< Return to Video

Фиктивноста на меморијата

  • 0:01 - 0:05
    Сакам да ви зборувам за еден судски случај на кој работев,
  • 0:05 - 0:08
    во кој беше инволвиран маж по име Стив Тајтус.
  • 0:08 - 0:11
    Тајтус беше менаџер на ресторант.
  • 0:11 - 0:16
    Имаше 31 година, живееше во Сиетл, Вашингтон,
  • 0:16 - 0:17
    беше верен за Гречен,
  • 0:17 - 0:20
    требаше да се ожени, таа му беше животна љубов.
  • 0:20 - 0:23
    Една ноќ, парот отишол
  • 0:23 - 0:26
    во ресторант на романтична вечера.
  • 0:26 - 0:27
    Враќајќи се дома
  • 0:27 - 0:30
    биле сопрени од страна на полицаец.
  • 0:30 - 0:34
    Видете, колата на Тајтус наликувала
  • 0:34 - 0:37
    на колата, возена истата таа ноќ,
  • 0:37 - 0:41
    од страна на маж кој силувал автостоперка,
  • 0:41 - 0:44
    а Тајтус донекаде личел на силувачот.
  • 0:44 - 0:47
    Полицијата го фотографирала Тајтус,
  • 0:47 - 0:50
    составиле листа на фотографии,
  • 0:50 - 0:52
    ѝ ги покажале на жртвата,
  • 0:52 - 0:54
    а таа ја посочила фотографијата на Тајтус.
  • 0:54 - 0:58
    Рекла, ,,Оваа е најблиску.''
  • 0:58 - 1:02
    Полицијата и обвинителството поднесоа кривична пријава,
  • 1:02 - 1:05
    а за време на судењето на Стив Тајтус,
  • 1:05 - 1:07
    жртвата од говорницата
  • 1:07 - 1:11
    рече, ''Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.''
  • 1:11 - 1:14
    И Тајтус беше осуден.
  • 1:14 - 1:16
    Тој се изјасни како невин,
  • 1:16 - 1:19
    неговото семејство врескаше кон поротата,
  • 1:19 - 1:22
    неговата вереница падна на подот липајќи,
  • 1:22 - 1:25
    а Тајтус го однесоа во затвор.
  • 1:25 - 1:29
    И што би направиле вие во ваков момент?
  • 1:29 - 1:30
    Како ќе постапите?
  • 1:30 - 1:34
    Тајтус ја изгуби сета доверба во правниот систем,
  • 1:34 - 1:36
    но сепак се сети на нешто.
  • 1:36 - 1:38
    Тој се јави во локалниот весник,
  • 1:38 - 1:42
    го привлече вниманието на еден истражувачки новинар,
  • 1:42 - 1:47
    и новинарот всушност го најде вистинскиот силувач,
  • 1:47 - 1:50
    еден маж кој на крај го призна силувањето,
  • 1:50 - 1:53
    маж за кој се сметаше дека извршил 50 силувања
  • 1:53 - 1:55
    во таа област.
  • 1:55 - 1:58
    Кога му беше дадена оваа информација на судијата,
  • 1:58 - 2:01
    Тајтус беше ослободен.
  • 2:01 - 2:05
    И навистина, во тој момент случајот требаше да заврши.
  • 2:05 - 2:06
    Требаше да биде крај.
  • 2:06 - 2:08
    Тајтус на ова требаше да гледа како на ужасна година,
  • 2:08 - 2:12
    година со обвинувања и судење, но која е завршена.
  • 2:12 - 2:14
    Не заврши така.
  • 2:14 - 2:17
    Тајтус беше толку огорчен.
  • 2:17 - 2:20
    Ја изгуби работата. Не можеше да си ја врати.
  • 2:20 - 2:21
    Ја изгуби вереницата.
  • 2:21 - 2:24
    Таа не можеше да го трпи неговиот постојан гнев.
  • 2:24 - 2:26
    Тој ја изгуби сета заштеда,
  • 2:26 - 2:29
    и одлучи да ја тужи
  • 2:29 - 2:32
    полицијата и другите за кои сметаше
  • 2:32 - 2:34
    дека се одговорни за неговото страдање.
  • 2:34 - 2:39
    И токму тогаш почнав да работам на овој случај,
  • 2:39 - 2:41
    обидувајќи се да сфатам
  • 2:41 - 2:43
    како жртвата го смени мислењето од
  • 2:43 - 2:44
    ,,Оваа е најблиску''
  • 2:44 - 2:49
    во ,,Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.''
  • 2:49 - 2:52
    Тајтус беше обземен со неговиот случај.
  • 2:52 - 2:55
    Цело време мислеше на него,
  • 2:55 - 2:59
    и неколку дена пред да оди на суд,
  • 2:59 - 3:02
    се разбудил утрото
  • 3:02 - 3:03
    оптоварен со болка
  • 3:03 - 3:06
    и умре од срцев удар како резултат на стресот.
  • 3:06 - 3:09
    Имаше 35 години.
  • 3:09 - 3:14
    Од мене побараа да работам на неговиот случај
  • 3:14 - 3:17
    бидејќи сум доктор по психологија.
  • 3:17 - 3:20
    Ја проучувам меморијата. Ја проучував меморијата со децении.
  • 3:20 - 3:24
    И ако сретнев некого во авион --
  • 3:24 - 3:26
    ова се случи за време на лет кон Шкотска --
  • 3:26 - 3:28
    ако сретнев некого во авион,
  • 3:28 - 3:31
    и кога ќе се прашавме, ,,Што работиш? Што работиш?''
  • 3:31 - 3:32
    јас им велам ,,Ја проучувам меморијата,''
  • 3:32 - 3:36
    луѓето обично ми кажуваат дека имаат проблеми со памтење на имиња,
  • 3:36 - 3:38
    или имаат роднина со Алцхајмер
  • 3:38 - 3:40
    или некаков проблем со меморијата.
  • 3:40 - 3:43
    Јас тогаш морам да им објаснам
  • 3:43 - 3:46
    дека јас не го проучувам заборавањето.
  • 3:46 - 3:49
    Го проучувам спротивното: присеќавањето,
  • 3:49 - 3:52
    кога луѓето се сеќаваат на работи кои не се случиле
  • 3:52 - 3:54
    или пак кога сеќавањето го искривува
  • 3:54 - 3:56
    вистинскиот настан.
  • 3:56 - 4:01
    Јас ги изучувам лажните сеќавања.
  • 4:01 - 4:05
    За жал, Стив Тајтус не е единствениот
  • 4:05 - 4:09
    кој бил осуден врз база на нечие лажно сеќавање.
  • 4:09 - 4:13
    Во рамки на еден проект во САД,
  • 4:13 - 4:15
    беа собрани информации
  • 4:15 - 4:19
    за 300 невини луѓе,
  • 4:19 - 4:23
    300 обвинети кои биле осудени за злосторства што не ги сториле.
  • 4:23 - 4:28
    Поминале 10, 20, 30 години во затвор поради овие злосторства,
  • 4:28 - 4:30
    и сега ДНК тестирањето докажало
  • 4:30 - 4:33
    дека се всушност невини.
  • 4:33 - 4:36
    Кога овие случаи беа анализирани,
  • 4:36 - 4:38
    излезе дека три четвртини од нив
  • 4:38 - 4:44
    се должат на погрешните сеќавања на сведоците.
  • 4:44 - 4:45
    И, зошто?
  • 4:45 - 4:48
    Исто како и поротниците кои ги осудиле овие невини луѓе
  • 4:48 - 4:51
    и поротниците кои го осудија Тајтус,
  • 4:51 - 4:53
    многу луѓе веруваат дека меморијата
  • 4:53 - 4:54
    работи како направа за снимање.
  • 4:54 - 4:57
    Едноставно ги снимаш информациите,
  • 4:57 - 4:59
    потоа се повикуваш на нив
  • 4:59 - 5:03
    за да одговориш на прашања или да идентификуваш слики.
  • 5:03 - 5:05
    Но децениските истражувања во психологијата
  • 5:05 - 5:08
    покажаа дека ова не е точно.
  • 5:08 - 5:11
    Нашите сеќавања се менливи.
  • 5:11 - 5:12
    Тие се променливи.
  • 5:12 - 5:16
    Меморијата функционира донекаде како страна на ,,Википедија.''
  • 5:16 - 5:21
    Можеш самиот да ја промениш, но можат и другите да ја променат.
  • 5:21 - 5:26
    Променливоста на меморијата за првпат почнав да ја изучувам
  • 5:26 - 5:28
    во 70-тите.
  • 5:28 - 5:33
    Експериментите ги правев така што на луѓето им покажував
  • 5:33 - 5:35
    симулирани злосторства и несреќи
  • 5:35 - 5:39
    и ги прашував што запамтиле.
  • 5:39 - 5:43
    Во една студија, на луѓето им покажавме симулирана несреќа
  • 5:43 - 5:44
    и ги прашавме,
  • 5:44 - 5:47
    колку брзо возеле колите во моментот кога се удриле една во друга?
  • 5:47 - 5:49
    А други луѓе ги прашавме,
  • 5:49 - 5:52
    колку брзо возеле колите во моментот кога се забиле една во друга?
  • 5:52 - 5:55
    Кога ќе им го поставевме наведувачкото прашање ,,се забиле,''
  • 5:55 - 5:59
    сведоците ни кажуваа дека колите возеле побрзо,
  • 5:59 - 6:03
    и уште повеќе, наведувачкото прашање ,,се забиле''
  • 6:03 - 6:05
    ги наведе луѓето да ни кажат
  • 6:05 - 6:08
    дека на местото на несреќата виделе скршено стакло,
  • 6:08 - 6:12
    а всушност скршено стакло воопшто и немаше.
  • 6:12 - 6:15
    Во друга студија, имавме симулирана несреќа
  • 6:15 - 6:19
    во која кола поминува на раскрсница со знак стоп,
  • 6:19 - 6:24
    и ако поставевме прашање кое инсинуира присуство на знак за предимство,
  • 6:24 - 6:28
    многу сведоци ни кажаа дека се сеќаваат дека на раскрсницата
  • 6:28 - 6:31
    виделе знак за предимство, а не знак стоп.
  • 6:31 - 6:33
    Можеби си мислите, па добро,
  • 6:33 - 6:35
    ова се снимени настани,
  • 6:35 - 6:36
    не се особено стресни.
  • 6:36 - 6:39
    Дали истиот вид на грешка ќе се јави
  • 6:39 - 6:42
    и кај многу стресен настан?
  • 6:42 - 6:45
    Студијата која ја објавивме пред неколку месеци,
  • 6:45 - 6:48
    ни даде одговор на ова прашање,
  • 6:48 - 6:50
    оти оваа студија беше карактеристична по тоа
  • 6:50 - 6:56
    што на луѓето им исцениравме едно многу стресно доживување.
  • 6:56 - 6:58
    Субјектите во оваа студија
  • 6:58 - 7:01
    беа членови на американската армија
  • 7:01 - 7:05
    кои во тој момент минуваа низ тешка обука
  • 7:05 - 7:08
    која требаше да им покаже како би им било
  • 7:08 - 7:12
    доколку некогаш бидат заробени за време на војна.
  • 7:12 - 7:14
    И како дел од оваа обука,
  • 7:14 - 7:18
    војниците беа испрашувани на агресивен начин,
  • 7:18 - 7:23
    кој вклучуваше и физичко малтретирање во рок од 30 минути,
  • 7:23 - 7:26
    а подоцна требаше да ја идентификуваат
  • 7:26 - 7:29
    личноста која го спровела испрашувањето.
  • 7:29 - 7:33
    И кога им дадовме сугестивни информации
  • 7:33 - 7:35
    кои ги наведуваа на друга личност,
  • 7:35 - 7:39
    многу од нив погрешно го идентификуваа испрашувачот,
  • 7:39 - 7:43
    честопати идентификуваа личност која дури ни оддалеку
  • 7:43 - 7:46
    не наликува на вистинскиот испрашувач.
  • 7:46 - 7:49
    Овие студии покажуваат дека
  • 7:49 - 7:52
    кога ќе им дадете на луѓето дезинформации
  • 7:52 - 7:56
    за некој настан кој го доживеале,
  • 7:56 - 8:01
    тогаш можете да ја искривите, да ја смените, т.е. да ја контаминирате нивната меморија.
  • 8:01 - 8:04
    А во реалниот свет,
  • 8:04 - 8:07
    дезинформации има насекаде.
  • 8:07 - 8:08
    Голтаме дезинформации
  • 8:08 - 8:11
    не само преку тенденциозно испрашување,
  • 8:11 - 8:13
    туку и ако зборуваме со други сведоци
  • 8:13 - 8:16
    кои намерно или ненамерно ни даваат
  • 8:16 - 8:18
    погрешни информации,
  • 8:18 - 8:23
    или пак ако видиме медиумска сторија за некој настан во кој сме учествувале,
  • 8:23 - 8:26
    сите овие работи
  • 8:26 - 8:30
    можат да ни ја загадат меморијата.
  • 8:30 - 8:34
    Во 90-тите, станавме сведоци
  • 8:34 - 8:39
    на еден уште поекстремен мемориски проблем.
  • 8:39 - 8:42
    Некои пациенти одеа на терапија со еден проблем --
  • 8:42 - 8:45
    можеби имале депресија, нарушување на исхрана --
  • 8:45 - 8:48
    а од терапијата излегуваа
  • 8:48 - 8:50
    со поинаков проблем.
  • 8:50 - 8:54
    Екстремни сеќавања за ужасни малтретирања,
  • 8:54 - 8:56
    понекогаш сатански ритуали,
  • 8:56 - 9:01
    а некогаш вклучуваа навистина бизарни и невообичаени елементи.
  • 9:01 - 9:03
    Една жена излезе од психотерапија
  • 9:03 - 9:06
    верувајќи дека со години трпела
  • 9:06 - 9:09
    ритуалистичко малтретирање, при што била насилно забременета
  • 9:09 - 9:12
    и дека бебето ѝ било отсечено од утробата.
  • 9:12 - 9:14
    Но немаше никакви физички лузни
  • 9:14 - 9:16
    или било каков физички доказ
  • 9:16 - 9:19
    кој би одел во прилог на нејзината приказна.
  • 9:19 - 9:22
    И кога почнав да ги разгледувам овие случаи,
  • 9:22 - 9:24
    се прашував,
  • 9:24 - 9:26
    од каде доаѓаат ваквите бизарни сеќавања?
  • 9:26 - 9:30
    И открив дека повеќето вакви ситуации
  • 9:30 - 9:36
    се поврзани со одреден вид на психотерапија.
  • 9:36 - 9:38
    И се прашав,
  • 9:38 - 9:41
    дали некои од работите кои се одвиваат во психотерапијата --
  • 9:41 - 9:44
    како вежбите со фантазирање
  • 9:44 - 9:46
    интерпретацијата на соништа,
  • 9:46 - 9:48
    во некои случаи хипноза,
  • 9:48 - 9:52
    или пак во некои случаи давање погрешни информации --
  • 9:52 - 9:55
    дали овие активности доведуваат
  • 9:55 - 9:57
    до ваквите бизарни и неверојатни
  • 9:57 - 10:00
    сеќавања кај пациентите?
  • 10:00 - 10:02
    Така направив неколку експерименти
  • 10:02 - 10:07
    за да ги проучувам процесите кои се користат
  • 10:07 - 10:10
    во ваквата психотерапија и за да го проучам
  • 10:10 - 10:14
    развојот на овие богати и лажни сеќавања.
  • 10:14 - 10:16
    Во една од првите студии,
  • 10:16 - 10:19
    користевме сугестија,
  • 10:19 - 10:23
    методот го зедовме од психотерапијата што ја сретнавме во овие случаи.
  • 10:23 - 10:25
    Користевме сугестија
  • 10:25 - 10:27
    со која всадивме лажно сеќавање
  • 10:27 - 10:30
    дека кога сте биле дете, пет или шест години,
  • 10:30 - 10:32
    сте се изгубиле во трговски центар.
  • 10:32 - 10:35
    Сте биле исплашени. Сте плачеле.
  • 10:35 - 10:37
    На крај ве спасила некоја постара личност
  • 10:37 - 10:39
    и пак сте биле со семејството.
  • 10:39 - 10:42
    Ваквите сеќавања успеавме да ги всадиме
  • 10:42 - 10:46
    во умот на три четвртини од нашите субјекти.
  • 10:46 - 10:48
    Можеби си мислите, па добро,
  • 10:48 - 10:50
    тоа и не е баш стресно.
  • 10:50 - 10:53
    Но ние и другите истражувачи имаме всадено
  • 10:53 - 10:56
    богати лажни сеќавања за нешта кои
  • 10:56 - 10:59
    се многу поневообичаени и многу постресни.
  • 10:59 - 11:02
    Во една студија спроведена во Тенеси,
  • 11:02 - 11:04
    истражувачите всадија лажно сеќавање
  • 11:04 - 11:07
    дека кога сте биле дете, речиси сте се удавиле
  • 11:07 - 11:09
    и дека чуварот морал да ве спасува.
  • 11:09 - 11:11
    Во студија спроведена во Канада,
  • 11:11 - 11:14
    истражувачите всадија лажно сеќавање
  • 11:14 - 11:15
    дека кога сте биле дете,
  • 11:15 - 11:19
    ви се случило нешто ужасно, на пример ве нападнало
  • 11:19 - 11:20
    опасно животно.
  • 11:20 - 11:24
    Ова им успеа кај половина од субјектите.
  • 11:24 - 11:26
    И во студија спроведена во Италија,
  • 11:26 - 11:29
    истражувачите всадија лажно сеќавање,
  • 11:29 - 11:34
    дека како дете сте биле сведок на демонска опседнатост.
  • 11:34 - 11:36
    Можеби сето ова ви изгледа
  • 11:36 - 11:40
    како трауматизирање на експерименталните субјекти
  • 11:40 - 11:42
    во име на науката,
  • 11:42 - 11:46
    но нашите студии имаат поминато низ темелна проверка
  • 11:46 - 11:48
    од страна на комисијата за научна етика.
  • 11:48 - 11:50
    Комисијата одлучи
  • 11:50 - 11:54
    дека привремената нелагодност што некои
  • 11:54 - 11:57
    од субјектите ја доживуваат во овие студии
  • 11:57 - 12:01
    е помала од важноста што ја носи овој проблем,
  • 12:01 - 12:04
    односно разбирањето на мемориските процеси
  • 12:04 - 12:07
    и злоупотребата на меморијата која се јавува
  • 12:07 - 12:10
    на некои места во светот.
  • 12:10 - 12:13
    Но, на мое изненадување,
  • 12:13 - 12:17
    кога ја објавив студијата и кога започнав да зборувам
  • 12:17 - 12:21
    против ваквиот вид на психотерапија,
  • 12:21 - 12:25
    ми се јавија прилично големи проблеми:
  • 12:25 - 12:30
    непријателства, пред сè од терапевтите кои работат на потиснати сеќавања,
  • 12:30 - 12:31
    и кои се почувствуваа нападнати,
  • 12:31 - 12:35
    но и од пациентите кои беа под нивно влијание.
  • 12:35 - 12:38
    Понекогаш, кога ќе ме поканеа да одржам говор
  • 12:38 - 12:40
    со мене си носев вооружено обезбедување,
  • 12:40 - 12:44
    луѓето пишуваа писма и покренуваа кампањи за да ме избркаат од работа.
  • 12:44 - 12:46
    Но веројатно најлошото беше
  • 12:46 - 12:49
    кога се посомневав во приказната
  • 12:49 - 12:51
    на една возрасна ќерка
  • 12:51 - 12:54
    која тврдеше дека била злоставувана од својата мајка.
  • 12:54 - 12:57
    Врз основа на потиснатите сеќавања, таа ја
  • 12:57 - 12:59
    обвини својата мајка за сексуална злоупотреба.
  • 12:59 - 13:02
    Всушност оваа ќерка дозволи нејзината приказна да биде
  • 13:02 - 13:05
    снимена и да биде прикажувана на јавни места.
  • 13:05 - 13:08
    Се посомневав во оваа приказна,
  • 13:08 - 13:10
    и почнав да истражувам,
  • 13:10 - 13:15
    и најпосле дојдов до информации кои ме убедија
  • 13:15 - 13:17
    дека мајката е невина.
  • 13:17 - 13:20
    Објавив критика за овој случај,
  • 13:20 - 13:23
    и некое време подоцна, ќерката
  • 13:23 - 13:25
    поднесе тужба.
  • 13:25 - 13:27
    Иако никогаш не ѝ го спомнав името,
  • 13:27 - 13:32
    таа ме тужеше за клевета и за нарушување на приватноста.
  • 13:32 - 13:34
    И поминав речиси пет години
  • 13:34 - 13:41
    занимавајќи се со збунувачки и непријатни судски постапки,
  • 13:41 - 13:45
    но конечно, конечно, сè се заврши и можев навистина
  • 13:45 - 13:47
    да ѝ се вратам на работата.
  • 13:47 - 13:49
    Во процесот, сепак, станав дел
  • 13:49 - 13:52
    од вознемирувачкиот тренд во Америка
  • 13:52 - 13:54
    каде научниците се тужени
  • 13:54 - 13:59
    само поради тоа што зборуваат за работи кои се контраверзни во јавноста.
  • 13:59 - 14:02
    Кога се вратив на работа, си го поставив ова прашање:
  • 14:02 - 14:05
    ако всадам лажно сеќавање во твојот ум,
  • 14:05 - 14:06
    дали тоа ќе има реперкусии?
  • 14:06 - 14:08
    Дали ќе влијае врз твоите подоцнежни мисли,
  • 14:08 - 14:10
    твоите подоцнежни однесувања?
  • 14:10 - 14:13
    Во нашата прва студија всадивме лажно сеќавање
  • 14:13 - 14:16
    дека како дете ви се слошило јадејќи одредена храна:
  • 14:16 - 14:19
    тврдо-варени јајца, кисели краставички, сладолед од јагода.
  • 14:19 - 14:22
    И увидовме дека откако ги всадивме овие лажни сеќавања,
  • 14:22 - 14:24
    луѓето повеќе не сакаа да ја јадат оваа храна
  • 14:24 - 14:27
    за време на излет.
  • 14:27 - 14:31
    Лажните сеќавања не се секогаш лоши или непријатни.
  • 14:31 - 14:33
    Ако всадиме пријатно сеќавање
  • 14:33 - 14:36
    кое вклучува здрава храна како аспарагусот,
  • 14:36 - 14:39
    можеме да ги натераме луѓето да јадат повеќе аспарагус.
  • 14:39 - 14:42
    Овие истражувања ни покажуваат
  • 14:42 - 14:44
    дека можете да всадите лажни сеќавања
  • 14:44 - 14:45
    кои имаат реперкусии, односно
  • 14:45 - 14:50
    кои имаат многу подолго влијание врз однесувањето.
  • 14:50 - 14:53
    Но, со оваа способност
  • 14:53 - 14:56
    за всадување на сеќавања и контролирање на однесувањето,
  • 14:56 - 15:00
    очигледно се поврзани и важни етички прашања,
  • 15:00 - 15:03
    како, кога треба да ја користиме оваа умствена технологија?
  • 15:03 - 15:07
    И дали некогаш треба да ја забраниме?
  • 15:07 - 15:10
    Не е етички терапевтите да всадуваат лажни сеќавања
  • 15:10 - 15:11
    во умот на своите пациенти
  • 15:11 - 15:14
    дури и кога тоа му помага на пациентот,
  • 15:14 - 15:15
    но ништо не може да го спречи родителот
  • 15:15 - 15:20
    да го испроба ова на својот тинејџер кој е дебел и има прекумерна тежина.
  • 15:20 - 15:22
    Кога го предложив ова јавно,
  • 15:22 - 15:26
    повторно се јави негодување.
  • 15:26 - 15:30
    ,,Еве ја пак. Ги убедува родителите да ги лажат своите деца.''
  • 15:30 - 15:32
    Ало, Дедо Мраз. (Смеа)
  • 15:32 - 15:41
    Мислам, можете поинаку да гледате на ова,
  • 15:41 - 15:43
    што повеќе сакате,
  • 15:43 - 15:47
    дете со дебелина, дијабетис, намален животен век,
  • 15:47 - 15:48
    и сè што оди со тоа,
  • 15:48 - 15:51
    или пак дете кое има уште едно малечко лажно сеќавање?
  • 15:51 - 15:54
    Јас знам што би избрала за моето дете.
  • 15:54 - 15:58
    Но можеби мојата работа ме направи поразлична од повеќето луѓе.
  • 15:58 - 16:01
    Повеќето луѓе си ги негуваат сеќавањата,
  • 16:01 - 16:03
    знаат дека тие го претставуваат нивниот идентитет,
  • 16:03 - 16:05
    кои се тие, од каде доаѓаат.
  • 16:05 - 16:08
    И го ценам тоа. Се согласувам со тоа.
  • 16:08 - 16:10
    Но од мојата работа знам
  • 16:10 - 16:14
    колку многу фикција веќе има таму.
  • 16:14 - 16:17
    Ако научив нешто од сите овие децении
  • 16:17 - 16:19
    работејќи на овие проблеми, тогаш тоа е ова:
  • 16:19 - 16:22
    само затоа што некој ви кажува нешто
  • 16:22 - 16:23
    и ви го кажува со самодоверба,
  • 16:23 - 16:26
    само затоа што ви го кажуваат со многу детали,
  • 16:26 - 16:29
    само затоа што се емотивни додека ви го кажуваат,
  • 16:29 - 16:32
    тоа не значи дека и навистина се случило.
  • 16:32 - 16:36
    Не можете со сигурност да ги разликувате вистинските од лажните сеќавања.
  • 16:36 - 16:39
    Ни треба потврда од независен извор.
  • 16:39 - 16:42
    Ваквото откритие ме направи потолерантна
  • 16:42 - 16:44
    на секојдневните мемориски грешки
  • 16:44 - 16:47
    кои ги прават моите пријатели и членовите на семејството.
  • 16:47 - 16:52
    Ваквото откритие можеби ќе го спасеше Стив Тајтус,
  • 16:52 - 16:55
    човекот на кого цела иднина му беше збришана
  • 16:55 - 16:58
    од едно лажно сеќавање.
  • 16:58 - 17:01
    Но во меѓувреме, сите ние треба да имаме на ум,
  • 17:01 - 17:02
    за наше добро,
  • 17:02 - 17:06
    дека меморијата, како и слободата,
  • 17:06 - 17:10
    е кревка ствар.
  • 17:10 - 17:13
    Ви благодарам. Ви благодарам.
  • 17:13 - 17:15
    Ви благодарам. (Аплауз)
  • 17:15 - 17:19
    Ви благодарам многу. (Аплауз)
Title:
Фиктивноста на меморијата
Speaker:
Елизабет Лофтус
Description:

Психологот Елизабет Лофтус ги проучува сеќавањата. Поточно, ги проучува лажните сеќавања, кога луѓето се сеќаваат или на работи кои не се случиле или пак кога сеќавањето го искривува вистинскиот настан. Овој феномен е многу позастапен одошто претпоставувате. Лофтус споделува неколку потресни приказни и статистички податоци, и поставува неколку етички прашања кои треба сите ние да ги земеме во предвид.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:36

Macedonian subtitles

Revisions