Мрачната страна на слободната волјa-Грег Карузо-TEDx Чеманг Ривер
-
0:10 - 0:14Во последно време многу размислувам
за следново прашање: -
0:14 - 0:17Што би се случило ако не веруваме
во слободната волја? -
0:17 - 0:20Што би значело тоа за нашите
меѓучовечки односи, -
0:20 - 0:22оштеството, моралноста,
значењето на законите? -
0:22 - 0:25На пример, доколку повеќе не веруваме
во слободна волја, -
0:25 - 0:28дали тоа ќе остави сериозни последици
врз општеството, -
0:28 - 0:30или пак ќе ги направи похумани
-
0:30 - 0:32нашето делување и регулативи,
-
0:32 - 0:35т.е. дали ќе има позитивно влијание?
-
0:35 - 0:37Она што сакам да предложам денес
-
0:37 - 0:39е тоа дека верувањето во слободната
волја не е добра работа, -
0:39 - 0:42има мрачна страна и подобро
ќе ни биде без ова верување. -
0:42 - 0:45Знам дека ова се коси со здравиот разум.
-
0:45 - 0:48Многумина сметаат дека животот без
слободна волја ќе доведе до нихилизам, -
0:48 - 0:51до бесцелност и до
нарушување на моралноста. -
0:51 - 0:54Или дека ќе им дозволиме на криминалците
да се шетаат на слобода -
0:54 - 0:57затоа што нема да постои
морална одговорност. -
0:57 - 0:59Но денес јас сакам да ви претставам
една ново гледиште. -
0:59 - 1:02Ќе започнам со скептицизмот
кон слободната волја. -
1:02 - 1:05Јас сум скептичен кон слободната волја,
не признавам дека постои. -
1:05 - 1:08Скептиците кон слободната волја
тврдат дека кои сме, што правиме, -
1:08 - 1:11во крајна линија е резултат на фактори
вон нашата контрола, -
1:11 - 1:13и поради тоа,
-
1:13 - 1:16ние немаме морална одговорност
за нашето однесување, -
1:16 - 1:21па оттука пофалбите и казните
се бесмислени. -
1:21 - 1:24Историски гледано, има бројни филозофски
и научни аргументи -
1:24 - 1:26во прилог на ваквиот скептицизам.
-
1:26 - 1:29Овие аргументи ги промовирав во мојот труд
-
1:29 - 1:32но, не сум тука за да ве убедувам
дека немате слободна волја. -
1:32 - 1:34Не ми е тоа целта.
-
1:34 - 1:37Всушност ме интересира едно друго прашање:
-
1:37 - 1:39Што ќе се случи ако прифатиме
едно вакво гледиште? -
1:39 - 1:43Што ќе се случи ако повеќе
не веруваме во слободна волја? -
1:43 - 1:46Во глобала, дали ќе биде добро
или лошо? -
1:46 - 1:48По ова прашање јас сум оптимист.
-
1:48 - 1:51Мислам дека животот без слободна
волја нуди многу предности. -
1:51 - 1:53Се сметам за оптимистичен скептик.
-
1:53 - 1:56Како оптимистичен скептик,
-
1:56 - 1:58сметам дека животот без слободна волја
-
1:58 - 2:00не само што е возможен туку и посакуван.
-
2:00 - 2:02Смислата на животот
-
2:02 - 2:05и добрите меѓучовечки
односи, на пример, -
2:05 - 2:06не би биле загрозени.
-
2:06 - 2:08Иако одредени системи на казнување,
-
2:08 - 2:11како оние засновани на одмазда,
-
2:11 - 2:12би биле исклучени,
-
2:12 - 2:16но превентивниот притвор и
рехабилитацијата би биле оправдани. -
2:16 - 2:18Ќе кажам нешто повеќе околу ова.
-
2:18 - 2:20Како оптимистичен скептик
-
2:20 - 2:25сметам дека живот без слободна волја
може да е добар за нашата благосостојба -
2:25 - 2:26и за нашите односи со другите,
-
2:26 - 2:30бидејќи може да го искорени
деструктивниот морален бес, -
2:30 - 2:31оној морален бес
-
2:31 - 2:35кој ги нарушува нашите односи
и социјални политики. -
2:35 - 2:39За да ја разбереме подобро мрачната
страна на слободната волја, -
2:39 - 2:41ќе ви зборувам за неодамнешните
-
2:41 - 2:45емпириски наоди на полето на
моралната и политичката психологија. -
2:45 - 2:47Овој научен труд всушност покажа
-
2:47 - 2:50дека постојат низа интересни и речиси
вознемирувачки корелации -
2:50 - 2:52помеѓу верувањето во слободната волја
-
2:52 - 2:55и морално-религиозните и
политичките верувања на луѓето. -
2:55 - 2:58Особено дека верувањето во слободната
волја е поврзано -
2:58 - 3:02со повисок степен на религиозност,
склоност кон казнување -
3:02 - 3:04и бројни конзервативни верувања и ставови
-
3:04 - 3:07како верувањето во правичен свет
и десничарската авторитарност. -
3:08 - 3:09Ќе се фокусирам на два аспекти,
-
3:09 - 3:13врската помеѓу верувањето во слободна
волја и склоноста кон казнување, -
3:13 - 3:16и онаа помеѓу верувањето во слободна волја
и верувањето во правичен свет. -
3:16 - 3:19Да ја земеме склоноста кон
казнување, на пример. -
3:19 - 3:22Истражувањево покажа дека онаму каде
верувањето во слободната волја е силно, -
3:22 - 3:25таму гледаме зголемена склоност
кон казнување, -
3:25 - 3:27луѓето се залагаат за построги
казни -
3:27 - 3:29во бројни и различни ситуации.
-
3:29 - 3:32Има логика. Ако мислиш дека
луѓето поседуваат слободна волја -
3:32 - 3:36тогаш ќе сметаш дека нивните постапки
заслужуваат пофалби и казни. -
3:36 - 3:40Ако се однесуваат неморално, сакате да
бидат казнети, нели? -
3:40 - 3:42Тоа е слично на одмазда,
-
3:42 - 3:46сакате да ги повредите заради тоа
што повредиле други. -
3:46 - 3:49Но, недостатокот на ова е што можете
да создадете морален бес -
3:49 - 3:53што е деструктивно за нашите односи со
другите и за социјалната политика. -
3:53 - 3:56Гледајте го ова на макро ниво,
-
3:56 - 4:00верувањето во слободната волја
е релативно силно во САД. -
4:00 - 4:02Всушност, вградено е во митологијата
-
4:02 - 4:05на сировиот поединец, само-создадениот
човек, создаден во себе, -
4:05 - 4:08личност која се издигнува од ништо
-
4:08 - 4:10и ги премостува сите животни околности.
-
4:10 - 4:12Но, тоа што сме посветени на ова верување
-
4:12 - 4:15нè прави да бидеме општество кое е
релативно склоно кон казни. -
4:15 - 4:17Да го земеме овој едноставен факт:
-
4:17 - 4:20САД се 5% од светското население,
-
4:20 - 4:24но 25% од светската затворска популација
се наоѓа во САД. -
4:24 - 4:27Ќе кажам пак, изненадувачки е фактот дека
-
4:27 - 4:30ние сме 5% од светската популација,
-
4:30 - 4:34но 25% од светската затворска
популација се наоѓа кај нас. -
4:34 - 4:38Нашето кривично правосудство
-
4:38 - 4:42не функционира, не нѐ прави побезбедни,
не го намалува криминалот, -
4:42 - 4:44не ги постигнува
посакуваните социјални цели и -
4:44 - 4:48не ја намалува стапката на рецидивистите
т.е. на оние кои го повторуваат делото. -
4:48 - 4:51Но, можеби ако го прифатиме
скептичниот оптимизам -
4:51 - 4:56би можеле да изнајдеме поефикасни
и похумани мерки. -
4:56 - 4:58Накратко ќе ви појаснам
-
4:58 - 5:01како скептикот за слободна волја гледа
на криминалот. -
5:01 - 5:04Има еден професор овде во близина,
-
5:04 - 5:06се вика Дерек Пиербум, предава на
Универзитетот Корнел, -
5:06 - 5:08и тој е скептичен кон слободната волја.
-
5:08 - 5:11Тој предлага модел за справување
со опасни криминалци, -
5:11 - 5:14заснован на аналогијата на карантинот.
-
5:14 - 5:18Луѓето кои боледуваат од заразни болести,
се заразиле не по нивна вина, -
5:18 - 5:21тие не се морално одговорни
за нивната болест. -
5:21 - 5:23Не заслужуваат да бидат казнети.
-
5:23 - 5:24Но, оправдано е
-
5:24 - 5:27да се стават во карантин заради
безбедноста на општеството. -
5:27 - 5:30Можеме да го кажеме истото
за опасните криминалци. -
5:30 - 5:33Односно, дури и да го прифатите
моето гледиште, -
5:33 - 5:36и верувате дека поединците
не се одговорни -
5:36 - 5:37за она што сè, и во таква ситуација
-
5:37 - 5:42можеме да го оправдаме нивното затворање
заради безбедноста на општеството. -
5:42 - 5:44Ако тргнеме по тој пат, потребни се
низа на реформи -
5:44 - 5:48кои сметам дека се важни и добри.
-
5:48 - 5:49Прво, ќе бидеме одговорни
-
5:49 - 5:52за благосостојбата и рехабилитацијата
на криминалците, -
5:52 - 5:54исто како што имаме обврска
-
5:54 - 5:56да ги лекуваме болните во карантин.
-
5:56 - 5:59Второ,
-
6:03 - 6:06нема да можеме сурово да се однесуваме
кон затворениците, -
6:06 - 6:10исто како што не смееме сурово да ги
третираме болните кои се во карантин. -
6:10 - 6:13Трето, ни требаат помалку
строги казнени мерки, -
6:13 - 6:16ќе треба да ги одбереме оние
што се помалку строги, -
6:16 - 6:19а тоа подразбира преиспитување
на строгите казнени мерки, -
6:19 - 6:23и другите сурови облици на казнување во
затворите со висока безбеднсот. -
6:23 - 6:24На крај,
-
6:24 - 6:27ако сте како мене, ќе сметате
дека срединските услови -
6:27 - 6:29го поттикнуваат криминалното однесување.
-
6:29 - 6:33Па оттука, според нас, парите
и ресурсите треба да се користат -
6:33 - 6:35за решавање на системските
фактори кои водат до криминал: -
6:35 - 6:38економската нееднаквост,
образовната нееднаквост. -
6:38 - 6:40Наместо да ги обвинуваме и
казнуваме луѓето, -
6:40 - 6:43наша главна цел треба да биде
превенција на криминалот. -
6:43 - 6:45(Аплауз)
-
6:45 - 6:46Благодарам.
-
6:46 - 6:51Скептиците за слободна волја не само
што можат да се справат со криминалот, -
6:51 - 6:53туку тоа можат да го направат
на похуман и поефикасен начин. -
6:53 - 6:56Да се вратам на другото
верување што го споменав. -
6:56 - 6:59Студијава покажа дека
верувањето во слободната волја -
6:59 - 7:01е поврзано со верувањето
во праведен свет. -
7:01 - 7:03Што е тоа?
-
7:03 - 7:05Во основа, тоа е верување дека
светот е праведен, -
7:05 - 7:09добри работи им се случуваат
на добри луѓе, а лоши работи на лоши луѓе. -
7:09 - 7:12Но, тоа е и пристап на
обвинување на жртвата -
7:12 - 7:15зашто претпоставува дека поединците
го добиле заслуженото, -
7:15 - 7:19и дека оние на кои им се случила несреќа
сами допринеле за неа. -
7:19 - 7:24Во 60-те психолозите направиле скала за
мерење на верувањето во праведен свет. -
7:24 - 7:27Таа ја покажува приврзаноста
кон ова верување, -
7:27 - 7:31и беше дизајнирана да ја отслика
природната наклонетост на луѓето -
7:31 - 7:34да ги обвинуваат другите за
нивната несреќа. -
7:34 - 7:39Долгогодишните проучувања покажаа дека
колку посилно верувате во ова верување -
7:39 - 7:42толку е поголема веројатноста да
омаловажувате невини жртви, -
7:42 - 7:45да верувате во институциите
и авторитетите, -
7:45 - 7:48да ги обвинувате сиромашните
и да ги фалите богатите. -
7:48 - 7:51Како што реков, тука првенствено
се обвинува жртвата; -
7:51 - 7:54можете да го видите тоа во
нашето општество. -
7:54 - 7:55Една од најпогубните
-
7:55 - 7:58е склоноста, и на обичните луѓе
и на правниот систем, -
7:58 - 8:01да ги обвинуваат жртвите на силувања.
-
8:01 - 8:02Светот е праведен,
-
8:02 - 8:06и добри работи им се случуваат на добрите
луѓе, а лоши работи на лошите луѓе. -
8:06 - 8:08Силувањето како чин е во контрадикција
со ваквото верување. -
8:08 - 8:11За да го зачуваме ваквото верување,
-
8:11 - 8:14ние невината жртва ја претвораме
во виновник. -
8:14 - 8:15Велиме се облекла провокативно,
-
8:15 - 8:18шетале на места каде не би смееле да одат.
-
8:18 - 8:21Примери каде жртвата се обвинува
имаме -
8:21 - 8:22насекаде во општеството.
-
8:22 - 8:25На пример, обвинување на сиромашните
за нивната состојба. -
8:25 - 8:29Тврдење дека социјалните случаи
се мрзливи или знаат само да просат. -
8:29 - 8:31Обвинување на деца и родители за
образовната нееднаквост. -
8:31 - 8:35Но, сите знаеме барем во
рационалните мигови -
8:35 - 8:36дека светот не е праведен,
-
8:36 - 8:39и дека лотаријата на животот
не е секогаш праведна. -
8:39 - 8:42Мораме да прифатиме дека среќата
игра голема улога во нашите животи, -
8:42 - 8:44кои сме, и какви стануваме, нели?
-
8:44 - 8:47Сите ние не стартуваме од иста
позиција. -
8:47 - 8:49Како што реков на почетокот. Оптимист сум.
-
8:49 - 8:53Оптимист дека, ако застапуваме
скептична перспектива -
8:53 - 8:54ќе можеме да се ослободиме,
-
8:54 - 8:57од овие штетни верувања и стремежи.
-
8:57 - 8:59Всушност, има една нова студија објавена
-
8:59 - 9:01во Списанието за Психолошка Наука
-
9:01 - 9:04која открива дека преку намалување
на верувањето во слободната волја -
9:04 - 9:06се намалува склоноста за казнување,
-
9:06 - 9:09луѓето почнуваат да
се залагаат за поблаги казни. -
9:09 - 9:13Ова покажува две работи: го потврдува
она што претходно го реков, -
9:13 - 9:16онаму каде вербата во слободна волја
е силна, казните се поголеми. -
9:16 - 9:18Но, исто така, ми дава надеж дека
-
9:18 - 9:22можеме да се ослободиме не
само од штетните верувања, -
9:22 - 9:25туку и од моралниот
бес за кој зборував. -
9:25 - 9:27Мојот предлог е прилично едноставен.
-
9:27 - 9:30Да не се плашиме од скептицизмот
за слободната волја. Да го прифатиме. -
9:30 - 9:33Да се откажеме од вербата
во слободна волја, а со тоа и -
9:33 - 9:37од погубното верување дека
го добиваме заслуженото. -
9:37 - 9:39Да го оставиме ова верување зад нас,
-
9:39 - 9:42да го намалиме моралниот бес
и да не ги обвинуваме жртвите. -
9:42 - 9:44Наместо тоа, да се свртиме
кон тешката задача и -
9:44 - 9:46да се занимаваме со причините кои водат
-
9:46 - 9:50до криминал, класна и
образовна нееднаквост. -
9:50 - 9:53Ако се ослободиме од вербата
во слободната волја -
9:53 - 9:56ќе можеме појасно да ги согледаме
причините и системот -
9:56 - 9:58кои влијаат врз поединците и
нивното однесување, -
9:58 - 10:01а ова ќе ни овозможи да примениме похумана
и поефикасна политика -
10:01 - 10:04во образованието, казнениот закон
и социјалата. -
10:04 - 10:05Ви благодарам!
-
10:05 - 10:06(Аплауз)
- Title:
- Мрачната страна на слободната волјa-Грег Карузо-TEDx Чеманг Ривер
- Description:
-
Говоров е одржан на локален TEDх настан независно од TED Конференциите.
Што ќе се случи ако сите ние поверуваме дека не постои слободна воља? Како скептик за слободна воља, д-р Грег Карузо тврди дека за општеството ќе биде подобро доколку веруваме дека не постои слободна волја. - Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDxTalks
- Duration:
- 10:12
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The dark side of free will | Gregg Caruso | TEDxChemungRiver |