Во последно време многу размислувам
за следново прашање:
Што би се случило ако не веруваме
во слободната волја?
Што би значело тоа за нашите
меѓучовечки односи,
оштеството, моралноста,
значењето на законите?
На пример, доколку повеќе не веруваме
во слободна волја,
дали тоа ќе остави сериозни последици
врз општеството,
или пак ќе ги направи похумани
нашето делување и регулативи,
т.е. дали ќе има позитивно влијание?
Она што сакам да предложам денес
е тоа дека верувањето во слободната
волја не е добра работа,
има мрачна страна и подобро
ќе ни биде без ова верување.
Знам дека ова се коси со здравиот разум.
Многумина сметаат дека животот без
слободна волја ќе доведе до нихилизам,
до бесцелност и до
нарушување на моралноста.
Или дека ќе им дозволиме на криминалците
да се шетаат на слобода
затоа што нема да постои
морална одговорност.
Но денес јас сакам да ви претставам
една ново гледиште.
Ќе започнам со скептицизмот
кон слободната волја.
Јас сум скептичен кон слободната волја,
не признавам дека постои.
Скептиците кон слободната волја
тврдат дека кои сме, што правиме,
во крајна линија е резултат на фактори
вон нашата контрола,
и поради тоа,
ние немаме морална одговорност
за нашето однесување,
па оттука пофалбите и казните
се бесмислени.
Историски гледано, има бројни филозофски
и научни аргументи
во прилог на ваквиот скептицизам.
Овие аргументи ги промовирав во мојот труд
но, не сум тука за да ве убедувам
дека немате слободна волја.
Не ми е тоа целта.
Всушност ме интересира едно друго прашање:
Што ќе се случи ако прифатиме
едно вакво гледиште?
Што ќе се случи ако повеќе
не веруваме во слободна волја?
Во глобала, дали ќе биде добро
или лошо?
По ова прашање јас сум оптимист.
Мислам дека животот без слободна
волја нуди многу предности.
Се сметам за оптимистичен скептик.
Како оптимистичен скептик,
сметам дека животот без слободна волја
не само што е возможен туку и посакуван.
Смислата на животот
и добрите меѓучовечки
односи, на пример,
не би биле загрозени.
Иако одредени системи на казнување,
како оние засновани на одмазда,
би биле исклучени,
но превентивниот притвор и
рехабилитацијата би биле оправдани.
Ќе кажам нешто повеќе околу ова.
Како оптимистичен скептик
сметам дека живот без слободна волја
може да е добар за нашата благосостојба
и за нашите односи со другите,
бидејќи може да го искорени
деструктивниот морален бес,
оној морален бес
кој ги нарушува нашите односи
и социјални политики.
За да ја разбереме подобро мрачната
страна на слободната волја,
ќе ви зборувам за неодамнешните
емпириски наоди на полето на
моралната и политичката психологија.
Овој научен труд всушност покажа
дека постојат низа интересни и речиси
вознемирувачки корелации
помеѓу верувањето во слободната волја
и морално-религиозните и
политичките верувања на луѓето.
Особено дека верувањето во слободната
волја е поврзано
со повисок степен на религиозност,
склоност кон казнување
и бројни конзервативни верувања и ставови
како верувањето во правичен свет
и десничарската авторитарност.
Ќе се фокусирам на два аспекти,
врската помеѓу верувањето во слободна
волја и склоноста кон казнување,
и онаа помеѓу верувањето во слободна волја
и верувањето во правичен свет.
Да ја земеме склоноста кон
казнување, на пример.
Истражувањево покажа дека онаму каде
верувањето во слободната волја е силно,
таму гледаме зголемена склоност
кон казнување,
луѓето се залагаат за построги
казни
во бројни и различни ситуации.
Има логика. Ако мислиш дека
луѓето поседуваат слободна волја
тогаш ќе сметаш дека нивните постапки
заслужуваат пофалби и казни.
Ако се однесуваат неморално, сакате да
бидат казнети, нели?
Тоа е слично на одмазда,
сакате да ги повредите заради тоа
што повредиле други.
Но, недостатокот на ова е што можете
да создадете морален бес
што е деструктивно за нашите односи со
другите и за социјалната политика.
Гледајте го ова на макро ниво,
верувањето во слободната волја
е релативно силно во САД.
Всушност, вградено е во митологијата
на сировиот поединец, само-создадениот
човек, создаден во себе,
личност која се издигнува од ништо
и ги премостува сите животни околности.
Но, тоа што сме посветени на ова верување
нè прави да бидеме општество кое е
релативно склоно кон казни.
Да го земеме овој едноставен факт:
САД се 5% од светското население,
но 25% од светската затворска популација
се наоѓа во САД.
Ќе кажам пак, изненадувачки е фактот дека
ние сме 5% од светската популација,
но 25% од светската затворска
популација се наоѓа кај нас.
Нашето кривично правосудство
не функционира, не нѐ прави побезбедни,
не го намалува криминалот,
не ги постигнува
посакуваните социјални цели и
не ја намалува стапката на рецидивистите
т.е. на оние кои го повторуваат делото.
Но, можеби ако го прифатиме
скептичниот оптимизам
би можеле да изнајдеме поефикасни
и похумани мерки.
Накратко ќе ви појаснам
како скептикот за слободна волја гледа
на криминалот.
Има еден професор овде во близина,
се вика Дерек Пиербум, предава на
Универзитетот Корнел,
и тој е скептичен кон слободната волја.
Тој предлага модел за справување
со опасни криминалци,
заснован на аналогијата на карантинот.
Луѓето кои боледуваат од заразни болести,
се заразиле не по нивна вина,
тие не се морално одговорни
за нивната болест.
Не заслужуваат да бидат казнети.
Но, оправдано е
да се стават во карантин заради
безбедноста на општеството.
Можеме да го кажеме истото
за опасните криминалци.
Односно, дури и да го прифатите
моето гледиште,
и верувате дека поединците
не се одговорни
за она што сè, и во таква ситуација
можеме да го оправдаме нивното затворање
заради безбедноста на општеството.
Ако тргнеме по тој пат, потребни се
низа на реформи
кои сметам дека се важни и добри.
Прво, ќе бидеме одговорни
за благосостојбата и рехабилитацијата
на криминалците,
исто како што имаме обврска
да ги лекуваме болните во карантин.
Второ,
нема да можеме сурово да се однесуваме
кон затворениците,
исто како што не смееме сурово да ги
третираме болните кои се во карантин.
Трето, ни требаат помалку
строги казнени мерки,
ќе треба да ги одбереме оние
што се помалку строги,
а тоа подразбира преиспитување
на строгите казнени мерки,
и другите сурови облици на казнување во
затворите со висока безбеднсот.
На крај,
ако сте како мене, ќе сметате
дека срединските услови
го поттикнуваат криминалното однесување.
Па оттука, според нас, парите
и ресурсите треба да се користат
за решавање на системските
фактори кои водат до криминал:
економската нееднаквост,
образовната нееднаквост.
Наместо да ги обвинуваме и
казнуваме луѓето,
наша главна цел треба да биде
превенција на криминалот.
(Аплауз)
Благодарам.
Скептиците за слободна волја не само
што можат да се справат со криминалот,
туку тоа можат да го направат
на похуман и поефикасен начин.
Да се вратам на другото
верување што го споменав.
Студијава покажа дека
верувањето во слободната волја
е поврзано со верувањето
во праведен свет.
Што е тоа?
Во основа, тоа е верување дека
светот е праведен,
добри работи им се случуваат
на добри луѓе, а лоши работи на лоши луѓе.
Но, тоа е и пристап на
обвинување на жртвата
зашто претпоставува дека поединците
го добиле заслуженото,
и дека оние на кои им се случила несреќа
сами допринеле за неа.
Во 60-те психолозите направиле скала за
мерење на верувањето во праведен свет.
Таа ја покажува приврзаноста
кон ова верување,
и беше дизајнирана да ја отслика
природната наклонетост на луѓето
да ги обвинуваат другите за
нивната несреќа.
Долгогодишните проучувања покажаа дека
колку посилно верувате во ова верување
толку е поголема веројатноста да
омаловажувате невини жртви,
да верувате во институциите
и авторитетите,
да ги обвинувате сиромашните
и да ги фалите богатите.
Како што реков, тука првенствено
се обвинува жртвата;
можете да го видите тоа во
нашето општество.
Една од најпогубните
е склоноста, и на обичните луѓе
и на правниот систем,
да ги обвинуваат жртвите на силувања.
Светот е праведен,
и добри работи им се случуваат на добрите
луѓе, а лоши работи на лошите луѓе.
Силувањето како чин е во контрадикција
со ваквото верување.
За да го зачуваме ваквото верување,
ние невината жртва ја претвораме
во виновник.
Велиме се облекла провокативно,
шетале на места каде не би смееле да одат.
Примери каде жртвата се обвинува
имаме
насекаде во општеството.
На пример, обвинување на сиромашните
за нивната состојба.
Тврдење дека социјалните случаи
се мрзливи или знаат само да просат.
Обвинување на деца и родители за
образовната нееднаквост.
Но, сите знаеме барем во
рационалните мигови
дека светот не е праведен,
и дека лотаријата на животот
не е секогаш праведна.
Мораме да прифатиме дека среќата
игра голема улога во нашите животи,
кои сме, и какви стануваме, нели?
Сите ние не стартуваме од иста
позиција.
Како што реков на почетокот. Оптимист сум.
Оптимист дека, ако застапуваме
скептична перспектива
ќе можеме да се ослободиме,
од овие штетни верувања и стремежи.
Всушност, има една нова студија објавена
во Списанието за Психолошка Наука
која открива дека преку намалување
на верувањето во слободната волја
се намалува склоноста за казнување,
луѓето почнуваат да
се залагаат за поблаги казни.
Ова покажува две работи: го потврдува
она што претходно го реков,
онаму каде вербата во слободна волја
е силна, казните се поголеми.
Но, исто така, ми дава надеж дека
можеме да се ослободиме не
само од штетните верувања,
туку и од моралниот
бес за кој зборував.
Мојот предлог е прилично едноставен.
Да не се плашиме од скептицизмот
за слободната волја. Да го прифатиме.
Да се откажеме од вербата
во слободна волја, а со тоа и
од погубното верување дека
го добиваме заслуженото.
Да го оставиме ова верување зад нас,
да го намалиме моралниот бес
и да не ги обвинуваме жртвите.
Наместо тоа, да се свртиме
кон тешката задача и
да се занимаваме со причините кои водат
до криминал, класна и
образовна нееднаквост.
Ако се ослободиме од вербата
во слободната волја
ќе можеме појасно да ги согледаме
причините и системот
кои влијаат врз поединците и
нивното однесување,
а ова ќе ни овозможи да примениме похумана
и поефикасна политика
во образованието, казнениот закон
и социјалата.
Ви благодарам!
(Аплауз)