0:00:10.101,0:00:16.140 (Вдишува, издишува) 0:00:17.435,0:00:21.480 Знаете, не ми беше отсекогаш музиката средство за егзистенција. 0:00:21.480,0:00:23.649 Пет години откако дипломирав 0:00:23.649,0:00:27.016 на еден извонреден универзитет за општествени науки, 0:00:27.016,0:00:31.103 еве ова беше мојата дневна работа. 0:00:31.103,0:00:35.671 Бев самовработена жива статуа наречена џиновската Невеста 0:00:35.671,0:00:39.239 и затоа обожувам кога им кажувам на луѓето дека ова ми беше работа, 0:00:39.239,0:00:41.266 бидејќи сите сакаат да знаат, 0:00:41.266,0:00:44.400 кои се всушност овие чудаци во вистинскиот живот? 0:00:44.400,0:00:46.210 Здраво. 0:00:46.210,0:00:49.071 Еден ден се намачкав со бела боја, застанав на кутија, 0:00:49.071,0:00:51.479 ставив шешир или конзерва пред нозете 0:00:51.479,0:00:53.675 и кога некој ќе поминеше и ќе ми оставеше пари 0:00:53.675,0:01:01.736 јас му подарував цвет и го гледав директно во очите. 0:01:01.736,0:01:03.207 И ако некои луѓе не го земаа цветот 0:01:03.207,0:01:07.673 правев израз на тага и копнеж 0:01:07.673,0:01:11.738 додека ме одминуваа. 0:01:11.738,0:01:15.060 (смеа) 0:01:15.060,0:01:19.384 Така имав навистина длабоки средби со луѓе, 0:01:19.384,0:01:21.249 посебно со осамени луѓе кои гледаа 0:01:21.249,0:01:24.345 како со недели да не зборувале со никој 0:01:24.345,0:01:28.118 и сите го доживувавме овој убав момент 0:01:28.118,0:01:32.629 на продолжен контакт со очите кој што се случуваше на некоја градска улица 0:01:32.629,0:01:36.004 и полека малку по малку почнавме да се заљубуваме. 0:01:36.004,0:01:41.766 Тогаш моите очи ќе речеа: „Ти благодарам. Те гледам.“ 0:01:41.766,0:01:44.294 А нивните очи ќе речеа: 0:01:44.294,0:01:50.481 „Никој досега не ме гледал. Ти благодарам.“ 0:01:50.481,0:01:52.357 Понекогаш ми се случувало да бидам и малтретирана. 0:01:52.357,0:01:54.321 Луѓе кои поминувале ми викале од нивните автомобили. 0:01:54.321,0:01:56.602 „Најди си работа!“ 0:01:56.602,0:02:00.041 А јас им одговарав: „Ова е мојата работа.“ 0:02:00.041,0:02:03.774 Сепак ова ме болеше бидејќи ме плашеше 0:02:03.774,0:02:07.431 дека јас некако правам нешто што не е вистинска работа 0:02:07.431,0:02:10.887 и што не е фер, нешто срамно. 0:02:10.887,0:02:16.019 Не бев свесна всушност колку совршено образование сум добивала 0:02:16.019,0:02:18.755 во однос на музичкиот бизнис, стоејќи на оваа кутија. 0:02:18.755,0:02:20.254 Што се однесува на економистите кои се присутни тука, 0:02:20.254,0:02:23.859 можеби ќе ве интересира да знаете дека јас имав прилично предвидлив приход, 0:02:23.859,0:02:25.562 нешто што беше шокантно за мене 0:02:25.562,0:02:28.171 со оглед на фактот дека немав редовни муштерии 0:02:28.171,0:02:31.459 но, скоро секој вторник добивав 60 долари, а во петок 90. 0:02:31.459,0:02:32.996 Тоа постојано беше така. 0:02:32.996,0:02:35.490 Во меѓувреме, правев турнеи низ регионот 0:02:35.490,0:02:37.592 и свирев во ноќни клубови со мојот бенд, Дрезден Долс. 0:02:37.592,0:02:40.068 Ова сум јас на пијано, а тоа е генијален тапанар. 0:02:40.068,0:02:42.101 Јас ги пишував песните и по извесно време 0:02:42.101,0:02:46.091 почнавме да заработуваме доволно пари и можев да престанам да бидам статуа 0:02:46.091,0:02:48.443 и како што почнавме да правиме турнеи, 0:02:48.443,0:02:50.560 не сакав да го изгубам ова чувство 0:02:50.560,0:02:53.822 на директна поврзаност со луѓето бидејќи го обожавав. 0:02:53.822,0:02:57.007 После сите наши свирки, потпишувавме автограми, 0:02:57.007,0:03:00.248 се гушкавме со обожавателите и се дружевме и зборувавме со луѓето 0:03:00.248,0:03:05.310 па така создадовме уметност од прашување луѓе да ни помогнат 0:03:05.310,0:03:07.966 и да ни се придружат и така јас почнав да наоѓам локални музичари 0:03:07.966,0:03:12.292 и артисти и тие си создаваа сцена за време на нашите свирки 0:03:12.292,0:03:13.951 и си го подаваа шеширот 0:03:13.951,0:03:15.501 и понекогаш доаѓаа и ни се придружуваа на сцената 0:03:15.501,0:03:20.331 па така имавме една ротирачка шведска маса од случајни циркуски гости. 0:03:20.331,0:03:23.220 Кога се појави Твитер 0:03:23.220,0:03:25.568 ги направи нештата уште помагични бидејќи можев да прашам 0:03:25.568,0:03:28.035 моментално за што било каде било во светот. 0:03:28.035,0:03:30.100 Ми треба пијано за да вежбам 0:03:30.100,0:03:33.308 и ете само еден час подоцна ете сум јас во домот на некој обожавател. Ова е во Лондон. 0:03:33.308,0:03:35.804 Некои луѓе дури ни имаат носено и домашна храна позади сцените 0:03:35.804,0:03:39.628 низ целиот свет и имаат јадено со нас. Ова е во Сиетл. 0:03:39.628,0:03:43.334 Обожавателите кои работеа во музеи и продавници 0:03:43.334,0:03:46.614 или на кој било јавен простор ни мавтаа со рацете 0:03:46.614,0:03:50.181 ако решев да направам една спонтана бесплатана журка. 0:03:50.181,0:03:53.301 Ова е една библиотека во Оукленд. 0:03:53.301,0:03:58.161 Во саботата твитнав за еден сандак и шешир 0:03:58.161,0:03:59.999 бидејќи не сакав да ми ги влечкаат од источниот брег 0:03:59.999,0:04:01.753 и тие се појавија благодарение на овој тип, Крис 0:04:01.753,0:04:05.366 од Њупорт Бич, кој дојде и рече здраво. 0:04:05.366,0:04:09.089 Еднаш твитнав за тоа каде во Мелбурн можам да купам лота? 0:04:09.089,0:04:11.880 И една медицинска сестра ми донесе од болница 0:04:11.880,0:04:13.848 директно во кафе-барот каде што бев во моментот, 0:04:13.848,0:04:15.249 а јас и купив смути 0:04:15.249,0:04:18.183 и си седевме таму разговарајќи за медицинската нега и смртта. 0:04:18.183,0:04:20.976 Ми се допаѓа овој тип на случајна блискост 0:04:20.976,0:04:24.890 која што е на среќа бидејќи јас сум многу активна на каучсурфинг онлајн системот. 0:04:24.890,0:04:28.880 Во палати каде што сите членови на мојата екипа имаат своја соба, 0:04:28.880,0:04:31.658 но нема безжичен интернет, па и во розови гарсоњери 0:04:31.658,0:04:34.837 во кои сите спијат на подот на една соба без тоалет, 0:04:34.837,0:04:38.654 но во кои има безжичен интернет, со што ова станува подобрата опција. 0:04:38.654,0:04:40.579 (смеа) 0:04:40.579,0:04:42.982 Еднаш. мојата екипа го одвлечка комбето 0:04:42.982,0:04:46.933 до едно навистина сиромашно маало во Мајами 0:04:46.933,0:04:49.358 и тогаш откривме дека нашиот домаќин за вечерта 0:04:49.358,0:04:52.382 е едно осумнаеасетгодишно девојче кое сѐ уште живее дома 0:04:52.382,0:04:57.006 и нејзинита фамилија беа илегални имигранти од Хондурас. 0:04:57.006,0:04:59.503 Таа вечер, целата нејзина фамилија 0:04:59.503,0:05:02.782 спиеше на каучите и девојчето спиеше со нејзината мајка 0:05:02.782,0:05:05.542 за да можеме ние да спиеме на нивните кревети. 0:05:05.542,0:05:08.046 Лежев таму размислувајќи за тоа колку 0:05:08.046,0:05:11.087 малку имаат овие луѓе. 0:05:11.087,0:05:13.806 Дали е ова фер? 0:05:13.806,0:05:16.362 Изутрината, нејзината мајка не научи да се обидеме 0:05:16.362,0:05:18.914 да направиме тортиља и сакаше да ми даде Библија, 0:05:18.914,0:05:24.827 па така ме тргна настрана и ми рече на нејзиниот лош англиски 0:05:24.827,0:05:29.802 „Твојата музика многу и помогна на ќерка ми. 0:05:29.802,0:05:33.846 Ти благодарам што остана тука. Сите ние сме ти благодарни.“ 0:05:33.846,0:05:37.702 И тогаш си помислив, e ова е фер. 0:05:37.702,0:05:41.383 Ова е тоа. 0:05:41.383,0:05:43.997 Неколку месеци подоцна, бев на Менхетен 0:05:43.997,0:05:46.537 и твитнав за некое преноќувалиште и на полноќ 0:05:46.537,0:05:48.441 ѕвонев на едно ѕвонче на Лоуер Ист Сајд 0:05:48.441,0:05:50.907 и тогаш ми падна на памет дека всушност ова никогаш не сум го правела сама. 0:05:50.907,0:05:52.453 Секогаш сум била со мојот бенд или екипата. 0:05:52.453,0:05:56.945 Дали е ова тоа што го прават глупавите луѓе? (смеа) 0:05:56.945,0:05:59.432 Дали вака умираат глупавите луѓе? 0:05:59.432,0:06:01.498 И баш пред да се предомислам, вратата се отвори пред мене. 0:06:01.498,0:06:05.016 Таа е уметник. Тој е блогер за финансии за Ројтерс 0:06:05.016,0:06:07.330 и ми тураат чаша црвено вино 0:06:07.330,0:06:08.501 и ми нудат да се избањам, 0:06:08.501,0:06:13.456 а јас сум имала илјадници вакви и такви ноќи. 0:06:13.456,0:06:17.481 Јас многу често пребарувам сместување онлајн. Исто така многу често се фрлам слободно врз публиката. 0:06:17.481,0:06:20.809 Мислам дека ове две нешта 0:06:20.809,0:06:23.097 се всушност едно исто. 0:06:23.097,0:06:25.601 Паѓате врз публиката 0:06:25.601,0:06:27.097 и си верувате еден на друг. 0:06:27.097,0:06:29.717 Ги запрашав дечките од еден бенд кој настапуваше пред мене 0:06:29.717,0:06:32.240 дали сакаат да одат во публиката и го подаваат шеширот 0:06:32.240,0:06:34.368 за да заработат некои екстра пари, нешто што јас често го правев. 0:06:34.368,0:06:36.513 И како и обично, бендот беше вчудоневиден, 0:06:36.513,0:06:38.625 но имаше еден тип од бендот 0:06:38.625,0:06:42.740 кој ми рече дека не може да се натера самиот себе да излезе надвор. 0:06:42.740,0:06:46.728 Стоењето надвор со шеширот премногу му изгледало како просење, 0:06:46.728,0:06:55.410 И го препознав неговиот страв од „Дали е ова фер?“ и „Најди си работа“. 0:06:55.410,0:06:58.856 Во меѓувреме, мојот бенд стануваше се поголем и поголем. 0:06:58.856,0:07:01.130 Потпишавме за голема издавачка куќа. 0:07:01.130,0:07:03.891 Нашата музика е мешавина од панк и кабаре. 0:07:03.891,0:07:06.096 Не е за секого. 0:07:06.096,0:07:09.464 Можеби е за вас. 0:07:09.464,0:07:13.408 Потпишавме и целата оваа врева на доведе до нашиот следен албум. 0:07:13.408,0:07:18.740 Овој албум беше објавен и се продаде во 25 000 копии само за првите неколку недели 0:07:18.740,0:07:22.116 и продуцентската куќа ова го сметаше за неуспех. 0:07:22.116,0:07:24.667 Јас го имав ставот: „25000 не е тоа многу?“ 0:07:24.667,0:07:27.300 А тие: „Не, продажбата оди надолу. Ова е неуспех.“ 0:07:27.300,0:07:29.578 И се откажаа. 0:07:29.578,0:07:32.609 Во истото време, пеам и се гушкам после свирка 0:07:32.609,0:07:34.753 и еден тип доаѓа до мене 0:07:34.753,0:07:37.025 и ми подава банкнота од 10 долари 0:07:37.025,0:07:38.379 и вели: 0:07:38.379,0:07:42.137 „Жал ми е, си го ископирав ЦД-то од кај пријател.“ 0:07:42.137,0:07:45.386 (смеа) 0:07:45.386,0:07:48.851 „Но, го читам твојот блог и знам дека ја мразиш продуцентската куќа. 0:07:48.851,0:07:51.385 Затоа сакам само да ги земеш овие пари.“ 0:07:51.385,0:07:55.225 И ова почнува да се случува цело време. 0:07:55.225,0:07:58.690 Јас после моите свирки се претворав во шеширот, 0:07:58.690,0:08:01.976 но морав физички да стојам таму и да ја примам помошта од луѓето, 0:08:01.976,0:08:04.185 и за разлика од типот од бендот, 0:08:04.185,0:08:08.215 јас имам искуство во стоење таму. 0:08:08.215,0:08:10.331 Ви благодарам. 0:08:10.331,0:08:12.482 Ова е моментот во кој одлучувам 0:08:12.482,0:08:15.274 дека мојата музика ќе ја давам бесплатно 0:08:15.274,0:08:17.106 онлајн секаде каде што е тоа возможно, 0:08:17.106,0:08:20.342 и така Металика е таму, Напстер, лош, 0:08:20.342,0:08:23.130 Аманда Палмер е овде и ќе охрабрувам 0:08:23.130,0:08:27.479 симнување на торенти, преземање, споделување, но ќе барам и помош 0:08:27.479,0:08:30.999 бидејќи видов дека тоа функционира на улицата. 0:08:30.999,0:08:33.927 Така со борба ги откачив продуцентите и за мојот следен проект 0:08:33.927,0:08:36.631 со мојот нов бенд, Гранд Тефт Оркестра 0:08:36.631,0:08:39.359 се свртев кон финансирање од публиката, 0:08:39.359,0:08:43.527 тоа значеше да паднам врз оние илјадници врски што ги создадов 0:08:43.527,0:08:46.295 и ја замолив публиката да ме задржи. 0:08:46.295,0:08:49.343 Целта беше 100 000 долари. 0:08:49.343,0:08:52.848 Фановите ме поткрепија со скоро 1.2 милиони 0:08:52.848,0:08:56.103 што претставува најголемиот проект на финансирање на музика од страна на публиката до ден денешен. 0:08:56.103,0:09:00.191 (аплауз) 0:09:00.191,0:09:04.208 Можете да увидите за колку луѓе станува збор. 0:09:04.208,0:09:08.239 Тоа се околу 25 000 луѓе. 0:09:08.239,0:09:10.567 Медиумите прашуваа: „Аманда, 0:09:10.567,0:09:12.941 музичкиот бизнис тоне и ти ја охрабруваш пиратеријата. 0:09:12.941,0:09:14.986 Како ги натера сите овие луѓе да платат за музика?“ 0:09:14.986,0:09:20.258 Вистинскиот одговор е дека јас не ги натерав. Јас ги замолив. 0:09:20.258,0:09:23.387 И со самиот акт на прашување луѓе, 0:09:23.387,0:09:25.836 јас успеав да се поврзам со нив, 0:09:25.836,0:09:30.771 а кога ќе се поврзете со луѓето, тие сакаат да ви помогнат. 0:09:30.771,0:09:34.545 Тоа е контраинтуитивно за поголем дел од изведувачите. 0:09:34.545,0:09:36.200 Не сакаат да прашаат за нешто. 0:09:36.200,0:09:42.116 Но, тоа не е лесно. Не е лесно да се праша. 0:09:42.116,0:09:44.331 И голем дел од артистите имаат проблем со ова. 0:09:44.331,0:09:46.572 Прашувањето ве прави ранливи. 0:09:46.572,0:09:50.935 Многу ме критикуваа онлајн 0:09:50.935,0:09:52.782 откако мојот Кикстартер привлече внимание 0:09:52.782,0:09:55.564 бидејќи продолжив со моите луди навики на финансирање од публиката, 0:09:55.564,0:09:57.983 посебно за тоа што ги прашував музичарите 0:09:57.983,0:10:00.829 кои ни се фанови да ни се приклучат на сцената 0:10:00.829,0:10:04.331 како замена за љубов и билети 0:10:04.331,0:10:07.428 и пиво, а сето ова беше преправена слика 0:10:07.428,0:10:10.756 која беше поставена на веб-страна. 0:10:10.756,0:10:13.997 Ова ме здоболе на еден познат начин. 0:10:13.997,0:10:16.971 Луѓето викаа: „Повеќе не ти е дозволено 0:10:16.971,0:10:18.735 да бараш таков вид на помош“ 0:10:18.735,0:10:23.303 и ова навистина ме потсети на луѓето кои од нивните автомобили ми викаа „Најди си работа“. 0:10:23.303,0:10:27.687 Бидејќи тие не беа на тротоарот 0:10:27.687,0:10:31.233 и не можеа да ја видат размената 0:10:31.233,0:10:33.270 што се случуваше меѓу мене и мојата публика, 0:10:33.270,0:10:38.760 размена која нам ни беше многу драга, но ним им беше туѓа. 0:10:38.760,0:10:40.684 Ова и не беше баш безбедно за работа. 0:10:40.684,0:10:43.356 Ова е мојата Кикстартер забава во Берлин. 0:10:43.356,0:10:46.837 На крајот на вечерта, се соблеков и им дозволив на сите да цртаат по моето тело. 0:10:46.837,0:10:49.656 Дозволете ми сега да ви кажам, ако сакате да го искусите 0:10:49.656,0:10:52.735 она чувство од утробата и да им верувате на непознати, 0:10:52.735,0:10:54.837 кое навистина го препорачувам , 0:10:54.837,0:10:58.953 особено ако тие непознати луѓе се пијани Германци. 0:10:58.953,0:11:03.595 Ова беше поврзување на мастер-ниво на нинџа 0:11:03.595,0:11:06.503 бидејќи она што навистина го велев овде 0:11:06.503,0:11:09.103 е тоа дека навистина толку ви верувам. 0:11:09.103,0:11:13.223 Треба ли? Покажете ми. 0:11:13.223,0:11:15.069 Во најголем дел од човековата историја 0:11:15.069,0:11:20.411 музичарите, артистите, биле дел од заедницата, 0:11:20.411,0:11:24.834 поврзувачи и кршачи на мразот, а не недопирливи ѕвезди. 0:11:24.834,0:11:29.176 Популарноста е тогаш кога многу луѓе ве сакаат од далечина, 0:11:29.176,0:11:31.199 но интернетот и содржините, 0:11:31.199,0:11:33.807 за кои се чувствуваме слободни да ги споделиме, 0:11:33.807,0:11:36.744 не носат наназад. 0:11:36.744,0:11:40.452 Тоа е всушност кога неколку луѓе не сакаат одблизу 0:11:40.452,0:11:44.939 и кога тие луѓе ни се доволно. 0:11:44.939,0:11:47.154 Многу луѓе се збунети од идејата 0:11:47.154,0:11:48.308 да се нема препорачана цена. 0:11:48.308,0:11:51.690 Тоа го гледаат како непредвидлив ризик, но нештата кои ги направив 0:11:51.690,0:11:53.874 Кикстартерот, улицата, ѕвончето на вратата, 0:11:53.874,0:11:56.002 не ги гледам како ризик. 0:11:56.002,0:11:57.807 Ги гледам како доверба, 0:11:57.807,0:12:01.315 Онлајн алатките кои овозможуваат размена 0:12:01.315,0:12:04.681 лесно и инстинктивно како што е на улицата 0:12:04.681,0:12:06.603 одат во тој правец. 0:12:06.603,0:12:10.202 Но, совршените алатки нема да ни помогнат 0:12:10.202,0:12:12.670 ако ние не можеме да се соочиме меѓу нас 0:12:12.670,0:12:15.478 и бестрашно да даваме и примаме, 0:12:15.478,0:12:18.299 но, што е уште поважно 0:12:18.299,0:12:21.818 да прашуваме без срам. 0:12:21.818,0:12:24.492 Ја поминав мојата музичка кариера 0:12:24.492,0:12:27.506 обидувајќи се да сретнам луѓе на интернет 0:12:27.506,0:12:30.003 онака како што можев на кутијата, 0:12:30.003,0:12:33.515 па така блогирав и твитав за работи настрана од датумите за моите турнеи 0:12:33.515,0:12:37.106 и мојот нов видео-клип, како и за нашата работа и нашата уметност 0:12:37.106,0:12:41.689 и нашите стравови и мамурлаци, нашите грешки, 0:12:41.689,0:12:43.707 и се гледаме меѓу нас. 0:12:43.707,0:12:47.558 Мислам дека кога навистина се гледаме 0:12:47.558,0:12:50.410 всушност сакаме да си помогнеме. 0:12:50.410,0:12:54.926 Според мене, луѓето се опседнати со погрешното прашање 0:12:54.926,0:12:58.540 кое е: „Како да ги натераме луѓето да платат за музика?“ 0:12:58.540,0:13:00.988 Што ако почневме да прашуваме, 0:13:00.988,0:13:05.632 „Како да им овозможиме на луѓето да плаќаат за музика?“ 0:13:05.632,0:13:08.483 Ви благодарам 0:13:08.483,0:13:12.483 (аплауз)