WEBVTT 00:00:00.509 --> 00:00:04.841 Сакам да ви зборувам за еден судски случај на кој работев, 00:00:04.841 --> 00:00:08.404 во кој беше инволвиран маж по име Стив Тајтус. NOTE Paragraph 00:00:08.404 --> 00:00:11.433 Тајтус беше менаџер на ресторант. 00:00:11.433 --> 00:00:15.523 Имаше 31 година, живееше во Сиетл, Вашингтон, 00:00:15.523 --> 00:00:17.418 беше верен за Гречен, 00:00:17.418 --> 00:00:20.366 требаше да се ожени, таа му беше животна љубов. 00:00:20.366 --> 00:00:22.650 Една ноќ, парот отишол 00:00:22.650 --> 00:00:25.655 во ресторант на романтична вечера. 00:00:25.655 --> 00:00:27.303 Враќајќи се дома 00:00:27.303 --> 00:00:30.253 биле сопрени од страна на полицаец. 00:00:30.253 --> 00:00:33.570 Видете, колата на Тајтус наликувала 00:00:33.570 --> 00:00:37.457 на колата, возена истата таа ноќ, 00:00:37.457 --> 00:00:40.863 од страна на маж кој силувал автостоперка, 00:00:40.863 --> 00:00:44.457 а Тајтус донекаде личел на силувачот. 00:00:44.457 --> 00:00:47.035 Полицијата го фотографирала Тајтус, 00:00:47.035 --> 00:00:49.802 составиле листа на фотографии, 00:00:49.802 --> 00:00:51.962 ѝ ги покажале на жртвата, 00:00:51.962 --> 00:00:54.122 а таа ја посочила фотографијата на Тајтус. 00:00:54.122 --> 00:00:57.743 Рекла, ,,Оваа е најблиску.'' 00:00:57.743 --> 00:01:01.631 Полицијата и обвинителството поднесоа кривична пријава, 00:01:01.631 --> 00:01:04.972 а за време на судењето на Стив Тајтус, 00:01:04.972 --> 00:01:07.068 жртвата од говорницата 00:01:07.068 --> 00:01:11.410 рече, ''Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' 00:01:11.410 --> 00:01:14.336 И Тајтус беше осуден. 00:01:14.336 --> 00:01:16.310 Тој се изјасни како невин, 00:01:16.310 --> 00:01:18.892 неговото семејство врескаше кон поротата, 00:01:18.892 --> 00:01:21.763 неговата вереница падна на подот липајќи, 00:01:21.763 --> 00:01:25.158 а Тајтус го однесоа во затвор. NOTE Paragraph 00:01:25.158 --> 00:01:28.616 И што би направиле вие во ваков момент? 00:01:28.616 --> 00:01:30.252 Како ќе постапите? 00:01:30.252 --> 00:01:34.020 Тајтус ја изгуби сета доверба во правниот систем, 00:01:34.020 --> 00:01:36.052 но сепак се сети на нешто. 00:01:36.052 --> 00:01:38.483 Тој се јави во локалниот весник, 00:01:38.483 --> 00:01:41.870 го привлече вниманието на еден истражувачки новинар, 00:01:41.870 --> 00:01:46.606 и новинарот всушност го најде вистинскиот силувач, 00:01:46.606 --> 00:01:49.959 еден маж кој на крај го призна силувањето, 00:01:49.959 --> 00:01:53.251 маж за кој се сметаше дека извршил 50 силувања 00:01:53.251 --> 00:01:54.583 во таа област. 00:01:54.583 --> 00:01:57.757 Кога му беше дадена оваа информација на судијата, 00:01:57.757 --> 00:02:00.693 Тајтус беше ослободен. NOTE Paragraph 00:02:00.693 --> 00:02:04.724 И навистина, во тој момент случајот требаше да заврши. 00:02:04.724 --> 00:02:05.847 Требаше да биде крај. 00:02:05.847 --> 00:02:08.367 Тајтус на ова требаше да гледа како на ужасна година, 00:02:08.367 --> 00:02:12.203 година со обвинувања и судење, но која е завршена. NOTE Paragraph 00:02:12.203 --> 00:02:14.250 Не заврши така. 00:02:14.250 --> 00:02:16.928 Тајтус беше толку огорчен. 00:02:16.928 --> 00:02:19.508 Ја изгуби работата. Не можеше да си ја врати. 00:02:19.508 --> 00:02:21.351 Ја изгуби вереницата. 00:02:21.351 --> 00:02:24.257 Таа не можеше да го трпи неговиот постојан гнев. 00:02:24.257 --> 00:02:26.403 Тој ја изгуби сета заштеда, 00:02:26.403 --> 00:02:29.261 и одлучи да ја тужи 00:02:29.261 --> 00:02:31.542 полицијата и другите за кои сметаше 00:02:31.542 --> 00:02:33.861 дека се одговорни за неговото страдање. NOTE Paragraph 00:02:33.861 --> 00:02:38.574 И токму тогаш почнав да работам на овој случај, 00:02:38.574 --> 00:02:40.535 обидувајќи се да сфатам 00:02:40.535 --> 00:02:42.609 како жртвата го смени мислењето од 00:02:42.609 --> 00:02:44.137 ,,Оваа е најблиску'' 00:02:44.137 --> 00:02:48.887 во ,,Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' NOTE Paragraph 00:02:48.887 --> 00:02:52.166 Тајтус беше обземен со неговиот случај. 00:02:52.166 --> 00:02:55.200 Цело време мислеше на него, 00:02:55.200 --> 00:02:59.351 и неколку дена пред да оди на суд, 00:02:59.351 --> 00:03:01.570 се разбудил утрото 00:03:01.570 --> 00:03:03.378 оптоварен со болка 00:03:03.378 --> 00:03:06.072 и умре од срцев удар како резултат на стресот. 00:03:06.072 --> 00:03:09.259 Имаше 35 години. NOTE Paragraph 00:03:09.259 --> 00:03:14.069 Од мене побараа да работам на неговиот случај 00:03:14.069 --> 00:03:16.584 бидејќи сум доктор по психологија. 00:03:16.584 --> 00:03:20.411 Ја проучувам меморијата. Ја проучував меморијата со децении. 00:03:20.411 --> 00:03:23.800 И ако сретнев некого во авион -- 00:03:23.800 --> 00:03:25.896 ова се случи за време на лет кон Шкотска -- 00:03:25.896 --> 00:03:27.726 ако сретнев некого во авион, 00:03:27.726 --> 00:03:30.771 и кога ќе се прашавме, ,,Што работиш? Што работиш?'' 00:03:30.771 --> 00:03:32.222 јас им велам ,,Ја проучувам меморијата,'' 00:03:32.222 --> 00:03:35.602 луѓето обично ми кажуваат дека имаат проблеми со памтење на имиња, 00:03:35.602 --> 00:03:38.401 или имаат роднина со Алцхајмер 00:03:38.416 --> 00:03:40.481 или некаков проблем со меморијата. 00:03:40.481 --> 00:03:42.697 Јас тогаш морам да им објаснам 00:03:42.697 --> 00:03:46.202 дека јас не го проучувам заборавањето. 00:03:46.202 --> 00:03:49.204 Го проучувам спротивното: присеќавањето, 00:03:49.204 --> 00:03:51.957 кога луѓето се сеќаваат на работи кои не се случиле 00:03:51.957 --> 00:03:53.922 или пак кога сеќавањето го искривува 00:03:53.922 --> 00:03:55.947 вистинскиот настан. 00:03:55.947 --> 00:04:00.683 Јас ги изучувам лажните сеќавања. NOTE Paragraph 00:04:00.683 --> 00:04:04.990 За жал, Стив Тајтус не е единствениот 00:04:04.990 --> 00:04:09.295 кој бил осуден врз база на нечие лажно сеќавање. 00:04:09.295 --> 00:04:12.603 Во рамки на еден проект во САД, 00:04:12.603 --> 00:04:14.855 беа собрани информации 00:04:14.855 --> 00:04:18.789 за 300 невини луѓе, 00:04:18.789 --> 00:04:22.684 300 обвинети кои биле осудени за злосторства што не ги сториле. 00:04:22.684 --> 00:04:27.984 Поминале 10, 20, 30 години во затвор поради овие злосторства, 00:04:27.984 --> 00:04:30.411 и сега ДНК тестирањето докажало 00:04:30.411 --> 00:04:33.327 дека се всушност невини. 00:04:33.327 --> 00:04:35.848 Кога овие случаи беа анализирани, 00:04:35.848 --> 00:04:37.989 излезе дека три четвртини од нив 00:04:37.989 --> 00:04:43.600 се должат на погрешните сеќавања на сведоците. NOTE Paragraph 00:04:43.600 --> 00:04:44.863 И, зошто? 00:04:44.863 --> 00:04:48.314 Исто како и поротниците кои ги осудиле овие невини луѓе 00:04:48.314 --> 00:04:50.598 и поротниците кои го осудија Тајтус, 00:04:50.598 --> 00:04:52.839 многу луѓе веруваат дека меморијата 00:04:52.839 --> 00:04:54.486 работи како направа за снимање. 00:04:54.486 --> 00:04:56.743 Едноставно ги снимаш информациите, 00:04:56.743 --> 00:04:59.390 потоа се повикуваш на нив 00:04:59.390 --> 00:05:02.817 за да одговориш на прашања или да идентификуваш слики. 00:05:02.817 --> 00:05:04.980 Но децениските истражувања во психологијата 00:05:04.980 --> 00:05:08.133 покажаа дека ова не е точно. 00:05:08.133 --> 00:05:10.563 Нашите сеќавања се менливи. 00:05:10.563 --> 00:05:12.132 Тие се променливи. 00:05:12.132 --> 00:05:15.613 Меморијата функционира донекаде како страна на ,,Википедија.'' 00:05:15.613 --> 00:05:20.726 Можеш самиот да ја промениш, но можат и другите да ја променат. 00:05:20.726 --> 00:05:25.975 Променливоста на меморијата за првпат почнав да ја изучувам 00:05:25.975 --> 00:05:28.390 во 70-тите. 00:05:28.390 --> 00:05:32.813 Експериментите ги правев така што на луѓето им покажував 00:05:32.813 --> 00:05:35.318 симулирани злосторства и несреќи 00:05:35.318 --> 00:05:38.836 и ги прашував што запамтиле. 00:05:38.836 --> 00:05:42.775 Во една студија, на луѓето им покажавме симулирана несреќа 00:05:42.775 --> 00:05:44.053 и ги прашавме, 00:05:44.053 --> 00:05:46.917 колку брзо возеле колите во моментот кога се удриле една во друга? 00:05:46.917 --> 00:05:48.551 А други луѓе ги прашавме, 00:05:48.551 --> 00:05:52.240 колку брзо возеле колите во моментот кога се забиле една во друга? 00:05:52.240 --> 00:05:55.242 Кога ќе им го поставевме наведувачкото прашање ,,се забиле,'' 00:05:55.242 --> 00:05:58.527 сведоците ни кажуваа дека колите возеле побрзо, 00:05:58.527 --> 00:06:02.524 и уште повеќе, наведувачкото прашање ,,се забиле'' 00:06:02.524 --> 00:06:05.384 ги наведе луѓето да ни кажат 00:06:05.384 --> 00:06:08.451 дека на местото на несреќата виделе скршено стакло, 00:06:08.451 --> 00:06:12.230 а всушност скршено стакло воопшто и немаше. 00:06:12.230 --> 00:06:15.119 Во друга студија, имавме симулирана несреќа 00:06:15.119 --> 00:06:18.779 во која кола поминува на раскрсница со знак стоп, 00:06:18.779 --> 00:06:23.711 и ако поставевме прашање кое инсинуира присуство на знак за предимство, 00:06:23.711 --> 00:06:27.560 многу сведоци ни кажаа дека се сеќаваат дека на раскрсницата 00:06:27.560 --> 00:06:31.017 виделе знак за предимство, а не знак стоп. NOTE Paragraph 00:06:31.017 --> 00:06:33.206 Можеби си мислите, па добро, 00:06:33.206 --> 00:06:34.529 ова се снимени настани, 00:06:34.529 --> 00:06:36.457 не се особено стресни. 00:06:36.457 --> 00:06:39.191 Дали истиот вид на грешка ќе се јави 00:06:39.191 --> 00:06:42.142 и кај многу стресен настан? 00:06:42.142 --> 00:06:45.233 Студијата која ја објавивме пред неколку месеци, 00:06:45.233 --> 00:06:47.537 ни даде одговор на ова прашање, 00:06:47.537 --> 00:06:50.301 оти оваа студија беше карактеристична по тоа 00:06:50.301 --> 00:06:55.933 што на луѓето им исцениравме едно многу стресно доживување. 00:06:55.933 --> 00:06:58.162 Субјектите во оваа студија 00:06:58.162 --> 00:07:00.672 беа членови на американската армија 00:07:00.672 --> 00:07:05.097 кои во тој момент минуваа низ тешка обука 00:07:05.097 --> 00:07:07.879 која требаше да им покаже како би им било 00:07:07.879 --> 00:07:11.797 доколку некогаш бидат заробени за време на војна. 00:07:11.797 --> 00:07:14.227 И како дел од оваа обука, 00:07:14.227 --> 00:07:17.756 војниците беа испрашувани на агресивен начин, 00:07:17.756 --> 00:07:22.842 кој вклучуваше и физичко малтретирање во рок од 30 минути, 00:07:22.842 --> 00:07:25.659 а подоцна требаше да ја идентификуваат 00:07:25.659 --> 00:07:28.682 личноста која го спровела испрашувањето. 00:07:28.682 --> 00:07:32.505 И кога им дадовме сугестивни информации 00:07:32.505 --> 00:07:35.283 кои ги наведуваа на друга личност, 00:07:35.283 --> 00:07:39.320 многу од нив погрешно го идентификуваа испрашувачот, 00:07:39.320 --> 00:07:43.155 честопати идентификуваа личност која дури ни оддалеку 00:07:43.155 --> 00:07:46.259 не наликува на вистинскиот испрашувач. NOTE Paragraph 00:07:46.259 --> 00:07:48.560 Овие студии покажуваат дека 00:07:48.560 --> 00:07:52.420 кога ќе им дадете на луѓето дезинформации 00:07:52.420 --> 00:07:55.800 за некој настан кој го доживеале, 00:07:55.800 --> 00:08:01.455 тогаш можете да ја искривите, да ја смените, т.е. да ја контаминирате нивната меморија. NOTE Paragraph 00:08:01.455 --> 00:08:03.655 А во реалниот свет, 00:08:03.655 --> 00:08:06.546 дезинформации има насекаде. 00:08:06.546 --> 00:08:07.906 Голтаме дезинформации 00:08:07.906 --> 00:08:10.822 не само преку тенденциозно испрашување, 00:08:10.822 --> 00:08:13.269 туку и ако зборуваме со други сведоци 00:08:13.269 --> 00:08:16.302 кои намерно или ненамерно ни даваат 00:08:16.302 --> 00:08:18.439 погрешни информации, 00:08:18.439 --> 00:08:23.169 или пак ако видиме медиумска сторија за некој настан во кој сме учествувале, 00:08:23.169 --> 00:08:25.962 сите овие работи 00:08:25.962 --> 00:08:30.312 можат да ни ја загадат меморијата. NOTE Paragraph 00:08:30.312 --> 00:08:34.100 Во 90-тите, станавме сведоци 00:08:34.100 --> 00:08:38.783 на еден уште поекстремен мемориски проблем. 00:08:38.783 --> 00:08:41.879 Некои пациенти одеа на терапија со еден проблем -- 00:08:41.879 --> 00:08:44.793 можеби имале депресија, нарушување на исхрана -- 00:08:44.793 --> 00:08:47.546 а од терапијата излегуваа 00:08:47.546 --> 00:08:50.207 со поинаков проблем. 00:08:50.207 --> 00:08:53.908 Екстремни сеќавања за ужасни малтретирања, 00:08:53.908 --> 00:08:55.891 понекогаш сатански ритуали, 00:08:55.891 --> 00:09:00.588 а некогаш вклучуваа навистина бизарни и невообичаени елементи. 00:09:00.588 --> 00:09:03.142 Една жена излезе од психотерапија 00:09:03.142 --> 00:09:05.570 верувајќи дека со години трпела 00:09:05.570 --> 00:09:09.472 ритуалистичко малтретирање, при што била насилно забременета 00:09:09.472 --> 00:09:12.038 и дека бебето ѝ било отсечено од утробата. 00:09:12.038 --> 00:09:14.397 Но немаше никакви физички лузни 00:09:14.397 --> 00:09:16.423 или било каков физички доказ 00:09:16.423 --> 00:09:19.304 кој би одел во прилог на нејзината приказна. 00:09:19.304 --> 00:09:22.312 И кога почнав да ги разгледувам овие случаи, 00:09:22.312 --> 00:09:23.762 се прашував, 00:09:23.762 --> 00:09:26.090 од каде доаѓаат ваквите бизарни сеќавања? 00:09:26.090 --> 00:09:30.477 И открив дека повеќето вакви ситуации 00:09:30.477 --> 00:09:35.968 се поврзани со одреден вид на психотерапија. 00:09:35.968 --> 00:09:37.567 И се прашав, 00:09:37.567 --> 00:09:40.955 дали некои од работите кои се одвиваат во психотерапијата -- 00:09:40.955 --> 00:09:43.839 како вежбите со фантазирање 00:09:43.839 --> 00:09:45.896 интерпретацијата на соништа, 00:09:45.896 --> 00:09:48.028 во некои случаи хипноза, 00:09:48.028 --> 00:09:51.846 или пак во некои случаи давање погрешни информации -- 00:09:51.846 --> 00:09:54.633 дали овие активности доведуваат 00:09:54.633 --> 00:09:57.310 до ваквите бизарни и неверојатни 00:09:57.310 --> 00:10:00.241 сеќавања кај пациентите? 00:10:00.241 --> 00:10:02.400 Така направив неколку експерименти 00:10:02.400 --> 00:10:07.425 за да ги проучувам процесите кои се користат 00:10:07.425 --> 00:10:10.498 во ваквата психотерапија и за да го проучам 00:10:10.498 --> 00:10:14.049 развојот на овие богати и лажни сеќавања. NOTE Paragraph 00:10:14.049 --> 00:10:16.457 Во една од првите студии, 00:10:16.457 --> 00:10:18.810 користевме сугестија, 00:10:18.810 --> 00:10:22.873 методот го зедовме од психотерапијата што ја сретнавме во овие случаи. 00:10:22.873 --> 00:10:24.983 Користевме сугестија 00:10:24.983 --> 00:10:26.835 со која всадивме лажно сеќавање 00:10:26.835 --> 00:10:29.912 дека кога сте биле дете, пет или шест години, 00:10:29.912 --> 00:10:32.163 сте се изгубиле во трговски центар. 00:10:32.163 --> 00:10:34.663 Сте биле исплашени. Сте плачеле. 00:10:34.663 --> 00:10:37.177 На крај ве спасила некоја постара личност 00:10:37.177 --> 00:10:39.029 и пак сте биле со семејството. 00:10:39.029 --> 00:10:41.637 Ваквите сеќавања успеавме да ги всадиме 00:10:41.637 --> 00:10:45.743 во умот на три четвртини од нашите субјекти. 00:10:45.743 --> 00:10:47.748 Можеби си мислите, па добро, 00:10:47.748 --> 00:10:50.094 тоа и не е баш стресно. 00:10:50.094 --> 00:10:53.463 Но ние и другите истражувачи имаме всадено 00:10:53.463 --> 00:10:56.221 богати лажни сеќавања за нешта кои 00:10:56.221 --> 00:10:59.136 се многу поневообичаени и многу постресни. 00:10:59.136 --> 00:11:01.675 Во една студија спроведена во Тенеси, 00:11:01.675 --> 00:11:04.091 истражувачите всадија лажно сеќавање 00:11:04.091 --> 00:11:06.665 дека кога сте биле дете, речиси сте се удавиле 00:11:06.665 --> 00:11:09.172 и дека чуварот морал да ве спасува. 00:11:09.172 --> 00:11:11.475 Во студија спроведена во Канада, 00:11:11.475 --> 00:11:13.999 истражувачите всадија лажно сеќавање 00:11:13.999 --> 00:11:15.227 дека кога сте биле дете, 00:11:15.227 --> 00:11:18.957 ви се случило нешто ужасно, на пример ве нападнало 00:11:18.957 --> 00:11:20.339 опасно животно. 00:11:20.339 --> 00:11:23.761 Ова им успеа кај половина од субјектите. 00:11:23.761 --> 00:11:26.113 И во студија спроведена во Италија, 00:11:26.113 --> 00:11:28.771 истражувачите всадија лажно сеќавање, 00:11:28.771 --> 00:11:33.983 дека како дете сте биле сведок на демонска опседнатост. NOTE Paragraph 00:11:33.983 --> 00:11:36.190 Можеби сето ова ви изгледа 00:11:36.190 --> 00:11:39.929 како трауматизирање на експерименталните субјекти 00:11:39.929 --> 00:11:41.529 во име на науката, 00:11:41.529 --> 00:11:46.167 но нашите студии имаат поминато низ темелна проверка 00:11:46.167 --> 00:11:48.142 од страна на комисијата за научна етика. 00:11:48.142 --> 00:11:50.484 Комисијата одлучи 00:11:50.484 --> 00:11:53.557 дека привремената нелагодност што некои 00:11:53.557 --> 00:11:56.641 од субјектите ја доживуваат во овие студии 00:11:56.641 --> 00:12:00.541 е помала од важноста што ја носи овој проблем, 00:12:00.541 --> 00:12:03.648 односно разбирањето на мемориските процеси 00:12:03.648 --> 00:12:06.994 и злоупотребата на меморијата која се јавува 00:12:06.994 --> 00:12:10.287 на некои места во светот. NOTE Paragraph 00:12:10.287 --> 00:12:13.325 Но, на мое изненадување, 00:12:13.325 --> 00:12:16.754 кога ја објавив студијата и кога започнав да зборувам 00:12:16.754 --> 00:12:20.649 против ваквиот вид на психотерапија, 00:12:20.649 --> 00:12:24.629 ми се јавија прилично големи проблеми: 00:12:24.629 --> 00:12:29.530 непријателства, пред сè од терапевтите кои работат на потиснати сеќавања, 00:12:29.530 --> 00:12:31.206 и кои се почувствуваа нападнати, 00:12:31.206 --> 00:12:34.734 но и од пациентите кои беа под нивно влијание. 00:12:34.734 --> 00:12:37.671 Понекогаш, кога ќе ме поканеа да одржам говор 00:12:37.671 --> 00:12:39.576 со мене си носев вооружено обезбедување, 00:12:39.576 --> 00:12:43.793 луѓето пишуваа писма и покренуваа кампањи за да ме избркаат од работа. 00:12:43.793 --> 00:12:45.774 Но веројатно најлошото беше 00:12:45.774 --> 00:12:48.541 кога се посомневав во приказната 00:12:48.541 --> 00:12:50.965 на една возрасна ќерка 00:12:50.965 --> 00:12:53.801 која тврдеше дека била злоставувана од својата мајка. 00:12:53.801 --> 00:12:57.218 Врз основа на потиснатите сеќавања, таа ја 00:12:57.218 --> 00:12:59.077 обвини својата мајка за сексуална злоупотреба. 00:12:59.077 --> 00:13:01.960 Всушност оваа ќерка дозволи нејзината приказна да биде 00:13:01.960 --> 00:13:05.394 снимена и да биде прикажувана на јавни места. 00:13:05.394 --> 00:13:07.903 Се посомневав во оваа приказна, 00:13:07.903 --> 00:13:10.203 и почнав да истражувам, 00:13:10.203 --> 00:13:14.686 и најпосле дојдов до информации кои ме убедија 00:13:14.686 --> 00:13:16.975 дека мајката е невина. 00:13:16.975 --> 00:13:19.936 Објавив критика за овој случај, 00:13:19.936 --> 00:13:23.380 и некое време подоцна, ќерката 00:13:23.380 --> 00:13:24.901 поднесе тужба. 00:13:24.901 --> 00:13:27.256 Иако никогаш не ѝ го спомнав името, 00:13:27.256 --> 00:13:31.618 таа ме тужеше за клевета и за нарушување на приватноста. 00:13:31.618 --> 00:13:34.341 И поминав речиси пет години 00:13:34.341 --> 00:13:40.893 занимавајќи се со збунувачки и непријатни судски постапки, 00:13:40.893 --> 00:13:44.567 но конечно, конечно, сè се заврши и можев навистина 00:13:44.567 --> 00:13:46.991 да ѝ се вратам на работата. 00:13:46.991 --> 00:13:49.476 Во процесот, сепак, станав дел 00:13:49.476 --> 00:13:52.130 од вознемирувачкиот тренд во Америка 00:13:52.130 --> 00:13:54.237 каде научниците се тужени 00:13:54.237 --> 00:13:58.836 само поради тоа што зборуваат за работи кои се контраверзни во јавноста. NOTE Paragraph 00:13:58.836 --> 00:14:02.194 Кога се вратив на работа, си го поставив ова прашање: 00:14:02.194 --> 00:14:04.592 ако всадам лажно сеќавање во твојот ум, 00:14:04.592 --> 00:14:06.436 дали тоа ќе има реперкусии? 00:14:06.436 --> 00:14:08.395 Дали ќе влијае врз твоите подоцнежни мисли, 00:14:08.395 --> 00:14:10.496 твоите подоцнежни однесувања? 00:14:10.496 --> 00:14:12.523 Во нашата прва студија всадивме лажно сеќавање 00:14:12.523 --> 00:14:15.849 дека како дете ви се слошило јадејќи одредена храна: 00:14:15.849 --> 00:14:18.848 тврдо-варени јајца, кисели краставички, сладолед од јагода. 00:14:18.848 --> 00:14:22.038 И увидовме дека откако ги всадивме овие лажни сеќавања, 00:14:22.038 --> 00:14:24.489 луѓето повеќе не сакаа да ја јадат оваа храна 00:14:24.489 --> 00:14:26.749 за време на излет. 00:14:26.749 --> 00:14:30.622 Лажните сеќавања не се секогаш лоши или непријатни. 00:14:30.622 --> 00:14:32.980 Ако всадиме пријатно сеќавање 00:14:32.980 --> 00:14:36.001 кое вклучува здрава храна како аспарагусот, 00:14:36.001 --> 00:14:39.476 можеме да ги натераме луѓето да јадат повеќе аспарагус. 00:14:39.476 --> 00:14:41.850 Овие истражувања ни покажуваат 00:14:41.850 --> 00:14:43.965 дека можете да всадите лажни сеќавања 00:14:43.965 --> 00:14:45.378 кои имаат реперкусии, односно 00:14:45.378 --> 00:14:50.463 кои имаат многу подолго влијание врз однесувањето. NOTE Paragraph 00:14:50.463 --> 00:14:52.887 Но, со оваа способност 00:14:52.887 --> 00:14:55.810 за всадување на сеќавања и контролирање на однесувањето, 00:14:55.810 --> 00:14:59.991 очигледно се поврзани и важни етички прашања, 00:14:59.991 --> 00:15:03.050 како, кога треба да ја користиме оваа умствена технологија? 00:15:03.050 --> 00:15:06.730 И дали некогаш треба да ја забраниме? 00:15:06.730 --> 00:15:09.513 Не е етички терапевтите да всадуваат лажни сеќавања 00:15:09.513 --> 00:15:11.100 во умот на своите пациенти 00:15:11.100 --> 00:15:13.664 дури и кога тоа му помага на пациентот, 00:15:13.664 --> 00:15:15.286 но ништо не може да го спречи родителот 00:15:15.286 --> 00:15:19.735 да го испроба ова на својот тинејџер кој е дебел и има прекумерна тежина. 00:15:19.735 --> 00:15:22.340 Кога го предложив ова јавно, 00:15:22.340 --> 00:15:25.686 повторно се јави негодување. 00:15:25.686 --> 00:15:29.719 ,,Еве ја пак. Ги убедува родителите да ги лажат своите деца.'' NOTE Paragraph 00:15:29.719 --> 00:15:31.964 Ало, Дедо Мраз. (Смеа) NOTE Paragraph 00:15:31.964 --> 00:15:41.461 Мислам, можете поинаку да гледате на ова, 00:15:41.461 --> 00:15:43.494 што повеќе сакате, 00:15:43.494 --> 00:15:46.523 дете со дебелина, дијабетис, намален животен век, 00:15:46.523 --> 00:15:48.055 и сè што оди со тоа, 00:15:48.055 --> 00:15:51.071 или пак дете кое има уште едно малечко лажно сеќавање? 00:15:51.071 --> 00:15:54.462 Јас знам што би избрала за моето дете. NOTE Paragraph 00:15:54.462 --> 00:15:58.439 Но можеби мојата работа ме направи поразлична од повеќето луѓе. 00:15:58.439 --> 00:16:00.518 Повеќето луѓе си ги негуваат сеќавањата, 00:16:00.518 --> 00:16:02.672 знаат дека тие го претставуваат нивниот идентитет, 00:16:02.672 --> 00:16:04.697 кои се тие, од каде доаѓаат. 00:16:04.697 --> 00:16:07.555 И го ценам тоа. Се согласувам со тоа. 00:16:07.555 --> 00:16:09.760 Но од мојата работа знам 00:16:09.760 --> 00:16:14.241 колку многу фикција веќе има таму. 00:16:14.241 --> 00:16:16.973 Ако научив нешто од сите овие децении 00:16:16.973 --> 00:16:19.383 работејќи на овие проблеми, тогаш тоа е ова: 00:16:19.383 --> 00:16:21.594 само затоа што некој ви кажува нешто 00:16:21.594 --> 00:16:23.169 и ви го кажува со самодоверба, 00:16:23.169 --> 00:16:25.849 само затоа што ви го кажуваат со многу детали, 00:16:25.849 --> 00:16:28.608 само затоа што се емотивни додека ви го кажуваат, 00:16:28.608 --> 00:16:31.810 тоа не значи дека и навистина се случило. 00:16:31.810 --> 00:16:35.675 Не можете со сигурност да ги разликувате вистинските од лажните сеќавања. 00:16:35.675 --> 00:16:39.223 Ни треба потврда од независен извор. 00:16:39.223 --> 00:16:42.313 Ваквото откритие ме направи потолерантна 00:16:42.313 --> 00:16:44.452 на секојдневните мемориски грешки 00:16:44.452 --> 00:16:47.366 кои ги прават моите пријатели и членовите на семејството. 00:16:47.366 --> 00:16:51.900 Ваквото откритие можеби ќе го спасеше Стив Тајтус, 00:16:51.900 --> 00:16:55.476 човекот на кого цела иднина му беше збришана 00:16:55.476 --> 00:16:57.714 од едно лажно сеќавање. NOTE Paragraph 00:16:57.714 --> 00:17:00.530 Но во меѓувреме, сите ние треба да имаме на ум, 00:17:00.530 --> 00:17:02.166 за наше добро, 00:17:02.166 --> 00:17:06.037 дека меморијата, како и слободата, 00:17:06.037 --> 00:17:09.731 е кревка ствар. 00:17:09.731 --> 00:17:12.669 Ви благодарам. Ви благодарам. 00:17:12.669 --> 00:17:15.397 Ви благодарам. (Аплауз) 00:17:15.397 --> 00:17:19.116 Ви благодарам многу. (Аплауз)