WEBVTT 00:00:00.725 --> 00:00:03.836 Како и многумина од вас, јас сум една од среќните луѓе. 00:00:03.836 --> 00:00:07.236 Бев родена во семејство каде образованието беше влијателно. 00:00:07.236 --> 00:00:11.474 Јас сум трета генерација докторанд, ќерка на двајца академици. 00:00:11.474 --> 00:00:15.268 Во детството си играв во универзитетската лабораторија на татко ми. 00:00:15.268 --> 00:00:19.117 Па така, се подразбираше дека ќе посетувам некои од најдобрите универзитети 00:00:19.117 --> 00:00:22.918 кои за возврат ми ја отворија вратата кон свет од можности. NOTE Paragraph 00:00:22.918 --> 00:00:27.038 За жал, повеќето луѓе во светот не се толку среќни. 00:00:27.038 --> 00:00:30.173 Во некои делови од светот, на пример Јужна Африка, 00:00:30.173 --> 00:00:32.878 образованието не е лесно достапно. 00:00:32.878 --> 00:00:35.853 Во Јужна Африка, образовниот систем бил создаден за време 00:00:35.853 --> 00:00:38.726 на апартхејдот и притоа бил наменет за белото малцинство. 00:00:38.726 --> 00:00:41.426 И како последица, денес нема доволно места 00:00:41.426 --> 00:00:45.278 за повеќето луѓе кои сакаат и заслужуваат висококвалитетно образование. 00:00:45.278 --> 00:00:49.158 Овој недостаток доведе до криза во јануари оваа година 00:00:49.158 --> 00:00:50.994 на Универзитетот во Јоханесбург. 00:00:50.994 --> 00:00:53.125 Имаше останато неколку слободни места 00:00:53.125 --> 00:00:56.094 после стандардниот приемен процес и ноќта пред да 00:00:56.094 --> 00:00:58.654 бидат отворени за аплицирање, илјадници луѓе 00:00:58.654 --> 00:01:02.706 се наредија надвор пред портата во колона една милја долга, имајќи 00:01:02.706 --> 00:01:06.586 намера да бидат први во редот со цел како би дошле до едно од местата. 00:01:06.586 --> 00:01:08.894 Кога се отворија вратите, имаше човечко стампедо 00:01:08.894 --> 00:01:12.546 и 20 луѓе беа повредени, а една жена почина. 00:01:12.546 --> 00:01:14.486 Таа беше мајка која го даде својот живот 00:01:14.486 --> 00:01:18.549 обидувајќи се да му овозможи на својот син прилика за подобар живот. NOTE Paragraph 00:01:18.549 --> 00:01:21.706 Но, дури и во делови од светот како САД, 00:01:21.706 --> 00:01:26.062 каде образованието е достапно, можно е да не биде на дофат. 00:01:26.062 --> 00:01:28.734 Многу се дискутираше во последните неколку години 00:01:28.734 --> 00:01:30.723 за зголемувањето на трошоците за здравствена заштита. 00:01:30.723 --> 00:01:33.365 Тоа што не е толку очигледно за луѓето 00:01:33.365 --> 00:01:37.387 е дека во текот на истиот период, цената на високото образование 00:01:37.387 --> 00:01:39.867 се зголемуваше речиси двојно побрзо, 00:01:39.867 --> 00:01:44.147 т.е. за 559 проценти споредено со 1985 година. 00:01:44.147 --> 00:01:48.681 Поради ова многу луѓе не можат да си дозволат образование. NOTE Paragraph 00:01:48.681 --> 00:01:52.482 Најпосле, дури и оние кои успеваат да се стекнат со високо образование, 00:01:52.482 --> 00:01:55.107 сепак сите тие не добиваат еднакви можности. 00:01:55.107 --> 00:01:58.314 Само малку повеќе од половина од скорешните дипломци 00:01:58.314 --> 00:02:00.627 во САД кои се стекнале со високо образование 00:02:00.627 --> 00:02:04.090 всушност работат на работни места кои го бараат тоа образование. 00:02:04.090 --> 00:02:05.930 Ова секако не е точно за студентите 00:02:05.930 --> 00:02:07.882 кои дипломираат на врвните институции 00:02:07.882 --> 00:02:10.514 но, многу други не ги чувствуваат благодетите 00:02:10.514 --> 00:02:14.050 од времето и трудот кои ги вложиле. NOTE Paragraph 00:02:14.050 --> 00:02:17.080 Том Фридман, во својата неодамнешна статија во Њујорк Тајмс 00:02:17.080 --> 00:02:21.448 го опфати, на еден уникатен начин, духот во основата на нашиот труд, 00:02:21.448 --> 00:02:24.568 Тој рече дека големите откритија се она што се случува 00:02:24.568 --> 00:02:28.467 кога тоа што е одеднаш можно го пресретнува тоа што е очајно потребно. 00:02:28.467 --> 00:02:31.088 Зборував за тоа што е очајно потребно. 00:02:31.088 --> 00:02:33.600 Ајде да зборуваме за тоа што е можно одеднаш. NOTE Paragraph 00:02:33.600 --> 00:02:36.719 Тоа што е можно одеднаш беше демонстрирано од 00:02:36.719 --> 00:02:38.287 три големи наставни предмети на Стенфорд, 00:02:38.287 --> 00:02:42.167 на кои се имаа запишано по 100.000 луѓе или повеќе. 00:02:42.167 --> 00:02:45.551 Па така, за да го разбереме ова, ајде да погледнеме еден од тие предмети, 00:02:45.551 --> 00:02:47.471 т.е. оној по Машинско учење кој го предава мојот колега 00:02:47.471 --> 00:02:49.200 и ко-основач Ендру 'Нг. 00:02:49.200 --> 00:02:51.519 Ендру предава еден од позначајните предмети на Стенфорд. 00:02:51.519 --> 00:02:52.728 Тоа е предметот по Машинско учење 00:02:52.728 --> 00:02:56.246 и секој пат кога ќе се отворат уписите на него се запишуваат по 400 луѓе. 00:02:56.246 --> 00:02:59.511 Кога Ендру предаваше Машинско учење на пошироката јавност, 00:02:59.511 --> 00:03:02.127 тогаш се имаа пријавено 100.000 луѓе. 00:03:02.127 --> 00:03:04.136 Па, за да се стави тој број во перспектива, 00:03:04.136 --> 00:03:06.495 за Ендру да го достигне истиот број на публика 00:03:06.495 --> 00:03:08.321 преку предавање само во рамки на Стенфорд, 00:03:08.321 --> 00:03:12.247 тој би требало да го прави тоа во наредните 250 години. 00:03:12.247 --> 00:03:15.733 Секако, би му здосадило. NOTE Paragraph 00:03:15.733 --> 00:03:18.470 Значи, согледувајќи го влијанието од ова, 00:03:18.470 --> 00:03:21.598 Ендру и јас решивме дека сето ова мораме да го кренеме на повисоко ниво, 00:03:21.598 --> 00:03:25.718 сè со цел како би им овозможиле најквалитетно образование на што повеќе луѓе. 00:03:25.718 --> 00:03:27.213 Па така, ја формиравме Курсера, 00:03:27.213 --> 00:03:30.350 чија цел е да се земат најдобрите наставни предмети 00:03:30.350 --> 00:03:33.667 од најдобрите предавачи на најдобрите универзитети 00:03:33.667 --> 00:03:37.695 и ова да им го понудиме на сите во светот бесплатно. 00:03:37.695 --> 00:03:40.295 Моментално имаме 43 предмети на платформата 00:03:40.295 --> 00:03:43.494 од 4 универзитети со различен опсег на дисциплини, 00:03:43.494 --> 00:03:45.327 и дозволете ми да ви покажам еден мал преглед 00:03:45.327 --> 00:03:48.605 за тоа како изгледа ова. NOTE Paragraph 00:03:48.605 --> 00:03:49.818 Роберт Грист: Добредојдовте на Калкулус. NOTE Paragraph 00:03:49.818 --> 00:03:51.698 Езекиел Емануел: Педесет милиони луѓе се неосигурани. NOTE Paragraph 00:03:51.698 --> 00:03:54.969 Скот Пејџ: Овие модели ни помагаат да дизајнираме поефективни институции и политики. 00:03:54.969 --> 00:03:57.377 Постои неверојатна сегрегација. NOTE Paragraph 00:03:57.377 --> 00:03:59.169 Скот Клемер: Значи Буш замисли дека во иднина, 00:03:59.169 --> 00:04:01.547 вие би носеле камера на средина од главата. NOTE Paragraph 00:04:01.547 --> 00:04:05.801 Мичел Данејер: Милс сака студентот по социологија да го развие квалитетот на умот... NOTE Paragraph 00:04:05.801 --> 00:04:09.466 Р.Г.: Висечкиот кабел добива форма на хиперболичен косинус. NOTE Paragraph 00:04:09.466 --> 00:04:12.537 Ник Парланте: За секој пиксел на сликата, поставете ја црвената на нула. NOTE Paragraph 00:04:12.537 --> 00:04:15.514 Пол Офит: ...вакцината ни овозможи да го елиминираме вирусот на детска парализа. NOTE Paragraph 00:04:15.514 --> 00:04:19.137 Ден Џурафски: Дали Луфтханза служи појадок и Сан Хозе? Па, тоа звучи смешно. NOTE Paragraph 00:04:19.137 --> 00:04:22.753 Дафне Колер: Значи ова е која паричка ќе ја одберете, а ова се двете фрлања. NOTE Paragraph 00:04:22.753 --> 00:04:26.440 Ендру 'Нг: Значи кај машинското учење-на макро ниво, ние би сакале да дојдеме до компјутерски... NOTE Paragraph 00:04:26.440 --> 00:04:32.049 (аплауз) NOTE Paragraph 00:04:32.049 --> 00:04:34.323 Се чини дека, можеби и не е изненадувачки, 00:04:34.323 --> 00:04:36.561 студентите сакаат да ја добијат најдобрата содржина 00:04:36.561 --> 00:04:39.448 од најдобрите универзитети бесплатно. 00:04:39.448 --> 00:04:41.970 Откога ја отворивме веб-страната во февруари, 00:04:41.970 --> 00:04:46.328 досега имаме 640.000 студенти од 190 земји. 00:04:46.328 --> 00:04:48.480 Имаме 1,5 милиони уписи, 00:04:48.480 --> 00:04:51.330 6 милиони тестови се поднесени за евалуација во рамки на 00:04:51.330 --> 00:04:56.246 15-те предавања кои досега започнаа и имаме 14 милиони прегледани видеа. NOTE Paragraph 00:04:56.246 --> 00:04:58.764 Но, не се работи само за броевите, 00:04:58.764 --> 00:05:00.405 тука и за самите луѓе. 00:05:00.405 --> 00:05:03.381 Било да е тоа е Акаш, кој доаѓа од мал град во Индија 00:05:03.381 --> 00:05:05.556 и никогаш не би имал пристап во овој случај 00:05:05.556 --> 00:05:07.045 до квалитетен Стенфордски курс 00:05:07.045 --> 00:05:09.560 и никогаш не би можел да си го дозволи. 00:05:09.560 --> 00:05:11.598 Или Џени, која е самохрана мајка на две деца 00:05:11.598 --> 00:05:13.565 и сака да ги подобри своите вештини 00:05:13.565 --> 00:05:16.700 за да може да ја доврши својата магистратура. 00:05:16.700 --> 00:05:19.836 Или Рајан, кој не може да оди на училиште, 00:05:19.836 --> 00:05:21.701 поради слабиот имунитет кој го има неговата 00:05:21.701 --> 00:05:25.084 ќерка, тој не смее да ризикува да внесе бактерии во куќата, 00:05:25.084 --> 00:05:26.924 и затоа не смее да излегува надвор. 00:05:26.924 --> 00:05:28.556 Навистина ми е мило да кажам дека... 00:05:28.556 --> 00:05:30.808 неодамна, си пишавме со Рајан -- 00:05:30.808 --> 00:05:32.740 и дека оваа приказна има среќен крај. 00:05:32.740 --> 00:05:34.643 Малата Шенон, можете да ја видите од лево, 00:05:34.643 --> 00:05:35.994 е многу подобро сега 00:05:35.994 --> 00:05:40.192 и Рајан доби работа посетувајќи некои од нашите курсеви. NOTE Paragraph 00:05:40.192 --> 00:05:42.436 Што ги прави овие курсеви толку различни од другите? 00:05:42.436 --> 00:05:46.156 Бидејќи сепак, разни онлајн предавања се присутни веќе одредено време. 00:05:46.156 --> 00:05:49.868 Разликата се состои во тоа што овие курсеви се како вистинска настава. 00:05:49.868 --> 00:05:51.594 Започнуваат на определен ден, 00:05:51.594 --> 00:05:55.228 а потоа студентите гледаат видеа на неделна основа 00:05:55.228 --> 00:05:57.083 и работат домашни задачи. 00:05:57.083 --> 00:05:58.874 И овие се вистински домашни задачи 00:05:58.874 --> 00:06:02.178 за вистинска оценка, со вистински краен рок. 00:06:02.178 --> 00:06:04.234 Можете графички да ги видите роковите и употребата на материјалот. 00:06:04.234 --> 00:06:06.322 Овие шилци покажуваат 00:06:06.322 --> 00:06:10.111 дека одолговлекувањето е глобален феномен. NOTE Paragraph 00:06:10.111 --> 00:06:12.687 (смеа) NOTE Paragraph 00:06:12.687 --> 00:06:14.359 И на крајот од овој курс, 00:06:14.359 --> 00:06:16.215 студентите добиваат сертификат. 00:06:16.215 --> 00:06:18.375 Тие можат да го прикажат тој сертификат 00:06:18.375 --> 00:06:20.528 на иден работодавач и да добијат подобра работа 00:06:20.528 --> 00:06:22.588 и ние знаеме многу студенти кои го направиле ова. 00:06:22.588 --> 00:06:24.507 Некои студенти го зедоа својот сертификат 00:06:24.507 --> 00:06:27.629 и го прикажаа во образовната институција во која се запишани 00:06:27.629 --> 00:06:29.470 и добија (ЕКТС) кредити на факултетот. 00:06:29.470 --> 00:06:31.684 Значи, овие студенти навистина добиваа нешто значајно 00:06:31.684 --> 00:06:34.518 за нивниот вложен труд и време. NOTE Paragraph 00:06:34.518 --> 00:06:37.073 Ајде да зборуваме малку за некои од компoнентите 00:06:37.073 --> 00:06:38.965 кои се дел од овие курсеви. 00:06:38.965 --> 00:06:41.593 Првата компонента е дека кога излегувате надвор 00:06:41.593 --> 00:06:43.890 од ограничувањата на вистинска училница 00:06:43.890 --> 00:06:46.730 и дизајнирате содржина експлицитно за онлајн формат, 00:06:46.730 --> 00:06:49.258 тогаш можете да се ослободите, на пример 00:06:49.258 --> 00:06:51.673 од сувопарното едночасовно предавање. 00:06:51.673 --> 00:06:53.458 Можете да го поделите материјалот, на пример 00:06:53.458 --> 00:06:56.834 во овие кратки, тематски единици од 8 до 12 минути, 00:06:56.834 --> 00:06:59.808 секоја претставувајќи разбирлив концепт. 00:06:59.808 --> 00:07:02.378 Студентите можат да го поминат овој материјал на различни начини, 00:07:02.378 --> 00:07:06.082 зависно од нивното минато искуство, нивните вештини или интереси. 00:07:06.082 --> 00:07:08.602 На пример, некои студенти можат да имаат корист 00:07:08.602 --> 00:07:11.362 доколку го поминат подготвителниот материјал 00:07:11.362 --> 00:07:13.433 којшто на другите студенти можеби им е веќе познат. 00:07:13.433 --> 00:07:15.873 Други студенти можеби се заинтересирани за одредена 00:07:15.873 --> 00:07:18.959 дополнителна тема која тие би сакале да ја следат индивидуално. 00:07:18.959 --> 00:07:22.194 Па така, овој формат ни дозволува да скршнеме 00:07:22.194 --> 00:07:25.018 од едноличните модели на образование 00:07:25.018 --> 00:07:29.010 и дозволува студентите да следат многу поиндивидуализирана настава. NOTE Paragraph 00:07:29.010 --> 00:07:31.353 Секако, како едукатори сите ние знаеме 00:07:31.353 --> 00:07:34.713 дека студентите не учат преку седење и пасивно гледање на видеа. 00:07:34.713 --> 00:07:37.658 Можеби една од најголемите компоненти на овој напор 00:07:37.658 --> 00:07:40.250 е дека ние мораме да имаме студенти 00:07:40.250 --> 00:07:42.659 кои го вежбаат материјалот 00:07:42.659 --> 00:07:45.815 сè со цел навистина да го разберат. 00:07:45.815 --> 00:07:49.083 Има огромен број на студии кои ја демонстрираат важноста на ова. 00:07:49.083 --> 00:07:51.615 Оваа која се појави во списанието Science претходната година, на пример, 00:07:51.615 --> 00:07:54.447 покажува дека дури и едноставното вежбање на меморијата, 00:07:54.447 --> 00:07:57.239 каде студентите треба само да го повторат 00:07:57.239 --> 00:07:58.639 она што веќе го научиле 00:07:58.639 --> 00:08:00.559 дава значајно подобрени резултати 00:08:00.559 --> 00:08:02.828 на различни тестови за постигнување, попатно 00:08:02.828 --> 00:08:07.132 отколку многу други образовни интервенции. NOTE Paragraph 00:08:07.132 --> 00:08:10.094 Се обидовме да го вметнеме меморискиот тренинг во платформата, 00:08:10.094 --> 00:08:12.348 а овде секако вклучивме и други видови на вежби. 00:08:12.348 --> 00:08:16.492 На пример, дури и нашите видеа не се само видеа. 00:08:16.492 --> 00:08:18.535 На секои неколку минути, видеото паузира 00:08:18.535 --> 00:08:20.686 и ги прашува студентите некое прашање. NOTE Paragraph 00:08:20.686 --> 00:08:22.907 (видео) С.П.: ...овие 4 работи. Теорија на можни исходи, хиперболични отстапки, 00:08:22.907 --> 00:08:25.999 склоност кон избегнување промена, занемарување на основната стапка. Сите тие се добро документирани. 00:08:25.999 --> 00:08:28.766 Значи сите тие се добро документирани отстапувања од рационалното однесување. NOTE Paragraph 00:08:28.766 --> 00:08:30.390 ДК: Значи тука видеото паузира, 00:08:30.390 --> 00:08:32.646 и студентот го внесува одговорот во полето 00:08:32.646 --> 00:08:35.869 и го испраќа. Очигледно е дека не обрнал внимание. NOTE Paragraph 00:08:35.884 --> 00:08:36.753 (смеа) NOTE Paragraph 00:08:36.753 --> 00:08:38.763 Има право пак да проба 00:08:38.763 --> 00:08:41.299 и овој пат дава точен одговор. 00:08:41.299 --> 00:08:43.492 Има и опционо објаснување доколку сака. 00:08:43.492 --> 00:08:47.749 И сега видеото продолжува на следниот дел од предавањето. 00:08:47.749 --> 00:08:49.627 Ова е вид на едноставно прашање 00:08:49.627 --> 00:08:51.708 кое јас како предавач можам да го поставам на час 00:08:51.708 --> 00:08:54.208 но, кога ќе го поставам ваквото прашање на час, 00:08:54.208 --> 00:08:55.508 80 проценти од студентите 00:08:55.508 --> 00:08:57.374 сè уште го запишуваат последното нешто кое сум го кажала, 00:08:57.374 --> 00:09:00.695 15 проценти зјапаат во Фејсбук, 00:09:00.695 --> 00:09:03.151 и тогаш некој од умните глави во првиот ред 00:09:03.151 --> 00:09:04.510 ќе го каже одговорот 00:09:04.510 --> 00:09:06.717 пред било кој друг да има шанса да размисли за тоа 00:09:06.717 --> 00:09:09.589 и јас како предавач сум ужасно благодарна 00:09:09.589 --> 00:09:11.237 дека некој всушност и го знаел одговорот. 00:09:11.237 --> 00:09:14.029 И така предавањето продолжува, пред 00:09:14.029 --> 00:09:17.558 повеќето од студентите и да забележат дека било поставено прашање. 00:09:17.558 --> 00:09:20.165 Тука, секој студент 00:09:20.165 --> 00:09:22.949 мора да се внесе во материјалот. NOTE Paragraph 00:09:22.949 --> 00:09:24.885 И секако овие едноставни мемориски прашања 00:09:24.885 --> 00:09:26.547 не се крајот на приказната. 00:09:26.547 --> 00:09:29.517 Мораме да вградиме многу пологични прашања за вежбање, 00:09:29.517 --> 00:09:31.870 и исто така, на студентите треба да им се дадат повратни информации 00:09:31.870 --> 00:09:33.533 за тие прашања. 00:09:33.533 --> 00:09:36.421 Сега, како би ја оцениле работата на 100.000 студенти 00:09:36.421 --> 00:09:39.503 ако немате 10.000 асистенти? 00:09:39.503 --> 00:09:41.857 Одговорот е дека треба да користите технологија 00:09:41.857 --> 00:09:43.352 која ќе го направи тоа за вас. 00:09:43.352 --> 00:09:46.000 Денес, за среќа, технологијата е напредната 00:09:46.000 --> 00:09:49.268 и сега можеме да оцениме цел опсег на интересни видови на домашни задачи. 00:09:49.268 --> 00:09:50.795 Во склоп на прашањата на заокружување 00:09:50.795 --> 00:09:53.948 и видовите на кратки прашања кои ги видовте во видеото, 00:09:53.948 --> 00:09:57.208 можеме исто така да оценуваме математика, математички изрази 00:09:57.208 --> 00:09:59.160 како и математички изводи. 00:09:59.160 --> 00:10:02.034 Можеме да оценуваме модели, без разлика дали се тоа 00:10:02.034 --> 00:10:04.210 финансиски модели од наставата по Бизнис 00:10:04.210 --> 00:10:07.194 или физички модели од предметите Наука и Инженерство, 00:10:07.194 --> 00:10:10.938 и можеме да оценуваме некои доста софистицирани задачи по програмирање. NOTE Paragraph 00:10:10.938 --> 00:10:12.857 Дозволете ми да ви покажам еден кој е навистина едноставен 00:10:12.857 --> 00:10:14.337 но, доста сликовит. 00:10:14.337 --> 00:10:16.814 Ова е од часот на Стенфорд по Компјутерско инженерство 101 00:10:16.814 --> 00:10:18.418 и студентите треба да ја корегираат бојата 00:10:18.418 --> 00:10:20.010 на матната црвена слика. 00:10:20.010 --> 00:10:22.028 Го пишува програмскиот код во пребарувачот 00:10:22.028 --> 00:10:26.086 и гледате дека нешто не е во ред, "Lady Liberty" сеуште има морска болест. 00:10:26.086 --> 00:10:29.842 И така студентот се обидува повторно и овој пат е во право, го известуваме за тоа, 00:10:29.842 --> 00:10:32.201 и сега може да продолжи на следната задача. 00:10:32.201 --> 00:10:35.349 Оваа способност да комуницирате активно со материјалот 00:10:35.349 --> 00:10:37.033 и да ви кажат кога сте погодиле или погрешиле 00:10:37.033 --> 00:10:40.159 е од суштинско значење за напредокот на студентите. NOTE Paragraph 00:10:40.159 --> 00:10:42.434 Сега, се разбира сè уште не можеме да ги оценуваме 00:10:42.434 --> 00:10:45.268 сите задачи кои се потребни за сите предмети. 00:10:45.268 --> 00:10:48.569 Поточно, недостасува вежбање во областа на критичкото размислување 00:10:48.569 --> 00:10:50.491 кое е суштинско во такви дисциплини 00:10:50.491 --> 00:10:54.088 како што се општествените науки, бизнисот и други. 00:10:54.088 --> 00:10:56.337 Па така, се обидовме да убедиме 00:10:56.337 --> 00:10:57.953 дел од наставниот кадар за општествени науки 00:10:57.953 --> 00:11:00.649 дека прашањата на заокружување не се толку лоша стратегија. 00:11:00.649 --> 00:11:02.840 Тоа не помина многу добро. NOTE Paragraph 00:11:02.840 --> 00:11:05.273 Па, затоа моравме да смислиме ново решение. 00:11:05.273 --> 00:11:08.347 И решението до кое стигнавме е користење на меѓусебно (врсничко) оценување. 00:11:08.347 --> 00:11:10.769 Излегува дека претходните истражувања покажуваат, 00:11:10.769 --> 00:11:12.441 како ова од Седлер и Гуд, 00:11:12.441 --> 00:11:14.929 дека меѓусебното (врсничко) оценување е изненадувачки ефективна стратегија 00:11:14.929 --> 00:11:18.143 за обезбедување на релијабилни оценки. 00:11:18.143 --> 00:11:19.913 Беше испробано само во мали класови 00:11:19.913 --> 00:11:21.400 но, се покажа дека 00:11:21.400 --> 00:11:23.882 оценките на y-оската кои се доделени од самите студенти 00:11:23.882 --> 00:11:25.193 всушност многу добро корелираат (се поклопуваат) 00:11:25.193 --> 00:11:27.489 со оценките на x-оската кои се доделени од професорите. 00:11:27.489 --> 00:11:30.649 Уште позачудувачки е тоа дека само-оценките, 00:11:30.649 --> 00:11:32.960 каде студентите критички ја оценуваат својата работа -- 00:11:32.960 --> 00:11:34.697 се додека соодветно ги поттикнувате и наградувате, 00:11:34.697 --> 00:11:36.635 бидејќи во спротивно тие би си дале совршена оцена - - 00:11:36.635 --> 00:11:39.826 уште подобро корелираат со оценките дадени од страна на професорите. 00:11:39.826 --> 00:11:41.433 Значи ова е ефективна стратегија 00:11:41.433 --> 00:11:43.537 за оценување доколку имате голем број на луѓе, 00:11:43.537 --> 00:11:46.273 и исто така е корисна стратегија за учење за самите студентите, 00:11:46.273 --> 00:11:48.528 бидејќи тие всушност учат од самото искуство. 00:11:48.528 --> 00:11:53.177 Значи сега го имаме најголемиот врснички систем за меѓусебно оценување некогаш создаден, 00:11:53.177 --> 00:11:55.681 каде десетици илјади студенти 00:11:55.681 --> 00:11:56.879 се оценуваат едни со други 00:11:56.879 --> 00:11:59.948 и притоа сосем успешно, морам да кажам. NOTE Paragraph 00:11:59.948 --> 00:12:02.208 Но, ова не е само за студенти 00:12:02.208 --> 00:12:05.249 кои седат во својата дневна соба и работат на задачите. 00:12:05.249 --> 00:12:07.056 Околку секој од нашите курсеви, 00:12:07.056 --> 00:12:09.216 се оформија заедници од студенти, 00:12:09.216 --> 00:12:11.096 глобална заедница на луѓе 00:12:11.096 --> 00:12:13.628 собрана околу заеднички интелектуален поход. 00:12:13.628 --> 00:12:16.280 Тоа што гледате овде е само-генерирана мапа 00:12:16.280 --> 00:12:19.241 од студенти на нашиот курс по Социологија 101 од Принстон, 00:12:19.241 --> 00:12:22.000 при што тие самите себе се поставија на светската мапа, 00:12:22.000 --> 00:12:24.960 на која вистински може да се види глобалниот опсег од ваквиот труд. NOTE Paragraph 00:12:24.960 --> 00:12:29.527 Студентите соработуваат на овие курсеви на најразлични начини. 00:12:29.527 --> 00:12:32.166 Пред сè, има форум за прашања и одговори, 00:12:32.166 --> 00:12:34.310 каде едни студенти поставуваат прашања, 00:12:34.310 --> 00:12:36.734 а други студенти одговараат на тие прашања. 00:12:36.734 --> 00:12:38.447 И она што е навистина неверојатно е 00:12:38.447 --> 00:12:40.117 тоа што, поради големиот број студенти, 00:12:40.117 --> 00:12:42.482 дури и кога некој студент ќе поставеше прашање 00:12:42.482 --> 00:12:44.114 во 3 часот наутро, 00:12:44.114 --> 00:12:45.696 некаде во светот, 00:12:45.696 --> 00:12:47.770 ќе се најдеше некој којшто е буден и којшто 00:12:47.770 --> 00:12:50.083 работи на истиот проблем. 00:12:50.083 --> 00:12:52.041 И така, на многу од нашите курсеви 00:12:52.041 --> 00:12:54.370 просечното време за одговарање на некое прашање во 00:12:54.370 --> 00:12:57.788 рамките на форумот за прашања и одговори е 22 минути. 00:12:57.788 --> 00:13:02.365 Што не е ниво на услуга што некогаш сум ја понудила на моите студенти од Стенфорд. NOTE Paragraph 00:13:02.365 --> 00:13:03.706 (смеа) NOTE Paragraph 00:13:03.706 --> 00:13:05.648 Од препораките на студентите можете да видите 00:13:05.648 --> 00:13:07.335 оти нивното гледиште всушност е 00:13:07.335 --> 00:13:09.856 дека поради оваа голема онлајн заедница, 00:13:09.856 --> 00:13:12.455 тие можат да комуницираат меѓусебно на многу начини 00:13:12.455 --> 00:13:16.648 кои се позначајни отколку оние кои ги имале во контекст на вистинска училница. 00:13:16.648 --> 00:13:18.992 Студентите исто така самостојно се собираа, 00:13:18.992 --> 00:13:20.855 без никаква помош од наша страна, 00:13:20.855 --> 00:13:22.758 во мали групи за учење. 00:13:22.758 --> 00:13:25.120 Некои од овие беа вистински групи за учење 00:13:25.120 --> 00:13:26.946 формирани во рамки на географската ограниченост 00:13:26.946 --> 00:13:29.668 и се среќаваа неделно за да работат на задачите. 00:13:29.668 --> 00:13:31.568 Ова е групата за учење од Сан Франциско 00:13:31.568 --> 00:13:33.887 но, вакви групи има насекаде во светот. 00:13:33.887 --> 00:13:35.919 Други беа виртуелни групи за учење, 00:13:35.919 --> 00:13:38.908 понекогаш според јазични или културолошки линии, 00:13:38.908 --> 00:13:40.352 и таму долу лево, 00:13:40.352 --> 00:13:44.148 се гледа нашата мултикултурна универзална група за учење 00:13:44.148 --> 00:13:45.911 во која луѓето отворено пројавија интерес да се 00:13:45.911 --> 00:13:48.917 поврзат со луѓе од други култури. NOTE Paragraph 00:13:48.917 --> 00:13:51.028 Постојат огромни можности 00:13:51.028 --> 00:13:54.353 од ваквиот начин на учење. 00:13:54.353 --> 00:13:58.007 Првата е дека има потенцијал да ни даде 00:13:58.007 --> 00:14:00.441 еден целосно уникатен поглед 00:14:00.441 --> 00:14:02.730 во начинот на кој го усвојуваме знаењето. 00:14:02.730 --> 00:14:06.193 Бидејќи податоците кои ги добиваме од овде се уникатни. 00:14:06.193 --> 00:14:10.202 Во предвид може да го земете секој клик, секоја домашна задача, 00:14:10.202 --> 00:14:14.565 секој пост во форумот од десетици илјади студенти. 00:14:14.565 --> 00:14:16.908 Оттука, изучувањето на човечкото учење, може да 00:14:16.908 --> 00:14:18.841 премине од модалитет базиран на хипотези 00:14:18.841 --> 00:14:21.699 во модалитет базиран на податоци, трансформација која 00:14:21.699 --> 00:14:24.740 на пример, ја има преобразено биологијата. 00:14:24.740 --> 00:14:28.164 Овие податоци можат да се користат за да се разберат основни прашања 00:14:28.164 --> 00:14:30.044 како, кои се добрите стратегии за учење 00:14:30.044 --> 00:14:32.740 кои се ефективните наспроти оние кои не се? 00:14:32.740 --> 00:14:34.980 И во контекстот на одредени курсеви, 00:14:34.980 --> 00:14:36.517 можете да поставите прашања 00:14:36.517 --> 00:14:39.772 како, кои се некои од почестите погрешни сфаќања 00:14:39.772 --> 00:14:41.949 и како да им помогнеме на студентите да ги поправат? NOTE Paragraph 00:14:41.949 --> 00:14:43.373 Еве еден таков пример, 00:14:43.373 --> 00:14:45.389 исто така од часот по Машинско учење на Ендру. 00:14:45.389 --> 00:14:47.597 Ова е распределба на погрешни одговори 00:14:47.597 --> 00:14:49.207 за една од домашните зададени од Ендру. 00:14:49.207 --> 00:14:51.100 Одговорите се разни парови на броеви, 00:14:51.100 --> 00:14:53.371 кои можете да ги внесете на овој дводимензионален нацрт. 00:14:53.371 --> 00:14:57.149 Секој од овие мали иксови кои ги гледате претставува погрешен одговор. 00:14:57.149 --> 00:14:59.555 Големиот икс горе лево 00:14:59.555 --> 00:15:01.703 е каде 2.000 студенти 00:15:01.703 --> 00:15:04.748 дале ист погрешен одговор. 00:15:04.748 --> 00:15:07.075 Сега, ако двајца студенти во клас од 100 00:15:07.075 --> 00:15:08.362 дадат ист погрешен одговор, 00:15:08.362 --> 00:15:09.713 никогаш не би забележале. 00:15:09.713 --> 00:15:12.273 Но, кога 2.000 студенти ќе дадат ист погрешен одговор 00:15:12.273 --> 00:15:13.970 некако е тешко, а да не забележите. 00:15:13.970 --> 00:15:16.162 Така Ендру и неговите студенти, 00:15:16.162 --> 00:15:17.682 погледнаа некои од тие домашни 00:15:17.682 --> 00:15:21.770 ја увидоа главната причина за недоразбирањето 00:15:21.770 --> 00:15:24.290 и тогаш напишаа порака која се однесуваше на оваа грешка, 00:15:24.290 --> 00:15:26.539 порака која ќе му биде испратена на секој студент 00:15:26.539 --> 00:15:28.718 чијшто одговор влегол во таа категорија, 00:15:28.718 --> 00:15:30.802 што значи дека студентите кои ја направиле истата грешка 00:15:30.802 --> 00:15:32.828 сега би добиле персонализирана повратна информација 00:15:32.828 --> 00:15:37.227 кажувајќи им како да ја исправат грешката поефективно. NOTE Paragraph 00:15:37.227 --> 00:15:41.038 Значи оваа персонализација е нешто што може да се направи 00:15:41.038 --> 00:15:44.178 благодарение на големите броеви. 00:15:44.178 --> 00:15:46.490 Персонализацијата е можеби 00:15:46.490 --> 00:15:48.913 една од најголемите можности тука, 00:15:48.913 --> 00:15:51.258 бидејќи ни дава потенцијал за 00:15:51.258 --> 00:15:53.948 решавање на еден 30 годишен проблем. 00:15:53.948 --> 00:15:57.297 Истражувачот на образованието Бенџамин Блум, во 1984 година, 00:15:57.297 --> 00:15:59.548 го постави таканаречениот 2 сигма проблем, 00:15:59.548 --> 00:16:02.610 кој го забележал преку проучување на три популации. 00:16:02.610 --> 00:16:06.218 Првата популација учела на начин базиран на класично предавање. 00:16:06.218 --> 00:16:08.995 Втората популација на студенти учеле 00:16:08.995 --> 00:16:10.714 на начин базиран на класично предавање 00:16:10.714 --> 00:16:12.794 но, со пристап за усовршување, на тој 00:16:12.794 --> 00:16:14.714 начин што студентите ќе преминат на следната тема 00:16:14.714 --> 00:16:18.068 под услов доколку покажат разбирање на претходната. 00:16:18.068 --> 00:16:20.362 И на крај, имало трета популација на студенти 00:16:20.362 --> 00:16:24.890 кои биле подучувани еден на еден од страна на тутор. 00:16:24.890 --> 00:16:28.162 Резултатите на студентите сугерираат дека групата базирана на усовршување 00:16:28.162 --> 00:16:30.450 била подобра за цела стандардна девијација т.е. сигма 00:16:30.450 --> 00:16:32.844 во споредба со групата базирана на класично предавање 00:16:32.844 --> 00:16:34.988 а, индивидуалното туторство ви дава подобрување 00:16:34.988 --> 00:16:36.818 на резултатите од 2 сигма. NOTE Paragraph 00:16:36.818 --> 00:16:38.281 За да разбереме што значи тоа 00:16:38.281 --> 00:16:40.114 да се осврнеме кон класичното предавање, 00:16:40.114 --> 00:16:43.033 и ајде да го земеме просечниот резултат како норма. 00:16:43.033 --> 00:16:44.371 Па така, во групата базирана на класично предавање, 00:16:44.371 --> 00:16:48.250 половина од студентите се над нормата и половина се под нормата. 00:16:48.250 --> 00:16:50.348 Кај индивидуалното туторство, 00:16:50.348 --> 00:16:55.149 98 проценти од студентите се над оваа норма. 00:16:55.149 --> 00:16:59.069 Замислете ако би можеле да предаваме на начин што 98 проценти од нашите студенти 00:16:59.069 --> 00:17:01.267 би биле натпросечни. 00:17:01.267 --> 00:17:04.690 И затоа ни се јавува 2 сигма проблемот. NOTE Paragraph 00:17:04.690 --> 00:17:07.089 Бидејќи, како општество, не можеме да си дозволиме 00:17:07.089 --> 00:17:10.161 на секој студент да му назначиме посебен тутор. 00:17:10.161 --> 00:17:12.410 Но, можеби ќе можеме на секој студент да му дадеме 00:17:12.410 --> 00:17:14.429 компјутер или смартфон. 00:17:14.429 --> 00:17:16.618 Значи прашањето е, како можеме да ја искористиме технологијата 00:17:16.618 --> 00:17:19.993 да се поместиме од левата страна на графиконот, од сината крива 00:17:19.993 --> 00:17:22.731 кон десната страна со зелената крива? 00:17:22.731 --> 00:17:25.068 Усовршувањето е лесно да се постигне користејќи компјутер, 00:17:25.068 --> 00:17:26.473 затоа што компјутерот не се заморува 00:17:26.473 --> 00:17:29.546 прикажувајќи го истото видео пет пати. 00:17:29.546 --> 00:17:32.797 И не се заморува од оценување на истата работа повеќе пати, 00:17:32.802 --> 00:17:35.828 го видовме тоа во многу од примерите кои ви ги покажав. 00:17:35.828 --> 00:17:37.682 Дури и персонализацијата 00:17:37.682 --> 00:17:39.818 е нешто на кое почнуваме да му го гледаме почетокот 00:17:39.818 --> 00:17:43.010 без разлика дали персонализацијата ќе се изведе преку наставниот план 00:17:43.010 --> 00:17:46.274 или во вид на персонализирана повратна информација како што ви прикажавме. 00:17:46.274 --> 00:17:48.762 Нашата цел е да туркаме најсилно што можеме, 00:17:48.762 --> 00:17:52.259 и да видиме колку далеку можеме да стигнеме на патот кон зелената крива. NOTE Paragraph 00:17:52.259 --> 00:17:57.618 Па ако ова е толку супер, дали универзитетите се сега застарени? 00:17:57.618 --> 00:18:00.610 Марк Твен секако мислел така. 00:18:00.610 --> 00:18:03.155 Тој кажал дека „Колеџот сега е место каде професорските белешки 00:18:03.155 --> 00:18:04.858 одат право во белешките на студентите, 00:18:04.858 --> 00:18:07.234 без да поминат низ умот на едните или на другите.“ NOTE Paragraph 00:18:07.234 --> 00:18:11.281 (смеа) NOTE Paragraph 00:18:11.281 --> 00:18:13.949 Јас сепак не се сложувам со Марк Твен.. 00:18:13.949 --> 00:18:16.614 Мислам дека тој не се жалел за 00:18:16.614 --> 00:18:19.364 универзитетите туку за форматот на кој се базирани предавањата, 00:18:19.364 --> 00:18:22.148 на што многу универзитети трошат премногу време. 00:18:22.148 --> 00:18:25.307 Ајде да одиме уште подалеку, до Плутарх 00:18:25.307 --> 00:18:27.534 кој кажал дека „Умот не е сад на кој му треба полнење, 00:18:27.534 --> 00:18:29.557 туку дрво кое треба да се запали.“ 00:18:29.557 --> 00:18:31.747 На универзитетите можеби треба да поминуваме помалку време 00:18:31.747 --> 00:18:34.318 полнејќи им ги мозоците на нашите студенти со содржина 00:18:34.318 --> 00:18:38.118 преку предавање, а повеќе време разгорувајќи ја нивната креативност, 00:18:38.118 --> 00:18:41.373 нивната имагинација и нивните вештини за решавање проблеми 00:18:41.373 --> 00:18:43.871 преку вистински разговор со нив. NOTE Paragraph 00:18:43.871 --> 00:18:45.238 Како да го направиме тоа? 00:18:45.238 --> 00:18:48.669 Тоа го правиме преку активна настава во училницата. 00:18:48.669 --> 00:18:51.118 Има многу студии, вклучувајќи ја и оваа 00:18:51.118 --> 00:18:53.198 кои покажуваат дека ако користите активна настава, 00:18:53.198 --> 00:18:55.614 комуницирање со вашите студенти во училницата, 00:18:55.614 --> 00:18:58.310 резултатите се зголемуваат на секоја поединечна мерка - 00:18:58.310 --> 00:19:00.759 на присутност, активност и на учење, притоа 00:19:00.759 --> 00:19:02.814 сето ова е измерено преку стандардизиран тест. 00:19:02.814 --> 00:19:04.678 Можете да видите дека резултатот кој говори за постигнувањата 00:19:04.678 --> 00:19:07.548 речиси се дуплира во овој конкретен експеримент. 00:19:07.548 --> 00:19:11.949 Можеби на овој начин треба да го поминуваме нашето време на универзитетите. NOTE Paragraph 00:19:11.949 --> 00:19:16.526 Да резимирам, ако можеме да понудиме висококвалитетно образование 00:19:16.526 --> 00:19:18.429 за секого во светот бесплатно, 00:19:18.429 --> 00:19:21.250 до што ќе доведе тоа? До три нешта. 00:19:21.250 --> 00:19:24.671 Прво ќе се воспостави образованието како основно човечко право, 00:19:24.671 --> 00:19:26.037 каде секој во светот 00:19:26.037 --> 00:19:27.958 со својата способност и мотивација 00:19:27.958 --> 00:19:29.909 ќе може да ги добие потребните вештини 00:19:29.909 --> 00:19:31.494 за да создаде подобар живот за себе, 00:19:31.494 --> 00:19:33.511 неговото семејство и неговата заедница. NOTE Paragraph 00:19:33.511 --> 00:19:36.142 Второ, тоа би овозможило доживотно учење. 00:19:36.142 --> 00:19:38.093 Штета е што за толку многу луѓе 00:19:38.093 --> 00:19:41.405 учењето престанува кога ќе завршиме средно училиште или ќе завршиме факултет. 00:19:41.405 --> 00:19:43.886 Достапноста на оваа неверојатна содржина, 00:19:43.886 --> 00:19:46.629 ни дава можност да научиме нешто ново 00:19:46.629 --> 00:19:47.765 секој пат кога ќе посакаме, 00:19:47.765 --> 00:19:49.094 било само за да го прошириме нашиот светоглед 00:19:49.094 --> 00:19:51.053 или за да ги смениме нашите животи. NOTE Paragraph 00:19:51.053 --> 00:19:54.198 И најпосле, ова би овозможило бран на иновации, 00:19:54.198 --> 00:19:57.270 бидејќи неверојатен талент може да се најде насекаде. 00:19:57.270 --> 00:20:00.278 Можеби следниот Алберт Ајнштајн или следниот Стив Џобс 00:20:00.278 --> 00:20:02.893 живее некаде во некое далечно село во Африка. 00:20:02.893 --> 00:20:05.549 И доколку би можеле на таа личност да ѝ понудиме образование, 00:20:05.549 --> 00:20:07.905 таа би можела да ја смисли следната голема идеја 00:20:07.905 --> 00:20:10.309 и да го направи светот подобро место за сите нас. NOTE Paragraph 00:20:10.309 --> 00:20:11.469 Ви благодарам многу. NOTE Paragraph 00:20:11.469 --> 00:20:19.052 (аплауз)