1 00:00:00,509 --> 00:00:04,841 Сакам да ви зборувам за еден судски случај на кој работев, 2 00:00:04,841 --> 00:00:08,404 во кој беше инволвиран маж по име Стив Тајтус. 3 00:00:08,404 --> 00:00:11,433 Тајтус беше менаџер на ресторант. 4 00:00:11,433 --> 00:00:15,523 Имаше 31 година, живееше во Сиетл, Вашингтон, 5 00:00:15,523 --> 00:00:17,418 беше верен за Гречен, 6 00:00:17,418 --> 00:00:20,366 требаше да се ожени, таа му беше животна љубов. 7 00:00:20,366 --> 00:00:22,650 Една ноќ, парот отишол 8 00:00:22,650 --> 00:00:25,655 во ресторант на романтична вечера. 9 00:00:25,655 --> 00:00:27,303 Враќајќи се дома 10 00:00:27,303 --> 00:00:30,253 биле сопрени од страна на полицаец. 11 00:00:30,253 --> 00:00:33,570 Видете, колата на Тајтус наликувала 12 00:00:33,570 --> 00:00:37,457 на колата, возена истата таа ноќ, 13 00:00:37,457 --> 00:00:40,863 од страна на маж кој силувал автостоперка, 14 00:00:40,863 --> 00:00:44,457 а Тајтус донекаде личел на силувачот. 15 00:00:44,457 --> 00:00:47,035 Полицијата го фотографирала Тајтус, 16 00:00:47,035 --> 00:00:49,802 составиле листа на фотографии, 17 00:00:49,802 --> 00:00:51,962 ѝ ги покажале на жртвата, 18 00:00:51,962 --> 00:00:54,122 а таа ја посочила фотографијата на Тајтус. 19 00:00:54,122 --> 00:00:57,743 Рекла, ,,Оваа е најблиску.'' 20 00:00:57,743 --> 00:01:01,631 Полицијата и обвинителството поднесоа кривична пријава, 21 00:01:01,631 --> 00:01:04,972 а за време на судењето на Стив Тајтус, 22 00:01:04,972 --> 00:01:07,068 жртвата од говорницата 23 00:01:07,068 --> 00:01:11,410 рече, ''Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' 24 00:01:11,410 --> 00:01:14,336 И Тајтус беше осуден. 25 00:01:14,336 --> 00:01:16,310 Тој се изјасни како невин, 26 00:01:16,310 --> 00:01:18,892 неговото семејство врескаше кон поротата, 27 00:01:18,892 --> 00:01:21,763 неговата вереница падна на подот липајќи, 28 00:01:21,763 --> 00:01:25,158 а Тајтус го однесоа во затвор. 29 00:01:25,158 --> 00:01:28,616 И што би направиле вие во ваков момент? 30 00:01:28,616 --> 00:01:30,252 Како ќе постапите? 31 00:01:30,252 --> 00:01:34,020 Тајтус ја изгуби сета доверба во правниот систем, 32 00:01:34,020 --> 00:01:36,052 но сепак се сети на нешто. 33 00:01:36,052 --> 00:01:38,483 Тој се јави во локалниот весник, 34 00:01:38,483 --> 00:01:41,870 го привлече вниманието на еден истражувачки новинар, 35 00:01:41,870 --> 00:01:46,606 и новинарот всушност го најде вистинскиот силувач, 36 00:01:46,606 --> 00:01:49,959 еден маж кој на крај го призна силувањето, 37 00:01:49,959 --> 00:01:53,251 маж за кој се сметаше дека извршил 50 силувања 38 00:01:53,251 --> 00:01:54,583 во таа област. 39 00:01:54,583 --> 00:01:57,757 Кога му беше дадена оваа информација на судијата, 40 00:01:57,757 --> 00:02:00,693 Тајтус беше ослободен. 41 00:02:00,693 --> 00:02:04,724 И навистина, во тој момент случајот требаше да заврши. 42 00:02:04,724 --> 00:02:05,847 Требаше да биде крај. 43 00:02:05,847 --> 00:02:08,367 Тајтус на ова требаше да гледа како на ужасна година, 44 00:02:08,367 --> 00:02:12,203 година со обвинувања и судење, но која е завршена. 45 00:02:12,203 --> 00:02:14,250 Не заврши така. 46 00:02:14,250 --> 00:02:16,928 Тајтус беше толку огорчен. 47 00:02:16,928 --> 00:02:19,508 Ја изгуби работата. Не можеше да си ја врати. 48 00:02:19,508 --> 00:02:21,351 Ја изгуби вереницата. 49 00:02:21,351 --> 00:02:24,257 Таа не можеше да го трпи неговиот постојан гнев. 50 00:02:24,257 --> 00:02:26,403 Тој ја изгуби сета заштеда, 51 00:02:26,403 --> 00:02:29,261 и одлучи да ја тужи 52 00:02:29,261 --> 00:02:31,542 полицијата и другите за кои сметаше 53 00:02:31,542 --> 00:02:33,861 дека се одговорни за неговото страдање. 54 00:02:33,861 --> 00:02:38,574 И токму тогаш почнав да работам на овој случај, 55 00:02:38,574 --> 00:02:40,535 обидувајќи се да сфатам 56 00:02:40,535 --> 00:02:42,609 како жртвата го смени мислењето од 57 00:02:42,609 --> 00:02:44,137 ,,Оваа е најблиску'' 58 00:02:44,137 --> 00:02:48,887 во ,,Апсолутно сум сигурна дека тој е мажот.'' 59 00:02:48,887 --> 00:02:52,166 Тајтус беше обземен со неговиот случај. 60 00:02:52,166 --> 00:02:55,200 Цело време мислеше на него, 61 00:02:55,200 --> 00:02:59,351 и неколку дена пред да оди на суд, 62 00:02:59,351 --> 00:03:01,570 се разбудил утрото 63 00:03:01,570 --> 00:03:03,378 оптоварен со болка 64 00:03:03,378 --> 00:03:06,072 и умре од срцев удар како резултат на стресот. 65 00:03:06,072 --> 00:03:09,259 Имаше 35 години. 66 00:03:09,259 --> 00:03:14,069 Од мене побараа да работам на неговиот случај 67 00:03:14,069 --> 00:03:16,584 бидејќи сум доктор по психологија. 68 00:03:16,584 --> 00:03:20,411 Ја проучувам меморијата. Ја проучував меморијата со децении. 69 00:03:20,411 --> 00:03:23,800 И ако сретнев некого во авион -- 70 00:03:23,800 --> 00:03:25,896 ова се случи за време на лет кон Шкотска -- 71 00:03:25,896 --> 00:03:27,726 ако сретнев некого во авион, 72 00:03:27,726 --> 00:03:30,771 и кога ќе се прашавме, ,,Што работиш? Што работиш?'' 73 00:03:30,771 --> 00:03:32,222 јас им велам ,,Ја проучувам меморијата,'' 74 00:03:32,222 --> 00:03:35,602 луѓето обично ми кажуваат дека имаат проблеми со памтење на имиња, 75 00:03:35,602 --> 00:03:38,401 или имаат роднина со Алцхајмер 76 00:03:38,416 --> 00:03:40,481 или некаков проблем со меморијата. 77 00:03:40,481 --> 00:03:42,697 Јас тогаш морам да им објаснам 78 00:03:42,697 --> 00:03:46,202 дека јас не го проучувам заборавањето. 79 00:03:46,202 --> 00:03:49,204 Го проучувам спротивното: присеќавањето, 80 00:03:49,204 --> 00:03:51,957 кога луѓето се сеќаваат на работи кои не се случиле 81 00:03:51,957 --> 00:03:53,922 или пак кога сеќавањето го искривува 82 00:03:53,922 --> 00:03:55,947 вистинскиот настан. 83 00:03:55,947 --> 00:04:00,683 Јас ги изучувам лажните сеќавања. 84 00:04:00,683 --> 00:04:04,990 За жал, Стив Тајтус не е единствениот 85 00:04:04,990 --> 00:04:09,295 кој бил осуден врз база на нечие лажно сеќавање. 86 00:04:09,295 --> 00:04:12,603 Во рамки на еден проект во САД, 87 00:04:12,603 --> 00:04:14,855 беа собрани информации 88 00:04:14,855 --> 00:04:18,789 за 300 невини луѓе, 89 00:04:18,789 --> 00:04:22,684 300 обвинети кои биле осудени за злосторства што не ги сториле. 90 00:04:22,684 --> 00:04:27,984 Поминале 10, 20, 30 години во затвор поради овие злосторства, 91 00:04:27,984 --> 00:04:30,411 и сега ДНК тестирањето докажало 92 00:04:30,411 --> 00:04:33,327 дека се всушност невини. 93 00:04:33,327 --> 00:04:35,848 Кога овие случаи беа анализирани, 94 00:04:35,848 --> 00:04:37,989 излезе дека три четвртини од нив 95 00:04:37,989 --> 00:04:43,600 се должат на погрешните сеќавања на сведоците. 96 00:04:43,600 --> 00:04:44,863 И, зошто? 97 00:04:44,863 --> 00:04:48,314 Исто како и поротниците кои ги осудиле овие невини луѓе 98 00:04:48,314 --> 00:04:50,598 и поротниците кои го осудија Тајтус, 99 00:04:50,598 --> 00:04:52,839 многу луѓе веруваат дека меморијата 100 00:04:52,839 --> 00:04:54,486 работи како направа за снимање. 101 00:04:54,486 --> 00:04:56,743 Едноставно ги снимаш информациите, 102 00:04:56,743 --> 00:04:59,390 потоа се повикуваш на нив 103 00:04:59,390 --> 00:05:02,817 за да одговориш на прашања или да идентификуваш слики. 104 00:05:02,817 --> 00:05:04,980 Но децениските истражувања во психологијата 105 00:05:04,980 --> 00:05:08,133 покажаа дека ова не е точно. 106 00:05:08,133 --> 00:05:10,563 Нашите сеќавања се менливи. 107 00:05:10,563 --> 00:05:12,132 Тие се променливи. 108 00:05:12,132 --> 00:05:15,613 Меморијата функционира донекаде како страна на ,,Википедија.'' 109 00:05:15,613 --> 00:05:20,726 Можеш самиот да ја промениш, но можат и другите да ја променат. 110 00:05:20,726 --> 00:05:25,975 Променливоста на меморијата за првпат почнав да ја изучувам 111 00:05:25,975 --> 00:05:28,390 во 70-тите. 112 00:05:28,390 --> 00:05:32,813 Експериментите ги правев така што на луѓето им покажував 113 00:05:32,813 --> 00:05:35,318 симулирани злосторства и несреќи 114 00:05:35,318 --> 00:05:38,836 и ги прашував што запамтиле. 115 00:05:38,836 --> 00:05:42,775 Во една студија, на луѓето им покажавме симулирана несреќа 116 00:05:42,775 --> 00:05:44,053 и ги прашавме, 117 00:05:44,053 --> 00:05:46,917 колку брзо возеле колите во моментот кога се удриле една во друга? 118 00:05:46,917 --> 00:05:48,551 А други луѓе ги прашавме, 119 00:05:48,551 --> 00:05:52,240 колку брзо возеле колите во моментот кога се забиле една во друга? 120 00:05:52,240 --> 00:05:55,242 Кога ќе им го поставевме наведувачкото прашање ,,се забиле,'' 121 00:05:55,242 --> 00:05:58,527 сведоците ни кажуваа дека колите возеле побрзо, 122 00:05:58,527 --> 00:06:02,524 и уште повеќе, наведувачкото прашање ,,се забиле'' 123 00:06:02,524 --> 00:06:05,384 ги наведе луѓето да ни кажат 124 00:06:05,384 --> 00:06:08,451 дека на местото на несреќата виделе скршено стакло, 125 00:06:08,451 --> 00:06:12,230 а всушност скршено стакло воопшто и немаше. 126 00:06:12,230 --> 00:06:15,119 Во друга студија, имавме симулирана несреќа 127 00:06:15,119 --> 00:06:18,779 во која кола поминува на раскрсница со знак стоп, 128 00:06:18,779 --> 00:06:23,711 и ако поставевме прашање кое инсинуира присуство на знак за предимство, 129 00:06:23,711 --> 00:06:27,560 многу сведоци ни кажаа дека се сеќаваат дека на раскрсницата 130 00:06:27,560 --> 00:06:31,017 виделе знак за предимство, а не знак стоп. 131 00:06:31,017 --> 00:06:33,206 Можеби си мислите, па добро, 132 00:06:33,206 --> 00:06:34,529 ова се снимени настани, 133 00:06:34,529 --> 00:06:36,457 не се особено стресни. 134 00:06:36,457 --> 00:06:39,191 Дали истиот вид на грешка ќе се јави 135 00:06:39,191 --> 00:06:42,142 и кај многу стресен настан? 136 00:06:42,142 --> 00:06:45,233 Студијата која ја објавивме пред неколку месеци, 137 00:06:45,233 --> 00:06:47,537 ни даде одговор на ова прашање, 138 00:06:47,537 --> 00:06:50,301 оти оваа студија беше карактеристична по тоа 139 00:06:50,301 --> 00:06:55,933 што на луѓето им исцениравме едно многу стресно доживување. 140 00:06:55,933 --> 00:06:58,162 Субјектите во оваа студија 141 00:06:58,162 --> 00:07:00,672 беа членови на американската армија 142 00:07:00,672 --> 00:07:05,097 кои во тој момент минуваа низ тешка обука 143 00:07:05,097 --> 00:07:07,879 која требаше да им покаже како би им било 144 00:07:07,879 --> 00:07:11,797 доколку некогаш бидат заробени за време на војна. 145 00:07:11,797 --> 00:07:14,227 И како дел од оваа обука, 146 00:07:14,227 --> 00:07:17,756 војниците беа испрашувани на агресивен начин, 147 00:07:17,756 --> 00:07:22,842 кој вклучуваше и физичко малтретирање во рок од 30 минути, 148 00:07:22,842 --> 00:07:25,659 а подоцна требаше да ја идентификуваат 149 00:07:25,659 --> 00:07:28,682 личноста која го спровела испрашувањето. 150 00:07:28,682 --> 00:07:32,505 И кога им дадовме сугестивни информации 151 00:07:32,505 --> 00:07:35,283 кои ги наведуваа на друга личност, 152 00:07:35,283 --> 00:07:39,320 многу од нив погрешно го идентификуваа испрашувачот, 153 00:07:39,320 --> 00:07:43,155 честопати идентификуваа личност која дури ни оддалеку 154 00:07:43,155 --> 00:07:46,259 не наликува на вистинскиот испрашувач. 155 00:07:46,259 --> 00:07:48,560 Овие студии покажуваат дека 156 00:07:48,560 --> 00:07:52,420 кога ќе им дадете на луѓето дезинформации 157 00:07:52,420 --> 00:07:55,800 за некој настан кој го доживеале, 158 00:07:55,800 --> 00:08:01,455 тогаш можете да ја искривите, да ја смените, т.е. да ја контаминирате нивната меморија. 159 00:08:01,455 --> 00:08:03,655 А во реалниот свет, 160 00:08:03,655 --> 00:08:06,546 дезинформации има насекаде. 161 00:08:06,546 --> 00:08:07,906 Голтаме дезинформации 162 00:08:07,906 --> 00:08:10,822 не само преку тенденциозно испрашување, 163 00:08:10,822 --> 00:08:13,269 туку и ако зборуваме со други сведоци 164 00:08:13,269 --> 00:08:16,302 кои намерно или ненамерно ни даваат 165 00:08:16,302 --> 00:08:18,439 погрешни информации, 166 00:08:18,439 --> 00:08:23,169 или пак ако видиме медиумска сторија за некој настан во кој сме учествувале, 167 00:08:23,169 --> 00:08:25,962 сите овие работи 168 00:08:25,962 --> 00:08:30,312 можат да ни ја загадат меморијата. 169 00:08:30,312 --> 00:08:34,100 Во 90-тите, станавме сведоци 170 00:08:34,100 --> 00:08:38,783 на еден уште поекстремен мемориски проблем. 171 00:08:38,783 --> 00:08:41,879 Некои пациенти одеа на терапија со еден проблем -- 172 00:08:41,879 --> 00:08:44,793 можеби имале депресија, нарушување на исхрана -- 173 00:08:44,793 --> 00:08:47,546 а од терапијата излегуваа 174 00:08:47,546 --> 00:08:50,207 со поинаков проблем. 175 00:08:50,207 --> 00:08:53,908 Екстремни сеќавања за ужасни малтретирања, 176 00:08:53,908 --> 00:08:55,891 понекогаш сатански ритуали, 177 00:08:55,891 --> 00:09:00,588 а некогаш вклучуваа навистина бизарни и невообичаени елементи. 178 00:09:00,588 --> 00:09:03,142 Една жена излезе од психотерапија 179 00:09:03,142 --> 00:09:05,570 верувајќи дека со години трпела 180 00:09:05,570 --> 00:09:09,472 ритуалистичко малтретирање, при што била насилно забременета 181 00:09:09,472 --> 00:09:12,038 и дека бебето ѝ било отсечено од утробата. 182 00:09:12,038 --> 00:09:14,397 Но немаше никакви физички лузни 183 00:09:14,397 --> 00:09:16,423 или било каков физички доказ 184 00:09:16,423 --> 00:09:19,304 кој би одел во прилог на нејзината приказна. 185 00:09:19,304 --> 00:09:22,312 И кога почнав да ги разгледувам овие случаи, 186 00:09:22,312 --> 00:09:23,762 се прашував, 187 00:09:23,762 --> 00:09:26,090 од каде доаѓаат ваквите бизарни сеќавања? 188 00:09:26,090 --> 00:09:30,477 И открив дека повеќето вакви ситуации 189 00:09:30,477 --> 00:09:35,968 се поврзани со одреден вид на психотерапија. 190 00:09:35,968 --> 00:09:37,567 И се прашав, 191 00:09:37,567 --> 00:09:40,955 дали некои од работите кои се одвиваат во психотерапијата -- 192 00:09:40,955 --> 00:09:43,839 како вежбите со фантазирање 193 00:09:43,839 --> 00:09:45,896 интерпретацијата на соништа, 194 00:09:45,896 --> 00:09:48,028 во некои случаи хипноза, 195 00:09:48,028 --> 00:09:51,846 или пак во некои случаи давање погрешни информации -- 196 00:09:51,846 --> 00:09:54,633 дали овие активности доведуваат 197 00:09:54,633 --> 00:09:57,310 до ваквите бизарни и неверојатни 198 00:09:57,310 --> 00:10:00,241 сеќавања кај пациентите? 199 00:10:00,241 --> 00:10:02,400 Така направив неколку експерименти 200 00:10:02,400 --> 00:10:07,425 за да ги проучувам процесите кои се користат 201 00:10:07,425 --> 00:10:10,498 во ваквата психотерапија и за да го проучам 202 00:10:10,498 --> 00:10:14,049 развојот на овие богати и лажни сеќавања. 203 00:10:14,049 --> 00:10:16,457 Во една од првите студии, 204 00:10:16,457 --> 00:10:18,810 користевме сугестија, 205 00:10:18,810 --> 00:10:22,873 методот го зедовме од психотерапијата што ја сретнавме во овие случаи. 206 00:10:22,873 --> 00:10:24,983 Користевме сугестија 207 00:10:24,983 --> 00:10:26,835 со која всадивме лажно сеќавање 208 00:10:26,835 --> 00:10:29,912 дека кога сте биле дете, пет или шест години, 209 00:10:29,912 --> 00:10:32,163 сте се изгубиле во трговски центар. 210 00:10:32,163 --> 00:10:34,663 Сте биле исплашени. Сте плачеле. 211 00:10:34,663 --> 00:10:37,177 На крај ве спасила некоја постара личност 212 00:10:37,177 --> 00:10:39,029 и пак сте биле со семејството. 213 00:10:39,029 --> 00:10:41,637 Ваквите сеќавања успеавме да ги всадиме 214 00:10:41,637 --> 00:10:45,743 во умот на три четвртини од нашите субјекти. 215 00:10:45,743 --> 00:10:47,748 Можеби си мислите, па добро, 216 00:10:47,748 --> 00:10:50,094 тоа и не е баш стресно. 217 00:10:50,094 --> 00:10:53,463 Но ние и другите истражувачи имаме всадено 218 00:10:53,463 --> 00:10:56,221 богати лажни сеќавања за нешта кои 219 00:10:56,221 --> 00:10:59,136 се многу поневообичаени и многу постресни. 220 00:10:59,136 --> 00:11:01,675 Во една студија спроведена во Тенеси, 221 00:11:01,675 --> 00:11:04,091 истражувачите всадија лажно сеќавање 222 00:11:04,091 --> 00:11:06,665 дека кога сте биле дете, речиси сте се удавиле 223 00:11:06,665 --> 00:11:09,172 и дека чуварот морал да ве спасува. 224 00:11:09,172 --> 00:11:11,475 Во студија спроведена во Канада, 225 00:11:11,475 --> 00:11:13,999 истражувачите всадија лажно сеќавање 226 00:11:13,999 --> 00:11:15,227 дека кога сте биле дете, 227 00:11:15,227 --> 00:11:18,957 ви се случило нешто ужасно, на пример ве нападнало 228 00:11:18,957 --> 00:11:20,339 опасно животно. 229 00:11:20,339 --> 00:11:23,761 Ова им успеа кај половина од субјектите. 230 00:11:23,761 --> 00:11:26,113 И во студија спроведена во Италија, 231 00:11:26,113 --> 00:11:28,771 истражувачите всадија лажно сеќавање, 232 00:11:28,771 --> 00:11:33,983 дека како дете сте биле сведок на демонска опседнатост. 233 00:11:33,983 --> 00:11:36,190 Можеби сето ова ви изгледа 234 00:11:36,190 --> 00:11:39,929 како трауматизирање на експерименталните субјекти 235 00:11:39,929 --> 00:11:41,529 во име на науката, 236 00:11:41,529 --> 00:11:46,167 но нашите студии имаат поминато низ темелна проверка 237 00:11:46,167 --> 00:11:48,142 од страна на комисијата за научна етика. 238 00:11:48,142 --> 00:11:50,484 Комисијата одлучи 239 00:11:50,484 --> 00:11:53,557 дека привремената нелагодност што некои 240 00:11:53,557 --> 00:11:56,641 од субјектите ја доживуваат во овие студии 241 00:11:56,641 --> 00:12:00,541 е помала од важноста што ја носи овој проблем, 242 00:12:00,541 --> 00:12:03,648 односно разбирањето на мемориските процеси 243 00:12:03,648 --> 00:12:06,994 и злоупотребата на меморијата која се јавува 244 00:12:06,994 --> 00:12:10,287 на некои места во светот. 245 00:12:10,287 --> 00:12:13,325 Но, на мое изненадување, 246 00:12:13,325 --> 00:12:16,754 кога ја објавив студијата и кога започнав да зборувам 247 00:12:16,754 --> 00:12:20,649 против ваквиот вид на психотерапија, 248 00:12:20,649 --> 00:12:24,629 ми се јавија прилично големи проблеми: 249 00:12:24,629 --> 00:12:29,530 непријателства, пред сè од терапевтите кои работат на потиснати сеќавања, 250 00:12:29,530 --> 00:12:31,206 и кои се почувствуваа нападнати, 251 00:12:31,206 --> 00:12:34,734 но и од пациентите кои беа под нивно влијание. 252 00:12:34,734 --> 00:12:37,671 Понекогаш, кога ќе ме поканеа да одржам говор 253 00:12:37,671 --> 00:12:39,576 со мене си носев вооружено обезбедување, 254 00:12:39,576 --> 00:12:43,793 луѓето пишуваа писма и покренуваа кампањи за да ме избркаат од работа. 255 00:12:43,793 --> 00:12:45,774 Но веројатно најлошото беше 256 00:12:45,774 --> 00:12:48,541 кога се посомневав во приказната 257 00:12:48,541 --> 00:12:50,965 на една возрасна ќерка 258 00:12:50,965 --> 00:12:53,801 која тврдеше дека била злоставувана од својата мајка. 259 00:12:53,801 --> 00:12:57,218 Врз основа на потиснатите сеќавања, таа ја 260 00:12:57,218 --> 00:12:59,077 обвини својата мајка за сексуална злоупотреба. 261 00:12:59,077 --> 00:13:01,960 Всушност оваа ќерка дозволи нејзината приказна да биде 262 00:13:01,960 --> 00:13:05,394 снимена и да биде прикажувана на јавни места. 263 00:13:05,394 --> 00:13:07,903 Се посомневав во оваа приказна, 264 00:13:07,903 --> 00:13:10,203 и почнав да истражувам, 265 00:13:10,203 --> 00:13:14,686 и најпосле дојдов до информации кои ме убедија 266 00:13:14,686 --> 00:13:16,975 дека мајката е невина. 267 00:13:16,975 --> 00:13:19,936 Објавив критика за овој случај, 268 00:13:19,936 --> 00:13:23,380 и некое време подоцна, ќерката 269 00:13:23,380 --> 00:13:24,901 поднесе тужба. 270 00:13:24,901 --> 00:13:27,256 Иако никогаш не ѝ го спомнав името, 271 00:13:27,256 --> 00:13:31,618 таа ме тужеше за клевета и за нарушување на приватноста. 272 00:13:31,618 --> 00:13:34,341 И поминав речиси пет години 273 00:13:34,341 --> 00:13:40,893 занимавајќи се со збунувачки и непријатни судски постапки, 274 00:13:40,893 --> 00:13:44,567 но конечно, конечно, сè се заврши и можев навистина 275 00:13:44,567 --> 00:13:46,991 да ѝ се вратам на работата. 276 00:13:46,991 --> 00:13:49,476 Во процесот, сепак, станав дел 277 00:13:49,476 --> 00:13:52,130 од вознемирувачкиот тренд во Америка 278 00:13:52,130 --> 00:13:54,237 каде научниците се тужени 279 00:13:54,237 --> 00:13:58,836 само поради тоа што зборуваат за работи кои се контраверзни во јавноста. 280 00:13:58,836 --> 00:14:02,194 Кога се вратив на работа, си го поставив ова прашање: 281 00:14:02,194 --> 00:14:04,592 ако всадам лажно сеќавање во твојот ум, 282 00:14:04,592 --> 00:14:06,436 дали тоа ќе има реперкусии? 283 00:14:06,436 --> 00:14:08,395 Дали ќе влијае врз твоите подоцнежни мисли, 284 00:14:08,395 --> 00:14:10,496 твоите подоцнежни однесувања? 285 00:14:10,496 --> 00:14:12,523 Во нашата прва студија всадивме лажно сеќавање 286 00:14:12,523 --> 00:14:15,849 дека како дете ви се слошило јадејќи одредена храна: 287 00:14:15,849 --> 00:14:18,848 тврдо-варени јајца, кисели краставички, сладолед од јагода. 288 00:14:18,848 --> 00:14:22,038 И увидовме дека откако ги всадивме овие лажни сеќавања, 289 00:14:22,038 --> 00:14:24,489 луѓето повеќе не сакаа да ја јадат оваа храна 290 00:14:24,489 --> 00:14:26,749 за време на излет. 291 00:14:26,749 --> 00:14:30,622 Лажните сеќавања не се секогаш лоши или непријатни. 292 00:14:30,622 --> 00:14:32,980 Ако всадиме пријатно сеќавање 293 00:14:32,980 --> 00:14:36,001 кое вклучува здрава храна како аспарагусот, 294 00:14:36,001 --> 00:14:39,476 можеме да ги натераме луѓето да јадат повеќе аспарагус. 295 00:14:39,476 --> 00:14:41,850 Овие истражувања ни покажуваат 296 00:14:41,850 --> 00:14:43,965 дека можете да всадите лажни сеќавања 297 00:14:43,965 --> 00:14:45,378 кои имаат реперкусии, односно 298 00:14:45,378 --> 00:14:50,463 кои имаат многу подолго влијание врз однесувањето. 299 00:14:50,463 --> 00:14:52,887 Но, со оваа способност 300 00:14:52,887 --> 00:14:55,810 за всадување на сеќавања и контролирање на однесувањето, 301 00:14:55,810 --> 00:14:59,991 очигледно се поврзани и важни етички прашања, 302 00:14:59,991 --> 00:15:03,050 како, кога треба да ја користиме оваа умствена технологија? 303 00:15:03,050 --> 00:15:06,730 И дали некогаш треба да ја забраниме? 304 00:15:06,730 --> 00:15:09,513 Не е етички терапевтите да всадуваат лажни сеќавања 305 00:15:09,513 --> 00:15:11,100 во умот на своите пациенти 306 00:15:11,100 --> 00:15:13,664 дури и кога тоа му помага на пациентот, 307 00:15:13,664 --> 00:15:15,286 но ништо не може да го спречи родителот 308 00:15:15,286 --> 00:15:19,735 да го испроба ова на својот тинејџер кој е дебел и има прекумерна тежина. 309 00:15:19,735 --> 00:15:22,340 Кога го предложив ова јавно, 310 00:15:22,340 --> 00:15:25,686 повторно се јави негодување. 311 00:15:25,686 --> 00:15:29,719 ,,Еве ја пак. Ги убедува родителите да ги лажат своите деца.'' 312 00:15:29,719 --> 00:15:31,964 Ало, Дедо Мраз. (Смеа) 313 00:15:31,964 --> 00:15:41,461 Мислам, можете поинаку да гледате на ова, 314 00:15:41,461 --> 00:15:43,494 што повеќе сакате, 315 00:15:43,494 --> 00:15:46,523 дете со дебелина, дијабетис, намален животен век, 316 00:15:46,523 --> 00:15:48,055 и сè што оди со тоа, 317 00:15:48,055 --> 00:15:51,071 или пак дете кое има уште едно малечко лажно сеќавање? 318 00:15:51,071 --> 00:15:54,462 Јас знам што би избрала за моето дете. 319 00:15:54,462 --> 00:15:58,439 Но можеби мојата работа ме направи поразлична од повеќето луѓе. 320 00:15:58,439 --> 00:16:00,518 Повеќето луѓе си ги негуваат сеќавањата, 321 00:16:00,518 --> 00:16:02,672 знаат дека тие го претставуваат нивниот идентитет, 322 00:16:02,672 --> 00:16:04,697 кои се тие, од каде доаѓаат. 323 00:16:04,697 --> 00:16:07,555 И го ценам тоа. Се согласувам со тоа. 324 00:16:07,555 --> 00:16:09,760 Но од мојата работа знам 325 00:16:09,760 --> 00:16:14,241 колку многу фикција веќе има таму. 326 00:16:14,241 --> 00:16:16,973 Ако научив нешто од сите овие децении 327 00:16:16,973 --> 00:16:19,383 работејќи на овие проблеми, тогаш тоа е ова: 328 00:16:19,383 --> 00:16:21,594 само затоа што некој ви кажува нешто 329 00:16:21,594 --> 00:16:23,169 и ви го кажува со самодоверба, 330 00:16:23,169 --> 00:16:25,849 само затоа што ви го кажуваат со многу детали, 331 00:16:25,849 --> 00:16:28,608 само затоа што се емотивни додека ви го кажуваат, 332 00:16:28,608 --> 00:16:31,810 тоа не значи дека и навистина се случило. 333 00:16:31,810 --> 00:16:35,675 Не можете со сигурност да ги разликувате вистинските од лажните сеќавања. 334 00:16:35,675 --> 00:16:39,223 Ни треба потврда од независен извор. 335 00:16:39,223 --> 00:16:42,313 Ваквото откритие ме направи потолерантна 336 00:16:42,313 --> 00:16:44,452 на секојдневните мемориски грешки 337 00:16:44,452 --> 00:16:47,366 кои ги прават моите пријатели и членовите на семејството. 338 00:16:47,366 --> 00:16:51,900 Ваквото откритие можеби ќе го спасеше Стив Тајтус, 339 00:16:51,900 --> 00:16:55,476 човекот на кого цела иднина му беше збришана 340 00:16:55,476 --> 00:16:57,714 од едно лажно сеќавање. 341 00:16:57,714 --> 00:17:00,530 Но во меѓувреме, сите ние треба да имаме на ум, 342 00:17:00,530 --> 00:17:02,166 за наше добро, 343 00:17:02,166 --> 00:17:06,037 дека меморијата, како и слободата, 344 00:17:06,037 --> 00:17:09,731 е кревка ствар. 345 00:17:09,731 --> 00:17:12,669 Ви благодарам. Ви благодарам. 346 00:17:12,669 --> 00:17:15,397 Ви благодарам. (Аплауз) 347 00:17:15,397 --> 00:17:19,116 Ви благодарам многу. (Аплауз)