Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови
-
0:00 - 0:02Мислам дека ќе почнам со збор два за тоа
-
0:02 - 0:04што точно е аутизам.
-
0:04 - 0:07Аутизам е голем дијазапон што
-
0:07 - 0:10оди од многу тешки случаи, кога детето не зборува,
-
0:10 - 0:13па сѐ до брилијатни научници и инжињери.
-
0:13 - 0:15И всушност тука се чувствувам како дома.
-
0:15 - 0:17Бидејќи тука има многу аутистичка генетика.
-
0:17 - 0:19Се надевам дека немате...
-
0:19 - 0:23(Аплауз)
-
0:23 - 0:25Тоа е континиум од карактерни особини.
-
0:25 - 0:28Кога бубалица се претвара
-
0:28 - 0:30во Аспрегер, што е само блага форма на аутизам?
-
0:30 - 0:33Сакам да кажам дека Ајнштајн и Моцарт
-
0:33 - 0:35и Тесла, денеска најверојатно би биле
-
0:35 - 0:37дијагностицирани во аутистички спектар.
-
0:37 - 0:40И една од работите со кои ќе се занимавам
-
0:40 - 0:43е да ги потикнам овие деца да бидат оние кои ќе ја измислат
-
0:43 - 0:45новата енергетска технологија,
-
0:45 - 0:49за која утрово зборуваше Бил Гејтс.
-
0:49 - 0:51Добро. Значи, ако сакате да го разберете
-
0:51 - 0:53аутизмот, животни.
-
0:53 - 0:55Сега сакам да ви зборувам за различните начини на размислување.
-
0:55 - 0:58Мора да се одалечите од вербалниот јазик.
-
0:58 - 1:00Јас размислувам во слики.
-
1:00 - 1:03Не размислувам во јазик.
-
1:03 - 1:05Тоа што е специфично за аутистичкиот мозок
-
1:05 - 1:08е штo обрнува внимание на детали.
-
1:08 - 1:10Ова е тест во кој треба или
-
1:10 - 1:12да ги изберете големите или малите букви.
-
1:12 - 1:14Аутистичкиот мозок побрзо ги забележува
-
1:14 - 1:16малите букви.
-
1:16 - 1:20И работата е во тоа што нормалниот мозок игнорира детали.
-
1:20 - 1:22Па добро, ако градите мост, деталите се особено значајни,
-
1:22 - 1:25бидејќи ќе се сруши ако ги игнорирате деталите.
-
1:25 - 1:28Тоа што најмногу ме загрижува со работите денеска
-
1:28 - 1:30е што работите стануваат премногу абстрактни.
-
1:30 - 1:32Луѓето избегнуваат да прават
-
1:32 - 1:34практични работи.
-
1:34 - 1:36Навистина сум загрижена што многу од училиштата ги укинаа
-
1:36 - 1:38практичните предмети,
-
1:38 - 1:40бидејќи ликовно и сличните предмети
-
1:40 - 1:42се предметите во кои јас се истакнував.
-
1:42 - 1:44Добро, во мојата работа со добиток
-
1:44 - 1:47забележував многу од малите работи, кои повеќе од луѓето не ги гледаат,
-
1:47 - 1:49и кои го тераат добитокот да застанува. Како, на пример,
-
1:49 - 1:52тоа што знамето се вееше баш пред ветеринарната клиника.
-
1:52 - 1:55Во план им беше да ја срушат целата клиника,
-
1:55 - 1:57но сѐ што требаа да направат е да го мрднат знамето.
-
1:57 - 2:00Нагли движења, контраст.
-
2:00 - 2:02Во раните седумдесети кога започнував, Се спуштив
-
2:02 - 2:04долу во водилките за да видам што гледаше добитокот.
-
2:04 - 2:07Луѓето мислеа дека сум луда. Јакна на оградата ги заплашуваше.
-
2:07 - 2:10Сенки или јаже на подот ги тераа да застануваат.
-
2:10 - 2:12Луѓето не ги забележуваа овие работи,
-
2:12 - 2:14ланец што виси,
-
2:14 - 2:16и тоа е прикажано многу, многу убаво во филмот.
-
2:16 - 2:18Всушност го обожавам филмот, како тие успееа
-
2:18 - 2:20да ги реплицираат сите мои проекти. Тоа е поради мојата гиковска страна.
-
2:20 - 2:23И моите цртежи добија можност да играат во филмот.
-
2:23 - 2:25И насловот на филмот е „Темпл Грандин“,
-
2:25 - 2:27а не „Мислење во слики“.
-
2:27 - 2:29А што е размислување во фотографии? Тоа се буквално
-
2:29 - 2:31филмови во твојата глава.
-
2:31 - 2:33Мојот мозок работи како пребарувањето слики на Гугл.
-
2:33 - 2:36Кога бев мала немав претстава дека моето размислување е различно.
-
2:36 - 2:38Мислев дека сите размислуваат во слики.
-
2:38 - 2:40И додека ја пишував мојата книга „Размислување во слики“,
-
2:40 - 2:43правев интервјуа на луѓе за тоа како тие размислуваат.
-
2:43 - 2:45И бев шокирана кога дознав дека моето размислување
-
2:45 - 2:47моето размислување е поприлично различно. Така,
-
2:47 - 2:49ако кажам „замисли си камбанарија“
-
2:49 - 2:51повеќе од луѓето ќе замислат општа, генерализирана слика.
-
2:51 - 2:53Добро, можеби не е така во оваа просторија
-
2:53 - 2:57но така е во повеќето места.
-
2:57 - 2:59Јас гледам само специфични фотографии.
-
2:59 - 3:03Тие ми се појавуваат во паметот, исто како во Гугл за слики.
-
3:03 - 3:05И во филмот, направија одлична сцена
-
3:05 - 3:09кога се спомна зборот „кондура“ и еден куп кондури од педесетите и шеесетите
-
3:09 - 3:11излегуваат од мојата фантазија.
-
3:11 - 3:13Ова е црквата од моето детство.
-
3:13 - 3:16Баш специфично. Има и уште, Тврдината Колинс.
-
3:16 - 3:18Добро, а што е со познатите?
-
3:18 - 3:21И тие некако ми излегуваат, нешто вака.
-
3:21 - 3:24Само многу брзо, како пребарувањето фотографии на Гугл.
-
3:24 - 3:26И излегуваат една по една.
-
3:26 - 3:28И си помислувам, добро можеби може да заврне снег,
-
3:28 - 3:30или да имаме грмотевици,
-
3:30 - 3:33и јас можам таквите фотографии да ги претворам во видеа.
-
3:33 - 3:36Визуелното размислување ми беше огромна предност
-
3:36 - 3:39при дизајнирањето фабрики за одгледување добиток.
-
3:39 - 3:41И работев многу напорно во подобрување
-
3:41 - 3:43на односот кон добитокот во кланиците.
-
3:43 - 3:46Нема да ви покажам неудобни слајдови од кланици.
-
3:46 - 3:48Ако сакате да ги погледнете, ги имам ставено тие работи на Јутјуб.
-
3:48 - 3:52Но една од работите кои можев да ги правам дизајнирајќи
-
3:52 - 3:54е што можев буквално да тестирам
-
3:54 - 3:56дел од опремата во мислите,
-
3:56 - 3:59баш како компјутерски систем за виртуелна реалност.
-
3:59 - 4:01Ова е птичја перспектива
-
4:01 - 4:04од модел на еден од моите проекти што беше користен во филмот.
-
4:04 - 4:06Тоа беше баш супер.
-
4:06 - 4:08И имаше многу Аспергер типови,
-
4:08 - 4:11и аутистички типови кои работеа на снимањето на филмот.
-
4:11 - 4:13(Смеа)
-
4:13 - 4:15Но една од работите која навистина ме загрижува
-
4:15 - 4:19е каде оди младата верзија на овие деца.
-
4:19 - 4:22Тие не завршуваат во Силиконската долина, каде им е местото,
-
4:22 - 4:25(Смеа)
-
4:25 - 4:30(Аплауз)
-
4:30 - 4:33Една од работите кои ги научив многу млада, бидејќи не бев баш друштвена,
-
4:33 - 4:37е дека морам да ја продадам мојата работа, а не себеси.
-
4:37 - 4:39А начинот на кој ги продавав проектите со добитокот
-
4:39 - 4:42е што ги покажував моите цртежи и цртежи на работи.
-
4:42 - 4:44Друга работа што како мало дете ми помогна,
-
4:44 - 4:46е, човече, во 50-тите те учеа на манири.
-
4:46 - 4:48Те учеа дека неможеш да ги земаш намирниците од полиците
-
4:48 - 4:50во продавница и да ги фрлаш наоколу.
-
4:50 - 4:53Кога децата се во трето или четврто одделение
-
4:53 - 4:56може да се забележи дека ова дете ќе биде визуелен мислител,
-
4:56 - 4:58цртајќи во перспектива. Но сакам
-
4:58 - 5:00да потенцирам дека не секое дете аутист
-
5:00 - 5:02ќе биде визуелен мислител.
-
5:02 - 5:06Ја имам направено оваа снимка на мозокот пред неколку години,
-
5:06 - 5:08и често се шегував дека имам
-
5:08 - 5:10огромен интернет кабел
-
5:10 - 5:12кој оди длабоко во мојот визуелен кортекс.
-
5:12 - 5:14Ова е тензорски приказ.
-
5:14 - 5:16И мојот голем интернет кабел
-
5:16 - 5:18е двапати поголем од оној на контролната фотографија.
-
5:18 - 5:20Црвените линии се мои,
-
5:20 - 5:24а сините линии се на личност од ист пол и возраст.
-
5:24 - 5:26Еве, ова е мојата огромна,
-
5:26 - 5:28а ова е просечната, сина,
-
5:28 - 5:32која е навистина мала.
-
5:32 - 5:34Некои од истражувањата денеска покажуваат
-
5:34 - 5:38дека луѓето од спектарот во суштина размислуваат со својот примарен визуелен кортекс.
-
5:38 - 5:41Работата е во тоа, дека визуелен мислител е само еден тип на ум.
-
5:41 - 5:44Видете, аутистичкиот ум има тенденција да биде специјализиран ум.
-
5:44 - 5:48Добар во една работа, лош во нешто друго.
-
5:48 - 5:50А јас бев лоша во алгебра. И никогаш не ми беше дозволено
-
5:50 - 5:52да учам геомтрија или тригонометрија.
-
5:52 - 5:55Огромна грешка. Сретнувам многу деца кои треба да прескокнат учење
-
5:55 - 5:57алгебра и да учат директно геометрија и тригонометрија.
-
5:57 - 6:00Друг тип на ум е мислителот во шаблони.
-
6:00 - 6:02По абстрактен. Тоа се инжењерите,
-
6:02 - 6:04компјутерските програмери.
-
6:04 - 6:06Ова е размислување во шаблони. Оваа богомолка
-
6:06 - 6:08е направена од едно парче хартија,
-
6:08 - 6:10без лепење, без сечење.
-
6:10 - 6:13И во позадина е шаблонот за виткање.
-
6:13 - 6:15Ова се типовите на размислување,
-
6:15 - 6:18фотореалистични визуелни мислители, како мене.
-
6:18 - 6:22Мислители во шаблони, музички и математички умови.
-
6:22 - 6:24Некои од нив често имаат проблеми со читање.
-
6:24 - 6:26Такви проблеми исто така ќе видите и
-
6:26 - 6:29кај деца кои се дислексични.
-
6:29 - 6:31Ќе ги сретнете сите овие различни типови на умови.
-
6:31 - 6:34А има и вербален ум. Тие ги знаат сите факти за сѐ.
-
6:34 - 6:36Е сега, прашањето со сетилата е нешто друго.
-
6:36 - 6:40Навистина без загрижена што ќе морам да ја носам оваа направа на моето лице.
-
6:40 - 6:43И дојдов половина час порано
-
6:43 - 6:45за да ја ставам и да имам време да се навикнам.
-
6:45 - 6:48Ја свиткаа за да не ми удира во брадата.
-
6:48 - 6:51Но осетливоста е прашање. На некои деца им пречат флуоресцентни светла;
-
6:51 - 6:54други пак се преосетливи на звуци.
-
6:54 - 6:57Знаете, тоа ќе биде променлива.
-
6:57 - 7:01Визуелното мислење ми овозможи голем увид
-
7:01 - 7:03во умот на животните.
-
7:03 - 7:06Бидејќи размислете - животното размислува со сетилата,
-
7:06 - 7:10не вербално. Размислува во слики.
-
7:10 - 7:13Размислува во звуци. Размислува во мириси.
-
7:13 - 7:16Размислете колку многу информации има на еден уличен хидрант.
-
7:16 - 7:19Животното знае кој бил таму, кога биле таму,
-
7:19 - 7:22дали се пријатели или непријатели, дали има некој за парење.
-
7:22 - 7:25Има тон информации на тој хидрант.
-
7:25 - 7:29Сѐ се тоа многу детални информации.
-
7:29 - 7:31И набљудувањето на тие детали
-
7:31 - 7:33ми даде голем увид во животните.
-
7:33 - 7:37И животинскиот ум и мојот ум
-
7:37 - 7:39ги става информациите од сетилата
-
7:39 - 7:41во категории.
-
7:41 - 7:43Маж на коњ
-
7:43 - 7:45и маж на земја,
-
7:45 - 7:47се перципираат како две сосема различни работи.
-
7:47 - 7:50Може да имате коњ кој бил злоупотребуван од јавачот.
-
7:50 - 7:52Коњот нема да има никаков проблем со ветеринарот,
-
7:52 - 7:55ниту со чевларот за коњи, но не ќе може да го јавате.
-
7:55 - 7:58Имате уште еден коњ, кој можеби бил тепан од чевларот
-
7:58 - 8:00и тој ќе биде ужасен за било што на земја,
-
8:00 - 8:03па и со ветеринарот, но човек ќе може да го јава.
-
8:03 - 8:05Добитокот е сосема ист.
-
8:05 - 8:07Човек на коњ,
-
8:07 - 8:09човек кој е пешки, тоа се сосема различни работи.
-
8:09 - 8:11Гледате, тоа се различни фотографии.
-
8:11 - 8:14Сакам да размислите колку е тоа специфично.
-
8:14 - 8:18Значи, наоѓам дека оваа способност да се ставаат информации
-
8:18 - 8:21во категории, на многу луѓе не им оди баш лесно.
-
8:21 - 8:23Кога поправам некое парче опрема
-
8:23 - 8:25или некаков проблем со нешто во фабрика,
-
8:25 - 8:29тие неможат да откријат: „Имам ли проблем со обуката на луѓето?
-
8:29 - 8:31или имам проблем со опремата?“
-
8:31 - 8:33Со други зборови, категоризација на проблеми со опремата,
-
8:33 - 8:35од проблеми со луѓето.
-
8:35 - 8:38Наоѓам дека многу луѓе имаат проблем да го сторат тоа.
-
8:38 - 8:41Да речеме наоѓам дека е проблем со опремата.
-
8:41 - 8:43Дали е незначителен проблем, нешто што може да го поправам едноставно?
-
8:43 - 8:46Или дизајнот на целиот систем е погрешен?
-
8:46 - 8:49Луѓето тешко се снаоѓаат во тоа.
-
8:49 - 8:51На пример, да погледнеме нешто друго како
-
8:51 - 8:53решавање на проблемот да се направат авионите побезбедни.
-
8:53 - 8:55Да, имам пролетано над милион километри.
-
8:55 - 8:57Многу летам со авиони,
-
8:57 - 9:00и да бев од Федералната агенција за воздухопловство,
-
9:00 - 9:04што би набљудувала многу внимателно?
-
9:04 - 9:06Тоа се опашките на авионите.
-
9:06 - 9:09Знаете, има пет фатални несреќи во последните 20 години,
-
9:09 - 9:13каде опашката или едноставно паднала, или елементите за управување
-
9:13 - 9:15во опашката се расипале на некој начин.
-
9:15 - 9:17Проблемот се опашките, јасно и гласно.
-
9:17 - 9:19А кога пилотите ги обиколуваат авионите, погодете што?
-
9:19 - 9:21Неможе да видат што има во опашките.
-
9:21 - 9:23Кога ќе размислам околу ова,
-
9:23 - 9:26јас ги собирам сите овие специфични информации.
-
9:26 - 9:29Специфични се. Моето размислување е од дното нагоре.
-
9:29 - 9:33Јас ги собирам сите тие мали парчиња и ги склопувам како сложувалка.
-
9:33 - 9:35Ова е коњ кој беше смртно преплашен
-
9:35 - 9:37од црни каубојски шешири.
-
9:37 - 9:39Бил малтретиран од некој што носел црн каубојски шешир.
-
9:39 - 9:42Бели каубоски шешири, тоа беше сосема во ред.
-
9:42 - 9:45Работата е во тоа што на светот ќе му требаат
-
9:45 - 9:47сите различни умови
-
9:47 - 9:49да работат заедно.
-
9:49 - 9:52Мора да работиме на развивање на сите овие типови на умови.
-
9:52 - 9:55И една од работите што ме излудува,
-
9:55 - 9:57на моите патувања и средбите со аутисти,
-
9:57 - 10:00е дека гледам многу од овие паметни но чудни неприлагодени деца.
-
10:00 - 10:03И тие едноставно не се многу друштвени,
-
10:03 - 10:05и никој не се труди да ги развие нивните интереси
-
10:05 - 10:07во нешто како наука.
-
10:07 - 10:10Ова не носи на работите околу мојот учител по природни науки.
-
10:10 - 10:13Мојот учител во филмот е преставен апсолутно прекрасно.
-
10:13 - 10:15Бев забушант како ученик. Кога бев во средно училиште
-
10:15 - 10:18едноставно не ми беше грижа за учење,
-
10:18 - 10:21се додека не почнав да учав во одделението на г-дин. Карлок.
-
10:21 - 10:24Тој во филмот е преставен како Др. Карлок.
-
10:24 - 10:27Тој ме предизвика да протолкувам
-
10:27 - 10:30како работи соба со оптичка илузија.
-
10:30 - 10:32На децата мора да им покажувате
-
10:32 - 10:34интересни работи.
-
10:34 - 10:37Една од работите што мислам дека TED треба да го прави е
-
10:37 - 10:40да им укаже на училиштата за сите супер предавања на TED,
-
10:40 - 10:42а има и тон интересни работи на интернет,
-
10:42 - 10:44кои можат да ги заинтигрираат овие деца.
-
10:44 - 10:47Бидејќи сретнувам многу од овие неприлагодени деца,
-
10:47 - 10:50и наставници на средниот запад, а и во другите делови од земјата,
-
10:50 - 10:52кога ќе се одалечите од технолошките центри,
-
10:52 - 10:54не знаат што треба да прават со овие деца.
-
10:54 - 10:56И тие не одат по вистинската патека.
-
10:56 - 10:58Работата е во тоа што, можете еден ум
-
10:58 - 11:01да го изградите да биде мисловен и когнитивен.
-
11:01 - 11:04Или твојот ум може да е ожичен за да бидеш подруштвен.
-
11:04 - 11:06Она што покажаа некои нови истражувања за аутизмот,
-
11:06 - 11:08е дека може да има некакво дополнително ожичување тука позади
-
11:08 - 11:11во навистина брилијаниот ум, а да изгуби неколку жички за социјализација тука.
-
11:11 - 11:15Тоа доаѓа како трговија помеѓу размислување и социјализација.
-
11:15 - 11:17Така може да дојдете до состојба која е толку тешка
-
11:17 - 11:20што ќе имате личност која воопшто не зборува.
-
11:20 - 11:22Во нормалниот човечки ум
-
11:22 - 11:25јазикот го покрива визуелното размислување кое го делиме со животните.
-
11:25 - 11:28Ова е работата на Др. Брус Милер.
-
11:28 - 11:31Тој проучуваше пациенти со Алцхајмерска болест
-
11:31 - 11:33кои имаа деменција на предниот дел од мозокот.
-
11:33 - 11:36И деменцијата ги „изела“ деловите од мозокот одговорни за говор,
-
11:36 - 11:41а ова е уметничко дело на личност кој порано монтирал радио во автомобили.
-
11:41 - 11:45Ван Гог незнаел ништо за физика.
-
11:45 - 11:47Но мислам дека е многу интересно
-
11:47 - 11:49дека се правени истражувања кои покажале
-
11:49 - 11:51дека шаблонов во сликава
-
11:51 - 11:54следи статистички модел на турбуленција.
-
11:54 - 11:56Така доаѓаме до многу интересната идеја
-
11:56 - 11:58дека можеби некои од овие математчки шаблони
-
11:58 - 12:00се во нашите глави.
-
12:00 - 12:02А за Волфрам Алфа фаќав забелешки
-
12:02 - 12:04и ги запишував сите можни
-
12:04 - 12:06зборови за пребарување кои можев да ги користам
-
12:06 - 12:10бидејќи мислам тоа да влезе во моите предавања за аутизам.
-
12:10 - 12:12Мора да им покажуваме на овие деца интересни работи.
-
12:12 - 12:14А ги исфрлаат часовите за поправки на автомобили
-
12:14 - 12:16и моделарство, и часовите по уметност.
-
12:16 - 12:19Сакам да кажам, уметност беше мојот најдобар предмет во училиште
-
12:19 - 12:21Мораме да мислиме за сите овие различни типови на умови.
-
12:21 - 12:24Со нив апсолутно мора да се работи,
-
12:24 - 12:27бидејќи во иднина несомнено ќе
-
12:27 - 12:30ни требаат овие типови на личности.
-
12:30 - 12:32Ајде да зборуваме за работни места.
-
12:32 - 12:34Мојот учител по наука ме мотивираше да учам
-
12:34 - 12:37бидејќи бев забушант кој нејќеше да учи.
-
12:37 - 12:39Но знаете што? Стекнував работно искуство.
-
12:39 - 12:41Гледам премногу од овие паметни деца кои ги немаат научени основните работи,
-
12:41 - 12:43како на пример да доаѓаат на време.
-
12:43 - 12:45Тоа ме научија кога бев осум години.
-
12:45 - 12:48Го знаете тоа, да се однесувате пристојно кога одите на неделен ручек кај баба.
-
12:48 - 12:51Тоа ме научија кога бев многу многу млада.
-
12:51 - 12:54А кога бев 13 имав работа во кројачница
-
12:54 - 12:56шиејќи облека.
-
12:56 - 12:59Додека бев на факултет одев на пракса.
-
12:59 - 13:02Градев работи.
-
13:02 - 13:05И исто така морав да научам како да извршувам задолженија.
-
13:05 - 13:09Знаете, единственото нешто што ме интересираше како мала беше да цртам слики на коњи.
-
13:09 - 13:11Мајка ми ми рече: „Ајде да нацртаме слика од нешто друго.“
-
13:11 - 13:13Тие мора да научат како да прават нешто друго.
-
13:13 - 13:15Да речеме дека детето е фиксирано на Лего коцки.
-
13:15 - 13:18Да го натераме да гради различни работи.
-
13:18 - 13:20Работата со аутистичкиот ум
-
13:20 - 13:22е што тежнее кон фиксирање.
-
13:22 - 13:24Како кога дете обожава тркачки автомобили,
-
13:24 - 13:26да ги искористиме тркачките коли за математика.
-
13:26 - 13:29Да пресметаме колку долго ѝ треба на тркачка кола да помине одредено растојание.
-
13:29 - 13:33Со други зборови, да ја искористиме таа фиксација
-
13:33 - 13:36за да го мотивираме тоа дете, тоа е една од работите кои треба да ги направиме.
-
13:36 - 13:39Навистина ми е преку глава од учителите
-
13:39 - 13:42особено кога ќе се отидете во другите делови од земјава,
-
13:42 - 13:44кои незнаат што да прават со овие паметни деца.
-
13:44 - 13:46Едноставно ме излудува.
-
13:46 - 13:48Што може да работат визуелните мислители кога ќе пораснат?
-
13:48 - 13:51Може да работат графички дизајн, секакви работи поврзани со компјутери,
-
13:51 - 13:56фотографија, индустриски дизајн.
-
13:56 - 13:58Мислителите во шаблони, тие се оние кои ќе бидат
-
13:58 - 14:01вашите математичари, вашите софтверски инжињери,
-
14:01 - 14:05вашите компјутерски програмери, сите овие типови на професии.
-
14:05 - 14:08А потоа ги имате вербалните умови. Тие се одлични новинари.
-
14:08 - 14:11Тие исто така се одлични театарски актери.
-
14:11 - 14:13Бидејќи проблемот во тоа да си аутист,
-
14:13 - 14:16е што морав да ги учам социјалните вештини како да ги глумам.
-
14:16 - 14:19Тоа мора едноставно да го учите.
-
14:19 - 14:22И мора да работиме со таквите ученици.
-
14:22 - 14:24Така доаѓаме до прашањето на ментори.
-
14:24 - 14:27Знаете, мојот учител по наука не беше акредитиран учител.
-
14:27 - 14:29Тој беше научник во НАСА.
-
14:29 - 14:31Во поново време, некои од државите дојдоа до тоа
-
14:31 - 14:33да ако имате диплома по биологија или диплома по хемија,
-
14:33 - 14:36можете да предавате биологија или хемија во училиште.
-
14:36 - 14:38Треба да го правиме тоа.
-
14:38 - 14:40Бидејќи тоа што сум го забележала е дека
-
14:40 - 14:42квалитетните учители, за многу од овие деца,
-
14:42 - 14:44им се недостапни бидејќи предаваат на факултетите.
-
14:44 - 14:47Треба некои од тие квалитетни учители да ги донесеме во средните училишта.
-
14:47 - 14:50Друга работа, која може да биде многу, многу многу успешна е,
-
14:50 - 14:53дека има многу луѓе кои можеби се пензионирале
-
14:53 - 14:56од работата во софтверската индустрија, и тие може да го учат вашето дете.
-
14:56 - 14:59И воопшто не е битно ако материјата што ја предаваат е застарена,
-
14:59 - 15:02бидејќи тоа што го правите е палење на искра.
-
15:02 - 15:05Го будите тоа дете.
-
15:05 - 15:08И ако го пробудите, тогаш ќе ги научи сите тие нови работи.
-
15:08 - 15:10Менторите се неопходни.
-
15:10 - 15:12Неможам доволно силно да потенцирам
-
15:12 - 15:15што направи мојот учител по наука за мене.
-
15:15 - 15:18Мора да ги подучувате, вработете ги.
-
15:18 - 15:20И ако го земете на пракса во вашите компании,
-
15:20 - 15:23спецификата со аутистичкиот, Аспрегер тип на ум,
-
15:23 - 15:26е што мора да им дадете специфична задача. Немојте само да речете: „Дизајнирај нов софтвер.“
-
15:26 - 15:28Мора да им кажете нешто многу поспецифично.
-
15:28 - 15:31„Дизајнираме софтвер за мобилните телефони
-
15:31 - 15:33и мора да ја прави оваа и оваа специфична работа.
-
15:33 - 15:35И мора да користи само толку меморија.“
-
15:35 - 15:37Ви треба такво ниво на детали.
-
15:37 - 15:39Па тоа е крајот на мојот говор.
-
15:39 - 15:41Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа.
-
15:41 - 15:43Беше одлично што сум тука.
-
15:43 - 15:55(Aплауз)
-
15:55 - 15:58Аха, имате прашање за мене?
-
15:58 - 15:59(Aплауз)
-
15:59 - 16:03Крис Андeрсон: Многу Ви благодарам за ова.
-
16:03 - 16:05Знаeте, еден пат имате напишано, ми се допаѓа овој цитат,
-
16:05 - 16:07„Ако аутизмот магично
-
16:07 - 16:10исчезне од лицето на Планетата,
-
16:10 - 16:13тогаш човекот сеуште ќе се социјализираше околу огништето
-
16:13 - 16:15на влезот во пештерата.“
-
16:15 - 16:17Темпл Грандин: Па што мислите кој ги има измислено првите камени копја?
-
16:17 - 16:20Тип со Аспергер. И ако ги поправите сите аутистички гени
-
16:20 - 16:22нема повеќе да постои Силиконската долина,
-
16:22 - 16:24и нема да се реши енергетската криза.
-
16:24 - 16:27(Aплауз)
-
16:27 - 16:29КА: Сакав да Ве прашам уште неколку прашања.
-
16:29 - 16:31И ако било кој од нив Ви се чини непримерно,
-
16:31 - 16:33во ред е само да кажете, „Следното прашање.“
-
16:33 - 16:35Но, ако некој тука кој
-
16:35 - 16:37има дете со аутизам,
-
16:37 - 16:39или знае дете со аутизам
-
16:39 - 16:42и се чуствува некако отсечено од нив,
-
16:42 - 16:44кој е советот кој би му го дале?
-
16:44 - 16:46ТГ: Па, најпрво мора да погледнете на која возраст е.
-
16:46 - 16:48Ако имате две, три или четири годишно дете
-
16:48 - 16:50кое не говори и нема социјална интеракција,
-
16:50 - 16:52неможе доволно да потенцирам,
-
16:52 - 16:56не чекајте. Ви требаат најмалку 20 часа неделно учење - еден на еден.
-
16:56 - 16:59Знате, работата е во тоа што аутизмот доаѓа во различни степени.
-
16:59 - 17:01Ќе има барем половина од луѓето во спектарот
-
17:01 - 17:03кои нема да научат да говорат, и тие нема да работат
-
17:03 - 17:06во Силиконската долина, тоа би било неразумно да го прават.
-
17:06 - 17:08Но имате паметни деца
-
17:08 - 17:10со лесен облик на аутизам,
-
17:10 - 17:12и тука треба да ги разбудите
-
17:12 - 17:14правејќи интересни работи.
-
17:14 - 17:17Јас се социјализирав преку заеднички интереси.
-
17:17 - 17:21Јавав коњи со други деца. Правев модели на ракети со други деца,
-
17:21 - 17:23работев електроника со други деца,
-
17:23 - 17:25и во шеесетите лепев огледалца
-
17:25 - 17:28на гумена мембрана на звучник за да направам светлечко шоу.
-
17:28 - 17:31Тоа го сметавме за супер финта.
-
17:31 - 17:33КА: Дали е нереално да се
-
17:33 - 17:35надеваат или мислат дека тоа дете
-
17:35 - 17:38ги сака, бидејќи некои од нив само се осудуваат да го посакаат тоа
-
17:38 - 17:40ТГ: Па ќе ви кажам - тоа дете ќе биде лојално.
-
17:40 - 17:42И ако ви гори куќата, тие ќе ве спасат.
-
17:42 - 17:45КА: Повеќето од луѓето, ако ги прашате
-
17:45 - 17:47која е нивната најголема страст, тие ќе ви кажат работи како
-
17:47 - 17:50„Моите деца“ или „Мојот љубовник.“
-
17:50 - 17:53Која е Вашата најголема страст?
-
17:53 - 17:55ТГ: Јас сум страствена во намерата работите кои ги правам
-
17:55 - 17:57да го направат светот подобро место.
-
17:57 - 17:59Кога мајка на дете со аутизам ќе ми рече:
-
17:59 - 18:01„Моето дете се запиша на факултет поради твојата книга,
-
18:01 - 18:03или некои од твоите предавања“. Тоа ме прави среќна.
-
18:03 - 18:06Знаете, кланиците со кои работев во
-
18:06 - 18:08'80-тите, беа апсолутно ужасни.
-
18:08 - 18:12Развив многу едноставен систем на бодирање за кланици
-
18:12 - 18:14во кој се мерат резултати, колку добиток паднал,
-
18:14 - 18:16колку бил боден со стап,
-
18:16 - 18:18колку од нив мукаат до бесвест?
-
18:18 - 18:20И сѐ е тоа премногу едноставно.
-
18:20 - 18:22Директно набљудувате неколку едноставни работи.
-
18:22 - 18:24Тоа функционираше навистина добро. Задоволна сум кога
-
18:24 - 18:27гледам работи кои прават вистински измени
-
18:27 - 18:29во светот. Ни треба многу повеќе од тие работи,
-
18:29 - 18:31и многу помалку апстрактни работи.
-
18:31 - 18:38(Аплауз)
-
18:38 - 18:40КА: Кога разговаравме по телефон, една од работите што ми ја кажавте
-
18:40 - 18:42навистина ме фасцинираше. Ми кажавте дека
-
18:42 - 18:46навистина сте пасионирани за серверски фарми. Кажете ми нешто околу тоа.
-
18:46 - 18:49ТГ: Па причината зашто се возбудувам кога читам околу тоа
-
18:49 - 18:52e што содржи знаење.
-
18:52 - 18:54Тоа се библиотеки.
-
18:54 - 18:56И за мене знаењето е исклучително
-
18:56 - 18:58вредно. Па, можеби пред 10-тина години
-
18:58 - 19:00се поплавила нашата библиотека.
-
19:00 - 19:02Ова беше пред интернетот да стане толку голем.
-
19:02 - 19:04И бев многу вознемирена што сите книги беа уништени,
-
19:04 - 19:06бидејќи тоа беше уништено знаење.
-
19:06 - 19:08А серверските фарми, или дата центрите
-
19:08 - 19:11се големи библиотеки на знаење.
-
19:11 - 19:14КА: Темпл, може ли да кажам дека ми беше апсолутно задоволство што те имавме на TED.
-
19:14 - 19:17TG: Многу ви благодарам. Ви благодарам.
-
19:17 - 19:23(Аплауз)
- Title:
- Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови
- Speaker:
- Temple Grandin
- Description:
-
Темпл Грандин, дијагностицирана со аутизам како дете, говори за тоа како работи нејзиниот ум -- споделувајќи ја нејзината способност да „размислува во слики“, што и помага да решава проблеми кои оние со типични мозоци може да ги испуштат. Таа поентира дека на светот му требаат луѓе од аутстичкиот спектар: визуелни мислители, мислители во шаблони, вербални мислители и секакви типови на паметни *гиковски* деца.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:26