< Return to Video

Тајните на учењето нов јазик

  • 0:02 - 0:05
    Јас сакам да учам странски јазици.
  • 0:05 - 0:09
    Всушност, сакам толку многу
    што учам нов јазик секоја втора година,
  • 0:09 - 0:11
    и моментално работам на мојот осми јазик.
  • 0:11 - 0:13
    Кога луѓето ќе го дознаат ова,
    секогаш ме прашуваат,
  • 0:14 - 0:16
    "Како го правиш тоа?
    Која е твојата тајна?“
  • 0:16 - 0:19
    И да бидам искрена, долго време
    мојот одговор беше,
  • 0:19 - 0:21
    "Не знам. Јас едноставно
    сакам да учам јазици.“
  • 0:22 - 0:24
    Но луѓето не беа
    задоволни со тој одговор.
  • 0:24 - 0:28
    Тие сакаа да знаат зошто им се потребни
    години за да научат само еден јазик,
  • 0:28 - 0:30
    никогаш не достигнувајќи
    високо ниво,
  • 0:30 - 0:33
    додека еве ме мене, учам еден
    по друг.
  • 0:33 - 0:35
    Тие сакаа да ја дознаат
    тајната на полиглотите,
  • 0:35 - 0:37
    луѓе кои зборуваат многу јазици.
  • 0:37 - 0:39
    И тоа ме натера да се запрашам,
  • 0:39 - 0:41
    како всушност други полиглоти учат јазици?
  • 0:41 - 0:43
    Што е тоа што ни е заедничко?
  • 0:43 - 0:45
    И што е тоа што ни овозможува
  • 0:45 - 0:47
    да учиме јазици многу побрзо
    од други луѓе?
  • 0:48 - 0:51
    Се решив да запознаам други луѓе
    како мене и да дознаам.
  • 0:52 - 0:54
    Најдоброто место да запознаете
    многу полиглоти,
  • 0:54 - 0:56
    е настан каде стотици љубители на јазици
  • 0:56 - 0:59
    се среќаваат на едно место да ги
    вежбаат своите јазични способности.
  • 0:59 - 1:02
    Постојат неколку такви полиглотски
    настани во светот,
  • 1:02 - 1:04
    па се решив да посетам еден
  • 1:04 - 1:06
    и да ги прашам полиглотите
    за методите кои ги користат.
  • 1:07 - 1:09
    Па така го запознав Бени од Ирска,
  • 1:09 - 1:13
    кој ми кажа дека неговиот метод
    е да започне да зборува од првиот ден.
  • 1:14 - 1:17
    Тој учи неколку фрази
    од разговорник
  • 1:17 - 1:19
    и потоа запознава изворни говорници.
  • 1:19 - 1:22
    и започнува разговор со нив.
  • 1:22 - 1:24
    Него не му пречи што прави
    дури и по 200 грешки дневно,
  • 1:24 - 1:27
    бидејќи така учи, врз основа
    на фидбек.
  • 1:27 - 1:31
    И најдобро од сѐ е што не мора
    да патува многу,
  • 1:31 - 1:34
    бидејќи лесно може да разговара со
    луѓе од друго говорно подрачје,
  • 1:34 - 1:36
    од својата дневна соба,
    користејќи веб страни.
  • 1:36 - 1:38
    Исто така го запознав и Лука
    од Бразил
  • 1:38 - 1:41
    кој имаше навистина интересен метод
    за учење Руски.
  • 1:41 - 1:47
    Едноставно, тој додал стотици Руси
    на својот Скајп,
  • 1:47 - 1:51
    започнал разговор
    со еден од нив,
  • 1:51 - 1:52
    и напишал "Здраво“ на руски.
  • 1:53 - 1:56
    И личноста му одговорила
    "Здраво, како си?“
  • 1:56 - 2:00
    Лукас го ископирал ова и го испратил
    на друга личност,
  • 2:00 - 2:04
    и личноста одговорила,
    "Јас сум добро, како си ти?“
  • 2:04 - 2:07
    Лукас го ископирал ова и го
    пратил назад на првата личност,
  • 2:07 - 2:10
    и на овој начин поврзал двајца непознати
    да разговараат еден со друг
  • 2:10 - 2:12
    без да знаат за тоа.
  • 2:12 - 2:13
    (Смеа)
  • 2:13 - 2:15
    И набрзо започнал да пишува и самиот,
  • 2:15 - 2:17
    бидејќи имал толку многу
    вакви разговори
  • 2:17 - 2:20
    и сфатил како се започнува
    разговор на руски.
  • 2:20 - 2:22
    Каков генијален метод, нели?
  • 2:22 - 2:27
    Потоа запознав полиглоти кои започнуваат
    со имитирање на звуците од јазикот
  • 2:27 - 2:31
    и други кои прво ги учат најчестите
    500 зборови од јазикот,
  • 2:31 - 2:35
    и трети кои секогаш започнуваат со
    изучување на граматиката.
  • 2:36 - 2:38
    Ако запрашав сто различни полиглоти,
  • 2:38 - 2:42
    ќе добиев сто различни начини
    на учење странски јазици.
  • 2:42 - 2:45
    Изгледа дека сите имаат уникатен начин
    да научат нов јазик,
  • 2:45 - 2:49
    а сепак сите го постигнуваме истиот
    резултат, зборуваме течно неколку јазици.
  • 2:50 - 2:54
    И како што овие полиглоти ми кажуваа
    за нивните методи,
  • 2:54 - 2:57
    одеднаш сфатив нешто:
  • 2:57 - 3:00
    она што ни е заедничко на сите
  • 3:00 - 3:05
    е тоа што едноставно најдовме начин како
    да уживаме во процесот на учење јазик.
  • 3:05 - 3:08
    Сите овие полиглоти
    зборуваа за изучувањето на јазик
  • 3:08 - 3:10
    како нешто многу забавно.
  • 3:10 - 3:11
    Требаше да им ги видите
    лицата
  • 3:11 - 3:14
    кога ми ги покажуваа нивните
    граматички табели во повеќе бои,
  • 3:14 - 3:16
    и нивните внимателно изработени
    мемориски карти,
  • 3:16 - 3:19
    и нивните статистики за учење
    вокабулар со помош на апликации,
  • 3:19 - 3:24
    па дури и колку многу сакаат да готват
    користејќи рецепти на странски јазик.
  • 3:25 - 3:26
    Секој од нив имаше различен метод,
  • 3:26 - 3:30
    но исто така секој од нив имаше метод
    во кој навистина ужива.
  • 3:30 - 3:34
    Сфатив дека всушност
    ова е начинот на кој и јас учам јазици.
  • 3:34 - 3:38
    Кога учев шпански,ми здосадија
    текстовите во книгата.
  • 3:38 - 3:39
    Кој сака да чита за тоа како Хозе
  • 3:40 - 3:43
    прашува за правецот до железничката
    станица. Нели?
  • 3:43 - 3:45
    Наместо тоа, сакав
    да ја читам "Хари Потер",
  • 3:45 - 3:47
    таа ми е омилената книга
    од детството,
  • 3:47 - 3:49
    и ја имам прочитано многу пати.
  • 3:49 - 3:52
    Па ја земав шпанската верзија на
    "Хари Потер" и започнав со читање,
  • 3:53 - 3:56
    и секако дека на почетокот
    не разбирав речиси ништо,
  • 3:56 - 3:58
    но продолжив со читање бидејќи
    ја обожувам книгата,
  • 3:58 - 4:02
    и до крајот на книгата, можев да
    разбирам без речиси никаков проблем.
  • 4:02 - 4:05
    Истото се случи кога учев
    германски.
  • 4:05 - 4:08
    Решив да ја гледам "Пријатели",
    мојата омилена серија, на германски,
  • 4:08 - 4:11
    и повторно, на почетокот,
    се беше само бесмислен звук.
  • 4:11 - 4:15
    Не знаев каде еден збор завршува
    и друг започнува,
  • 4:15 - 4:17
    но продолжив да гледам секој ден,
    бидејќи беше "Пријатели".
  • 4:17 - 4:20
    Можам да ја гледам серијата на секој
    јазик. Толку ја сакам!
  • 4:20 - 4:22
    И после втората и третата сезона,
  • 4:22 - 4:24
    дијалозите започнаа да имаат смисла.
  • 4:25 - 4:28
    Ова го сфатив само после средбата
    со другите полиглоти.
  • 4:28 - 4:30
    Ние не сме гении,
  • 4:30 - 4:32
    и немаме скратен пат за учење
    на јазици.
  • 4:32 - 4:36
    Едноставно, сме нашле начини
    како да уживаме во процесот,
  • 4:36 - 4:39
    како да го претвориме учењето на јазик
    од здодевен предмет на училиште
  • 4:39 - 4:43
    во пријатна активност
    која можеме да ја правиме секој ден.
  • 4:44 - 4:46
    Ако не сакате да пишувате зборови
    на хартија,
  • 4:46 - 4:47
    можете да ги пишувате во
    апликација.
  • 4:47 - 4:50
    Ако не сакате да слушате досаден
    материјал од учебник,
  • 4:50 - 4:55
    најдете интересна содржина на YouTube
    или подкаст на било кој јазик.
  • 4:55 - 4:56
    Ако сте повлечени
  • 4:56 - 4:59
    и не можете да разговарате
    со луѓе на кои јазикот им е мајчин,
  • 4:59 - 5:02
    можете да разговарате со самите себе.
  • 5:02 - 5:04
    Можете да си разговарате со себе
    во удобна соба,
  • 5:04 - 5:07
    опишувајќи ги вашите викенд планови,
    каков ви беше денот,
  • 5:07 - 5:09
    или одберете било која слика од
    телефонот
  • 5:09 - 5:13
    и опишете ја сликата
    на вашиот замислен пријател.
  • 5:13 - 5:16
    Ова е начинот на кој полиглотите
    учат јазици,
  • 5:16 - 5:19
    и добрите вести се,
    ова е достапно за сите оние
  • 5:19 - 5:21
    кои сакаат да го земат учењето
    во свои раце.
  • 5:23 - 5:25
    Запознавајќи полиглоти, сфатив
  • 5:25 - 5:28
    дека е навистина важно
    да се најде аспект на уживање
  • 5:28 - 5:30
    во процесот на изучување на јазици,
  • 5:30 - 5:33
    но дека ова самото по себе не е доволно.
  • 5:34 - 5:36
    Ако сакате течно да зборувате,
  • 5:36 - 5:39
    мора да користите уште
    три други принципи.
  • 5:40 - 5:42
    Прво, потребни ви се
    ефикасни методи.
  • 5:43 - 5:47
    Ако се обидете да запомнете листа со
    зборови за утрешниот тест,
  • 5:47 - 5:49
    зборовите се зачуваат во
    краткотрајна меморија
  • 5:49 - 5:51
    и ќе ги заборавите за неколку денови.
  • 5:51 - 5:54
    Но ако сакате да ги запомнете
    зборовите за подолго време,
  • 5:54 - 5:57
    треба да ги повторувате
    во текот на неколку дена, континуирано
  • 5:57 - 6:00
    користејќи т.н. повторување во место.
  • 6:00 - 6:04
    За ова може да користите различни
    апликациикако Anki или Memrise,
  • 6:04 - 6:07
    или пишувајте листа со зборови
    во тетратка, со методот Златна листа,
  • 6:07 - 6:10
    кој е многу популарен
    кај многу полиглоти.
  • 6:10 - 6:14
    Ако не сте сигурни кои методи се ефикасни
    и достапни,
  • 6:14 - 6:17
    проверете некои од YouTube каналите
    и веб-страници на полиглоти
  • 6:17 - 6:18
    и најдете инспирација.
  • 6:19 - 6:21
    Ако е корисно за нив,
    најверојатно ќе биде корисно и за вас.
  • 6:23 - 6:25
    Третиот принцип кој треба да го следите
  • 6:25 - 6:27
    е да креирате систем во вашето учење.
  • 6:28 - 6:32
    Сите ние сме многу зафатени и никој
    нема врема да учи јазик во денешно време.
  • 6:32 - 6:36
    Но можеме да го создадеме тоа време
    ако планираме навреме.
  • 6:36 - 6:39
    Дали можете да се разбудите
    15 минути порано од вообичаеното?
  • 6:39 - 6:42
    Тоа би било идеално време да го
    вежбате вокабуларот.
  • 6:43 - 6:46
    Дали можете да слушате подкаст
    додека возите кон вашето работно место?
  • 6:46 - 6:50
    Тоа би било одлично за да ги вежбате
    вашите способности за слушање.
  • 6:50 - 6:53
    Има многу работи што може да ги правиме
    без да го планираме времето за нив
  • 6:53 - 6:56
    како што е слушање на подкаст
    на патот кон работа
  • 6:56 - 6:58
    или додека вршиме домашни работа.
  • 6:58 - 7:01
    Битната работа е да направите план
    за учење.
  • 7:01 - 7:03
    "Јас ќе вежбам зборување
    секој вторник и четврток
  • 7:03 - 7:05
    со пријател, по 20 минути.
  • 7:06 - 7:10
    Ќе слушам видео на YouTube додека
    појадувам."
  • 7:10 - 7:12
    Ако направите систем за вашето учење,
  • 7:12 - 7:14
    нема да ви треба дополнително време,
  • 7:14 - 7:16
    бидејќи ќе ви стане дел од
    секојдневниот живот.
  • 7:18 - 7:21
    И конечно, ако сакате навистина да
    научите странски јазик,
  • 7:21 - 7:24
    ви треба малку трпеливост.
  • 7:25 - 7:27
    Не е можно да се научи јазик за
    два месеци,
  • 7:27 - 7:31
    но дефинитивно можно е да се
    има напредок за два месеци,
  • 7:31 - 7:35
    ако учите во мали количини секој ден,
    на начин во кој уживате.
  • 7:35 - 7:37
    И нема ништо што нѐ мотивира повеќе
  • 7:37 - 7:38
    од сопствениот успех.
  • 7:39 - 7:41
    Сѐ уште го помнам моментот
  • 7:41 - 7:45
    кога ја разбрав првата шега на германски
    кога ја гледав серијата "Пријатели."
  • 7:45 - 7:47
    Бев толку среќна и мотивирана
  • 7:47 - 7:50
    што продолжив да гледам тој ден,
    уште две епизоди,
  • 7:50 - 7:52
    и како што продолжив да гледам,
  • 7:52 - 7:56
    имав повеќе и повеќе од овие моменти на
    разбирање, овие мали победи,
  • 7:56 - 8:00
    и чекор по чекор, стасав до ниво
    на кое можев да го користам јазикот
  • 8:00 - 8:03
    слободно и течно да изразам било што.
  • 8:03 - 8:04
    Тоа е прекрасно чувство,
  • 8:05 - 8:06
    и не ми е доста од тоа чуство,
  • 8:07 - 8:09
    затоа продолжувам да учам нов јазик
    секоја втора година.
  • 8:09 - 8:11
    Па ова е тајната на полиглотите.
  • 8:11 - 8:14
    Најдете ефективни методи
    кои ќе ги употребувате систематично
  • 8:14 - 8:18
    во одреден временски период
    на начин на кој уживате,
  • 8:18 - 8:22
    и ова е како полиглотите учат јазици за
    неколку месеци, не години.
  • 8:23 - 8:25
    Сега, некои од вас можеби мислат,
  • 8:25 - 8:27
    "Сето тоа е супер,
    да уживаш да учиш јазик,
  • 8:27 - 8:30
    но нели е вистинската тајна
    на полиглотите тоа што
  • 8:30 - 8:32
    се супер талентирани,
    а повеќето од нас не се?"
  • 8:33 - 8:36
    Па, има една работа што не ви ја кажав за
    Бени и Лукас.
  • 8:37 - 8:43
    Бени учел ирски и германски
    11 години на училиште.
  • 8:43 - 8:46
    И воопшто не можел да ги зборува
    кога завршил со образованието.
  • 8:46 - 8:50
    До 21-та година, мислел дека
    го нема јазичниот ген
  • 8:50 - 8:53
    и не можел да зборува ниеден
    странски јазик.
  • 8:53 - 8:56
    Тогаш започнал да го бара својот начин
    за изучување на јазик,
  • 8:56 - 9:00
    кој беше разговор со луѓе на кои тоа им е
    мајчин јазик и добивање на фидбек,
  • 9:00 - 9:04
    и денес Бени може слободно да разговара
    на 10 различни јазици.
  • 9:05 - 9:08
    Лукас се обидувал да научи англиски
    10 години на училиште.
  • 9:08 - 9:11
    И бил еден од најслабите
    ученици во класот.
  • 9:11 - 9:13
    Другарите се шегувале со него
  • 9:13 - 9:15
    и му дале учебник по руски како шега
  • 9:15 - 9:19
    бидејќи мислеле дека никогаш нема да
    научи ниеден странски јазик.
  • 9:19 - 9:21
    И тогаш Лукас започнал да
    експериментира со методи
  • 9:22 - 9:23
    барајќи го својот начин на учење,
  • 9:25 - 9:29
    на пример, преку Skype разговор
    со странци.
  • 9:29 - 9:31
    И 10 години подоцна,
  • 9:31 - 9:34
    Лукас може да зборува течно
    11 јазици.
  • 9:35 - 9:37
    Дали тоа звучи како чудо?
  • 9:37 - 9:40
    Па, јас гледам такви чуда
    секој ден.
  • 9:41 - 9:42
    Како ментор за јазици,
  • 9:42 - 9:45
    јас помагам на луѓе
    да учат јазик сами,
  • 9:45 - 9:46
    и го гледам ова секој ден.
  • 9:46 - 9:50
    Луѓе кои се измачувале со изучување на
    јазик 5, 10 или 20 години,
  • 9:50 - 9:54
    и одеднаш го земаат учењето во свои раце,
  • 9:54 - 9:57
    почнуваат да користат материјал кој
    им е интересен и ефикасни методи,
  • 9:57 - 9:59
    започнуваат да го следат учењето
  • 9:59 - 10:02
    за да можат да се радуваат на напредокот
  • 10:02 - 10:04
    и тогаш одеднаш
  • 10:04 - 10:08
    магично го наоѓаат талентот за јазици
    кој го барале целиот свој живот.
  • 10:09 - 10:12
    Па ако сте се обиделе да учите
    странски јазик
  • 10:12 - 10:14
    и сте се откажале,
    мислејќи дека е премногу тешко
  • 10:14 - 10:16
    или дека го немате талентот за јазици,
  • 10:16 - 10:18
    обидете се повторно.
  • 10:18 - 10:21
    Можеби имате некој друг интересен метод
  • 10:21 - 10:23
    за течно познавање на јазикот.
  • 10:23 - 10:27
    Можеби имате некој друг метод
    за да станете полиглот.
  • 10:27 - 10:28
    Ви благодарам.
  • 10:28 - 10:32
    (Аплауз)
Title:
Тајните на учењето нов јазик
Speaker:
Лидија Махова
Description:

Сакате да научите нов јазик, но тоа ви изгледа страшно или не знаете од каде да почнете? Не ви е потребен посебен талент, или "јазичен ген," вели Лидија Махова. Во овој инспиративен говор, таа ја открива тајната на полиглотите (луѓе кои зборуваат неколку јазици) и споделува четири принципи кои ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот скриен талент за јазици -- и како да се забавувате додека го правите ова.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:45
  • Hi, please consider to listen to the pronuncitation of Lydia’s name at Forvo.com: https://forvo.com/search/Lýdia%20Machová/sk

  • Thank you Pavel.

Macedonian subtitles

Revisions