1 00:00:01,760 --> 00:00:04,656 Јас сакам да учам странски јазици. 2 00:00:04,680 --> 00:00:08,736 Всушност, сакам толку многу што учам нов јазик секоја втора година, 3 00:00:08,760 --> 00:00:10,856 и моментално работам на мојот осми јазик. 4 00:00:10,880 --> 00:00:13,496 Кога луѓето ќе го дознаат ова, секогаш ме прашуваат, 5 00:00:13,520 --> 00:00:15,616 "Како го правиш тоа? Која е твојата тајна?“ 6 00:00:15,640 --> 00:00:18,656 И да бидам искрена, долго време мојот одговор беше, 7 00:00:18,680 --> 00:00:21,000 "Не знам. Јас едноставно сакам да учам јазици.“ 8 00:00:21,720 --> 00:00:23,976 Но луѓето не беа задоволни со тој одговор. 9 00:00:24,000 --> 00:00:27,976 Тие сакаа да знаат зошто им се потребни години за да научат само еден јазик, 10 00:00:28,000 --> 00:00:29,536 никогаш не достигнувајќи високо ниво, 11 00:00:29,560 --> 00:00:32,616 додека еве ме мене, учам еден по друг. 12 00:00:32,640 --> 00:00:34,856 Тие сакаа да ја дознаат тајната на полиглотите, 13 00:00:34,880 --> 00:00:36,600 луѓе кои зборуваат многу јазици. 14 00:00:37,400 --> 00:00:38,816 И тоа ме натера да се запрашам, 15 00:00:38,840 --> 00:00:41,136 како всушност други полиглоти учат јазици? 16 00:00:41,160 --> 00:00:42,656 Што е тоа што ни е заедничко? 17 00:00:42,680 --> 00:00:44,616 И што е тоа што ни овозможува 18 00:00:44,640 --> 00:00:47,080 да учиме јазици многу побрзо од други луѓе? 19 00:00:47,880 --> 00:00:50,720 Се решив да запознаам други луѓе како мене и да дознаам. 20 00:00:51,760 --> 00:00:53,816 Најдоброто место да запознаете многу полиглоти, 21 00:00:53,840 --> 00:00:56,136 е настан каде стотици љубители на јазици 22 00:00:56,160 --> 00:00:59,016 се среќаваат на едно место да ги вежбаат своите јазични способности. 23 00:00:59,040 --> 00:01:02,336 Постојат неколку такви полиглотски настани во светот, 24 00:01:02,360 --> 00:01:03,736 па се решив да посетам еден 25 00:01:03,760 --> 00:01:06,200 и да ги прашам полиглотите за методите кои ги користат. 26 00:01:07,200 --> 00:01:09,136 Па така го запознав Бени од Ирска, 27 00:01:09,160 --> 00:01:13,320 кој ми кажа дека неговиот метод е да започне да зборува од првиот ден. 28 00:01:14,240 --> 00:01:17,136 Тој учи неколку фрази од разговорник 29 00:01:17,160 --> 00:01:18,736 и потоа запознава изворни говорници. 30 00:01:18,760 --> 00:01:21,576 и започнува разговор со нив. 31 00:01:21,600 --> 00:01:24,376 Него не му пречи што прави дури и по 200 грешки дневно, 32 00:01:24,400 --> 00:01:26,840 бидејќи така учи, врз основа на фидбек. 33 00:01:27,480 --> 00:01:30,616 И најдобро од сѐ е што не мора да патува многу, 34 00:01:30,640 --> 00:01:33,576 бидејќи лесно може да разговара со луѓе од друго говорно подрачје, 35 00:01:33,600 --> 00:01:36,296 од својата дневна соба, користејќи веб страни. 36 00:01:36,320 --> 00:01:38,096 Исто така го запознав и Лука од Бразил 37 00:01:38,120 --> 00:01:40,600 кој имаше навистина интересен метод за учење Руски. 38 00:01:41,200 --> 00:01:46,856 Едноставно, тој додал стотици Руси на својот Скајп, 39 00:01:46,880 --> 00:01:50,776 започнал разговор со еден од нив, 40 00:01:50,800 --> 00:01:52,240 и напишал "Здраво“ на руски. 41 00:01:53,000 --> 00:01:55,576 И личноста му одговорила "Здраво, како си?“ 42 00:01:55,600 --> 00:02:00,056 Лукас го ископирал ова и го испратил на друга личност, 43 00:02:00,080 --> 00:02:03,656 и личноста одговорила, "Јас сум добро, како си ти?“ 44 00:02:03,680 --> 00:02:06,656 Лукас го ископирал ова и го пратил назад на првата личност, 45 00:02:06,680 --> 00:02:10,136 и на овој начин поврзал двајца непознати да разговараат еден со друг 46 00:02:10,160 --> 00:02:11,576 без да знаат за тоа. 47 00:02:11,600 --> 00:02:12,856 (Смеа) 48 00:02:12,880 --> 00:02:14,776 И набрзо започнал да пишува и самиот, 49 00:02:14,800 --> 00:02:16,936 бидејќи имал толку многу вакви разговори 50 00:02:16,960 --> 00:02:19,976 и сфатил како се започнува разговор на руски. 51 00:02:20,000 --> 00:02:22,336 Каков генијален метод, нели? 52 00:02:22,360 --> 00:02:26,856 Потоа запознав полиглоти кои започнуваат со имитирање на звуците од јазикот 53 00:02:26,880 --> 00:02:31,296 и други кои прво ги учат најчестите 500 зборови од јазикот, 54 00:02:31,320 --> 00:02:34,720 и трети кои секогаш започнуваат со изучување на граматиката. 55 00:02:35,600 --> 00:02:37,896 Ако запрашав сто различни полиглоти, 56 00:02:37,920 --> 00:02:41,536 ќе добиев сто различни начини на учење странски јазици. 57 00:02:41,560 --> 00:02:45,176 Изгледа дека сите имаат уникатен начин да научат нов јазик, 58 00:02:45,200 --> 00:02:49,080 а сепак сите го постигнуваме истиот резултат, зборуваме течно неколку јазици. 59 00:02:50,120 --> 00:02:54,416 И како што овие полиглоти ми кажуваа за нивните методи, 60 00:02:54,440 --> 00:02:56,736 одеднаш сфатив нешто: 61 00:02:56,760 --> 00:02:59,896 она што ни е заедничко на сите 62 00:02:59,920 --> 00:03:05,456 е тоа што едноставно најдовме начин како да уживаме во процесот на учење јазик. 63 00:03:05,480 --> 00:03:08,256 Сите овие полиглоти зборуваа за изучувањето на јазик 64 00:03:08,280 --> 00:03:09,536 како нешто многу забавно. 65 00:03:09,560 --> 00:03:11,136 Требаше да им ги видите лицата 66 00:03:11,160 --> 00:03:13,776 кога ми ги покажуваа нивните граматички табели во повеќе бои, 67 00:03:13,800 --> 00:03:16,296 и нивните внимателно изработени мемориски карти, 68 00:03:16,320 --> 00:03:19,336 и нивните статистики за учење вокабулар со помош на апликации, 69 00:03:19,360 --> 00:03:23,560 па дури и колку многу сакаат да готват користејќи рецепти на странски јазик. 70 00:03:24,680 --> 00:03:26,416 Секој од нив имаше различен метод, 71 00:03:26,440 --> 00:03:30,216 но исто така секој од нив имаше метод во кој навистина ужива. 72 00:03:30,240 --> 00:03:34,136 Сфатив дека всушност ова е начинот на кој и јас учам јазици. 73 00:03:34,160 --> 00:03:37,736 Кога учев шпански,ми здосадија текстовите во книгата. 74 00:03:37,760 --> 00:03:39,496 Кој сака да чита за тоа како Хозе 75 00:03:39,520 --> 00:03:42,656 прашува за правецот до железничката станица. Нели? 76 00:03:42,680 --> 00:03:45,016 Наместо тоа, сакав да ја читам "Хари Потер", 77 00:03:45,040 --> 00:03:47,176 таа ми е омилената книга од детството, 78 00:03:47,200 --> 00:03:48,856 и ја имам прочитано многу пати. 79 00:03:48,880 --> 00:03:52,496 Па ја земав шпанската верзија на "Хари Потер" и започнав со читање, 80 00:03:52,520 --> 00:03:55,856 и секако дека на почетокот не разбирав речиси ништо, 81 00:03:55,880 --> 00:03:58,096 но продолжив со читање бидејќи ја обожувам книгата, 82 00:03:58,120 --> 00:04:02,256 и до крајот на книгата, можев да разбирам без речиси никаков проблем. 83 00:04:02,280 --> 00:04:04,896 Истото се случи кога учев германски. 84 00:04:04,920 --> 00:04:08,216 Решив да ја гледам "Пријатели", мојата омилена серија, на германски, 85 00:04:08,240 --> 00:04:11,336 и повторно, на почетокот, се беше само бесмислен звук. 86 00:04:11,360 --> 00:04:14,536 Не знаев каде еден збор завршува и друг започнува, 87 00:04:14,560 --> 00:04:17,216 но продолжив да гледам секој ден, бидејќи беше "Пријатели". 88 00:04:17,240 --> 00:04:19,616 Можам да ја гледам серијата на секој јазик. Толку ја сакам! 89 00:04:19,640 --> 00:04:21,656 И после втората и третата сезона, 90 00:04:21,680 --> 00:04:24,040 дијалозите започнаа да имаат смисла. 91 00:04:25,080 --> 00:04:28,136 Ова го сфатив само после средбата со другите полиглоти. 92 00:04:28,160 --> 00:04:29,736 Ние не сме гении, 93 00:04:29,760 --> 00:04:32,176 и немаме скратен пат за учење на јазици. 94 00:04:32,200 --> 00:04:36,016 Едноставно, сме нашле начини како да уживаме во процесот, 95 00:04:36,040 --> 00:04:39,416 како да го претвориме учењето на јазик од здодевен предмет на училиште 96 00:04:39,440 --> 00:04:42,640 во пријатна активност која можеме да ја правиме секој ден. 97 00:04:43,520 --> 00:04:45,696 Ако не сакате да пишувате зборови на хартија, 98 00:04:45,720 --> 00:04:47,416 можете да ги пишувате во апликација. 99 00:04:47,440 --> 00:04:50,256 Ако не сакате да слушате досаден материјал од учебник, 100 00:04:50,280 --> 00:04:54,576 најдете интересна содржина на YouTube или подкаст на било кој јазик. 101 00:04:54,600 --> 00:04:56,296 Ако сте повлечени 102 00:04:56,320 --> 00:04:59,336 и не можете да разговарате со луѓе на кои јазикот им е мајчин, 103 00:04:59,360 --> 00:05:01,696 можете да разговарате со самите себе. 104 00:05:01,720 --> 00:05:04,296 Можете да си разговарате со себе во удобна соба, 105 00:05:04,320 --> 00:05:07,216 опишувајќи ги вашите викенд планови, каков ви беше денот, 106 00:05:07,240 --> 00:05:09,376 или одберете било која слика од телефонот 107 00:05:09,400 --> 00:05:13,136 и опишете ја сликата на вашиот замислен пријател. 108 00:05:13,160 --> 00:05:15,656 Ова е начинот на кој полиглотите учат јазици, 109 00:05:15,680 --> 00:05:18,536 и добрите вести се, ова е достапно за сите оние 110 00:05:18,560 --> 00:05:21,240 кои сакаат да го земат учењето во свои раце. 111 00:05:22,520 --> 00:05:24,616 Запознавајќи полиглоти, сфатив 112 00:05:24,640 --> 00:05:27,656 дека е навистина важно да се најде аспект на уживање 113 00:05:27,680 --> 00:05:29,776 во процесот на изучување на јазици, 114 00:05:29,800 --> 00:05:32,840 но дека ова самото по себе не е доволно. 115 00:05:33,680 --> 00:05:36,416 Ако сакате течно да зборувате, 116 00:05:36,440 --> 00:05:38,920 мора да користите уште три други принципи. 117 00:05:39,760 --> 00:05:42,360 Прво, потребни ви се ефикасни методи. 118 00:05:43,160 --> 00:05:46,576 Ако се обидете да запомнете листа со зборови за утрешниот тест, 119 00:05:46,600 --> 00:05:48,976 зборовите се зачуваат во краткотрајна меморија 120 00:05:49,000 --> 00:05:50,905 и ќе ги заборавите за неколку денови. 121 00:05:51,400 --> 00:05:54,336 Но ако сакате да ги запомнете зборовите за подолго време, 122 00:05:54,360 --> 00:05:57,296 треба да ги повторувате во текот на неколку дена, континуирано 123 00:05:57,320 --> 00:05:59,536 користејќи т.н. повторување во место. 124 00:05:59,560 --> 00:06:03,816 За ова може да користите различни апликациикако Anki или Memrise, 125 00:06:03,840 --> 00:06:07,176 или пишувајте листа со зборови во тетратка, со методот Златна листа, 126 00:06:07,200 --> 00:06:09,896 кој е многу популарен кај многу полиглоти. 127 00:06:09,920 --> 00:06:13,656 Ако не сте сигурни кои методи се ефикасни и достапни, 128 00:06:13,680 --> 00:06:16,696 проверете некои од YouTube каналите и веб-страници на полиглоти 129 00:06:16,720 --> 00:06:18,496 и најдете инспирација. 130 00:06:18,520 --> 00:06:21,440 Ако е корисно за нив, најверојатно ќе биде корисно и за вас. 131 00:06:22,840 --> 00:06:24,816 Третиот принцип кој треба да го следите 132 00:06:24,840 --> 00:06:27,000 е да креирате систем во вашето учење. 133 00:06:27,720 --> 00:06:31,936 Сите ние сме многу зафатени и никој нема врема да учи јазик во денешно време. 134 00:06:31,960 --> 00:06:35,736 Но можеме да го создадеме тоа време ако планираме навреме. 135 00:06:35,760 --> 00:06:39,176 Дали можете да се разбудите 15 минути порано од вообичаеното? 136 00:06:39,200 --> 00:06:42,496 Тоа би било идеално време да го вежбате вокабуларот. 137 00:06:42,520 --> 00:06:46,256 Дали можете да слушате подкаст додека возите кон вашето работно место? 138 00:06:46,280 --> 00:06:49,736 Тоа би било одлично за да ги вежбате вашите способности за слушање. 139 00:06:49,760 --> 00:06:53,286 Има многу работи што може да ги правиме без да го планираме времето за нив 140 00:06:53,286 --> 00:06:55,896 како што е слушање на подкаст на патот кон работа 141 00:06:55,920 --> 00:06:57,576 или додека вршиме домашни работа. 142 00:06:57,600 --> 00:07:00,896 Битната работа е да направите план за учење. 143 00:07:00,920 --> 00:07:03,416 "Јас ќе вежбам зборување секој вторник и четврток 144 00:07:03,440 --> 00:07:05,496 со пријател, по 20 минути. 145 00:07:05,520 --> 00:07:09,936 Ќе слушам видео на YouTube додека појадувам." 146 00:07:09,960 --> 00:07:12,096 Ако направите систем за вашето учење, 147 00:07:12,120 --> 00:07:14,016 нема да ви треба дополнително време, 148 00:07:14,040 --> 00:07:16,480 бидејќи ќе ви стане дел од секојдневниот живот. 149 00:07:17,880 --> 00:07:21,096 И конечно, ако сакате навистина да научите странски јазик, 150 00:07:21,120 --> 00:07:23,840 ви треба малку трпеливост. 151 00:07:24,600 --> 00:07:27,336 Не е можно да се научи јазик за два месеци, 152 00:07:27,360 --> 00:07:31,256 но дефинитивно можно е да се има напредок за два месеци, 153 00:07:31,280 --> 00:07:35,016 ако учите во мали количини секој ден, на начин во кој уживате. 154 00:07:35,040 --> 00:07:37,176 И нема ништо што нѐ мотивира повеќе 155 00:07:37,200 --> 00:07:38,440 од сопствениот успех. 156 00:07:39,120 --> 00:07:41,016 Сѐ уште го помнам моментот 157 00:07:41,040 --> 00:07:44,720 кога ја разбрав првата шега на германски кога ја гледав серијата "Пријатели." 158 00:07:45,280 --> 00:07:47,136 Бев толку среќна и мотивирана 159 00:07:47,160 --> 00:07:50,176 што продолжив да гледам тој ден, уште две епизоди, 160 00:07:50,200 --> 00:07:51,936 и како што продолжив да гледам, 161 00:07:51,960 --> 00:07:56,176 имав повеќе и повеќе од овие моменти на разбирање, овие мали победи, 162 00:07:56,200 --> 00:07:59,656 и чекор по чекор, стасав до ниво на кое можев да го користам јазикот 163 00:07:59,680 --> 00:08:02,536 слободно и течно да изразам било што. 164 00:08:02,560 --> 00:08:04,080 Тоа е прекрасно чувство, 165 00:08:04,800 --> 00:08:06,496 и не ми е доста од тоа чуство, 166 00:08:06,520 --> 00:08:09,336 затоа продолжувам да учам нов јазик секоја втора година. 167 00:08:09,360 --> 00:08:11,416 Па ова е тајната на полиглотите. 168 00:08:11,440 --> 00:08:14,296 Најдете ефективни методи кои ќе ги употребувате систематично 169 00:08:14,320 --> 00:08:17,616 во одреден временски период на начин на кој уживате, 170 00:08:17,640 --> 00:08:21,520 и ова е како полиглотите учат јазици за неколку месеци, не години. 171 00:08:23,160 --> 00:08:24,776 Сега, некои од вас можеби мислат, 172 00:08:24,800 --> 00:08:27,136 "Сето тоа е супер, да уживаш да учиш јазик, 173 00:08:27,160 --> 00:08:29,696 но нели е вистинската тајна на полиглотите тоа што 174 00:08:29,720 --> 00:08:32,320 се супер талентирани, а повеќето од нас не се?" 175 00:08:33,320 --> 00:08:36,400 Па, има една работа што не ви ја кажав за Бени и Лукас. 176 00:08:37,159 --> 00:08:42,976 Бени учел ирски и германски 11 години на училиште. 177 00:08:43,000 --> 00:08:46,216 И воопшто не можел да ги зборува кога завршил со образованието. 178 00:08:46,240 --> 00:08:50,416 До 21-та година, мислел дека го нема јазичниот ген 179 00:08:50,440 --> 00:08:52,856 и не можел да зборува ниеден странски јазик. 180 00:08:52,880 --> 00:08:55,816 Тогаш започнал да го бара својот начин за изучување на јазик, 181 00:08:55,840 --> 00:08:59,696 кој беше разговор со луѓе на кои тоа им е мајчин јазик и добивање на фидбек, 182 00:08:59,720 --> 00:09:03,680 и денес Бени може слободно да разговара на 10 различни јазици. 183 00:09:05,120 --> 00:09:08,416 Лукас се обидувал да научи англиски 10 години на училиште. 184 00:09:08,440 --> 00:09:11,056 И бил еден од најслабите ученици во класот. 185 00:09:11,080 --> 00:09:12,696 Другарите се шегувале со него 186 00:09:12,720 --> 00:09:15,336 и му дале учебник по руски како шега 187 00:09:15,360 --> 00:09:19,096 бидејќи мислеле дека никогаш нема да научи ниеден странски јазик. 188 00:09:19,120 --> 00:09:21,496 И тогаш Лукас започнал да експериментира со методи 189 00:09:21,520 --> 00:09:23,320 барајќи го својот начин на учење, 190 00:09:24,520 --> 00:09:28,696 на пример, преку Skype разговор со странци. 191 00:09:28,720 --> 00:09:30,536 И 10 години подоцна, 192 00:09:30,560 --> 00:09:33,880 Лукас може да зборува течно 11 јазици. 193 00:09:35,000 --> 00:09:36,560 Дали тоа звучи како чудо? 194 00:09:37,440 --> 00:09:40,040 Па, јас гледам такви чуда секој ден. 195 00:09:40,760 --> 00:09:42,096 Како ментор за јазици, 196 00:09:42,120 --> 00:09:44,536 јас помагам на луѓе да учат јазик сами, 197 00:09:44,560 --> 00:09:45,856 и го гледам ова секој ден. 198 00:09:45,880 --> 00:09:50,056 Луѓе кои се измачувале со изучување на јазик 5, 10 или 20 години, 199 00:09:50,080 --> 00:09:53,936 и одеднаш го земаат учењето во свои раце, 200 00:09:53,960 --> 00:09:57,256 почнуваат да користат материјал кој им е интересен и ефикасни методи, 201 00:09:57,280 --> 00:09:59,096 започнуваат да го следат учењето 202 00:09:59,120 --> 00:10:02,056 за да можат да се радуваат на напредокот 203 00:10:02,080 --> 00:10:04,016 и тогаш одеднаш 204 00:10:04,040 --> 00:10:08,240 магично го наоѓаат талентот за јазици кој го барале целиот свој живот. 205 00:10:09,480 --> 00:10:11,656 Па ако сте се обиделе да учите странски јазик 206 00:10:11,680 --> 00:10:14,096 и сте се откажале, мислејќи дека е премногу тешко 207 00:10:14,120 --> 00:10:16,376 или дека го немате талентот за јазици, 208 00:10:16,400 --> 00:10:17,936 обидете се повторно. 209 00:10:17,960 --> 00:10:20,816 Можеби имате некој друг интересен метод 210 00:10:20,840 --> 00:10:22,602 за течно познавање на јазикот. 211 00:10:22,960 --> 00:10:26,896 Можеби имате некој друг метод за да станете полиглот. 212 00:10:26,920 --> 00:10:28,136 Ви благодарам. 213 00:10:28,160 --> 00:10:32,360 (Аплауз)