Мислам дека ќе почнам со збор два за тоа
што точно е аутизам.
Аутизам е голем дијазапон што
оди од многу тешки случаи, кога детето не зборува,
па сѐ до брилијатни научници и инжињери.
И всушност тука се чувствувам како дома.
Бидејќи тука има многу аутистичка генетика.
Се надевам дека немате...
(Аплауз)
Тоа е континиум од карактерни особини.
Кога бубалица се претвара
во Аспрегер, што е само блага форма на аутизам?
Сакам да кажам дека Ајнштајн и Моцарт
и Тесла, денеска најверојатно би биле
дијагностицирани во аутистички спектар.
И една од работите со кои ќе се занимавам
е да ги потикнам овие деца да бидат оние кои ќе ја измислат
новата енергетска технологија,
за која утрово зборуваше Бил Гејтс.
Добро. Значи, ако сакате да го разберете
аутизмот, животни.
Сега сакам да ви зборувам за различните начини на размислување.
Мора да се одалечите од вербалниот јазик.
Јас размислувам во слики.
Не размислувам во јазик.
Тоа што е специфично за аутистичкиот мозок
е штo обрнува внимание на детали.
Ова е тест во кој треба или
да ги изберете големите или малите букви.
Аутистичкиот мозок побрзо ги забележува
малите букви.
И работата е во тоа што нормалниот мозок игнорира детали.
Па добро, ако градите мост, деталите се особено значајни,
бидејќи ќе се сруши ако ги игнорирате деталите.
Тоа што најмногу ме загрижува со работите денеска
е што работите стануваат премногу абстрактни.
Луѓето избегнуваат да прават
практични работи.
Навистина сум загрижена што многу од училиштата ги укинаа
практичните предмети,
бидејќи ликовно и сличните предмети
се предметите во кои јас се истакнував.
Добро, во мојата работа со добиток
забележував многу од малите работи, кои повеќе од луѓето не ги гледаат,
и кои го тераат добитокот да застанува. Како, на пример,
тоа што знамето се вееше баш пред ветеринарната клиника.
Во план им беше да ја срушат целата клиника,
но сѐ што требаа да направат е да го мрднат знамето.
Нагли движења, контраст.
Во раните седумдесети кога започнував, Се спуштив
долу во водилките за да видам што гледаше добитокот.
Луѓето мислеа дека сум луда. Јакна на оградата ги заплашуваше.
Сенки или јаже на подот ги тераа да застануваат.
Луѓето не ги забележуваа овие работи,
ланец што виси,
и тоа е прикажано многу, многу убаво во филмот.
Всушност го обожавам филмот, како тие успееа
да ги реплицираат сите мои проекти. Тоа е поради мојата гиковска страна.
И моите цртежи добија можност да играат во филмот.
И насловот на филмот е „Темпл Грандин“,
а не „Мислење во слики“.
А што е размислување во фотографии? Тоа се буквално
филмови во твојата глава.
Мојот мозок работи како пребарувањето слики на Гугл.
Кога бев мала немав претстава дека моето размислување е различно.
Мислев дека сите размислуваат во слики.
И додека ја пишував мојата книга „Размислување во слики“,
правев интервјуа на луѓе за тоа како тие размислуваат.
И бев шокирана кога дознав дека моето размислување
моето размислување е поприлично различно. Така,
ако кажам „замисли си камбанарија“
повеќе од луѓето ќе замислат општа, генерализирана слика.
Добро, можеби не е така во оваа просторија
но така е во повеќето места.
Јас гледам само специфични фотографии.
Тие ми се појавуваат во паметот, исто како во Гугл за слики.
И во филмот, направија одлична сцена
кога се спомна зборот „кондура“ и еден куп кондури од педесетите и шеесетите
излегуваат од мојата фантазија.
Ова е црквата од моето детство.
Баш специфично. Има и уште, Тврдината Колинс.
Добро, а што е со познатите?
И тие некако ми излегуваат, нешто вака.
Само многу брзо, како пребарувањето фотографии на Гугл.
И излегуваат една по една.
И си помислувам, добро можеби може да заврне снег,
или да имаме грмотевици,
и јас можам таквите фотографии да ги претворам во видеа.
Визуелното размислување ми беше огромна предност
при дизајнирањето фабрики за одгледување добиток.
И работев многу напорно во подобрување
на односот кон добитокот во кланиците.
Нема да ви покажам неудобни слајдови од кланици.
Ако сакате да ги погледнете, ги имам ставено тие работи на Јутјуб.
Но една од работите кои можев да ги правам дизајнирајќи
е што можев буквално да тестирам
дел од опремата во мислите,
баш како компјутерски систем за виртуелна реалност.
Ова е птичја перспектива
од модел на еден од моите проекти што беше користен во филмот.
Тоа беше баш супер.
И имаше многу Аспергер типови,
и аутистички типови кои работеа на снимањето на филмот.
(Смеа)
Но една од работите која навистина ме загрижува
е каде оди младата верзија на овие деца.
Тие не завршуваат во Силиконската долина, каде им е местото,
(Смеа)
(Аплауз)
Една од работите кои ги научив многу млада, бидејќи не бев баш друштвена,
е дека морам да ја продадам мојата работа, а не себеси.
А начинот на кој ги продавав проектите со добитокот
е што ги покажував моите цртежи и цртежи на работи.
Друга работа што како мало дете ми помогна,
е, човече, во 50-тите те учеа на манири.
Те учеа дека неможеш да ги земаш намирниците од полиците
во продавница и да ги фрлаш наоколу.
Кога децата се во трето или четврто одделение
може да се забележи дека ова дете ќе биде визуелен мислител,
цртајќи во перспектива. Но сакам
да потенцирам дека не секое дете аутист
ќе биде визуелен мислител.
Ја имам направено оваа снимка на мозокот пред неколку години,
и често се шегував дека имам
огромен интернет кабел
кој оди длабоко во мојот визуелен кортекс.
Ова е тензорски приказ.
И мојот голем интернет кабел
е двапати поголем од оној на контролната фотографија.
Црвените линии се мои,
а сините линии се на личност од ист пол и возраст.
Еве, ова е мојата огромна,
а ова е просечната, сина,
која е навистина мала.
Некои од истражувањата денеска покажуваат
дека луѓето од спектарот во суштина размислуваат со својот примарен визуелен кортекс.
Работата е во тоа, дека визуелен мислител е само еден тип на ум.
Видете, аутистичкиот ум има тенденција да биде специјализиран ум.
Добар во една работа, лош во нешто друго.
А јас бев лоша во алгебра. И никогаш не ми беше дозволено
да учам геомтрија или тригонометрија.
Огромна грешка. Сретнувам многу деца кои треба да прескокнат учење
алгебра и да учат директно геометрија и тригонометрија.
Друг тип на ум е мислителот во шаблони.
По абстрактен. Тоа се инжењерите,
компјутерските програмери.
Ова е размислување во шаблони. Оваа богомолка
е направена од едно парче хартија,
без лепење, без сечење.
И во позадина е шаблонот за виткање.
Ова се типовите на размислување,
фотореалистични визуелни мислители, како мене.
Мислители во шаблони, музички и математички умови.
Некои од нив често имаат проблеми со читање.
Такви проблеми исто така ќе видите и
кај деца кои се дислексични.
Ќе ги сретнете сите овие различни типови на умови.
А има и вербален ум. Тие ги знаат сите факти за сѐ.
Е сега, прашањето со сетилата е нешто друго.
Навистина без загрижена што ќе морам да ја носам оваа направа на моето лице.
И дојдов половина час порано
за да ја ставам и да имам време да се навикнам.
Ја свиткаа за да не ми удира во брадата.
Но осетливоста е прашање. На некои деца им пречат флуоресцентни светла;
други пак се преосетливи на звуци.
Знаете, тоа ќе биде променлива.
Визуелното мислење ми овозможи голем увид
во умот на животните.
Бидејќи размислете - животното размислува со сетилата,
не вербално. Размислува во слики.
Размислува во звуци. Размислува во мириси.
Размислете колку многу информации има на еден уличен хидрант.
Животното знае кој бил таму, кога биле таму,
дали се пријатели или непријатели, дали има некој за парење.
Има тон информации на тој хидрант.
Сѐ се тоа многу детални информации.
И набљудувањето на тие детали
ми даде голем увид во животните.
И животинскиот ум и мојот ум
ги става информациите од сетилата
во категории.
Маж на коњ
и маж на земја,
се перципираат како две сосема различни работи.
Може да имате коњ кој бил злоупотребуван од јавачот.
Коњот нема да има никаков проблем со ветеринарот,
ниту со чевларот за коњи, но не ќе може да го јавате.
Имате уште еден коњ, кој можеби бил тепан од чевларот
и тој ќе биде ужасен за било што на земја,
па и со ветеринарот, но човек ќе може да го јава.
Добитокот е сосема ист.
Човек на коњ,
човек кој е пешки, тоа се сосема различни работи.
Гледате, тоа се различни фотографии.
Сакам да размислите колку е тоа специфично.
Значи, наоѓам дека оваа способност да се ставаат информации
во категории, на многу луѓе не им оди баш лесно.
Кога поправам некое парче опрема
или некаков проблем со нешто во фабрика,
тие неможат да откријат: „Имам ли проблем со обуката на луѓето?
или имам проблем со опремата?“
Со други зборови, категоризација на проблеми со опремата,
од проблеми со луѓето.
Наоѓам дека многу луѓе имаат проблем да го сторат тоа.
Да речеме наоѓам дека е проблем со опремата.
Дали е незначителен проблем, нешто што може да го поправам едноставно?
Или дизајнот на целиот систем е погрешен?
Луѓето тешко се снаоѓаат во тоа.
На пример, да погледнеме нешто друго како
решавање на проблемот да се направат авионите побезбедни.
Да, имам пролетано над милион километри.
Многу летам со авиони,
и да бев од Федералната агенција за воздухопловство,
што би набљудувала многу внимателно?
Тоа се опашките на авионите.
Знаете, има пет фатални несреќи во последните 20 години,
каде опашката или едноставно паднала, или елементите за управување
во опашката се расипале на некој начин.
Проблемот се опашките, јасно и гласно.
А кога пилотите ги обиколуваат авионите, погодете што?
Неможе да видат што има во опашките.
Кога ќе размислам околу ова,
јас ги собирам сите овие специфични информации.
Специфични се. Моето размислување е од дното нагоре.
Јас ги собирам сите тие мали парчиња и ги склопувам како сложувалка.
Ова е коњ кој беше смртно преплашен
од црни каубојски шешири.
Бил малтретиран од некој што носел црн каубојски шешир.
Бели каубоски шешири, тоа беше сосема во ред.
Работата е во тоа што на светот ќе му требаат
сите различни умови
да работат заедно.
Мора да работиме на развивање на сите овие типови на умови.
И една од работите што ме излудува,
на моите патувања и средбите со аутисти,
е дека гледам многу од овие паметни но чудни неприлагодени деца.
И тие едноставно не се многу друштвени,
и никој не се труди да ги развие нивните интереси
во нешто како наука.
Ова не носи на работите околу мојот учител по природни науки.
Мојот учител во филмот е преставен апсолутно прекрасно.
Бев забушант како ученик. Кога бев во средно училиште
едноставно не ми беше грижа за учење,
се додека не почнав да учав во одделението на г-дин. Карлок.
Тој во филмот е преставен како Др. Карлок.
Тој ме предизвика да протолкувам
како работи соба со оптичка илузија.
На децата мора да им покажувате
интересни работи.
Една од работите што мислам дека TED треба да го прави е
да им укаже на училиштата за сите супер предавања на TED,
а има и тон интересни работи на интернет,
кои можат да ги заинтигрираат овие деца.
Бидејќи сретнувам многу од овие неприлагодени деца,
и наставници на средниот запад, а и во другите делови од земјата,
кога ќе се одалечите од технолошките центри,
не знаат што треба да прават со овие деца.
И тие не одат по вистинската патека.
Работата е во тоа што, можете еден ум
да го изградите да биде мисловен и когнитивен.
Или твојот ум може да е ожичен за да бидеш подруштвен.
Она што покажаа некои нови истражувања за аутизмот,
е дека може да има некакво дополнително ожичување тука позади
во навистина брилијаниот ум, а да изгуби неколку жички за социјализација тука.
Тоа доаѓа како трговија помеѓу размислување и социјализација.
Така може да дојдете до состојба која е толку тешка
што ќе имате личност која воопшто не зборува.
Во нормалниот човечки ум
јазикот го покрива визуелното размислување кое го делиме со животните.
Ова е работата на Др. Брус Милер.
Тој проучуваше пациенти со Алцхајмерска болест
кои имаа деменција на предниот дел од мозокот.
И деменцијата ги „изела“ деловите од мозокот одговорни за говор,
а ова е уметничко дело на личност кој порано монтирал радио во автомобили.
Ван Гог незнаел ништо за физика.
Но мислам дека е многу интересно
дека се правени истражувања кои покажале
дека шаблонов во сликава
следи статистички модел на турбуленција.
Така доаѓаме до многу интересната идеја
дека можеби некои од овие математчки шаблони
се во нашите глави.
А за Волфрам Алфа фаќав забелешки
и ги запишував сите можни
зборови за пребарување кои можев да ги користам
бидејќи мислам тоа да влезе во моите предавања за аутизам.
Мора да им покажуваме на овие деца интересни работи.
А ги исфрлаат часовите за поправки на автомобили
и моделарство, и часовите по уметност.
Сакам да кажам, уметност беше мојот најдобар предмет во училиште
Мораме да мислиме за сите овие различни типови на умови.
Со нив апсолутно мора да се работи,
бидејќи во иднина несомнено ќе
ни требаат овие типови на личности.
Ајде да зборуваме за работни места.
Мојот учител по наука ме мотивираше да учам
бидејќи бев забушант кој нејќеше да учи.
Но знаете што? Стекнував работно искуство.
Гледам премногу од овие паметни деца кои ги немаат научени основните работи,
како на пример да доаѓаат на време.
Тоа ме научија кога бев осум години.
Го знаете тоа, да се однесувате пристојно кога одите на неделен ручек кај баба.
Тоа ме научија кога бев многу многу млада.
А кога бев 13 имав работа во кројачница
шиејќи облека.
Додека бев на факултет одев на пракса.
Градев работи.
И исто така морав да научам како да извршувам задолженија.
Знаете, единственото нешто што ме интересираше како мала беше да цртам слики на коњи.
Мајка ми ми рече: „Ајде да нацртаме слика од нешто друго.“
Тие мора да научат како да прават нешто друго.
Да речеме дека детето е фиксирано на Лего коцки.
Да го натераме да гради различни работи.
Работата со аутистичкиот ум
е што тежнее кон фиксирање.
Како кога дете обожава тркачки автомобили,
да ги искористиме тркачките коли за математика.
Да пресметаме колку долго ѝ треба на тркачка кола да помине одредено растојание.
Со други зборови, да ја искористиме таа фиксација
за да го мотивираме тоа дете, тоа е една од работите кои треба да ги направиме.
Навистина ми е преку глава од учителите
особено кога ќе се отидете во другите делови од земјава,
кои незнаат што да прават со овие паметни деца.
Едноставно ме излудува.
Што може да работат визуелните мислители кога ќе пораснат?
Може да работат графички дизајн, секакви работи поврзани со компјутери,
фотографија, индустриски дизајн.
Мислителите во шаблони, тие се оние кои ќе бидат
вашите математичари, вашите софтверски инжињери,
вашите компјутерски програмери, сите овие типови на професии.
А потоа ги имате вербалните умови. Тие се одлични новинари.
Тие исто така се одлични театарски актери.
Бидејќи проблемот во тоа да си аутист,
е што морав да ги учам социјалните вештини како да ги глумам.
Тоа мора едноставно да го учите.
И мора да работиме со таквите ученици.
Така доаѓаме до прашањето на ментори.
Знаете, мојот учител по наука не беше акредитиран учител.
Тој беше научник во НАСА.
Во поново време, некои од државите дојдоа до тоа
да ако имате диплома по биологија или диплома по хемија,
можете да предавате биологија или хемија во училиште.
Треба да го правиме тоа.
Бидејќи тоа што сум го забележала е дека
квалитетните учители, за многу од овие деца,
им се недостапни бидејќи предаваат на факултетите.
Треба некои од тие квалитетни учители да ги донесеме во средните училишта.
Друга работа, која може да биде многу, многу многу успешна е,
дека има многу луѓе кои можеби се пензионирале
од работата во софтверската индустрија, и тие може да го учат вашето дете.
И воопшто не е битно ако материјата што ја предаваат е застарена,
бидејќи тоа што го правите е палење на искра.
Го будите тоа дете.
И ако го пробудите, тогаш ќе ги научи сите тие нови работи.
Менторите се неопходни.
Неможам доволно силно да потенцирам
што направи мојот учител по наука за мене.
Мора да ги подучувате, вработете ги.
И ако го земете на пракса во вашите компании,
спецификата со аутистичкиот, Аспрегер тип на ум,
е што мора да им дадете специфична задача. Немојте само да речете: „Дизајнирај нов софтвер.“
Мора да им кажете нешто многу поспецифично.
„Дизајнираме софтвер за мобилните телефони
и мора да ја прави оваа и оваа специфична работа.
И мора да користи само толку меморија.“
Ви треба такво ниво на детали.
Па тоа е крајот на мојот говор.
Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа.
Беше одлично што сум тука.
(Aплауз)
Аха, имате прашање за мене?
(Aплауз)
Крис Андeрсон: Многу Ви благодарам за ова.
Знаeте, еден пат имате напишано, ми се допаѓа овој цитат,
„Ако аутизмот магично
исчезне од лицето на Планетата,
тогаш човекот сеуште ќе се социјализираше околу огништето
на влезот во пештерата.“
Темпл Грандин: Па што мислите кој ги има измислено првите камени копја?
Тип со Аспергер. И ако ги поправите сите аутистички гени
нема повеќе да постои Силиконската долина,
и нема да се реши енергетската криза.
(Aплауз)
КА: Сакав да Ве прашам уште неколку прашања.
И ако било кој од нив Ви се чини непримерно,
во ред е само да кажете, „Следното прашање.“
Но, ако некој тука кој
има дете со аутизам,
или знае дете со аутизам
и се чуствува некако отсечено од нив,
кој е советот кој би му го дале?
ТГ: Па, најпрво мора да погледнете на која возраст е.
Ако имате две, три или четири годишно дете
кое не говори и нема социјална интеракција,
неможе доволно да потенцирам,
не чекајте. Ви требаат најмалку 20 часа неделно учење - еден на еден.
Знате, работата е во тоа што аутизмот доаѓа во различни степени.
Ќе има барем половина од луѓето во спектарот
кои нема да научат да говорат, и тие нема да работат
во Силиконската долина, тоа би било неразумно да го прават.
Но имате паметни деца
со лесен облик на аутизам,
и тука треба да ги разбудите
правејќи интересни работи.
Јас се социјализирав преку заеднички интереси.
Јавав коњи со други деца. Правев модели на ракети со други деца,
работев електроника со други деца,
и во шеесетите лепев огледалца
на гумена мембрана на звучник за да направам светлечко шоу.
Тоа го сметавме за супер финта.
КА: Дали е нереално да се
надеваат или мислат дека тоа дете
ги сака, бидејќи некои од нив само се осудуваат да го посакаат тоа
ТГ: Па ќе ви кажам - тоа дете ќе биде лојално.
И ако ви гори куќата, тие ќе ве спасат.
КА: Повеќето од луѓето, ако ги прашате
која е нивната најголема страст, тие ќе ви кажат работи како
„Моите деца“ или „Мојот љубовник.“
Која е Вашата најголема страст?
ТГ: Јас сум страствена во намерата работите кои ги правам
да го направат светот подобро место.
Кога мајка на дете со аутизам ќе ми рече:
„Моето дете се запиша на факултет поради твојата книга,
или некои од твоите предавања“. Тоа ме прави среќна.
Знаете, кланиците со кои работев во
'80-тите, беа апсолутно ужасни.
Развив многу едноставен систем на бодирање за кланици
во кој се мерат резултати, колку добиток паднал,
колку бил боден со стап,
колку од нив мукаат до бесвест?
И сѐ е тоа премногу едноставно.
Директно набљудувате неколку едноставни работи.
Тоа функционираше навистина добро. Задоволна сум кога
гледам работи кои прават вистински измени
во светот. Ни треба многу повеќе од тие работи,
и многу помалку апстрактни работи.
(Аплауз)
КА: Кога разговаравме по телефон, една од работите што ми ја кажавте
навистина ме фасцинираше. Ми кажавте дека
навистина сте пасионирани за серверски фарми. Кажете ми нешто околу тоа.
ТГ: Па причината зашто се возбудувам кога читам околу тоа
e што содржи знаење.
Тоа се библиотеки.
И за мене знаењето е исклучително
вредно. Па, можеби пред 10-тина години
се поплавила нашата библиотека.
Ова беше пред интернетот да стане толку голем.
И бев многу вознемирена што сите книги беа уништени,
бидејќи тоа беше уништено знаење.
А серверските фарми, или дата центрите
се големи библиотеки на знаење.
КА: Темпл, може ли да кажам дека ми беше апсолутно задоволство што те имавме на TED.
TG: Многу ви благодарам. Ви благодарам.
(Аплауз)