02,160 --> 00:09:04,696 кои водеа бизнис за размена на дигитална музика. 167 00:09:04,720 --> 00:09:08,496 Откривме човек од Руанда со бизнис 168 00:09:08,520 --> 00:09:11,256 кој им овозможува на младите да играат видео игри 169 00:09:11,280 --> 00:09:15,040 на рециклирани конзоли и рециклирани телевизори. 170 00:09:16,440 --> 00:09:19,256 И покрај условите на екстремно ограничување 171 00:09:19,280 --> 00:09:20,600 бегалците се иновативни, 172 00:09:21,320 --> 00:09:24,749 човекот што го гледате на сликата е Демоу-Кај од Конго. 173 00:09:25,200 --> 00:09:28,856 Демоу-Кај дојде во населбата со речиси празни раце, 174 00:09:28,880 --> 00:09:31,176 но сакал да снима филмови. 175 00:09:31,200 --> 00:09:35,136 Основа радио станица со пријатели и колеги, 176 00:09:35,160 --> 00:09:36,896 позајми видео камера, 177 00:09:36,920 --> 00:09:38,416 и сега снима филмови. 178 00:09:38,440 --> 00:09:40,416 Има направено два документарни филмови 179 00:09:40,440 --> 00:09:42,416 со и за нашиот тим, 180 00:09:42,440 --> 00:09:45,760 и прави успешен бизнис од речиси ништо. 181 00:09:46,640 --> 00:09:48,616 Овие се примерите 182 00:09:48,640 --> 00:09:51,376 кои треба да нѐ водат кога реагираме на бегалците. 183 00:09:51,400 --> 00:09:52,736 Наместо да ги гледаме 184 00:09:52,760 --> 00:09:56,016 како неизбежно зависни од хуманитарна помош, 185 00:09:56,040 --> 00:09:59,440 треба да им дадеме можности за човечки просперитет. 186 00:10:00,200 --> 00:10:04,426 Да, облека, ќебиња, засолништа, храна 187 00:10:04,438 --> 00:10:07,216 се важни во фазата на итна помош, 188 00:10:07,240 --> 00:10:09,840 но треба да погледнеме подалеку од тоа. 189 00:10:10,200 --> 00:10:14,536 Треба да им пружиме можности за поврзување, струја, 190 00:10:14,560 --> 00:10:16,840 образование, право на работа, 191 00:10:17,400 --> 00:10:19,120 пристап до капитал и банкарство. 192 00:10:19,560 --> 00:10:21,696 Сѐ што ние земаме здраво за готово 193 00:10:21,720 --> 00:10:23,856 што нѐ поврзува со глобалната економија 194 00:10:23,880 --> 00:10:26,440 може и треба да им следува и на бегалците. 195 00:10:27,280 --> 00:10:30,760 Второто решение за кое сакам да зборувам се економските зони 196 00:10:31,320 --> 00:10:34,056 За жал, сите земји-домаќини во Европа 197 00:10:34,080 --> 00:10:36,120 не ги превземаат чекорите на Уганда. 198 00:10:36,480 --> 00:10:39,816 Повеќето земји-домаќини не ја отвораат нивната еконмија за бегалците 199 00:10:39,840 --> 00:10:41,040 на истиот начин. 200 00:10:41,360 --> 00:10:45,960 Но сепак има прагматични, алтернативни можности кои можеме да ги искоритиме. 201 00:10:47,160 --> 00:10:49,696 Минатиот Април бев во Јордан со мојот колега 202 00:10:49,720 --> 00:10:51,680 Пол Колер, економист за развој, 203 00:10:52,400 --> 00:10:55,256 и заеднички дојдовме до идеја 204 00:10:55,280 --> 00:10:57,736 со меѓународната заедница и владата, 205 00:10:57,760 --> 00:11:00,096 идеја да им понудиме работа на Сиријците 206 00:11:00,120 --> 00:11:03,736 и истовремено да ја поддржиме развојната стратегија на Јордан. 207 00:11:03,760 --> 00:11:06,560 Идејата беше за економска зона 208 00:11:07,080 --> 00:11:10,616 во коај би интегрирале вработување за бегалците 209 00:11:10,640 --> 00:11:14,120 заедно со вработување на домаќини, Јорданци. 210 00:11:14,840 --> 00:11:18,256 Нa 15 мин оддалечененост од бегалскиот камп Заатари, 211 00:11:18,280 --> 00:11:20,416 дом на 83.000 бегалци, 212 00:11:20,440 --> 00:11:22,456 постои економска зона 213 00:11:22,480 --> 00:11:25,200 наречена развојно подрачје на кралот Хусеин Бин Талал. 214 00:11:25,920 --> 00:11:28,696 Владата има потрошено преку 100 милиони долари 215 00:11:28,720 --> 00:11:32,536 поврзувајќи ја со електрична мрежа, поврзувајќи ја со патна мрежа, 216 00:11:32,560 --> 00:11:34,176 но ѝ недостасуваа две работи: 217 00:11:34,200 --> 00:11:36,936 пристап до работна сила и внатрешни инвестиции. 218 00:11:36,960 --> 00:11:39,856 Што ако бегалците беа во состојба да работат таму 219 00:11:39,880 --> 00:11:41,696 а не да се заглавени во камповите, 220 00:11:41,720 --> 00:11:45,736 да ги издржуваат семејствата и да развиваат вештини преку стручни обуки 221 00:11:45,760 --> 00:11:47,200 пред да се вратат во Сирија? 222 00:11:47,840 --> 00:11:50,136 Препознавме дека од тоа би имала корист Јордан, 223 00:11:50,160 --> 00:11:52,936 чија развојна стратегија налага да го направи чекорот 224 00:11:52,960 --> 00:11:55,776 од земја со просечен приход до производствена земја. 225 00:11:55,800 --> 00:11:59,496 Бегалците би имале корист но тоа би придонело 226 00:11:59,520 --> 00:12:01,896 и за повоената реконструкција на Сирија 227 00:12:01,920 --> 00:12:04,696 ако сфатиме дека треба да ги оспособиме бегалците 228 00:12:04,720 --> 00:12:08,280 како најдобар извор на евентуално возобновување на Сирија. 229 00:12:08,760 --> 00:12:11,816 Идејата ја објавивме во весникот Форин Афеарс. 230 00:12:11,840 --> 00:12:14,056 Кралот Абдула ја прифати идејата . 231 00:12:14,080 --> 00:12:17,056 Ја објавија на Лондонската конференција за Сирија пред 2 недели 232 00:12:17,080 --> 00:12:19,680 и пилот програмата ќе започне ова лето. 233 00:12:20,120 --> 00:12:23,720 (Аплауз) 234 00:12:25,120 --> 00:12:27,816 Третата идеја која сакам да ја изнесам 235 00:12:27,840 --> 00:12:31,456 е усогласување на приоритетите помеѓу државите и бегалците, 236 00:12:31,480 --> 00:12:34,616 што ќе води кон среќен завршеток како што гледате на ова селфи 237 00:12:34,640 --> 00:12:37,520 на Ангела Меркел и бегалец од Сирија. 238 00:12:38,440 --> 00:12:42,440 Ретко ги прашуваме бегалците што сакаат, каде сакаат да одат, 239 00:12:42,960 --> 00:12:44,816 мислам дека можеме да го сториме тоа, 240 00:12:44,840 --> 00:12:46,920 и да ги направиме да бидат задоволни. 241 00:12:47,640 --> 00:12:51,776 Економистот Алвин Рот ја развил идејата за усогласени пазари, 242 00:12:51,800 --> 00:12:57,040 рангирање на приоритетите на две странки за да се одреди усогласеноста. 243 00:12:57,720 --> 00:13:00,776 Моите колеги Вил Џонс и Алекс Тејтелбојм 244 00:13:00,800 --> 00:13:04,936 истажуваа начини како да се примени идејата на бегалците, 245 00:13:04,960 --> 00:13:08,496 да се прашаат бегалците да ги рангираат приоритетните дестинации, 246 00:13:08,520 --> 00:13:12,296 но и да им се дозволи на земјите да ги рангираат бегалците кои ги сакаат 247 00:13:12,320 --> 00:13:15,136 според критериум - вештини или јазик 248 00:13:15,160 --> 00:13:16,856 и да се постигне усогласеност. 249 00:13:16,880 --> 00:13:18,976 Така, се разбира ќе мора да направите квоти 250 00:13:19,000 --> 00:13:22,256 за нешта како што се разновидност и ранливост, 251 00:13:22,280 --> 00:13:25,816 но тоа е начин да се зголемат можностите за усогласеност. 252 00:13:25,840 --> 00:13:28,336 Оваа идеја успешно е применета 253 00:13:28,360 --> 00:13:33,496 за усогласување, на пример, на студенти со факултети, 254 00:13:33,520 --> 00:13:36,016 донатори на бубрези со пациенти, 255 00:13:36,040 --> 00:13:40,176 и тоа е во основа вид на алгоритми кои ги има на сајтовите за запознавање. 256 00:13:40,200 --> 00:13:43,296 Па зошто да не се примени тоа, да имаат бегалците поголем избор? 257 00:13:43,320 --> 00:13:45,368 Може да се примени и на меѓународно ниво, 258 00:13:45,392 --> 00:13:47,376 каде најголемиот предзвик за нас 259 00:13:47,400 --> 00:13:51,136 е да ги убедиме локалните заедници да прифатат бегалци. 260 00:13:51,160 --> 00:13:53,616 Во моментов, во мојата земја, на пример, 261 00:13:53,640 --> 00:13:57,816 најчесто праќаме инженери во рурални места а фармери во градовите, 262 00:13:57,840 --> 00:13:59,696 што нема никаков смисол. 263 00:13:59,720 --> 00:14:04,296 Соодветните пазари нудат потенцијален начин да се спојат приоритетите 264 00:14:04,320 --> 00:14:08,256 и да се слушнат потребите и барањата на месното население 265 00:14:08,280 --> 00:14:10,120 и на самите бегалци. 266 00:14:10,840 --> 00:14:14,560 Четвртата идеја што сакам да ви ја изнесам е за хуманитарните визи. 267 00:14:15,240 --> 00:14:17,936 Голем дел од трагедијата и хаосот во Европа 268 00:14:17,960 --> 00:14:19,960 можеше целосно да се избегне. 269 00:14:20,400 --> 00:14:24,496 Произлезе од основната контрадикторност на европската политика за азил 270 00:14:24,520 --> 00:14:25,896 која е следнава: 271 00:14:25,920 --> 00:14:28,416 за да побарате азил во Европа 272 00:14:28,440 --> 00:14:33,456 треба да дојдете спонтано со тргнување на опасни патувања 273 00:14:33,480 --> 00:14:34,680 кои ги опишав. 274 00:14:35,520 --> 00:14:40,256 Зошто се потребни такви патувања во ера на ефтини летови 275 00:14:40,280 --> 00:14:42,696 и современи конзуларни можности? 276 00:14:42,720 --> 00:14:45,056 Тие се сосема непотребни патувања, 277 00:14:45,080 --> 00:14:48,856 и минатата година доведоа до смрт повеќе од 3,000 луѓе 278 00:14:48,880 --> 00:14:52,360 на европските граници и на територијата на Европа. 279 00:14:53,360 --> 00:14:54,976 Ако им се дозволеше на бегалците 280 00:14:55,000 --> 00:14:57,776 да патуваат директно и бараат азил во Европа, 281 00:14:57,800 --> 00:14:59,096 ќе го избегневме тоа, 282 00:14:59,120 --> 00:15:00,656 и има начин како да се стори тоа 283 00:15:00,680 --> 00:15:02,976 преку нешто што се нарекува хуманитарна виза, 284 00:15:03,000 --> 00:15:06,536 што им дозволува на луѓето да добијат виза во амбасади 285 00:15:06,560 --> 00:15:08,696 или конзулати во соседни земји 286 00:15:08,720 --> 00:15:10,616 и потоа да си купат билет 287 00:15:10,640 --> 00:15:13,200 за траект или лет до Европа. 288 00:15:14,000 --> 00:15:15,976 Плаќаат по 1.000 евра 289 00:15:16,000 --> 00:15:19,416 на криумчари од Турција до грчките острови. 290 00:15:19,440 --> 00:15:24,896 Ниско буџетен лет од Бодрум до Франкфурт чини 200 евра. 291 00:15:24,920 --> 00:15:28,696 Ако им го дозволевме тоа на бегалците, ќе имаше големи предности. 292 00:15:28,720 --> 00:15:30,000 Ќе спасеше животи, 293 00:15:30,760 --> 00:15:34,696 ќе го разбиеше целиот пазар на криумчарите, 294 00:15:34,720 --> 00:15:38,056 и ќе немаше хаос каков што видовме на граничните влезови во Европа 295 00:15:38,080 --> 00:15:40,136 во области како грчките острови. 296 00:15:40,160 --> 00:15:44,400 Политиката нѐ спречува во тоа, повеќе од рационалното решение. 297 00:15:44,880 --> 00:15:47,216 И ова е идеја која веќе е применета. 298 00:15:47,240 --> 00:15:49,896 Бразил направи пионерски чекор 299 00:15:49,920 --> 00:15:54,216 кога им даде 2.000 хуманитарни визи на Сиријци, 300 00:15:54,240 --> 00:15:58,616 дозвола за влез во Бразил и статус на бегалци веднаш потоа. 301 00:15:58,640 --> 00:16:01,536 Во таа процедура, секој Сириец кој ја мина 302 00:16:01,560 --> 00:16:05,520 доби статус на бегалец и беше признаен за вистински бегалец. 303 00:16:06,160 --> 00:16:08,400 Постои и историски преседан за тоа. 304 00:16:08,920 --> 00:16:12,256 Помеѓу 1922 и 1942, 305 00:16:12,280 --> 00:16:16,056 овие Нансен пасоши се користеа како патни документи 306 00:16:16,080 --> 00:16:21,616 за да им дозволат на 450.000 Асиријци, Турци и Чеченци 307 00:16:21,640 --> 00:16:23,136 да патуваат низ Европа 308 00:16:23,160 --> 00:16:25,920 и да бараат статус на бегалци било каде во Европа. 309 00:16:26,520 --> 00:16:29,256 Меѓународната канцеларија за бегалци на Нансен 310 00:16:29,280 --> 00:16:31,136 ја добија Нобеловата награда за мир 311 00:16:31,160 --> 00:16:34,120 за препознавање на оваа одржлива стратегија. 312 00:16:35,000 --> 00:16:38,216 Сите четири идеи кои ви ги прикажав 313 00:16:38,240 --> 00:16:41,560 се начини како да се прошират изборите кои ги има Амира. 314 00:16:41,920 --> 00:16:45,176 Начини за поголеми можности за бегалците 315 00:16:45,200 --> 00:16:49,016 освен трите основни, невозможни 3 опции 316 00:16:49,040 --> 00:16:50,256 кои ви ги објаснив 317 00:16:50,280 --> 00:16:52,360 со цел на сите да им е подобро. 318 00:16:52,960 --> 00:16:56,336 На крај, навистина ни треба нова визија 319 00:16:56,360 --> 00:16:59,136 визија која ќе ги прошири изборите на бегалците 320 00:16:59,160 --> 00:17:01,696 но и ќе покаже дека тие не мора да се товар. 321 00:17:01,720 --> 00:17:05,175 Бегалците не мора да бидат нужен трошок. 322 00:17:05,200 --> 00:17:08,455 Да, тие се хуманитарна одговорност 323 00:17:08,480 --> 00:17:12,096 но и човечки суштества, со вештини, таленти и стремежи, 324 00:17:12,119 --> 00:17:14,800 со способности да придонесат, ако им дозволиме. 325 00:17:16,520 --> 00:17:17,760 Во новиот свет, 326 00:17:18,319 --> 00:17:20,576 миграциите нема да исчезнат. 327 00:17:20,599 --> 00:17:23,576 Она што го гледаме во Европа ќе биде со нас уште многу години. 328 00:17:23,599 --> 00:17:25,415 Луѓето ќе продолжат да патуваат, 329 00:17:25,440 --> 00:17:27,296 ќе продолжат да се раселуваат, 330 00:17:27,319 --> 00:17:30,816 и треба да изнајдеме рационални, реални начини да се справиме со тоа, 331 00:17:30,840 --> 00:17:33,856 да не се базираме на старата логика за хуманитарна помош, 332 00:17:33,880 --> 00:17:35,976 да не се базираме на логиката на милосрдие, 333 00:17:36,000 --> 00:17:37,616 туку да создадеме можности 334 00:17:37,640 --> 00:17:41,016 понудени од глобализацијата, пазарот и мобилноста. 335 00:17:41,040 --> 00:17:44,456 Ве повикувам сите да се разбудите и да ги повикате нашите политичари 336 00:17:44,480 --> 00:17:46,336 да се разбудат за овој предизвик. 337 00:17:46,360 --> 00:17:47,616 Ви благодарам. 338 00:17:47,640 --> 00:17:56,524 (Аплауз)