-
(ѕвоно)
Плам Вилиџ, Франција, Мај 2014
-
Зен Мајсторот Тич Нат Хан
Одговара на прашања
-
од неговите милион следбеници на Фејсбук
-
Прашање бр.5:
Како да останам во сегашниот миг кога се чини дека е неподнослив?
-
Како да останам во сегашниот миг
кога се чини дека е неподнослив?
-
Во Плам Вилиџ секогаш кажуваме
-
„Да не се заборавиме во минатото и иднината "
-
„Да се вратиме на сегашниот миг"
-
И ова прашање говори за тоа „Како може да останам во сегашниот миг
-
кога сегашниот миг се чини дека е неподнослив?“
-
Тоа е добро прашање.
-
(Смеа)
-
Секој што ја знае практиката на свесно внимание
-
знае дека мора да се врати дома во сегашниот миг.
-
Кога ќе се вратите дома во сегашноста, можете да најдете ...
-
два вида на ситуации:
-
Првиот вид на ситуација е
-
дека има толку многу услови на среќа достапни
-
овде и сега.
-
Кога вдишувате и го носите вашиот ум дома, во вашето тело
-
се воспоставувате во сегашниот миг
-
и забележувате дека има толку многу
освежувачки и лековити елементи
-
достапни во сегашниот миг.
-
Исто така, постојат и многу услови за
среќа достапни во сегашниот миг.
-
И со таа свесност,
-
многу лесно е да се создадат чувства на радост и среќа.
-
Што можете да ги создадете за да се негувате себеси.
-
Да се негувате со радост и среќа.
-
Значи, тоа е првото нешто со кое се среќавате
кога се враќате во сегашниот миг.
-
Втората ситуација е дека кога одите
назад во сегашниот миг
-
може да наидете на чувство на болка,
-
чувство на болна емоција,
-
што е во вас.
-
Всушност болно чувство,
болна емоција,
-
се манифестира од време на време.
-
Но, кога ќе почне да се манифестира,
не сакате да бидете таму
-
па затоа се обидувате да избегате,
-
преправајќи се дека чувството не е таму.
-
Па така никој не е таму за да се погрижи за
болното чувство или болната емоција.
-
Значи, враќајќи се во сегашниот миг,
тука, веќе не е за да се препознаат
-
елементите на радост и среќа,
-
но за да се има шанса да се погрижиме
за болката во самите нас
-
и да ја преобразиме.
-
Значи, дури и ако сегашниот миг
е неподнослив,
-
да се вратаме во тој миг
е единствената шанса за нас
-
да направиме нешто за да ја
да ја смириме болката
-
и да ја преобразиме.
-
Повеќето од луѓето не го прават тоа
-
затоа што се плашат дека кога ќе
се вратат дома во себеси,
-
и ќе ја допрат нивната болка,
-
мислат дека ќе бидат совладани од
од сопственото страдање
-
па затоа нивната практика е да избегаат.
-
Да замислат нешто во
иднината за да заборават
-
или да се вратат во минатото за
да заборават.
-
Но, минатото и иднината,
тие се како слики.
-
Не се реалност.
-
Само сегашниот миг е реален.
-
Многу луѓе се обидуваат да ја
затскријат болката внатре
-
не само со тоа што ќе се вратат во минатото
или со тоа што брзаат кон иднината,
-
за да замислат дека ќе има
некаква надеж,
-
некаков крај на страдањето
во иднина
-
но тоа не може да трае долго.
-
И повеќето луѓе се обидуваат да го затскријат страдањето внатре
-
преку практиката на консумпција.
-
Читаме списанија и
гледаме телевизија
-
се обидуваме да најдеме нешто за јадење
-
слушаме музика, го креваме телефонот
да разговараме,
-
сè што правиме, правиме затоа што
се надеваме дека со правење на овие работи,
-
не треба да се соочиме со
страдањето во нас.
-
И, дозволуваме на таа болка да
продолжи да расте во нас.
-
Така, практиката на свесно внимание ни помага
да дојдеме дома во сегашниот миг.
-
Дури и ако мигот не е пријатен,
-
но тоа е единствениот миг
-
во кој можеме да го разбереме страдањето,
-
и во кој можеме да најдеме начин да го смириме
-
и да го преобразиме.
-
Значи, следниот пат кога ќе видите дека
сегашноста е непријатна,
-
немој да мислите дека бегањето од неа
е најдобриот начин.
-
Не. Сепак има шанса.
-
Затоа, останете во тој момент и погледнете длабоко
во природата на вашето страдање.
-
Ако знаете како да практикувате
свесно дишење,
-
или свесно одење,
-
создавајќи енергија на свесно внимание
-
тогаш таа енергија на
свесно внимание, генерирана од практиката
-
ќе ви помогне да бидете доволно силни
-
да ја препознаете болката и нежно да ја прегрнете.
-
И ако нежно ја прегрнете вашата болка
-
за неколку минути,
можете да ја смирите.
-
И ...
-
ако има други практиканти кои вежбаат
со вас
-
тогаш можете да ја искористите
нивната енергија на свесно внимание
-
и сочувство.
-
Да се биде во контакт со
страдањето,
-
носи разбирање на страдањето.
-
И ...
-
енергијата на сочувство -
разбирање и сочувство -
-
имаат исцелителна моќ.
-
Да ве излекуваат вас и да ги излекуваат луѓето
кои ќе се најдат околу вас во тоа време.
-
И ако има група на
луѓе што вежбаат,
-
заедно, прифаќајќи ги страдањата
со нежност,
-
тие ќе ја доживеат таа заедничка енергија на сочувство што ќе ги излечи.
-
И кога страдаат помалку, тие се
во ситуација да им помогнат на другите
-
да го сторат истото.
-
Постои Бодисатва чие име
е Кшитигарба.
-
Заветот на Кшитигарба е да
оди на местата каде
-
има многу страдање.
-
како би имал шанса да служи, да помогне.
-
И има многу доктори, медицински сестри, социјални
работници. Тие го прават истото
-
Волонтираат да одат во болните места
на земјата, на Мајка Земја
-
со цел да им помогнат на народот.
-
Па така Бодисатвите Кшитигарба -
тие се реални, тие не се само слики.
-
Многу млади луѓе служат како Бодисатви Кшитигарба.
-
Тие не се плашат од страдање.
-
Затоа што тие знаат дека можат да донесат олеснување.
-
Бодисатва Кшитигарба има силен
и моќен извор на енергија.
-
Тоа е стремежот,
-
третиот вид на хранлива храна:
Волјата.
-
Свесни сте дека сте овде - живи.
-
И сакате да направите
нешто со вашиот живот.
-
Сакате вашиот живот
да биде корисен, значаен.
-
Па така, давате силен завет да
одете да им помогнете на луѓето кои страдаат.
-
Па, не се плашите од одењето
во ситуации на страдање.
-
И овие Бодисатви треба
бидат поддржани од нас.
-
Сакате да ги поддржите, за да не ја изгубат својата аспирација по неколкугодишна служба.
-
Мораме да им ја испратиме нашата енергија
на охрабрување.
-
Ним им треба нега и заздравување
-
Значи, после шест месеци работа во многу
тешка состојба, тие си одат дома
-
и тие нè имаат нас да се грижиме за нив.
-
Им даваме време да заздрават, за да можат повторно да одат, по втор пат и трет пат.
-
На Бодисатвите Кшитигарба исто така им е потребна помош.
-
Значи, ние сме таму за да им помогнеме на младите
Кшитигарби да ја продолжат својата работа
-
во светот.
-
Значи, ако имате сочувство,
-
нема да ви пречи да сте во тешка,
страдачка состојба.
-
И ако имате доволно сочувство
-
тогаш сте заштитени. Вие нема да бидете
обземени од колективната енергија
-
на страдање која зрачи од
луѓето наоколу.
-
А, Бодисатва Кшитигарба знае дека му треба санга
-
за да продолжи со неговата служба подолго време.
-
Значи, практиката не треба
да биде само индивидуална.
-
Практиката треба да биде
колективна исто така.
-
Па така да се обидеме да ги убедиме луѓето во нашето семејство да се приклучат на практиката.
-
И најдобриот начин да го направите тоа е да станете
се повеќе и повеќе пријатни, секој ден.
-
Повеќе насмеани, повеќе слатки ...
послатки
-
и тие ќе поверуваат дека практиката
ќе им помогне ним исто така.
-
Значи, кога вашето семејство, вашата заедница,
ќе ужива во повеќе хармонија,
-
здравје, братство, сестринство,
-
тогаш вашата аспирација може полесно да се реализира.
-
Без санга, без група од луѓе
-
нашиот сон не може да се оствари.
-
Значи, не само што се обидуваме како единка,
-
но знаеме дека работата како
група луѓе, како санга,
-
секогаш е многу подобро.
-
(ѕвоно)
-
(ѕвоно)
-
facebook.com/thichnhathanh
-
поврзи се, биди инспириран, биди негуван