< Return to Video

Сер Кен Робинсон: Нека отпочне револуција во учењето!

  • 0:01 - 0:03
    Бев овде пред четири години,
  • 0:03 - 0:05
    и се сеќавам, во тоа време,
  • 0:05 - 0:08
    говорите не беа публикувани на интернет;
  • 0:08 - 0:12
    Мислам дека членовите на ТЕД ги добиваа во кутии,
  • 0:12 - 0:14
    како сет од повеќе ДВД дискови,
  • 0:14 - 0:17
    кои тие ги ставаа на нивните полици, каде се наоѓаат до ден денес.
  • 0:17 - 0:19
    (Смеа)
  • 0:19 - 0:21
    Всушност Крис ме повика
  • 0:21 - 0:23
    една недела откако го одржав мојот говор
  • 0:23 - 0:25
    и ми рече, "Ќе започнеме да ги ставаме на интернет.
  • 0:25 - 0:28
    Може ли твојот говор да го објавиме на интернет?" Јас реков, "Секако."
  • 0:28 - 0:30
    Четири години подоцна,
  • 0:30 - 0:32
    како што реков, беше виден од четири...
  • 0:32 - 0:35
    па, беше превземен од интернет четири милиони пати.
  • 0:35 - 0:38
    Претпоставувам дека таа бројка може да ја помножите со 20 или повеќе
  • 0:38 - 0:40
    за да ја добиете бројката на луѓето кои го виделе говорот.
  • 0:40 - 0:44
    И како што вели Крис, постои вистинска глад
  • 0:44 - 0:46
    за моите видеа.
  • 0:46 - 0:49
    (Смеа)
  • 0:49 - 0:52
    (Аплауз)
  • 0:54 - 0:55
    ... не ли чувствувате?
  • 0:55 - 0:58
    (Смеа)
  • 1:00 - 1:03
    Целиот овој настан беше детална подготовка
  • 1:03 - 1:07
    за мене, правејќи уште една за вас, па еве ја.
  • 1:07 - 1:08
    (Смеа)
  • 1:10 - 1:12
    Ал Гор зборуваше
  • 1:12 - 1:15
    на ТЕД Конференцијата на која јас зборував пред четири години
  • 1:15 - 1:17
    и зборуваше за климатска криза.
  • 1:17 - 1:19
    Го кажав тоа како напомена
  • 1:19 - 1:21
    на крајот на мојот изминат говор.
  • 1:21 - 1:23
    Па би сакал да продолжам од таму
  • 1:23 - 1:26
    затоа што имав само 18 минути, искрено.
  • 1:26 - 1:28
    Па, како што реков...
  • 1:28 - 1:33
    (Смеа)
  • 1:36 - 1:38
    Видете, тој е во право.
  • 1:38 - 1:41
    Мислам, постои огромна климатска криза, очигледно.
  • 1:41 - 1:44
    И мислам дека ако луѓето не веруваат, тогаш треба да излегуваат надвор повеќе.
  • 1:44 - 1:47
    (Смеа)
  • 1:47 - 1:50
    Но јас сметам дека постои втора климатска криза,
  • 1:51 - 1:53
    која е исто толку сериозна,
  • 1:53 - 1:56
    која ги има истите корени,
  • 1:56 - 1:59
    и со која исто така треба да се справиме итно.
  • 1:59 - 2:01
    И со ова мислам --
  • 2:01 - 2:03
    и може да кажете, патем, "Види, доста е.
  • 2:03 - 2:05
    Имам една климатска криза;
  • 2:05 - 2:08
    Навистина не ми е потребна и втора."
  • 2:08 - 2:10
    Но ова е криза на, не на природни ресурси,
  • 2:10 - 2:13
    иако јас сметам дека тоа е вистина,
  • 2:13 - 2:15
    туку криза на човечки ресурси.
  • 2:15 - 2:17
    Во основа, јас верувам,
  • 2:17 - 2:19
    како што многу говорници веќе кажаа во изминативе неколку дена,
  • 2:19 - 2:22
    дека ние многу малку ги користиме
  • 2:22 - 2:25
    нашите таленти.
  • 2:25 - 2:27
    Премногу луѓе ги минуваат целите нивни животи
  • 2:27 - 2:30
    немајќи вистинско чувство за тоа кои би можеле да бидат нивните вистински таленти,
  • 2:30 - 2:32
    или дали воопшто имаат некој за кој би зборувале.
  • 2:32 - 2:34
    Јас среќавам секакви видови на луѓе
  • 2:34 - 2:37
    кои сметаат дека не се добри во ништо.
  • 2:38 - 2:41
    Всушност, јас сега го делам светот на две групи.
  • 2:41 - 2:44
    Џереми Бентам, голем утилитаристички филозоф,
  • 2:44 - 2:46
    еднаш го изнесе овој аргумент.
  • 2:46 - 2:48
    Тој рече, "Постојат два вида на луѓе на овој свет,
  • 2:48 - 2:50
    оние кои го делат светот на два вида
  • 2:50 - 2:52
    и оние кои не го делат."
  • 2:52 - 2:55
    (Смеа)
  • 2:57 - 2:59
    Епа, јас го делам.
  • 2:59 - 3:01
    (Смеа)
  • 3:04 - 3:06
    Среќавам секакви лиѓе
  • 3:06 - 3:09
    кои не уживаат во она што го работат.
  • 3:09 - 3:11
    Тие едноставно минуваат низ нивните животи
  • 3:11 - 3:13
    справувајќи се со тоа.
  • 3:13 - 3:15
    Тие не добиваат големо задоволство од оноа што го работат.
  • 3:15 - 3:18
    Тие тоа го издржуваат, наместо да го уживаат,
  • 3:18 - 3:21
    и го чекаат викендот.
  • 3:21 - 3:23
    Но исто така среќавам и луѓе
  • 3:23 - 3:25
    кои го сакаат она што го работат
  • 3:25 - 3:27
    и не можат да замислат да работат ништо друго.
  • 3:27 - 3:30
    Ако им кажете, "Немој веќе да го работиш оваа," тие ќе се прашуваат за што зборувате.
  • 3:30 - 3:33
    Затоа што тоа не е тоа што тие работат, туку тоа е кои се тие. Тие велат,
  • 3:33 - 3:35
    "Тоа сум јас, знаете.
  • 3:35 - 3:37
    Би било лудост за мене да го оставам ова, бидејќи
  • 3:37 - 3:39
    тоа најавтентично кажува кој сум јас."
  • 3:39 - 3:42
    Ова не се однесува на повеќето луѓе.
  • 3:42 - 3:44
    Всушност, напротив, сметам
  • 3:44 - 3:46
    дека ова е вистина за многу малку луѓе.
  • 3:46 - 3:48
    И мислам дека постојат многу
  • 3:48 - 3:50
    објаснувања за тоа.
  • 3:50 - 3:52
    Едно од врвот на листата меѓу објаснувањата
  • 3:52 - 3:54
    е образованието,
  • 3:54 - 3:56
    затоа што образованието, на некој начин,
  • 3:56 - 3:58
    повеќето луѓе ги оддалечува
  • 3:58 - 4:00
    од нивните природни таленти.
  • 4:00 - 4:03
    А човековите ресурси се како природните ресурси;
  • 4:03 - 4:05
    честопати се закопани длабоко.
  • 4:05 - 4:07
    Морате да ги барате.
  • 4:07 - 4:09
    Тие не лежат на површината.
  • 4:09 - 4:12
    Морате да поготвите услови во кои тие самите се покажуваат.
  • 4:12 - 4:14
    И може да си помислите
  • 4:14 - 4:16
    дека образованието е начинот на кој тоа се прави.
  • 4:16 - 4:18
    Но многу често, не е.
  • 4:18 - 4:20
    Секој образовен систем во светот
  • 4:20 - 4:22
    во моментов се реформира.
  • 4:22 - 4:24
    И тоа не е доволно.
  • 4:24 - 4:26
    Реформата сега е бескорисна,
  • 4:26 - 4:29
    затоа што таа само го подобрува инаку расипаниот модел.
  • 4:29 - 4:31
    Што ни треба --
  • 4:31 - 4:33
    и зборот беше користен многу пати за време на курсот во изминативе неколку дена --
  • 4:33 - 4:35
    не е еволуција,
  • 4:35 - 4:38
    туку револуција во образованието.
  • 4:38 - 4:40
    Тоа мора да биде трансформирано
  • 4:40 - 4:42
    во нешто друго.
  • 4:42 - 4:47
    (Аплауз)
  • 4:48 - 4:50
    Еден од вистинските предизвици
  • 4:50 - 4:52
    е иновација во коренот
  • 4:52 - 4:54
    на образованието.
  • 4:54 - 4:56
    Иновирањето е тешко
  • 4:56 - 4:58
    затоа што значи да се прави нешто
  • 4:58 - 5:00
    што луѓето не мислат дека е едноставно во поголемиот дел од времето.
  • 5:00 - 5:03
    Тоа значи да ги преиспитаме ставовите кои сме ги сфаќале
  • 5:03 - 5:06
    "здраво за готово", нештата за кои мислиме дека се очигледни.
  • 5:06 - 5:08
    Големиот проблем на реформирањето
  • 5:08 - 5:10
    или трансформирањето
  • 5:10 - 5:12
    е тиранијата на здравиот разум,
  • 5:12 - 5:14
    нештата за кои луѓето мислат,
  • 5:14 - 5:16
    "Па, не може да биде направено на ниеден друг начин од проста причина што тоа се прави така"
  • 5:16 - 5:19
    Пред некое време наидов на еден цитат од Абрахам Линколн,
  • 5:19 - 5:22
    за кој сметав дека ќе бидете задоволни дека го цитирам во овој момент.
  • 5:22 - 5:24
    (Смеа)
  • 5:24 - 5:27
    Тој го рече ова во Декември 1862-ра
  • 5:27 - 5:30
    на вториот годишен состанок на конгресот.
  • 5:31 - 5:34
    Треба да појаснам дека немам поим што се случувало во тоа време.
  • 5:36 - 5:38
    Ние не учиме американска историја во Британија.
  • 5:38 - 5:40
    (Смеа)
  • 5:40 - 5:43
    Ние ја поттиснуваме. Знаете, таква е нашата политика.
  • 5:43 - 5:45
    (Смеа)
  • 5:46 - 5:48
    Значи, без двоумење, нешто фасцинантно се случувало во Декември 1862-ра година
  • 5:48 - 5:50
    за кое што американците меѓу нас
  • 5:50 - 5:52
    ќе бидат потполно свесни.
  • 5:53 - 5:55
    Но тој го рече ова:
  • 5:55 - 5:57
    "Догмите
  • 5:57 - 5:59
    од тивкото минато
  • 5:59 - 6:02
    се неадекватни за бурната сегашност.
  • 6:02 - 6:04
    Околностите
  • 6:04 - 6:06
    се натрупани со тешкотии
  • 6:06 - 6:09
    и ние мора да се издигнеме со нив."
  • 6:09 - 6:11
    Го сакам тоа.
  • 6:11 - 6:14
    Не да се издигнеме над нив, туку со нив.
  • 6:15 - 6:17
    Во новава ситуација,
  • 6:17 - 6:20
    ние мора да мислиме одново
  • 6:20 - 6:23
    и да дејствуваме одново
  • 6:23 - 6:26
    Мораме самите себеси да се ослободиме
  • 6:26 - 6:29
    и дури тогаш ќе ја спасиме нашата земја."
  • 6:29 - 6:31
    Го сакам изразот, "ослободиме."
  • 6:31 - 6:33
    Знаете што тоа значи?
  • 6:33 - 6:36
    Дека постојат идеи на кои ние им робуваме,
  • 6:36 - 6:38
    кои ги земаме здраво за готово
  • 6:38 - 6:40
    како природна состојба на нештата, начин на кој нештата се.
  • 6:40 - 6:42
    И многу од нашите идеи
  • 6:42 - 6:45
    се формирани не да се справат со околностите од овој век,
  • 6:45 - 6:48
    туку да се справат со околностите од минатиот век.
  • 6:48 - 6:50
    Но нашите умови сеуште се хипнотизирани од нив.
  • 6:50 - 6:53
    И ние мораме да се ослободиме од некои од нив.
  • 6:53 - 6:56
    Но, да го направиме тоа е полесно да се каже отколку да се направи.
  • 6:56 - 6:59
    Многу е тешко да се знае кои работи ги земаме "здраво за готово."
  • 6:59 - 7:02
    А причината е затоа што ги земаме "здраво за готово."
  • 7:02 - 7:05
    Дозволете ми да ве прашам за нешто што можеби го земате "здраво за готово."
  • 7:05 - 7:08
    Колкумина од вас се над 25 години?
  • 7:08 - 7:10
    Не сметам дека тоа го земате здраво за готово.
  • 7:10 - 7:12
    Сигурен сум дека веќе сте запознаени со тоа.
  • 7:12 - 7:15
    Дали има некој кој е под 25 години?
  • 7:15 - 7:18
    Одлично. Сега, вие со над 25,
  • 7:18 - 7:21
    подигнете рака доколку носите рачен часовник.
  • 7:21 - 7:24
    Не има во голем број, нели?
  • 7:24 - 7:27
    Прашајте го истово во соба полна со тинејџери.
  • 7:27 - 7:29
    Тинејџерите не носат рачни часовници.
  • 7:29 - 7:31
    Не мислам дека тие неможат или несмеат,
  • 7:31 - 7:33
    само честопати одлучуваат да не носат.
  • 7:33 - 7:35
    А причината е во, како што гледате, тоа што ние сме израснати
  • 7:35 - 7:38
    во пред-дигитална култура, ние над 25 годишна возраст.
  • 7:38 - 7:40
    Па за нас, ако сакаме да знаеме колку е часот,
  • 7:40 - 7:42
    мораме да носиме нешто кое ќе ни го каже времето.
  • 7:42 - 7:45
    Децата денес живеат во дигитализиран свет,
  • 7:45 - 7:47
    и времето, за нив, е насекаде.
  • 7:47 - 7:49
    Тие не гледаат причина да го прават ова.
  • 7:49 - 7:51
    И, патем, ниту вие не мора да го правите тоа;
  • 7:51 - 7:54
    работата е во тоа што вие тоа отсекогаш сте го правеле, и продолжувате да го правите.
  • 7:54 - 7:57
    Мојата ќерка никогаш не носи часовник, мојата ќерка Кејт, која има 20 години.
  • 7:57 - 7:59
    Таа не ја гледа причината за тоа.
  • 7:59 - 8:02
    И таа вели, "тоа е направа со една функција."
  • 8:02 - 8:07
    (Смеа)
  • 8:07 - 8:10
    "Како, колку мизерно е тоа?"
  • 8:10 - 8:12
    А јас велам, "Не, не, го покажува и датумот исто така."
  • 8:12 - 8:16
    (Смеа)
  • 8:17 - 8:20
    "Има повеќе функции."
  • 8:20 - 8:23
    Гледате, постојат работи на кои сме станеле робови преку образованието.
  • 8:23 - 8:25
    Дозволете ми да ви дадам неколку примери.
  • 8:25 - 8:28
    Една од нив е идеја на линеарност,
  • 8:28 - 8:31
    дека тоа започнува овде, и вие одите по патеката,
  • 8:31 - 8:33
    и доколку направите се како што треба, ќе завршите
  • 8:33 - 8:35
    обезбедени до крајот на животот.
  • 8:37 - 8:39
    Секој досега кој зборувал на ТЕД ни кажал имплицитно
  • 8:39 - 8:42
    понекогаш и експлицитно, различна приказна,
  • 8:42 - 8:45
    дека животот не е линеарен, туку органски.
  • 8:45 - 8:47
    Ние ги креираме нашите животи симбиотично
  • 8:47 - 8:49
    додека ги истражуваме нашите таленти
  • 8:49 - 8:52
    во релација со околностите кои тие помагаат да ги направиме за нас.
  • 8:52 - 8:54
    Но знаете, ние станавме опседнати
  • 8:54 - 8:56
    со оваа проповедање за линеарноста.
  • 8:56 - 8:58
    И веројатно врвот во образованието
  • 8:58 - 9:00
    е да се запишеме на колеџ.
  • 9:00 - 9:03
    Мислам дека сме опседнати да ги запишеме луѓето на колеџ,
  • 9:03 - 9:05
    и тоа на одредени видови на колеџ.
  • 9:05 - 9:07
    Не мислам дека не треба да одите на колеџ, но не секој има потреба да оди,
  • 9:07 - 9:09
    и немора секој да оди сега.
  • 9:09 - 9:11
    Можеби ќе одат подоцна, не сега.
  • 9:11 - 9:13
    Пред малку бев во Сан Франциско
  • 9:13 - 9:15
    и потпишував книги на мои обожаватели.
  • 9:15 - 9:17
    Имаше еден човек кој купуваше книга, имаше триесеттина години.
  • 9:17 - 9:19
    И јас го прашав, "Која е вашата професија?"
  • 9:19 - 9:22
    А тој рече, "Јас сум пожарникар."
  • 9:22 - 9:24
    Јас го прашав, "А колку време сте пожарникар?"
  • 9:24 - 9:26
    Тој одговори, "Отсекогаш, отсекогаш сум пожарникар."
  • 9:26 - 9:28
    Јас реков, "А кога одлучи да станеш пожарникар?"
  • 9:28 - 9:31
    Тој рече, "Уште како дете. Всушност тоа ми претставуваше проблем во училиштето,"
  • 9:31 - 9:34
    затоа што таму сите сакаа да станат пожарникари."
  • 9:34 - 9:37
    Рече, "Навистина сакав да станам пожарникар."
  • 9:37 - 9:40
    А потоа продолжи, "Кога стасав до завршната година во училиштето,"
  • 9:40 - 9:43
    моите наставници не ме сфаќаа сериозно.
  • 9:43 - 9:45
    Особено еден наставник не ме сфаќаше сериозно.
  • 9:45 - 9:47
    Ми рече дека го фрлам животот
  • 9:47 - 9:49
    доколку се одлучам само тоа да го работам,
  • 9:49 - 9:52
    дека треба да се запишам на колеџ, и дека треба да станам некаков професионалец,
  • 9:52 - 9:54
    дека имам голем потенцијал,
  • 9:54 - 9:56
    и дека си го трошам талентот."
  • 9:56 - 9:58
    И ми рече, "ми беше навистина понижувачки затоа што
  • 9:58 - 10:00
    тоа го рече пред целиот клас, и јас навистина се чувствував ужасно.
  • 10:00 - 10:02
    Но тоа беше она што го сакам, и веднаш штом го завршив училиштето,
  • 10:02 - 10:05
    се пријавив во пожарна станица и бев примен."
  • 10:05 - 10:07
    И ми рече, "Знаеш, пред извесно време размислував за наставникот
  • 10:07 - 10:10
    неколку минути пред вие да зборувате,
  • 10:10 - 10:12
    бидејќе пред шест месеци,
  • 10:12 - 10:14
    му го спасив животот."
  • 10:14 - 10:16
    (Смеа)
  • 10:16 - 10:18
    Тој имаше сообраќајна несреќа и беше заробен во смачканиот автомобил,
  • 10:18 - 10:21
    го извадив и му дадов вештачко дишење,
  • 10:21 - 10:24
    а го спасив и животот на неговата жена истотака."
  • 10:24 - 10:26
    Ми рече, "Мислам дека сега има подобро мислење за мене."
  • 10:26 - 10:28
    (Смеа)
  • 10:28 - 10:33
    (Аплауз)
  • 10:34 - 10:36
    Знаете, за мене,
  • 10:36 - 10:38
    човечките заедници зависат од
  • 10:38 - 10:40
    разновидноста на таленти,
  • 10:40 - 10:43
    а не од единствен концепт за способност.
  • 10:43 - 10:45
    И во сржта на нашите предизвици --
  • 10:45 - 10:47
    (Аплауз)
  • 10:47 - 10:49
    Во сржта на нашите предизвици
  • 10:49 - 10:51
    е да се реконструира нашето сфаќање за способности
  • 10:51 - 10:53
    и за интелигенцијата.
  • 10:53 - 10:55
    Линеарноста е проблем.
  • 10:55 - 10:57
    Кога пристигнав во Лос Анѓелес
  • 10:57 - 10:59
    пред околу девет години,
  • 10:59 - 11:02
    наидов на изјава,
  • 11:02 - 11:04
    добронамерна,
  • 11:04 - 11:07
    која гласи, "Колеџ започнува во градинка."
  • 11:09 - 11:11
    Епа, не започнува.
  • 11:11 - 11:14
    (Смеа)
  • 11:14 - 11:16
    Не започнува.
  • 11:16 - 11:19
    Доколку имавме време, би се задржал на ова, но немаме време.
  • 11:19 - 11:21
    (Смеа)
  • 11:21 - 11:23
    Градинка започнува во градинка.
  • 11:23 - 11:25
    (Смеа)
  • 11:25 - 11:27
    Еден мој пријател еднаш рече,
  • 11:27 - 11:30
    "Тригодишно дете не е половина од шестгодишно дете."
  • 11:30 - 11:32
    (Смеа)
  • 11:32 - 11:37
    (Аплауз)
  • 11:37 - 11:39
    Тоа е тригодишно.
  • 11:39 - 11:41
    Но како што видовме во последната изјава,
  • 11:41 - 11:44
    има огромен натпревар да го запишете детето во градинка денес,
  • 11:44 - 11:46
    да го запишете во вистинската градинка,
  • 11:46 - 11:49
    што луѓето ги инервјуираат на тригодишна возраст.
  • 11:51 - 11:53
    Деца седат пред неимпресионирана комисија,
  • 11:53 - 11:55
    знаете, со нивните резимеа,
  • 11:55 - 11:58
    (Смеа)
  • 11:58 - 12:00
    прелистувајќи ги и велејќи, "Ова е тоа?"
  • 12:00 - 12:02
    (Смеа)
  • 12:02 - 12:05
    (Аплауз)
  • 12:05 - 12:08
    "На светот сте веќе 36 месеци и ова е тоа?"
  • 12:08 - 12:15
    (Смеа)
  • 12:15 - 12:18
    "Не сте постигнале ништо, предадете се.
  • 12:18 - 12:21
    Како што гледам јас, првите шест месеци сте ги поминале во доење."
  • 12:21 - 12:24
    (Смеа)
  • 12:26 - 12:29
    Гледате, тоа е срамно како концепт, па сепак, привлекува луѓе.
  • 12:29 - 12:31
    Друго големо прашање е конформизмот.
  • 12:31 - 12:33
    Нашиот образовен систем е изграден
  • 12:33 - 12:35
    по модел на брза храна.
  • 12:35 - 12:38
    Оваа е нешто за кое Џејми Оливер зборуваше пред некој ден.
  • 12:38 - 12:40
    Постојат два модела за обезбедување на квалитет во угостителство.
  • 12:40 - 12:42
    Еден е брза храна,
  • 12:42 - 12:44
    каде се е стандардизирано.
  • 12:44 - 12:46
    Другиот е како во Загат и Мишелин рестораните
  • 12:46 - 12:48
    каде се е нестандардизирано,
  • 12:48 - 12:50
    тие се прилагодени на локалните состојби.
  • 12:50 - 12:53
    Ние се продадовме самите себе си на моделот на едукација по теркот на брза храна.
  • 12:53 - 12:56
    Тоа го осиромашува нашиот дух и ја исцрпува нашата енергија
  • 12:56 - 12:59
    исто колку што брзата храна го осиромашува нашето физичко тело.
  • 12:59 - 13:04
    (Аплауз)
  • 13:05 - 13:07
    Сметам дека треба да признаеме неколку работи овде.
  • 13:07 - 13:10
    Првата е дека човековиот талент е неверојатно разноврсен.
  • 13:10 - 13:12
    Луѓето се склони на многу работи.
  • 13:12 - 13:14
    Разбрав неодамна дека
  • 13:14 - 13:16
    првата гитара сум ја добил како дете
  • 13:16 - 13:19
    на речиси иста возраст кога Ерик Клептон ја добил неговата прва гитара.
  • 13:20 - 13:23
    Знаете, Ерик имаше корист од тоа, тоа е се што сакам да кажам.
  • 13:23 - 13:25
    (Смеа)
  • 13:25 - 13:27
    За мене немаше никаква корист.
  • 13:27 - 13:30
    Таа работа никако не ми одеше
  • 13:30 - 13:32
    без оглед на тоа колку често и колку напорно дував во неа.
  • 13:32 - 13:34
    Едноставно не ми одеше.
  • 13:37 - 13:39
    Но не е само тоа.
  • 13:39 - 13:41
    Се работи за страста.
  • 13:41 - 13:43
    Многу често, луѓето се добри во работи кои едноставно не ги интересираат.
  • 13:43 - 13:45
    Се работи за страста,
  • 13:45 - 13:48
    и што го возбудува нашиот дух и нашата енергија.
  • 13:48 - 13:51
    И ако ја работиш работата која ја сакаш, во која си добар,
  • 13:51 - 13:54
    времето завзема потполно друг тек.
  • 13:54 - 13:57
    Мојата жена само што заврши со пишување на роман,
  • 13:57 - 13:59
    и мислам дека е одлична книга,
  • 13:59 - 14:02
    но неа ја нема по цели часови.
  • 14:02 - 14:04
    Го знаете ова, ако работите нешто што сакате,
  • 14:04 - 14:07
    еден час ви се чини како да е пет минути.
  • 14:07 - 14:09
    Но ако работиш нешто што не е "на иста бранова должина" со вашиот дух
  • 14:09 - 14:11
    пет минути ви изгледаат како еден час.
  • 14:11 - 14:14
    И причината зошто некои луѓе не се одлучуваат за образованието
  • 14:14 - 14:16
    е во тоа што образованието не го храни нивниот дух,
  • 14:16 - 14:19
    не ја храни нивната енергија ниту нивната пасија.
  • 14:19 - 14:22
    Мислам дека треба да ги смениме метафорите.
  • 14:22 - 14:25
    Треба да се оттргнеме од онаа што во суштина е индустриски модел на образование,
  • 14:25 - 14:27
    мануфактурен модел,
  • 14:27 - 14:29
    кој е базиран на линеарност
  • 14:29 - 14:32
    на конформизмот и на маса луѓе.
  • 14:32 - 14:34
    Треба да се префрлиме на модел
  • 14:34 - 14:37
    кој повеќе е базиран на принципот на земјоделие.
  • 14:37 - 14:40
    Треба да разбереме дека процветување на човекот
  • 14:40 - 14:42
    не е механички процес,
  • 14:42 - 14:44
    туку органски процес.
  • 14:44 - 14:47
    И неможете да го предвидите исходот од човековиот развој;
  • 14:47 - 14:49
    се што можете да направите, како фармер,
  • 14:49 - 14:51
    е да обезбедите услови под кои
  • 14:51 - 14:53
    тие ќе почнат да цутат.
  • 14:53 - 14:56
    Па кога гледаме во реформирање на образование и негова трансформација,
  • 14:56 - 14:59
    тоа не е како клонирање на систем.
  • 14:59 - 15:01
    Постојат добри системи, како "знаењето е моќ".
  • 15:01 - 15:03
    Постојат многу добри модели.
  • 15:03 - 15:06
    Се работи за прилагодување на околностите,
  • 15:06 - 15:08
    и персонализирање на едукацијата
  • 15:08 - 15:10
    во согласност со луѓето кои ги едуцираме.
  • 15:10 - 15:12
    И правење на тоа, јас сметам
  • 15:12 - 15:14
    дека е одговор за иднината
  • 15:14 - 15:17
    затоа што не се работи за изнаоѓање на ново решение;
  • 15:17 - 15:19
    се работи за креирање на движење во образованието
  • 15:19 - 15:22
    во кое луѓето ќе ги развиваат сопствените решенија,
  • 15:22 - 15:25
    но со надворешна поддршка базирана на персонализирана наставна програма.
  • 15:25 - 15:27
    Сега, во оваа соба,
  • 15:27 - 15:29
    има луѓе кои претставуваат
  • 15:29 - 15:31
    неверојатни ресурси во бизнисот,
  • 15:31 - 15:33
    во мултимедија и во интернет.
  • 15:33 - 15:35
    Овие технологии,
  • 15:35 - 15:38
    комбинирани со извонредните таленти на учителите,
  • 15:38 - 15:41
    обезбедуваат можност за револуција во образованието.
  • 15:41 - 15:43
    И јас ве охрабрувам да се вклучите во тоа
  • 15:43 - 15:45
    затоа што тоа е важно, не само за нас,
  • 15:45 - 15:47
    туку за иднината на нашите деца.
  • 15:47 - 15:49
    Но мораме да преминеме од индустриски модел
  • 15:49 - 15:51
    во земјоделски модел,
  • 15:51 - 15:54
    каде од секое училиште ќе може да процвета иднината.
  • 15:54 - 15:56
    Тоа е каде децата го вкусуваат животот.
  • 15:56 - 15:58
    Или дома, ако таму тие одлучат да бидат образовани
  • 15:58 - 16:00
    со нивните семејства или со нивните пријатели.
  • 16:00 - 16:02
    Овде имаше многу зборувања за соништата
  • 16:02 - 16:05
    во изминативе неколку дена.
  • 16:05 - 16:07
    И би сакал само накратко --
  • 16:07 - 16:10
    Бев многу погоден од песните на Натали Мерчант минатата ноќ,
  • 16:10 - 16:12
    потсетувајќи се на старите песни.
  • 16:12 - 16:14
    Би сакал да ви прочитам набрзина, многу кратка песна
  • 16:14 - 16:17
    од Вилијам Батлер Јејтс, кој е некој што можеби го знаете.
  • 16:17 - 16:19
    Тој го напиша ова за неговата љубов,
  • 16:19 - 16:21
    Мод Гон,
  • 16:21 - 16:24
    и тој го оплакува фактот дека
  • 16:24 - 16:27
    неможе да и го даде тоа што тој сметаше дека таа го бараше од него.
  • 16:27 - 16:30
    Тој вели, "Имам нешто друго, но тоа може да не е за тебе."
  • 16:30 - 16:32
    Го вели ова:
  • 16:32 - 16:35
    И да имам облека везена од небо,
  • 16:35 - 16:37
    проткаена со злато,
  • 16:37 - 16:39
    и сребрена светлина,
  • 16:39 - 16:41
    Сина и замаглена
  • 16:41 - 16:43
    и темна облека
  • 16:43 - 16:46
    од ноќ и светлина и полусветлина,
  • 16:46 - 16:49
    би ја распостелал облеката под твоите стапала;
  • 16:49 - 16:52
    Но јас, сиромав,
  • 16:52 - 16:55
    ги имам само моите соништа;
  • 16:55 - 16:58
    И ги распостелав моите соништа под твоите стапала;
  • 16:58 - 17:00
    Оди нежно
  • 17:00 - 17:03
    затоа што одиш по моите соништа."
  • 17:03 - 17:06
    И секој ден, секаде,
  • 17:06 - 17:09
    нашите деца ги постелаат нивните соништа под нашите стапала.
  • 17:09 - 17:12
    И ние треба да чекориме нежно.
  • 17:12 - 17:14
    Ви благодарам.
  • 17:14 - 17:31
    (Аплауз)
  • 17:31 - 17:33
    Ви благодарам многу.
Title:
Сер Кен Робинсон: Нека отпочне револуција во учењето!
Speaker:
Sir Ken Robinson
Description:

Во ова потресно, забавно продолжение на неговиот легендарен говор од 2006, Сер Кен Робинсон излага аргументи за радикална замена на стандардизираните училишта со персонализирано учење - создавајќи услови во кои природните детски таленти можат да цутат.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:37
Sasha Stamenkovski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions