< Return to Video

Патриција Рајан: Немојте да инсистирате на англискиот!

  • 0:01 - 0:03
    Знам што си мислите.
  • 0:03 - 0:05
    Си мислите дека сум се загубила.
  • 0:05 - 0:07
    и дека некој ќе дојде на сцена за една минута
  • 0:07 - 0:09
    и полека ќе ме одведе до моето седиште.
  • 0:09 - 0:15
    (Аплауз)
  • 0:15 - 0:18
    Ова ми се случува постојано во Дубаи.
  • 0:18 - 0:20
    "Овде сте на одмор, нели драга?"
  • 0:20 - 0:22
    (Смеа)
  • 0:22 - 0:25
    "Дојдовте да ги посетите децата?
  • 0:25 - 0:27
    Колку долго ќе останете?"
  • 0:27 - 0:30
    Па всушност, се надевам дека ќе останам подолго.
  • 0:30 - 0:33
    Живеам и предавам на Заливот
  • 0:33 - 0:35
    повеќе од 30 години.
  • 0:35 - 0:39
    (Аплауз)
  • 0:39 - 0:43
    И во целиот тој период, видов многу промени.
  • 0:43 - 0:45
    Сега таа статистика
  • 0:45 - 0:47
    е прилично шокантна.
  • 0:47 - 0:49
    И сакам да Ви зборувам денеска
  • 0:49 - 0:51
    за загубата на јазиците
  • 0:51 - 0:54
    и глобализацијата на англискиот јазик.
  • 0:54 - 0:56
    Сакам да ви кажам за мојата пријателка
  • 0:56 - 0:59
    која предаваше англиски на возрасни во Абу Даби.
  • 0:59 - 1:01
    И еден сончев ден,
  • 1:01 - 1:03
    решила да ги одведе во градината
  • 1:03 - 1:05
    за да ги научи зборови поврзани со природата.
  • 1:05 - 1:07
    Но, на крајот таа ги научила
  • 1:07 - 1:09
    сите арапски зборови за локалните растенија,
  • 1:09 - 1:11
    како и нивната примена -
  • 1:11 - 1:14
    примена во медицината, козметиката,
  • 1:14 - 1:17
    готвењето, за растенијата.
  • 1:17 - 1:19
    На кој начин го стекнале овие студенти сето тоа знаење?
  • 1:19 - 1:21
    Секако, од нивните баби и дедовци
  • 1:21 - 1:24
    и дури од нивните прадедовци и прабаби.
  • 1:24 - 1:27
    Не е неопходно да се каже колку е важно
  • 1:27 - 1:29
    да си способен да комуницираш
  • 1:29 - 1:31
    низ генерациите.
  • 1:31 - 1:33
    Но, за жал, денеска,
  • 1:33 - 1:35
    јазиците изумираат
  • 1:35 - 1:37
    со невидена стапка.
  • 1:37 - 1:40
    Еден јазик умира секои 14 дена.
  • 1:41 - 1:43
    Сега, во исто време,
  • 1:43 - 1:45
    англискиот јазик е неспорен глобален јазик.
  • 1:45 - 1:47
    Можно ли е да постои поврзаност?
  • 1:47 - 1:49
    Па, не знам.
  • 1:49 - 1:52
    Но, знам дека сум видела многу промени.
  • 1:52 - 1:55
    Кога дојдов за прв пат на Заливот, дојдов во Кувајт
  • 1:55 - 1:58
    во деновите кога сеуште беа тешки времиња.
  • 1:58 - 2:00
    Всушност, не толку одамна.
  • 2:00 - 2:03
    Тоа е малку прерано.
  • 2:03 - 2:05
    Но, сепак,
  • 2:05 - 2:07
    бев вработена од страна на Британскиот совет
  • 2:07 - 2:09
    заедно со уште 25 други професори.
  • 2:09 - 2:11
    И ние бевме првите не-Муслимани
  • 2:11 - 2:14
    кои предаваа во државните училишта во Кувајт.
  • 2:14 - 2:16
    Бевме донесени да предаваме англиски
  • 2:16 - 2:20
    затоа што владата сакаше да ја модернизира земјата
  • 2:20 - 2:23
    и да ги развие граѓаните преку образование.
  • 2:23 - 2:25
    И, секако, Обединетото кралство имаше корист
  • 2:25 - 2:28
    од дел од тоа привлечно нафтено богатство.
  • 2:28 - 2:30
    Добро.
  • 2:30 - 2:33
    Сега, ова е најголемата промена која сум ја видела -
  • 2:33 - 2:35
    како предавањето англиски
  • 2:35 - 2:37
    се измени
  • 2:37 - 2:41
    од заеднички корисна практика
  • 2:41 - 2:44
    во тоа да стане масивен меѓународен бизнис каков што е денеска.
  • 2:44 - 2:48
    Не е повеќе само странски јазик во училишната програма.
  • 2:48 - 2:50
    И не е повеќе единствен имот
  • 2:50 - 2:52
    на мајка Англија.
  • 2:52 - 2:54
    Тој стана предводник
  • 2:54 - 2:57
    за секоја нација која зборува англиски на земјата.
  • 2:57 - 2:59
    И зошто да не?
  • 2:59 - 3:02
    На крајот на краиштата, најдоброто образование -
  • 3:02 - 3:05
    според последните рангирања на светски универзитети
  • 3:05 - 3:07
    може да се најде на универзитетите
  • 3:07 - 3:11
    во Обединетото Кралство и во САД.
  • 3:11 - 3:15
    Така што, природно е што секој сака да има образование на англиски.
  • 3:15 - 3:17
    Но, ако англискиот јазик не ти е мајчин,
  • 3:17 - 3:19
    мора да положиш тест.
  • 3:19 - 3:21
    Сега може ли да биде исправно
  • 3:21 - 3:23
    да одбиеш студент
  • 3:23 - 3:25
    само заради лингвистичката способност?
  • 3:25 - 3:27
    Можеби имате научник за компјутери
  • 3:27 - 3:29
    кој е гениј.
  • 3:29 - 3:32
    Би му требал ли нему истиот јазик, како на пример, на правник?
  • 3:32 - 3:35
    Па, јас не мислам така.
  • 3:36 - 3:39
    Ние, професорите по англиски ги одбиваме постојано.
  • 3:39 - 3:41
    Ставаме знак стоп,
  • 3:41 - 3:43
    и ги запираме на нивниот пат.
  • 3:43 - 3:45
    Тие не можат да го остварат својот сон повеќе,
  • 3:45 - 3:48
    сè додека не научат англиски.
  • 3:49 - 3:52
    Дозволете ми вака да кажам,
  • 3:52 - 3:56
    доколку сретнам некој кој зборува само холандски
  • 3:56 - 3:58
    кој има лек за рак,
  • 3:58 - 4:01
    дали ќе го запрам да не студира на мојот Британски универзитет?
  • 4:01 - 4:03
    Мислам дека нема.
  • 4:03 - 4:06
    Но, всушност токму тоа го правиме.
  • 4:06 - 4:09
    Ние, професорите по англиски сме портири.
  • 4:09 - 4:12
    И вие треба прво нас да нè убедите
  • 4:12 - 4:15
    дека зборувате англиски доволно добро.
  • 4:16 - 4:18
    Сега може да биде опасно
  • 4:18 - 4:21
    да дадете премногу моќ
  • 4:21 - 4:23
    на тесен сегмент од општеството.
  • 4:23 - 4:26
    Можеби пречката би била премногу универзална.
  • 4:26 - 4:28
    Добро.
  • 4:28 - 4:31
    "Но," слушам дека велите,
  • 4:31 - 4:33
    "што е со истражувањата?
  • 4:33 - 4:35
    Сите се на англиски јазик."
  • 4:35 - 4:37
    Книгите се на англиски,
  • 4:37 - 4:39
    научните списанија се пишуваат на англиски,
  • 4:39 - 4:42
    но тоа е пророштво што само се исполнува.
  • 4:42 - 4:44
    Ја храни потребата од англиски.
  • 4:44 - 4:46
    И така продолжува.
  • 4:46 - 4:49
    Ве прашувам, што се случи со преведувањето?
  • 4:49 - 4:53
    Ако мислите на исламското златно доба (Islamic Golden Age),
  • 4:53 - 4:56
    тогаш имало многу преводи.
  • 4:56 - 4:59
    Тие преведувале од латински и грчки
  • 4:59 - 5:01
    на арапски, на персиски,
  • 5:01 - 5:03
    и потоа се преведувало на
  • 5:03 - 5:05
    јазиците од германската група од Европа
  • 5:05 - 5:07
    и на јазиците од романската група.
  • 5:07 - 5:11
    И толку многу светлина светеше над темното доба во Европа (Dark Ages of Europe).
  • 5:12 - 5:14
    Немојте да ме сфатите погрешно;
  • 5:14 - 5:16
    јас не сум против предавање на англиски,
  • 5:16 - 5:18
    сите вие професори кои предавате англиски.
  • 5:18 - 5:20
    Го обожавам фактот што имаме глобален јазик.
  • 5:20 - 5:23
    Денес ни треба глобален јазик повеќе од било кога.
  • 5:23 - 5:25
    Но, јас сум против тоа да се употребува јазикот
  • 5:25 - 5:27
    како пречка.
  • 5:27 - 5:30
    Дали навистина сакаме да завршиме со 600 јазици
  • 5:30 - 5:33
    и главен јазик да остане англискиот, или кинескиот?
  • 5:33 - 5:36
    Ни треба повеќе од тоа. Каде ќе ја повлечеме линијата?
  • 5:36 - 5:38
    Овој систем
  • 5:38 - 5:41
    ги изедначува интелигенцијата
  • 5:41 - 5:44
    со познавањето на англискиот јазик
  • 5:44 - 5:46
    што е прилично произволно.
  • 5:46 - 5:52
    (Аплауз)
  • 5:52 - 5:54
    И сакам да ве потсетам
  • 5:54 - 5:57
    дека гигантите на чии раменици
  • 5:57 - 5:59
    почива денешната интелигенција
  • 5:59 - 6:01
    не морале да знаат англиски,
  • 6:01 - 6:03
    не морале да полагаат тест по англиски.
  • 6:03 - 6:06
    Чист пример е Ајнштајн.
  • 6:07 - 6:10
    Тој, патем, бил сметан за проблематично дете во училиште
  • 6:10 - 6:12
    затоа што, всушност бил дислексичен.
  • 6:12 - 6:14
    Но, за среќа на светот,
  • 6:14 - 6:17
    тој не морал да полага тест по англиски јазик.
  • 6:17 - 6:20
    Затоа што, тие тестови не започнале се до 1964
  • 6:20 - 6:22
    кога започнал TOEFL,
  • 6:22 - 6:24
    американскиот тест по англиски јазик.
  • 6:24 - 6:26
    Сега ова експлодираше.
  • 6:26 - 6:29
    Постојат сè повеќе и повеќе тестови по англиски јазик.
  • 6:29 - 6:31
    И милиони и милиони студенти
  • 6:31 - 6:33
    ги полагаат овие тестови секоја година.
  • 6:33 - 6:35
    Сега, можеби ќе помислите, вие и јас,
  • 6:35 - 6:37
    тие провизии не се лоши, добри се,
  • 6:37 - 6:39
    но тие се елиминаторни
  • 6:39 - 6:41
    за толку многу милиони сиромашни луѓе.
  • 6:41 - 6:43
    Според тоа, ние веднаш ги одбиваме.
  • 6:43 - 6:46
    (Аплауз)
  • 6:46 - 6:49
    Ми доаѓа на памет еден наслов што го видов неодамна:
  • 6:49 - 6:51
    "Образование: Големата поделба."
  • 6:51 - 6:53
    Сега сфатив,
  • 6:53 - 6:56
    разбирам зошто луѓето би се фокусирале на англиски.
  • 6:56 - 6:59
    Тие сакаат да им ги пружат на нивните деца најдобрите можности во животот.
  • 7:00 - 7:03
    И, за да го направат тоа, ним им треба западно образование.
  • 7:03 - 7:05
    Затоа што, секако, најдобрите работни места
  • 7:05 - 7:08
    одат кај луѓе што се надвор од Западните универзитети,
  • 7:08 - 7:10
    кои ги спомнав порано.
  • 7:10 - 7:12
    Тоа е движење во круг.
  • 7:12 - 7:14
    Добро.
  • 7:14 - 7:16
    Дозволете да ви кажам приказна за двајца научници,
  • 7:16 - 7:18
    двајца англиски научници.
  • 7:18 - 7:20
    Тие правеле експеримент
  • 7:20 - 7:22
    поврзан со генетика
  • 7:22 - 7:25
    и долните и горните екстремитети на животните.
  • 7:25 - 7:27
    Но не можеле да ги добијат резултатите кои ги посакувале.
  • 7:27 - 7:29
    Тие всушност не знаеле што да прават,
  • 7:29 - 7:32
    сè додека не им пришол еден германски научник
  • 7:32 - 7:35
    кој сфатил дека тие користеле два збора
  • 7:35 - 7:37
    за долни и горни екстремитети,
  • 7:37 - 7:41
    додека генетиката не прави разлика
  • 7:41 - 7:43
    како ни германскиот.
  • 7:43 - 7:45
    Па бинго,
  • 7:45 - 7:47
    проблемот е решен.
  • 7:47 - 7:49
    Ако не може да ви текне некоја мисла,
  • 7:49 - 7:52
    заглавени сте.
  • 7:52 - 7:54
    Но, ако некој друг јазик може да смисли таква мисла,
  • 7:54 - 7:56
    тогаш, преку соработка,
  • 7:56 - 7:59
    можеме да постигнеме и да научиме многу повеќе.
  • 8:01 - 8:03
    Мојата ќерка,
  • 8:03 - 8:06
    дојде во Англија од Кувајт.
  • 8:06 - 8:09
    Таа студираше наука и математика на арапски.
  • 8:09 - 8:12
    Тоа е арапско средно училиште.
  • 8:12 - 8:15
    Мораше да преведува на англиски во нејзиното училиште по граматика.
  • 8:15 - 8:17
    И беше најдобра во класот
  • 8:17 - 8:19
    по овие предмети.
  • 8:19 - 8:21
    Тоа ни кажува
  • 8:21 - 8:23
    дека, кога студентите доаѓаат кај нас од странство.
  • 8:23 - 8:25
    можеби не им даваме доволно признание
  • 8:25 - 8:27
    за она што го знаат,
  • 8:27 - 8:30
    а го знаат тоа на нивниот мајчин јазик.
  • 8:30 - 8:32
    Кога умира еден јазик,
  • 8:32 - 8:35
    не знаеме што губиме со тој јазик.
  • 8:35 - 8:39
    Тоа значи - не знам дали сте гледале на CNN неодамна -
  • 8:39 - 8:41
    ја врачија наградата Heroes Award
  • 8:41 - 8:44
    на младо момче овчар од Кенија
  • 8:44 - 8:47
    кој не можел да студира ноќе во неговото село
  • 8:47 - 8:49
    како сите други селски деца,
  • 8:49 - 8:51
    затоа што газиената ламба,
  • 8:51 - 8:53
    правела чад и ги оштетила неговите очи.
  • 8:53 - 8:56
    И покрај тоа, никогаш немало доволно газија,
  • 8:56 - 8:59
    зашто, што можете да купите со еден долар дневно?
  • 8:59 - 9:01
    Тој измислил
  • 9:01 - 9:04
    бесплатна соларна ламба.
  • 9:04 - 9:06
    И сега децата во неговото село
  • 9:06 - 9:08
    ги имаат истите оценки на училиште
  • 9:08 - 9:12
    како и децата кои имаат електрична енергија дома.
  • 9:12 - 9:18
    (Аплауз)
  • 9:18 - 9:20
    Кога ја прими наградата,
  • 9:20 - 9:22
    ги изговори овие прекрасни зборови:
  • 9:22 - 9:25
    "Децата може да ја поведат Африка од она што е денеска,
  • 9:25 - 9:27
    темен континент,
  • 9:27 - 9:29
    кон светол континент."
  • 9:29 - 9:31
    Едноставна идеја,
  • 9:31 - 9:34
    но може да има толку далекусежни последици.
  • 9:35 - 9:37
    Луѓето кои немаат светлина,
  • 9:37 - 9:40
    без разлика дали физички или метафорично,
  • 9:40 - 9:43
    не можат да ги положат нашите испити,
  • 9:43 - 9:46
    и никогаш нема да знаеме што знаат тие.
  • 9:46 - 9:49
    Ајде да не ги оставиме нив и себеси
  • 9:49 - 9:51
    во темнина.
  • 9:51 - 9:54
    Ајде да ја славиме различноста.
  • 9:54 - 9:57
    Водете сметка за вашиот јазик.
  • 9:57 - 10:01
    Користете го за да ги распространите големите идеи.
  • 10:01 - 10:08
    (Аплауз)
  • 10:08 - 10:10
    Ви благодарам многу.
  • 10:10 - 10:13
    (Аплауз)
Title:
Патриција Рајан: Немојте да инсистирате на англискиот!
Speaker:
Patricia Ryan
Description:

На TEDxDubai, долгогодишната професорка по англиски јазик Патриција Рајан изнесува едно провокативно прашање: Дали светот кој е фокусиран на англискиот јазик, го спречува ширењето на идеите на други јазици? (На пример: што доколку Ајнштајн требало да го положи испитот TOEFL?) Станува збор за одбрана од преведувањето и ширењето идеи.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:14
Elena Panova added a translation

Macedonian subtitles

Revisions