0:00:00.725,0:00:03.836 Како и многумина од вас, јас сум една од среќните луѓе. 0:00:03.836,0:00:07.236 Бев родена во семејство каде образованието беше влијателно. 0:00:07.236,0:00:11.474 Јас сум трета генерација докторанд, ќерка на двајца академици. 0:00:11.474,0:00:15.268 Во детството си играв во универзитетската лабораторија на татко ми. 0:00:15.268,0:00:19.117 Па така, се подразбираше дека ќе посетувам некои од најдобрите универзитети 0:00:19.117,0:00:22.918 кои за возврат ми ја отворија вратата кон свет од можности. 0:00:22.918,0:00:27.038 За жал, повеќето луѓе во светот не се толку среќни. 0:00:27.038,0:00:30.173 Во некои делови од светот, на пример Јужна Африка, 0:00:30.173,0:00:32.878 образованието не е лесно достапно. 0:00:32.878,0:00:35.853 Во Јужна Африка, образовниот систем бил создаден за време 0:00:35.853,0:00:38.726 на апартхејдот и притоа бил наменет за белото малцинство. 0:00:38.726,0:00:41.426 И како последица, денес нема доволно места 0:00:41.426,0:00:45.278 за повеќето луѓе кои сакаат и заслужуваат висококвалитетно образование. 0:00:45.278,0:00:49.158 Овој недостаток доведе до криза во јануари оваа година 0:00:49.158,0:00:50.994 на Универзитетот во Јоханесбург. 0:00:50.994,0:00:53.125 Имаше останато неколку слободни места 0:00:53.125,0:00:56.094 после стандардниот приемен процес и ноќта пред да 0:00:56.094,0:00:58.654 бидат отворени за аплицирање, илјадници луѓе 0:00:58.654,0:01:02.706 се наредија надвор пред портата во колона една милја долга, имајќи 0:01:02.706,0:01:06.586 намера да бидат први во редот со цел како би дошле до едно од местата. 0:01:06.586,0:01:08.894 Кога се отворија вратите, имаше човечко стампедо 0:01:08.894,0:01:12.546 и 20 луѓе беа повредени, а една жена почина. 0:01:12.546,0:01:14.486 Таа беше мајка која го даде својот живот 0:01:14.486,0:01:18.549 обидувајќи се да му овозможи на својот син прилика за подобар живот. 0:01:18.549,0:01:21.706 Но, дури и во делови од светот како САД, 0:01:21.706,0:01:26.062 каде образованието е достапно, можно е да не биде на дофат. 0:01:26.062,0:01:28.734 Многу се дискутираше во последните неколку години 0:01:28.734,0:01:30.723 за зголемувањето на трошоците за здравствена заштита. 0:01:30.723,0:01:33.365 Тоа што не е толку очигледно за луѓето 0:01:33.365,0:01:37.387 е дека во текот на истиот период, цената на високото образование 0:01:37.387,0:01:39.867 се зголемуваше речиси двојно побрзо, 0:01:39.867,0:01:44.147 т.е. за 559 проценти споредено со 1985 година. 0:01:44.147,0:01:48.681 Поради ова многу луѓе не можат да си дозволат образование. 0:01:48.681,0:01:52.482 Најпосле, дури и оние кои успеваат да се стекнат со високо образование, 0:01:52.482,0:01:55.107 сепак сите тие не добиваат еднакви можности. 0:01:55.107,0:01:58.314 Само малку повеќе од половина од скорешните дипломци 0:01:58.314,0:02:00.627 во САД кои се стекнале со високо образование 0:02:00.627,0:02:04.090 всушност работат на работни места кои го бараат тоа образование. 0:02:04.090,0:02:05.930 Ова секако не е точно за студентите 0:02:05.930,0:02:07.882 кои дипломираат на врвните институции 0:02:07.882,0:02:10.514 но, многу други не ги чувствуваат благодетите 0:02:10.514,0:02:14.050 од времето и трудот кои ги вложиле. 0:02:14.050,0:02:17.080 Том Фридман, во својата неодамнешна статија во Њујорк Тајмс 0:02:17.080,0:02:21.448 го опфати, на еден уникатен начин, духот во основата на нашиот труд, 0:02:21.448,0:02:24.568 Тој рече дека големите откритија се она што се случува 0:02:24.568,0:02:28.467 кога тоа што е одеднаш можно го пресретнува тоа што е очајно потребно. 0:02:28.467,0:02:31.088 Зборував за тоа што е очајно потребно. 0:02:31.088,0:02:33.600 Ајде да зборуваме за тоа што е можно одеднаш. 0:02:33.600,0:02:36.719 Тоа што е можно одеднаш беше демонстрирано од 0:02:36.719,0:02:38.287 три големи наставни предмети на Стенфорд, 0:02:38.287,0:02:42.167 на кои се имаа запишано по 100.000 луѓе или повеќе. 0:02:42.167,0:02:45.551 Па така, за да го разбереме ова, ајде да погледнеме еден од тие предмети, 0:02:45.551,0:02:47.471 т.е. оној по Машинско учење кој го предава мојот колега 0:02:47.471,0:02:49.200 и ко-основач Ендру 'Нг. 0:02:49.200,0:02:51.519 Ендру предава еден од позначајните предмети на Стенфорд. 0:02:51.519,0:02:52.728 Тоа е предметот по Машинско учење 0:02:52.728,0:02:56.246 и секој пат кога ќе се отворат уписите на него се запишуваат по 400 луѓе. 0:02:56.246,0:02:59.511 Кога Ендру предаваше Машинско учење на пошироката јавност, 0:02:59.511,0:03:02.127 тогаш се имаа пријавено 100.000 луѓе. 0:03:02.127,0:03:04.136 Па, за да се стави тој број во перспектива, 0:03:04.136,0:03:06.495 за Ендру да го достигне истиот број на публика 0:03:06.495,0:03:08.321 преку предавање само во рамки на Стенфорд, 0:03:08.321,0:03:12.247 тој би требало да го прави тоа во наредните 250 години. 0:03:12.247,0:03:15.733 Секако, би му здосадило. 0:03:15.733,0:03:18.470 Значи, согледувајќи го влијанието од ова, 0:03:18.470,0:03:21.598 Ендру и јас решивме дека сето ова мораме да го кренеме на повисоко ниво, 0:03:21.598,0:03:25.718 сè со цел како би им овозможиле најквалитетно образование на што повеќе луѓе. 0:03:25.718,0:03:27.213 Па така, ја формиравме Курсера, 0:03:27.213,0:03:30.350 чија цел е да се земат најдобрите наставни предмети 0:03:30.350,0:03:33.667 од најдобрите предавачи на најдобрите универзитети 0:03:33.667,0:03:37.695 и ова да им го понудиме на сите во светот бесплатно. 0:03:37.695,0:03:40.295 Моментално имаме 43 предмети на платформата 0:03:40.295,0:03:43.494 од 4 универзитети со различен опсег на дисциплини, 0:03:43.494,0:03:45.327 и дозволете ми да ви покажам еден мал преглед 0:03:45.327,0:03:48.605 за тоа како изгледа ова. 0:03:48.605,0:03:49.818 Роберт Грист: Добредојдовте на Калкулус. 0:03:49.818,0:03:51.698 Езекиел Емануел: Педесет милиони луѓе се неосигурани. 0:03:51.698,0:03:54.969 Скот Пејџ: Овие модели ни помагаат да дизајнираме поефективни институции и политики. 0:03:54.969,0:03:57.377 Постои неверојатна сегрегација. 0:03:57.377,0:03:59.169 Скот Клемер: Значи Буш замисли дека во иднина, 0:03:59.169,0:04:01.547 вие би носеле камера на средина од главата. 0:04:01.547,0:04:05.801 Мичел Данејер: Милс сака студентот по социологија да го развие квалитетот на умот... 0:04:05.801,0:04:09.466 Р.Г.: Висечкиот кабел добива форма на хиперболичен косинус. 0:04:09.466,0:04:12.537 Ник Парланте: За секој пиксел на сликата, поставете ја црвената на нула. 0:04:12.537,0:04:15.514 Пол Офит: ...вакцината ни овозможи да го елиминираме вирусот на детска парализа. 0:04:15.514,0:04:19.137 Ден Џурафски: Дали Луфтханза служи појадок и Сан Хозе? Па, тоа звучи смешно. 0:04:19.137,0:04:22.753 Дафне Колер: Значи ова е која паричка ќе ја одберете, а ова се двете фрлања. 0:04:22.753,0:04:26.440 Ендру 'Нг: Значи кај машинското учење-на макро ниво, ние би сакале да дојдеме до компјутерски... 0:04:26.440,0:04:32.049 (аплауз) 0:04:32.049,0:04:34.323 Се чини дека, можеби и не е изненадувачки, 0:04:34.323,0:04:36.561 студентите сакаат да ја добијат најдобрата содржина 0:04:36.561,0:04:39.448 од најдобрите универзитети бесплатно. 0:04:39.448,0:04:41.970 Откога ја отворивме веб-страната во февруари, 0:04:41.970,0:04:46.328 досега имаме 640.000 студенти од 190 земји. 0:04:46.328,0:04:48.480 Имаме 1,5 милиони уписи, 0:04:48.480,0:04:51.330 6 милиони тестови се поднесени за евалуација во рамки на 0:04:51.330,0:04:56.246 15-те предавања кои досега започнаа и имаме 14 милиони прегледани видеа. 0:04:56.246,0:04:58.764 Но, не се работи само за броевите, 0:04:58.764,0:05:00.405 тука и за самите луѓе. 0:05:00.405,0:05:03.381 Било да е тоа е Акаш, кој доаѓа од мал град во Индија 0:05:03.381,0:05:05.556 и никогаш не би имал пристап во овој случај 0:05:05.556,0:05:07.045 до квалитетен Стенфордски курс 0:05:07.045,0:05:09.560 и никогаш не би можел да си го дозволи. 0:05:09.560,0:05:11.598 Или Џени, која е самохрана мајка на две деца 0:05:11.598,0:05:13.565 и сака да ги подобри своите вештини 0:05:13.565,0:05:16.700 за да може да ја доврши својата магистратура. 0:05:16.700,0:05:19.836 Или Рајан, кој не може да оди на училиште, 0:05:19.836,0:05:21.701 поради слабиот имунитет кој го има неговата 0:05:21.701,0:05:25.084 ќерка, тој не смее да ризикува да внесе бактерии во куќата, 0:05:25.084,0:05:26.924 и затоа не смее да излегува надвор. 0:05:26.924,0:05:28.556 Навистина ми е мило да кажам дека... 0:05:28.556,0:05:30.808 неодамна, си пишавме со Рајан -- 0:05:30.808,0:05:32.740 и дека оваа приказна има среќен крај. 0:05:32.740,0:05:34.643 Малата Шенон, можете да ја видите од лево, 0:05:34.643,0:05:35.994 е многу подобро сега 0:05:35.994,0:05:40.192 и Рајан доби работа посетувајќи некои од нашите курсеви. 0:05:40.192,0:05:42.436 Што ги прави овие курсеви толку различни од другите? 0:05:42.436,0:05:46.156 Бидејќи сепак, разни онлајн предавања се присутни веќе одредено време. 0:05:46.156,0:05:49.868 Разликата се состои во тоа што овие курсеви се како вистинска настава. 0:05:49.868,0:05:51.594 Започнуваат на определен ден, 0:05:51.594,0:05:55.228 а потоа студентите гледаат видеа на неделна основа 0:05:55.228,0:05:57.083 и работат домашни задачи. 0:05:57.083,0:05:58.874 И овие се вистински домашни задачи 0:05:58.874,0:06:02.178 за вистинска оценка, со вистински краен рок. 0:06:02.178,0:06:04.234 Можете графички да ги видите роковите и употребата на материјалот. 0:06:04.234,0:06:06.322 Овие шилци покажуваат 0:06:06.322,0:06:10.111 дека одолговлекувањето е глобален феномен. 0:06:10.111,0:06:12.687 (смеа) 0:06:12.687,0:06:14.359 И на крајот од овој курс, 0:06:14.359,0:06:16.215 студентите добиваат сертификат. 0:06:16.215,0:06:18.375 Тие можат да го прикажат тој сертификат 0:06:18.375,0:06:20.528 на иден работодавач и да добијат подобра работа 0:06:20.528,0:06:22.588 и ние знаеме многу студенти кои го направиле ова. 0:06:22.588,0:06:24.507 Некои студенти го зедоа својот сертификат 0:06:24.507,0:06:27.629 и го прикажаа во образовната институција во која се запишани 0:06:27.629,0:06:29.470 и добија (ЕКТС) кредити на факултетот. 0:06:29.470,0:06:31.684 Значи, овие студенти навистина добиваа нешто значајно 0:06:31.684,0:06:34.518 за нивниот вложен труд и време. 0:06:34.518,0:06:37.073 Ајде да зборуваме малку за некои од компoнентите 0:06:37.073,0:06:38.965 кои се дел од овие курсеви. 0:06:38.965,0:06:41.593 Првата компонента е дека кога излегувате надвор 0:06:41.593,0:06:43.890 од ограничувањата на вистинска училница 0:06:43.890,0:06:46.730 и дизајнирате содржина експлицитно за онлајн формат, 0:06:46.730,0:06:49.258 тогаш можете да се ослободите, на пример 0:06:49.258,0:06:51.673 од сувопарното едночасовно предавање. 0:06:51.673,0:06:53.458 Можете да го поделите материјалот, на пример 0:06:53.458,0:06:56.834 во овие кратки, тематски единици од 8 до 12 минути, 0:06:56.834,0:06:59.808 секоја претставувајќи разбирлив концепт. 0:06:59.808,0:07:02.378 Студентите можат да го поминат овој материјал на различни начини, 0:07:02.378,0:07:06.082 зависно од нивното минато искуство, нивните вештини или интереси. 0:07:06.082,0:07:08.602 На пример, некои студенти можат да имаат корист 0:07:08.602,0:07:11.362 доколку го поминат подготвителниот материјал 0:07:11.362,0:07:13.433 којшто на другите студенти можеби им е веќе познат. 0:07:13.433,0:07:15.873 Други студенти можеби се заинтересирани за одредена 0:07:15.873,0:07:18.959 дополнителна тема која тие би сакале да ја следат индивидуално. 0:07:18.959,0:07:22.194 Па така, овој формат ни дозволува да скршнеме 0:07:22.194,0:07:25.018 од едноличните модели на образование 0:07:25.018,0:07:29.010 и дозволува студентите да следат многу поиндивидуализирана настава. 0:07:29.010,0:07:31.353 Секако, како едукатори сите ние знаеме 0:07:31.353,0:07:34.713 дека студентите не учат преку седење и пасивно гледање на видеа. 0:07:34.713,0:07:37.658 Можеби една од најголемите компоненти на овој напор 0:07:37.658,0:07:40.250 е дека ние мораме да имаме студенти 0:07:40.250,0:07:42.659 кои го вежбаат материјалот 0:07:42.659,0:07:45.815 сè со цел навистина да го разберат. 0:07:45.815,0:07:49.083 Има огромен број на студии кои ја демонстрираат важноста на ова. 0:07:49.083,0:07:51.615 Оваа која се појави во списанието Science претходната година, на пример, 0:07:51.615,0:07:54.447 покажува дека дури и едноставното вежбање на меморијата, 0:07:54.447,0:07:57.239 каде студентите треба само да го повторат 0:07:57.239,0:07:58.639 она што веќе го научиле 0:07:58.639,0:08:00.559 дава значајно подобрени резултати 0:08:00.559,0:08:02.828 на различни тестови за постигнување, попатно 0:08:02.828,0:08:07.132 отколку многу други образовни интервенции. 0:08:07.132,0:08:10.094 Се обидовме да го вметнеме меморискиот тренинг во платформата, 0:08:10.094,0:08:12.348 а овде секако вклучивме и други видови на вежби. 0:08:12.348,0:08:16.492 На пример, дури и нашите видеа не се само видеа. 0:08:16.492,0:08:18.535 На секои неколку минути, видеото паузира 0:08:18.535,0:08:20.686 и ги прашува студентите некое прашање. 0:08:20.686,0:08:22.907 (видео) С.П.: ...овие 4 работи. Теорија на можни исходи, хиперболични отстапки, 0:08:22.907,0:08:25.999 склоност кон избегнување промена, занемарување на основната стапка. Сите тие се добро документирани. 0:08:25.999,0:08:28.766 Значи сите тие се добро документирани отстапувања од рационалното однесување. 0:08:28.766,0:08:30.390 ДК: Значи тука видеото паузира, 0:08:30.390,0:08:32.646 и студентот го внесува одговорот во полето 0:08:32.646,0:08:35.869 и го испраќа. Очигледно е дека не обрнал внимание. 0:08:35.884,0:08:36.753 (смеа) 0:08:36.753,0:08:38.763 Има право пак да проба 0:08:38.763,0:08:41.299 и овој пат дава точен одговор. 0:08:41.299,0:08:43.492 Има и опционо објаснување доколку сака. 0:08:43.492,0:08:47.749 И сега видеото продолжува на следниот дел од предавањето. 0:08:47.749,0:08:49.627 Ова е вид на едноставно прашање 0:08:49.627,0:08:51.708 кое јас како предавач можам да го поставам на час 0:08:51.708,0:08:54.208 но, кога ќе го поставам ваквото прашање на час, 0:08:54.208,0:08:55.508 80 проценти од студентите 0:08:55.508,0:08:57.374 сè уште го запишуваат последното нешто кое сум го кажала, 0:08:57.374,0:09:00.695 15 проценти зјапаат во Фејсбук, 0:09:00.695,0:09:03.151 и тогаш некој од умните глави во првиот ред 0:09:03.151,0:09:04.510 ќе го каже одговорот 0:09:04.510,0:09:06.717 пред било кој друг да има шанса да размисли за тоа 0:09:06.717,0:09:09.589 и јас како предавач сум ужасно благодарна 0:09:09.589,0:09:11.237 дека некој всушност и го знаел одговорот. 0:09:11.237,0:09:14.029 И така предавањето продолжува, пред 0:09:14.029,0:09:17.558 повеќето од студентите и да забележат дека било поставено прашање. 0:09:17.558,0:09:20.165 Тука, секој студент 0:09:20.165,0:09:22.949 мора да се внесе во материјалот. 0:09:22.949,0:09:24.885 И секако овие едноставни мемориски прашања 0:09:24.885,0:09:26.547 не се крајот на приказната. 0:09:26.547,0:09:29.517 Мораме да вградиме многу пологични прашања за вежбање, 0:09:29.517,0:09:31.870 и исто така, на студентите треба да им се дадат повратни информации 0:09:31.870,0:09:33.533 за тие прашања. 0:09:33.533,0:09:36.421 Сега, како би ја оцениле работата на 100.000 студенти 0:09:36.421,0:09:39.503 ако немате 10.000 асистенти? 0:09:39.503,0:09:41.857 Одговорот е дека треба да користите технологија 0:09:41.857,0:09:43.352 која ќе го направи тоа за вас. 0:09:43.352,0:09:46.000 Денес, за среќа, технологијата е напредната 0:09:46.000,0:09:49.268 и сега можеме да оцениме цел опсег на интересни видови на домашни задачи. 0:09:49.268,0:09:50.795 Во склоп на прашањата на заокружување 0:09:50.795,0:09:53.948 и видовите на кратки прашања кои ги видовте во видеото, 0:09:53.948,0:09:57.208 можеме исто така да оценуваме математика, математички изрази 0:09:57.208,0:09:59.160 како и математички изводи. 0:09:59.160,0:10:02.034 Можеме да оценуваме модели, без разлика дали се тоа 0:10:02.034,0:10:04.210 финансиски модели од наставата по Бизнис 0:10:04.210,0:10:07.194 или физички модели од предметите Наука и Инженерство, 0:10:07.194,0:10:10.938 и можеме да оценуваме некои доста софистицирани задачи по програмирање. 0:10:10.938,0:10:12.857 Дозволете ми да ви покажам еден кој е навистина едноставен 0:10:12.857,0:10:14.337 но, доста сликовит. 0:10:14.337,0:10:16.814 Ова е од часот на Стенфорд по Компјутерско инженерство 101 0:10:16.814,0:10:18.418 и студентите треба да ја корегираат бојата 0:10:18.418,0:10:20.010 на матната црвена слика. 0:10:20.010,0:10:22.028 Го пишува програмскиот код во пребарувачот 0:10:22.028,0:10:26.086 и гледате дека нешто не е во ред, "Lady Liberty" сеуште има морска болест. 0:10:26.086,0:10:29.842 И така студентот се обидува повторно и овој пат е во право, го известуваме за тоа, 0:10:29.842,0:10:32.201 и сега може да продолжи на следната задача. 0:10:32.201,0:10:35.349 Оваа способност да комуницирате активно со материјалот 0:10:35.349,0:10:37.033 и да ви кажат кога сте погодиле или погрешиле 0:10:37.033,0:10:40.159 е од суштинско значење за напредокот на студентите. 0:10:40.159,0:10:42.434 Сега, се разбира сè уште не можеме [br]да ги оценуваме 0:10:42.434,0:10:45.268 сите задачи кои се потребни за сите предмети. 0:10:45.268,0:10:48.569 Поточно, недостасува вежбање во областа на критичкото размислување 0:10:48.569,0:10:50.491 кое е суштинско во такви дисциплини 0:10:50.491,0:10:54.088 како што се општествените науки, бизнисот и други. 0:10:54.088,0:10:56.337 Па така, се обидовме да убедиме 0:10:56.337,0:10:57.953 дел од наставниот кадар за општествени науки 0:10:57.953,0:11:00.649 дека прашањата на заокружување не се толку лоша стратегија. 0:11:00.649,0:11:02.840 Тоа не помина многу добро. 0:11:02.840,0:11:05.273 Па, затоа моравме да смислиме ново решение. 0:11:05.273,0:11:08.347 И решението до кое стигнавме е користење на меѓусебно (врсничко) оценување. 0:11:08.347,0:11:10.769 Излегува дека претходните истражувања покажуваат, 0:11:10.769,0:11:12.441 како ова од Седлер и Гуд, 0:11:12.441,0:11:14.929 дека меѓусебното (врсничко) оценување е изненадувачки ефективна стратегија 0:11:14.929,0:11:18.143 за обезбедување на релијабилни оценки. 0:11:18.143,0:11:19.913 Беше испробано само во мали класови 0:11:19.913,0:11:21.400 но, се покажа дека 0:11:21.400,0:11:23.882 оценките на y-оската кои се доделени од самите студенти 0:11:23.882,0:11:25.193 всушност многу добро корелираат (се поклопуваат) 0:11:25.193,0:11:27.489 со оценките на x-оската кои се доделени од професорите. 0:11:27.489,0:11:30.649 Уште позачудувачки е тоа дека само-оценките, 0:11:30.649,0:11:32.960 каде студентите критички ја оценуваат својата работа -- 0:11:32.960,0:11:34.697 се додека соодветно ги поттикнувате и наградувате, 0:11:34.697,0:11:36.635 бидејќи во спротивно тие би си дале совршена оцена - - 0:11:36.635,0:11:39.826 уште подобро корелираат со оценките дадени од страна на професорите. 0:11:39.826,0:11:41.433 Значи ова е ефективна стратегија 0:11:41.433,0:11:43.537 за оценување доколку имате голем број на луѓе, 0:11:43.537,0:11:46.273 и исто така е корисна стратегија за учење за самите студентите, 0:11:46.273,0:11:48.528 бидејќи тие всушност учат од самото искуство. 0:11:48.528,0:11:53.177 Значи сега го имаме најголемиот врснички систем за меѓусебно оценување некогаш создаден, 0:11:53.177,0:11:55.681 каде десетици илјади студенти 0:11:55.681,0:11:56.879 се оценуваат едни со други 0:11:56.879,0:11:59.948 и притоа сосем успешно, морам да кажам. 0:11:59.948,0:12:02.208 Но, ова не е само за студенти 0:12:02.208,0:12:05.249 кои седат во својата дневна соба и работат на задачите. 0:12:05.249,0:12:07.056 Околку секој од нашите курсеви, 0:12:07.056,0:12:09.216 се оформија заедници од студенти, 0:12:09.216,0:12:11.096 глобална заедница на луѓе 0:12:11.096,0:12:13.628 собрана околу заеднички интелектуален поход. 0:12:13.628,0:12:16.280 Тоа што гледате овде е само-генерирана мапа 0:12:16.280,0:12:19.241 од студенти на нашиот курс по Социологија 101 од Принстон, 0:12:19.241,0:12:22.000 при што тие самите себе се поставија на светската мапа, 0:12:22.000,0:12:24.960 на која вистински може да се види глобалниот опсег од ваквиот труд. 0:12:24.960,0:12:29.527 Студентите соработуваат на овие курсеви на најразлични начини. 0:12:29.527,0:12:32.166 Пред сè, има форум за прашања и одговори, 0:12:32.166,0:12:34.310 каде едни студенти поставуваат прашања, 0:12:34.310,0:12:36.734 а други студенти одговараат на тие прашања. 0:12:36.734,0:12:38.447 И она што е навистина неверојатно е 0:12:38.447,0:12:40.117 тоа што, поради големиот број студенти, 0:12:40.117,0:12:42.482 дури и кога некој студент ќе поставеше прашање 0:12:42.482,0:12:44.114 во 3 часот наутро, 0:12:44.114,0:12:45.696 некаде во светот, 0:12:45.696,0:12:47.770 ќе се најдеше некој којшто е буден и којшто 0:12:47.770,0:12:50.083 работи на истиот проблем. 0:12:50.083,0:12:52.041 И така, на многу од нашите курсеви 0:12:52.041,0:12:54.370 просечното време за одговарање на некое прашање во 0:12:54.370,0:12:57.788 рамките на форумот за прашања и одговори е 22 минути. 0:12:57.788,0:13:02.365 Што не е ниво на услуга што некогаш сум ја понудила на моите студенти од Стенфорд. 0:13:02.365,0:13:03.706 (смеа) 0:13:03.706,0:13:05.648 Од препораките на студентите можете да видите 0:13:05.648,0:13:07.335 оти нивното гледиште всушност е 0:13:07.335,0:13:09.856 дека поради оваа голема онлајн заедница, 0:13:09.856,0:13:12.455 тие можат да комуницираат меѓусебно на многу начини 0:13:12.455,0:13:16.648 кои се позначајни отколку оние кои ги имале во контекст на вистинска училница. 0:13:16.648,0:13:18.992 Студентите исто така самостојно се собираа, 0:13:18.992,0:13:20.855 без никаква помош од наша страна, 0:13:20.855,0:13:22.758 во мали групи за учење. 0:13:22.758,0:13:25.120 Некои од овие беа вистински групи за учење 0:13:25.120,0:13:26.946 формирани во рамки на географската ограниченост 0:13:26.946,0:13:29.668 и се среќаваа неделно за да работат на задачите. 0:13:29.668,0:13:31.568 Ова е групата за учење од Сан Франциско 0:13:31.568,0:13:33.887 но, вакви групи има насекаде во светот. 0:13:33.887,0:13:35.919 Други беа виртуелни групи за учење, 0:13:35.919,0:13:38.908 понекогаш според јазични или културолошки линии, 0:13:38.908,0:13:40.352 и таму долу лево, 0:13:40.352,0:13:44.148 се гледа нашата мултикултурна универзална група за учење 0:13:44.148,0:13:45.911 во која луѓето отворено пројавија интерес да се 0:13:45.911,0:13:48.917 поврзат со луѓе од други култури. 0:13:48.917,0:13:51.028 Постојат огромни можности 0:13:51.028,0:13:54.353 од ваквиот начин на учење. 0:13:54.353,0:13:58.007 Првата е дека има потенцијал да ни даде 0:13:58.007,0:14:00.441 еден целосно уникатен поглед 0:14:00.441,0:14:02.730 во начинот на кој го усвојуваме знаењето. 0:14:02.730,0:14:06.193 Бидејќи податоците кои ги добиваме од овде се уникатни. 0:14:06.193,0:14:10.202 Во предвид може да го земете секој клик, секоја домашна задача, 0:14:10.202,0:14:14.565 секој пост во форумот од десетици илјади студенти. 0:14:14.565,0:14:16.908 Оттука, изучувањето на човечкото учење, може да 0:14:16.908,0:14:18.841 премине од модалитет базиран на хипотези 0:14:18.841,0:14:21.699 во модалитет базиран на податоци, трансформација која 0:14:21.699,0:14:24.740 на пример, ја има преобразено биологијата. 0:14:24.740,0:14:28.164 Овие податоци можат да се користат за да се разберат основни прашања 0:14:28.164,0:14:30.044 како, кои се добрите стратегии за учење 0:14:30.044,0:14:32.740 кои се ефективните наспроти оние кои не се? 0:14:32.740,0:14:34.980 И во контекстот на одредени курсеви, 0:14:34.980,0:14:36.517 можете да поставите прашања 0:14:36.517,0:14:39.772 како, кои се некои од почестите погрешни сфаќања 0:14:39.772,0:14:41.949 и како да им помогнеме на студентите да ги поправат? 0:14:41.949,0:14:43.373 Еве еден таков пример, 0:14:43.373,0:14:45.389 исто така од часот по Машинско учење на Ендру. 0:14:45.389,0:14:47.597 Ова е распределба на погрешни одговори 0:14:47.597,0:14:49.207 за една од домашните зададени од Ендру. 0:14:49.207,0:14:51.100 Одговорите се разни парови на броеви, 0:14:51.100,0:14:53.371 кои можете да ги внесете на овој дводимензионален нацрт. 0:14:53.371,0:14:57.149 Секој од овие мали иксови кои ги гледате претставува погрешен одговор. 0:14:57.149,0:14:59.555 Големиот икс горе лево 0:14:59.555,0:15:01.703 е каде 2.000 студенти 0:15:01.703,0:15:04.748 дале ист погрешен одговор. 0:15:04.748,0:15:07.075 Сега, ако двајца студенти во клас од 100 0:15:07.075,0:15:08.362 дадат ист погрешен одговор, 0:15:08.362,0:15:09.713 никогаш не би забележале. 0:15:09.713,0:15:12.273 Но, кога 2.000 студенти ќе дадат ист погрешен одговор 0:15:12.273,0:15:13.970 некако е тешко, а да не забележите. 0:15:13.970,0:15:16.162 Така Ендру и неговите студенти, 0:15:16.162,0:15:17.682 погледнаа некои од тие домашни 0:15:17.682,0:15:21.770 ја увидоа главната причина за недоразбирањето 0:15:21.770,0:15:24.290 и тогаш напишаа порака која се однесуваше на оваа грешка, 0:15:24.290,0:15:26.539 порака која ќе му биде испратена на секој студент 0:15:26.539,0:15:28.718 чијшто одговор влегол во таа категорија, 0:15:28.718,0:15:30.802 што значи дека студентите кои ја направиле истата грешка 0:15:30.802,0:15:32.828 сега би добиле персонализирана повратна информација 0:15:32.828,0:15:37.227 кажувајќи им како да ја исправат грешката поефективно. 0:15:37.227,0:15:41.038 Значи оваа персонализација е нешто што може да се направи 0:15:41.038,0:15:44.178 благодарение на големите броеви. 0:15:44.178,0:15:46.490 Персонализацијата е можеби 0:15:46.490,0:15:48.913 една од најголемите можности тука, 0:15:48.913,0:15:51.258 бидејќи ни дава потенцијал за 0:15:51.258,0:15:53.948 решавање на еден 30 годишен проблем. 0:15:53.948,0:15:57.297 Истражувачот на образованието Бенџамин Блум, во 1984 година, 0:15:57.297,0:15:59.548 го постави таканаречениот 2 сигма проблем, 0:15:59.548,0:16:02.610 кој го забележал преку проучување на три популации. 0:16:02.610,0:16:06.218 Првата популација учела на начин базиран на класично предавање. 0:16:06.218,0:16:08.995 Втората популација на студенти учеле 0:16:08.995,0:16:10.714 на начин базиран на класично предавање 0:16:10.714,0:16:12.794 но, со пристап за усовршување, на тој 0:16:12.794,0:16:14.714 начин што студентите ќе преминат на следната тема 0:16:14.714,0:16:18.068 под услов доколку покажат разбирање на претходната. 0:16:18.068,0:16:20.362 И на крај, имало трета популација на студенти 0:16:20.362,0:16:24.890 кои биле подучувани еден на еден од страна на тутор. 0:16:24.890,0:16:28.162 Резултатите на студентите сугерираат дека групата базирана на усовршување 0:16:28.162,0:16:30.450 била подобра за цела стандардна девијација т.е. сигма 0:16:30.450,0:16:32.844 во споредба со групата базирана на класично предавање 0:16:32.844,0:16:34.988 а, индивидуалното туторство ви дава подобрување 0:16:34.988,0:16:36.818 на резултатите од 2 сигма. 0:16:36.818,0:16:38.281 За да разбереме што значи тоа 0:16:38.281,0:16:40.114 да се осврнеме кон класичното предавање, 0:16:40.114,0:16:43.033 и ајде да го земеме просечниот резултат како норма. 0:16:43.033,0:16:44.371 Па така, во групата базирана на класично предавање, 0:16:44.371,0:16:48.250 половина од студентите се над нормата и половина се под нормата. 0:16:48.250,0:16:50.348 Кај индивидуалното туторство, 0:16:50.348,0:16:55.149 98 проценти од студентите се над оваа норма. 0:16:55.149,0:16:59.069 Замислете ако би можеле да предаваме на начин што 98 проценти од нашите студенти 0:16:59.069,0:17:01.267 би биле натпросечни. 0:17:01.267,0:17:04.690 И затоа ни се јавува 2 сигма проблемот. 0:17:04.690,0:17:07.089 Бидејќи, како општество, не можеме да си дозволиме 0:17:07.089,0:17:10.161 на секој студент да му назначиме посебен тутор. 0:17:10.161,0:17:12.410 Но, можеби ќе можеме на секој студент да му дадеме 0:17:12.410,0:17:14.429 компјутер или смартфон. 0:17:14.429,0:17:16.618 Значи прашањето е, како можеме да ја искористиме технологијата 0:17:16.618,0:17:19.993 да се поместиме од левата страна на графиконот, од сината крива 0:17:19.993,0:17:22.731 кон десната страна со зелената крива? 0:17:22.731,0:17:25.068 Усовршувањето е лесно да се постигне користејќи компјутер, 0:17:25.068,0:17:26.473 затоа што компјутерот не се заморува 0:17:26.473,0:17:29.546 прикажувајќи го истото видео пет пати. 0:17:29.546,0:17:32.797 И не се заморува од оценување на истата работа повеќе пати, 0:17:32.802,0:17:35.828 го видовме тоа во многу од примерите кои ви ги покажав. 0:17:35.828,0:17:37.682 Дури и персонализацијата 0:17:37.682,0:17:39.818 е нешто на кое почнуваме да му го гледаме почетокот 0:17:39.818,0:17:43.010 без разлика дали персонализацијата ќе се изведе преку наставниот план 0:17:43.010,0:17:46.274 или во вид на персонализирана повратна информација како што ви прикажавме. 0:17:46.274,0:17:48.762 Нашата цел е да туркаме најсилно што можеме, 0:17:48.762,0:17:52.259 и да видиме колку далеку можеме да стигнеме на патот кон зелената крива. 0:17:52.259,0:17:57.618 Па ако ова е толку супер, дали универзитетите се сега застарени? 0:17:57.618,0:18:00.610 Марк Твен секако мислел така. 0:18:00.610,0:18:03.155 Тој кажал дека „Колеџот сега е место каде професорските белешки 0:18:03.155,0:18:04.858 одат право во белешките на студентите, 0:18:04.858,0:18:07.234 без да поминат низ умот на едните или на другите.“ 0:18:07.234,0:18:11.281 (смеа) 0:18:11.281,0:18:13.949 Јас сепак не се сложувам со Марк Твен.. 0:18:13.949,0:18:16.614 Мислам дека тој не се жалел за 0:18:16.614,0:18:19.364 универзитетите туку за форматот на кој се базирани предавањата, 0:18:19.364,0:18:22.148 на што многу универзитети трошат премногу време. 0:18:22.148,0:18:25.307 Ајде да одиме уште подалеку, до Плутарх 0:18:25.307,0:18:27.534 кој кажал дека „Умот не е сад на кој му треба полнење, 0:18:27.534,0:18:29.557 туку дрво кое треба да се запали.“ 0:18:29.557,0:18:31.747 На универзитетите можеби треба да поминуваме помалку време 0:18:31.747,0:18:34.318 полнејќи им ги мозоците на нашите студенти со содржина 0:18:34.318,0:18:38.118 преку предавање, а повеќе време разгорувајќи ја нивната креативност, 0:18:38.118,0:18:41.373 нивната имагинација и нивните вештини за решавање проблеми 0:18:41.373,0:18:43.871 преку вистински разговор со нив. 0:18:43.871,0:18:45.238 Како да го направиме тоа? 0:18:45.238,0:18:48.669 Тоа го правиме преку активна настава во училницата. 0:18:48.669,0:18:51.118 Има многу студии, вклучувајќи ја и оваа 0:18:51.118,0:18:53.198 кои покажуваат дека ако користите активна настава, 0:18:53.198,0:18:55.614 комуницирање со вашите студенти во училницата, 0:18:55.614,0:18:58.310 резултатите се зголемуваат на секоја поединечна мерка - 0:18:58.310,0:19:00.759 на присутност, активност и на учење, притоа 0:19:00.759,0:19:02.814 сето ова е измерено преку стандардизиран тест. 0:19:02.814,0:19:04.678 Можете да видите дека резултатот кој говори за постигнувањата 0:19:04.678,0:19:07.548 речиси се дуплира во овој конкретен експеримент. 0:19:07.548,0:19:11.949 Можеби на овој начин треба да го поминуваме нашето време на универзитетите. 0:19:11.949,0:19:16.526 Да резимирам, ако можеме да понудиме висококвалитетно образование 0:19:16.526,0:19:18.429 за секого во светот бесплатно, 0:19:18.429,0:19:21.250 до што ќе доведе тоа? До три нешта. 0:19:21.250,0:19:24.671 Прво ќе се воспостави образованието како основно човечко право, 0:19:24.671,0:19:26.037 каде секој во светот 0:19:26.037,0:19:27.958 со својата способност и мотивација 0:19:27.958,0:19:29.909 ќе може да ги добие потребните вештини 0:19:29.909,0:19:31.494 за да создаде подобар живот за себе, 0:19:31.494,0:19:33.511 неговото семејство и неговата заедница. 0:19:33.511,0:19:36.142 Второ, тоа би овозможило доживотно учење. 0:19:36.142,0:19:38.093 Штета е што за толку многу луѓе 0:19:38.093,0:19:41.405 учењето престанува кога ќе завршиме средно училиште или ќе завршиме факултет. 0:19:41.405,0:19:43.886 Достапноста на оваа неверојатна содржина, 0:19:43.886,0:19:46.629 ни дава можност да научиме нешто ново 0:19:46.629,0:19:47.765 секој пат кога ќе посакаме, 0:19:47.765,0:19:49.094 било само за да го прошириме нашиот светоглед 0:19:49.094,0:19:51.053 или за да ги смениме нашите животи. 0:19:51.053,0:19:54.198 И најпосле, ова би овозможило бран на иновации, 0:19:54.198,0:19:57.270 бидејќи неверојатен талент може да се најде насекаде. 0:19:57.270,0:20:00.278 Можеби следниот Алберт Ајнштајн или следниот Стив Џобс 0:20:00.278,0:20:02.893 живее некаде во некое далечно село во Африка. 0:20:02.893,0:20:05.549 И доколку би можеле на таа личност да ѝ понудиме образование, 0:20:05.549,0:20:07.905 таа би можела да ја смисли следната голема идеја 0:20:07.905,0:20:10.309 и да го направи светот подобро место за сите нас. 0:20:10.309,0:20:11.469 Ви благодарам многу. 0:20:11.469,0:20:19.052 (аплауз)