1 00:00:10,101 --> 00:00:16,140 (Вдишува, издишува) 2 00:00:17,435 --> 00:00:21,480 Знаете, не ми беше отсекогаш музиката средство за егзистенција. 3 00:00:21,480 --> 00:00:23,649 Пет години откако дипломирав 4 00:00:23,649 --> 00:00:27,016 на еден извонреден универзитет за општествени науки, 5 00:00:27,016 --> 00:00:31,103 еве ова беше мојата дневна работа. 6 00:00:31,103 --> 00:00:35,671 Бев самовработена жива статуа наречена џиновската Невеста 7 00:00:35,671 --> 00:00:39,239 и затоа обожувам кога им кажувам на луѓето дека ова ми беше работа, 8 00:00:39,239 --> 00:00:41,266 бидејќи сите сакаат да знаат, 9 00:00:41,266 --> 00:00:44,400 кои се всушност овие чудаци во вистинскиот живот? 10 00:00:44,400 --> 00:00:46,210 Здраво. 11 00:00:46,210 --> 00:00:49,071 Еден ден се намачкав со бела боја, застанав на кутија, 12 00:00:49,071 --> 00:00:51,479 ставив шешир или конзерва пред нозете 13 00:00:51,479 --> 00:00:53,675 и кога некој ќе поминеше и ќе ми оставеше пари 14 00:00:53,675 --> 00:01:01,736 јас му подарував цвет и го гледав директно во очите. 15 00:01:01,736 --> 00:01:03,207 И ако некои луѓе не го земаа цветот 16 00:01:03,207 --> 00:01:07,673 правев израз на тага и копнеж 17 00:01:07,673 --> 00:01:11,738 додека ме одминуваа. 18 00:01:11,738 --> 00:01:15,060 (смеа) 19 00:01:15,060 --> 00:01:19,384 Така имав навистина длабоки средби со луѓе, 20 00:01:19,384 --> 00:01:21,249 посебно со осамени луѓе кои гледаа 21 00:01:21,249 --> 00:01:24,345 како со недели да не зборувале со никој 22 00:01:24,345 --> 00:01:28,118 и сите го доживувавме овој убав момент 23 00:01:28,118 --> 00:01:32,629 на продолжен контакт со очите кој што се случуваше на некоја градска улица 24 00:01:32,629 --> 00:01:36,004 и полека малку по малку почнавме да се заљубуваме. 25 00:01:36,004 --> 00:01:41,766 Тогаш моите очи ќе речеа: „Ти благодарам. Те гледам.“ 26 00:01:41,766 --> 00:01:44,294 А нивните очи ќе речеа: 27 00:01:44,294 --> 00:01:50,481 „Никој досега не ме гледал. Ти благодарам.“ 28 00:01:50,481 --> 00:01:52,357 Понекогаш ми се случувало да бидам и малтретирана. 29 00:01:52,357 --> 00:01:54,321 Луѓе кои поминувале ми викале од нивните автомобили. 30 00:01:54,321 --> 00:01:56,602 „Најди си работа!“ 31 00:01:56,602 --> 00:02:00,041 А јас им одговарав: „Ова е мојата работа.“ 32 00:02:00,041 --> 00:02:03,774 Сепак ова ме болеше бидејќи ме плашеше 33 00:02:03,774 --> 00:02:07,431 дека јас некако правам нешто што не е вистинска работа 34 00:02:07,431 --> 00:02:10,887 и што не е фер, нешто срамно. 35 00:02:10,887 --> 00:02:16,019 Не бев свесна всушност колку совршено образование сум добивала 36 00:02:16,019 --> 00:02:18,755 во однос на музичкиот бизнис, стоејќи на оваа кутија. 37 00:02:18,755 --> 00:02:20,254 Што се однесува на економистите кои се присутни тука, 38 00:02:20,254 --> 00:02:23,859 можеби ќе ве интересира да знаете дека јас имав прилично предвидлив приход, 39 00:02:23,859 --> 00:02:25,562 нешто што беше шокантно за мене 40 00:02:25,562 --> 00:02:28,171 со оглед на фактот дека немав редовни муштерии 41 00:02:28,171 --> 00:02:31,459 но, скоро секој вторник добивав 60 долари, а во петок 90. 42 00:02:31,459 --> 00:02:32,996 Тоа постојано беше така. 43 00:02:32,996 --> 00:02:35,490 Во меѓувреме, правев турнеи низ регионот 44 00:02:35,490 --> 00:02:37,592 и свирев во ноќни клубови со мојот бенд, Дрезден Долс. 45 00:02:37,592 --> 00:02:40,068 Ова сум јас на пијано, а тоа е генијален тапанар. 46 00:02:40,068 --> 00:02:42,101 Јас ги пишував песните и по извесно време 47 00:02:42,101 --> 00:02:46,091 почнавме да заработуваме доволно пари и можев да престанам да бидам статуа 48 00:02:46,091 --> 00:02:48,443 и како што почнавме да правиме турнеи, 49 00:02:48,443 --> 00:02:50,560 не сакав да го изгубам ова чувство 50 00:02:50,560 --> 00:02:53,822 на директна поврзаност со луѓето бидејќи го обожавав. 51 00:02:53,822 --> 00:02:57,007 После сите наши свирки, потпишувавме автограми, 52 00:02:57,007 --> 00:03:00,248 се гушкавме со обожавателите и се дружевме и зборувавме со луѓето 53 00:03:00,248 --> 00:03:05,310 па така создадовме уметност од прашување луѓе да ни помогнат 54 00:03:05,310 --> 00:03:07,966 и да ни се придружат и така јас почнав да наоѓам локални музичари 55 00:03:07,966 --> 00:03:12,292 и артисти и тие си создаваа сцена за време на нашите свирки 56 00:03:12,292 --> 00:03:13,951 и си го подаваа шеширот 57 00:03:13,951 --> 00:03:15,501 и понекогаш доаѓаа и ни се придружуваа на сцената 58 00:03:15,501 --> 00:03:20,331 па така имавме една ротирачка шведска маса од случајни циркуски гости. 59 00:03:20,331 --> 00:03:23,220 Кога се појави Твитер 60 00:03:23,220 --> 00:03:25,568 ги направи нештата уште помагични бидејќи можев да прашам 61 00:03:25,568 --> 00:03:28,035 моментално за што било каде било во светот. 62 00:03:28,035 --> 00:03:30,100 Ми треба пијано за да вежбам 63 00:03:30,100 --> 00:03:33,308 и ете само еден час подоцна ете сум јас во домот на некој обожавател. Ова е во Лондон. 64 00:03:33,308 --> 00:03:35,804 Некои луѓе дури ни имаат носено и домашна храна позади сцените 65 00:03:35,804 --> 00:03:39,628 низ целиот свет и имаат јадено со нас. Ова е во Сиетл. 66 00:03:39,628 --> 00:03:43,334 Обожавателите кои работеа во музеи и продавници 67 00:03:43,334 --> 00:03:46,614 или на кој било јавен простор ни мавтаа со рацете 68 00:03:46,614 --> 00:03:50,181 ако решев да направам една спонтана бесплатана журка. 69 00:03:50,181 --> 00:03:53,301 Ова е една библиотека во Оукленд. 70 00:03:53,301 --> 00:03:58,161 Во саботата твитнав за еден сандак и шешир 71 00:03:58,161 --> 00:03:59,999 бидејќи не сакав да ми ги влечкаат од источниот брег 72 00:03:59,999 --> 00:04:01,753 и тие се појавија благодарение на овој тип, Крис 73 00:04:01,753 --> 00:04:05,366 од Њупорт Бич, кој дојде и рече здраво. 74 00:04:05,366 --> 00:04:09,089 Еднаш твитнав за тоа каде во Мелбурн можам да купам лота? 75 00:04:09,089 --> 00:04:11,880 И една медицинска сестра ми донесе од болница 76 00:04:11,880 --> 00:04:13,848 директно во кафе-барот каде што бев во моментот, 77 00:04:13,848 --> 00:04:15,249 а јас и купив смути 78 00:04:15,249 --> 00:04:18,183 и си седевме таму разговарајќи за медицинската нега и смртта. 79 00:04:18,183 --> 00:04:20,976 Ми се допаѓа овој тип на случајна блискост 80 00:04:20,976 --> 00:04:24,890 која што е на среќа бидејќи јас сум многу активна на каучсурфинг онлајн системот. 81 00:04:24,890 --> 00:04:28,880 Во палати каде што сите членови на мојата екипа имаат своја соба, 82 00:04:28,880 --> 00:04:31,658 но нема безжичен интернет, па и во розови гарсоњери 83 00:04:31,658 --> 00:04:34,837 во кои сите спијат на подот на една соба без тоалет, 84 00:04:34,837 --> 00:04:38,654 но во кои има безжичен интернет, со што ова станува подобрата опција. 85 00:04:38,654 --> 00:04:40,579 (смеа) 86 00:04:40,579 --> 00:04:42,982 Еднаш. мојата екипа го одвлечка комбето 87 00:04:42,982 --> 00:04:46,933 до едно навистина сиромашно маало во Мајами 88 00:04:46,933 --> 00:04:49,358 и тогаш откривме дека нашиот домаќин за вечерта 89 00:04:49,358 --> 00:04:52,382 е едно осумнаеасетгодишно девојче кое сѐ уште живее дома 90 00:04:52,382 --> 00:04:57,006 и нејзинита фамилија беа илегални имигранти од Хондурас. 91 00:04:57,006 --> 00:04:59,503 Таа вечер, целата нејзина фамилија 92 00:04:59,503 --> 00:05:02,782 спиеше на каучите и девојчето спиеше со нејзината мајка 93 00:05:02,782 --> 00:05:05,542 за да можеме ние да спиеме на нивните кревети. 94 00:05:05,542 --> 00:05:08,046 Лежев таму размислувајќи за тоа колку 95 00:05:08,046 --> 00:05:11,087 малку имаат овие луѓе. 96 00:05:11,087 --> 00:05:13,806 Дали е ова фер? 97 00:05:13,806 --> 00:05:16,362 Изутрината, нејзината мајка не научи да се обидеме 98 00:05:16,362 --> 00:05:18,914 да направиме тортиља и сакаше да ми даде Библија, 99 00:05:18,914 --> 00:05:24,827 па така ме тргна настрана и ми рече на нејзиниот лош англиски 100 00:05:24,827 --> 00:05:29,802 „Твојата музика многу и помогна на ќерка ми. 101 00:05:29,802 --> 00:05:33,846 Ти благодарам што остана тука. Сите ние сме ти благодарни.“ 102 00:05:33,846 --> 00:05:37,702 И тогаш си помислив, e ова е фер. 103 00:05:37,702 --> 00:05:41,383 Ова е тоа. 104 00:05:41,383 --> 00:05:43,997 Неколку месеци подоцна, бев на Менхетен 105 00:05:43,997 --> 00:05:46,537 и твитнав за некое преноќувалиште и на полноќ 106 00:05:46,537 --> 00:05:48,441 ѕвонев на едно ѕвонче на Лоуер Ист Сајд 107 00:05:48,441 --> 00:05:50,907 и тогаш ми падна на памет дека всушност ова никогаш не сум го правела сама. 108 00:05:50,907 --> 00:05:52,453 Секогаш сум била со мојот бенд или екипата. 109 00:05:52,453 --> 00:05:56,945 Дали е ова тоа што го прават глупавите луѓе? (смеа) 110 00:05:56,945 --> 00:05:59,432 Дали вака умираат глупавите луѓе? 111 00:05:59,432 --> 00:06:01,498 И баш пред да се предомислам, вратата се отвори пред мене. 112 00:06:01,498 --> 00:06:05,016 Таа е уметник. Тој е блогер за финансии за Ројтерс 113 00:06:05,016 --> 00:06:07,330 и ми тураат чаша црвено вино 114 00:06:07,330 --> 00:06:08,501 и ми нудат да се избањам, 115 00:06:08,501 --> 00:06:13,456 а јас сум имала илјадници вакви и такви ноќи. 116 00:06:13,456 --> 00:06:17,481 Јас многу често пребарувам сместување онлајн. Исто така многу често се фрлам слободно врз публиката. 117 00:06:17,481 --> 00:06:20,809 Мислам дека ове две нешта 118 00:06:20,809 --> 00:06:23,097 се всушност едно исто. 119 00:06:23,097 --> 00:06:25,601 Паѓате врз публиката 120 00:06:25,601 --> 00:06:27,097 и си верувате еден на друг. 121 00:06:27,097 --> 00:06:29,717 Ги запрашав дечките од еден бенд кој настапуваше пред мене 122 00:06:29,717 --> 00:06:32,240 дали сакаат да одат во публиката и го подаваат шеширот 123 00:06:32,240 --> 00:06:34,368 за да заработат некои екстра пари, нешто што јас често го правев. 124 00:06:34,368 --> 00:06:36,513 И како и обично, бендот беше вчудоневиден, 125 00:06:36,513 --> 00:06:38,625 но имаше еден тип од бендот 126 00:06:38,625 --> 00:06:42,740 кој ми рече дека не може да се натера самиот себе да излезе надвор. 127 00:06:42,740 --> 00:06:46,728 Стоењето надвор со шеширот премногу му изгледало како просење, 128 00:06:46,728 --> 00:06:55,410 И го препознав неговиот страв од „Дали е ова фер?“ и „Најди си работа“. 129 00:06:55,410 --> 00:06:58,856 Во меѓувреме, мојот бенд стануваше се поголем и поголем. 130 00:06:58,856 --> 00:07:01,130 Потпишавме за голема издавачка куќа. 131 00:07:01,130 --> 00:07:03,891 Нашата музика е мешавина од панк и кабаре. 132 00:07:03,891 --> 00:07:06,096 Не е за секого. 133 00:07:06,096 --> 00:07:09,464 Можеби е за вас. 134 00:07:09,464 --> 00:07:13,408 Потпишавме и целата оваа врева на доведе до нашиот следен албум. 135 00:07:13,408 --> 00:07:18,740 Овој албум беше објавен и се продаде во 25 000 копии само за првите неколку недели 136 00:07:18,740 --> 00:07:22,116 и продуцентската куќа ова го сметаше за неуспех. 137 00:07:22,116 --> 00:07:24,667 Јас го имав ставот: „25000 не е тоа многу?“ 138 00:07:24,667 --> 00:07:27,300 А тие: „Не, продажбата оди надолу. Ова е неуспех.“ 139 00:07:27,300 --> 00:07:29,578 И се откажаа. 140 00:07:29,578 --> 00:07:32,609 Во истото време, пеам и се гушкам после свирка 141 00:07:32,609 --> 00:07:34,753 и еден тип доаѓа до мене 142 00:07:34,753 --> 00:07:37,025 и ми подава банкнота од 10 долари 143 00:07:37,025 --> 00:07:38,379 и вели: 144 00:07:38,379 --> 00:07:42,137 „Жал ми е, си го ископирав ЦД-то од кај пријател.“ 145 00:07:42,137 --> 00:07:45,386 (смеа) 146 00:07:45,386 --> 00:07:48,851 „Но, го читам твојот блог и знам дека ја мразиш продуцентската куќа. 147 00:07:48,851 --> 00:07:51,385 Затоа сакам само да ги земеш овие пари.“ 148 00:07:51,385 --> 00:07:55,225 И ова почнува да се случува цело време. 149 00:07:55,225 --> 00:07:58,690 Јас после моите свирки се претворав во шеширот, 150 00:07:58,690 --> 00:08:01,976 но морав физички да стојам таму и да ја примам помошта од луѓето, 151 00:08:01,976 --> 00:08:04,185 и за разлика од типот од бендот, 152 00:08:04,185 --> 00:08:08,215 јас имам искуство во стоење таму. 153 00:08:08,215 --> 00:08:10,331 Ви благодарам. 154 00:08:10,331 --> 00:08:12,482 Ова е моментот во кој одлучувам 155 00:08:12,482 --> 00:08:15,274 дека мојата музика ќе ја давам бесплатно 156 00:08:15,274 --> 00:08:17,106 онлајн секаде каде што е тоа возможно, 157 00:08:17,106 --> 00:08:20,342 и така Металика е таму, Напстер, лош, 158 00:08:20,342 --> 00:08:23,130 Аманда Палмер е овде и ќе охрабрувам 159 00:08:23,130 --> 00:08:27,479 симнување на торенти, преземање, споделување, но ќе барам и помош 160 00:08:27,479 --> 00:08:30,999 бидејќи видов дека тоа функционира на улицата. 161 00:08:30,999 --> 00:08:33,927 Така со борба ги откачив продуцентите и за мојот следен проект 162 00:08:33,927 --> 00:08:36,631 со мојот нов бенд, Гранд Тефт Оркестра 163 00:08:36,631 --> 00:08:39,359 се свртев кон финансирање од публиката, 164 00:08:39,359 --> 00:08:43,527 тоа значеше да паднам врз оние илјадници врски што ги создадов 165 00:08:43,527 --> 00:08:46,295 и ја замолив публиката да ме задржи. 166 00:08:46,295 --> 00:08:49,343 Целта беше 100 000 долари. 167 00:08:49,343 --> 00:08:52,848 Фановите ме поткрепија со скоро 1.2 милиони 168 00:08:52,848 --> 00:08:56,103 што претставува најголемиот проект на финансирање на музика од страна на публиката до ден денешен. 169 00:08:56,103 --> 00:09:00,191 (аплауз) 170 00:09:00,191 --> 00:09:04,208 Можете да увидите за колку луѓе станува збор. 171 00:09:04,208 --> 00:09:08,239 Тоа се околу 25 000 луѓе. 172 00:09:08,239 --> 00:09:10,567 Медиумите прашуваа: „Аманда, 173 00:09:10,567 --> 00:09:12,941 музичкиот бизнис тоне и ти ја охрабруваш пиратеријата. 174 00:09:12,941 --> 00:09:14,986 Како ги натера сите овие луѓе да платат за музика?“ 175 00:09:14,986 --> 00:09:20,258 Вистинскиот одговор е дека јас не ги натерав. Јас ги замолив. 176 00:09:20,258 --> 00:09:23,387 И со самиот акт на прашување луѓе, 177 00:09:23,387 --> 00:09:25,836 јас успеав да се поврзам со нив, 178 00:09:25,836 --> 00:09:30,771 а кога ќе се поврзете со луѓето, тие сакаат да ви помогнат. 179 00:09:30,771 --> 00:09:34,545 Тоа е контраинтуитивно за поголем дел од изведувачите. 180 00:09:34,545 --> 00:09:36,200 Не сакаат да прашаат за нешто. 181 00:09:36,200 --> 00:09:42,116 Но, тоа не е лесно. Не е лесно да се праша. 182 00:09:42,116 --> 00:09:44,331 И голем дел од артистите имаат проблем со ова. 183 00:09:44,331 --> 00:09:46,572 Прашувањето ве прави ранливи. 184 00:09:46,572 --> 00:09:50,935 Многу ме критикуваа онлајн 185 00:09:50,935 --> 00:09:52,782 откако мојот Кикстартер привлече внимание 186 00:09:52,782 --> 00:09:55,564 бидејќи продолжив со моите луди навики на финансирање од публиката, 187 00:09:55,564 --> 00:09:57,983 посебно за тоа што ги прашував музичарите 188 00:09:57,983 --> 00:10:00,829 кои ни се фанови да ни се приклучат на сцената 189 00:10:00,829 --> 00:10:04,331 како замена за љубов и билети 190 00:10:04,331 --> 00:10:07,428 и пиво, а сето ова беше преправена слика 191 00:10:07,428 --> 00:10:10,756 која беше поставена на веб-страна. 192 00:10:10,756 --> 00:10:13,997 Ова ме здоболе на еден познат начин. 193 00:10:13,997 --> 00:10:16,971 Луѓето викаа: „Повеќе не ти е дозволено 194 00:10:16,971 --> 00:10:18,735 да бараш таков вид на помош“ 195 00:10:18,735 --> 00:10:23,303 и ова навистина ме потсети на луѓето кои од нивните автомобили ми викаа „Најди си работа“. 196 00:10:23,303 --> 00:10:27,687 Бидејќи тие не беа на тротоарот 197 00:10:27,687 --> 00:10:31,233 и не можеа да ја видат размената 198 00:10:31,233 --> 00:10:33,270 што се случуваше меѓу мене и мојата публика, 199 00:10:33,270 --> 00:10:38,760 размена која нам ни беше многу драга, но ним им беше туѓа. 200 00:10:38,760 --> 00:10:40,684 Ова и не беше баш безбедно за работа. 201 00:10:40,684 --> 00:10:43,356 Ова е мојата Кикстартер забава во Берлин. 202 00:10:43,356 --> 00:10:46,837 На крајот на вечерта, се соблеков и им дозволив на сите да цртаат по моето тело. 203 00:10:46,837 --> 00:10:49,656 Дозволете ми сега да ви кажам, ако сакате да го искусите 204 00:10:49,656 --> 00:10:52,735 она чувство од утробата и да им верувате на непознати, 205 00:10:52,735 --> 00:10:54,837 кое навистина го препорачувам , 206 00:10:54,837 --> 00:10:58,953 особено ако тие непознати луѓе се пијани Германци. 207 00:10:58,953 --> 00:11:03,595 Ова беше поврзување на мастер-ниво на нинџа 208 00:11:03,595 --> 00:11:06,503 бидејќи она што навистина го велев овде 209 00:11:06,503 --> 00:11:09,103 е тоа дека навистина толку ви верувам. 210 00:11:09,103 --> 00:11:13,223 Треба ли? Покажете ми. 211 00:11:13,223 --> 00:11:15,069 Во најголем дел од човековата историја 212 00:11:15,069 --> 00:11:20,411 музичарите, артистите, биле дел од заедницата, 213 00:11:20,411 --> 00:11:24,834 поврзувачи и кршачи на мразот, а не недопирливи ѕвезди. 214 00:11:24,834 --> 00:11:29,176 Популарноста е тогаш кога многу луѓе ве сакаат од далечина, 215 00:11:29,176 --> 00:11:31,199 но интернетот и содржините, 216 00:11:31,199 --> 00:11:33,807 за кои се чувствуваме слободни да ги споделиме, 217 00:11:33,807 --> 00:11:36,744 не носат наназад. 218 00:11:36,744 --> 00:11:40,452 Тоа е всушност кога неколку луѓе не сакаат одблизу 219 00:11:40,452 --> 00:11:44,939 и кога тие луѓе ни се доволно. 220 00:11:44,939 --> 00:11:47,154 Многу луѓе се збунети од идејата 221 00:11:47,154 --> 00:11:48,308 да се нема препорачана цена. 222 00:11:48,308 --> 00:11:51,690 Тоа го гледаат како непредвидлив ризик, но нештата кои ги направив 223 00:11:51,690 --> 00:11:53,874 Кикстартерот, улицата, ѕвончето на вратата, 224 00:11:53,874 --> 00:11:56,002 не ги гледам како ризик. 225 00:11:56,002 --> 00:11:57,807 Ги гледам како доверба, 226 00:11:57,807 --> 00:12:01,315 Онлајн алатките кои овозможуваат размена 227 00:12:01,315 --> 00:12:04,681 лесно и инстинктивно како што е на улицата 228 00:12:04,681 --> 00:12:06,603 одат во тој правец. 229 00:12:06,603 --> 00:12:10,202 Но, совршените алатки нема да ни помогнат 230 00:12:10,202 --> 00:12:12,670 ако ние не можеме да се соочиме меѓу нас 231 00:12:12,670 --> 00:12:15,478 и бестрашно да даваме и примаме, 232 00:12:15,478 --> 00:12:18,299 но, што е уште поважно 233 00:12:18,299 --> 00:12:21,818 да прашуваме без срам. 234 00:12:21,818 --> 00:12:24,492 Ја поминав мојата музичка кариера 235 00:12:24,492 --> 00:12:27,506 обидувајќи се да сретнам луѓе на интернет 236 00:12:27,506 --> 00:12:30,003 онака како што можев на кутијата, 237 00:12:30,003 --> 00:12:33,515 па така блогирав и твитав за работи настрана од датумите за моите турнеи 238 00:12:33,515 --> 00:12:37,106 и мојот нов видео-клип, како и за нашата работа и нашата уметност 239 00:12:37,106 --> 00:12:41,689 и нашите стравови и мамурлаци, нашите грешки, 240 00:12:41,689 --> 00:12:43,707 и се гледаме меѓу нас. 241 00:12:43,707 --> 00:12:47,558 Мислам дека кога навистина се гледаме 242 00:12:47,558 --> 00:12:50,410 всушност сакаме да си помогнеме. 243 00:12:50,410 --> 00:12:54,926 Според мене, луѓето се опседнати со погрешното прашање 244 00:12:54,926 --> 00:12:58,540 кое е: „Како да ги натераме луѓето да платат за музика?“ 245 00:12:58,540 --> 00:13:00,988 Што ако почневме да прашуваме, 246 00:13:00,988 --> 00:13:05,632 „Како да им овозможиме на луѓето да плаќаат за музика?“ 247 00:13:05,632 --> 00:13:08,483 Ви благодарам 248 00:13:08,483 --> 00:13:12,483 (аплауз)