0:00:10.267,0:00:13.868 Во последно време многу размислувам[br]за следново прашање: 0:00:13.881,0:00:16.794 Што би се случило ако не веруваме[br]во слободната волја? 0:00:16.795,0:00:19.590 Што би значело тоа за нашите[br]меѓучовечки односи, 0:00:19.591,0:00:22.131 оштеството, моралноста, [br]значењето на законите? 0:00:22.131,0:00:25.033 На пример, доколку повеќе не веруваме [br]во слободна волја, 0:00:25.033,0:00:27.572 дали тоа ќе остави сериозни последици[br]врз општеството, 0:00:27.573,0:00:30.107 или пак ќе ги направи похумани 0:00:30.108,0:00:31.907 нашето делување и регулативи, 0:00:31.908,0:00:34.903 т.е. дали ќе има позитивно влијание? 0:00:34.904,0:00:36.544 Она што сакам да предложам денес 0:00:36.544,0:00:39.389 е тоа дека верувањето во слободната[br]волја не е добра работа, 0:00:39.389,0:00:42.067 има мрачна страна и подобро [br]ќе ни биде без ова верување. 0:00:42.067,0:00:44.652 Знам дека ова се коси со здравиот разум. 0:00:44.653,0:00:48.228 Многумина сметаат дека животот без[br]слободна волја ќе доведе до нихилизам, 0:00:48.228,0:00:51.119 до бесцелност и до[br]нарушување на моралноста. 0:00:51.119,0:00:54.161 Или дека ќе им дозволиме на криминалците[br]да се шетаат на слобода 0:00:54.161,0:00:56.561 затоа што нема да постои[br]морална одговорност. 0:00:56.562,0:00:59.471 Но денес јас сакам да ви претставам[br]една ново гледиште. 0:00:59.472,0:01:01.855 Ќе започнам со скептицизмот[br]кон слободната волја. 0:01:01.856,0:01:05.221 Јас сум скептичен кон слободната волја,[br]не признавам дека постои. 0:01:05.221,0:01:08.499 Скептиците кон слободната волја[br]тврдат дека кои сме, што правиме, 0:01:08.500,0:01:11.459 во крајна линија е резултат на фактори [br]вон нашата контрола, 0:01:11.460,0:01:12.727 и поради тоа, 0:01:12.728,0:01:16.497 ние немаме морална одговорност[br]за нашето однесување, 0:01:16.498,0:01:21.003 па оттука пофалбите и казните[br]се бесмислени. 0:01:21.004,0:01:24.487 Историски гледано, има бројни филозофски[br]и научни аргументи 0:01:24.487,0:01:26.166 во прилог на ваквиот скептицизам. 0:01:26.167,0:01:29.100 Овие аргументи ги промовирав во мојот труд 0:01:29.101,0:01:32.493 но, не сум тука за да ве убедувам[br]дека немате слободна волја. 0:01:32.494,0:01:33.940 Не ми е тоа целта. 0:01:33.941,0:01:36.704 Всушност ме интересира едно друго прашање: 0:01:36.705,0:01:39.369 Што ќе се случи ако прифатиме[br]едно вакво гледиште? 0:01:39.370,0:01:43.196 Што ќе се случи ако повеќе[br]не веруваме во слободна волја? 0:01:43.197,0:01:46.217 Во глобала, дали ќе биде добро[br]или лошо? 0:01:46.218,0:01:48.391 По ова прашање јас сум оптимист. 0:01:48.392,0:01:51.390 Мислам дека животот без слободна[br]волја нуди многу предности. 0:01:51.391,0:01:53.354 Се сметам за оптимистичен скептик. 0:01:53.355,0:01:55.830 Како оптимистичен скептик, 0:01:55.831,0:01:57.720 сметам дека животот без слободна волја 0:01:57.721,0:01:59.951 не само што е возможен туку и посакуван. 0:01:59.952,0:02:01.769 Смислата на животот 0:02:01.770,0:02:04.739 и добрите меѓучовечки [br]односи, на пример, 0:02:04.740,0:02:06.179 не би биле загрозени. 0:02:06.180,0:02:08.107 Иако одредени системи на казнување, 0:02:08.108,0:02:11.026 како оние засновани на одмазда, 0:02:11.027,0:02:12.326 би биле исклучени, 0:02:12.327,0:02:15.810 но превентивниот притвор и [br]рехабилитацијата би биле оправдани. 0:02:15.811,0:02:18.322 Ќе кажам нешто повеќе околу ова. 0:02:18.323,0:02:20.119 Како оптимистичен скептик 0:02:20.120,0:02:24.549 сметам дека живот без слободна волја [br]може да е добар за нашата благосостојба 0:02:24.550,0:02:26.201 и за нашите односи со другите, 0:02:26.202,0:02:29.701 бидејќи може да го искорени[br]деструктивниот морален бес, 0:02:29.702,0:02:31.274 оној морален бес 0:02:31.275,0:02:35.314 кој ги нарушува нашите односи [br]и социјални политики. 0:02:35.315,0:02:39.453 За да ја разбереме подобро мрачната [br]страна на слободната волја, 0:02:39.454,0:02:41.359 ќе ви зборувам за неодамнешните 0:02:41.367,0:02:44.538 емпириски наоди на полето на [br]моралната и политичката психологија. 0:02:44.538,0:02:46.781 Овој научен труд всушност покажа 0:02:46.782,0:02:50.432 дека постојат низа интересни и речиси[br]вознемирувачки корелации 0:02:50.432,0:02:52.321 помеѓу верувањето во слободната волја 0:02:52.322,0:02:55.041 и морално-религиозните и[br]политичките верувања на луѓето. 0:02:55.042,0:02:58.418 Особено дека верувањето во слободната[br]волја е поврзано 0:02:58.434,0:03:01.567 со повисок степен на религиозност, [br]склоност кон казнување 0:03:01.568,0:03:04.075 и бројни конзервативни верувања и ставови 0:03:04.076,0:03:07.485 како верувањето во правичен свет[br]и десничарската авторитарност. 0:03:07.536,0:03:09.137 Ќе се фокусирам на два аспекти, 0:03:09.137,0:03:12.555 врската помеѓу верувањето во слободна[br]волја и склоноста кон казнување, 0:03:12.556,0:03:16.355 и онаа помеѓу верувањето во слободна волја[br]и верувањето во правичен свет. 0:03:16.355,0:03:18.712 Да ја земеме склоноста кон [br]казнување, на пример. 0:03:18.712,0:03:22.434 Истражувањево покажа дека онаму каде[br]верувањето во слободната волја е силно, 0:03:22.434,0:03:24.634 таму гледаме зголемена склоност[br]кон казнување, 0:03:24.634,0:03:27.433 луѓето се залагаат за построги[br]казни 0:03:27.434,0:03:29.143 во бројни и различни ситуации. 0:03:29.144,0:03:32.247 Има логика. Ако мислиш дека [br]луѓето поседуваат слободна волја 0:03:32.247,0:03:35.972 тогаш ќе сметаш дека нивните постапки[br]заслужуваат пофалби и казни. 0:03:35.973,0:03:40.028 Ако се однесуваат неморално, сакате да [br]бидат казнети, нели? 0:03:40.029,0:03:42.094 Тоа е слично на одмазда, 0:03:42.095,0:03:45.826 сакате да ги повредите заради тоа [br]што повредиле други. 0:03:45.827,0:03:48.827 Но, недостатокот на ова е што можете [br]да создадете морален бес 0:03:48.827,0:03:53.141 што е деструктивно за нашите односи со[br]другите и за социјалната политика. 0:03:53.142,0:03:55.556 Гледајте го ова на макро ниво, 0:03:55.557,0:03:59.726 верувањето во слободната волја[br]е релативно силно во САД. 0:03:59.727,0:04:01.907 Всушност, вградено е во митологијата 0:04:01.908,0:04:05.001 на сировиот поединец, само-создадениот[br]човек, создаден во себе, 0:04:05.022,0:04:07.881 личност која се издигнува од ништо 0:04:07.882,0:04:10.041 и ги премостува сите животни околности. 0:04:10.042,0:04:12.150 Но, тоа што сме посветени на ова верување 0:04:12.150,0:04:15.109 нè прави да бидеме општество кое е[br]релативно склоно кон казни. 0:04:15.109,0:04:16.988 Да го земеме овој едноставен факт: 0:04:16.988,0:04:20.310 САД се 5% од светското население, 0:04:20.310,0:04:23.604 но 25% од светската затворска популација [br]се наоѓа во САД. 0:04:23.605,0:04:26.654 Ќе кажам пак, изненадувачки е фактот дека 0:04:26.655,0:04:30.384 ние сме 5% од светската популација, 0:04:30.385,0:04:33.950 но 25% од светската затворска [br]популација се наоѓа кај нас. 0:04:33.951,0:04:37.870 Нашето кривично правосудство 0:04:37.871,0:04:41.657 не функционира, не нѐ прави побезбедни, [br]не го намалува криминалот, 0:04:41.658,0:04:44.215 не ги постигнува[br]посакуваните социјални цели и 0:04:44.215,0:04:48.108 не ја намалува стапката на рецидивистите[br]т.е. на оние кои го повторуваат делото. 0:04:48.108,0:04:51.463 Но, можеби ако го прифатиме [br]скептичниот оптимизам 0:04:51.464,0:04:55.743 би можеле да изнајдеме поефикасни [br]и похумани мерки. 0:04:55.744,0:04:57.804 Накратко ќе ви појаснам 0:04:57.805,0:05:00.894 како скептикот за слободна волја гледа[br]на криминалот. 0:05:00.895,0:05:03.527 Има еден професор овде во близина, 0:05:03.534,0:05:06.468 се вика Дерек Пиербум, предава на [br]Универзитетот Корнел, 0:05:06.470,0:05:08.440 и тој е скептичен кон слободната волја. 0:05:08.441,0:05:11.308 Тој предлага модел за справување[br]со опасни криминалци, 0:05:11.309,0:05:14.098 заснован на аналогијата на карантинот. 0:05:14.099,0:05:18.025 Луѓето кои боледуваат од заразни болести,[br]се заразиле не по нивна вина, 0:05:18.026,0:05:20.883 тие не се морално одговорни [br]за нивната болест. 0:05:20.884,0:05:23.073 Не заслужуваат да бидат казнети. 0:05:23.074,0:05:24.487 Но, оправдано е 0:05:24.488,0:05:27.347 да се стават во карантин заради [br]безбедноста на општеството. 0:05:27.348,0:05:29.983 Можеме да го кажеме истото [br]за опасните криминалци. 0:05:29.984,0:05:32.936 Односно, дури и да го прифатите[br]моето гледиште, 0:05:32.937,0:05:35.717 и верувате дека поединците [br]не се одговорни 0:05:35.717,0:05:37.486 за она што сè, и во таква ситуација 0:05:37.486,0:05:41.563 можеме да го оправдаме нивното затворање[br]заради безбедноста на општеството. 0:05:41.563,0:05:44.181 Ако тргнеме по тој пат, потребни се [br]низа на реформи 0:05:44.181,0:05:47.660 кои сметам дека се важни и добри. 0:05:47.661,0:05:49.443 Прво, ќе бидеме одговорни 0:05:49.444,0:05:52.013 за благосостојбата и рехабилитацијата [br]на криминалците, 0:05:52.014,0:05:53.654 исто како што имаме обврска 0:05:53.655,0:05:56.244 да ги лекуваме болните во карантин. 0:05:56.245,0:05:59.171 Второ, 0:06:02.731,0:06:05.930 нема да можеме сурово да се однесуваме[br]кон затворениците, 0:06:05.931,0:06:10.262 исто како што не смееме сурово да ги[br]третираме болните кои се во карантин. 0:06:10.263,0:06:13.318 Трето, ни требаат помалку[br]строги казнени мерки, 0:06:13.319,0:06:16.160 ќе треба да ги одбереме оние[br]што се помалку строги, 0:06:16.161,0:06:19.265 а тоа подразбира преиспитување [br]на строгите казнени мерки, 0:06:19.265,0:06:22.614 и другите сурови облици на казнување во[br]затворите со висока безбеднсот. 0:06:22.615,0:06:23.675 На крај, 0:06:23.676,0:06:27.135 ако сте како мене, ќе сметате [br]дека срединските услови 0:06:27.136,0:06:29.375 го поттикнуваат криминалното однесување. 0:06:29.376,0:06:32.545 Па оттука, според нас, парите[br]и ресурсите треба да се користат 0:06:32.546,0:06:35.226 за решавање на системските[br]фактори кои водат до криминал: 0:06:35.226,0:06:37.607 економската нееднаквост,[br]образовната нееднаквост. 0:06:37.607,0:06:39.718 Наместо да ги обвинуваме и [br]казнуваме луѓето, 0:06:39.718,0:06:43.488 наша главна цел треба да биде[br]превенција на криминалот. 0:06:43.489,0:06:44.843 (Аплауз) 0:06:44.844,0:06:46.004 Благодарам. 0:06:46.005,0:06:50.534 Скептиците за слободна волја не само [br]што можат да се справат со криминалот, 0:06:50.535,0:06:53.396 туку тоа можат да го направат[br]на похуман и поефикасен начин. 0:06:53.397,0:06:55.974 Да се вратам на другото [br]верување што го споменав. 0:06:55.975,0:06:58.911 Студијава покажа дека [br]верувањето во слободната волја 0:06:58.912,0:07:01.469 е поврзано со верувањето[br]во праведен свет. 0:07:01.470,0:07:02.597 Што е тоа? 0:07:02.598,0:07:05.340 Во основа, тоа е верување дека[br]светот е праведен, 0:07:05.341,0:07:08.935 добри работи им се случуваат[br]на добри луѓе, а лоши работи на лоши луѓе. 0:07:08.936,0:07:12.383 Но, тоа е и пристап на[br]обвинување на жртвата 0:07:12.384,0:07:15.451 зашто претпоставува дека поединците [br]го добиле заслуженото, 0:07:15.452,0:07:19.206 и дека оние на кои им се случила несреќа[br]сами допринеле за неа. 0:07:19.207,0:07:23.637 Во 60-те психолозите направиле скала за[br]мерење на верувањето во праведен свет. 0:07:23.638,0:07:26.907 Таа ја покажува приврзаноста[br]кон ова верување, 0:07:26.908,0:07:30.749 и беше дизајнирана да ја отслика [br]природната наклонетост на луѓето 0:07:30.750,0:07:33.839 да ги обвинуваат другите за[br]нивната несреќа. 0:07:33.840,0:07:38.613 Долгогодишните проучувања покажаа дека[br]колку посилно верувате во ова верување 0:07:38.614,0:07:41.903 толку е поголема веројатноста да[br]омаловажувате невини жртви, 0:07:41.904,0:07:44.767 да верувате во институциите[br]и авторитетите, 0:07:44.768,0:07:48.177 да ги обвинувате сиромашните[br]и да ги фалите богатите. 0:07:48.178,0:07:51.197 Како што реков, тука првенствено[br]се обвинува жртвата; 0:07:51.198,0:07:53.955 можете да го видите тоа во [br]нашето општество. 0:07:53.956,0:07:55.271 Една од најпогубните 0:07:55.272,0:07:58.351 е склоноста, и на обичните луѓе[br]и на правниот систем, 0:07:58.352,0:08:00.781 да ги обвинуваат жртвите на силувања. 0:08:00.782,0:08:01.942 Светот е праведен, 0:08:01.943,0:08:05.622 и добри работи им се случуваат на добрите[br]луѓе, а лоши работи на лошите луѓе. 0:08:05.623,0:08:08.391 Силувањето како чин е во контрадикција[br]со ваквото верување. 0:08:08.392,0:08:10.773 За да го зачуваме ваквото верување, 0:08:10.773,0:08:13.565 ние невината жртва ја претвораме[br]во виновник. 0:08:13.566,0:08:15.305 Велиме се облекла провокативно, 0:08:15.306,0:08:17.974 шетале на места каде не би смееле да одат. 0:08:17.975,0:08:20.556 Примери каде жртвата се обвинува[br]имаме 0:08:20.557,0:08:22.206 насекаде во општеството. 0:08:22.207,0:08:25.240 На пример, обвинување на сиромашните[br]за нивната состојба. 0:08:25.240,0:08:28.567 Тврдење дека социјалните случаи [br]се мрзливи или знаат само да просат. 0:08:28.567,0:08:31.347 Обвинување на деца и родители за[br]образовната нееднаквост. 0:08:31.348,0:08:34.765 Но, сите знаеме барем во[br]рационалните мигови 0:08:34.765,0:08:36.385 дека светот не е праведен, 0:08:36.385,0:08:39.107 и дека лотаријата на животот[br]не е секогаш праведна. 0:08:39.109,0:08:42.328 Мораме да прифатиме дека среќата[br]игра голема улога во нашите животи, 0:08:42.328,0:08:44.479 кои сме, и какви стануваме, нели? 0:08:44.480,0:08:47.063 Сите ние не стартуваме од иста[br]позиција. 0:08:47.064,0:08:49.434 Како што реков на почетокот. Оптимист сум. 0:08:49.435,0:08:52.587 Оптимист дека, ако застапуваме[br]скептична перспектива 0:08:52.588,0:08:54.157 ќе можеме да се ослободиме, 0:08:54.158,0:08:56.589 од овие штетни верувања и стремежи. 0:08:56.590,0:08:58.889 Всушност, има една нова студија објавена 0:08:58.890,0:09:00.835 во Списанието за Психолошка Наука 0:09:00.836,0:09:04.035 која открива дека преку намалување[br]на верувањето во слободната волја 0:09:04.035,0:09:05.742 се намалува склоноста за казнување, 0:09:05.742,0:09:09.269 луѓето почнуваат да [br]се залагаат за поблаги казни. 0:09:09.270,0:09:12.622 Ова покажува две работи: го потврдува[br]она што претходно го реков, 0:09:12.623,0:09:16.150 онаму каде вербата во слободна волја[br]е силна, казните се поголеми. 0:09:16.151,0:09:17.839 Но, исто така, ми дава надеж дека 0:09:17.840,0:09:21.598 можеме да се ослободиме не[br]само од штетните верувања, 0:09:21.599,0:09:25.029 туку и од моралниот[br]бес за кој зборував. 0:09:25.030,0:09:27.052 Мојот предлог е прилично едноставен. 0:09:27.053,0:09:30.469 Да не се плашиме од скептицизмот[br]за слободната волја. Да го прифатиме. 0:09:30.470,0:09:33.333 Да се откажеме од вербата[br]во слободна волја, а со тоа и 0:09:33.333,0:09:36.769 од погубното верување дека[br]го добиваме заслуженото. 0:09:36.770,0:09:38.778 Да го оставиме ова верување зад нас, 0:09:38.779,0:09:41.638 да го намалиме моралниот бес [br]и да не ги обвинуваме жртвите. 0:09:41.638,0:09:43.953 Наместо тоа, да се свртиме [br]кон тешката задача и 0:09:43.953,0:09:46.153 да се занимаваме со причините кои водат 0:09:46.153,0:09:49.521 до криминал, класна и [br]образовна нееднаквост. 0:09:49.522,0:09:52.525 Ако се ослободиме од вербата[br]во слободната волја 0:09:52.526,0:09:55.635 ќе можеме појасно да ги согледаме[br]причините и системот 0:09:55.636,0:09:58.049 кои влијаат врз поединците и[br]нивното однесување, 0:09:58.049,0:10:01.149 а ова ќе ни овозможи да примениме похумана[br]и поефикасна политика 0:10:01.150,0:10:03.609 во образованието, казнениот закон[br]и социјалата. 0:10:03.610,0:10:04.920 Ви благодарам! 0:10:04.921,0:10:06.210 (Аплауз)