< Return to Video

Како можеме да ја контролираме пандемијата на коронавирус?

  • 0:00 - 0:04
    [Како можеме да ја контролираме
    пандемијата на коронавирус?]
  • 0:04 - 0:06
    [Говорник:
    Адам Кучарски, инфектолог]
  • 0:06 - 0:09
    [1. Што значи да се спречи ширењето
    во епидемиолошки контекст?]
  • 0:09 - 0:13
    Тоа значи да се насочите
    кон контролирање
  • 0:13 - 0:15
    на самите случаи и нивните контакти.
  • 0:15 - 0:18
    Значи, не го вознемирувате
    поширокото население,
  • 0:18 - 0:21
    го примате новиот случај,
    го изолирате,
  • 0:21 - 0:23
    дознавате со кого биле во контакт,
  • 0:23 - 0:26
    кој бил потенцијално изложен,
  • 0:26 - 0:28
    и потоа може да ја следите
    нивната состојба,
  • 0:28 - 0:32
    да ги ставите во карантин,
    за да нема понатамошен пренос.
  • 0:32 - 0:34
    Тоа е фокусиран метод,
    со точна цел,
  • 0:34 - 0:37
    што функционираше одлично за САРС.
  • 0:37 - 0:39
    Но, за оваа инфекција,
  • 0:39 - 0:43
    бидејќи некои случаи се испуштаат
    или не се забележуваат,
  • 0:43 - 0:46
    мора да се задржат огромен број
    ризични луѓе.
  • 0:46 - 0:48
    Ако испуштите макар неколку,
  • 0:48 - 0:50
    потенцијално може да дојде
    до епидемија.
  • 0:50 - 0:53
    [2. Што следи кога спречување на ширењето
    не е доволно?]
  • 0:53 - 0:55
    Во таков случај,
  • 0:55 - 0:58
    потребни би биле огромни промени
    во нашите социјални интеракции.
  • 0:58 - 1:00
    Потребно би било,
  • 1:00 - 1:02
    што се однесува на начините
    на кои вирусот се шири,
  • 1:02 - 1:04
    значи блиските контакти со другите,
  • 1:04 - 1:07
    целото население мора, во просек,
  • 1:07 - 1:10
    да ги намали таквите интеракции
  • 1:10 - 1:12
    за околу 2/3
    за да се стави под контрола.
  • 1:12 - 1:15
    Тоа би можело да се оствари
    преку работење од дома,
  • 1:15 - 1:17
    менување на начинот на живот
  • 1:17 - 1:21
    и избегнување гужви и ресторани.
  • 1:21 - 1:24
    Секако, мерките како
    затворање на училиштата,
  • 1:24 - 1:26
    и другите нешта
    што се обидуваат да го намалат
  • 1:26 - 1:28
    мешањето на населението.
  • 1:28 - 1:32
    [3. На кои ризици треба
    да се обрне внимание?]
  • 1:32 - 1:34
    Не станува збор само
    со кого ќе се ракувате,
  • 1:34 - 1:36
    туку со кого ќе се ракува
    таа личност подоцна.
  • 1:36 - 1:39
    Мора да мислиме
    и на второстепените контакти,
  • 1:39 - 1:41
    можеби сметате дека сте помалку подложни
  • 1:41 - 1:42
    и спаѓате во групата млади луѓе,
  • 1:43 - 1:46
    но ова може да влијае
  • 1:46 - 1:48
    и да биде смртносно за друга личност.
  • 1:48 - 1:51
    Сметам дека треба
    да бидеме општествено свесни,
  • 1:51 - 1:54
    и свесни дека ова би значело
    огромна промена во навиките,
  • 1:54 - 1:56
    но и дека мора е вака,
  • 1:56 - 1:58
    за да се ублажи можниот удар.
  • 1:58 - 2:02
    [4. Колку луѓето треба да бидат
    оддалечени едни од други?]
  • 2:02 - 2:04
    Тешко е да се одреди,
  • 2:04 - 2:08
    но имајте предвид дека
    не постојат конкретни докази
  • 2:08 - 2:10
    дека се пренесува преку воздух
    и дека има широк домет -
  • 2:10 - 2:12
    се мисли на кратки растојанија.
  • 2:12 - 2:13
    Мислам дека
  • 2:13 - 2:16
    ако се држите на неколку метри од некого
  • 2:16 - 2:19
    вирусот нема да може да дојде до вас.
  • 2:19 - 2:21
    Преносот е чест при
    поблиски интеракции,
  • 2:21 - 2:24
    затоа гледаме толку случаи на пренос
  • 2:24 - 2:27
    при јадење и блиски групи на луѓе.
  • 2:27 - 2:29
    Може да си претставите,
  • 2:29 - 2:32
    на овој начин вирусот може да го пренесете
    на некоја површина
  • 2:32 - 2:33
    па на нечии раце и лице
  • 2:33 - 2:37
    и токму на ваквите ситуации
    мора да мислиме повеќе.
  • 2:38 - 2:40
    [5. Какви безбедносни мерки
  • 2:40 - 2:42
    треба да воведат земјите?]
  • 2:42 - 2:44
    Она што луѓето се обидуваат
    да го дознаат е,
  • 2:44 - 2:46
    што точно делува.
  • 2:47 - 2:50
    Дури во последните неколку недели
  • 2:50 - 2:53
    добивме чувство дека
    можеме да го контролираме вирусот
  • 2:53 - 2:54
    со постоечките интервенции,
  • 2:54 - 2:57
    но секако, не може секој
    да го стори истото како Кина,
  • 2:57 - 2:58
    некои од овие мерки
  • 2:58 - 3:02
    со себе носат огромен социјален,
    економски и психолошки товар
  • 3:02 - 3:03
    за целата популација.
  • 3:04 - 3:06
    Секако, тука е и временското ограничување.
  • 3:06 - 3:08
    Во Кина, луѓето не излегуваа надвор
    6 недели,
  • 3:08 - 3:10
    тоа е тешко да се одржи,
  • 3:10 - 3:11
    мора да мислиме на ваквите барања,
  • 3:11 - 3:14
    што ги упатуваме до луѓето,
  • 3:14 - 3:18
    што всушност ќе има најголемо влијание
    на намалување на тој товар.
  • 3:18 - 3:22
    [Повеќе информации на
    www.cdc.gov/coronavirus]
  • 3:22 - 3:24
    [Светска здравствена организација]
Title:
Како можеме да ја контролираме пандемијата на коронавирус?
Speaker:
Адам Кучарски
Description:

Во екот на КОВИД-19, инфектологот Адам Кучарски ни одговара на 5 клучни прашања поврзани со новиот коронавиурс, изнесувајќи ги своите гледишта околу неговото пренесување, мерките што ги преземаат државите и што треба да промениме во своето однесување за да ја запреме оваа пандемија.
(Ова видео е дел од 70 минутното интервју меѓу Кучарски и Крис Андерсон, кој е раководител на ТЕД. Слушнете го целото интервју на: go.ted.com/adamkucharski)

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
03:37

Macedonian subtitles

Revisions