Бев овде пред четири години, и се сеќавам, во тоа време, говорите не беа публикувани на интернет; Мислам дека членовите на ТЕД ги добиваа во кутии, како сет од повеќе ДВД дискови, кои тие ги ставаа на нивните полици, каде се наоѓаат до ден денес. (Смеа) Всушност Крис ме повика една недела откако го одржав мојот говор и ми рече, "Ќе започнеме да ги ставаме на интернет. Може ли твојот говор да го објавиме на интернет?" Јас реков, "Секако." Четири години подоцна, како што реков, беше виден од четири... па, беше превземен од интернет четири милиони пати. Претпоставувам дека таа бројка може да ја помножите со 20 или повеќе за да ја добиете бројката на луѓето кои го виделе говорот. И како што вели Крис, постои вистинска глад за моите видеа. (Смеа) (Аплауз) ... не ли чувствувате? (Смеа) Целиот овој настан беше детална подготовка за мене, правејќи уште една за вас, па еве ја. (Смеа) Ал Гор зборуваше на ТЕД Конференцијата на која јас зборував пред четири години и зборуваше за климатска криза. Го кажав тоа како напомена на крајот на мојот изминат говор. Па би сакал да продолжам од таму затоа што имав само 18 минути, искрено. Па, како што реков... (Смеа) Видете, тој е во право. Мислам, постои огромна климатска криза, очигледно. И мислам дека ако луѓето не веруваат, тогаш треба да излегуваат надвор повеќе. (Смеа) Но јас сметам дека постои втора климатска криза, која е исто толку сериозна, која ги има истите корени, и со која исто така треба да се справиме итно. И со ова мислам -- и може да кажете, патем, "Види, доста е. Имам една климатска криза; Навистина не ми е потребна и втора." Но ова е криза на, не на природни ресурси, иако јас сметам дека тоа е вистина, туку криза на човечки ресурси. Во основа, јас верувам, како што многу говорници веќе кажаа во изминативе неколку дена, дека ние многу малку ги користиме нашите таленти. Премногу луѓе ги минуваат целите нивни животи немајќи вистинско чувство за тоа кои би можеле да бидат нивните вистински таленти, или дали воопшто имаат некој за кој би зборувале. Јас среќавам секакви видови на луѓе кои сметаат дека не се добри во ништо. Всушност, јас сега го делам светот на две групи. Џереми Бентам, голем утилитаристички филозоф, еднаш го изнесе овој аргумент. Тој рече, "Постојат два вида на луѓе на овој свет, оние кои го делат светот на два вида и оние кои не го делат." (Смеа) Епа, јас го делам. (Смеа) Среќавам секакви лиѓе кои не уживаат во она што го работат. Тие едноставно минуваат низ нивните животи справувајќи се со тоа. Тие не добиваат големо задоволство од оноа што го работат. Тие тоа го издржуваат, наместо да го уживаат, и го чекаат викендот. Но исто така среќавам и луѓе кои го сакаат она што го работат и не можат да замислат да работат ништо друго. Ако им кажете, "Немој веќе да го работиш оваа," тие ќе се прашуваат за што зборувате. Затоа што тоа не е тоа што тие работат, туку тоа е кои се тие. Тие велат, "Тоа сум јас, знаете. Би било лудост за мене да го оставам ова, бидејќи тоа најавтентично кажува кој сум јас." Ова не се однесува на повеќето луѓе. Всушност, напротив, сметам дека ова е вистина за многу малку луѓе. И мислам дека постојат многу објаснувања за тоа. Едно од врвот на листата меѓу објаснувањата е образованието, затоа што образованието, на некој начин, повеќето луѓе ги оддалечува од нивните природни таленти. А човековите ресурси се како природните ресурси; честопати се закопани длабоко. Морате да ги барате. Тие не лежат на површината. Морате да поготвите услови во кои тие самите се покажуваат. И може да си помислите дека образованието е начинот на кој тоа се прави. Но многу често, не е. Секој образовен систем во светот во моментов се реформира. И тоа не е доволно. Реформата сега е бескорисна, затоа што таа само го подобрува инаку расипаниот модел. Што ни треба -- и зборот беше користен многу пати за време на курсот во изминативе неколку дена -- не е еволуција, туку револуција во образованието. Тоа мора да биде трансформирано во нешто друго. (Аплауз) Еден од вистинските предизвици е иновација во коренот на образованието. Иновирањето е тешко затоа што значи да се прави нешто што луѓето не мислат дека е едноставно во поголемиот дел од времето. Тоа значи да ги преиспитаме ставовите кои сме ги сфаќале "здраво за готово", нештата за кои мислиме дека се очигледни. Големиот проблем на реформирањето или трансформирањето е тиранијата на здравиот разум, нештата за кои луѓето мислат, "Па, не може да биде направено на ниеден друг начин од проста причина што тоа се прави така" Пред некое време наидов на еден цитат од Абрахам Линколн, за кој сметав дека ќе бидете задоволни дека го цитирам во овој момент. (Смеа) Тој го рече ова во Декември 1862-ра на вториот годишен состанок на конгресот. Треба да појаснам дека немам поим што се случувало во тоа време. Ние не учиме американска историја во Британија. (Смеа) Ние ја поттиснуваме. Знаете, таква е нашата политика. (Смеа) Значи, без двоумење, нешто фасцинантно се случувало во Декември 1862-ра година за кое што американците меѓу нас ќе бидат потполно свесни. Но тој го рече ова: "Догмите од тивкото минато се неадекватни за бурната сегашност. Околностите се натрупани со тешкотии и ние мора да се издигнеме со нив." Го сакам тоа. Не да се издигнеме над нив, туку со нив. Во новава ситуација, ние мора да мислиме одново и да дејствуваме одново Мораме самите себеси да се ослободиме и дури тогаш ќе ја спасиме нашата земја." Го сакам изразот, "ослободиме." Знаете што тоа значи? Дека постојат идеи на кои ние им робуваме, кои ги земаме здраво за готово како природна состојба на нештата, начин на кој нештата се. И многу од нашите идеи се формирани не да се справат со околностите од овој век, туку да се справат со околностите од минатиот век. Но нашите умови сеуште се хипнотизирани од нив. И ние мораме да се ослободиме од некои од нив. Но, да го направиме тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Многу е тешко да се знае кои работи ги земаме "здраво за готово." А причината е затоа што ги земаме "здраво за готово." Дозволете ми да ве прашам за нешто што можеби го земате "здраво за готово." Колкумина од вас се над 25 години? Не сметам дека тоа го земате здраво за готово. Сигурен сум дека веќе сте запознаени со тоа. Дали има некој кој е под 25 години? Одлично. Сега, вие со над 25, подигнете рака доколку носите рачен часовник. Не има во голем број, нели? Прашајте го истово во соба полна со тинејџери. Тинејџерите не носат рачни часовници. Не мислам дека тие неможат или несмеат, само честопати одлучуваат да не носат. А причината е во, како што гледате, тоа што ние сме израснати во пред-дигитална култура, ние над 25 годишна возраст. Па за нас, ако сакаме да знаеме колку е часот, мораме да носиме нешто кое ќе ни го каже времето. Децата денес живеат во дигитализиран свет, и времето, за нив, е насекаде. Тие не гледаат причина да го прават ова. И, патем, ниту вие не мора да го правите тоа; работата е во тоа што вие тоа отсекогаш сте го правеле, и продолжувате да го правите. Мојата ќерка никогаш не носи часовник, мојата ќерка Кејт, која има 20 години. Таа не ја гледа причината за тоа. И таа вели, "тоа е направа со една функција." (Смеа) "Како, колку мизерно е тоа?" А јас велам, "Не, не, го покажува и датумот исто така." (Смеа) "Има повеќе функции." Гледате, постојат работи на кои сме станеле робови преку образованието. Дозволете ми да ви дадам неколку примери. Една од нив е идеја на линеарност, дека тоа започнува овде, и вие одите по патеката, и доколку направите се како што треба, ќе завршите обезбедени до крајот на животот. Секој досега кој зборувал на ТЕД ни кажал имплицитно понекогаш и експлицитно, различна приказна, дека животот не е линеарен, туку органски. Ние ги креираме нашите животи симбиотично додека ги истражуваме нашите таленти во релација со околностите кои тие помагаат да ги направиме за нас. Но знаете, ние станавме опседнати со оваа проповедање за линеарноста. И веројатно врвот во образованието е да се запишеме на колеџ. Мислам дека сме опседнати да ги запишеме луѓето на колеџ, и тоа на одредени видови на колеџ. Не мислам дека не треба да одите на колеџ, но не секој има потреба да оди, и немора секој да оди сега. Можеби ќе одат подоцна, не сега. Пред малку бев во Сан Франциско и потпишував книги на мои обожаватели. Имаше еден човек кој купуваше книга, имаше триесеттина години. И јас го прашав, "Која е вашата професија?" А тој рече, "Јас сум пожарникар." Јас го прашав, "А колку време сте пожарникар?" Тој одговори, "Отсекогаш, отсекогаш сум пожарникар." Јас реков, "А кога одлучи да станеш пожарникар?" Тој рече, "Уште како дете. Всушност тоа ми претставуваше проблем во училиштето," затоа што таму сите сакаа да станат пожарникари." Рече, "Навистина сакав да станам пожарникар." А потоа продолжи, "Кога стасав до завршната година во училиштето," моите наставници не ме сфаќаа сериозно. Особено еден наставник не ме сфаќаше сериозно. Ми рече дека го фрлам животот доколку се одлучам само тоа да го работам, дека треба да се запишам на колеџ, и дека треба да станам некаков професионалец, дека имам голем потенцијал, и дека си го трошам талентот." И ми рече, "ми беше навистина понижувачки затоа што тоа го рече пред целиот клас, и јас навистина се чувствував ужасно. Но тоа беше она што го сакам, и веднаш штом го завршив училиштето, се пријавив во пожарна станица и бев примен." И ми рече, "Знаеш, пред извесно време размислував за наставникот неколку минути пред вие да зборувате, бидејќе пред шест месеци, му го спасив животот." (Смеа) Тој имаше сообраќајна несреќа и беше заробен во смачканиот автомобил, го извадив и му дадов вештачко дишење, а го спасив и животот на неговата жена истотака." Ми рече, "Мислам дека сега има подобро мислење за мене." (Смеа) (Аплауз) Знаете, за мене, човечките заедници зависат од разновидноста на таленти, а не од единствен концепт за способност. И во сржта на нашите предизвици -- (Аплауз) Во сржта на нашите предизвици е да се реконструира нашето сфаќање за способности и за интелигенцијата. Линеарноста е проблем. Кога пристигнав во Лос Анѓелес пред околу девет години, наидов на изјава, добронамерна, која гласи, "Колеџ започнува во градинка." Епа, не започнува. (Смеа) Не започнува. Доколку имавме време, би се задржал на ова, но немаме време. (Смеа) Градинка започнува во градинка. (Смеа) Еден мој пријател еднаш рече, "Тригодишно дете не е половина од шестгодишно дете." (Смеа) (Аплауз) Тоа е тригодишно. Но како што видовме во последната изјава, има огромен натпревар да го запишете детето во градинка денес, да го запишете во вистинската градинка, што луѓето ги инервјуираат на тригодишна возраст. Деца седат пред неимпресионирана комисија, знаете, со нивните резимеа, (Смеа) прелистувајќи ги и велејќи, "Ова е тоа?" (Смеа) (Аплауз) "На светот сте веќе 36 месеци и ова е тоа?" (Смеа) "Не сте постигнале ништо, предадете се. Како што гледам јас, првите шест месеци сте ги поминале во доење." (Смеа) Гледате, тоа е срамно како концепт, па сепак, привлекува луѓе. Друго големо прашање е конформизмот. Нашиот образовен систем е изграден по модел на брза храна. Оваа е нешто за кое Џејми Оливер зборуваше пред некој ден. Постојат два модела за обезбедување на квалитет во угостителство. Еден е брза храна, каде се е стандардизирано. Другиот е како во Загат и Мишелин рестораните каде се е нестандардизирано, тие се прилагодени на локалните состојби. Ние се продадовме самите себе си на моделот на едукација по теркот на брза храна. Тоа го осиромашува нашиот дух и ја исцрпува нашата енергија исто колку што брзата храна го осиромашува нашето физичко тело. (Аплауз) Сметам дека треба да признаеме неколку работи овде. Првата е дека човековиот талент е неверојатно разноврсен. Луѓето се склони на многу работи. Разбрав неодамна дека првата гитара сум ја добил како дете на речиси иста возраст кога Ерик Клептон ја добил неговата прва гитара. Знаете, Ерик имаше корист од тоа, тоа е се што сакам да кажам. (Смеа) За мене немаше никаква корист. Таа работа никако не ми одеше без оглед на тоа колку често и колку напорно дував во неа. Едноставно не ми одеше. Но не е само тоа. Се работи за страста. Многу често, луѓето се добри во работи кои едноставно не ги интересираат. Се работи за страста, и што го возбудува нашиот дух и нашата енергија. И ако ја работиш работата која ја сакаш, во која си добар, времето завзема потполно друг тек. Мојата жена само што заврши со пишување на роман, и мислам дека е одлична книга, но неа ја нема по цели часови. Го знаете ова, ако работите нешто што сакате, еден час ви се чини како да е пет минути. Но ако работиш нешто што не е "на иста бранова должина" со вашиот дух пет минути ви изгледаат како еден час. И причината зошто некои луѓе не се одлучуваат за образованието е во тоа што образованието не го храни нивниот дух, не ја храни нивната енергија ниту нивната пасија. Мислам дека треба да ги смениме метафорите. Треба да се оттргнеме од онаа што во суштина е индустриски модел на образование, мануфактурен модел, кој е базиран на линеарност на конформизмот и на маса луѓе. Треба да се префрлиме на модел кој повеќе е базиран на принципот на земјоделие. Треба да разбереме дека процветување на човекот не е механички процес, туку органски процес. И неможете да го предвидите исходот од човековиот развој; се што можете да направите, како фармер, е да обезбедите услови под кои тие ќе почнат да цутат. Па кога гледаме во реформирање на образование и негова трансформација, тоа не е како клонирање на систем. Постојат добри системи, како "знаењето е моќ". Постојат многу добри модели. Се работи за прилагодување на околностите, и персонализирање на едукацијата во согласност со луѓето кои ги едуцираме. И правење на тоа, јас сметам дека е одговор за иднината затоа што не се работи за изнаоѓање на ново решение; се работи за креирање на движење во образованието во кое луѓето ќе ги развиваат сопствените решенија, но со надворешна поддршка базирана на персонализирана наставна програма. Сега, во оваа соба, има луѓе кои претставуваат неверојатни ресурси во бизнисот, во мултимедија и во интернет. Овие технологии, комбинирани со извонредните таленти на учителите, обезбедуваат можност за револуција во образованието. И јас ве охрабрувам да се вклучите во тоа затоа што тоа е важно, не само за нас, туку за иднината на нашите деца. Но мораме да преминеме од индустриски модел во земјоделски модел, каде од секое училиште ќе може да процвета иднината. Тоа е каде децата го вкусуваат животот. Или дома, ако таму тие одлучат да бидат образовани со нивните семејства или со нивните пријатели. Овде имаше многу зборувања за соништата во изминативе неколку дена. И би сакал само накратко -- Бев многу погоден од песните на Натали Мерчант минатата ноќ, потсетувајќи се на старите песни. Би сакал да ви прочитам набрзина, многу кратка песна од Вилијам Батлер Јејтс, кој е некој што можеби го знаете. Тој го напиша ова за неговата љубов, Мод Гон, и тој го оплакува фактот дека неможе да и го даде тоа што тој сметаше дека таа го бараше од него. Тој вели, "Имам нешто друго, но тоа може да не е за тебе." Го вели ова: И да имам облека везена од небо, проткаена со злато, и сребрена светлина, Сина и замаглена и темна облека од ноќ и светлина и полусветлина, би ја распостелал облеката под твоите стапала; Но јас, сиромав, ги имам само моите соништа; И ги распостелав моите соништа под твоите стапала; Оди нежно затоа што одиш по моите соништа." И секој ден, секаде, нашите деца ги постелаат нивните соништа под нашите стапала. И ние треба да чекориме нежно. Ви благодарам. (Аплауз) Ви благодарам многу.