WEBVTT 00:00:01.000 --> 00:00:03.000 Знам што си мислите. 00:00:03.000 --> 00:00:05.000 Си мислите дека сум се загубила. 00:00:05.000 --> 00:00:07.000 и дека некој ќе дојде на сцена за една минута 00:00:07.000 --> 00:00:09.000 и полека ќе ме одведе до моето седиште. 00:00:09.000 --> 00:00:15.000 (Аплауз) 00:00:15.000 --> 00:00:18.000 Ова ми се случува постојано во Дубаи. 00:00:18.000 --> 00:00:20.000 "Овде сте на одмор, нели драга?" 00:00:20.000 --> 00:00:22.000 (Смеа) 00:00:22.000 --> 00:00:25.000 "Дојдовте да ги посетите децата? 00:00:25.000 --> 00:00:27.000 Колку долго ќе останете?" NOTE Paragraph 00:00:27.000 --> 00:00:30.000 Па всушност, се надевам дека ќе останам подолго. 00:00:30.000 --> 00:00:33.000 Живеам и предавам на Заливот 00:00:33.000 --> 00:00:35.000 повеќе од 30 години. 00:00:35.000 --> 00:00:39.000 (Аплауз) 00:00:39.000 --> 00:00:43.000 И во целиот тој период, видов многу промени. 00:00:43.000 --> 00:00:45.000 Сега таа статистика 00:00:45.000 --> 00:00:47.000 е прилично шокантна. 00:00:47.000 --> 00:00:49.000 И сакам да Ви зборувам денеска 00:00:49.000 --> 00:00:51.000 за загубата на јазиците 00:00:51.000 --> 00:00:54.000 и глобализацијата на англискиот јазик. 00:00:54.000 --> 00:00:56.000 Сакам да ви кажам за мојата пријателка 00:00:56.000 --> 00:00:59.000 која предаваше англиски на возрасни во Абу Даби. 00:00:59.000 --> 00:01:01.000 И еден сончев ден, 00:01:01.000 --> 00:01:03.000 решила да ги одведе во градината 00:01:03.000 --> 00:01:05.000 за да ги научи зборови поврзани со природата. 00:01:05.000 --> 00:01:07.000 Но, на крајот таа ги научила 00:01:07.000 --> 00:01:09.000 сите арапски зборови за локалните растенија, 00:01:09.000 --> 00:01:11.000 како и нивната примена - 00:01:11.000 --> 00:01:14.000 примена во медицината, козметиката, 00:01:14.000 --> 00:01:17.000 готвењето, за растенијата. 00:01:17.000 --> 00:01:19.000 На кој начин го стекнале овие студенти сето тоа знаење? 00:01:19.000 --> 00:01:21.000 Секако, од нивните баби и дедовци 00:01:21.000 --> 00:01:24.000 и дури од нивните прадедовци и прабаби. 00:01:24.000 --> 00:01:27.000 Не е неопходно да се каже колку е важно 00:01:27.000 --> 00:01:29.000 да си способен да комуницираш 00:01:29.000 --> 00:01:31.000 низ генерациите. NOTE Paragraph 00:01:31.000 --> 00:01:33.000 Но, за жал, денеска, 00:01:33.000 --> 00:01:35.000 јазиците изумираат 00:01:35.000 --> 00:01:37.000 со невидена стапка. 00:01:37.000 --> 00:01:40.000 Еден јазик умира секои 14 дена. 00:01:41.000 --> 00:01:43.000 Сега, во исто време, 00:01:43.000 --> 00:01:45.000 англискиот јазик е неспорен глобален јазик. 00:01:45.000 --> 00:01:47.000 Можно ли е да постои поврзаност? 00:01:47.000 --> 00:01:49.000 Па, не знам. 00:01:49.000 --> 00:01:52.000 Но, знам дека сум видела многу промени. 00:01:52.000 --> 00:01:55.000 Кога дојдов за прв пат на Заливот, дојдов во Кувајт 00:01:55.000 --> 00:01:58.000 во деновите кога сеуште беа тешки времиња. 00:01:58.000 --> 00:02:00.000 Всушност, не толку одамна. 00:02:00.000 --> 00:02:03.000 Тоа е малку прерано. 00:02:03.000 --> 00:02:05.000 Но, сепак, 00:02:05.000 --> 00:02:07.000 бев вработена од страна на Британскиот совет 00:02:07.000 --> 00:02:09.000 заедно со уште 25 други професори. 00:02:09.000 --> 00:02:11.000 И ние бевме првите не-Муслимани 00:02:11.000 --> 00:02:14.000 кои предаваа во државните училишта во Кувајт. 00:02:14.000 --> 00:02:16.000 Бевме донесени да предаваме англиски 00:02:16.000 --> 00:02:20.000 затоа што владата сакаше да ја модернизира земјата 00:02:20.000 --> 00:02:23.000 и да ги развие граѓаните преку образование. 00:02:23.000 --> 00:02:25.000 И, секако, Обединетото кралство имаше корист 00:02:25.000 --> 00:02:28.000 од дел од тоа привлечно нафтено богатство. NOTE Paragraph 00:02:28.000 --> 00:02:30.000 Добро. 00:02:30.000 --> 00:02:33.000 Сега, ова е најголемата промена која сум ја видела - 00:02:33.000 --> 00:02:35.000 како предавањето англиски 00:02:35.000 --> 00:02:37.000 се измени 00:02:37.000 --> 00:02:41.000 од заеднички корисна практика 00:02:41.000 --> 00:02:44.000 во тоа да стане масивен меѓународен бизнис каков што е денеска. 00:02:44.000 --> 00:02:48.000 Не е повеќе само странски јазик во училишната програма. 00:02:48.000 --> 00:02:50.000 И не е повеќе единствен имот 00:02:50.000 --> 00:02:52.000 на мајка Англија. 00:02:52.000 --> 00:02:54.000 Тој стана предводник 00:02:54.000 --> 00:02:57.000 за секоја нација која зборува англиски на земјата. 00:02:57.000 --> 00:02:59.000 И зошто да не? 00:02:59.000 --> 00:03:02.000 На крајот на краиштата, најдоброто образование - 00:03:02.000 --> 00:03:05.000 според последните рангирања на светски универзитети 00:03:05.000 --> 00:03:07.000 може да се најде на универзитетите 00:03:07.000 --> 00:03:11.000 во Обединетото Кралство и во САД. 00:03:11.000 --> 00:03:15.000 Така што, природно е што секој сака да има образование на англиски. 00:03:15.000 --> 00:03:17.000 Но, ако англискиот јазик не ти е мајчин, 00:03:17.000 --> 00:03:19.000 мора да положиш тест. NOTE Paragraph 00:03:19.000 --> 00:03:21.000 Сега може ли да биде исправно 00:03:21.000 --> 00:03:23.000 да одбиеш студент 00:03:23.000 --> 00:03:25.000 само заради лингвистичката способност? 00:03:25.000 --> 00:03:27.000 Можеби имате научник за компјутери 00:03:27.000 --> 00:03:29.000 кој е гениј. 00:03:29.000 --> 00:03:32.000 Би му требал ли нему истиот јазик, како на пример, на правник? 00:03:32.000 --> 00:03:35.000 Па, јас не мислам така. 00:03:36.000 --> 00:03:39.000 Ние, професорите по англиски ги одбиваме постојано. 00:03:39.000 --> 00:03:41.000 Ставаме знак стоп, 00:03:41.000 --> 00:03:43.000 и ги запираме на нивниот пат. 00:03:43.000 --> 00:03:45.000 Тие не можат да го остварат својот сон повеќе, 00:03:45.000 --> 00:03:48.000 сè додека не научат англиски. 00:03:49.000 --> 00:03:52.000 Дозволете ми вака да кажам, 00:03:52.000 --> 00:03:56.000 доколку сретнам некој кој зборува само холандски 00:03:56.000 --> 00:03:58.000 кој има лек за рак, 00:03:58.000 --> 00:04:01.000 дали ќе го запрам да не студира на мојот Британски универзитет? 00:04:01.000 --> 00:04:03.000 Мислам дека нема. 00:04:03.000 --> 00:04:06.000 Но, всушност токму тоа го правиме. 00:04:06.000 --> 00:04:09.000 Ние, професорите по англиски сме портири. 00:04:09.000 --> 00:04:12.000 И вие треба прво нас да нè убедите 00:04:12.000 --> 00:04:15.000 дека зборувате англиски доволно добро. 00:04:16.000 --> 00:04:18.000 Сега може да биде опасно 00:04:18.000 --> 00:04:21.000 да дадете премногу моќ 00:04:21.000 --> 00:04:23.000 на тесен сегмент од општеството. 00:04:23.000 --> 00:04:26.000 Можеби пречката би била премногу универзална. NOTE Paragraph 00:04:26.000 --> 00:04:28.000 Добро. 00:04:28.000 --> 00:04:31.000 "Но," слушам дека велите, 00:04:31.000 --> 00:04:33.000 "што е со истражувањата? 00:04:33.000 --> 00:04:35.000 Сите се на англиски јазик." 00:04:35.000 --> 00:04:37.000 Книгите се на англиски, 00:04:37.000 --> 00:04:39.000 научните списанија се пишуваат на англиски, 00:04:39.000 --> 00:04:42.000 но тоа е пророштво што само се исполнува. 00:04:42.000 --> 00:04:44.000 Ја храни потребата од англиски. 00:04:44.000 --> 00:04:46.000 И така продолжува. 00:04:46.000 --> 00:04:49.000 Ве прашувам, што се случи со преведувањето? 00:04:49.000 --> 00:04:53.000 Ако мислите на исламското златно доба (Islamic Golden Age), 00:04:53.000 --> 00:04:56.000 тогаш имало многу преводи. 00:04:56.000 --> 00:04:59.000 Тие преведувале од латински и грчки 00:04:59.000 --> 00:05:01.000 на арапски, на персиски, 00:05:01.000 --> 00:05:03.000 и потоа се преведувало на 00:05:03.000 --> 00:05:05.000 јазиците од германската група од Европа 00:05:05.000 --> 00:05:07.000 и на јазиците од романската група. 00:05:07.000 --> 00:05:11.000 И толку многу светлина светеше над темното доба во Европа (Dark Ages of Europe). 00:05:12.000 --> 00:05:14.000 Немојте да ме сфатите погрешно; 00:05:14.000 --> 00:05:16.000 јас не сум против предавање на англиски, 00:05:16.000 --> 00:05:18.000 сите вие професори кои предавате англиски. 00:05:18.000 --> 00:05:20.000 Го обожавам фактот што имаме глобален јазик. 00:05:20.000 --> 00:05:23.000 Денес ни треба глобален јазик повеќе од било кога. 00:05:23.000 --> 00:05:25.000 Но, јас сум против тоа да се употребува јазикот 00:05:25.000 --> 00:05:27.000 како пречка. 00:05:27.000 --> 00:05:30.000 Дали навистина сакаме да завршиме со 600 јазици 00:05:30.000 --> 00:05:33.000 и главен јазик да остане англискиот, или кинескиот? 00:05:33.000 --> 00:05:36.000 Ни треба повеќе од тоа. Каде ќе ја повлечеме линијата? 00:05:36.000 --> 00:05:38.000 Овој систем 00:05:38.000 --> 00:05:41.000 ги изедначува интелигенцијата 00:05:41.000 --> 00:05:44.000 со познавањето на англискиот јазик 00:05:44.000 --> 00:05:46.000 што е прилично произволно. NOTE Paragraph 00:05:46.000 --> 00:05:52.000 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:05:52.000 --> 00:05:54.000 И сакам да ве потсетам 00:05:54.000 --> 00:05:57.000 дека гигантите на чии раменици 00:05:57.000 --> 00:05:59.000 почива денешната интелигенција 00:05:59.000 --> 00:06:01.000 не морале да знаат англиски, 00:06:01.000 --> 00:06:03.000 не морале да полагаат тест по англиски. 00:06:03.000 --> 00:06:06.000 Чист пример е Ајнштајн. 00:06:07.000 --> 00:06:10.000 Тој, патем, бил сметан за проблематично дете во училиште 00:06:10.000 --> 00:06:12.000 затоа што, всушност бил дислексичен. 00:06:12.000 --> 00:06:14.000 Но, за среќа на светот, 00:06:14.000 --> 00:06:17.000 тој не морал да полага тест по англиски јазик. 00:06:17.000 --> 00:06:20.000 Затоа што, тие тестови не започнале се до 1964 00:06:20.000 --> 00:06:22.000 кога започнал TOEFL, 00:06:22.000 --> 00:06:24.000 американскиот тест по англиски јазик. 00:06:24.000 --> 00:06:26.000 Сега ова експлодираше. 00:06:26.000 --> 00:06:29.000 Постојат сè повеќе и повеќе тестови по англиски јазик. 00:06:29.000 --> 00:06:31.000 И милиони и милиони студенти 00:06:31.000 --> 00:06:33.000 ги полагаат овие тестови секоја година. 00:06:33.000 --> 00:06:35.000 Сега, можеби ќе помислите, вие и јас, 00:06:35.000 --> 00:06:37.000 тие провизии не се лоши, добри се, 00:06:37.000 --> 00:06:39.000 но тие се елиминаторни 00:06:39.000 --> 00:06:41.000 за толку многу милиони сиромашни луѓе. 00:06:41.000 --> 00:06:43.000 Според тоа, ние веднаш ги одбиваме. NOTE Paragraph 00:06:43.000 --> 00:06:46.000 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:06:46.000 --> 00:06:49.000 Ми доаѓа на памет еден наслов што го видов неодамна: 00:06:49.000 --> 00:06:51.000 "Образование: Големата поделба." 00:06:51.000 --> 00:06:53.000 Сега сфатив, 00:06:53.000 --> 00:06:56.000 разбирам зошто луѓето би се фокусирале на англиски. 00:06:56.000 --> 00:06:59.000 Тие сакаат да им ги пружат на нивните деца најдобрите можности во животот. 00:07:00.000 --> 00:07:03.000 И, за да го направат тоа, ним им треба западно образование. 00:07:03.000 --> 00:07:05.000 Затоа што, секако, најдобрите работни места 00:07:05.000 --> 00:07:08.000 одат кај луѓе што се надвор од Западните универзитети, 00:07:08.000 --> 00:07:10.000 кои ги спомнав порано. 00:07:10.000 --> 00:07:12.000 Тоа е движење во круг. NOTE Paragraph 00:07:12.000 --> 00:07:14.000 Добро. 00:07:14.000 --> 00:07:16.000 Дозволете да ви кажам приказна за двајца научници, 00:07:16.000 --> 00:07:18.000 двајца англиски научници. 00:07:18.000 --> 00:07:20.000 Тие правеле експеримент 00:07:20.000 --> 00:07:22.000 поврзан со генетика 00:07:22.000 --> 00:07:25.000 и долните и горните екстремитети на животните. 00:07:25.000 --> 00:07:27.000 Но не можеле да ги добијат резултатите кои ги посакувале. 00:07:27.000 --> 00:07:29.000 Тие всушност не знаеле што да прават, 00:07:29.000 --> 00:07:32.000 сè додека не им пришол еден германски научник 00:07:32.000 --> 00:07:35.000 кој сфатил дека тие користеле два збора 00:07:35.000 --> 00:07:37.000 за долни и горни екстремитети, 00:07:37.000 --> 00:07:41.000 додека генетиката не прави разлика 00:07:41.000 --> 00:07:43.000 како ни германскиот. 00:07:43.000 --> 00:07:45.000 Па бинго, 00:07:45.000 --> 00:07:47.000 проблемот е решен. 00:07:47.000 --> 00:07:49.000 Ако не може да ви текне некоја мисла, 00:07:49.000 --> 00:07:52.000 заглавени сте. 00:07:52.000 --> 00:07:54.000 Но, ако некој друг јазик може да смисли таква мисла, 00:07:54.000 --> 00:07:56.000 тогаш, преку соработка, 00:07:56.000 --> 00:07:59.000 можеме да постигнеме и да научиме многу повеќе. NOTE Paragraph 00:08:01.000 --> 00:08:03.000 Мојата ќерка, 00:08:03.000 --> 00:08:06.000 дојде во Англија од Кувајт. 00:08:06.000 --> 00:08:09.000 Таа студираше наука и математика на арапски. 00:08:09.000 --> 00:08:12.000 Тоа е арапско средно училиште. 00:08:12.000 --> 00:08:15.000 Мораше да преведува на англиски во нејзиното училиште по граматика. 00:08:15.000 --> 00:08:17.000 И беше најдобра во класот 00:08:17.000 --> 00:08:19.000 по овие предмети. 00:08:19.000 --> 00:08:21.000 Тоа ни кажува 00:08:21.000 --> 00:08:23.000 дека, кога студентите доаѓаат кај нас од странство. 00:08:23.000 --> 00:08:25.000 можеби не им даваме доволно признание 00:08:25.000 --> 00:08:27.000 за она што го знаат, 00:08:27.000 --> 00:08:30.000 а го знаат тоа на нивниот мајчин јазик. 00:08:30.000 --> 00:08:32.000 Кога умира еден јазик, 00:08:32.000 --> 00:08:35.000 не знаеме што губиме со тој јазик. NOTE Paragraph 00:08:35.000 --> 00:08:39.000 Тоа значи - не знам дали сте гледале на CNN неодамна - 00:08:39.000 --> 00:08:41.000 ја врачија наградата Heroes Award 00:08:41.000 --> 00:08:44.000 на младо момче овчар од Кенија 00:08:44.000 --> 00:08:47.000 кој не можел да студира ноќе во неговото село 00:08:47.000 --> 00:08:49.000 како сите други селски деца, 00:08:49.000 --> 00:08:51.000 затоа што газиената ламба, 00:08:51.000 --> 00:08:53.000 правела чад и ги оштетила неговите очи. 00:08:53.000 --> 00:08:56.000 И покрај тоа, никогаш немало доволно газија, 00:08:56.000 --> 00:08:59.000 зашто, што можете да купите со еден долар дневно? 00:08:59.000 --> 00:09:01.000 Тој измислил 00:09:01.000 --> 00:09:04.000 бесплатна соларна ламба. 00:09:04.000 --> 00:09:06.000 И сега децата во неговото село 00:09:06.000 --> 00:09:08.000 ги имаат истите оценки на училиште 00:09:08.000 --> 00:09:12.000 како и децата кои имаат електрична енергија дома. 00:09:12.000 --> 00:09:18.000 (Аплауз) 00:09:18.000 --> 00:09:20.000 Кога ја прими наградата, 00:09:20.000 --> 00:09:22.000 ги изговори овие прекрасни зборови: 00:09:22.000 --> 00:09:25.000 "Децата може да ја поведат Африка од она што е денеска, 00:09:25.000 --> 00:09:27.000 темен континент, 00:09:27.000 --> 00:09:29.000 кон светол континент." 00:09:29.000 --> 00:09:31.000 Едноставна идеја, 00:09:31.000 --> 00:09:34.000 но може да има толку далекусежни последици. NOTE Paragraph 00:09:35.000 --> 00:09:37.000 Луѓето кои немаат светлина, 00:09:37.000 --> 00:09:40.000 без разлика дали физички или метафорично, 00:09:40.000 --> 00:09:43.000 не можат да ги положат нашите испити, 00:09:43.000 --> 00:09:46.000 и никогаш нема да знаеме што знаат тие. 00:09:46.000 --> 00:09:49.000 Ајде да не ги оставиме нив и себеси 00:09:49.000 --> 00:09:51.000 во темнина. 00:09:51.000 --> 00:09:54.000 Ајде да ја славиме различноста. 00:09:54.000 --> 00:09:57.000 Водете сметка за вашиот јазик. 00:09:57.000 --> 00:10:01.000 Користете го за да ги распространите големите идеи. NOTE Paragraph 00:10:01.000 --> 00:10:08.000 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:10:08.000 --> 00:10:10.000 Ви благодарам многу. NOTE Paragraph 00:10:10.000 --> 00:10:13.000 (Аплауз)