Има мигови кога навистина се срамам
што сум Европеец.
Минатата година
повеќе од 1 милион луѓе дојдоа во Европа
во потрага за помош,
и ние возративме на патетичен начин.
Постојат многу контрадикторности.
Жалиме за трагичната смрт
на 2-годишниот Алан Курди
но, оттогаш повеќе од 200 деца
последователно се удавија во Медитеранот.
Имаме меѓународни спогодби
кои признаваат дека бегалците се
заедничка одговорност,
дури и прифаќаме дека една
мала држава како Либан
прифати повеќе бегалци од
цела Европа заедно.
Лелекаме заради постоењето
на криумчари на луѓе
а сепак се трудиме тоа да е единствен
можен начин
за да се бара азил во Европа.
Имаме недостиг на работна сила,
а ги исклучуваме луѓето кои се во склад
со нашите економски и демографски потреби
да дојдат во Европа.
Прикажуваме либерални вредности спротивни
на исламскиот фундаментализам
а сепак-
имаме репресивни закони
за приведување на баратели
на азил за деца,
за одвојување на деца од нивните
семејства,
и одземање на она што го поседуваат
бегалците.
Што правиме?
Како дојдовме до оваа состојба,
да реагираме толку нечовечки кон една
хуманитарна криза?
Не верувам дека ова се случува
зашто на луѓето не им е гајле,
или не сакам да верувам дека ова е заради
негрижата на луѓето.
Верувам дека тоа е поради недостаток на
визија кај политичарите,
визија како да се прилагоди меѓународната
програма за бегалци
донесена пред 50 години
за еден променлив и глобализиран свет.
Сакам да се вратам еден чекор назад
и да поставам две суштествени прашања,
две прашања кои сите ние
треба да ги поставиме.
Прво, зошто сегашниот систем
не функционира?
Второ, што може да направиме
за да го поправиме?
Современиот режим за бегалци
го создадоа после Втората светска војна
овие луѓе.
Основната цел е да се осигура дека,
кога државата се распаѓа или полошо,
се свртува кон сопствениот народ
луѓето мора некаде да заминат,
да живеат безбедно и достоинствено додека
не се вратат дома.
Беше создаден точно за ситуации каква
што гледаме во Сирија денес.
Со меѓународна конвенција потпишана
од 147 влади,
Конвенцијата од 1951 за статусот
на бегалците
и меѓународната организација, УНХЦР,
државите се обврзале реципрочно да
прифаќаат на свои територии
луѓе кои бегаат од војни и прогони.
Но денес тој систем се распаѓа.
Теоретски, бегалците имаат право
да бараат азил.
Во пракса, нашите закони за имиграција го
попречуваат патот кон сигурноста.
Теоретски, бегалците имаат право на
пат кон интеграција,
или да се вратат во својата земја.
Но во пракса, тие се заглавени
во ќорсокак.
Теоретски, бегалците се заедничка,
глобална одговорност.
Во пракса, земјите кои се најблиску
до военото жариште
го прифаќаат најголемиот број
на бегалци во светот.
Системот не се распаѓа бидејќи правилата
се погрешни,
туку не ги применуваме соодветно на
светот кој се менува,
тоа е она за што треба да го преиспитаме.
Сакам да ви објаснам како функционира
современиот систем.
Како функционира режимот на бегалци?
Но не од перспектива нa институциите
од врвот надолу
туку од перспектива на еден бегалец.
Замислете една жена од Сирија.
Да ја наречеме Амира.
Амира за мене ги претставува многумината
кои ги сретнав во регионот.
Амира, како и останатите 25% од бегалците
во светот,
е жена со деца
и таа не може да се врати дома во градот
кој го гледате пред вас, Хомс,
некогаш убав и историски град
сега под урнатини.
Амира не може да се врати назад.
Но Амира исто така нема надеж дека
ќе се вдоми во трета држава
бидејќи тоа е лотариски билет,
достапен само за помалку од 1% од
светските бегалци.
Амира и нејзиното семејство
се соочуваат со речиси невозможен избор.
Имаат три основни опции.
Првата опција е Амира да оди со
семејството во камп.
Во кампот може да добие помош,
но мали се изгледите за Амира и нејзиното
семејство.
Камповите се на пусти и сушни места,
најчесто во пустина.
Во бегалскиот камп Заатари во Јордан,
можат да се чујат бомбардирањата
преку граница во Сирија.
Економската активност е ограничена.
Образованието е неквалитетно.
Низ целиот свет,
околу 80% од бегалците кои се во кампови
мора да останат таму барем 5 години.
Тоа е бедна егзистенција,
и веројатно поради овие причини
само 9% од Сиријците ја бираат
оваа можност.
Алтернативно, Амира може да оди
и во урбан дел
во некоја соседна земја,
како Аман или Бејрут.
Оваа можност ја прифатиле 75%
од Сириските бегалци.
Но и таму има многу потешкотии.
Бегалците во тие урбани средини обично
немаат право да работат.
Обично немаат пристап до одредена помош.
Кога Амира и нејзините ќе ја потрошат
нивната заштеда,
им останува многу малку и веројатно
би се соочиле со урбаната беда.
Постои и трета алтернатива,
која сè поголем број на Сиријци ја избираат.
Амира може да бара надеж за
нејзиното семејство
ризикувајќи ги нивните животи на опасно
и несигурно патување
во друга земја,
и тоа е она што денес го
гледаме во Европа.
На бегалците ширум светот им даваме речиси
невозможен избор
помеѓу овие три опции:
живот во камп, урбана беда
и опасни патувања.
За бегалците, тој избор е глобалниот
бегалски режим денес.
Јас мислам дека e погрешен избор.
Мислам дека треба да го преиспитаме
тој избор.
Причината зошто ги ограничуваме изборите
е затоа што сметаме
дека тие се единствените опции
за бегалците,
а не се.
Политичарите го врамуваат проблемот како
нулта проблем,
ако им помогнеме на бегалците,
ги зголемуваме трошоците на граѓаните.
Настојуваме кон колективна претпоставка
дека бегалците се неизбежен трошок
или товар за општеството.
Не мора да е така. Можат и да придонесат.
Сакам да предочам
дека има начини да ги прошириме
дадените избори
и секој да има придобивки,
државите-домаќини и заедниците,
нашите општества и самите бегалци.
Сакам да предложам четири решенија
како да го промениме образецот според кој
размислуваме за бегалците.
Сите четири решенија имаат
едно нешто заедничко:
начинот на кој ги прифаќаме можностите
на глобализацијата,
мобилноста и пазарот,
и начинот на кој размислуваме за проблемот
со бегалците.
Најпрво помислувам
како да се оспособат средините,
на почеток, со основното признавање
дека бегалците се човечки суштества
како сите ние,
само се наоѓаат во посебни околности.
Заедно со моите колеги од Оксфорд,
започнавме истражувачки проект во Уганда
набљудувајќи го економскиот живот
на бегалците.
Не ја одбравме Уганда не затоа што таа ги
претставува земјите-домаќини.
Не е тоа. Таа е исклучителна.
За разлика од другите земји-домаќини
во светот,
она што Уганда го направи е
што им даде економска
можност на бегалците.
Им го даде правото да работат, им даде
слобода на движење.
И резултатите се извонредни
и за бегалците и за заедниците-домаќини.
Во главниот град Кампала откривме
дека 21% од бегалците имаат бизниси
со кои вработуваат други луѓе,
и 40% од тие вработени
се припадници на земјата-домаќин.
Со други зборови, бегалците
создаваат работа
за граѓаните на земјите-домаќини.
Дури и во камповите, видовме исклучителни
примери
на динамични, успешни и
претприемачки бизниси.
На пример, во населбата Накивале,
откривме примери на бегалци од Конго
кои водеа бизнис за размена
на дигитална музика.
Откривме човек од Руанда со бизнис
кој им овозможува на младите
да играат видео игри
на рециклирани конзоли и
рециклирани телевизори.
И покрај условите на екстремно
ограничување
бегалците се иновативни,
човекот што го гледате на сликата
е Демоу-Кај од Конго.
Демоу-Кај дојде во населбата
со речиси празни раце,
но сакал да снима филмови.
Основа радио станица со пријатели
и колеги,
позајми видео камера,
и сега снима филмови.
Има направено два документарни филмови
со и за нашиот тим,
и прави успешен бизнис од речиси ништо.
Овие се примерите
кои треба да нѐ водат кога реагираме
на бегалците.
Наместо да ги гледаме
како неизбежно зависни од хуманитарна
помош,
треба да им дадеме можности за човечки
просперитет.
Да, облека, ќебиња, засолништа, храна
се важни во фазата на итна помош,
но треба да погледнеме подалеку од тоа.
Треба да им пружиме можности за
поврзување, струја,
образование, право на работа,
пристап до капитал и банкарство.
Сѐ што ние земаме здраво за готово
што нѐ поврзува со глобалната економија
може и треба да им следува
и на бегалците.
Второто решение за кое сакам да зборувам
се економските зони
За жал, сите земји-домаќини во Европа
не ги превземаат чекорите на Уганда.
Повеќето земји-домаќини не ја отвораат
нивната еконмија за бегалците
на истиот начин.
Но сепак има прагматични, алтернативни
можности кои можеме да ги искоритиме.
Минатиот Април бев во Јордан
со мојот колега
Пол Колер, економист за развој,
и заеднички дојдовме до идеја
со меѓународната заедница и владата,
идеја да им понудиме работа на Сиријците
и истовремено да ја поддржиме развојната
стратегија на Јордан.
Идејата беше за економска зона
во коај би интегрирале вработување
за бегалците
заедно со вработување на домаќини,
Јорданци.
Нa 15 мин оддалечененост од бегалскиот
камп Заатари,
дом на 83.000 бегалци,
постои економска зона
наречена развојно подрачје на кралот
Хусеин Бин Талал.
Владата има потрошено преку
100 милиони долари
поврзувајќи ја со електрична мрежа,
поврзувајќи ја со патна мрежа,
но ѝ недостасуваа две работи:
пристап до работна сила и внатрешни
инвестиции.
Што ако бегалците беа во состојба
да работат таму
а не да се заглавени во камповите,
да ги издржуваат семејствата и да
развиваат вештини преку стручни обуки
пред да се вратат во Сирија?
Препознавме дека од тоа би имала
корист Јордан,
чија развојна стратегија налага
да го направи чекорот
од земја со просечен приход до
производствена земја.
Бегалците би имале корист
но тоа би придонело
и за повоената реконструкција
на Сирија
ако сфатиме дека треба да ги
оспособиме бегалците
како најдобар извор на евентуално
возобновување на Сирија.
Идејата ја објавивме во весникот
Форин Афеарс.
Кралот Абдула ја прифати идејата .
Ја објавија на Лондонската конференција
за Сирија пред 2 недели
и пилот програмата ќе започне ова лето.
(Аплауз)
Третата идеја која сакам да ја изнесам
е усогласување на приоритетите помеѓу
државите и бегалците,
што ќе води кон среќен завршеток како
што гледате на ова селфи
на Ангела Меркел и бегалец од Сирија.
Ретко ги прашуваме бегалците што сакаат,
каде сакаат да одат,
мислам дека можеме
да го сториме тоа,
и да ги направиме да бидат задоволни.
Економистот Алвин Рот ја развил идејата
за усогласени пазари,
рангирање на приоритетите на две странки
за да се одреди усогласеноста.
Моите колеги Вил Џонс и Алекс Тејтелбојм
истажуваа начини како да се примени
идејата на бегалците,
да се прашаат бегалците да ги рангираат
приоритетните дестинации,
но и да им се дозволи на земјите да
ги рангираат бегалците кои ги сакаат
според критериум - вештини или јазик
и да се постигне усогласеност.
Така, се разбира ќе мора
да направите квоти
за нешта како што се разновидност
и ранливост,
но тоа е начин да се зголемат можностите
за усогласеност.
Оваа идеја успешно е применета
за усогласување, на пример,
на студенти со факултети,
донатори на бубрези со пациенти,
и тоа е во основа вид на алгоритми
кои ги има на сајтовите за запознавање.
Па зошто да не се примени тоа,
да имаат бегалците поголем избор?
Може да се примени и на меѓународно ниво,
каде најголемиот предзвик за нас
е да ги убедиме локалните заедници
да прифатат бегалци.
Во моментов, во мојата земја, на пример,
најчесто праќаме инженери во рурални
места а фармери во градовите,
што нема никаков смисол.
Соодветните пазари нудат потенцијален
начин да се спојат приоритетите
и да се слушнат потребите и барањата на
месното население
и на самите бегалци.
Четвртата идеја што сакам да ви ја изнесам
е за хуманитарните визи.
Голем дел од трагедијата и
хаосот во Европа
можеше целосно да се избегне.
Произлезе од основната контрадикторност
на европската политика за азил
која е следнава:
за да побарате азил во Европа
треба да дојдете спонтано со тргнување
на опасни патувања
кои ги опишав.
Зошто се потребни такви патувања
во ера на ефтини летови
и современи конзуларни можности?
Тие се сосема непотребни патувања,
и минатата година доведоа
до смрт повеќе од 3,000 луѓе
на европските граници и на
територијата на Европа.
Ако им се дозволеше на бегалците
да патуваат директно и бараат
азил во Европа,
ќе го избегневме тоа,
и има начин како да се стори тоа
преку нешто што се нарекува
хуманитарна виза,
што им дозволува на луѓето да
добијат виза во амбасади
или конзулати во соседни земји
и потоа да си купат билет
за траект или лет до Европа.
Плаќаат по 1.000 евра
на криумчари од Турција
до грчките острови.
Ниско буџетен лет од Бодрум до Франкфурт
чини 200 евра.
Ако им го дозволевме тоа на бегалците,
ќе имаше големи предности.
Ќе спасеше животи,
ќе го разбиеше целиот пазар
на криумчарите,
и ќе немаше хаос каков што видовме на
граничните влезови во Европа
во области како грчките острови.
Политиката нѐ спречува во тоа,
повеќе од рационалното решение.
И ова е идеја која веќе е применета.
Бразил направи пионерски чекор
кога им даде 2.000 хуманитарни
визи на Сиријци,
дозвола за влез во Бразил и статус на
бегалци веднаш потоа.
Во таа процедура, секој Сириец кој ја мина
доби статус на бегалец и беше признаен
за вистински бегалец.
Постои и историски преседан за тоа.
Помеѓу 1922 и 1942,
овие Нансен пасоши се користеа
како патни документи
за да им дозволат на 450.000 Асиријци,
Турци и Чеченци
да патуваат низ Европа
и да бараат статус на бегалци
било каде во Европа.
Меѓународната канцеларија за
бегалци на Нансен
ја добија Нобеловата награда за мир
за препознавање на оваа
одржлива стратегија.
Сите четири идеи кои ви ги прикажав
се начини како да се прошират изборите
кои ги има Амира.
Начини за поголеми можности за бегалците
освен трите основни, невозможни 3 опции
кои ви ги објаснив
со цел на сите да им е подобро.
На крај, навистина ни треба нова визија
визија која ќе ги прошири
изборите на бегалците
но и ќе покаже дека тие
не мора да се товар.
Бегалците не мора да бидат нужен трошок.
Да, тие се хуманитарна одговорност
но и човечки суштества, со вештини,
таленти и стремежи,
со способности да придонесат,
ако им дозволиме.
Во новиот свет,
миграциите нема да исчезнат.
Она што го гледаме во Европа ќе биде
со нас уште многу години.
Луѓето ќе продолжат да патуваат,
ќе продолжат да се раселуваат,
и треба да изнајдеме рационални,
реални начини да се справиме со тоа,
да не се базираме на старата логика
за хуманитарна помош,
да не се базираме на логиката
на милосрдие,
туку да создадеме можности
понудени од глобализацијата, пазарот
и мобилноста.
Ве повикувам сите да се разбудите и да ги
повикате нашите политичари
да се разбудат за овој предизвик.
Ви благодарам.
(Аплауз)