< Return to Video

Слободни денови за менталното здравје на учениците

  • 0:04 - 0:06
    Кога бев дете
  • 0:06 - 0:08
    се договорив со мајка ми,
  • 0:08 - 0:12
    секое полугодие да ми дозволи три дена
    одмор за моето ментално здравје
  • 0:12 - 0:14
    но само доколку останам
    одлична во училиште.
  • 0:15 - 0:17
    Започнав да се грижам
    за моето ментално здравје
  • 0:17 - 0:19
    уште кога имав шест години.
  • 0:20 - 0:23
    Моите наставнички секогаш ме
    нарекуваа „загрижената“,
  • 0:23 - 0:27
    но подоцна дознавме дека имам
    анксиозност ппредизвикана од траума
  • 0:27 - 0:28
    и клиничка депресија.
  • 0:29 - 0:31
    Тоа го отежна моето растење.
  • 0:31 - 0:34
    Се грижев за работи кои
    другите деца не ги интересираа
  • 0:34 - 0:36
    и училиштето понекогаш
    многу ме оптоваруваше.
  • 0:36 - 0:38
    Тоа доведе до многу психички состојби
  • 0:38 - 0:40
    панични напади --
  • 0:40 - 0:41
    понекогаш бев продуктивна
  • 0:41 - 0:44
    а други денови
    не можев ништо да правам.
  • 0:44 - 0:45
    Ова се случуваше во период
  • 0:45 - 0:48
    кога никој не зборуваше
    за менталното здравје
  • 0:48 - 0:49
    како што се зборува сега,
  • 0:49 - 0:50
    особено кај младите.
  • 0:50 - 0:54
    Во некое полугодие ги користев сите денови
  • 0:54 - 0:56
    во друго, не користев ниеден.
  • 0:56 - 0:59
    Знаев дека секогаш ми се на располагање
  • 0:59 - 1:02
    и тоа ме правеше среќна, здрава,
    и успешна ученичка.
  • 1:02 - 1:05
    Сега ги користам истите методи
    што ги научив како мала
  • 1:05 - 1:08
    за да им помогнам на други ученици
    со овие потешкотии.
  • 1:08 - 1:12
    Сега сум тука за да ве внесам во светот
    на ментално здравје на тинејџерите:
  • 1:12 - 1:15
    што се случува, како стигнавме до тука,
    и што да правиме?
  • 1:16 - 1:18
    Но, прво треба да разберете
  • 1:18 - 1:22
    дека иако не секој има дијагностицирана
    ментална болест како мене,
  • 1:22 - 1:23
    апсолутно секој од нас --
  • 1:23 - 1:25
    секој од нас поседува ментално здравје.
  • 1:25 - 1:28
    Сите имаме мозок за кој треба да се грижиме
  • 1:28 - 1:31
    слично како што се грижиме за
    нашата физичка благосостојба.
  • 1:31 - 1:35
    Главата и телото ни се поврзани
    не само преку нашиот врат.
  • 1:35 - 1:38
    Менталните болести се манифестираат
    и на физички начин
  • 1:38 - 1:42
    како гадење, главоболки,
    замор, губење воздух
  • 1:42 - 1:44
    Па, ако менталното здравје нѐ засега сите,
  • 1:44 - 1:48
    нели би требало да донесуваме
    решенија достапни за сите?
  • 1:48 - 1:51
    Со тоа го почнувам вториот дел
    од мојата приказна.
  • 1:51 - 1:52
    Кога бев во средно училиште
  • 1:52 - 1:55
    добро се снаоѓав со одржување
    на моето ментално здравје.
  • 1:55 - 1:57
    Бев успешна ученичка
  • 1:57 - 2:00
    и бев претседател на асоцијацијата на
    ученичкиот совет во Орегон.
  • 2:00 - 2:03
    Но, во овој период почнав да сфаќам
  • 2:03 - 2:07
    дека менталното здравје е многу
    поголем проблем не само за мене лично.
  • 2:07 - 2:10
    За жал, во мојот роден град
    се случија неколку самоубиства
  • 2:10 - 2:12
    за време на мојата прва година
    во средно училиште.
  • 2:12 - 2:15
    Бев сведок како тие трагедии
    ја потресоа целата заедница,
  • 2:15 - 2:17
    и како претседател на државна група,
  • 2:17 - 2:19
    почнав да дознавам сѐ повеќе приказни
  • 2:19 - 2:22
    од ученици дека истото се
    случувало и во нивните места.
  • 2:22 - 2:25
    Затоа, во 2018 година
    на годишниот летен камп
  • 2:25 - 2:27
    одржавме форум со околу
    100 средношколци
  • 2:27 - 2:30
    за да разговараме за
    менталното здравје кај младите.
  • 2:30 - 2:31
    Што може да направиме?
  • 2:31 - 2:34
    Го започнавме овој разговор
    со огромна доза на емпатија
  • 2:34 - 2:36
    и искреност
  • 2:36 - 2:38
    и резултатите беа зачудувачки.
  • 2:38 - 2:39
    Тоа што најмногу ме погоди
  • 2:39 - 2:41
    е дека секој од моите врсници
    имаше приказна
  • 2:41 - 2:44
    за криза со ментално здравје
    во нивното училиште,
  • 2:44 - 2:46
    без разлика дали се од
    мало гратче во источен Орегон
  • 2:46 - 2:48
    или од центарот на Портленд.
  • 2:49 - 2:51
    Ова се случува насекаде.
  • 2:51 - 2:52
    Дури и истражувавме,
  • 2:52 - 2:57
    и дознавме дека самоубиството е
    втората најчеста причина за смрт
  • 2:57 - 3:00
    кај возрасна група од
    10 до 24 години во Орегон.
  • 3:00 - 3:02
    Втора најчеста причина.
  • 3:03 - 3:04
    Знаевме дека мора нешто да се превземе.
  • 3:05 - 3:07
    Во следните неколку месеци,
  • 3:07 - 3:11
    создадовме комитет наречен
    „Учениците за здрав Орегон“,
  • 3:11 - 3:15
    и ставивме крај на стигмата
    против менталното здравје.
  • 3:15 - 3:18
    Сакавме да дадеме приоритет на
    менталното здравје во училиштата.
  • 3:18 - 3:21
    Со помош на лобисти
    и неколку професионалци
  • 3:21 - 3:24
    предложивме закон проект.
  • 3:24 - 3:27
    Овој закон дозволува отсуство од училиште
    поради ментално здравје
  • 3:27 - 3:30
    слично на отсуствата поради
    физичкото здравје.
  • 3:30 - 3:31
    Бидејќи најчесто тој слободен ден
  • 3:31 - 3:34
    е разликата помеѓу тоа
    да се чувствуваш подобро
  • 3:34 - 3:35
    и многу полошо --
  • 3:35 - 3:39
    слично на деновите кои мојата
    мајка ми ги даваше како мала.
  • 3:40 - 3:42
    Во следните неколку месеци,
  • 3:42 - 3:45
    лобиравме, истражувавме
    и водевме кампања,
  • 3:45 - 3:48
    и во јуни 2019 конечно се изгласа законот.
  • 3:49 - 3:55
    (Ракоплескање и воскликнувања)
  • 3:59 - 4:02
    Тоа беше исклучителен момент
    за учениците од Орегон.
  • 4:02 - 4:04
    Еве пример за како тоа се одвива сега.
  • 4:04 - 4:07
    Да речеме дека еден ученик
    моментално има многу тежок месец.
  • 4:07 - 4:10
    Напнат е, исцрпен
  • 4:10 - 4:13
    заостанува со училиште,
    и знае дека му е потребна помош.
  • 4:13 - 4:16
    Можеби никогаш не зборувал со родителите
    за ментално здравје,
  • 4:16 - 4:20
    но сега имаат закон кој би
    го иницирал тој разговор.
  • 4:20 - 4:23
    Родителот сепак треба да се јави
    и да го оправда отсуството
  • 4:23 - 4:25
    -значи ова не е слободна пропусница за децата,
  • 4:25 - 4:26
    но најважно од сѐ,
  • 4:26 - 4:30
    училиштето го има забележано
    како ден за менталното здравје,
  • 4:30 - 4:31
    и може да имаат увид
  • 4:31 - 4:34
    колку ученици и колку денови
    се земаат за ментално здравје.
  • 4:34 - 4:36
    Доколку некој зема премногу,
  • 4:36 - 4:39
    ќе биде упате кај
    училишниот советник на разговор.
  • 4:39 - 4:42
    Ова е важно за да се откријат
    учениците кои имаат потешкотии
  • 4:42 - 4:44
    пред да е предоцна.
  • 4:44 - 4:47
    Главните работи кои ги слушнавме
    на форумот во 2018
  • 4:47 - 4:51
    е дека барањето помош најчесто
    е најтешкиот чекор.
  • 4:51 - 4:54
    Се надеваме дека овој закон
    ќе помогне за тоа.
  • 4:54 - 4:57
    Не само што ќе ги научи младите
    да се грижат за себе
  • 4:57 - 5:00
    и да научат да се справат со стресот
  • 5:00 - 5:02
    туку може и да спаси нечиј живот.
  • 5:03 - 5:06
    Сега ученици и во други држави
    се обидуваат да го предложат овој закон.
  • 5:06 - 5:10
    Моментално работам со ученици
    од Калифорнија и Колорадо
  • 5:10 - 5:11
    за да го направат истото,
  • 5:11 - 5:13
    зашто верувам дека учениците секаде
  • 5:13 - 5:14
    заслужуваат да се чувствуваат подобро.
  • 5:14 - 5:18
    Настрана практичните и технички причини,
  • 5:18 - 5:22
    овој закон е посебен поради
    неговиот основен концепт:
  • 5:22 - 5:26
    физичкото и менталното здравје
    се еднакви и треба така да се третираат.
  • 5:26 - 5:28
    Всушност, поврзани се.
  • 5:28 - 5:30
    Здравствениот систем на пример.
  • 5:31 - 5:32
    Помислете на КПР.
  • 5:32 - 5:36
    Ако сте во ситуација да мора да изведете КПР
  • 5:36 - 5:38
    сакате барем нешто да научите околу тоа?
  • 5:38 - 5:40
    Размислете -
  • 5:40 - 5:44
    веројатно да, бидејќи КПР се нудат во
    повеќе школи и работни места
  • 5:44 - 5:46
    дури и на интернет.
  • 5:46 - 5:48
    Дури има и песни кои одат со тоа.
  • 5:48 - 5:50
    А што за менталното здравје?
  • 5:50 - 5:54
    Се сеќавам дека бев на обука за КПР
    во седмо одделение.
  • 5:54 - 5:57
    Што ако во 7-мо одд.ме учеа
    како да управувам со менталното здравје
  • 5:57 - 5:59
    или како да минам низ
    криза на ментално здравје?
  • 5:59 - 6:03
    Би сакала да видам свет каде секој
    би имал мноштво знаења
  • 6:03 - 6:05
    да помогне на пријател, колега, роднина
  • 6:05 - 6:07
    или непознат кој поминува низ таква криза.
  • 6:07 - 6:10
    Такви ресурси треба да се
    достапни во училиштата
  • 6:10 - 6:13
    бидејќи таму учениците се борат најмногу.
  • 6:13 - 6:16
    Друг концепт кој сакам да го изнесам
  • 6:16 - 6:19
    е дека секогаш е ОК да не си ОК,
  • 6:19 - 6:22
    и секогаш е ОК да земеш одмор.
  • 6:22 - 6:23
    Не мора секогаш да е цел ден;
  • 6:23 - 6:25
    понекогаш тоа не е возможно.
  • 6:25 - 6:28
    Но, може да се неколку мигови
    за да се преиспиташ себеси.
  • 6:29 - 6:31
    Замислете го животот како маратон ...
  • 6:32 - 6:34
    како маратон на долги патеки.
  • 6:34 - 6:37
    Ако трчаш брзо на почеток ќе се умориш.
  • 6:37 - 6:39
    Може и ќе се повредиш од напрегање.
  • 6:39 - 6:41
    Но, ако држиш постојано темпо,
  • 6:41 - 6:43
    ако држиш бавно темпо,
    понекогаш намерно,
  • 6:43 - 6:45
    а во друг момент забрзаш,
  • 6:45 - 6:47
    биди сигурен дека ќе успееш.
  • 6:48 - 6:49
    Затоа ве молам,
  • 6:49 - 6:51
    грижете се еден за друг,
  • 6:51 - 6:53
    грижете се за младите во вашиот живот
  • 6:53 - 6:56
    особено тие кои навидум
    изгледаат како сѐ да е во ред.
  • 6:56 - 6:58
    Предизвиците на психата
    нема да исчезнат
  • 6:58 - 6:59
    но ние како општество,
  • 6:59 - 7:02
    можеме да научиме да се справиме
    со нив грижејќи се еден за друг.
  • 7:02 - 7:04
    Исто така грижи се за себе,
  • 7:04 - 7:06
    како што би рекла мајка ми,
  • 7:06 - 7:08
    „Од време на време, одмори се.“
  • 7:08 - 7:09
    Ви благодарам.
  • 7:09 - 7:11
    (Ракоплескање)
Title:
Слободни денови за менталното здравје на учениците
Speaker:
Хајли Хардкесл
Description:

Образованието може да создаде многу стрес, анксиозност, панични напади и замор - и најчесто не постои формално правило кое овозможува учениците да го ставаат своето здравје на прво место. Хајли Хардкесл објаснува зошто образовните институции треба да воведат денови за ментално здравје и да им овозможат на учениците да практикуваат „емоционална хигиена“, разбивајќи ја стигмата околу тоа. Проследете за да научите како таа формирала група од повеќе тинејџери и заедно успеале нивната цел да ја претворат во закон.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
07:24

Macedonian subtitles

Revisions