0:00:00.509,0:00:04.841 Сакам да ви зборувам за еден судски случај на кој работев, 0:00:04.841,0:00:08.404 во кој беше инволвиран маж по име Стив Тајтус. 0:00:08.404,0:00:11.433 Тајтус беше менаџер на ресторант. 0:00:11.433,0:00:15.523 Имаше 31 година, живееше во Сиетл, Вашингтон, 0:00:15.523,0:00:17.418 беше верен за Гречен, 0:00:17.418,0:00:20.366 требаше да се ожени, таа му беше животна љубов. 0:00:20.366,0:00:22.650 Една ноќ, парот отишол 0:00:22.650,0:00:25.655 во ресторант на романтична вечера. 0:00:25.655,0:00:27.303 Враќајќи се дома 0:00:27.303,0:00:30.253 биле сопрени од страна на полицаец. 0:00:30.253,0:00:33.570 Видете, колата на Тајтус наликувала 0:00:33.570,0:00:37.457 на колата, возена истата таа ноќ, 0:00:37.457,0:00:40.863 од страна на маж кој силувал автостоперка, 0:00:40.863,0:00:44.457 а Тајтус донекаде личел на силувачот. 0:00:44.457,0:00:47.035 Полицијата го фотографирала Тајтус, 0:00:47.035,0:00:49.802 составиле листа на фотографии, 0:00:49.802,0:00:51.962 ѝ ги покажале на жртвата, 0:00:51.962,0:00:54.122 а таа ја посочила фотографијата на Тајтус. 0:00:54.122,0:00:57.743 Рекла, ,,Оваа е најблиску.'' 0:00:57.743,0:01:01.631 Полицијата и обвинителството поднесоа кривична пријава, 0:01:01.631,0:01:04.972 а за време на судењето на Стив Тајтус, 0:01:04.972,0:01:07.068 жртвата од говорницата 0:01:07.068,0:01:11.410 рече, ''Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' 0:01:11.410,0:01:14.336 И Тајтус беше осуден. 0:01:14.336,0:01:16.310 Тој се изјасни како невин, 0:01:16.310,0:01:18.892 неговото семејство врескаше кон поротата, 0:01:18.892,0:01:21.763 неговата вереница падна на подот липајќи, 0:01:21.763,0:01:25.158 а Тајтус го однесоа во затвор. 0:01:25.158,0:01:28.616 И што би направиле вие во ваков момент? 0:01:28.616,0:01:30.252 Како ќе постапите? 0:01:30.252,0:01:34.020 Тајтус ја изгуби сета доверба во правниот систем, 0:01:34.020,0:01:36.052 но сепак се сети на нешто. 0:01:36.052,0:01:38.483 Тој се јави во локалниот весник, 0:01:38.483,0:01:41.870 го привлече вниманието на еден истражувачки новинар, 0:01:41.870,0:01:46.606 и новинарот всушност го најде вистинскиот силувач, 0:01:46.606,0:01:49.959 еден маж кој на крај го призна силувањето, 0:01:49.959,0:01:53.251 маж за кој се сметаше дека извршил 50 силувања 0:01:53.251,0:01:54.583 во таа област. 0:01:54.583,0:01:57.757 Кога му беше дадена оваа информација на судијата, 0:01:57.757,0:02:00.693 Тајтус беше ослободен. 0:02:00.693,0:02:04.724 И навистина, во тој момент случајот требаше да заврши. 0:02:04.724,0:02:05.847 Требаше да биде крај. 0:02:05.847,0:02:08.367 Тајтус на ова требаше да гледа како на ужасна година, 0:02:08.367,0:02:12.203 година со обвинувања и судење, но која е завршена. 0:02:12.203,0:02:14.250 Не заврши така. 0:02:14.250,0:02:16.928 Тајтус беше толку огорчен. 0:02:16.928,0:02:19.508 Ја изгуби работата. Не можеше да си ја врати. 0:02:19.508,0:02:21.351 Ја изгуби вереницата. 0:02:21.351,0:02:24.257 Таа не можеше да го трпи неговиот постојан гнев. 0:02:24.257,0:02:26.403 Тој ја изгуби сета заштеда, 0:02:26.403,0:02:29.261 и одлучи да ја тужи 0:02:29.261,0:02:31.542 полицијата и другите за кои сметаше 0:02:31.542,0:02:33.861 дека се одговорни за неговото страдање. 0:02:33.861,0:02:38.574 И токму тогаш почнав да работам на овој случај, 0:02:38.574,0:02:40.535 обидувајќи се да сфатам 0:02:40.535,0:02:42.609 како жртвата го смени мислењето од 0:02:42.609,0:02:44.137 ,,Оваа е најблиску'' 0:02:44.137,0:02:48.887 во ,,Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' 0:02:48.887,0:02:52.166 Тајтус беше обземен со неговиот случај. 0:02:52.166,0:02:55.200 Цело време мислеше на него, 0:02:55.200,0:02:59.351 и неколку дена пред да оди на суд, 0:02:59.351,0:03:01.570 се разбудил утрото 0:03:01.570,0:03:03.378 оптоварен со болка 0:03:03.378,0:03:06.072 и умре од срцев удар како резултат на стресот. 0:03:06.072,0:03:09.259 Имаше 35 години. 0:03:09.259,0:03:14.069 Од мене побараа да работам на неговиот случај 0:03:14.069,0:03:16.584 бидејќи сум доктор по психологија. 0:03:16.584,0:03:20.411 Ја проучувам меморијата. Ја проучував меморијата со децении. 0:03:20.411,0:03:23.800 И ако сретнев некого во авион -- 0:03:23.800,0:03:25.896 ова се случи за време на лет кон Шкотска -- 0:03:25.896,0:03:27.726 ако сретнев некого во авион, 0:03:27.726,0:03:30.771 и кога ќе се прашавме, ,,Што работиш? Што работиш?'' 0:03:30.771,0:03:32.222 јас им велам ,,Ја проучувам меморијата,'' 0:03:32.222,0:03:35.602 луѓето обично ми кажуваат дека имаат проблеми со памтење на имиња, 0:03:35.602,0:03:38.401 или имаат роднина со Алцхајмер 0:03:38.416,0:03:40.481 или некаков проблем со меморијата. 0:03:40.481,0:03:42.697 Јас тогаш морам да им објаснам 0:03:42.697,0:03:46.202 дека јас не го проучувам заборавањето. 0:03:46.202,0:03:49.204 Го проучувам спротивното: присеќавањето, 0:03:49.204,0:03:51.957 кога луѓето се сеќаваат на работи кои не се случиле 0:03:51.957,0:03:53.922 или пак кога сеќавањето го искривува 0:03:53.922,0:03:55.947 вистинскиот настан. 0:03:55.947,0:04:00.683 Јас ги изучувам лажните сеќавања. 0:04:00.683,0:04:04.990 За жал, Стив Тајтус не е единствениот 0:04:04.990,0:04:09.295 кој бил осуден врз база на нечие лажно сеќавање. 0:04:09.295,0:04:12.603 Во рамки на еден проект во САД, 0:04:12.603,0:04:14.855 беа собрани информации 0:04:14.855,0:04:18.789 за 300 невини луѓе, 0:04:18.789,0:04:22.684 300 обвинети кои биле осудени за злосторства што не ги сториле. 0:04:22.684,0:04:27.984 Поминале 10, 20, 30 години во затвор поради овие злосторства, 0:04:27.984,0:04:30.411 и сега ДНК тестирањето докажало 0:04:30.411,0:04:33.327 дека се всушност невини. 0:04:33.327,0:04:35.848 Кога овие случаи беа анализирани, 0:04:35.848,0:04:37.989 излезе дека три четвртини од нив 0:04:37.989,0:04:43.600 се должат на погрешните сеќавања на сведоците. 0:04:43.600,0:04:44.863 И, зошто? 0:04:44.863,0:04:48.314 Исто како и поротниците кои ги осудиле овие невини луѓе 0:04:48.314,0:04:50.598 и поротниците кои го осудија Тајтус, 0:04:50.598,0:04:52.839 многу луѓе веруваат дека меморијата 0:04:52.839,0:04:54.486 работи како направа за снимање. 0:04:54.486,0:04:56.743 Едноставно ги снимаш информациите, 0:04:56.743,0:04:59.390 потоа се повикуваш на нив 0:04:59.390,0:05:02.817 за да одговориш на прашања или да идентификуваш слики. 0:05:02.817,0:05:04.980 Но децениските истражувања во психологијата 0:05:04.980,0:05:08.133 покажаа дека ова не е точно. 0:05:08.133,0:05:10.563 Нашите сеќавања се менливи. 0:05:10.563,0:05:12.132 Тие се променливи. 0:05:12.132,0:05:15.613 Меморијата функционира донекаде како страна на ,,Википедија.'' 0:05:15.613,0:05:20.726 Можеш самиот да ја промениш, но можат и другите да ја променат. 0:05:20.726,0:05:25.975 Променливоста на меморијата за првпат почнав да ја изучувам 0:05:25.975,0:05:28.390 во 70-тите. 0:05:28.390,0:05:32.813 Експериментите ги правев така што на луѓето им покажував 0:05:32.813,0:05:35.318 симулирани злосторства и несреќи 0:05:35.318,0:05:38.836 и ги прашував што запамтиле. 0:05:38.836,0:05:42.775 Во една студија, на луѓето им покажавме симулирана несреќа 0:05:42.775,0:05:44.053 и ги прашавме, 0:05:44.053,0:05:46.917 колку брзо возеле колите во моментот кога се удриле една во друга? 0:05:46.917,0:05:48.551 А други луѓе ги прашавме, 0:05:48.551,0:05:52.240 колку брзо возеле колите во моментот кога се забиле една во друга? 0:05:52.240,0:05:55.242 Кога ќе им го поставевме наведувачкото прашање ,,се забиле,'' 0:05:55.242,0:05:58.527 сведоците ни кажуваа дека колите возеле побрзо, 0:05:58.527,0:06:02.524 и уште повеќе, наведувачкото прашање ,,се забиле'' 0:06:02.524,0:06:05.384 ги наведе луѓето да ни кажат 0:06:05.384,0:06:08.451 дека на местото на несреќата виделе скршено стакло, 0:06:08.451,0:06:12.230 а всушност скршено стакло воопшто и немаше. 0:06:12.230,0:06:15.119 Во друга студија, имавме симулирана несреќа 0:06:15.119,0:06:18.779 во која кола поминува на раскрсница со знак стоп, 0:06:18.779,0:06:23.711 и ако поставевме прашање кое инсинуира присуство на знак за предимство, 0:06:23.711,0:06:27.560 многу сведоци ни кажаа дека се сеќаваат дека на раскрсницата 0:06:27.560,0:06:31.017 виделе знак за предимство, а не знак стоп. 0:06:31.017,0:06:33.206 Можеби си мислите, па добро, 0:06:33.206,0:06:34.529 ова се снимени настани, 0:06:34.529,0:06:36.457 не се особено стресни. 0:06:36.457,0:06:39.191 Дали истиот вид на грешка ќе се јави 0:06:39.191,0:06:42.142 и кај многу стресен настан? 0:06:42.142,0:06:45.233 Студијата која ја објавивме пред неколку месеци, 0:06:45.233,0:06:47.537 ни даде одговор на ова прашање, 0:06:47.537,0:06:50.301 оти оваа студија беше карактеристична по тоа 0:06:50.301,0:06:55.933 што на луѓето им исцениравме едно многу стресно доживување. 0:06:55.933,0:06:58.162 Субјектите во оваа студија 0:06:58.162,0:07:00.672 беа членови на американската армија 0:07:00.672,0:07:05.097 кои во тој момент минуваа низ тешка обука 0:07:05.097,0:07:07.879 која требаше да им покаже како би им било 0:07:07.879,0:07:11.797 доколку некогаш бидат заробени за време на војна. 0:07:11.797,0:07:14.227 И како дел од оваа обука, 0:07:14.227,0:07:17.756 војниците беа испрашувани на агресивен начин, 0:07:17.756,0:07:22.842 кој вклучуваше и физичко малтретирање во рок од 30 минути, 0:07:22.842,0:07:25.659 а подоцна требаше да ја идентификуваат 0:07:25.659,0:07:28.682 личноста која го спровела испрашувањето. 0:07:28.682,0:07:32.505 И кога им дадовме сугестивни информации 0:07:32.505,0:07:35.283 кои ги наведуваа на друга личност, 0:07:35.283,0:07:39.320 многу од нив погрешно го идентификуваа испрашувачот, 0:07:39.320,0:07:43.155 честопати идентификуваа личност која дури ни оддалеку 0:07:43.155,0:07:46.259 не наликува на вистинскиот испрашувач. 0:07:46.259,0:07:48.560 Овие студии покажуваат дека 0:07:48.560,0:07:52.420 кога ќе им дадете на луѓето дезинформации 0:07:52.420,0:07:55.800 за некој настан кој го доживеале, 0:07:55.800,0:08:01.455 тогаш можете да ја искривите, да ја смените, т.е. да ја контаминирате нивната меморија. 0:08:01.455,0:08:03.655 А во реалниот свет, 0:08:03.655,0:08:06.546 дезинформации има насекаде. 0:08:06.546,0:08:07.906 Голтаме дезинформации 0:08:07.906,0:08:10.822 не само преку тенденциозно испрашување, 0:08:10.822,0:08:13.269 туку и ако зборуваме со други сведоци 0:08:13.269,0:08:16.302 кои намерно или ненамерно ни даваат 0:08:16.302,0:08:18.439 погрешни информации, 0:08:18.439,0:08:23.169 или пак ако видиме медиумска сторија за некој настан во кој сме учествувале, 0:08:23.169,0:08:25.962 сите овие работи 0:08:25.962,0:08:30.312 можат да ни ја загадат меморијата. 0:08:30.312,0:08:34.100 Во 90-тите, станавме сведоци 0:08:34.100,0:08:38.783 на еден уште поекстремен мемориски проблем. 0:08:38.783,0:08:41.879 Некои пациенти одеа на терапија со еден проблем -- 0:08:41.879,0:08:44.793 можеби имале депресија, нарушување на исхрана -- 0:08:44.793,0:08:47.546 а од терапијата излегуваа 0:08:47.546,0:08:50.207 со поинаков проблем. 0:08:50.207,0:08:53.908 Екстремни сеќавања за ужасни малтретирања, 0:08:53.908,0:08:55.891 понекогаш сатански ритуали, 0:08:55.891,0:09:00.588 а некогаш вклучуваа навистина бизарни и невообичаени елементи. 0:09:00.588,0:09:03.142 Една жена излезе од психотерапија 0:09:03.142,0:09:05.570 верувајќи дека со години трпела 0:09:05.570,0:09:09.472 ритуалистичко малтретирање, при што била насилно забременета 0:09:09.472,0:09:12.038 и дека бебето ѝ било отсечено од утробата. 0:09:12.038,0:09:14.397 Но немаше никакви физички лузни 0:09:14.397,0:09:16.423 или било каков физички доказ 0:09:16.423,0:09:19.304 кој би одел во прилог на нејзината приказна. 0:09:19.304,0:09:22.312 И кога почнав да ги разгледувам овие случаи, 0:09:22.312,0:09:23.762 се прашував, 0:09:23.762,0:09:26.090 од каде доаѓаат ваквите бизарни сеќавања? 0:09:26.090,0:09:30.477 И открив дека повеќето вакви ситуации 0:09:30.477,0:09:35.968 се поврзани со одреден вид на психотерапија. 0:09:35.968,0:09:37.567 И се прашав, 0:09:37.567,0:09:40.955 дали некои од работите кои се одвиваат во психотерапијата -- 0:09:40.955,0:09:43.839 како вежбите со фантазирање 0:09:43.839,0:09:45.896 интерпретацијата на соништа, 0:09:45.896,0:09:48.028 во некои случаи хипноза, 0:09:48.028,0:09:51.846 или пак во некои случаи давање погрешни информации -- 0:09:51.846,0:09:54.633 дали овие активности доведуваат 0:09:54.633,0:09:57.310 до ваквите бизарни и неверојатни 0:09:57.310,0:10:00.241 сеќавања кај пациентите? 0:10:00.241,0:10:02.400 Така направив неколку експерименти 0:10:02.400,0:10:07.425 за да ги проучувам процесите кои се користат 0:10:07.425,0:10:10.498 во ваквата психотерапија и за да го проучам 0:10:10.498,0:10:14.049 развојот на овие богати и лажни сеќавања. 0:10:14.049,0:10:16.457 Во една од првите студии, 0:10:16.457,0:10:18.810 користевме сугестија, 0:10:18.810,0:10:22.873 методот го зедовме од психотерапијата што ја сретнавме во овие случаи. 0:10:22.873,0:10:24.983 Користевме сугестија 0:10:24.983,0:10:26.835 со која всадивме лажно сеќавање 0:10:26.835,0:10:29.912 дека кога сте биле дете, пет или шест години, 0:10:29.912,0:10:32.163 сте се изгубиле во трговски центар. 0:10:32.163,0:10:34.663 Сте биле исплашени. Сте плачеле. 0:10:34.663,0:10:37.177 На крај ве спасила некоја постара личност 0:10:37.177,0:10:39.029 и пак сте биле со семејството. 0:10:39.029,0:10:41.637 Ваквите сеќавања успеавме да ги всадиме 0:10:41.637,0:10:45.743 во умот на три четвртини од нашите субјекти. 0:10:45.743,0:10:47.748 Можеби си мислите, па добро, 0:10:47.748,0:10:50.094 тоа и не е баш стресно. 0:10:50.094,0:10:53.463 Но ние и другите истражувачи имаме всадено 0:10:53.463,0:10:56.221 богати лажни сеќавања за нешта кои 0:10:56.221,0:10:59.136 се многу поневообичаени и многу постресни. 0:10:59.136,0:11:01.675 Во една студија спроведена во Тенеси, 0:11:01.675,0:11:04.091 истражувачите всадија лажно сеќавање 0:11:04.091,0:11:06.665 дека кога сте биле дете, речиси сте се удавиле 0:11:06.665,0:11:09.172 и дека чуварот морал да ве спасува. 0:11:09.172,0:11:11.475 Во студија спроведена во Канада, 0:11:11.475,0:11:13.999 истражувачите всадија лажно сеќавање 0:11:13.999,0:11:15.227 дека кога сте биле дете, 0:11:15.227,0:11:18.957 ви се случило нешто ужасно, на пример ве нападнало 0:11:18.957,0:11:20.339 опасно животно. 0:11:20.339,0:11:23.761 Ова им успеа кај половина од субјектите. 0:11:23.761,0:11:26.113 И во студија спроведена во Италија, 0:11:26.113,0:11:28.771 истражувачите всадија лажно сеќавање, 0:11:28.771,0:11:33.983 дека како дете сте биле сведок на демонска опседнатост. 0:11:33.983,0:11:36.190 Можеби сето ова ви изгледа 0:11:36.190,0:11:39.929 како трауматизирање на експерименталните субјекти 0:11:39.929,0:11:41.529 во име на науката, 0:11:41.529,0:11:46.167 но нашите студии имаат поминато низ темелна проверка 0:11:46.167,0:11:48.142 од страна на комисијата за научна етика. 0:11:48.142,0:11:50.484 Комисијата одлучи 0:11:50.484,0:11:53.557 дека привремената нелагодност што некои 0:11:53.557,0:11:56.641 од субјектите ја доживуваат во овие студии 0:11:56.641,0:12:00.541 е помала од важноста што ја носи овој проблем, 0:12:00.541,0:12:03.648 односно разбирањето на мемориските процеси 0:12:03.648,0:12:06.994 и злоупотребата на меморијата која се јавува 0:12:06.994,0:12:10.287 на некои места во светот. 0:12:10.287,0:12:13.325 Но, на мое изненадување, 0:12:13.325,0:12:16.754 кога ја објавив студијата и кога започнав да зборувам 0:12:16.754,0:12:20.649 против ваквиот вид на психотерапија, 0:12:20.649,0:12:24.629 ми се јавија прилично големи проблеми: 0:12:24.629,0:12:29.530 непријателства, пред сè од терапевтите кои работат на потиснати сеќавања, 0:12:29.530,0:12:31.206 и кои се почувствуваа нападнати, 0:12:31.206,0:12:34.734 но и од пациентите кои беа под нивно влијание. 0:12:34.734,0:12:37.671 Понекогаш, кога ќе ме поканеа да одржам говор 0:12:37.671,0:12:39.576 со мене си носев вооружено обезбедување, 0:12:39.576,0:12:43.793 луѓето пишуваа писма и покренуваа кампањи за да ме избркаат од работа. 0:12:43.793,0:12:45.774 Но веројатно најлошото беше 0:12:45.774,0:12:48.541 кога се посомневав во приказната 0:12:48.541,0:12:50.965 на една возрасна ќерка 0:12:50.965,0:12:53.801 која тврдеше дека била злоставувана од својата мајка. 0:12:53.801,0:12:57.218 Врз основа на потиснатите сеќавања, таа ја 0:12:57.218,0:12:59.077 обвини својата мајка за сексуална злоупотреба. 0:12:59.077,0:13:01.960 Всушност оваа ќерка дозволи нејзината приказна да биде 0:13:01.960,0:13:05.394 снимена и да биде прикажувана на јавни места. 0:13:05.394,0:13:07.903 Се посомневав во оваа приказна, 0:13:07.903,0:13:10.203 и почнав да истражувам, 0:13:10.203,0:13:14.686 и најпосле дојдов до информации кои ме убедија 0:13:14.686,0:13:16.975 дека мајката е невина. 0:13:16.975,0:13:19.936 Објавив критика за овој случај, 0:13:19.936,0:13:23.380 и некое време подоцна, ќерката 0:13:23.380,0:13:24.901 поднесе тужба. 0:13:24.901,0:13:27.256 Иако никогаш не ѝ го спомнав името, 0:13:27.256,0:13:31.618 таа ме тужеше за клевета и за нарушување на приватноста. 0:13:31.618,0:13:34.341 И поминав речиси пет години 0:13:34.341,0:13:40.893 занимавајќи се со збунувачки и непријатни судски постапки, 0:13:40.893,0:13:44.567 но конечно, конечно, сè се заврши и можев навистина 0:13:44.567,0:13:46.991 да ѝ се вратам на работата. 0:13:46.991,0:13:49.476 Во процесот, сепак, станав дел 0:13:49.476,0:13:52.130 од вознемирувачкиот тренд во Америка 0:13:52.130,0:13:54.237 каде научниците се тужени 0:13:54.237,0:13:58.836 само поради тоа што зборуваат за работи кои се контраверзни во јавноста. 0:13:58.836,0:14:02.194 Кога се вратив на работа, си го поставив ова прашање: 0:14:02.194,0:14:04.592 ако всадам лажно сеќавање во твојот ум, 0:14:04.592,0:14:06.436 дали тоа ќе има реперкусии? 0:14:06.436,0:14:08.395 Дали ќе влијае врз твоите подоцнежни мисли, 0:14:08.395,0:14:10.496 твоите подоцнежни однесувања? 0:14:10.496,0:14:12.523 Во нашата прва студија всадивме лажно сеќавање 0:14:12.523,0:14:15.849 дека како дете ви се слошило јадејќи одредена храна: 0:14:15.849,0:14:18.848 тврдо-варени јајца, кисели краставички, сладолед од јагода. 0:14:18.848,0:14:22.038 И увидовме дека откако ги всадивме овие лажни сеќавања, 0:14:22.038,0:14:24.489 луѓето повеќе не сакаа да ја јадат оваа храна 0:14:24.489,0:14:26.749 за време на излет. 0:14:26.749,0:14:30.622 Лажните сеќавања не се секогаш лоши или непријатни. 0:14:30.622,0:14:32.980 Ако всадиме пријатно сеќавање 0:14:32.980,0:14:36.001 кое вклучува здрава храна како аспарагусот, 0:14:36.001,0:14:39.476 можеме да ги натераме луѓето да јадат повеќе аспарагус. 0:14:39.476,0:14:41.850 Овие истражувања ни покажуваат 0:14:41.850,0:14:43.965 дека можете да всадите лажни сеќавања 0:14:43.965,0:14:45.378 кои имаат реперкусии, односно 0:14:45.378,0:14:50.463 кои имаат многу подолго влијание врз однесувањето. 0:14:50.463,0:14:52.887 Но, со оваа способност 0:14:52.887,0:14:55.810 за всадување на сеќавања и контролирање на однесувањето, 0:14:55.810,0:14:59.991 очигледно се поврзани и важни етички прашања, 0:14:59.991,0:15:03.050 како, кога треба да ја користиме оваа умствена технологија? 0:15:03.050,0:15:06.730 И дали некогаш треба да ја забраниме? 0:15:06.730,0:15:09.513 Не е етички терапевтите да всадуваат лажни сеќавања 0:15:09.513,0:15:11.100 во умот на своите пациенти 0:15:11.100,0:15:13.664 дури и кога тоа му помага на пациентот, 0:15:13.664,0:15:15.286 но ништо не може да го спречи родителот 0:15:15.286,0:15:19.735 да го испроба ова на својот тинејџер кој е дебел и има прекумерна тежина. 0:15:19.735,0:15:22.340 Кога го предложив ова јавно, 0:15:22.340,0:15:25.686 повторно се јави негодување. 0:15:25.686,0:15:29.719 ,,Еве ја пак. Ги убедува родителите да ги лажат своите деца.'' 0:15:29.719,0:15:31.964 Ало, Дедо Мраз. (Смеа) 0:15:31.964,0:15:41.461 Мислам, можете поинаку да гледате на ова, 0:15:41.461,0:15:43.494 што повеќе сакате, 0:15:43.494,0:15:46.523 дете со дебелина, дијабетис, намален животен век, 0:15:46.523,0:15:48.055 и сè што оди со тоа, 0:15:48.055,0:15:51.071 или пак дете кое има уште едно малечко лажно сеќавање? 0:15:51.071,0:15:54.462 Јас знам што би избрала за моето дете. 0:15:54.462,0:15:58.439 Но можеби мојата работа ме направи поразлична од повеќето луѓе. 0:15:58.439,0:16:00.518 Повеќето луѓе си ги негуваат сеќавањата, 0:16:00.518,0:16:02.672 знаат дека тие го претставуваат нивниот идентитет, 0:16:02.672,0:16:04.697 кои се тие, од каде доаѓаат. 0:16:04.697,0:16:07.555 И го ценам тоа. Се согласувам со тоа. 0:16:07.555,0:16:09.760 Но од мојата работа знам 0:16:09.760,0:16:14.241 колку многу фикција веќе има таму. 0:16:14.241,0:16:16.973 Ако научив нешто од сите овие децении 0:16:16.973,0:16:19.383 работејќи на овие проблеми, тогаш тоа е ова: 0:16:19.383,0:16:21.594 само затоа што некој ви кажува нешто 0:16:21.594,0:16:23.169 и ви го кажува со самодоверба, 0:16:23.169,0:16:25.849 само затоа што ви го кажуваат со многу детали, 0:16:25.849,0:16:28.608 само затоа што се емотивни додека ви го кажуваат, 0:16:28.608,0:16:31.810 тоа не значи дека и навистина се случило. 0:16:31.810,0:16:35.675 Не можете со сигурност да ги разликувате вистинските од лажните сеќавања. 0:16:35.675,0:16:39.223 Ни треба потврда од независен извор. 0:16:39.223,0:16:42.313 Ваквото откритие ме направи потолерантна 0:16:42.313,0:16:44.452 на секојдневните мемориски грешки 0:16:44.452,0:16:47.366 кои ги прават моите пријатели и членовите на семејството. 0:16:47.366,0:16:51.900 Ваквото откритие можеби ќе го спасеше Стив Тајтус, 0:16:51.900,0:16:55.476 човекот на кого цела иднина му беше збришана 0:16:55.476,0:16:57.714 од едно лажно сеќавање. 0:16:57.714,0:17:00.530 Но во меѓувреме, сите ние треба да имаме на ум, 0:17:00.530,0:17:02.166 за наше добро, 0:17:02.166,0:17:06.037 дека меморијата, како и слободата, 0:17:06.037,0:17:09.731 е кревка ствар. 0:17:09.731,0:17:12.669 Ви благодарам. Ви благодарам. 0:17:12.669,0:17:15.397 Ви благодарам. (Аплауз) 0:17:15.397,0:17:19.116 Ви благодарам многу. (Аплауз)