Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето
-
0:10 - 0:16(Вдишува, издишува)
-
0:17 - 0:21Знаете, не ми беше отсекогаш музиката средство за егзистенција.
-
0:21 - 0:24Пет години откако дипломирав
-
0:24 - 0:27на еден извонреден универзитет за општествени науки,
-
0:27 - 0:31еве ова беше мојата дневна работа.
-
0:31 - 0:36Бев самовработена жива статуа наречена џиновската Невеста
-
0:36 - 0:39и затоа обожувам кога им кажувам на луѓето дека ова ми беше работа,
-
0:39 - 0:41бидејќи сите сакаат да знаат,
-
0:41 - 0:44кои се всушност овие чудаци во вистинскиот живот?
-
0:44 - 0:46Здраво.
-
0:46 - 0:49Еден ден се намачкав со бела боја, застанав на кутија,
-
0:49 - 0:51ставив шешир или конзерва пред нозете
-
0:51 - 0:54и кога некој ќе поминеше и ќе ми оставеше пари
-
0:54 - 1:02јас му подарував цвет и го гледав директно во очите.
-
1:02 - 1:03И ако некои луѓе не го земаа цветот
-
1:03 - 1:08правев израз на тага и копнеж
-
1:08 - 1:12додека ме одминуваа.
-
1:12 - 1:15(смеа)
-
1:15 - 1:19Така имав навистина длабоки средби со луѓе,
-
1:19 - 1:21посебно со осамени луѓе кои гледаа
-
1:21 - 1:24како со недели да не зборувале со никој
-
1:24 - 1:28и сите го доживувавме овој убав момент
-
1:28 - 1:33на продолжен контакт со очите кој што се случуваше на некоја градска улица
-
1:33 - 1:36и полека малку по малку почнавме да се заљубуваме.
-
1:36 - 1:42Тогаш моите очи ќе речеа: „Ти благодарам. Те гледам.“
-
1:42 - 1:44А нивните очи ќе речеа:
-
1:44 - 1:50„Никој досега не ме гледал. Ти благодарам.“
-
1:50 - 1:52Понекогаш ми се случувало да бидам и малтретирана.
-
1:52 - 1:54Луѓе кои поминувале ми викале од нивните автомобили.
-
1:54 - 1:57„Најди си работа!“
-
1:57 - 2:00А јас им одговарав: „Ова е мојата работа.“
-
2:00 - 2:04Сепак ова ме болеше бидејќи ме плашеше
-
2:04 - 2:07дека јас некако правам нешто што не е вистинска работа
-
2:07 - 2:11и што не е фер, нешто срамно.
-
2:11 - 2:16Не бев свесна всушност колку совршено образование сум добивала
-
2:16 - 2:19во однос на музичкиот бизнис, стоејќи на оваа кутија.
-
2:19 - 2:20Што се однесува на економистите кои се присутни тука,
-
2:20 - 2:24можеби ќе ве интересира да знаете дека јас имав прилично предвидлив приход,
-
2:24 - 2:26нешто што беше шокантно за мене
-
2:26 - 2:28со оглед на фактот дека немав редовни муштерии
-
2:28 - 2:31но, скоро секој вторник добивав 60 долари, а во петок 90.
-
2:31 - 2:33Тоа постојано беше така.
-
2:33 - 2:35Во меѓувреме, правев турнеи низ регионот
-
2:35 - 2:38и свирев во ноќни клубови со мојот бенд, Дрезден Долс.
-
2:38 - 2:40Ова сум јас на пијано, а тоа е генијален тапанар.
-
2:40 - 2:42Јас ги пишував песните и по извесно време
-
2:42 - 2:46почнавме да заработуваме доволно пари и можев да престанам да бидам статуа
-
2:46 - 2:48и како што почнавме да правиме турнеи,
-
2:48 - 2:51не сакав да го изгубам ова чувство
-
2:51 - 2:54на директна поврзаност со луѓето бидејќи го обожавав.
-
2:54 - 2:57После сите наши свирки, потпишувавме автограми,
-
2:57 - 3:00се гушкавме со обожавателите и се дружевме и зборувавме со луѓето
-
3:00 - 3:05па така создадовме уметност од прашување луѓе да ни помогнат
-
3:05 - 3:08и да ни се придружат и така јас почнав да наоѓам локални музичари
-
3:08 - 3:12и артисти и тие си создаваа сцена за време на нашите свирки
-
3:12 - 3:14и си го подаваа шеширот
-
3:14 - 3:16и понекогаш доаѓаа и ни се придружуваа на сцената
-
3:16 - 3:20па така имавме една ротирачка шведска маса од случајни циркуски гости.
-
3:20 - 3:23Кога се појави Твитер
-
3:23 - 3:26ги направи нештата уште помагични бидејќи можев да прашам
-
3:26 - 3:28моментално за што било каде било во светот.
-
3:28 - 3:30Ми треба пијано за да вежбам
-
3:30 - 3:33и ете само еден час подоцна ете сум јас во домот на некој обожавател. Ова е во Лондон.
-
3:33 - 3:36Некои луѓе дури ни имаат носено и домашна храна позади сцените
-
3:36 - 3:40низ целиот свет и имаат јадено со нас. Ова е во Сиетл.
-
3:40 - 3:43Обожавателите кои работеа во музеи и продавници
-
3:43 - 3:47или на кој било јавен простор ни мавтаа со рацете
-
3:47 - 3:50ако решев да направам една спонтана бесплатана журка.
-
3:50 - 3:53Ова е една библиотека во Оукленд.
-
3:53 - 3:58Во саботата твитнав за еден сандак и шешир
-
3:58 - 4:00бидејќи не сакав да ми ги влечкаат од источниот брег
-
4:00 - 4:02и тие се појавија благодарение на овој тип, Крис
-
4:02 - 4:05од Њупорт Бич, кој дојде и рече здраво.
-
4:05 - 4:09Еднаш твитнав за тоа каде во Мелбурн можам да купам лота?
-
4:09 - 4:12И една медицинска сестра ми донесе од болница
-
4:12 - 4:14директно во кафе-барот каде што бев во моментот,
-
4:14 - 4:15а јас и купив смути
-
4:15 - 4:18и си седевме таму разговарајќи за медицинската нега и смртта.
-
4:18 - 4:21Ми се допаѓа овој тип на случајна блискост
-
4:21 - 4:25која што е на среќа бидејќи јас сум многу активна на каучсурфинг онлајн системот.
-
4:25 - 4:29Во палати каде што сите членови на мојата екипа имаат своја соба,
-
4:29 - 4:32но нема безжичен интернет, па и во розови гарсоњери
-
4:32 - 4:35во кои сите спијат на подот на една соба без тоалет,
-
4:35 - 4:39но во кои има безжичен интернет, со што ова станува подобрата опција.
-
4:39 - 4:41(смеа)
-
4:41 - 4:43Еднаш. мојата екипа го одвлечка комбето
-
4:43 - 4:47до едно навистина сиромашно маало во Мајами
-
4:47 - 4:49и тогаш откривме дека нашиот домаќин за вечерта
-
4:49 - 4:52е едно осумнаеасетгодишно девојче кое сѐ уште живее дома
-
4:52 - 4:57и нејзинита фамилија беа илегални имигранти од Хондурас.
-
4:57 - 5:00Таа вечер, целата нејзина фамилија
-
5:00 - 5:03спиеше на каучите и девојчето спиеше со нејзината мајка
-
5:03 - 5:06за да можеме ние да спиеме на нивните кревети.
-
5:06 - 5:08Лежев таму размислувајќи за тоа колку
-
5:08 - 5:11малку имаат овие луѓе.
-
5:11 - 5:14Дали е ова фер?
-
5:14 - 5:16Изутрината, нејзината мајка не научи да се обидеме
-
5:16 - 5:19да направиме тортиља и сакаше да ми даде Библија,
-
5:19 - 5:25па така ме тргна настрана и ми рече на нејзиниот лош англиски
-
5:25 - 5:30„Твојата музика многу и помогна на ќерка ми.
-
5:30 - 5:34Ти благодарам што остана тука. Сите ние сме ти благодарни.“
-
5:34 - 5:38И тогаш си помислив, e ова е фер.
-
5:38 - 5:41Ова е тоа.
-
5:41 - 5:44Неколку месеци подоцна, бев на Менхетен
-
5:44 - 5:47и твитнав за некое преноќувалиште и на полноќ
-
5:47 - 5:48ѕвонев на едно ѕвонче на Лоуер Ист Сајд
-
5:48 - 5:51и тогаш ми падна на памет дека всушност ова никогаш не сум го правела сама.
-
5:51 - 5:52Секогаш сум била со мојот бенд или екипата.
-
5:52 - 5:57Дали е ова тоа што го прават глупавите луѓе? (смеа)
-
5:57 - 5:59Дали вака умираат глупавите луѓе?
-
5:59 - 6:01И баш пред да се предомислам, вратата се отвори пред мене.
-
6:01 - 6:05Таа е уметник. Тој е блогер за финансии за Ројтерс
-
6:05 - 6:07и ми тураат чаша црвено вино
-
6:07 - 6:09и ми нудат да се избањам,
-
6:09 - 6:13а јас сум имала илјадници вакви и такви ноќи.
-
6:13 - 6:17Јас многу често пребарувам сместување онлајн. Исто така многу често се фрлам слободно врз публиката.
-
6:17 - 6:21Мислам дека ове две нешта
-
6:21 - 6:23се всушност едно исто.
-
6:23 - 6:26Паѓате врз публиката
-
6:26 - 6:27и си верувате еден на друг.
-
6:27 - 6:30Ги запрашав дечките од еден бенд кој настапуваше пред мене
-
6:30 - 6:32дали сакаат да одат во публиката и го подаваат шеширот
-
6:32 - 6:34за да заработат некои екстра пари, нешто што јас често го правев.
-
6:34 - 6:37И како и обично, бендот беше вчудоневиден,
-
6:37 - 6:39но имаше еден тип од бендот
-
6:39 - 6:43кој ми рече дека не може да се натера самиот себе да излезе надвор.
-
6:43 - 6:47Стоењето надвор со шеширот премногу му изгледало како просење,
-
6:47 - 6:55И го препознав неговиот страв од „Дали е ова фер?“ и „Најди си работа“.
-
6:55 - 6:59Во меѓувреме, мојот бенд стануваше се поголем и поголем.
-
6:59 - 7:01Потпишавме за голема издавачка куќа.
-
7:01 - 7:04Нашата музика е мешавина од панк и кабаре.
-
7:04 - 7:06Не е за секого.
-
7:06 - 7:09Можеби е за вас.
-
7:09 - 7:13Потпишавме и целата оваа врева на доведе до нашиот следен албум.
-
7:13 - 7:19Овој албум беше објавен и се продаде во 25 000 копии само за првите неколку недели
-
7:19 - 7:22и продуцентската куќа ова го сметаше за неуспех.
-
7:22 - 7:25Јас го имав ставот: „25000 не е тоа многу?“
-
7:25 - 7:27А тие: „Не, продажбата оди надолу. Ова е неуспех.“
-
7:27 - 7:30И се откажаа.
-
7:30 - 7:33Во истото време, пеам и се гушкам после свирка
-
7:33 - 7:35и еден тип доаѓа до мене
-
7:35 - 7:37и ми подава банкнота од 10 долари
-
7:37 - 7:38и вели:
-
7:38 - 7:42„Жал ми е, си го ископирав ЦД-то од кај пријател.“
-
7:42 - 7:45(смеа)
-
7:45 - 7:49„Но, го читам твојот блог и знам дека ја мразиш продуцентската куќа.
-
7:49 - 7:51Затоа сакам само да ги земеш овие пари.“
-
7:51 - 7:55И ова почнува да се случува цело време.
-
7:55 - 7:59Јас после моите свирки се претворав во шеширот,
-
7:59 - 8:02но морав физички да стојам таму и да ја примам помошта од луѓето,
-
8:02 - 8:04и за разлика од типот од бендот,
-
8:04 - 8:08јас имам искуство во стоење таму.
-
8:08 - 8:10Ви благодарам.
-
8:10 - 8:12Ова е моментот во кој одлучувам
-
8:12 - 8:15дека мојата музика ќе ја давам бесплатно
-
8:15 - 8:17онлајн секаде каде што е тоа возможно,
-
8:17 - 8:20и така Металика е таму, Напстер, лош,
-
8:20 - 8:23Аманда Палмер е овде и ќе охрабрувам
-
8:23 - 8:27симнување на торенти, преземање, споделување, но ќе барам и помош
-
8:27 - 8:31бидејќи видов дека тоа функционира на улицата.
-
8:31 - 8:34Така со борба ги откачив продуцентите и за мојот следен проект
-
8:34 - 8:37со мојот нов бенд, Гранд Тефт Оркестра
-
8:37 - 8:39се свртев кон финансирање од публиката,
-
8:39 - 8:44тоа значеше да паднам врз оние илјадници врски што ги создадов
-
8:44 - 8:46и ја замолив публиката да ме задржи.
-
8:46 - 8:49Целта беше 100 000 долари.
-
8:49 - 8:53Фановите ме поткрепија со скоро 1.2 милиони
-
8:53 - 8:56што претставува најголемиот проект на финансирање на музика од страна на публиката до ден денешен.
-
8:56 - 9:00(аплауз)
-
9:00 - 9:04Можете да увидите за колку луѓе станува збор.
-
9:04 - 9:08Тоа се околу 25 000 луѓе.
-
9:08 - 9:11Медиумите прашуваа: „Аманда,
-
9:11 - 9:13музичкиот бизнис тоне и ти ја охрабруваш пиратеријата.
-
9:13 - 9:15Како ги натера сите овие луѓе да платат за музика?“
-
9:15 - 9:20Вистинскиот одговор е дека јас не ги натерав. Јас ги замолив.
-
9:20 - 9:23И со самиот акт на прашување луѓе,
-
9:23 - 9:26јас успеав да се поврзам со нив,
-
9:26 - 9:31а кога ќе се поврзете со луѓето, тие сакаат да ви помогнат.
-
9:31 - 9:35Тоа е контраинтуитивно за поголем дел од изведувачите.
-
9:35 - 9:36Не сакаат да прашаат за нешто.
-
9:36 - 9:42Но, тоа не е лесно. Не е лесно да се праша.
-
9:42 - 9:44И голем дел од артистите имаат проблем со ова.
-
9:44 - 9:47Прашувањето ве прави ранливи.
-
9:47 - 9:51Многу ме критикуваа онлајн
-
9:51 - 9:53откако мојот Кикстартер привлече внимание
-
9:53 - 9:56бидејќи продолжив со моите луди навики на финансирање од публиката,
-
9:56 - 9:58посебно за тоа што ги прашував музичарите
-
9:58 - 10:01кои ни се фанови да ни се приклучат на сцената
-
10:01 - 10:04како замена за љубов и билети
-
10:04 - 10:07и пиво, а сето ова беше преправена слика
-
10:07 - 10:11која беше поставена на веб-страна.
-
10:11 - 10:14Ова ме здоболе на еден познат начин.
-
10:14 - 10:17Луѓето викаа: „Повеќе не ти е дозволено
-
10:17 - 10:19да бараш таков вид на помош“
-
10:19 - 10:23и ова навистина ме потсети на луѓето кои од нивните автомобили ми викаа „Најди си работа“.
-
10:23 - 10:28Бидејќи тие не беа на тротоарот
-
10:28 - 10:31и не можеа да ја видат размената
-
10:31 - 10:33што се случуваше меѓу мене и мојата публика,
-
10:33 - 10:39размена која нам ни беше многу драга, но ним им беше туѓа.
-
10:39 - 10:41Ова и не беше баш безбедно за работа.
-
10:41 - 10:43Ова е мојата Кикстартер забава во Берлин.
-
10:43 - 10:47На крајот на вечерта, се соблеков и им дозволив на сите да цртаат по моето тело.
-
10:47 - 10:50Дозволете ми сега да ви кажам, ако сакате да го искусите
-
10:50 - 10:53она чувство од утробата и да им верувате на непознати,
-
10:53 - 10:55кое навистина го препорачувам ,
-
10:55 - 10:59особено ако тие непознати луѓе се пијани Германци.
-
10:59 - 11:04Ова беше поврзување на мастер-ниво на нинџа
-
11:04 - 11:07бидејќи она што навистина го велев овде
-
11:07 - 11:09е тоа дека навистина толку ви верувам.
-
11:09 - 11:13Треба ли? Покажете ми.
-
11:13 - 11:15Во најголем дел од човековата историја
-
11:15 - 11:20музичарите, артистите, биле дел од заедницата,
-
11:20 - 11:25поврзувачи и кршачи на мразот, а не недопирливи ѕвезди.
-
11:25 - 11:29Популарноста е тогаш кога многу луѓе ве сакаат од далечина,
-
11:29 - 11:31но интернетот и содржините,
-
11:31 - 11:34за кои се чувствуваме слободни да ги споделиме,
-
11:34 - 11:37не носат наназад.
-
11:37 - 11:40Тоа е всушност кога неколку луѓе не сакаат одблизу
-
11:40 - 11:45и кога тие луѓе ни се доволно.
-
11:45 - 11:47Многу луѓе се збунети од идејата
-
11:47 - 11:48да се нема препорачана цена.
-
11:48 - 11:52Тоа го гледаат како непредвидлив ризик, но нештата кои ги направив
-
11:52 - 11:54Кикстартерот, улицата, ѕвончето на вратата,
-
11:54 - 11:56не ги гледам како ризик.
-
11:56 - 11:58Ги гледам како доверба,
-
11:58 - 12:01Онлајн алатките кои овозможуваат размена
-
12:01 - 12:05лесно и инстинктивно како што е на улицата
-
12:05 - 12:07одат во тој правец.
-
12:07 - 12:10Но, совршените алатки нема да ни помогнат
-
12:10 - 12:13ако ние не можеме да се соочиме меѓу нас
-
12:13 - 12:15и бестрашно да даваме и примаме,
-
12:15 - 12:18но, што е уште поважно
-
12:18 - 12:22да прашуваме без срам.
-
12:22 - 12:24Ја поминав мојата музичка кариера
-
12:24 - 12:28обидувајќи се да сретнам луѓе на интернет
-
12:28 - 12:30онака како што можев на кутијата,
-
12:30 - 12:34па така блогирав и твитав за работи настрана од датумите за моите турнеи
-
12:34 - 12:37и мојот нов видео-клип, како и за нашата работа и нашата уметност
-
12:37 - 12:42и нашите стравови и мамурлаци, нашите грешки,
-
12:42 - 12:44и се гледаме меѓу нас.
-
12:44 - 12:48Мислам дека кога навистина се гледаме
-
12:48 - 12:50всушност сакаме да си помогнеме.
-
12:50 - 12:55Според мене, луѓето се опседнати со погрешното прашање
-
12:55 - 12:59кое е: „Како да ги натераме луѓето да платат за музика?“
-
12:59 - 13:01Што ако почневме да прашуваме,
-
13:01 - 13:06„Како да им овозможиме на луѓето да плаќаат за музика?“
-
13:06 - 13:08Ви благодарам
-
13:08 - 13:12(аплауз)
- Title:
- Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето
- Speaker:
- Amanda Palmer
- Description:
-
Не ги терајте луѓето да плаќаат за музика, дозволете им, тоа го вели Аманда Палмер. Во страствен говор кој почнува со нејзините рани почетоци како уличен изведувач (пуштете долар во шеширот за џиновската Невеста!), таа ја образложува врската помеѓу артистот и фановите.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 13:47
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Dimitar Dimitrovski accepted Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Petar Jankuloski edited Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Petar Jankuloski edited Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Petar Jankuloski edited Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Petar Jankuloski edited Macedonian subtitles for The art of asking | ||
Petar Jankuloski added a translation |