1 00:00:01,000 --> 00:00:03,000 Бев овде пред четири години, 2 00:00:03,000 --> 00:00:05,000 и се сеќавам, во тоа време, 3 00:00:05,000 --> 00:00:08,000 говорите не беа публикувани на интернет; 4 00:00:08,000 --> 00:00:12,000 Мислам дека членовите на ТЕД ги добиваа во кутии, 5 00:00:12,000 --> 00:00:14,000 како сет од повеќе ДВД дискови, 6 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 кои тие ги ставаа на нивните полици, каде се наоѓаат до ден денес. 7 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 (Смеа) 8 00:00:19,000 --> 00:00:21,000 Всушност Крис ме повика 9 00:00:21,000 --> 00:00:23,000 една недела откако го одржав мојот говор 10 00:00:23,000 --> 00:00:25,000 и ми рече, "Ќе започнеме да ги ставаме на интернет. 11 00:00:25,000 --> 00:00:28,000 Може ли твојот говор да го објавиме на интернет?" Јас реков, "Секако." 12 00:00:28,000 --> 00:00:30,000 Четири години подоцна, 13 00:00:30,000 --> 00:00:32,000 како што реков, беше виден од четири... 14 00:00:32,000 --> 00:00:35,000 па, беше превземен од интернет четири милиони пати. 15 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 Претпоставувам дека таа бројка може да ја помножите со 20 или повеќе 16 00:00:38,000 --> 00:00:40,000 за да ја добиете бројката на луѓето кои го виделе говорот. 17 00:00:40,000 --> 00:00:44,000 И како што вели Крис, постои вистинска глад 18 00:00:44,000 --> 00:00:46,000 за моите видеа. 19 00:00:46,000 --> 00:00:49,000 (Смеа) 20 00:00:49,000 --> 00:00:52,000 (Аплауз) 21 00:00:54,000 --> 00:00:55,000 ... не ли чувствувате? 22 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 (Смеа) 23 00:01:00,000 --> 00:01:03,000 Целиот овој настан беше детална подготовка 24 00:01:03,000 --> 00:01:07,000 за мене, правејќи уште една за вас, па еве ја. 25 00:01:07,000 --> 00:01:08,000 (Смеа) 26 00:01:10,000 --> 00:01:12,000 Ал Гор зборуваше 27 00:01:12,000 --> 00:01:15,000 на ТЕД Конференцијата на која јас зборував пред четири години 28 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 и зборуваше за климатска криза. 29 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 Го кажав тоа како напомена 30 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 на крајот на мојот изминат говор. 31 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 Па би сакал да продолжам од таму 32 00:01:23,000 --> 00:01:26,000 затоа што имав само 18 минути, искрено. 33 00:01:26,000 --> 00:01:28,000 Па, како што реков... 34 00:01:28,000 --> 00:01:33,000 (Смеа) 35 00:01:36,000 --> 00:01:38,000 Видете, тој е во право. 36 00:01:38,000 --> 00:01:41,000 Мислам, постои огромна климатска криза, очигледно. 37 00:01:41,000 --> 00:01:44,000 И мислам дека ако луѓето не веруваат, тогаш треба да излегуваат надвор повеќе. 38 00:01:44,000 --> 00:01:47,000 (Смеа) 39 00:01:47,000 --> 00:01:50,000 Но јас сметам дека постои втора климатска криза, 40 00:01:51,000 --> 00:01:53,000 која е исто толку сериозна, 41 00:01:53,000 --> 00:01:56,000 која ги има истите корени, 42 00:01:56,000 --> 00:01:59,000 и со која исто така треба да се справиме итно. 43 00:01:59,000 --> 00:02:01,000 И со ова мислам -- 44 00:02:01,000 --> 00:02:03,000 и може да кажете, патем, "Види, доста е. 45 00:02:03,000 --> 00:02:05,000 Имам една климатска криза; 46 00:02:05,000 --> 00:02:08,000 Навистина не ми е потребна и втора." 47 00:02:08,000 --> 00:02:10,000 Но ова е криза на, не на природни ресурси, 48 00:02:10,000 --> 00:02:13,000 иако јас сметам дека тоа е вистина, 49 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 туку криза на човечки ресурси. 50 00:02:15,000 --> 00:02:17,000 Во основа, јас верувам, 51 00:02:17,000 --> 00:02:19,000 како што многу говорници веќе кажаа во изминативе неколку дена, 52 00:02:19,000 --> 00:02:22,000 дека ние многу малку ги користиме 53 00:02:22,000 --> 00:02:25,000 нашите таленти. 54 00:02:25,000 --> 00:02:27,000 Премногу луѓе ги минуваат целите нивни животи 55 00:02:27,000 --> 00:02:30,000 немајќи вистинско чувство за тоа кои би можеле да бидат нивните вистински таленти, 56 00:02:30,000 --> 00:02:32,000 или дали воопшто имаат некој за кој би зборувале. 57 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 Јас среќавам секакви видови на луѓе 58 00:02:34,000 --> 00:02:37,000 кои сметаат дека не се добри во ништо. 59 00:02:38,000 --> 00:02:41,000 Всушност, јас сега го делам светот на две групи. 60 00:02:41,000 --> 00:02:44,000 Џереми Бентам, голем утилитаристички филозоф, 61 00:02:44,000 --> 00:02:46,000 еднаш го изнесе овој аргумент. 62 00:02:46,000 --> 00:02:48,000 Тој рече, "Постојат два вида на луѓе на овој свет, 63 00:02:48,000 --> 00:02:50,000 оние кои го делат светот на два вида 64 00:02:50,000 --> 00:02:52,000 и оние кои не го делат." 65 00:02:52,000 --> 00:02:55,000 (Смеа) 66 00:02:57,000 --> 00:02:59,000 Епа, јас го делам. 67 00:02:59,000 --> 00:03:01,000 (Смеа) 68 00:03:04,000 --> 00:03:06,000 Среќавам секакви лиѓе 69 00:03:06,000 --> 00:03:09,000 кои не уживаат во она што го работат. 70 00:03:09,000 --> 00:03:11,000 Тие едноставно минуваат низ нивните животи 71 00:03:11,000 --> 00:03:13,000 справувајќи се со тоа. 72 00:03:13,000 --> 00:03:15,000 Тие не добиваат големо задоволство од оноа што го работат. 73 00:03:15,000 --> 00:03:18,000 Тие тоа го издржуваат, наместо да го уживаат, 74 00:03:18,000 --> 00:03:21,000 и го чекаат викендот. 75 00:03:21,000 --> 00:03:23,000 Но исто така среќавам и луѓе 76 00:03:23,000 --> 00:03:25,000 кои го сакаат она што го работат 77 00:03:25,000 --> 00:03:27,000 и не можат да замислат да работат ништо друго. 78 00:03:27,000 --> 00:03:30,000 Ако им кажете, "Немој веќе да го работиш оваа," тие ќе се прашуваат за што зборувате. 79 00:03:30,000 --> 00:03:33,000 Затоа што тоа не е тоа што тие работат, туку тоа е кои се тие. Тие велат, 80 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 "Тоа сум јас, знаете. 81 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 Би било лудост за мене да го оставам ова, бидејќи 82 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 тоа најавтентично кажува кој сум јас." 83 00:03:39,000 --> 00:03:42,000 Ова не се однесува на повеќето луѓе. 84 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 Всушност, напротив, сметам 85 00:03:44,000 --> 00:03:46,000 дека ова е вистина за многу малку луѓе. 86 00:03:46,000 --> 00:03:48,000 И мислам дека постојат многу 87 00:03:48,000 --> 00:03:50,000 објаснувања за тоа. 88 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Едно од врвот на листата меѓу објаснувањата 89 00:03:52,000 --> 00:03:54,000 е образованието, 90 00:03:54,000 --> 00:03:56,000 затоа што образованието, на некој начин, 91 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 повеќето луѓе ги оддалечува 92 00:03:58,000 --> 00:04:00,000 од нивните природни таленти. 93 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 А човековите ресурси се како природните ресурси; 94 00:04:03,000 --> 00:04:05,000 честопати се закопани длабоко. 95 00:04:05,000 --> 00:04:07,000 Морате да ги барате. 96 00:04:07,000 --> 00:04:09,000 Тие не лежат на површината. 97 00:04:09,000 --> 00:04:12,000 Морате да поготвите услови во кои тие самите се покажуваат. 98 00:04:12,000 --> 00:04:14,000 И може да си помислите 99 00:04:14,000 --> 00:04:16,000 дека образованието е начинот на кој тоа се прави. 100 00:04:16,000 --> 00:04:18,000 Но многу често, не е. 101 00:04:18,000 --> 00:04:20,000 Секој образовен систем во светот 102 00:04:20,000 --> 00:04:22,000 во моментов се реформира. 103 00:04:22,000 --> 00:04:24,000 И тоа не е доволно. 104 00:04:24,000 --> 00:04:26,000 Реформата сега е бескорисна, 105 00:04:26,000 --> 00:04:29,000 затоа што таа само го подобрува инаку расипаниот модел. 106 00:04:29,000 --> 00:04:31,000 Што ни треба -- 107 00:04:31,000 --> 00:04:33,000 и зборот беше користен многу пати за време на курсот во изминативе неколку дена -- 108 00:04:33,000 --> 00:04:35,000 не е еволуција, 109 00:04:35,000 --> 00:04:38,000 туку револуција во образованието. 110 00:04:38,000 --> 00:04:40,000 Тоа мора да биде трансформирано 111 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 во нешто друго. 112 00:04:42,000 --> 00:04:47,000 (Аплауз) 113 00:04:48,000 --> 00:04:50,000 Еден од вистинските предизвици 114 00:04:50,000 --> 00:04:52,000 е иновација во коренот 115 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 на образованието. 116 00:04:54,000 --> 00:04:56,000 Иновирањето е тешко 117 00:04:56,000 --> 00:04:58,000 затоа што значи да се прави нешто 118 00:04:58,000 --> 00:05:00,000 што луѓето не мислат дека е едноставно во поголемиот дел од времето. 119 00:05:00,000 --> 00:05:03,000 Тоа значи да ги преиспитаме ставовите кои сме ги сфаќале 120 00:05:03,000 --> 00:05:06,000 "здраво за готово", нештата за кои мислиме дека се очигледни. 121 00:05:06,000 --> 00:05:08,000 Големиот проблем на реформирањето 122 00:05:08,000 --> 00:05:10,000 или трансформирањето 123 00:05:10,000 --> 00:05:12,000 е тиранијата на здравиот разум, 124 00:05:12,000 --> 00:05:14,000 нештата за кои луѓето мислат, 125 00:05:14,000 --> 00:05:16,000 "Па, не може да биде направено на ниеден друг начин од проста причина што тоа се прави така" 126 00:05:16,000 --> 00:05:19,000 Пред некое време наидов на еден цитат од Абрахам Линколн, 127 00:05:19,000 --> 00:05:22,000 за кој сметав дека ќе бидете задоволни дека го цитирам во овој момент. 128 00:05:22,000 --> 00:05:24,000 (Смеа) 129 00:05:24,000 --> 00:05:27,000 Тој го рече ова во Декември 1862-ра 130 00:05:27,000 --> 00:05:30,000 на вториот годишен состанок на конгресот. 131 00:05:31,000 --> 00:05:34,000 Треба да појаснам дека немам поим што се случувало во тоа време. 132 00:05:36,000 --> 00:05:38,000 Ние не учиме американска историја во Британија. 133 00:05:38,000 --> 00:05:40,000 (Смеа) 134 00:05:40,000 --> 00:05:43,000 Ние ја поттиснуваме. Знаете, таква е нашата политика. 135 00:05:43,000 --> 00:05:45,000 (Смеа) 136 00:05:46,000 --> 00:05:48,000 Значи, без двоумење, нешто фасцинантно се случувало во Декември 1862-ра година 137 00:05:48,000 --> 00:05:50,000 за кое што американците меѓу нас 138 00:05:50,000 --> 00:05:52,000 ќе бидат потполно свесни. 139 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 Но тој го рече ова: 140 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 "Догмите 141 00:05:57,000 --> 00:05:59,000 од тивкото минато 142 00:05:59,000 --> 00:06:02,000 се неадекватни за бурната сегашност. 143 00:06:02,000 --> 00:06:04,000 Околностите 144 00:06:04,000 --> 00:06:06,000 се натрупани со тешкотии 145 00:06:06,000 --> 00:06:09,000 и ние мора да се издигнеме со нив." 146 00:06:09,000 --> 00:06:11,000 Го сакам тоа. 147 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 Не да се издигнеме над нив, туку со нив. 148 00:06:15,000 --> 00:06:17,000 Во новава ситуација, 149 00:06:17,000 --> 00:06:20,000 ние мора да мислиме одново 150 00:06:20,000 --> 00:06:23,000 и да дејствуваме одново 151 00:06:23,000 --> 00:06:26,000 Мораме самите себеси да се ослободиме 152 00:06:26,000 --> 00:06:29,000 и дури тогаш ќе ја спасиме нашата земја." 153 00:06:29,000 --> 00:06:31,000 Го сакам изразот, "ослободиме." 154 00:06:31,000 --> 00:06:33,000 Знаете што тоа значи? 155 00:06:33,000 --> 00:06:36,000 Дека постојат идеи на кои ние им робуваме, 156 00:06:36,000 --> 00:06:38,000 кои ги земаме здраво за готово 157 00:06:38,000 --> 00:06:40,000 како природна состојба на нештата, начин на кој нештата се. 158 00:06:40,000 --> 00:06:42,000 И многу од нашите идеи 159 00:06:42,000 --> 00:06:45,000 се формирани не да се справат со околностите од овој век, 160 00:06:45,000 --> 00:06:48,000 туку да се справат со околностите од минатиот век. 161 00:06:48,000 --> 00:06:50,000 Но нашите умови сеуште се хипнотизирани од нив. 162 00:06:50,000 --> 00:06:53,000 И ние мораме да се ослободиме од некои од нив. 163 00:06:53,000 --> 00:06:56,000 Но, да го направиме тоа е полесно да се каже отколку да се направи. 164 00:06:56,000 --> 00:06:59,000 Многу е тешко да се знае кои работи ги земаме "здраво за готово." 165 00:06:59,000 --> 00:07:02,000 А причината е затоа што ги земаме "здраво за готово." 166 00:07:02,000 --> 00:07:05,000 Дозволете ми да ве прашам за нешто што можеби го земате "здраво за готово." 167 00:07:05,000 --> 00:07:08,000 Колкумина од вас се над 25 години? 168 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 Не сметам дека тоа го земате здраво за готово. 169 00:07:10,000 --> 00:07:12,000 Сигурен сум дека веќе сте запознаени со тоа. 170 00:07:12,000 --> 00:07:15,000 Дали има некој кој е под 25 години? 171 00:07:15,000 --> 00:07:18,000 Одлично. Сега, вие со над 25, 172 00:07:18,000 --> 00:07:21,000 подигнете рака доколку носите рачен часовник. 173 00:07:21,000 --> 00:07:24,000 Не има во голем број, нели? 174 00:07:24,000 --> 00:07:27,000 Прашајте го истово во соба полна со тинејџери. 175 00:07:27,000 --> 00:07:29,000 Тинејџерите не носат рачни часовници. 176 00:07:29,000 --> 00:07:31,000 Не мислам дека тие неможат или несмеат, 177 00:07:31,000 --> 00:07:33,000 само честопати одлучуваат да не носат. 178 00:07:33,000 --> 00:07:35,000 А причината е во, како што гледате, тоа што ние сме израснати 179 00:07:35,000 --> 00:07:38,000 во пред-дигитална култура, ние над 25 годишна возраст. 180 00:07:38,000 --> 00:07:40,000 Па за нас, ако сакаме да знаеме колку е часот, 181 00:07:40,000 --> 00:07:42,000 мораме да носиме нешто кое ќе ни го каже времето. 182 00:07:42,000 --> 00:07:45,000 Децата денес живеат во дигитализиран свет, 183 00:07:45,000 --> 00:07:47,000 и времето, за нив, е насекаде. 184 00:07:47,000 --> 00:07:49,000 Тие не гледаат причина да го прават ова. 185 00:07:49,000 --> 00:07:51,000 И, патем, ниту вие не мора да го правите тоа; 186 00:07:51,000 --> 00:07:54,000 работата е во тоа што вие тоа отсекогаш сте го правеле, и продолжувате да го правите. 187 00:07:54,000 --> 00:07:57,000 Мојата ќерка никогаш не носи часовник, мојата ќерка Кејт, која има 20 години. 188 00:07:57,000 --> 00:07:59,000 Таа не ја гледа причината за тоа. 189 00:07:59,000 --> 00:08:02,000 И таа вели, "тоа е направа со една функција." 190 00:08:02,000 --> 00:08:07,000 (Смеа) 191 00:08:07,000 --> 00:08:10,000 "Како, колку мизерно е тоа?" 192 00:08:10,000 --> 00:08:12,000 А јас велам, "Не, не, го покажува и датумот исто така." 193 00:08:12,000 --> 00:08:16,000 (Смеа) 194 00:08:17,000 --> 00:08:20,000 "Има повеќе функции." 195 00:08:20,000 --> 00:08:23,000 Гледате, постојат работи на кои сме станеле робови преку образованието. 196 00:08:23,000 --> 00:08:25,000 Дозволете ми да ви дадам неколку примери. 197 00:08:25,000 --> 00:08:28,000 Една од нив е идеја на линеарност, 198 00:08:28,000 --> 00:08:31,000 дека тоа започнува овде, и вие одите по патеката, 199 00:08:31,000 --> 00:08:33,000 и доколку направите се како што треба, ќе завршите 200 00:08:33,000 --> 00:08:35,000 обезбедени до крајот на животот. 201 00:08:37,000 --> 00:08:39,000 Секој досега кој зборувал на ТЕД ни кажал имплицитно 202 00:08:39,000 --> 00:08:42,000 понекогаш и експлицитно, различна приказна, 203 00:08:42,000 --> 00:08:45,000 дека животот не е линеарен, туку органски. 204 00:08:45,000 --> 00:08:47,000 Ние ги креираме нашите животи симбиотично 205 00:08:47,000 --> 00:08:49,000 додека ги истражуваме нашите таленти 206 00:08:49,000 --> 00:08:52,000 во релација со околностите кои тие помагаат да ги направиме за нас. 207 00:08:52,000 --> 00:08:54,000 Но знаете, ние станавме опседнати 208 00:08:54,000 --> 00:08:56,000 со оваа проповедање за линеарноста. 209 00:08:56,000 --> 00:08:58,000 И веројатно врвот во образованието 210 00:08:58,000 --> 00:09:00,000 е да се запишеме на колеџ. 211 00:09:00,000 --> 00:09:03,000 Мислам дека сме опседнати да ги запишеме луѓето на колеџ, 212 00:09:03,000 --> 00:09:05,000 и тоа на одредени видови на колеџ. 213 00:09:05,000 --> 00:09:07,000 Не мислам дека не треба да одите на колеџ, но не секој има потреба да оди, 214 00:09:07,000 --> 00:09:09,000 и немора секој да оди сега. 215 00:09:09,000 --> 00:09:11,000 Можеби ќе одат подоцна, не сега. 216 00:09:11,000 --> 00:09:13,000 Пред малку бев во Сан Франциско 217 00:09:13,000 --> 00:09:15,000 и потпишував книги на мои обожаватели. 218 00:09:15,000 --> 00:09:17,000 Имаше еден човек кој купуваше книга, имаше триесеттина години. 219 00:09:17,000 --> 00:09:19,000 И јас го прашав, "Која е вашата професија?" 220 00:09:19,000 --> 00:09:22,000 А тој рече, "Јас сум пожарникар." 221 00:09:22,000 --> 00:09:24,000 Јас го прашав, "А колку време сте пожарникар?" 222 00:09:24,000 --> 00:09:26,000 Тој одговори, "Отсекогаш, отсекогаш сум пожарникар." 223 00:09:26,000 --> 00:09:28,000 Јас реков, "А кога одлучи да станеш пожарникар?" 224 00:09:28,000 --> 00:09:31,000 Тој рече, "Уште како дете. Всушност тоа ми претставуваше проблем во училиштето," 225 00:09:31,000 --> 00:09:34,000 затоа што таму сите сакаа да станат пожарникари." 226 00:09:34,000 --> 00:09:37,000 Рече, "Навистина сакав да станам пожарникар." 227 00:09:37,000 --> 00:09:40,000 А потоа продолжи, "Кога стасав до завршната година во училиштето," 228 00:09:40,000 --> 00:09:43,000 моите наставници не ме сфаќаа сериозно. 229 00:09:43,000 --> 00:09:45,000 Особено еден наставник не ме сфаќаше сериозно. 230 00:09:45,000 --> 00:09:47,000 Ми рече дека го фрлам животот 231 00:09:47,000 --> 00:09:49,000 доколку се одлучам само тоа да го работам, 232 00:09:49,000 --> 00:09:52,000 дека треба да се запишам на колеџ, и дека треба да станам некаков професионалец, 233 00:09:52,000 --> 00:09:54,000 дека имам голем потенцијал, 234 00:09:54,000 --> 00:09:56,000 и дека си го трошам талентот." 235 00:09:56,000 --> 00:09:58,000 И ми рече, "ми беше навистина понижувачки затоа што 236 00:09:58,000 --> 00:10:00,000 тоа го рече пред целиот клас, и јас навистина се чувствував ужасно. 237 00:10:00,000 --> 00:10:02,000 Но тоа беше она што го сакам, и веднаш штом го завршив училиштето, 238 00:10:02,000 --> 00:10:05,000 се пријавив во пожарна станица и бев примен." 239 00:10:05,000 --> 00:10:07,000 И ми рече, "Знаеш, пред извесно време размислував за наставникот 240 00:10:07,000 --> 00:10:10,000 неколку минути пред вие да зборувате, 241 00:10:10,000 --> 00:10:12,000 бидејќе пред шест месеци, 242 00:10:12,000 --> 00:10:14,000 му го спасив животот." 243 00:10:14,000 --> 00:10:16,000 (Смеа) 244 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 Тој имаше сообраќајна несреќа и беше заробен во смачканиот автомобил, 245 00:10:18,000 --> 00:10:21,000 го извадив и му дадов вештачко дишење, 246 00:10:21,000 --> 00:10:24,000 а го спасив и животот на неговата жена истотака." 247 00:10:24,000 --> 00:10:26,000 Ми рече, "Мислам дека сега има подобро мислење за мене." 248 00:10:26,000 --> 00:10:28,000 (Смеа) 249 00:10:28,000 --> 00:10:33,000 (Аплауз) 250 00:10:34,000 --> 00:10:36,000 Знаете, за мене, 251 00:10:36,000 --> 00:10:38,000 човечките заедници зависат од 252 00:10:38,000 --> 00:10:40,000 разновидноста на таленти, 253 00:10:40,000 --> 00:10:43,000 а не од единствен концепт за способност. 254 00:10:43,000 --> 00:10:45,000 И во сржта на нашите предизвици -- 255 00:10:45,000 --> 00:10:47,000 (Аплауз) 256 00:10:47,000 --> 00:10:49,000 Во сржта на нашите предизвици 257 00:10:49,000 --> 00:10:51,000 е да се реконструира нашето сфаќање за способности 258 00:10:51,000 --> 00:10:53,000 и за интелигенцијата. 259 00:10:53,000 --> 00:10:55,000 Линеарноста е проблем. 260 00:10:55,000 --> 00:10:57,000 Кога пристигнав во Лос Анѓелес 261 00:10:57,000 --> 00:10:59,000 пред околу девет години, 262 00:10:59,000 --> 00:11:02,000 наидов на изјава, 263 00:11:02,000 --> 00:11:04,000 добронамерна, 264 00:11:04,000 --> 00:11:07,000 која гласи, "Колеџ започнува во градинка." 265 00:11:09,000 --> 00:11:11,000 Епа, не започнува. 266 00:11:11,000 --> 00:11:14,000 (Смеа) 267 00:11:14,000 --> 00:11:16,000 Не започнува. 268 00:11:16,000 --> 00:11:19,000 Доколку имавме време, би се задржал на ова, но немаме време. 269 00:11:19,000 --> 00:11:21,000 (Смеа) 270 00:11:21,000 --> 00:11:23,000 Градинка започнува во градинка. 271 00:11:23,000 --> 00:11:25,000 (Смеа) 272 00:11:25,000 --> 00:11:27,000 Еден мој пријател еднаш рече, 273 00:11:27,000 --> 00:11:30,000 "Тригодишно дете не е половина од шестгодишно дете." 274 00:11:30,000 --> 00:11:32,000 (Смеа) 275 00:11:32,000 --> 00:11:37,000 (Аплауз) 276 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 Тоа е тригодишно. 277 00:11:39,000 --> 00:11:41,000 Но како што видовме во последната изјава, 278 00:11:41,000 --> 00:11:44,000 има огромен натпревар да го запишете детето во градинка денес, 279 00:11:44,000 --> 00:11:46,000 да го запишете во вистинската градинка, 280 00:11:46,000 --> 00:11:49,000 што луѓето ги инервјуираат на тригодишна возраст. 281 00:11:51,000 --> 00:11:53,000 Деца седат пред неимпресионирана комисија, 282 00:11:53,000 --> 00:11:55,000 знаете, со нивните резимеа, 283 00:11:55,000 --> 00:11:58,000 (Смеа) 284 00:11:58,000 --> 00:12:00,000 прелистувајќи ги и велејќи, "Ова е тоа?" 285 00:12:00,000 --> 00:12:02,000 (Смеа) 286 00:12:02,000 --> 00:12:05,000 (Аплауз) 287 00:12:05,000 --> 00:12:08,000 "На светот сте веќе 36 месеци и ова е тоа?" 288 00:12:08,000 --> 00:12:15,000 (Смеа) 289 00:12:15,000 --> 00:12:18,000 "Не сте постигнале ништо, предадете се. 290 00:12:18,000 --> 00:12:21,000 Како што гледам јас, првите шест месеци сте ги поминале во доење." 291 00:12:21,000 --> 00:12:24,000 (Смеа) 292 00:12:26,000 --> 00:12:29,000 Гледате, тоа е срамно како концепт, па сепак, привлекува луѓе. 293 00:12:29,000 --> 00:12:31,000 Друго големо прашање е конформизмот. 294 00:12:31,000 --> 00:12:33,000 Нашиот образовен систем е изграден 295 00:12:33,000 --> 00:12:35,000 по модел на брза храна. 296 00:12:35,000 --> 00:12:38,000 Оваа е нешто за кое Џејми Оливер зборуваше пред некој ден. 297 00:12:38,000 --> 00:12:40,000 Постојат два модела за обезбедување на квалитет во угостителство. 298 00:12:40,000 --> 00:12:42,000 Еден е брза храна, 299 00:12:42,000 --> 00:12:44,000 каде се е стандардизирано. 300 00:12:44,000 --> 00:12:46,000 Другиот е како во Загат и Мишелин рестораните 301 00:12:46,000 --> 00:12:48,000 каде се е нестандардизирано, 302 00:12:48,000 --> 00:12:50,000 тие се прилагодени на локалните состојби. 303 00:12:50,000 --> 00:12:53,000 Ние се продадовме самите себе си на моделот на едукација по теркот на брза храна. 304 00:12:53,000 --> 00:12:56,000 Тоа го осиромашува нашиот дух и ја исцрпува нашата енергија 305 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 исто колку што брзата храна го осиромашува нашето физичко тело. 306 00:12:59,000 --> 00:13:04,000 (Аплауз) 307 00:13:05,000 --> 00:13:07,000 Сметам дека треба да признаеме неколку работи овде. 308 00:13:07,000 --> 00:13:10,000 Првата е дека човековиот талент е неверојатно разноврсен. 309 00:13:10,000 --> 00:13:12,000 Луѓето се склони на многу работи. 310 00:13:12,000 --> 00:13:14,000 Разбрав неодамна дека 311 00:13:14,000 --> 00:13:16,000 првата гитара сум ја добил како дете 312 00:13:16,000 --> 00:13:19,000 на речиси иста возраст кога Ерик Клептон ја добил неговата прва гитара. 313 00:13:20,000 --> 00:13:23,000 Знаете, Ерик имаше корист од тоа, тоа е се што сакам да кажам. 314 00:13:23,000 --> 00:13:25,000 (Смеа) 315 00:13:25,000 --> 00:13:27,000 За мене немаше никаква корист. 316 00:13:27,000 --> 00:13:30,000 Таа работа никако не ми одеше 317 00:13:30,000 --> 00:13:32,000 без оглед на тоа колку често и колку напорно дував во неа. 318 00:13:32,000 --> 00:13:34,000 Едноставно не ми одеше. 319 00:13:37,000 --> 00:13:39,000 Но не е само тоа. 320 00:13:39,000 --> 00:13:41,000 Се работи за страста. 321 00:13:41,000 --> 00:13:43,000 Многу често, луѓето се добри во работи кои едноставно не ги интересираат. 322 00:13:43,000 --> 00:13:45,000 Се работи за страста, 323 00:13:45,000 --> 00:13:48,000 и што го возбудува нашиот дух и нашата енергија. 324 00:13:48,000 --> 00:13:51,000 И ако ја работиш работата која ја сакаш, во која си добар, 325 00:13:51,000 --> 00:13:54,000 времето завзема потполно друг тек. 326 00:13:54,000 --> 00:13:57,000 Мојата жена само што заврши со пишување на роман, 327 00:13:57,000 --> 00:13:59,000 и мислам дека е одлична книга, 328 00:13:59,000 --> 00:14:02,000 но неа ја нема по цели часови. 329 00:14:02,000 --> 00:14:04,000 Го знаете ова, ако работите нешто што сакате, 330 00:14:04,000 --> 00:14:07,000 еден час ви се чини како да е пет минути. 331 00:14:07,000 --> 00:14:09,000 Но ако работиш нешто што не е "на иста бранова должина" со вашиот дух 332 00:14:09,000 --> 00:14:11,000 пет минути ви изгледаат како еден час. 333 00:14:11,000 --> 00:14:14,000 И причината зошто некои луѓе не се одлучуваат за образованието 334 00:14:14,000 --> 00:14:16,000 е во тоа што образованието не го храни нивниот дух, 335 00:14:16,000 --> 00:14:19,000 не ја храни нивната енергија ниту нивната пасија. 336 00:14:19,000 --> 00:14:22,000 Мислам дека треба да ги смениме метафорите. 337 00:14:22,000 --> 00:14:25,000 Треба да се оттргнеме од онаа што во суштина е индустриски модел на образование, 338 00:14:25,000 --> 00:14:27,000 мануфактурен модел, 339 00:14:27,000 --> 00:14:29,000 кој е базиран на линеарност 340 00:14:29,000 --> 00:14:32,000 на конформизмот и на маса луѓе. 341 00:14:32,000 --> 00:14:34,000 Треба да се префрлиме на модел 342 00:14:34,000 --> 00:14:37,000 кој повеќе е базиран на принципот на земјоделие. 343 00:14:37,000 --> 00:14:40,000 Треба да разбереме дека процветување на човекот 344 00:14:40,000 --> 00:14:42,000 не е механички процес, 345 00:14:42,000 --> 00:14:44,000 туку органски процес. 346 00:14:44,000 --> 00:14:47,000 И неможете да го предвидите исходот од човековиот развој; 347 00:14:47,000 --> 00:14:49,000 се што можете да направите, како фармер, 348 00:14:49,000 --> 00:14:51,000 е да обезбедите услови под кои 349 00:14:51,000 --> 00:14:53,000 тие ќе почнат да цутат. 350 00:14:53,000 --> 00:14:56,000 Па кога гледаме во реформирање на образование и негова трансформација, 351 00:14:56,000 --> 00:14:59,000 тоа не е како клонирање на систем. 352 00:14:59,000 --> 00:15:01,000 Постојат добри системи, како "знаењето е моќ". 353 00:15:01,000 --> 00:15:03,000 Постојат многу добри модели. 354 00:15:03,000 --> 00:15:06,000 Се работи за прилагодување на околностите, 355 00:15:06,000 --> 00:15:08,000 и персонализирање на едукацијата 356 00:15:08,000 --> 00:15:10,000 во согласност со луѓето кои ги едуцираме. 357 00:15:10,000 --> 00:15:12,000 И правење на тоа, јас сметам 358 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 дека е одговор за иднината 359 00:15:14,000 --> 00:15:17,000 затоа што не се работи за изнаоѓање на ново решение; 360 00:15:17,000 --> 00:15:19,000 се работи за креирање на движење во образованието 361 00:15:19,000 --> 00:15:22,000 во кое луѓето ќе ги развиваат сопствените решенија, 362 00:15:22,000 --> 00:15:25,000 но со надворешна поддршка базирана на персонализирана наставна програма. 363 00:15:25,000 --> 00:15:27,000 Сега, во оваа соба, 364 00:15:27,000 --> 00:15:29,000 има луѓе кои претставуваат 365 00:15:29,000 --> 00:15:31,000 неверојатни ресурси во бизнисот, 366 00:15:31,000 --> 00:15:33,000 во мултимедија и во интернет. 367 00:15:33,000 --> 00:15:35,000 Овие технологии, 368 00:15:35,000 --> 00:15:38,000 комбинирани со извонредните таленти на учителите, 369 00:15:38,000 --> 00:15:41,000 обезбедуваат можност за револуција во образованието. 370 00:15:41,000 --> 00:15:43,000 И јас ве охрабрувам да се вклучите во тоа 371 00:15:43,000 --> 00:15:45,000 затоа што тоа е важно, не само за нас, 372 00:15:45,000 --> 00:15:47,000 туку за иднината на нашите деца. 373 00:15:47,000 --> 00:15:49,000 Но мораме да преминеме од индустриски модел 374 00:15:49,000 --> 00:15:51,000 во земјоделски модел, 375 00:15:51,000 --> 00:15:54,000 каде од секое училиште ќе може да процвета иднината. 376 00:15:54,000 --> 00:15:56,000 Тоа е каде децата го вкусуваат животот. 377 00:15:56,000 --> 00:15:58,000 Или дома, ако таму тие одлучат да бидат образовани 378 00:15:58,000 --> 00:16:00,000 со нивните семејства или со нивните пријатели. 379 00:16:00,000 --> 00:16:02,000 Овде имаше многу зборувања за соништата 380 00:16:02,000 --> 00:16:05,000 во изминативе неколку дена. 381 00:16:05,000 --> 00:16:07,000 И би сакал само накратко -- 382 00:16:07,000 --> 00:16:10,000 Бев многу погоден од песните на Натали Мерчант минатата ноќ, 383 00:16:10,000 --> 00:16:12,000 потсетувајќи се на старите песни. 384 00:16:12,000 --> 00:16:14,000 Би сакал да ви прочитам набрзина, многу кратка песна 385 00:16:14,000 --> 00:16:17,000 од Вилијам Батлер Јејтс, кој е некој што можеби го знаете. 386 00:16:17,000 --> 00:16:19,000 Тој го напиша ова за неговата љубов, 387 00:16:19,000 --> 00:16:21,000 Мод Гон, 388 00:16:21,000 --> 00:16:24,000 и тој го оплакува фактот дека 389 00:16:24,000 --> 00:16:27,000 неможе да и го даде тоа што тој сметаше дека таа го бараше од него. 390 00:16:27,000 --> 00:16:30,000 Тој вели, "Имам нешто друго, но тоа може да не е за тебе." 391 00:16:30,000 --> 00:16:32,000 Го вели ова: 392 00:16:32,000 --> 00:16:35,000 И да имам облека везена од небо, 393 00:16:35,000 --> 00:16:37,000 проткаена со злато, 394 00:16:37,000 --> 00:16:39,000 и сребрена светлина, 395 00:16:39,000 --> 00:16:41,000 Сина и замаглена 396 00:16:41,000 --> 00:16:43,000 и темна облека 397 00:16:43,000 --> 00:16:46,000 од ноќ и светлина и полусветлина, 398 00:16:46,000 --> 00:16:49,000 би ја распостелал облеката под твоите стапала; 399 00:16:49,000 --> 00:16:52,000 Но јас, сиромав, 400 00:16:52,000 --> 00:16:55,000 ги имам само моите соништа; 401 00:16:55,000 --> 00:16:58,000 И ги распостелав моите соништа под твоите стапала; 402 00:16:58,000 --> 00:17:00,000 Оди нежно 403 00:17:00,000 --> 00:17:03,000 затоа што одиш по моите соништа." 404 00:17:03,000 --> 00:17:06,000 И секој ден, секаде, 405 00:17:06,000 --> 00:17:09,000 нашите деца ги постелаат нивните соништа под нашите стапала. 406 00:17:09,000 --> 00:17:12,000 И ние треба да чекориме нежно. 407 00:17:12,000 --> 00:17:14,000 Ви благодарам. 408 00:17:14,000 --> 00:17:31,000 (Аплауз) 409 00:17:31,000 --> 00:17:33,000 Ви благодарам многу.