WEBVTT 00:00:01.760 --> 00:00:04.656 Јас сакам да учам странски јазици. 00:00:04.680 --> 00:00:08.736 Всушност, сакам толку многу што учам нов јазик секоја втора година, 00:00:08.760 --> 00:00:10.856 и моментално работам на мојот осми јазик. 00:00:10.880 --> 00:00:13.496 Кога луѓето ќе го дознаат ова, секогаш ме прашуваат, 00:00:13.520 --> 00:00:15.616 "Како го правиш тоа? Која е твојата тајна?“ 00:00:15.640 --> 00:00:18.656 И да бидам искрена, долго време мојот одговор беше, 00:00:18.680 --> 00:00:21.000 "Не знам. Јас едноставно сакам да учам јазици.“ 00:00:21.720 --> 00:00:23.976 Но луѓето не беа задоволни со тој одговор. 00:00:24.000 --> 00:00:27.976 Тие сакаа да знаат зошто им се потребни години за да научат само еден јазик, 00:00:28.000 --> 00:00:29.536 никогаш не достигнувајќи високо ниво, 00:00:29.560 --> 00:00:32.616 додека еве ме мене, учам еден по друг. 00:00:32.640 --> 00:00:34.856 Тие сакаа да ја дознаат тајната на полиглотите, 00:00:34.880 --> 00:00:36.600 луѓе кои зборуваат многу јазици. 00:00:37.400 --> 00:00:38.816 И тоа ме натера да се запрашам, 00:00:38.840 --> 00:00:41.136 како всушност други полиглоти учат јазици? 00:00:41.160 --> 00:00:42.656 Што е тоа што ни е заедничко? 00:00:42.680 --> 00:00:44.616 И што е тоа што ни овозможува 00:00:44.640 --> 00:00:47.080 да учиме јазици многу побрзо од други луѓе? 00:00:47.880 --> 00:00:50.720 Се решив да запознаам други луѓе како мене и да дознаам. NOTE Paragraph 00:00:51.760 --> 00:00:53.816 Најдоброто место да запознаете многу полиглоти, 00:00:53.840 --> 00:00:56.136 е настан каде стотици љубители на јазици 00:00:56.160 --> 00:00:59.016 се среќаваат на едно место да ги вежбаат своите јазични способности. 00:00:59.040 --> 00:01:02.336 Постојат неколку такви полиглотски настани во светот, 00:01:02.360 --> 00:01:03.736 па се решив да посетам еден 00:01:03.760 --> 00:01:06.200 и да ги прашам полиглотите за методите кои ги користат. NOTE Paragraph 00:01:07.200 --> 00:01:09.136 Па така го запознав Бени од Ирска, 00:01:09.160 --> 00:01:13.320 кој ми кажа дека неговиот метод е да започне да зборува од првиот ден. 00:01:14.240 --> 00:01:17.136 Тој учи неколку фрази од разговорник 00:01:17.160 --> 00:01:18.736 и потоа запознава изворни говорници. 00:01:18.760 --> 00:01:21.576 и започнува разговор со нив. 00:01:21.600 --> 00:01:24.376 Него не му пречи што прави дури и по 200 грешки дневно, 00:01:24.400 --> 00:01:26.840 бидејќи така учи, врз основа на фидбек. 00:01:27.480 --> 00:01:30.616 И најдобро од сѐ е што не мора да патува многу, 00:01:30.640 --> 00:01:33.576 бидејќи лесно може да разговара со луѓе од друго говорно подрачје, 00:01:33.600 --> 00:01:36.296 од својата дневна соба, користејќи веб страни. NOTE Paragraph 00:01:36.320 --> 00:01:38.096 Исто така го запознав и Лука од Бразил 00:01:38.120 --> 00:01:40.600 кој имаше навистина интересен метод за учење Руски. 00:01:41.200 --> 00:01:46.856 Едноставно, тој додал стотици Руси на својот Скајп, 00:01:46.880 --> 00:01:50.776 започнал разговор со еден од нив, 00:01:50.800 --> 00:01:52.240 и напишал "Здраво“ на руски. 00:01:53.000 --> 00:01:55.576 И личноста му одговорила "Здраво, како си?“ 00:01:55.600 --> 00:02:00.056 Лукас го ископирал ова и го испратил на друга личност, 00:02:00.080 --> 00:02:03.656 и личноста одговорила, "Јас сум добро, како си ти?“ 00:02:03.680 --> 00:02:06.656 Лукас го ископирал ова и го пратил назад на првата личност, 00:02:06.680 --> 00:02:10.136 и на овој начин поврзал двајца непознати да разговараат еден со друг 00:02:10.160 --> 00:02:11.576 без да знаат за тоа. NOTE Paragraph 00:02:11.600 --> 00:02:12.856 (Смеа) NOTE Paragraph 00:02:12.880 --> 00:02:14.776 И набрзо започнал да пишува и самиот, 00:02:14.800 --> 00:02:16.936 бидејќи имал толку многу вакви разговори 00:02:16.960 --> 00:02:19.976 и сфатил како се започнува разговор на руски. 00:02:20.000 --> 00:02:22.336 Каков генијален метод, нели? NOTE Paragraph 00:02:22.360 --> 00:02:26.856 Потоа запознав полиглоти кои започнуваат со имитирање на звуците од јазикот 00:02:26.880 --> 00:02:31.296 и други кои прво ги учат најчестите 500 зборови од јазикот, 00:02:31.320 --> 00:02:34.720 и трети кои секогаш започнуваат со изучување на граматиката. 00:02:35.600 --> 00:02:37.896 Ако запрашав сто различни полиглоти, 00:02:37.920 --> 00:02:41.536 ќе добиев сто различни начини на учење странски јазици. 00:02:41.560 --> 00:02:45.176 Изгледа дека сите имаат уникатен начин да научат нов јазик, 00:02:45.200 --> 00:02:49.080 а сепак сите го постигнуваме истиот резултат, зборуваме течно неколку јазици. NOTE Paragraph 00:02:50.120 --> 00:02:54.416 И како што овие полиглоти ми кажуваа за нивните методи, 00:02:54.440 --> 00:02:56.736 одеднаш сфатив нешто: 00:02:56.760 --> 00:02:59.896 она што ни е заедничко на сите 00:02:59.920 --> 00:03:05.456 е тоа што едноставно најдовме начин како да уживаме во процесот на учење јазик. 00:03:05.480 --> 00:03:08.256 Сите овие полиглоти зборуваа за изучувањето на јазик 00:03:08.280 --> 00:03:09.536 како нешто многу забавно. 00:03:09.560 --> 00:03:11.136 Требаше да им ги видите лицата 00:03:11.160 --> 00:03:13.776 кога ми ги покажуваа нивните граматички табели во повеќе бои, 00:03:13.800 --> 00:03:16.296 и нивните внимателно изработени мемориски карти, 00:03:16.320 --> 00:03:19.336 и нивните статистики за учење вокабулар со помош на апликации, 00:03:19.360 --> 00:03:23.560 па дури и колку многу сакаат да готват користејќи рецепти на странски јазик. 00:03:24.680 --> 00:03:26.416 Секој од нив имаше различен метод, 00:03:26.440 --> 00:03:30.216 но исто така секој од нив имаше метод во кој навистина ужива. NOTE Paragraph 00:03:30.240 --> 00:03:34.136 Сфатив дека всушност ова е начинот на кој и јас учам јазици. 00:03:34.160 --> 00:03:37.736 Кога учев шпански,ми здосадија текстовите во книгата. 00:03:37.760 --> 00:03:39.496 Кој сака да чита за тоа како Хозе 00:03:39.520 --> 00:03:42.656 прашува за правецот до железничката станица. Нели? 00:03:42.680 --> 00:03:45.016 Наместо тоа, сакав да ја читам "Хари Потер", 00:03:45.040 --> 00:03:47.176 таа ми е омилената книга од детството, 00:03:47.200 --> 00:03:48.856 и ја имам прочитано многу пати. 00:03:48.880 --> 00:03:52.496 Па ја земав шпанската верзија на "Хари Потер" и започнав со читање, 00:03:52.520 --> 00:03:55.856 и секако дека на почетокот не разбирав речиси ништо, 00:03:55.880 --> 00:03:58.096 но продолжив со читање бидејќи ја обожувам книгата, 00:03:58.120 --> 00:04:02.256 и до крајот на книгата, можев да разбирам без речиси никаков проблем. 00:04:02.280 --> 00:04:04.896 Истото се случи кога учев германски. 00:04:04.920 --> 00:04:08.216 Решив да ја гледам "Пријатели", мојата омилена серија, на германски, 00:04:08.240 --> 00:04:11.336 и повторно, на почетокот, се беше само бесмислен звук. 00:04:11.360 --> 00:04:14.536 Не знаев каде еден збор завршува и друг започнува, 00:04:14.560 --> 00:04:17.216 но продолжив да гледам секој ден, бидејќи беше "Пријатели". 00:04:17.240 --> 00:04:19.616 Можам да ја гледам серијата на секој јазик. Толку ја сакам! 00:04:19.640 --> 00:04:21.656 И после втората и третата сезона, 00:04:21.680 --> 00:04:24.040 дијалозите започнаа да имаат смисла. NOTE Paragraph 00:04:25.080 --> 00:04:28.136 Ова го сфатив само после средбата со другите полиглоти. 00:04:28.160 --> 00:04:29.736 Ние не сме гении, 00:04:29.760 --> 00:04:32.176 и немаме скратен пат за учење на јазици. 00:04:32.200 --> 00:04:36.016 Едноставно, сме нашле начини како да уживаме во процесот, 00:04:36.040 --> 00:04:39.416 како да го претвориме учењето на јазик од здодевен предмет на училиште 00:04:39.440 --> 00:04:42.640 во пријатна активност која можеме да ја правиме секој ден. 00:04:43.520 --> 00:04:45.696 Ако не сакате да пишувате зборови на хартија, 00:04:45.720 --> 00:04:47.416 можете да ги пишувате во апликација. 00:04:47.440 --> 00:04:50.256 Ако не сакате да слушате досаден материјал од учебник, 00:04:50.280 --> 00:04:54.576 најдете интересна содржина на YouTube или подкаст на било кој јазик. 00:04:54.600 --> 00:04:56.296 Ако сте повлечени 00:04:56.320 --> 00:04:59.336 и не можете да разговарате со луѓе на кои јазикот им е мајчин, 00:04:59.360 --> 00:05:01.696 можете да разговарате со самите себе. 00:05:01.720 --> 00:05:04.296 Можете да си разговарате со себе во удобна соба, 00:05:04.320 --> 00:05:07.216 опишувајќи ги вашите викенд планови, каков ви беше денот, 00:05:07.240 --> 00:05:09.376 или одберете било која слика од телефонот 00:05:09.400 --> 00:05:13.136 и опишете ја сликата на вашиот замислен пријател. 00:05:13.160 --> 00:05:15.656 Ова е начинот на кој полиглотите учат јазици, 00:05:15.680 --> 00:05:18.536 и добрите вести се, ова е достапно за сите оние 00:05:18.560 --> 00:05:21.240 кои сакаат да го земат учењето во свои раце. NOTE Paragraph 00:05:22.520 --> 00:05:24.616 Запознавајќи полиглоти, сфатив 00:05:24.640 --> 00:05:27.656 дека е навистина важно да се најде аспект на уживање 00:05:27.680 --> 00:05:29.776 во процесот на изучување на јазици, 00:05:29.800 --> 00:05:32.840 но дека ова самото по себе не е доволно. 00:05:33.680 --> 00:05:36.416 Ако сакате течно да зборувате, 00:05:36.440 --> 00:05:38.920 мора да користите уште три други принципи. NOTE Paragraph 00:05:39.760 --> 00:05:42.360 Прво, потребни ви се ефикасни методи. 00:05:43.160 --> 00:05:46.576 Ако се обидете да запомнете листа со зборови за утрешниот тест, 00:05:46.600 --> 00:05:48.976 зборовите се зачуваат во краткотрајна меморија 00:05:49.000 --> 00:05:50.905 и ќе ги заборавите за неколку денови. 00:05:51.400 --> 00:05:54.336 Но ако сакате да ги запомнете зборовите за подолго време, 00:05:54.360 --> 00:05:57.296 треба да ги повторувате во текот на неколку дена, континуирано 00:05:57.320 --> 00:05:59.536 користејќи т.н. повторување во место. 00:05:59.560 --> 00:06:03.816 За ова може да користите различни апликациикако Anki или Memrise, 00:06:03.840 --> 00:06:07.176 или пишувајте листа со зборови во тетратка, со методот Златна листа, 00:06:07.200 --> 00:06:09.896 кој е многу популарен кај многу полиглоти. 00:06:09.920 --> 00:06:13.656 Ако не сте сигурни кои методи се ефикасни и достапни, 00:06:13.680 --> 00:06:16.696 проверете некои од YouTube каналите и веб-страници на полиглоти 00:06:16.720 --> 00:06:18.496 и најдете инспирација. 00:06:18.520 --> 00:06:21.440 Ако е корисно за нив, најверојатно ќе биде корисно и за вас. NOTE Paragraph 00:06:22.840 --> 00:06:24.816 Третиот принцип кој треба да го следите 00:06:24.840 --> 00:06:27.000 е да креирате систем во вашето учење. 00:06:27.720 --> 00:06:31.936 Сите ние сме многу зафатени и никој нема врема да учи јазик во денешно време. 00:06:31.960 --> 00:06:35.736 Но можеме да го создадеме тоа време ако планираме навреме. 00:06:35.760 --> 00:06:39.176 Дали можете да се разбудите 15 минути порано од вообичаеното? 00:06:39.200 --> 00:06:42.496 Тоа би било идеално време да го вежбате вокабуларот. 00:06:42.520 --> 00:06:46.256 Дали можете да слушате подкаст додека возите кон вашето работно место? 00:06:46.280 --> 00:06:49.736 Тоа би било одлично за да ги вежбате вашите способности за слушање. 00:06:49.760 --> 00:06:53.286 Има многу работи што може да ги правиме без да го планираме времето за нив 00:06:53.286 --> 00:06:55.896 како што е слушање на подкаст на патот кон работа 00:06:55.920 --> 00:06:57.576 или додека вршиме домашни работа. 00:06:57.600 --> 00:07:00.896 Битната работа е да направите план за учење. 00:07:00.920 --> 00:07:03.416 "Јас ќе вежбам зборување секој вторник и четврток 00:07:03.440 --> 00:07:05.496 со пријател, по 20 минути. 00:07:05.520 --> 00:07:09.936 Ќе слушам видео на YouTube додека појадувам." 00:07:09.960 --> 00:07:12.096 Ако направите систем за вашето учење, 00:07:12.120 --> 00:07:14.016 нема да ви треба дополнително време, 00:07:14.040 --> 00:07:16.480 бидејќи ќе ви стане дел од секојдневниот живот. NOTE Paragraph 00:07:17.880 --> 00:07:21.096 И конечно, ако сакате навистина да научите странски јазик, 00:07:21.120 --> 00:07:23.840 ви треба малку трпеливост. 00:07:24.600 --> 00:07:27.336 Не е можно да се научи јазик за два месеци, 00:07:27.360 --> 00:07:31.256 но дефинитивно можно е да се има напредок за два месеци, 00:07:31.280 --> 00:07:35.016 ако учите во мали количини секој ден, на начин во кој уживате. 00:07:35.040 --> 00:07:37.176 И нема ништо што нѐ мотивира повеќе 00:07:37.200 --> 00:07:38.440 од сопствениот успех. NOTE Paragraph 00:07:39.120 --> 00:07:41.016 Сѐ уште го помнам моментот 00:07:41.040 --> 00:07:44.720 кога ја разбрав првата шега на германски кога ја гледав серијата "Пријатели." 00:07:45.280 --> 00:07:47.136 Бев толку среќна и мотивирана 00:07:47.160 --> 00:07:50.176 што продолжив да гледам тој ден, уште две епизоди, 00:07:50.200 --> 00:07:51.936 и како што продолжив да гледам, 00:07:51.960 --> 00:07:56.176 имав повеќе и повеќе од овие моменти на разбирање, овие мали победи, 00:07:56.200 --> 00:07:59.656 и чекор по чекор, стасав до ниво на кое можев да го користам јазикот 00:07:59.680 --> 00:08:02.536 слободно и течно да изразам било што. 00:08:02.560 --> 00:08:04.080 Тоа е прекрасно чувство, 00:08:04.800 --> 00:08:06.496 и не ми е доста од тоа чуство, 00:08:06.520 --> 00:08:09.336 затоа продолжувам да учам нов јазик секоја втора година. NOTE Paragraph 00:08:09.360 --> 00:08:11.416 Па ова е тајната на полиглотите. 00:08:11.440 --> 00:08:14.296 Најдете ефективни методи кои ќе ги употребувате систематично 00:08:14.320 --> 00:08:17.616 во одреден временски период на начин на кој уживате, 00:08:17.640 --> 00:08:21.520 и ова е како полиглотите учат јазици за неколку месеци, не години. NOTE Paragraph 00:08:23.160 --> 00:08:24.776 Сега, некои од вас можеби мислат, 00:08:24.800 --> 00:08:27.136 "Сето тоа е супер, да уживаш да учиш јазик, 00:08:27.160 --> 00:08:29.696 но нели е вистинската тајна на полиглотите тоа што 00:08:29.720 --> 00:08:32.320 се супер талентирани, а повеќето од нас не се?" NOTE Paragraph 00:08:33.320 --> 00:08:36.400 Па, има една работа што не ви ја кажав за Бени и Лукас. 00:08:37.159 --> 00:08:42.976 Бени учел ирски и германски 11 години на училиште. 00:08:43.000 --> 00:08:46.216 И воопшто не можел да ги зборува кога завршил со образованието. 00:08:46.240 --> 00:08:50.416 До 21-та година, мислел дека го нема јазичниот ген 00:08:50.440 --> 00:08:52.856 и не можел да зборува ниеден странски јазик. 00:08:52.880 --> 00:08:55.816 Тогаш започнал да го бара својот начин за изучување на јазик, 00:08:55.840 --> 00:08:59.696 кој беше разговор со луѓе на кои тоа им е мајчин јазик и добивање на фидбек, 00:08:59.720 --> 00:09:03.680 и денес Бени може слободно да разговара на 10 различни јазици. 00:09:05.120 --> 00:09:08.416 Лукас се обидувал да научи англиски 10 години на училиште. 00:09:08.440 --> 00:09:11.056 И бил еден од најслабите ученици во класот. 00:09:11.080 --> 00:09:12.696 Другарите се шегувале со него 00:09:12.720 --> 00:09:15.336 и му дале учебник по руски како шега 00:09:15.360 --> 00:09:19.096 бидејќи мислеле дека никогаш нема да научи ниеден странски јазик. 00:09:19.120 --> 00:09:21.496 И тогаш Лукас започнал да експериментира со методи 00:09:21.520 --> 00:09:23.320 барајќи го својот начин на учење, 00:09:24.520 --> 00:09:28.696 на пример, преку Skype разговор со странци. 00:09:28.720 --> 00:09:30.536 И 10 години подоцна, 00:09:30.560 --> 00:09:33.880 Лукас може да зборува течно 11 јазици. NOTE Paragraph 00:09:35.000 --> 00:09:36.560 Дали тоа звучи како чудо? 00:09:37.440 --> 00:09:40.040 Па, јас гледам такви чуда секој ден. 00:09:40.760 --> 00:09:42.096 Како ментор за јазици, 00:09:42.120 --> 00:09:44.536 јас помагам на луѓе да учат јазик сами, 00:09:44.560 --> 00:09:45.856 и го гледам ова секој ден. 00:09:45.880 --> 00:09:50.056 Луѓе кои се измачувале со изучување на јазик 5, 10 или 20 години, 00:09:50.080 --> 00:09:53.936 и одеднаш го земаат учењето во свои раце, 00:09:53.960 --> 00:09:57.256 почнуваат да користат материјал кој им е интересен и ефикасни методи, 00:09:57.280 --> 00:09:59.096 започнуваат да го следат учењето 00:09:59.120 --> 00:10:02.056 за да можат да се радуваат на напредокот 00:10:02.080 --> 00:10:04.016 и тогаш одеднаш 00:10:04.040 --> 00:10:08.240 магично го наоѓаат талентот за јазици кој го барале целиот свој живот. NOTE Paragraph 00:10:09.480 --> 00:10:11.656 Па ако сте се обиделе да учите странски јазик 00:10:11.680 --> 00:10:14.096 и сте се откажале, мислејќи дека е премногу тешко 00:10:14.120 --> 00:10:16.376 или дека го немате талентот за јазици, 00:10:16.400 --> 00:10:17.936 обидете се повторно. 00:10:17.960 --> 00:10:20.816 Можеби имате некој друг интересен метод 00:10:20.840 --> 00:10:22.602 за течно познавање на јазикот. 00:10:22.960 --> 00:10:26.896 Можеби имате некој друг метод за да станете полиглот. NOTE Paragraph 00:10:26.920 --> 00:10:28.136 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:10:28.160 --> 00:10:32.360 (Аплауз)