< Return to Video

Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието

  • 0:01 - 0:04
    Како и многумина од вас, јас сум една од среќните луѓе.
  • 0:04 - 0:07
    Бев родена во семејство каде образованието беше влијателно.
  • 0:07 - 0:11
    Јас сум трета генерација докторанд, ќерка на двајца академици.
  • 0:11 - 0:15
    Во детството си играв во универзитетската лабораторија на татко ми.
  • 0:15 - 0:19
    Па така, се подразбираше дека ќе посетувам некои од најдобрите универзитети
  • 0:19 - 0:23
    кои за возврат ми ја отворија вратата кон свет од можности.
  • 0:23 - 0:27
    За жал, повеќето луѓе во светот не се толку среќни.
  • 0:27 - 0:30
    Во некои делови од светот, на пример Јужна Африка,
  • 0:30 - 0:33
    образованието не е лесно достапно.
  • 0:33 - 0:36
    Во Јужна Африка, образовниот систем бил создаден за време
  • 0:36 - 0:39
    на апартхејдот и притоа бил наменет за белото малцинство.
  • 0:39 - 0:41
    И како последица, денес нема доволно места
  • 0:41 - 0:45
    за повеќето луѓе кои сакаат и заслужуваат висококвалитетно образование.
  • 0:45 - 0:49
    Овој недостаток доведе до криза во јануари оваа година
  • 0:49 - 0:51
    на Универзитетот во Јоханесбург.
  • 0:51 - 0:53
    Имаше останато неколку слободни места
  • 0:53 - 0:56
    после стандардниот приемен процес и ноќта пред да
  • 0:56 - 0:59
    бидат отворени за аплицирање, илјадници луѓе
  • 0:59 - 1:03
    се наредија надвор пред портата во колона една милја долга, имајќи
  • 1:03 - 1:07
    намера да бидат први во редот со цел како би дошле до едно од местата.
  • 1:07 - 1:09
    Кога се отворија вратите, имаше човечко стампедо
  • 1:09 - 1:13
    и 20 луѓе беа повредени, а една жена почина.
  • 1:13 - 1:14
    Таа беше мајка која го даде својот живот
  • 1:14 - 1:19
    обидувајќи се да му овозможи на својот син прилика за подобар живот.
  • 1:19 - 1:22
    Но, дури и во делови од светот како САД,
  • 1:22 - 1:26
    каде образованието е достапно, можно е да не биде на дофат.
  • 1:26 - 1:29
    Многу се дискутираше во последните неколку години
  • 1:29 - 1:31
    за зголемувањето на трошоците за здравствена заштита.
  • 1:31 - 1:33
    Тоа што не е толку очигледно за луѓето
  • 1:33 - 1:37
    е дека во текот на истиот период, цената на високото образование
  • 1:37 - 1:40
    се зголемуваше речиси двојно побрзо,
  • 1:40 - 1:44
    т.е. за 559 проценти споредено со 1985 година.
  • 1:44 - 1:49
    Поради ова многу луѓе не можат да си дозволат образование.
  • 1:49 - 1:52
    Најпосле, дури и оние кои успеваат да се стекнат со високо образование,
  • 1:52 - 1:55
    сепак сите тие не добиваат еднакви можности.
  • 1:55 - 1:58
    Само малку повеќе од половина од скорешните дипломци
  • 1:58 - 2:01
    во САД кои се стекнале со високо образование
  • 2:01 - 2:04
    всушност работат на работни места кои го бараат тоа образование.
  • 2:04 - 2:06
    Ова секако не е точно за студентите
  • 2:06 - 2:08
    кои дипломираат на врвните институции
  • 2:08 - 2:11
    но, многу други не ги чувствуваат благодетите
  • 2:11 - 2:14
    од времето и трудот кои ги вложиле.
  • 2:14 - 2:17
    Том Фридман, во својата неодамнешна статија во Њујорк Тајмс
  • 2:17 - 2:21
    го опфати, на еден уникатен начин, духот во основата на нашиот труд,
  • 2:21 - 2:25
    Тој рече дека големите откритија се она што се случува
  • 2:25 - 2:28
    кога тоа што е одеднаш можно го пресретнува тоа што е очајно потребно.
  • 2:28 - 2:31
    Зборував за тоа што е очајно потребно.
  • 2:31 - 2:34
    Ајде да зборуваме за тоа што е можно одеднаш.
  • 2:34 - 2:37
    Тоа што е можно одеднаш беше демонстрирано од
  • 2:37 - 2:38
    три големи наставни предмети на Стенфорд,
  • 2:38 - 2:42
    на кои се имаа запишано по 100.000 луѓе или повеќе.
  • 2:42 - 2:46
    Па така, за да го разбереме ова, ајде да погледнеме еден од тие предмети,
  • 2:46 - 2:47
    т.е. оној по Машинско учење кој го предава мојот колега
  • 2:47 - 2:49
    и ко-основач Ендру 'Нг.
  • 2:49 - 2:52
    Ендру предава еден од позначајните предмети на Стенфорд.
  • 2:52 - 2:53
    Тоа е предметот по Машинско учење
  • 2:53 - 2:56
    и секој пат кога ќе се отворат уписите на него се запишуваат по 400 луѓе.
  • 2:56 - 3:00
    Кога Ендру предаваше Машинско учење на пошироката јавност,
  • 3:00 - 3:02
    тогаш се имаа пријавено 100.000 луѓе.
  • 3:02 - 3:04
    Па, за да се стави тој број во перспектива,
  • 3:04 - 3:06
    за Ендру да го достигне истиот број на публика
  • 3:06 - 3:08
    преку предавање само во рамки на Стенфорд,
  • 3:08 - 3:12
    тој би требало да го прави тоа во наредните 250 години.
  • 3:12 - 3:16
    Секако, би му здосадило.
  • 3:16 - 3:18
    Значи, согледувајќи го влијанието од ова,
  • 3:18 - 3:22
    Ендру и јас решивме дека сето ова мораме да го кренеме на повисоко ниво,
  • 3:22 - 3:26
    сè со цел како би им овозможиле најквалитетно образование на што повеќе луѓе.
  • 3:26 - 3:27
    Па така, ја формиравме Курсера,
  • 3:27 - 3:30
    чија цел е да се земат најдобрите наставни предмети
  • 3:30 - 3:34
    од најдобрите предавачи на најдобрите универзитети
  • 3:34 - 3:38
    и ова да им го понудиме на сите во светот бесплатно.
  • 3:38 - 3:40
    Моментално имаме 43 предмети на платформата
  • 3:40 - 3:43
    од 4 универзитети со различен опсег на дисциплини,
  • 3:43 - 3:45
    и дозволете ми да ви покажам еден мал преглед
  • 3:45 - 3:49
    за тоа како изгледа ова.
  • 3:49 - 3:50
    Роберт Грист: Добредојдовте на Калкулус.
  • 3:50 - 3:52
    Езекиел Емануел: Педесет милиони луѓе се неосигурани.
  • 3:52 - 3:55
    Скот Пејџ: Овие модели ни помагаат да дизајнираме поефективни институции и политики.
  • 3:55 - 3:57
    Постои неверојатна сегрегација.
  • 3:57 - 3:59
    Скот Клемер: Значи Буш замисли дека во иднина,
  • 3:59 - 4:02
    вие би носеле камера на средина од главата.
  • 4:02 - 4:06
    Мичел Данејер: Милс сака студентот по социологија да го развие квалитетот на умот...
  • 4:06 - 4:09
    Р.Г.: Висечкиот кабел добива форма на хиперболичен косинус.
  • 4:09 - 4:13
    Ник Парланте: За секој пиксел на сликата, поставете ја црвената на нула.
  • 4:13 - 4:16
    Пол Офит: ...вакцината ни овозможи да го елиминираме вирусот на детска парализа.
  • 4:16 - 4:19
    Ден Џурафски: Дали Луфтханза служи појадок и Сан Хозе? Па, тоа звучи смешно.
  • 4:19 - 4:23
    Дафне Колер: Значи ова е која паричка ќе ја одберете, а ова се двете фрлања.
  • 4:23 - 4:26
    Ендру 'Нг: Значи кај машинското учење-на макро ниво, ние би сакале да дојдеме до компјутерски...
  • 4:26 - 4:32
    (аплауз)
  • 4:32 - 4:34
    Се чини дека, можеби и не е изненадувачки,
  • 4:34 - 4:37
    студентите сакаат да ја добијат најдобрата содржина
  • 4:37 - 4:39
    од најдобрите универзитети бесплатно.
  • 4:39 - 4:42
    Откога ја отворивме веб-страната во февруари,
  • 4:42 - 4:46
    досега имаме 640.000 студенти од 190 земји.
  • 4:46 - 4:48
    Имаме 1,5 милиони уписи,
  • 4:48 - 4:51
    6 милиони тестови се поднесени за евалуација во рамки на
  • 4:51 - 4:56
    15-те предавања кои досега започнаа и имаме 14 милиони прегледани видеа.
  • 4:56 - 4:59
    Но, не се работи само за броевите,
  • 4:59 - 5:00
    тука и за самите луѓе.
  • 5:00 - 5:03
    Било да е тоа е Акаш, кој доаѓа од мал град во Индија
  • 5:03 - 5:06
    и никогаш не би имал пристап во овој случај
  • 5:06 - 5:07
    до квалитетен Стенфордски курс
  • 5:07 - 5:10
    и никогаш не би можел да си го дозволи.
  • 5:10 - 5:12
    Или Џени, која е самохрана мајка на две деца
  • 5:12 - 5:14
    и сака да ги подобри своите вештини
  • 5:14 - 5:17
    за да може да ја доврши својата магистратура.
  • 5:17 - 5:20
    Или Рајан, кој не може да оди на училиште,
  • 5:20 - 5:22
    поради слабиот имунитет кој го има неговата
  • 5:22 - 5:25
    ќерка, тој не смее да ризикува да внесе бактерии во куќата,
  • 5:25 - 5:27
    и затоа не смее да излегува надвор.
  • 5:27 - 5:29
    Навистина ми е мило да кажам дека...
  • 5:29 - 5:31
    неодамна, си пишавме со Рајан --
  • 5:31 - 5:33
    и дека оваа приказна има среќен крај.
  • 5:33 - 5:35
    Малата Шенон, можете да ја видите од лево,
  • 5:35 - 5:36
    е многу подобро сега
  • 5:36 - 5:40
    и Рајан доби работа посетувајќи некои од нашите курсеви.
  • 5:40 - 5:42
    Што ги прави овие курсеви толку различни од другите?
  • 5:42 - 5:46
    Бидејќи сепак, разни онлајн предавања се присутни веќе одредено време.
  • 5:46 - 5:50
    Разликата се состои во тоа што овие курсеви се како вистинска настава.
  • 5:50 - 5:52
    Започнуваат на определен ден,
  • 5:52 - 5:55
    а потоа студентите гледаат видеа на неделна основа
  • 5:55 - 5:57
    и работат домашни задачи.
  • 5:57 - 5:59
    И овие се вистински домашни задачи
  • 5:59 - 6:02
    за вистинска оценка, со вистински краен рок.
  • 6:02 - 6:04
    Можете графички да ги видите роковите и употребата на материјалот.
  • 6:04 - 6:06
    Овие шилци покажуваат
  • 6:06 - 6:10
    дека одолговлекувањето е глобален феномен.
  • 6:10 - 6:13
    (смеа)
  • 6:13 - 6:14
    И на крајот од овој курс,
  • 6:14 - 6:16
    студентите добиваат сертификат.
  • 6:16 - 6:18
    Тие можат да го прикажат тој сертификат
  • 6:18 - 6:21
    на иден работодавач и да добијат подобра работа
  • 6:21 - 6:23
    и ние знаеме многу студенти кои го направиле ова.
  • 6:23 - 6:25
    Некои студенти го зедоа својот сертификат
  • 6:25 - 6:28
    и го прикажаа во образовната институција во која се запишани
  • 6:28 - 6:29
    и добија (ЕКТС) кредити на факултетот.
  • 6:29 - 6:32
    Значи, овие студенти навистина добиваа нешто значајно
  • 6:32 - 6:35
    за нивниот вложен труд и време.
  • 6:35 - 6:37
    Ајде да зборуваме малку за некои од компoнентите
  • 6:37 - 6:39
    кои се дел од овие курсеви.
  • 6:39 - 6:42
    Првата компонента е дека кога излегувате надвор
  • 6:42 - 6:44
    од ограничувањата на вистинска училница
  • 6:44 - 6:47
    и дизајнирате содржина експлицитно за онлајн формат,
  • 6:47 - 6:49
    тогаш можете да се ослободите, на пример
  • 6:49 - 6:52
    од сувопарното едночасовно предавање.
  • 6:52 - 6:53
    Можете да го поделите материјалот, на пример
  • 6:53 - 6:57
    во овие кратки, тематски единици од 8 до 12 минути,
  • 6:57 - 7:00
    секоја претставувајќи разбирлив концепт.
  • 7:00 - 7:02
    Студентите можат да го поминат овој материјал на различни начини,
  • 7:02 - 7:06
    зависно од нивното минато искуство, нивните вештини или интереси.
  • 7:06 - 7:09
    На пример, некои студенти можат да имаат корист
  • 7:09 - 7:11
    доколку го поминат подготвителниот материјал
  • 7:11 - 7:13
    којшто на другите студенти можеби им е веќе познат.
  • 7:13 - 7:16
    Други студенти можеби се заинтересирани за одредена
  • 7:16 - 7:19
    дополнителна тема која тие би сакале да ја следат индивидуално.
  • 7:19 - 7:22
    Па така, овој формат ни дозволува да скршнеме
  • 7:22 - 7:25
    од едноличните модели на образование
  • 7:25 - 7:29
    и дозволува студентите да следат многу поиндивидуализирана настава.
  • 7:29 - 7:31
    Секако, како едукатори сите ние знаеме
  • 7:31 - 7:35
    дека студентите не учат преку седење и пасивно гледање на видеа.
  • 7:35 - 7:38
    Можеби една од најголемите компоненти на овој напор
  • 7:38 - 7:40
    е дека ние мораме да имаме студенти
  • 7:40 - 7:43
    кои го вежбаат материјалот
  • 7:43 - 7:46
    сè со цел навистина да го разберат.
  • 7:46 - 7:49
    Има огромен број на студии кои ја демонстрираат важноста на ова.
  • 7:49 - 7:52
    Оваа која се појави во списанието Science претходната година, на пример,
  • 7:52 - 7:54
    покажува дека дури и едноставното вежбање на меморијата,
  • 7:54 - 7:57
    каде студентите треба само да го повторат
  • 7:57 - 7:59
    она што веќе го научиле
  • 7:59 - 8:01
    дава значајно подобрени резултати
  • 8:01 - 8:03
    на различни тестови за постигнување, попатно
  • 8:03 - 8:07
    отколку многу други образовни интервенции.
  • 8:07 - 8:10
    Се обидовме да го вметнеме меморискиот тренинг во платформата,
  • 8:10 - 8:12
    а овде секако вклучивме и други видови на вежби.
  • 8:12 - 8:16
    На пример, дури и нашите видеа не се само видеа.
  • 8:16 - 8:19
    На секои неколку минути, видеото паузира
  • 8:19 - 8:21
    и ги прашува студентите некое прашање.
  • 8:21 - 8:23
    (видео) С.П.: ...овие 4 работи. Теорија на можни исходи, хиперболични отстапки,
  • 8:23 - 8:26
    склоност кон избегнување промена, занемарување на основната стапка. Сите тие се добро документирани.
  • 8:26 - 8:29
    Значи сите тие се добро документирани отстапувања од рационалното однесување.
  • 8:29 - 8:30
    ДК: Значи тука видеото паузира,
  • 8:30 - 8:33
    и студентот го внесува одговорот во полето
  • 8:33 - 8:36
    и го испраќа. Очигледно е дека не обрнал внимание.
  • 8:36 - 8:37
    (смеа)
  • 8:37 - 8:39
    Има право пак да проба
  • 8:39 - 8:41
    и овој пат дава точен одговор.
  • 8:41 - 8:43
    Има и опционо објаснување доколку сака.
  • 8:43 - 8:48
    И сега видеото продолжува на следниот дел од предавањето.
  • 8:48 - 8:50
    Ова е вид на едноставно прашање
  • 8:50 - 8:52
    кое јас како предавач можам да го поставам на час
  • 8:52 - 8:54
    но, кога ќе го поставам ваквото прашање на час,
  • 8:54 - 8:56
    80 проценти од студентите
  • 8:56 - 8:57
    сè уште го запишуваат последното нешто кое сум го кажала,
  • 8:57 - 9:01
    15 проценти зјапаат во Фејсбук,
  • 9:01 - 9:03
    и тогаш некој од умните глави во првиот ред
  • 9:03 - 9:05
    ќе го каже одговорот
  • 9:05 - 9:07
    пред било кој друг да има шанса да размисли за тоа
  • 9:07 - 9:10
    и јас како предавач сум ужасно благодарна
  • 9:10 - 9:11
    дека некој всушност и го знаел одговорот.
  • 9:11 - 9:14
    И така предавањето продолжува, пред
  • 9:14 - 9:18
    повеќето од студентите и да забележат дека било поставено прашање.
  • 9:18 - 9:20
    Тука, секој студент
  • 9:20 - 9:23
    мора да се внесе во материјалот.
  • 9:23 - 9:25
    И секако овие едноставни мемориски прашања
  • 9:25 - 9:27
    не се крајот на приказната.
  • 9:27 - 9:30
    Мораме да вградиме многу пологични прашања за вежбање,
  • 9:30 - 9:32
    и исто така, на студентите треба да им се дадат повратни информации
  • 9:32 - 9:34
    за тие прашања.
  • 9:34 - 9:36
    Сега, како би ја оцениле работата на 100.000 студенти
  • 9:36 - 9:40
    ако немате 10.000 асистенти?
  • 9:40 - 9:42
    Одговорот е дека треба да користите технологија
  • 9:42 - 9:43
    која ќе го направи тоа за вас.
  • 9:43 - 9:46
    Денес, за среќа, технологијата е напредната
  • 9:46 - 9:49
    и сега можеме да оцениме цел опсег на интересни видови на домашни задачи.
  • 9:49 - 9:51
    Во склоп на прашањата на заокружување
  • 9:51 - 9:54
    и видовите на кратки прашања кои ги видовте во видеото,
  • 9:54 - 9:57
    можеме исто така да оценуваме математика, математички изрази
  • 9:57 - 9:59
    како и математички изводи.
  • 9:59 - 10:02
    Можеме да оценуваме модели, без разлика дали се тоа
  • 10:02 - 10:04
    финансиски модели од наставата по Бизнис
  • 10:04 - 10:07
    или физички модели од предметите Наука и Инженерство,
  • 10:07 - 10:11
    и можеме да оценуваме некои доста софистицирани задачи по програмирање.
  • 10:11 - 10:13
    Дозволете ми да ви покажам еден кој е навистина едноставен
  • 10:13 - 10:14
    но, доста сликовит.
  • 10:14 - 10:17
    Ова е од часот на Стенфорд по Компјутерско инженерство 101
  • 10:17 - 10:18
    и студентите треба да ја корегираат бојата
  • 10:18 - 10:20
    на матната црвена слика.
  • 10:20 - 10:22
    Го пишува програмскиот код во пребарувачот
  • 10:22 - 10:26
    и гледате дека нешто не е во ред, "Lady Liberty" сеуште има морска болест.
  • 10:26 - 10:30
    И така студентот се обидува повторно и овој пат е во право, го известуваме за тоа,
  • 10:30 - 10:32
    и сега може да продолжи на следната задача.
  • 10:32 - 10:35
    Оваа способност да комуницирате активно со материјалот
  • 10:35 - 10:37
    и да ви кажат кога сте погодиле или погрешиле
  • 10:37 - 10:40
    е од суштинско значење за напредокот на студентите.
  • 10:40 - 10:42
    Сега, се разбира сè уште не можеме
    да ги оценуваме
  • 10:42 - 10:45
    сите задачи кои се потребни за сите предмети.
  • 10:45 - 10:49
    Поточно, недостасува вежбање во областа на критичкото размислување
  • 10:49 - 10:50
    кое е суштинско во такви дисциплини
  • 10:50 - 10:54
    како што се општествените науки, бизнисот и други.
  • 10:54 - 10:56
    Па така, се обидовме да убедиме
  • 10:56 - 10:58
    дел од наставниот кадар за општествени науки
  • 10:58 - 11:01
    дека прашањата на заокружување не се толку лоша стратегија.
  • 11:01 - 11:03
    Тоа не помина многу добро.
  • 11:03 - 11:05
    Па, затоа моравме да смислиме ново решение.
  • 11:05 - 11:08
    И решението до кое стигнавме е користење на меѓусебно (врсничко) оценување.
  • 11:08 - 11:11
    Излегува дека претходните истражувања покажуваат,
  • 11:11 - 11:12
    како ова од Седлер и Гуд,
  • 11:12 - 11:15
    дека меѓусебното (врсничко) оценување е изненадувачки ефективна стратегија
  • 11:15 - 11:18
    за обезбедување на релијабилни оценки.
  • 11:18 - 11:20
    Беше испробано само во мали класови
  • 11:20 - 11:21
    но, се покажа дека
  • 11:21 - 11:24
    оценките на y-оската кои се доделени од самите студенти
  • 11:24 - 11:25
    всушност многу добро корелираат (се поклопуваат)
  • 11:25 - 11:27
    со оценките на x-оската кои се доделени од професорите.
  • 11:27 - 11:31
    Уште позачудувачки е тоа дека само-оценките,
  • 11:31 - 11:33
    каде студентите критички ја оценуваат својата работа --
  • 11:33 - 11:35
    се додека соодветно ги поттикнувате и наградувате,
  • 11:35 - 11:37
    бидејќи во спротивно тие би си дале совршена оцена - -
  • 11:37 - 11:40
    уште подобро корелираат со оценките дадени од страна на професорите.
  • 11:40 - 11:41
    Значи ова е ефективна стратегија
  • 11:41 - 11:44
    за оценување доколку имате голем број на луѓе,
  • 11:44 - 11:46
    и исто така е корисна стратегија за учење за самите студентите,
  • 11:46 - 11:49
    бидејќи тие всушност учат од самото искуство.
  • 11:49 - 11:53
    Значи сега го имаме најголемиот врснички систем за меѓусебно оценување некогаш создаден,
  • 11:53 - 11:56
    каде десетици илјади студенти
  • 11:56 - 11:57
    се оценуваат едни со други
  • 11:57 - 12:00
    и притоа сосем успешно, морам да кажам.
  • 12:00 - 12:02
    Но, ова не е само за студенти
  • 12:02 - 12:05
    кои седат во својата дневна соба и работат на задачите.
  • 12:05 - 12:07
    Околку секој од нашите курсеви,
  • 12:07 - 12:09
    се оформија заедници од студенти,
  • 12:09 - 12:11
    глобална заедница на луѓе
  • 12:11 - 12:14
    собрана околу заеднички интелектуален поход.
  • 12:14 - 12:16
    Тоа што гледате овде е само-генерирана мапа
  • 12:16 - 12:19
    од студенти на нашиот курс по Социологија 101 од Принстон,
  • 12:19 - 12:22
    при што тие самите себе се поставија на светската мапа,
  • 12:22 - 12:25
    на која вистински може да се види глобалниот опсег од ваквиот труд.
  • 12:25 - 12:30
    Студентите соработуваат на овие курсеви на најразлични начини.
  • 12:30 - 12:32
    Пред сè, има форум за прашања и одговори,
  • 12:32 - 12:34
    каде едни студенти поставуваат прашања,
  • 12:34 - 12:37
    а други студенти одговараат на тие прашања.
  • 12:37 - 12:38
    И она што е навистина неверојатно е
  • 12:38 - 12:40
    тоа што, поради големиот број студенти,
  • 12:40 - 12:42
    дури и кога некој студент ќе поставеше прашање
  • 12:42 - 12:44
    во 3 часот наутро,
  • 12:44 - 12:46
    некаде во светот,
  • 12:46 - 12:48
    ќе се најдеше некој којшто е буден и којшто
  • 12:48 - 12:50
    работи на истиот проблем.
  • 12:50 - 12:52
    И така, на многу од нашите курсеви
  • 12:52 - 12:54
    просечното време за одговарање на некое прашање во
  • 12:54 - 12:58
    рамките на форумот за прашања и одговори е 22 минути.
  • 12:58 - 13:02
    Што не е ниво на услуга што некогаш сум ја понудила на моите студенти од Стенфорд.
  • 13:02 - 13:04
    (смеа)
  • 13:04 - 13:06
    Од препораките на студентите можете да видите
  • 13:06 - 13:07
    оти нивното гледиште всушност е
  • 13:07 - 13:10
    дека поради оваа голема онлајн заедница,
  • 13:10 - 13:12
    тие можат да комуницираат меѓусебно на многу начини
  • 13:12 - 13:17
    кои се позначајни отколку оние кои ги имале во контекст на вистинска училница.
  • 13:17 - 13:19
    Студентите исто така самостојно се собираа,
  • 13:19 - 13:21
    без никаква помош од наша страна,
  • 13:21 - 13:23
    во мали групи за учење.
  • 13:23 - 13:25
    Некои од овие беа вистински групи за учење
  • 13:25 - 13:27
    формирани во рамки на географската ограниченост
  • 13:27 - 13:30
    и се среќаваа неделно за да работат на задачите.
  • 13:30 - 13:32
    Ова е групата за учење од Сан Франциско
  • 13:32 - 13:34
    но, вакви групи има насекаде во светот.
  • 13:34 - 13:36
    Други беа виртуелни групи за учење,
  • 13:36 - 13:39
    понекогаш според јазични или културолошки линии,
  • 13:39 - 13:40
    и таму долу лево,
  • 13:40 - 13:44
    се гледа нашата мултикултурна универзална група за учење
  • 13:44 - 13:46
    во која луѓето отворено пројавија интерес да се
  • 13:46 - 13:49
    поврзат со луѓе од други култури.
  • 13:49 - 13:51
    Постојат огромни можности
  • 13:51 - 13:54
    од ваквиот начин на учење.
  • 13:54 - 13:58
    Првата е дека има потенцијал да ни даде
  • 13:58 - 14:00
    еден целосно уникатен поглед
  • 14:00 - 14:03
    во начинот на кој го усвојуваме знаењето.
  • 14:03 - 14:06
    Бидејќи податоците кои ги добиваме од овде се уникатни.
  • 14:06 - 14:10
    Во предвид може да го земете секој клик, секоја домашна задача,
  • 14:10 - 14:15
    секој пост во форумот од десетици илјади студенти.
  • 14:15 - 14:17
    Оттука, изучувањето на човечкото учење, може да
  • 14:17 - 14:19
    премине од модалитет базиран на хипотези
  • 14:19 - 14:22
    во модалитет базиран на податоци, трансформација која
  • 14:22 - 14:25
    на пример, ја има преобразено биологијата.
  • 14:25 - 14:28
    Овие податоци можат да се користат за да се разберат основни прашања
  • 14:28 - 14:30
    како, кои се добрите стратегии за учење
  • 14:30 - 14:33
    кои се ефективните наспроти оние кои не се?
  • 14:33 - 14:35
    И во контекстот на одредени курсеви,
  • 14:35 - 14:37
    можете да поставите прашања
  • 14:37 - 14:40
    како, кои се некои од почестите погрешни сфаќања
  • 14:40 - 14:42
    и како да им помогнеме на студентите да ги поправат?
  • 14:42 - 14:43
    Еве еден таков пример,
  • 14:43 - 14:45
    исто така од часот по Машинско учење на Ендру.
  • 14:45 - 14:48
    Ова е распределба на погрешни одговори
  • 14:48 - 14:49
    за една од домашните зададени од Ендру.
  • 14:49 - 14:51
    Одговорите се разни парови на броеви,
  • 14:51 - 14:53
    кои можете да ги внесете на овој дводимензионален нацрт.
  • 14:53 - 14:57
    Секој од овие мали иксови кои ги гледате претставува погрешен одговор.
  • 14:57 - 15:00
    Големиот икс горе лево
  • 15:00 - 15:02
    е каде 2.000 студенти
  • 15:02 - 15:05
    дале ист погрешен одговор.
  • 15:05 - 15:07
    Сега, ако двајца студенти во клас од 100
  • 15:07 - 15:08
    дадат ист погрешен одговор,
  • 15:08 - 15:10
    никогаш не би забележале.
  • 15:10 - 15:12
    Но, кога 2.000 студенти ќе дадат ист погрешен одговор
  • 15:12 - 15:14
    некако е тешко, а да не забележите.
  • 15:14 - 15:16
    Така Ендру и неговите студенти,
  • 15:16 - 15:18
    погледнаа некои од тие домашни
  • 15:18 - 15:22
    ја увидоа главната причина за недоразбирањето
  • 15:22 - 15:24
    и тогаш напишаа порака која се однесуваше на оваа грешка,
  • 15:24 - 15:27
    порака која ќе му биде испратена на секој студент
  • 15:27 - 15:29
    чијшто одговор влегол во таа категорија,
  • 15:29 - 15:31
    што значи дека студентите кои ја направиле истата грешка
  • 15:31 - 15:33
    сега би добиле персонализирана повратна информација
  • 15:33 - 15:37
    кажувајќи им како да ја исправат грешката поефективно.
  • 15:37 - 15:41
    Значи оваа персонализација е нешто што може да се направи
  • 15:41 - 15:44
    благодарение на големите броеви.
  • 15:44 - 15:46
    Персонализацијата е можеби
  • 15:46 - 15:49
    една од најголемите можности тука,
  • 15:49 - 15:51
    бидејќи ни дава потенцијал за
  • 15:51 - 15:54
    решавање на еден 30 годишен проблем.
  • 15:54 - 15:57
    Истражувачот на образованието Бенџамин Блум, во 1984 година,
  • 15:57 - 16:00
    го постави таканаречениот 2 сигма проблем,
  • 16:00 - 16:03
    кој го забележал преку проучување на три популации.
  • 16:03 - 16:06
    Првата популација учела на начин базиран на класично предавање.
  • 16:06 - 16:09
    Втората популација на студенти учеле
  • 16:09 - 16:11
    на начин базиран на класично предавање
  • 16:11 - 16:13
    но, со пристап за усовршување, на тој
  • 16:13 - 16:15
    начин што студентите ќе преминат на следната тема
  • 16:15 - 16:18
    под услов доколку покажат разбирање на претходната.
  • 16:18 - 16:20
    И на крај, имало трета популација на студенти
  • 16:20 - 16:25
    кои биле подучувани еден на еден од страна на тутор.
  • 16:25 - 16:28
    Резултатите на студентите сугерираат дека групата базирана на усовршување
  • 16:28 - 16:30
    била подобра за цела стандардна девијација т.е. сигма
  • 16:30 - 16:33
    во споредба со групата базирана на класично предавање
  • 16:33 - 16:35
    а, индивидуалното туторство ви дава подобрување
  • 16:35 - 16:37
    на резултатите од 2 сигма.
  • 16:37 - 16:38
    За да разбереме што значи тоа
  • 16:38 - 16:40
    да се осврнеме кон класичното предавање,
  • 16:40 - 16:43
    и ајде да го земеме просечниот резултат како норма.
  • 16:43 - 16:44
    Па така, во групата базирана на класично предавање,
  • 16:44 - 16:48
    половина од студентите се над нормата и половина се под нормата.
  • 16:48 - 16:50
    Кај индивидуалното туторство,
  • 16:50 - 16:55
    98 проценти од студентите се над оваа норма.
  • 16:55 - 16:59
    Замислете ако би можеле да предаваме на начин што 98 проценти од нашите студенти
  • 16:59 - 17:01
    би биле натпросечни.
  • 17:01 - 17:05
    И затоа ни се јавува 2 сигма проблемот.
  • 17:05 - 17:07
    Бидејќи, како општество, не можеме да си дозволиме
  • 17:07 - 17:10
    на секој студент да му назначиме посебен тутор.
  • 17:10 - 17:12
    Но, можеби ќе можеме на секој студент да му дадеме
  • 17:12 - 17:14
    компјутер или смартфон.
  • 17:14 - 17:17
    Значи прашањето е, како можеме да ја искористиме технологијата
  • 17:17 - 17:20
    да се поместиме од левата страна на графиконот, од сината крива
  • 17:20 - 17:23
    кон десната страна со зелената крива?
  • 17:23 - 17:25
    Усовршувањето е лесно да се постигне користејќи компјутер,
  • 17:25 - 17:26
    затоа што компјутерот не се заморува
  • 17:26 - 17:30
    прикажувајќи го истото видео пет пати.
  • 17:30 - 17:33
    И не се заморува од оценување на истата работа повеќе пати,
  • 17:33 - 17:36
    го видовме тоа во многу од примерите кои ви ги покажав.
  • 17:36 - 17:38
    Дури и персонализацијата
  • 17:38 - 17:40
    е нешто на кое почнуваме да му го гледаме почетокот
  • 17:40 - 17:43
    без разлика дали персонализацијата ќе се изведе преку наставниот план
  • 17:43 - 17:46
    или во вид на персонализирана повратна информација како што ви прикажавме.
  • 17:46 - 17:49
    Нашата цел е да туркаме најсилно што можеме,
  • 17:49 - 17:52
    и да видиме колку далеку можеме да стигнеме на патот кон зелената крива.
  • 17:52 - 17:58
    Па ако ова е толку супер, дали универзитетите се сега застарени?
  • 17:58 - 18:01
    Марк Твен секако мислел така.
  • 18:01 - 18:03
    Тој кажал дека „Колеџот сега е место каде професорските белешки
  • 18:03 - 18:05
    одат право во белешките на студентите,
  • 18:05 - 18:07
    без да поминат низ умот на едните или на другите.“
  • 18:07 - 18:11
    (смеа)
  • 18:11 - 18:14
    Јас сепак не се сложувам со Марк Твен..
  • 18:14 - 18:17
    Мислам дека тој не се жалел за
  • 18:17 - 18:19
    универзитетите туку за форматот на кој се базирани предавањата,
  • 18:19 - 18:22
    на што многу универзитети трошат премногу време.
  • 18:22 - 18:25
    Ајде да одиме уште подалеку, до Плутарх
  • 18:25 - 18:28
    кој кажал дека „Умот не е сад на кој му треба полнење,
  • 18:28 - 18:30
    туку дрво кое треба да се запали.“
  • 18:30 - 18:32
    На универзитетите можеби треба да поминуваме помалку време
  • 18:32 - 18:34
    полнејќи им ги мозоците на нашите студенти со содржина
  • 18:34 - 18:38
    преку предавање, а повеќе време разгорувајќи ја нивната креативност,
  • 18:38 - 18:41
    нивната имагинација и нивните вештини за решавање проблеми
  • 18:41 - 18:44
    преку вистински разговор со нив.
  • 18:44 - 18:45
    Како да го направиме тоа?
  • 18:45 - 18:49
    Тоа го правиме преку активна настава во училницата.
  • 18:49 - 18:51
    Има многу студии, вклучувајќи ја и оваа
  • 18:51 - 18:53
    кои покажуваат дека ако користите активна настава,
  • 18:53 - 18:56
    комуницирање со вашите студенти во училницата,
  • 18:56 - 18:58
    резултатите се зголемуваат на секоја поединечна мерка -
  • 18:58 - 19:01
    на присутност, активност и на учење, притоа
  • 19:01 - 19:03
    сето ова е измерено преку стандардизиран тест.
  • 19:03 - 19:05
    Можете да видите дека резултатот кој говори за постигнувањата
  • 19:05 - 19:08
    речиси се дуплира во овој конкретен експеримент.
  • 19:08 - 19:12
    Можеби на овој начин треба да го поминуваме нашето време на универзитетите.
  • 19:12 - 19:17
    Да резимирам, ако можеме да понудиме висококвалитетно образование
  • 19:17 - 19:18
    за секого во светот бесплатно,
  • 19:18 - 19:21
    до што ќе доведе тоа? До три нешта.
  • 19:21 - 19:25
    Прво ќе се воспостави образованието како основно човечко право,
  • 19:25 - 19:26
    каде секој во светот
  • 19:26 - 19:28
    со својата способност и мотивација
  • 19:28 - 19:30
    ќе може да ги добие потребните вештини
  • 19:30 - 19:31
    за да создаде подобар живот за себе,
  • 19:31 - 19:34
    неговото семејство и неговата заедница.
  • 19:34 - 19:36
    Второ, тоа би овозможило доживотно учење.
  • 19:36 - 19:38
    Штета е што за толку многу луѓе
  • 19:38 - 19:41
    учењето престанува кога ќе завршиме средно училиште или ќе завршиме факултет.
  • 19:41 - 19:44
    Достапноста на оваа неверојатна содржина,
  • 19:44 - 19:47
    ни дава можност да научиме нешто ново
  • 19:47 - 19:48
    секој пат кога ќе посакаме,
  • 19:48 - 19:49
    било само за да го прошириме нашиот светоглед
  • 19:49 - 19:51
    или за да ги смениме нашите животи.
  • 19:51 - 19:54
    И најпосле, ова би овозможило бран на иновации,
  • 19:54 - 19:57
    бидејќи неверојатен талент може да се најде насекаде.
  • 19:57 - 20:00
    Можеби следниот Алберт Ајнштајн или следниот Стив Џобс
  • 20:00 - 20:03
    живее некаде во некое далечно село во Африка.
  • 20:03 - 20:06
    И доколку би можеле на таа личност да ѝ понудиме образование,
  • 20:06 - 20:08
    таа би можела да ја смисли следната голема идеја
  • 20:08 - 20:10
    и да го направи светот подобро место за сите нас.
  • 20:10 - 20:11
    Ви благодарам многу.
  • 20:11 - 20:19
    (аплауз)
Title:
Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието
Speaker:
Daphne Koller
Description:

Дафни Колер работи во насока да ги убеди врвните универзитети како тие би ги објавиле нивните најинтересни наставни предмети онлајн бесплатно - не само како услуга, туку како начин на истражување за тоа како луѓето ги усвојуваат знаењата и вештините. Секое чукање на копче, квиз за разбирање, врснички форум за дискусии и само-оценување на задачите, сите тие градат невидена база на податоци во однос на тоа како знаењето се обработува во умот и што е најважно, како се апсорбира.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
20:40

Macedonian subtitles

Revisions