Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието
-
0:01 - 0:04Како и многумина од вас, јас сум една од среќните луѓе.
-
0:04 - 0:07Бев родена во семејство каде образованието беше влијателно.
-
0:07 - 0:11Јас сум трета генерација докторанд, ќерка на двајца академици.
-
0:11 - 0:15Во детството си играв во универзитетската лабораторија на татко ми.
-
0:15 - 0:19Па така, се подразбираше дека ќе посетувам некои од најдобрите универзитети
-
0:19 - 0:23кои за возврат ми ја отворија вратата кон свет од можности.
-
0:23 - 0:27За жал, повеќето луѓе во светот не се толку среќни.
-
0:27 - 0:30Во некои делови од светот, на пример Јужна Африка,
-
0:30 - 0:33образованието не е лесно достапно.
-
0:33 - 0:36Во Јужна Африка, образовниот систем бил создаден за време
-
0:36 - 0:39на апартхејдот и притоа бил наменет за белото малцинство.
-
0:39 - 0:41И како последица, денес нема доволно места
-
0:41 - 0:45за повеќето луѓе кои сакаат и заслужуваат висококвалитетно образование.
-
0:45 - 0:49Овој недостаток доведе до криза во јануари оваа година
-
0:49 - 0:51на Универзитетот во Јоханесбург.
-
0:51 - 0:53Имаше останато неколку слободни места
-
0:53 - 0:56после стандардниот приемен процес и ноќта пред да
-
0:56 - 0:59бидат отворени за аплицирање, илјадници луѓе
-
0:59 - 1:03се наредија надвор пред портата во колона една милја долга, имајќи
-
1:03 - 1:07намера да бидат први во редот со цел како би дошле до едно од местата.
-
1:07 - 1:09Кога се отворија вратите, имаше човечко стампедо
-
1:09 - 1:13и 20 луѓе беа повредени, а една жена почина.
-
1:13 - 1:14Таа беше мајка која го даде својот живот
-
1:14 - 1:19обидувајќи се да му овозможи на својот син прилика за подобар живот.
-
1:19 - 1:22Но, дури и во делови од светот како САД,
-
1:22 - 1:26каде образованието е достапно, можно е да не биде на дофат.
-
1:26 - 1:29Многу се дискутираше во последните неколку години
-
1:29 - 1:31за зголемувањето на трошоците за здравствена заштита.
-
1:31 - 1:33Тоа што не е толку очигледно за луѓето
-
1:33 - 1:37е дека во текот на истиот период, цената на високото образование
-
1:37 - 1:40се зголемуваше речиси двојно побрзо,
-
1:40 - 1:44т.е. за 559 проценти споредено со 1985 година.
-
1:44 - 1:49Поради ова многу луѓе не можат да си дозволат образование.
-
1:49 - 1:52Најпосле, дури и оние кои успеваат да се стекнат со високо образование,
-
1:52 - 1:55сепак сите тие не добиваат еднакви можности.
-
1:55 - 1:58Само малку повеќе од половина од скорешните дипломци
-
1:58 - 2:01во САД кои се стекнале со високо образование
-
2:01 - 2:04всушност работат на работни места кои го бараат тоа образование.
-
2:04 - 2:06Ова секако не е точно за студентите
-
2:06 - 2:08кои дипломираат на врвните институции
-
2:08 - 2:11но, многу други не ги чувствуваат благодетите
-
2:11 - 2:14од времето и трудот кои ги вложиле.
-
2:14 - 2:17Том Фридман, во својата неодамнешна статија во Њујорк Тајмс
-
2:17 - 2:21го опфати, на еден уникатен начин, духот во основата на нашиот труд,
-
2:21 - 2:25Тој рече дека големите откритија се она што се случува
-
2:25 - 2:28кога тоа што е одеднаш можно го пресретнува тоа што е очајно потребно.
-
2:28 - 2:31Зборував за тоа што е очајно потребно.
-
2:31 - 2:34Ајде да зборуваме за тоа што е можно одеднаш.
-
2:34 - 2:37Тоа што е можно одеднаш беше демонстрирано од
-
2:37 - 2:38три големи наставни предмети на Стенфорд,
-
2:38 - 2:42на кои се имаа запишано по 100.000 луѓе или повеќе.
-
2:42 - 2:46Па така, за да го разбереме ова, ајде да погледнеме еден од тие предмети,
-
2:46 - 2:47т.е. оној по Машинско учење кој го предава мојот колега
-
2:47 - 2:49и ко-основач Ендру 'Нг.
-
2:49 - 2:52Ендру предава еден од позначајните предмети на Стенфорд.
-
2:52 - 2:53Тоа е предметот по Машинско учење
-
2:53 - 2:56и секој пат кога ќе се отворат уписите на него се запишуваат по 400 луѓе.
-
2:56 - 3:00Кога Ендру предаваше Машинско учење на пошироката јавност,
-
3:00 - 3:02тогаш се имаа пријавено 100.000 луѓе.
-
3:02 - 3:04Па, за да се стави тој број во перспектива,
-
3:04 - 3:06за Ендру да го достигне истиот број на публика
-
3:06 - 3:08преку предавање само во рамки на Стенфорд,
-
3:08 - 3:12тој би требало да го прави тоа во наредните 250 години.
-
3:12 - 3:16Секако, би му здосадило.
-
3:16 - 3:18Значи, согледувајќи го влијанието од ова,
-
3:18 - 3:22Ендру и јас решивме дека сето ова мораме да го кренеме на повисоко ниво,
-
3:22 - 3:26сè со цел како би им овозможиле најквалитетно образование на што повеќе луѓе.
-
3:26 - 3:27Па така, ја формиравме Курсера,
-
3:27 - 3:30чија цел е да се земат најдобрите наставни предмети
-
3:30 - 3:34од најдобрите предавачи на најдобрите универзитети
-
3:34 - 3:38и ова да им го понудиме на сите во светот бесплатно.
-
3:38 - 3:40Моментално имаме 43 предмети на платформата
-
3:40 - 3:43од 4 универзитети со различен опсег на дисциплини,
-
3:43 - 3:45и дозволете ми да ви покажам еден мал преглед
-
3:45 - 3:49за тоа како изгледа ова.
-
3:49 - 3:50Роберт Грист: Добредојдовте на Калкулус.
-
3:50 - 3:52Езекиел Емануел: Педесет милиони луѓе се неосигурани.
-
3:52 - 3:55Скот Пејџ: Овие модели ни помагаат да дизајнираме поефективни институции и политики.
-
3:55 - 3:57Постои неверојатна сегрегација.
-
3:57 - 3:59Скот Клемер: Значи Буш замисли дека во иднина,
-
3:59 - 4:02вие би носеле камера на средина од главата.
-
4:02 - 4:06Мичел Данејер: Милс сака студентот по социологија да го развие квалитетот на умот...
-
4:06 - 4:09Р.Г.: Висечкиот кабел добива форма на хиперболичен косинус.
-
4:09 - 4:13Ник Парланте: За секој пиксел на сликата, поставете ја црвената на нула.
-
4:13 - 4:16Пол Офит: ...вакцината ни овозможи да го елиминираме вирусот на детска парализа.
-
4:16 - 4:19Ден Џурафски: Дали Луфтханза служи појадок и Сан Хозе? Па, тоа звучи смешно.
-
4:19 - 4:23Дафне Колер: Значи ова е која паричка ќе ја одберете, а ова се двете фрлања.
-
4:23 - 4:26Ендру 'Нг: Значи кај машинското учење-на макро ниво, ние би сакале да дојдеме до компјутерски...
-
4:26 - 4:32(аплауз)
-
4:32 - 4:34Се чини дека, можеби и не е изненадувачки,
-
4:34 - 4:37студентите сакаат да ја добијат најдобрата содржина
-
4:37 - 4:39од најдобрите универзитети бесплатно.
-
4:39 - 4:42Откога ја отворивме веб-страната во февруари,
-
4:42 - 4:46досега имаме 640.000 студенти од 190 земји.
-
4:46 - 4:48Имаме 1,5 милиони уписи,
-
4:48 - 4:516 милиони тестови се поднесени за евалуација во рамки на
-
4:51 - 4:5615-те предавања кои досега започнаа и имаме 14 милиони прегледани видеа.
-
4:56 - 4:59Но, не се работи само за броевите,
-
4:59 - 5:00тука и за самите луѓе.
-
5:00 - 5:03Било да е тоа е Акаш, кој доаѓа од мал град во Индија
-
5:03 - 5:06и никогаш не би имал пристап во овој случај
-
5:06 - 5:07до квалитетен Стенфордски курс
-
5:07 - 5:10и никогаш не би можел да си го дозволи.
-
5:10 - 5:12Или Џени, која е самохрана мајка на две деца
-
5:12 - 5:14и сака да ги подобри своите вештини
-
5:14 - 5:17за да може да ја доврши својата магистратура.
-
5:17 - 5:20Или Рајан, кој не може да оди на училиште,
-
5:20 - 5:22поради слабиот имунитет кој го има неговата
-
5:22 - 5:25ќерка, тој не смее да ризикува да внесе бактерии во куќата,
-
5:25 - 5:27и затоа не смее да излегува надвор.
-
5:27 - 5:29Навистина ми е мило да кажам дека...
-
5:29 - 5:31неодамна, си пишавме со Рајан --
-
5:31 - 5:33и дека оваа приказна има среќен крај.
-
5:33 - 5:35Малата Шенон, можете да ја видите од лево,
-
5:35 - 5:36е многу подобро сега
-
5:36 - 5:40и Рајан доби работа посетувајќи некои од нашите курсеви.
-
5:40 - 5:42Што ги прави овие курсеви толку различни од другите?
-
5:42 - 5:46Бидејќи сепак, разни онлајн предавања се присутни веќе одредено време.
-
5:46 - 5:50Разликата се состои во тоа што овие курсеви се како вистинска настава.
-
5:50 - 5:52Започнуваат на определен ден,
-
5:52 - 5:55а потоа студентите гледаат видеа на неделна основа
-
5:55 - 5:57и работат домашни задачи.
-
5:57 - 5:59И овие се вистински домашни задачи
-
5:59 - 6:02за вистинска оценка, со вистински краен рок.
-
6:02 - 6:04Можете графички да ги видите роковите и употребата на материјалот.
-
6:04 - 6:06Овие шилци покажуваат
-
6:06 - 6:10дека одолговлекувањето е глобален феномен.
-
6:10 - 6:13(смеа)
-
6:13 - 6:14И на крајот од овој курс,
-
6:14 - 6:16студентите добиваат сертификат.
-
6:16 - 6:18Тие можат да го прикажат тој сертификат
-
6:18 - 6:21на иден работодавач и да добијат подобра работа
-
6:21 - 6:23и ние знаеме многу студенти кои го направиле ова.
-
6:23 - 6:25Некои студенти го зедоа својот сертификат
-
6:25 - 6:28и го прикажаа во образовната институција во која се запишани
-
6:28 - 6:29и добија (ЕКТС) кредити на факултетот.
-
6:29 - 6:32Значи, овие студенти навистина добиваа нешто значајно
-
6:32 - 6:35за нивниот вложен труд и време.
-
6:35 - 6:37Ајде да зборуваме малку за некои од компoнентите
-
6:37 - 6:39кои се дел од овие курсеви.
-
6:39 - 6:42Првата компонента е дека кога излегувате надвор
-
6:42 - 6:44од ограничувањата на вистинска училница
-
6:44 - 6:47и дизајнирате содржина експлицитно за онлајн формат,
-
6:47 - 6:49тогаш можете да се ослободите, на пример
-
6:49 - 6:52од сувопарното едночасовно предавање.
-
6:52 - 6:53Можете да го поделите материјалот, на пример
-
6:53 - 6:57во овие кратки, тематски единици од 8 до 12 минути,
-
6:57 - 7:00секоја претставувајќи разбирлив концепт.
-
7:00 - 7:02Студентите можат да го поминат овој материјал на различни начини,
-
7:02 - 7:06зависно од нивното минато искуство, нивните вештини или интереси.
-
7:06 - 7:09На пример, некои студенти можат да имаат корист
-
7:09 - 7:11доколку го поминат подготвителниот материјал
-
7:11 - 7:13којшто на другите студенти можеби им е веќе познат.
-
7:13 - 7:16Други студенти можеби се заинтересирани за одредена
-
7:16 - 7:19дополнителна тема која тие би сакале да ја следат индивидуално.
-
7:19 - 7:22Па така, овој формат ни дозволува да скршнеме
-
7:22 - 7:25од едноличните модели на образование
-
7:25 - 7:29и дозволува студентите да следат многу поиндивидуализирана настава.
-
7:29 - 7:31Секако, како едукатори сите ние знаеме
-
7:31 - 7:35дека студентите не учат преку седење и пасивно гледање на видеа.
-
7:35 - 7:38Можеби една од најголемите компоненти на овој напор
-
7:38 - 7:40е дека ние мораме да имаме студенти
-
7:40 - 7:43кои го вежбаат материјалот
-
7:43 - 7:46сè со цел навистина да го разберат.
-
7:46 - 7:49Има огромен број на студии кои ја демонстрираат важноста на ова.
-
7:49 - 7:52Оваа која се појави во списанието Science претходната година, на пример,
-
7:52 - 7:54покажува дека дури и едноставното вежбање на меморијата,
-
7:54 - 7:57каде студентите треба само да го повторат
-
7:57 - 7:59она што веќе го научиле
-
7:59 - 8:01дава значајно подобрени резултати
-
8:01 - 8:03на различни тестови за постигнување, попатно
-
8:03 - 8:07отколку многу други образовни интервенции.
-
8:07 - 8:10Се обидовме да го вметнеме меморискиот тренинг во платформата,
-
8:10 - 8:12а овде секако вклучивме и други видови на вежби.
-
8:12 - 8:16На пример, дури и нашите видеа не се само видеа.
-
8:16 - 8:19На секои неколку минути, видеото паузира
-
8:19 - 8:21и ги прашува студентите некое прашање.
-
8:21 - 8:23(видео) С.П.: ...овие 4 работи. Теорија на можни исходи, хиперболични отстапки,
-
8:23 - 8:26склоност кон избегнување промена, занемарување на основната стапка. Сите тие се добро документирани.
-
8:26 - 8:29Значи сите тие се добро документирани отстапувања од рационалното однесување.
-
8:29 - 8:30ДК: Значи тука видеото паузира,
-
8:30 - 8:33и студентот го внесува одговорот во полето
-
8:33 - 8:36и го испраќа. Очигледно е дека не обрнал внимание.
-
8:36 - 8:37(смеа)
-
8:37 - 8:39Има право пак да проба
-
8:39 - 8:41и овој пат дава точен одговор.
-
8:41 - 8:43Има и опционо објаснување доколку сака.
-
8:43 - 8:48И сега видеото продолжува на следниот дел од предавањето.
-
8:48 - 8:50Ова е вид на едноставно прашање
-
8:50 - 8:52кое јас како предавач можам да го поставам на час
-
8:52 - 8:54но, кога ќе го поставам ваквото прашање на час,
-
8:54 - 8:5680 проценти од студентите
-
8:56 - 8:57сè уште го запишуваат последното нешто кое сум го кажала,
-
8:57 - 9:0115 проценти зјапаат во Фејсбук,
-
9:01 - 9:03и тогаш некој од умните глави во првиот ред
-
9:03 - 9:05ќе го каже одговорот
-
9:05 - 9:07пред било кој друг да има шанса да размисли за тоа
-
9:07 - 9:10и јас како предавач сум ужасно благодарна
-
9:10 - 9:11дека некој всушност и го знаел одговорот.
-
9:11 - 9:14И така предавањето продолжува, пред
-
9:14 - 9:18повеќето од студентите и да забележат дека било поставено прашање.
-
9:18 - 9:20Тука, секој студент
-
9:20 - 9:23мора да се внесе во материјалот.
-
9:23 - 9:25И секако овие едноставни мемориски прашања
-
9:25 - 9:27не се крајот на приказната.
-
9:27 - 9:30Мораме да вградиме многу пологични прашања за вежбање,
-
9:30 - 9:32и исто така, на студентите треба да им се дадат повратни информации
-
9:32 - 9:34за тие прашања.
-
9:34 - 9:36Сега, како би ја оцениле работата на 100.000 студенти
-
9:36 - 9:40ако немате 10.000 асистенти?
-
9:40 - 9:42Одговорот е дека треба да користите технологија
-
9:42 - 9:43која ќе го направи тоа за вас.
-
9:43 - 9:46Денес, за среќа, технологијата е напредната
-
9:46 - 9:49и сега можеме да оцениме цел опсег на интересни видови на домашни задачи.
-
9:49 - 9:51Во склоп на прашањата на заокружување
-
9:51 - 9:54и видовите на кратки прашања кои ги видовте во видеото,
-
9:54 - 9:57можеме исто така да оценуваме математика, математички изрази
-
9:57 - 9:59како и математички изводи.
-
9:59 - 10:02Можеме да оценуваме модели, без разлика дали се тоа
-
10:02 - 10:04финансиски модели од наставата по Бизнис
-
10:04 - 10:07или физички модели од предметите Наука и Инженерство,
-
10:07 - 10:11и можеме да оценуваме некои доста софистицирани задачи по програмирање.
-
10:11 - 10:13Дозволете ми да ви покажам еден кој е навистина едноставен
-
10:13 - 10:14но, доста сликовит.
-
10:14 - 10:17Ова е од часот на Стенфорд по Компјутерско инженерство 101
-
10:17 - 10:18и студентите треба да ја корегираат бојата
-
10:18 - 10:20на матната црвена слика.
-
10:20 - 10:22Го пишува програмскиот код во пребарувачот
-
10:22 - 10:26и гледате дека нешто не е во ред, "Lady Liberty" сеуште има морска болест.
-
10:26 - 10:30И така студентот се обидува повторно и овој пат е во право, го известуваме за тоа,
-
10:30 - 10:32и сега може да продолжи на следната задача.
-
10:32 - 10:35Оваа способност да комуницирате активно со материјалот
-
10:35 - 10:37и да ви кажат кога сте погодиле или погрешиле
-
10:37 - 10:40е од суштинско значење за напредокот на студентите.
-
10:40 - 10:42Сега, се разбира сè уште не можеме
да ги оценуваме -
10:42 - 10:45сите задачи кои се потребни за сите предмети.
-
10:45 - 10:49Поточно, недостасува вежбање во областа на критичкото размислување
-
10:49 - 10:50кое е суштинско во такви дисциплини
-
10:50 - 10:54како што се општествените науки, бизнисот и други.
-
10:54 - 10:56Па така, се обидовме да убедиме
-
10:56 - 10:58дел од наставниот кадар за општествени науки
-
10:58 - 11:01дека прашањата на заокружување не се толку лоша стратегија.
-
11:01 - 11:03Тоа не помина многу добро.
-
11:03 - 11:05Па, затоа моравме да смислиме ново решение.
-
11:05 - 11:08И решението до кое стигнавме е користење на меѓусебно (врсничко) оценување.
-
11:08 - 11:11Излегува дека претходните истражувања покажуваат,
-
11:11 - 11:12како ова од Седлер и Гуд,
-
11:12 - 11:15дека меѓусебното (врсничко) оценување е изненадувачки ефективна стратегија
-
11:15 - 11:18за обезбедување на релијабилни оценки.
-
11:18 - 11:20Беше испробано само во мали класови
-
11:20 - 11:21но, се покажа дека
-
11:21 - 11:24оценките на y-оската кои се доделени од самите студенти
-
11:24 - 11:25всушност многу добро корелираат (се поклопуваат)
-
11:25 - 11:27со оценките на x-оската кои се доделени од професорите.
-
11:27 - 11:31Уште позачудувачки е тоа дека само-оценките,
-
11:31 - 11:33каде студентите критички ја оценуваат својата работа --
-
11:33 - 11:35се додека соодветно ги поттикнувате и наградувате,
-
11:35 - 11:37бидејќи во спротивно тие би си дале совршена оцена - -
-
11:37 - 11:40уште подобро корелираат со оценките дадени од страна на професорите.
-
11:40 - 11:41Значи ова е ефективна стратегија
-
11:41 - 11:44за оценување доколку имате голем број на луѓе,
-
11:44 - 11:46и исто така е корисна стратегија за учење за самите студентите,
-
11:46 - 11:49бидејќи тие всушност учат од самото искуство.
-
11:49 - 11:53Значи сега го имаме најголемиот врснички систем за меѓусебно оценување некогаш создаден,
-
11:53 - 11:56каде десетици илјади студенти
-
11:56 - 11:57се оценуваат едни со други
-
11:57 - 12:00и притоа сосем успешно, морам да кажам.
-
12:00 - 12:02Но, ова не е само за студенти
-
12:02 - 12:05кои седат во својата дневна соба и работат на задачите.
-
12:05 - 12:07Околку секој од нашите курсеви,
-
12:07 - 12:09се оформија заедници од студенти,
-
12:09 - 12:11глобална заедница на луѓе
-
12:11 - 12:14собрана околу заеднички интелектуален поход.
-
12:14 - 12:16Тоа што гледате овде е само-генерирана мапа
-
12:16 - 12:19од студенти на нашиот курс по Социологија 101 од Принстон,
-
12:19 - 12:22при што тие самите себе се поставија на светската мапа,
-
12:22 - 12:25на која вистински може да се види глобалниот опсег од ваквиот труд.
-
12:25 - 12:30Студентите соработуваат на овие курсеви на најразлични начини.
-
12:30 - 12:32Пред сè, има форум за прашања и одговори,
-
12:32 - 12:34каде едни студенти поставуваат прашања,
-
12:34 - 12:37а други студенти одговараат на тие прашања.
-
12:37 - 12:38И она што е навистина неверојатно е
-
12:38 - 12:40тоа што, поради големиот број студенти,
-
12:40 - 12:42дури и кога некој студент ќе поставеше прашање
-
12:42 - 12:44во 3 часот наутро,
-
12:44 - 12:46некаде во светот,
-
12:46 - 12:48ќе се најдеше некој којшто е буден и којшто
-
12:48 - 12:50работи на истиот проблем.
-
12:50 - 12:52И така, на многу од нашите курсеви
-
12:52 - 12:54просечното време за одговарање на некое прашање во
-
12:54 - 12:58рамките на форумот за прашања и одговори е 22 минути.
-
12:58 - 13:02Што не е ниво на услуга што некогаш сум ја понудила на моите студенти од Стенфорд.
-
13:02 - 13:04(смеа)
-
13:04 - 13:06Од препораките на студентите можете да видите
-
13:06 - 13:07оти нивното гледиште всушност е
-
13:07 - 13:10дека поради оваа голема онлајн заедница,
-
13:10 - 13:12тие можат да комуницираат меѓусебно на многу начини
-
13:12 - 13:17кои се позначајни отколку оние кои ги имале во контекст на вистинска училница.
-
13:17 - 13:19Студентите исто така самостојно се собираа,
-
13:19 - 13:21без никаква помош од наша страна,
-
13:21 - 13:23во мали групи за учење.
-
13:23 - 13:25Некои од овие беа вистински групи за учење
-
13:25 - 13:27формирани во рамки на географската ограниченост
-
13:27 - 13:30и се среќаваа неделно за да работат на задачите.
-
13:30 - 13:32Ова е групата за учење од Сан Франциско
-
13:32 - 13:34но, вакви групи има насекаде во светот.
-
13:34 - 13:36Други беа виртуелни групи за учење,
-
13:36 - 13:39понекогаш според јазични или културолошки линии,
-
13:39 - 13:40и таму долу лево,
-
13:40 - 13:44се гледа нашата мултикултурна универзална група за учење
-
13:44 - 13:46во која луѓето отворено пројавија интерес да се
-
13:46 - 13:49поврзат со луѓе од други култури.
-
13:49 - 13:51Постојат огромни можности
-
13:51 - 13:54од ваквиот начин на учење.
-
13:54 - 13:58Првата е дека има потенцијал да ни даде
-
13:58 - 14:00еден целосно уникатен поглед
-
14:00 - 14:03во начинот на кој го усвојуваме знаењето.
-
14:03 - 14:06Бидејќи податоците кои ги добиваме од овде се уникатни.
-
14:06 - 14:10Во предвид може да го земете секој клик, секоја домашна задача,
-
14:10 - 14:15секој пост во форумот од десетици илјади студенти.
-
14:15 - 14:17Оттука, изучувањето на човечкото учење, може да
-
14:17 - 14:19премине од модалитет базиран на хипотези
-
14:19 - 14:22во модалитет базиран на податоци, трансформација која
-
14:22 - 14:25на пример, ја има преобразено биологијата.
-
14:25 - 14:28Овие податоци можат да се користат за да се разберат основни прашања
-
14:28 - 14:30како, кои се добрите стратегии за учење
-
14:30 - 14:33кои се ефективните наспроти оние кои не се?
-
14:33 - 14:35И во контекстот на одредени курсеви,
-
14:35 - 14:37можете да поставите прашања
-
14:37 - 14:40како, кои се некои од почестите погрешни сфаќања
-
14:40 - 14:42и како да им помогнеме на студентите да ги поправат?
-
14:42 - 14:43Еве еден таков пример,
-
14:43 - 14:45исто така од часот по Машинско учење на Ендру.
-
14:45 - 14:48Ова е распределба на погрешни одговори
-
14:48 - 14:49за една од домашните зададени од Ендру.
-
14:49 - 14:51Одговорите се разни парови на броеви,
-
14:51 - 14:53кои можете да ги внесете на овој дводимензионален нацрт.
-
14:53 - 14:57Секој од овие мали иксови кои ги гледате претставува погрешен одговор.
-
14:57 - 15:00Големиот икс горе лево
-
15:00 - 15:02е каде 2.000 студенти
-
15:02 - 15:05дале ист погрешен одговор.
-
15:05 - 15:07Сега, ако двајца студенти во клас од 100
-
15:07 - 15:08дадат ист погрешен одговор,
-
15:08 - 15:10никогаш не би забележале.
-
15:10 - 15:12Но, кога 2.000 студенти ќе дадат ист погрешен одговор
-
15:12 - 15:14некако е тешко, а да не забележите.
-
15:14 - 15:16Така Ендру и неговите студенти,
-
15:16 - 15:18погледнаа некои од тие домашни
-
15:18 - 15:22ја увидоа главната причина за недоразбирањето
-
15:22 - 15:24и тогаш напишаа порака која се однесуваше на оваа грешка,
-
15:24 - 15:27порака која ќе му биде испратена на секој студент
-
15:27 - 15:29чијшто одговор влегол во таа категорија,
-
15:29 - 15:31што значи дека студентите кои ја направиле истата грешка
-
15:31 - 15:33сега би добиле персонализирана повратна информација
-
15:33 - 15:37кажувајќи им како да ја исправат грешката поефективно.
-
15:37 - 15:41Значи оваа персонализација е нешто што може да се направи
-
15:41 - 15:44благодарение на големите броеви.
-
15:44 - 15:46Персонализацијата е можеби
-
15:46 - 15:49една од најголемите можности тука,
-
15:49 - 15:51бидејќи ни дава потенцијал за
-
15:51 - 15:54решавање на еден 30 годишен проблем.
-
15:54 - 15:57Истражувачот на образованието Бенџамин Блум, во 1984 година,
-
15:57 - 16:00го постави таканаречениот 2 сигма проблем,
-
16:00 - 16:03кој го забележал преку проучување на три популации.
-
16:03 - 16:06Првата популација учела на начин базиран на класично предавање.
-
16:06 - 16:09Втората популација на студенти учеле
-
16:09 - 16:11на начин базиран на класично предавање
-
16:11 - 16:13но, со пристап за усовршување, на тој
-
16:13 - 16:15начин што студентите ќе преминат на следната тема
-
16:15 - 16:18под услов доколку покажат разбирање на претходната.
-
16:18 - 16:20И на крај, имало трета популација на студенти
-
16:20 - 16:25кои биле подучувани еден на еден од страна на тутор.
-
16:25 - 16:28Резултатите на студентите сугерираат дека групата базирана на усовршување
-
16:28 - 16:30била подобра за цела стандардна девијација т.е. сигма
-
16:30 - 16:33во споредба со групата базирана на класично предавање
-
16:33 - 16:35а, индивидуалното туторство ви дава подобрување
-
16:35 - 16:37на резултатите од 2 сигма.
-
16:37 - 16:38За да разбереме што значи тоа
-
16:38 - 16:40да се осврнеме кон класичното предавање,
-
16:40 - 16:43и ајде да го земеме просечниот резултат како норма.
-
16:43 - 16:44Па така, во групата базирана на класично предавање,
-
16:44 - 16:48половина од студентите се над нормата и половина се под нормата.
-
16:48 - 16:50Кај индивидуалното туторство,
-
16:50 - 16:5598 проценти од студентите се над оваа норма.
-
16:55 - 16:59Замислете ако би можеле да предаваме на начин што 98 проценти од нашите студенти
-
16:59 - 17:01би биле натпросечни.
-
17:01 - 17:05И затоа ни се јавува 2 сигма проблемот.
-
17:05 - 17:07Бидејќи, како општество, не можеме да си дозволиме
-
17:07 - 17:10на секој студент да му назначиме посебен тутор.
-
17:10 - 17:12Но, можеби ќе можеме на секој студент да му дадеме
-
17:12 - 17:14компјутер или смартфон.
-
17:14 - 17:17Значи прашањето е, како можеме да ја искористиме технологијата
-
17:17 - 17:20да се поместиме од левата страна на графиконот, од сината крива
-
17:20 - 17:23кон десната страна со зелената крива?
-
17:23 - 17:25Усовршувањето е лесно да се постигне користејќи компјутер,
-
17:25 - 17:26затоа што компјутерот не се заморува
-
17:26 - 17:30прикажувајќи го истото видео пет пати.
-
17:30 - 17:33И не се заморува од оценување на истата работа повеќе пати,
-
17:33 - 17:36го видовме тоа во многу од примерите кои ви ги покажав.
-
17:36 - 17:38Дури и персонализацијата
-
17:38 - 17:40е нешто на кое почнуваме да му го гледаме почетокот
-
17:40 - 17:43без разлика дали персонализацијата ќе се изведе преку наставниот план
-
17:43 - 17:46или во вид на персонализирана повратна информација како што ви прикажавме.
-
17:46 - 17:49Нашата цел е да туркаме најсилно што можеме,
-
17:49 - 17:52и да видиме колку далеку можеме да стигнеме на патот кон зелената крива.
-
17:52 - 17:58Па ако ова е толку супер, дали универзитетите се сега застарени?
-
17:58 - 18:01Марк Твен секако мислел така.
-
18:01 - 18:03Тој кажал дека „Колеџот сега е место каде професорските белешки
-
18:03 - 18:05одат право во белешките на студентите,
-
18:05 - 18:07без да поминат низ умот на едните или на другите.“
-
18:07 - 18:11(смеа)
-
18:11 - 18:14Јас сепак не се сложувам со Марк Твен..
-
18:14 - 18:17Мислам дека тој не се жалел за
-
18:17 - 18:19универзитетите туку за форматот на кој се базирани предавањата,
-
18:19 - 18:22на што многу универзитети трошат премногу време.
-
18:22 - 18:25Ајде да одиме уште подалеку, до Плутарх
-
18:25 - 18:28кој кажал дека „Умот не е сад на кој му треба полнење,
-
18:28 - 18:30туку дрво кое треба да се запали.“
-
18:30 - 18:32На универзитетите можеби треба да поминуваме помалку време
-
18:32 - 18:34полнејќи им ги мозоците на нашите студенти со содржина
-
18:34 - 18:38преку предавање, а повеќе време разгорувајќи ја нивната креативност,
-
18:38 - 18:41нивната имагинација и нивните вештини за решавање проблеми
-
18:41 - 18:44преку вистински разговор со нив.
-
18:44 - 18:45Како да го направиме тоа?
-
18:45 - 18:49Тоа го правиме преку активна настава во училницата.
-
18:49 - 18:51Има многу студии, вклучувајќи ја и оваа
-
18:51 - 18:53кои покажуваат дека ако користите активна настава,
-
18:53 - 18:56комуницирање со вашите студенти во училницата,
-
18:56 - 18:58резултатите се зголемуваат на секоја поединечна мерка -
-
18:58 - 19:01на присутност, активност и на учење, притоа
-
19:01 - 19:03сето ова е измерено преку стандардизиран тест.
-
19:03 - 19:05Можете да видите дека резултатот кој говори за постигнувањата
-
19:05 - 19:08речиси се дуплира во овој конкретен експеримент.
-
19:08 - 19:12Можеби на овој начин треба да го поминуваме нашето време на универзитетите.
-
19:12 - 19:17Да резимирам, ако можеме да понудиме висококвалитетно образование
-
19:17 - 19:18за секого во светот бесплатно,
-
19:18 - 19:21до што ќе доведе тоа? До три нешта.
-
19:21 - 19:25Прво ќе се воспостави образованието како основно човечко право,
-
19:25 - 19:26каде секој во светот
-
19:26 - 19:28со својата способност и мотивација
-
19:28 - 19:30ќе може да ги добие потребните вештини
-
19:30 - 19:31за да создаде подобар живот за себе,
-
19:31 - 19:34неговото семејство и неговата заедница.
-
19:34 - 19:36Второ, тоа би овозможило доживотно учење.
-
19:36 - 19:38Штета е што за толку многу луѓе
-
19:38 - 19:41учењето престанува кога ќе завршиме средно училиште или ќе завршиме факултет.
-
19:41 - 19:44Достапноста на оваа неверојатна содржина,
-
19:44 - 19:47ни дава можност да научиме нешто ново
-
19:47 - 19:48секој пат кога ќе посакаме,
-
19:48 - 19:49било само за да го прошириме нашиот светоглед
-
19:49 - 19:51или за да ги смениме нашите животи.
-
19:51 - 19:54И најпосле, ова би овозможило бран на иновации,
-
19:54 - 19:57бидејќи неверојатен талент може да се најде насекаде.
-
19:57 - 20:00Можеби следниот Алберт Ајнштајн или следниот Стив Џобс
-
20:00 - 20:03живее некаде во некое далечно село во Африка.
-
20:03 - 20:06И доколку би можеле на таа личност да ѝ понудиме образование,
-
20:06 - 20:08таа би можела да ја смисли следната голема идеја
-
20:08 - 20:10и да го направи светот подобро место за сите нас.
-
20:10 - 20:11Ви благодарам многу.
-
20:11 - 20:19(аплауз)
- Title:
- Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието
- Speaker:
- Daphne Koller
- Description:
-
Дафни Колер работи во насока да ги убеди врвните универзитети како тие би ги објавиле нивните најинтересни наставни предмети онлајн бесплатно - не само како услуга, туку како начин на истражување за тоа како луѓето ги усвојуваат знаењата и вештините. Секое чукање на копче, квиз за разбирање, врснички форум за дискусии и само-оценување на задачите, сите тие градат невидена база на податоци во однос на тоа како знаењето се обработува во умот и што е најважно, како се апсорбира.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 20:40
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What we're learning from online education |