1 00:00:00,725 --> 00:00:03,836 Како и многумина од вас, јас сум една од среќните луѓе. 2 00:00:03,836 --> 00:00:07,236 Бев родена во семејство каде образованието беше влијателно. 3 00:00:07,236 --> 00:00:11,474 Јас сум трета генерација докторанд, ќерка на двајца академици. 4 00:00:11,474 --> 00:00:15,268 Во детството си играв во универзитетската лабораторија на татко ми. 5 00:00:15,268 --> 00:00:19,117 Па така, се подразбираше дека ќе посетувам некои од најдобрите универзитети 6 00:00:19,117 --> 00:00:22,918 кои за возврат ми ја отворија вратата кон свет од можности. 7 00:00:22,918 --> 00:00:27,038 За жал, повеќето луѓе во светот не се толку среќни. 8 00:00:27,038 --> 00:00:30,173 Во некои делови од светот, на пример Јужна Африка, 9 00:00:30,173 --> 00:00:32,878 образованието не е лесно достапно. 10 00:00:32,878 --> 00:00:35,853 Во Јужна Африка, образовниот систем бил создаден за време 11 00:00:35,853 --> 00:00:38,726 на апартхејдот и притоа бил наменет за белото малцинство. 12 00:00:38,726 --> 00:00:41,426 И како последица, денес нема доволно места 13 00:00:41,426 --> 00:00:45,278 за повеќето луѓе кои сакаат и заслужуваат висококвалитетно образование. 14 00:00:45,278 --> 00:00:49,158 Овој недостаток доведе до криза во јануари оваа година 15 00:00:49,158 --> 00:00:50,994 на Универзитетот во Јоханесбург. 16 00:00:50,994 --> 00:00:53,125 Имаше останато неколку слободни места 17 00:00:53,125 --> 00:00:56,094 после стандардниот приемен процес и ноќта пред да 18 00:00:56,094 --> 00:00:58,654 бидат отворени за аплицирање, илјадници луѓе 19 00:00:58,654 --> 00:01:02,706 се наредија надвор пред портата во колона една милја долга, имајќи 20 00:01:02,706 --> 00:01:06,586 намера да бидат први во редот со цел како би дошле до едно од местата. 21 00:01:06,586 --> 00:01:08,894 Кога се отворија вратите, имаше човечко стампедо 22 00:01:08,894 --> 00:01:12,546 и 20 луѓе беа повредени, а една жена почина. 23 00:01:12,546 --> 00:01:14,486 Таа беше мајка која го даде својот живот 24 00:01:14,486 --> 00:01:18,549 обидувајќи се да му овозможи на својот син прилика за подобар живот. 25 00:01:18,549 --> 00:01:21,706 Но, дури и во делови од светот како САД, 26 00:01:21,706 --> 00:01:26,062 каде образованието е достапно, можно е да не биде на дофат. 27 00:01:26,062 --> 00:01:28,734 Многу се дискутираше во последните неколку години 28 00:01:28,734 --> 00:01:30,723 за зголемувањето на трошоците за здравствена заштита. 29 00:01:30,723 --> 00:01:33,365 Тоа што не е толку очигледно за луѓето 30 00:01:33,365 --> 00:01:37,387 е дека во текот на истиот период, цената на високото образование 31 00:01:37,387 --> 00:01:39,867 се зголемуваше речиси двојно побрзо, 32 00:01:39,867 --> 00:01:44,147 т.е. за 559 проценти споредено со 1985 година. 33 00:01:44,147 --> 00:01:48,681 Поради ова многу луѓе не можат да си дозволат образование. 34 00:01:48,681 --> 00:01:52,482 Најпосле, дури и оние кои успеваат да се стекнат со високо образование, 35 00:01:52,482 --> 00:01:55,107 сепак сите тие не добиваат еднакви можности. 36 00:01:55,107 --> 00:01:58,314 Само малку повеќе од половина од скорешните дипломци 37 00:01:58,314 --> 00:02:00,627 во САД кои се стекнале со високо образование 38 00:02:00,627 --> 00:02:04,090 всушност работат на работни места кои го бараат тоа образование. 39 00:02:04,090 --> 00:02:05,930 Ова секако не е точно за студентите 40 00:02:05,930 --> 00:02:07,882 кои дипломираат на врвните институции 41 00:02:07,882 --> 00:02:10,514 но, многу други не ги чувствуваат благодетите 42 00:02:10,514 --> 00:02:14,050 од времето и трудот кои ги вложиле. 43 00:02:14,050 --> 00:02:17,080 Том Фридман, во својата неодамнешна статија во Њујорк Тајмс 44 00:02:17,080 --> 00:02:21,448 го опфати, на еден уникатен начин, духот во основата на нашиот труд, 45 00:02:21,448 --> 00:02:24,568 Тој рече дека големите откритија се она што се случува 46 00:02:24,568 --> 00:02:28,467 кога тоа што е одеднаш можно го пресретнува тоа што е очајно потребно. 47 00:02:28,467 --> 00:02:31,088 Зборував за тоа што е очајно потребно. 48 00:02:31,088 --> 00:02:33,600 Ајде да зборуваме за тоа што е можно одеднаш. 49 00:02:33,600 --> 00:02:36,719 Тоа што е можно одеднаш беше демонстрирано од 50 00:02:36,719 --> 00:02:38,287 три големи наставни предмети на Стенфорд, 51 00:02:38,287 --> 00:02:42,167 на кои се имаа запишано по 100.000 луѓе или повеќе. 52 00:02:42,167 --> 00:02:45,551 Па така, за да го разбереме ова, ајде да погледнеме еден од тие предмети, 53 00:02:45,551 --> 00:02:47,471 т.е. оној по Машинско учење кој го предава мојот колега 54 00:02:47,471 --> 00:02:49,200 и ко-основач Ендру 'Нг. 55 00:02:49,200 --> 00:02:51,519 Ендру предава еден од позначајните предмети на Стенфорд. 56 00:02:51,519 --> 00:02:52,728 Тоа е предметот по Машинско учење 57 00:02:52,728 --> 00:02:56,246 и секој пат кога ќе се отворат уписите на него се запишуваат по 400 луѓе. 58 00:02:56,246 --> 00:02:59,511 Кога Ендру предаваше Машинско учење на пошироката јавност, 59 00:02:59,511 --> 00:03:02,127 тогаш се имаа пријавено 100.000 луѓе. 60 00:03:02,127 --> 00:03:04,136 Па, за да се стави тој број во перспектива, 61 00:03:04,136 --> 00:03:06,495 за Ендру да го достигне истиот број на публика 62 00:03:06,495 --> 00:03:08,321 преку предавање само во рамки на Стенфорд, 63 00:03:08,321 --> 00:03:12,247 тој би требало да го прави тоа во наредните 250 години. 64 00:03:12,247 --> 00:03:15,733 Секако, би му здосадило. 65 00:03:15,733 --> 00:03:18,470 Значи, согледувајќи го влијанието од ова, 66 00:03:18,470 --> 00:03:21,598 Ендру и јас решивме дека сето ова мораме да го кренеме на повисоко ниво, 67 00:03:21,598 --> 00:03:25,718 сè со цел како би им овозможиле најквалитетно образование на што повеќе луѓе. 68 00:03:25,718 --> 00:03:27,213 Па така, ја формиравме Курсера, 69 00:03:27,213 --> 00:03:30,350 чија цел е да се земат најдобрите наставни предмети 70 00:03:30,350 --> 00:03:33,667 од најдобрите предавачи на најдобрите универзитети 71 00:03:33,667 --> 00:03:37,695 и ова да им го понудиме на сите во светот бесплатно. 72 00:03:37,695 --> 00:03:40,295 Моментално имаме 43 предмети на платформата 73 00:03:40,295 --> 00:03:43,494 од 4 универзитети со различен опсег на дисциплини, 74 00:03:43,494 --> 00:03:45,327 и дозволете ми да ви покажам еден мал преглед 75 00:03:45,327 --> 00:03:48,605 за тоа како изгледа ова. 76 00:03:48,605 --> 00:03:49,818 Роберт Грист: Добредојдовте на Калкулус. 77 00:03:49,818 --> 00:03:51,698 Езекиел Емануел: Педесет милиони луѓе се неосигурани. 78 00:03:51,698 --> 00:03:54,969 Скот Пејџ: Овие модели ни помагаат да дизајнираме поефективни институции и политики. 79 00:03:54,969 --> 00:03:57,377 Постои неверојатна сегрегација. 80 00:03:57,377 --> 00:03:59,169 Скот Клемер: Значи Буш замисли дека во иднина, 81 00:03:59,169 --> 00:04:01,547 вие би носеле камера на средина од главата. 82 00:04:01,547 --> 00:04:05,801 Мичел Данејер: Милс сака студентот по социологија да го развие квалитетот на умот... 83 00:04:05,801 --> 00:04:09,466 Р.Г.: Висечкиот кабел добива форма на хиперболичен косинус. 84 00:04:09,466 --> 00:04:12,537 Ник Парланте: За секој пиксел на сликата, поставете ја црвената на нула. 85 00:04:12,537 --> 00:04:15,514 Пол Офит: ...вакцината ни овозможи да го елиминираме вирусот на детска парализа. 86 00:04:15,514 --> 00:04:19,137 Ден Џурафски: Дали Луфтханза служи појадок и Сан Хозе? Па, тоа звучи смешно. 87 00:04:19,137 --> 00:04:22,753 Дафне Колер: Значи ова е која паричка ќе ја одберете, а ова се двете фрлања. 88 00:04:22,753 --> 00:04:26,440 Ендру 'Нг: Значи кај машинското учење-на макро ниво, ние би сакале да дојдеме до компјутерски... 89 00:04:26,440 --> 00:04:32,049 (аплауз) 90 00:04:32,049 --> 00:04:34,323 Се чини дека, можеби и не е изненадувачки, 91 00:04:34,323 --> 00:04:36,561 студентите сакаат да ја добијат најдобрата содржина 92 00:04:36,561 --> 00:04:39,448 од најдобрите универзитети бесплатно. 93 00:04:39,448 --> 00:04:41,970 Откога ја отворивме веб-страната во февруари, 94 00:04:41,970 --> 00:04:46,328 досега имаме 640.000 студенти од 190 земји. 95 00:04:46,328 --> 00:04:48,480 Имаме 1,5 милиони уписи, 96 00:04:48,480 --> 00:04:51,330 6 милиони тестови се поднесени за евалуација во рамки на 97 00:04:51,330 --> 00:04:56,246 15-те предавања кои досега започнаа и имаме 14 милиони прегледани видеа. 98 00:04:56,246 --> 00:04:58,764 Но, не се работи само за броевите, 99 00:04:58,764 --> 00:05:00,405 тука и за самите луѓе. 100 00:05:00,405 --> 00:05:03,381 Било да е тоа е Акаш, кој доаѓа од мал град во Индија 101 00:05:03,381 --> 00:05:05,556 и никогаш не би имал пристап во овој случај 102 00:05:05,556 --> 00:05:07,045 до квалитетен Стенфордски курс 103 00:05:07,045 --> 00:05:09,560 и никогаш не би можел да си го дозволи. 104 00:05:09,560 --> 00:05:11,598 Или Џени, која е самохрана мајка на две деца 105 00:05:11,598 --> 00:05:13,565 и сака да ги подобри своите вештини 106 00:05:13,565 --> 00:05:16,700 за да може да ја доврши својата магистратура. 107 00:05:16,700 --> 00:05:19,836 Или Рајан, кој не може да оди на училиште, 108 00:05:19,836 --> 00:05:21,701 поради слабиот имунитет кој го има неговата 109 00:05:21,701 --> 00:05:25,084 ќерка, тој не смее да ризикува да внесе бактерии во куќата, 110 00:05:25,084 --> 00:05:26,924 и затоа не смее да излегува надвор. 111 00:05:26,924 --> 00:05:28,556 Навистина ми е мило да кажам дека... 112 00:05:28,556 --> 00:05:30,808 неодамна, си пишавме со Рајан -- 113 00:05:30,808 --> 00:05:32,740 и дека оваа приказна има среќен крај. 114 00:05:32,740 --> 00:05:34,643 Малата Шенон, можете да ја видите од лево, 115 00:05:34,643 --> 00:05:35,994 е многу подобро сега 116 00:05:35,994 --> 00:05:40,192 и Рајан доби работа посетувајќи некои од нашите курсеви. 117 00:05:40,192 --> 00:05:42,436 Што ги прави овие курсеви толку различни од другите? 118 00:05:42,436 --> 00:05:46,156 Бидејќи сепак, разни онлајн предавања се присутни веќе одредено време. 119 00:05:46,156 --> 00:05:49,868 Разликата се состои во тоа што овие курсеви се како вистинска настава. 120 00:05:49,868 --> 00:05:51,594 Започнуваат на определен ден, 121 00:05:51,594 --> 00:05:55,228 а потоа студентите гледаат видеа на неделна основа 122 00:05:55,228 --> 00:05:57,083 и работат домашни задачи. 123 00:05:57,083 --> 00:05:58,874 И овие се вистински домашни задачи 124 00:05:58,874 --> 00:06:02,178 за вистинска оценка, со вистински краен рок. 125 00:06:02,178 --> 00:06:04,234 Можете графички да ги видите роковите и употребата на материјалот. 126 00:06:04,234 --> 00:06:06,322 Овие шилци покажуваат 127 00:06:06,322 --> 00:06:10,111 дека одолговлекувањето е глобален феномен. 128 00:06:10,111 --> 00:06:12,687 (смеа) 129 00:06:12,687 --> 00:06:14,359 И на крајот од овој курс, 130 00:06:14,359 --> 00:06:16,215 студентите добиваат сертификат. 131 00:06:16,215 --> 00:06:18,375 Тие можат да го прикажат тој сертификат 132 00:06:18,375 --> 00:06:20,528 на иден работодавач и да добијат подобра работа 133 00:06:20,528 --> 00:06:22,588 и ние знаеме многу студенти кои го направиле ова. 134 00:06:22,588 --> 00:06:24,507 Некои студенти го зедоа својот сертификат 135 00:06:24,507 --> 00:06:27,629 и го прикажаа во образовната институција во која се запишани 136 00:06:27,629 --> 00:06:29,470 и добија (ЕКТС) кредити на факултетот. 137 00:06:29,470 --> 00:06:31,684 Значи, овие студенти навистина добиваа нешто значајно 138 00:06:31,684 --> 00:06:34,518 за нивниот вложен труд и време. 139 00:06:34,518 --> 00:06:37,073 Ајде да зборуваме малку за некои од компoнентите 140 00:06:37,073 --> 00:06:38,965 кои се дел од овие курсеви. 141 00:06:38,965 --> 00:06:41,593 Првата компонента е дека кога излегувате надвор 142 00:06:41,593 --> 00:06:43,890 од ограничувањата на вистинска училница 143 00:06:43,890 --> 00:06:46,730 и дизајнирате содржина експлицитно за онлајн формат, 144 00:06:46,730 --> 00:06:49,258 тогаш можете да се ослободите, на пример 145 00:06:49,258 --> 00:06:51,673 од сувопарното едночасовно предавање. 146 00:06:51,673 --> 00:06:53,458 Можете да го поделите материјалот, на пример 147 00:06:53,458 --> 00:06:56,834 во овие кратки, тематски единици од 8 до 12 минути, 148 00:06:56,834 --> 00:06:59,808 секоја претставувајќи разбирлив концепт. 149 00:06:59,808 --> 00:07:02,378 Студентите можат да го поминат овој материјал на различни начини, 150 00:07:02,378 --> 00:07:06,082 зависно од нивното минато искуство, нивните вештини или интереси. 151 00:07:06,082 --> 00:07:08,602 На пример, некои студенти можат да имаат корист 152 00:07:08,602 --> 00:07:11,362 доколку го поминат подготвителниот материјал 153 00:07:11,362 --> 00:07:13,433 којшто на другите студенти можеби им е веќе познат. 154 00:07:13,433 --> 00:07:15,873 Други студенти можеби се заинтересирани за одредена 155 00:07:15,873 --> 00:07:18,959 дополнителна тема која тие би сакале да ја следат индивидуално. 156 00:07:18,959 --> 00:07:22,194 Па така, овој формат ни дозволува да скршнеме 157 00:07:22,194 --> 00:07:25,018 од едноличните модели на образование 158 00:07:25,018 --> 00:07:29,010 и дозволува студентите да следат многу поиндивидуализирана настава. 159 00:07:29,010 --> 00:07:31,353 Секако, како едукатори сите ние знаеме 160 00:07:31,353 --> 00:07:34,713 дека студентите не учат преку седење и пасивно гледање на видеа. 161 00:07:34,713 --> 00:07:37,658 Можеби една од најголемите компоненти на овој напор 162 00:07:37,658 --> 00:07:40,250 е дека ние мораме да имаме студенти 163 00:07:40,250 --> 00:07:42,659 кои го вежбаат материјалот 164 00:07:42,659 --> 00:07:45,815 сè со цел навистина да го разберат. 165 00:07:45,815 --> 00:07:49,083 Има огромен број на студии кои ја демонстрираат важноста на ова. 166 00:07:49,083 --> 00:07:51,615 Оваа која се појави во списанието Science претходната година, на пример, 167 00:07:51,615 --> 00:07:54,447 покажува дека дури и едноставното вежбање на меморијата, 168 00:07:54,447 --> 00:07:57,239 каде студентите треба само да го повторат 169 00:07:57,239 --> 00:07:58,639 она што веќе го научиле 170 00:07:58,639 --> 00:08:00,559 дава значајно подобрени резултати 171 00:08:00,559 --> 00:08:02,828 на различни тестови за постигнување, попатно 172 00:08:02,828 --> 00:08:07,132 отколку многу други образовни интервенции. 173 00:08:07,132 --> 00:08:10,094 Се обидовме да го вметнеме меморискиот тренинг во платформата, 174 00:08:10,094 --> 00:08:12,348 а овде секако вклучивме и други видови на вежби. 175 00:08:12,348 --> 00:08:16,492 На пример, дури и нашите видеа не се само видеа. 176 00:08:16,492 --> 00:08:18,535 На секои неколку минути, видеото паузира 177 00:08:18,535 --> 00:08:20,686 и ги прашува студентите некое прашање. 178 00:08:20,686 --> 00:08:22,907 (видео) С.П.: ...овие 4 работи. Теорија на можни исходи, хиперболични отстапки, 179 00:08:22,907 --> 00:08:25,999 склоност кон избегнување промена, занемарување на основната стапка. Сите тие се добро документирани. 180 00:08:25,999 --> 00:08:28,766 Значи сите тие се добро документирани отстапувања од рационалното однесување. 181 00:08:28,766 --> 00:08:30,390 ДК: Значи тука видеото паузира, 182 00:08:30,390 --> 00:08:32,646 и студентот го внесува одговорот во полето 183 00:08:32,646 --> 00:08:35,869 и го испраќа. Очигледно е дека не обрнал внимание. 184 00:08:35,884 --> 00:08:36,753 (смеа) 185 00:08:36,753 --> 00:08:38,763 Има право пак да проба 186 00:08:38,763 --> 00:08:41,299 и овој пат дава точен одговор. 187 00:08:41,299 --> 00:08:43,492 Има и опционо објаснување доколку сака. 188 00:08:43,492 --> 00:08:47,749 И сега видеото продолжува на следниот дел од предавањето. 189 00:08:47,749 --> 00:08:49,627 Ова е вид на едноставно прашање 190 00:08:49,627 --> 00:08:51,708 кое јас како предавач можам да го поставам на час 191 00:08:51,708 --> 00:08:54,208 но, кога ќе го поставам ваквото прашање на час, 192 00:08:54,208 --> 00:08:55,508 80 проценти од студентите 193 00:08:55,508 --> 00:08:57,374 сè уште го запишуваат последното нешто кое сум го кажала, 194 00:08:57,374 --> 00:09:00,695 15 проценти зјапаат во Фејсбук, 195 00:09:00,695 --> 00:09:03,151 и тогаш некој од умните глави во првиот ред 196 00:09:03,151 --> 00:09:04,510 ќе го каже одговорот 197 00:09:04,510 --> 00:09:06,717 пред било кој друг да има шанса да размисли за тоа 198 00:09:06,717 --> 00:09:09,589 и јас како предавач сум ужасно благодарна 199 00:09:09,589 --> 00:09:11,237 дека некој всушност и го знаел одговорот. 200 00:09:11,237 --> 00:09:14,029 И така предавањето продолжува, пред 201 00:09:14,029 --> 00:09:17,558 повеќето од студентите и да забележат дека било поставено прашање. 202 00:09:17,558 --> 00:09:20,165 Тука, секој студент 203 00:09:20,165 --> 00:09:22,949 мора да се внесе во материјалот. 204 00:09:22,949 --> 00:09:24,885 И секако овие едноставни мемориски прашања 205 00:09:24,885 --> 00:09:26,547 не се крајот на приказната. 206 00:09:26,547 --> 00:09:29,517 Мораме да вградиме многу пологични прашања за вежбање, 207 00:09:29,517 --> 00:09:31,870 и исто така, на студентите треба да им се дадат повратни информации 208 00:09:31,870 --> 00:09:33,533 за тие прашања. 209 00:09:33,533 --> 00:09:36,421 Сега, како би ја оцениле работата на 100.000 студенти 210 00:09:36,421 --> 00:09:39,503 ако немате 10.000 асистенти? 211 00:09:39,503 --> 00:09:41,857 Одговорот е дека треба да користите технологија 212 00:09:41,857 --> 00:09:43,352 која ќе го направи тоа за вас. 213 00:09:43,352 --> 00:09:46,000 Денес, за среќа, технологијата е напредната 214 00:09:46,000 --> 00:09:49,268 и сега можеме да оцениме цел опсег на интересни видови на домашни задачи. 215 00:09:49,268 --> 00:09:50,795 Во склоп на прашањата на заокружување 216 00:09:50,795 --> 00:09:53,948 и видовите на кратки прашања кои ги видовте во видеото, 217 00:09:53,948 --> 00:09:57,208 можеме исто така да оценуваме математика, математички изрази 218 00:09:57,208 --> 00:09:59,160 како и математички изводи. 219 00:09:59,160 --> 00:10:02,034 Можеме да оценуваме модели, без разлика дали се тоа 220 00:10:02,034 --> 00:10:04,210 финансиски модели од наставата по Бизнис 221 00:10:04,210 --> 00:10:07,194 или физички модели од предметите Наука и Инженерство, 222 00:10:07,194 --> 00:10:10,938 и можеме да оценуваме некои доста софистицирани задачи по програмирање. 223 00:10:10,938 --> 00:10:12,857 Дозволете ми да ви покажам еден кој е навистина едноставен 224 00:10:12,857 --> 00:10:14,337 но, доста сликовит. 225 00:10:14,337 --> 00:10:16,814 Ова е од часот на Стенфорд по Компјутерско инженерство 101 226 00:10:16,814 --> 00:10:18,418 и студентите треба да ја корегираат бојата 227 00:10:18,418 --> 00:10:20,010 на матната црвена слика. 228 00:10:20,010 --> 00:10:22,028 Го пишува програмскиот код во пребарувачот 229 00:10:22,028 --> 00:10:26,086 и гледате дека нешто не е во ред, "Lady Liberty" сеуште има морска болест. 230 00:10:26,086 --> 00:10:29,842 И така студентот се обидува повторно и овој пат е во право, го известуваме за тоа, 231 00:10:29,842 --> 00:10:32,201 и сега може да продолжи на следната задача. 232 00:10:32,201 --> 00:10:35,349 Оваа способност да комуницирате активно со материјалот 233 00:10:35,349 --> 00:10:37,033 и да ви кажат кога сте погодиле или погрешиле 234 00:10:37,033 --> 00:10:40,159 е од суштинско значење за напредокот на студентите. 235 00:10:40,159 --> 00:10:42,434 Сега, се разбира сè уште не можеме да ги оценуваме 236 00:10:42,434 --> 00:10:45,268 сите задачи кои се потребни за сите предмети. 237 00:10:45,268 --> 00:10:48,569 Поточно, недостасува вежбање во областа на критичкото размислување 238 00:10:48,569 --> 00:10:50,491 кое е суштинско во такви дисциплини 239 00:10:50,491 --> 00:10:54,088 како што се општествените науки, бизнисот и други. 240 00:10:54,088 --> 00:10:56,337 Па така, се обидовме да убедиме 241 00:10:56,337 --> 00:10:57,953 дел од наставниот кадар за општествени науки 242 00:10:57,953 --> 00:11:00,649 дека прашањата на заокружување не се толку лоша стратегија. 243 00:11:00,649 --> 00:11:02,840 Тоа не помина многу добро. 244 00:11:02,840 --> 00:11:05,273 Па, затоа моравме да смислиме ново решение. 245 00:11:05,273 --> 00:11:08,347 И решението до кое стигнавме е користење на меѓусебно (врсничко) оценување. 246 00:11:08,347 --> 00:11:10,769 Излегува дека претходните истражувања покажуваат, 247 00:11:10,769 --> 00:11:12,441 како ова од Седлер и Гуд, 248 00:11:12,441 --> 00:11:14,929 дека меѓусебното (врсничко) оценување е изненадувачки ефективна стратегија 249 00:11:14,929 --> 00:11:18,143 за обезбедување на релијабилни оценки. 250 00:11:18,143 --> 00:11:19,913 Беше испробано само во мали класови 251 00:11:19,913 --> 00:11:21,400 но, се покажа дека 252 00:11:21,400 --> 00:11:23,882 оценките на y-оската кои се доделени од самите студенти 253 00:11:23,882 --> 00:11:25,193 всушност многу добро корелираат (се поклопуваат) 254 00:11:25,193 --> 00:11:27,489 со оценките на x-оската кои се доделени од професорите. 255 00:11:27,489 --> 00:11:30,649 Уште позачудувачки е тоа дека само-оценките, 256 00:11:30,649 --> 00:11:32,960 каде студентите критички ја оценуваат својата работа -- 257 00:11:32,960 --> 00:11:34,697 се додека соодветно ги поттикнувате и наградувате, 258 00:11:34,697 --> 00:11:36,635 бидејќи во спротивно тие би си дале совршена оцена - - 259 00:11:36,635 --> 00:11:39,826 уште подобро корелираат со оценките дадени од страна на професорите. 260 00:11:39,826 --> 00:11:41,433 Значи ова е ефективна стратегија 261 00:11:41,433 --> 00:11:43,537 за оценување доколку имате голем број на луѓе, 262 00:11:43,537 --> 00:11:46,273 и исто така е корисна стратегија за учење за самите студентите, 263 00:11:46,273 --> 00:11:48,528 бидејќи тие всушност учат од самото искуство. 264 00:11:48,528 --> 00:11:53,177 Значи сега го имаме најголемиот врснички систем за меѓусебно оценување некогаш создаден, 265 00:11:53,177 --> 00:11:55,681 каде десетици илјади студенти 266 00:11:55,681 --> 00:11:56,879 се оценуваат едни со други 267 00:11:56,879 --> 00:11:59,948 и притоа сосем успешно, морам да кажам. 268 00:11:59,948 --> 00:12:02,208 Но, ова не е само за студенти 269 00:12:02,208 --> 00:12:05,249 кои седат во својата дневна соба и работат на задачите. 270 00:12:05,249 --> 00:12:07,056 Околку секој од нашите курсеви, 271 00:12:07,056 --> 00:12:09,216 се оформија заедници од студенти, 272 00:12:09,216 --> 00:12:11,096 глобална заедница на луѓе 273 00:12:11,096 --> 00:12:13,628 собрана околу заеднички интелектуален поход. 274 00:12:13,628 --> 00:12:16,280 Тоа што гледате овде е само-генерирана мапа 275 00:12:16,280 --> 00:12:19,241 од студенти на нашиот курс по Социологија 101 од Принстон, 276 00:12:19,241 --> 00:12:22,000 при што тие самите себе се поставија на светската мапа, 277 00:12:22,000 --> 00:12:24,960 на која вистински може да се види глобалниот опсег од ваквиот труд. 278 00:12:24,960 --> 00:12:29,527 Студентите соработуваат на овие курсеви на најразлични начини. 279 00:12:29,527 --> 00:12:32,166 Пред сè, има форум за прашања и одговори, 280 00:12:32,166 --> 00:12:34,310 каде едни студенти поставуваат прашања, 281 00:12:34,310 --> 00:12:36,734 а други студенти одговараат на тие прашања. 282 00:12:36,734 --> 00:12:38,447 И она што е навистина неверојатно е 283 00:12:38,447 --> 00:12:40,117 тоа што, поради големиот број студенти, 284 00:12:40,117 --> 00:12:42,482 дури и кога некој студент ќе поставеше прашање 285 00:12:42,482 --> 00:12:44,114 во 3 часот наутро, 286 00:12:44,114 --> 00:12:45,696 некаде во светот, 287 00:12:45,696 --> 00:12:47,770 ќе се најдеше некој којшто е буден и којшто 288 00:12:47,770 --> 00:12:50,083 работи на истиот проблем. 289 00:12:50,083 --> 00:12:52,041 И така, на многу од нашите курсеви 290 00:12:52,041 --> 00:12:54,370 просечното време за одговарање на некое прашање во 291 00:12:54,370 --> 00:12:57,788 рамките на форумот за прашања и одговори е 22 минути. 292 00:12:57,788 --> 00:13:02,365 Што не е ниво на услуга што некогаш сум ја понудила на моите студенти од Стенфорд. 293 00:13:02,365 --> 00:13:03,706 (смеа) 294 00:13:03,706 --> 00:13:05,648 Од препораките на студентите можете да видите 295 00:13:05,648 --> 00:13:07,335 оти нивното гледиште всушност е 296 00:13:07,335 --> 00:13:09,856 дека поради оваа голема онлајн заедница, 297 00:13:09,856 --> 00:13:12,455 тие можат да комуницираат меѓусебно на многу начини 298 00:13:12,455 --> 00:13:16,648 кои се позначајни отколку оние кои ги имале во контекст на вистинска училница. 299 00:13:16,648 --> 00:13:18,992 Студентите исто така самостојно се собираа, 300 00:13:18,992 --> 00:13:20,855 без никаква помош од наша страна, 301 00:13:20,855 --> 00:13:22,758 во мали групи за учење. 302 00:13:22,758 --> 00:13:25,120 Некои од овие беа вистински групи за учење 303 00:13:25,120 --> 00:13:26,946 формирани во рамки на географската ограниченост 304 00:13:26,946 --> 00:13:29,668 и се среќаваа неделно за да работат на задачите. 305 00:13:29,668 --> 00:13:31,568 Ова е групата за учење од Сан Франциско 306 00:13:31,568 --> 00:13:33,887 но, вакви групи има насекаде во светот. 307 00:13:33,887 --> 00:13:35,919 Други беа виртуелни групи за учење, 308 00:13:35,919 --> 00:13:38,908 понекогаш според јазични или културолошки линии, 309 00:13:38,908 --> 00:13:40,352 и таму долу лево, 310 00:13:40,352 --> 00:13:44,148 се гледа нашата мултикултурна универзална група за учење 311 00:13:44,148 --> 00:13:45,911 во која луѓето отворено пројавија интерес да се 312 00:13:45,911 --> 00:13:48,917 поврзат со луѓе од други култури. 313 00:13:48,917 --> 00:13:51,028 Постојат огромни можности 314 00:13:51,028 --> 00:13:54,353 од ваквиот начин на учење. 315 00:13:54,353 --> 00:13:58,007 Првата е дека има потенцијал да ни даде 316 00:13:58,007 --> 00:14:00,441 еден целосно уникатен поглед 317 00:14:00,441 --> 00:14:02,730 во начинот на кој го усвојуваме знаењето. 318 00:14:02,730 --> 00:14:06,193 Бидејќи податоците кои ги добиваме од овде се уникатни. 319 00:14:06,193 --> 00:14:10,202 Во предвид може да го земете секој клик, секоја домашна задача, 320 00:14:10,202 --> 00:14:14,565 секој пост во форумот од десетици илјади студенти. 321 00:14:14,565 --> 00:14:16,908 Оттука, изучувањето на човечкото учење, може да 322 00:14:16,908 --> 00:14:18,841 премине од модалитет базиран на хипотези 323 00:14:18,841 --> 00:14:21,699 во модалитет базиран на податоци, трансформација која 324 00:14:21,699 --> 00:14:24,740 на пример, ја има преобразено биологијата. 325 00:14:24,740 --> 00:14:28,164 Овие податоци можат да се користат за да се разберат основни прашања 326 00:14:28,164 --> 00:14:30,044 како, кои се добрите стратегии за учење 327 00:14:30,044 --> 00:14:32,740 кои се ефективните наспроти оние кои не се? 328 00:14:32,740 --> 00:14:34,980 И во контекстот на одредени курсеви, 329 00:14:34,980 --> 00:14:36,517 можете да поставите прашања 330 00:14:36,517 --> 00:14:39,772 како, кои се некои од почестите погрешни сфаќања 331 00:14:39,772 --> 00:14:41,949 и како да им помогнеме на студентите да ги поправат? 332 00:14:41,949 --> 00:14:43,373 Еве еден таков пример, 333 00:14:43,373 --> 00:14:45,389 исто така од часот по Машинско учење на Ендру. 334 00:14:45,389 --> 00:14:47,597 Ова е распределба на погрешни одговори 335 00:14:47,597 --> 00:14:49,207 за една од домашните зададени од Ендру. 336 00:14:49,207 --> 00:14:51,100 Одговорите се разни парови на броеви, 337 00:14:51,100 --> 00:14:53,371 кои можете да ги внесете на овој дводимензионален нацрт. 338 00:14:53,371 --> 00:14:57,149 Секој од овие мали иксови кои ги гледате претставува погрешен одговор. 339 00:14:57,149 --> 00:14:59,555 Големиот икс горе лево 340 00:14:59,555 --> 00:15:01,703 е каде 2.000 студенти 341 00:15:01,703 --> 00:15:04,748 дале ист погрешен одговор. 342 00:15:04,748 --> 00:15:07,075 Сега, ако двајца студенти во клас од 100 343 00:15:07,075 --> 00:15:08,362 дадат ист погрешен одговор, 344 00:15:08,362 --> 00:15:09,713 никогаш не би забележале. 345 00:15:09,713 --> 00:15:12,273 Но, кога 2.000 студенти ќе дадат ист погрешен одговор 346 00:15:12,273 --> 00:15:13,970 некако е тешко, а да не забележите. 347 00:15:13,970 --> 00:15:16,162 Така Ендру и неговите студенти, 348 00:15:16,162 --> 00:15:17,682 погледнаа некои од тие домашни 349 00:15:17,682 --> 00:15:21,770 ја увидоа главната причина за недоразбирањето 350 00:15:21,770 --> 00:15:24,290 и тогаш напишаа порака која се однесуваше на оваа грешка, 351 00:15:24,290 --> 00:15:26,539 порака која ќе му биде испратена на секој студент 352 00:15:26,539 --> 00:15:28,718 чијшто одговор влегол во таа категорија, 353 00:15:28,718 --> 00:15:30,802 што значи дека студентите кои ја направиле истата грешка 354 00:15:30,802 --> 00:15:32,828 сега би добиле персонализирана повратна информација 355 00:15:32,828 --> 00:15:37,227 кажувајќи им како да ја исправат грешката поефективно. 356 00:15:37,227 --> 00:15:41,038 Значи оваа персонализација е нешто што може да се направи 357 00:15:41,038 --> 00:15:44,178 благодарение на големите броеви. 358 00:15:44,178 --> 00:15:46,490 Персонализацијата е можеби 359 00:15:46,490 --> 00:15:48,913 една од најголемите можности тука, 360 00:15:48,913 --> 00:15:51,258 бидејќи ни дава потенцијал за 361 00:15:51,258 --> 00:15:53,948 решавање на еден 30 годишен проблем. 362 00:15:53,948 --> 00:15:57,297 Истражувачот на образованието Бенџамин Блум, во 1984 година, 363 00:15:57,297 --> 00:15:59,548 го постави таканаречениот 2 сигма проблем, 364 00:15:59,548 --> 00:16:02,610 кој го забележал преку проучување на три популации. 365 00:16:02,610 --> 00:16:06,218 Првата популација учела на начин базиран на класично предавање. 366 00:16:06,218 --> 00:16:08,995 Втората популација на студенти учеле 367 00:16:08,995 --> 00:16:10,714 на начин базиран на класично предавање 368 00:16:10,714 --> 00:16:12,794 но, со пристап за усовршување, на тој 369 00:16:12,794 --> 00:16:14,714 начин што студентите ќе преминат на следната тема 370 00:16:14,714 --> 00:16:18,068 под услов доколку покажат разбирање на претходната. 371 00:16:18,068 --> 00:16:20,362 И на крај, имало трета популација на студенти 372 00:16:20,362 --> 00:16:24,890 кои биле подучувани еден на еден од страна на тутор. 373 00:16:24,890 --> 00:16:28,162 Резултатите на студентите сугерираат дека групата базирана на усовршување 374 00:16:28,162 --> 00:16:30,450 била подобра за цела стандардна девијација т.е. сигма 375 00:16:30,450 --> 00:16:32,844 во споредба со групата базирана на класично предавање 376 00:16:32,844 --> 00:16:34,988 а, индивидуалното туторство ви дава подобрување 377 00:16:34,988 --> 00:16:36,818 на резултатите од 2 сигма. 378 00:16:36,818 --> 00:16:38,281 За да разбереме што значи тоа 379 00:16:38,281 --> 00:16:40,114 да се осврнеме кон класичното предавање, 380 00:16:40,114 --> 00:16:43,033 и ајде да го земеме просечниот резултат како норма. 381 00:16:43,033 --> 00:16:44,371 Па така, во групата базирана на класично предавање, 382 00:16:44,371 --> 00:16:48,250 половина од студентите се над нормата и половина се под нормата. 383 00:16:48,250 --> 00:16:50,348 Кај индивидуалното туторство, 384 00:16:50,348 --> 00:16:55,149 98 проценти од студентите се над оваа норма. 385 00:16:55,149 --> 00:16:59,069 Замислете ако би можеле да предаваме на начин што 98 проценти од нашите студенти 386 00:16:59,069 --> 00:17:01,267 би биле натпросечни. 387 00:17:01,267 --> 00:17:04,690 И затоа ни се јавува 2 сигма проблемот. 388 00:17:04,690 --> 00:17:07,089 Бидејќи, како општество, не можеме да си дозволиме 389 00:17:07,089 --> 00:17:10,161 на секој студент да му назначиме посебен тутор. 390 00:17:10,161 --> 00:17:12,410 Но, можеби ќе можеме на секој студент да му дадеме 391 00:17:12,410 --> 00:17:14,429 компјутер или смартфон. 392 00:17:14,429 --> 00:17:16,618 Значи прашањето е, како можеме да ја искористиме технологијата 393 00:17:16,618 --> 00:17:19,993 да се поместиме од левата страна на графиконот, од сината крива 394 00:17:19,993 --> 00:17:22,731 кон десната страна со зелената крива? 395 00:17:22,731 --> 00:17:25,068 Усовршувањето е лесно да се постигне користејќи компјутер, 396 00:17:25,068 --> 00:17:26,473 затоа што компјутерот не се заморува 397 00:17:26,473 --> 00:17:29,546 прикажувајќи го истото видео пет пати. 398 00:17:29,546 --> 00:17:32,797 И не се заморува од оценување на истата работа повеќе пати, 399 00:17:32,802 --> 00:17:35,828 го видовме тоа во многу од примерите кои ви ги покажав. 400 00:17:35,828 --> 00:17:37,682 Дури и персонализацијата 401 00:17:37,682 --> 00:17:39,818 е нешто на кое почнуваме да му го гледаме почетокот 402 00:17:39,818 --> 00:17:43,010 без разлика дали персонализацијата ќе се изведе преку наставниот план 403 00:17:43,010 --> 00:17:46,274 или во вид на персонализирана повратна информација како што ви прикажавме. 404 00:17:46,274 --> 00:17:48,762 Нашата цел е да туркаме најсилно што можеме, 405 00:17:48,762 --> 00:17:52,259 и да видиме колку далеку можеме да стигнеме на патот кон зелената крива. 406 00:17:52,259 --> 00:17:57,618 Па ако ова е толку супер, дали универзитетите се сега застарени? 407 00:17:57,618 --> 00:18:00,610 Марк Твен секако мислел така. 408 00:18:00,610 --> 00:18:03,155 Тој кажал дека „Колеџот сега е место каде професорските белешки 409 00:18:03,155 --> 00:18:04,858 одат право во белешките на студентите, 410 00:18:04,858 --> 00:18:07,234 без да поминат низ умот на едните или на другите.“ 411 00:18:07,234 --> 00:18:11,281 (смеа) 412 00:18:11,281 --> 00:18:13,949 Јас сепак не се сложувам со Марк Твен.. 413 00:18:13,949 --> 00:18:16,614 Мислам дека тој не се жалел за 414 00:18:16,614 --> 00:18:19,364 универзитетите туку за форматот на кој се базирани предавањата, 415 00:18:19,364 --> 00:18:22,148 на што многу универзитети трошат премногу време. 416 00:18:22,148 --> 00:18:25,307 Ајде да одиме уште подалеку, до Плутарх 417 00:18:25,307 --> 00:18:27,534 кој кажал дека „Умот не е сад на кој му треба полнење, 418 00:18:27,534 --> 00:18:29,557 туку дрво кое треба да се запали.“ 419 00:18:29,557 --> 00:18:31,747 На универзитетите можеби треба да поминуваме помалку време 420 00:18:31,747 --> 00:18:34,318 полнејќи им ги мозоците на нашите студенти со содржина 421 00:18:34,318 --> 00:18:38,118 преку предавање, а повеќе време разгорувајќи ја нивната креативност, 422 00:18:38,118 --> 00:18:41,373 нивната имагинација и нивните вештини за решавање проблеми 423 00:18:41,373 --> 00:18:43,871 преку вистински разговор со нив. 424 00:18:43,871 --> 00:18:45,238 Како да го направиме тоа? 425 00:18:45,238 --> 00:18:48,669 Тоа го правиме преку активна настава во училницата. 426 00:18:48,669 --> 00:18:51,118 Има многу студии, вклучувајќи ја и оваа 427 00:18:51,118 --> 00:18:53,198 кои покажуваат дека ако користите активна настава, 428 00:18:53,198 --> 00:18:55,614 комуницирање со вашите студенти во училницата, 429 00:18:55,614 --> 00:18:58,310 резултатите се зголемуваат на секоја поединечна мерка - 430 00:18:58,310 --> 00:19:00,759 на присутност, активност и на учење, притоа 431 00:19:00,759 --> 00:19:02,814 сето ова е измерено преку стандардизиран тест. 432 00:19:02,814 --> 00:19:04,678 Можете да видите дека резултатот кој говори за постигнувањата 433 00:19:04,678 --> 00:19:07,548 речиси се дуплира во овој конкретен експеримент. 434 00:19:07,548 --> 00:19:11,949 Можеби на овој начин треба да го поминуваме нашето време на универзитетите. 435 00:19:11,949 --> 00:19:16,526 Да резимирам, ако можеме да понудиме висококвалитетно образование 436 00:19:16,526 --> 00:19:18,429 за секого во светот бесплатно, 437 00:19:18,429 --> 00:19:21,250 до што ќе доведе тоа? До три нешта. 438 00:19:21,250 --> 00:19:24,671 Прво ќе се воспостави образованието како основно човечко право, 439 00:19:24,671 --> 00:19:26,037 каде секој во светот 440 00:19:26,037 --> 00:19:27,958 со својата способност и мотивација 441 00:19:27,958 --> 00:19:29,909 ќе може да ги добие потребните вештини 442 00:19:29,909 --> 00:19:31,494 за да создаде подобар живот за себе, 443 00:19:31,494 --> 00:19:33,511 неговото семејство и неговата заедница. 444 00:19:33,511 --> 00:19:36,142 Второ, тоа би овозможило доживотно учење. 445 00:19:36,142 --> 00:19:38,093 Штета е што за толку многу луѓе 446 00:19:38,093 --> 00:19:41,405 учењето престанува кога ќе завршиме средно училиште или ќе завршиме факултет. 447 00:19:41,405 --> 00:19:43,886 Достапноста на оваа неверојатна содржина, 448 00:19:43,886 --> 00:19:46,629 ни дава можност да научиме нешто ново 449 00:19:46,629 --> 00:19:47,765 секој пат кога ќе посакаме, 450 00:19:47,765 --> 00:19:49,094 било само за да го прошириме нашиот светоглед 451 00:19:49,094 --> 00:19:51,053 или за да ги смениме нашите животи. 452 00:19:51,053 --> 00:19:54,198 И најпосле, ова би овозможило бран на иновации, 453 00:19:54,198 --> 00:19:57,270 бидејќи неверојатен талент може да се најде насекаде. 454 00:19:57,270 --> 00:20:00,278 Можеби следниот Алберт Ајнштајн или следниот Стив Џобс 455 00:20:00,278 --> 00:20:02,893 живее некаде во некое далечно село во Африка. 456 00:20:02,893 --> 00:20:05,549 И доколку би можеле на таа личност да ѝ понудиме образование, 457 00:20:05,549 --> 00:20:07,905 таа би можела да ја смисли следната голема идеја 458 00:20:07,905 --> 00:20:10,309 и да го направи светот подобро место за сите нас. 459 00:20:10,309 --> 00:20:11,469 Ви благодарам многу. 460 00:20:11,469 --> 00:20:19,052 (аплауз)