(ѕвоно) Плам Вилиџ, Франција, Мај 2014 Зен Мајсторот Тич Нат Хан Одговара на прашања од неговите милион следбеници на Фејсбук Прашање бр.5: Како да останам во сегашниот миг кога се чини дека е неподнослив? Како да останам во сегашниот миг кога се чини дека е неподнослив? Во Плам Вилиџ секогаш кажуваме „Да не се заборавиме во минатото и иднината " „Да се вратиме на сегашниот миг" И ова прашање говори за тоа „Како може да останам во сегашниот миг кога сегашниот миг се чини дека е неподнослив?“ Тоа е добро прашање. (Смеа) Секој што ја знае практиката на свесно внимание знае дека мора да се врати дома во сегашниот миг. Кога ќе се вратите дома во сегашноста, можете да најдете ... два вида на ситуации: Првиот вид на ситуација е дека има толку многу услови на среќа достапни овде и сега. Кога вдишувате и го носите вашиот ум дома, во вашето тело се воспоставувате во сегашниот миг и забележувате дека има толку многу освежувачки и лековити елементи достапни во сегашниот миг. Исто така, постојат и многу услови за среќа достапни во сегашниот миг. И со таа свесност, многу лесно е да се создадат чувства на радост и среќа. Што можете да ги создадете за да се негувате себеси. Да се негувате со радост и среќа. Значи, тоа е првото нешто со кое се среќавате кога се враќате во сегашниот миг. Втората ситуација е дека кога одите назад во сегашниот миг може да наидете на чувство на болка, чувство на болна емоција, што е во вас. Всушност болно чувство, болна емоција, се манифестира од време на време. Но, кога ќе почне да се манифестира, не сакате да бидете таму па затоа се обидувате да избегате, преправајќи се дека чувството не е таму. Па така никој не е таму за да се погрижи за болното чувство или болната емоција. Значи, враќајќи се во сегашниот миг, тука, веќе не е за да се препознаат елементите на радост и среќа, но за да се има шанса да се погрижиме за болката во самите нас и да ја преобразиме. Значи, дури и ако сегашниот миг е неподнослив, да се вратаме во тој миг е единствената шанса за нас да направиме нешто за да ја да ја смириме болката и да ја преобразиме. Повеќето од луѓето не го прават тоа затоа што се плашат дека кога ќе се вратат дома во себеси, и ќе ја допрат нивната болка, мислат дека ќе бидат совладани од од сопственото страдање па затоа нивната практика е да избегаат. Да замислат нешто во иднината за да заборават или да се вратат во минатото за да заборават. Но, минатото и иднината, тие се како слики. Не се реалност. Само сегашниот миг е реален. Многу луѓе се обидуваат да ја затскријат болката внатре не само со тоа што ќе се вратат во минатото или со тоа што брзаат кон иднината, за да замислат дека ќе има некаква надеж, некаков крај на страдањето во иднина но тоа не може да трае долго. И повеќето луѓе се обидуваат да го затскријат страдањето внатре преку практиката на консумпција. Читаме списанија и гледаме телевизија се обидуваме да најдеме нешто за јадење слушаме музика, го креваме телефонот да разговараме, сè што правиме, правиме затоа што се надеваме дека со правење на овие работи, не треба да се соочиме со страдањето во нас. И, дозволуваме на таа болка да продолжи да расте во нас. Така, практиката на свесно внимание ни помага да дојдеме дома во сегашниот миг. Дури и ако мигот не е пријатен, но тоа е единствениот миг во кој можеме да го разбереме страдањето, и во кој можеме да најдеме начин да го смириме и да го преобразиме. Значи, следниот пат кога ќе видите дека сегашноста е непријатна, немој да мислите дека бегањето од неа е најдобриот начин. Не. Сепак има шанса. Затоа, останете во тој момент и погледнете длабоко во природата на вашето страдање. Ако знаете како да практикувате свесно дишење, или свесно одење, создавајќи енергија на свесно внимание тогаш таа енергија на свесно внимание, генерирана од практиката ќе ви помогне да бидете доволно силни да ја препознаете болката и нежно да ја прегрнете. И ако нежно ја прегрнете вашата болка за неколку минути, можете да ја смирите. И ... ако има други практиканти кои вежбаат со вас тогаш можете да ја искористите нивната енергија на свесно внимание и сочувство. Да се биде во контакт со страдањето, носи разбирање на страдањето. И ... енергијата на сочувство - разбирање и сочувство - имаат исцелителна моќ. Да ве излекуваат вас и да ги излекуваат луѓето кои ќе се најдат околу вас во тоа време. И ако има група на луѓе што вежбаат, заедно, прифаќајќи ги страдањата со нежност, тие ќе ја доживеат таа заедничка енергија на сочувство што ќе ги излечи. И кога страдаат помалку, тие се во ситуација да им помогнат на другите да го сторат истото. Постои Бодисатва чие име е Кшитигарба. Заветот на Кшитигарба е да оди на местата каде има многу страдање. како би имал шанса да служи, да помогне. И има многу доктори, медицински сестри, социјални работници. Тие го прават истото Волонтираат да одат во болните места на земјата, на Мајка Земја со цел да им помогнат на народот. Па така Бодисатвите Кшитигарба - тие се реални, тие не се само слики. Многу млади луѓе служат како Бодисатви Кшитигарба. Тие не се плашат од страдање. Затоа што тие знаат дека можат да донесат олеснување. Бодисатва Кшитигарба има силен и моќен извор на енергија. Тоа е стремежот, третиот вид на хранлива храна: Волјата. Свесни сте дека сте овде - живи. И сакате да направите нешто со вашиот живот. Сакате вашиот живот да биде корисен, значаен. Па така, давате силен завет да одете да им помогнете на луѓето кои страдаат. Па, не се плашите од одењето во ситуации на страдање. И овие Бодисатви треба бидат поддржани од нас. Сакате да ги поддржите, за да не ја изгубат својата аспирација по неколкугодишна служба. Мораме да им ја испратиме нашата енергија на охрабрување. Ним им треба нега и заздравување Значи, после шест месеци работа во многу тешка состојба, тие си одат дома и тие нè имаат нас да се грижиме за нив. Им даваме време да заздрават, за да можат повторно да одат, по втор пат и трет пат. На Бодисатвите Кшитигарба исто така им е потребна помош. Значи, ние сме таму за да им помогнеме на младите Кшитигарби да ја продолжат својата работа во светот. Значи, ако имате сочувство, нема да ви пречи да сте во тешка, страдачка состојба. И ако имате доволно сочувство тогаш сте заштитени. Вие нема да бидете обземени од колективната енергија на страдање која зрачи од луѓето наоколу. А, Бодисатва Кшитигарба знае дека му треба санга за да продолжи со неговата служба подолго време. Значи, практиката не треба да биде само индивидуална. Практиката треба да биде колективна исто така. Па така да се обидеме да ги убедиме луѓето во нашето семејство да се приклучат на практиката. И најдобриот начин да го направите тоа е да станете се повеќе и повеќе пријатни, секој ден. Повеќе насмеани, повеќе слатки ... послатки и тие ќе поверуваат дека практиката ќе им помогне ним исто така. Значи, кога вашето семејство, вашата заедница, ќе ужива во повеќе хармонија, здравје, братство, сестринство, тогаш вашата аспирација може полесно да се реализира. Без санга, без група од луѓе нашиот сон не може да се оствари. Значи, не само што се обидуваме како единка, но знаеме дека работата како група луѓе, како санга, секогаш е многу подобро. (ѕвоно) (ѕвоно) facebook.com/thichnhathanh поврзи се, биди инспириран, биди негуван