< Return to Video

The Gulf Stream & Climate Change

  • 0:09 - 0:13
    Термохалинска циркулација и Голфска струја
  • 0:13 - 0:17
    Океанските струи имаат директно влијание врз нашите животи.
  • 0:17 - 0:22
    Тие влијаат на времето, климатските услови и многу повеќе.
  • 0:22 - 0:26
    Океанските струи и ветерот пренесуваат топлина од екваторот накај половите
  • 0:27 - 0:30
    и дејствуваат како голем мотор за глобалната клима.
  • 0:30 - 0:34
    Во океаните има многу струи.
  • 0:34 - 0:38
    Термохалинската циркулација е многу важна за нашата клима.
  • 0:38 - 0:41
    Овој термин опишува комбинација на струи
  • 0:41 - 0:46
    кои предизвикуваат размена на вода помеѓу четири од петте океани.
  • 0:46 - 0:50
    Тие формираат систем на струи распространет низ целиот свет.
  • 0:50 - 0:53
    Во поимот термохалинска циркулација
  • 0:53 - 0:56
    “термо“ се однесува на температурата,
  • 0:56 - 0:58
    а “халинска“ на концентрацијата на сол во водата.
  • 0:59 - 1:02
    Двете заедно ја одредуваат густината на водата.
  • 1:03 - 1:06
    Иако водата може делумно да се движи поради ветерот,
  • 1:06 - 1:11
    разликата во густината на океаните е главната причина за нејзиното движење.
  • 1:11 - 1:17
    Топлата вода има пониска густина и плови, а ладната вода тоне.
  • 1:17 - 1:20
    Густината на водата се зголемува и со концентрацијата на сол.
  • 1:21 - 1:24
    На екваторот Сонцето грее многу силно,
  • 1:24 - 1:28
    што предизвикува многу испарување и зголемување на соленоста на водата.
  • 1:29 - 1:32
    Токму таму почнува Голфската струја.
  • 1:32 - 1:36
    Голфската струја е многу важна за европскaта клима.
  • 1:37 - 1:42
    Со должина од 10.000 km, таа е една од најдолгите и најбрзи струи на Земјата,
  • 1:42 - 1:44
    и е многу топла.
  • 1:45 - 1:51
    Со брзина од околу 2 m/s, таа носи и до 100.000.000 m³ вода во секунда накај Европа.
  • 1:51 - 1:56
    Југоисточниот пасат, кој е постојан ветер,
  • 1:56 - 1:59
    ја носи топлата вода од површината накај северозапад,
  • 1:59 - 2:03
    сè до Мексиканскиот Залив каде таа се загрева до 30 °C.
  • 2:05 - 2:07
    Ротацијата на земјата и западните ветрови потоа ја насочуваат
  • 2:07 - 2:10
    Голфската струја накај Европа и ја делат.
  • 2:11 - 2:15
    Еден дел плови на југ, друг на исток и се вика Канарска струја,
  • 2:15 - 2:19
    а трет дел плови накај север каде ослободува многу топлина во атмосферата
  • 2:19 - 2:22
    и е познат како Североатлантска струја.
  • 2:23 - 2:25
    Таму водата станува поладна.
  • 2:25 - 2:28
    Поради испарувањето се зголемува концентрацијата на сол и густината на водата,
  • 2:28 - 2:32
    и водата почнува да тоне помеѓу Гренланд, Норвешка и Исланд.
  • 2:33 - 2:38
    Таму се наоѓаат најголемите водопади на Земјата, или водни оџаци:
  • 2:38 - 2:45
    тоа се столбови вода широки околу 15 km и високи до 4.000 m.
  • 2:45 - 2:50
    секоја секунда паѓаат 17,000,000 m³ вода, или отприлика 15 пати повеќе вода
  • 2:50 - 2:52
    отколку што носат сите реки на светот.
  • 2:53 - 2:57
    Ова предизвикува силен вител, кој постојано привлекува нова вода
  • 2:57 - 3:00
    и така ја тера Голфската струја накај Европа.
  • 3:01 - 3:07
    Многу животни ја користат Голфската струја за превоз од Караибите на Север.
  • 3:07 - 3:09
    Но таа не носи само животни,
  • 3:09 - 3:12
    туку и огромни количини на топол воздух.
  • 3:12 - 3:15
    За да се произведе иста количина топлина како таа што Голфската струја ја носи во Европа
  • 3:15 - 3:18
    би ни требале 1.000.000 нуклеарни централи.
  • 3:19 - 3:22
    Затоа Голфската струја се вика топлотна пумпа.
  • 3:22 - 3:25
    Без неа, температурата овде би била значајно пониска,
  • 3:25 - 3:27
    барем пет до десет степени.
  • 3:27 - 3:31
    Наместо бујни полиња, во Европа би имале долги зими и пејзажи покриени со снег.
  • 3:32 - 3:36
    Во последните години, научниците и експертите често
  • 3:36 - 3:41
    зборуваат за ризикот од престанување на Голфската струја поради климатските промени.
  • 3:42 - 3:45
    Ако поларниот мраз се стопи, концентрацијата на сол во водата
  • 3:45 - 3:48
    во Гренланд ќе се намали, а со тоа ќе ѝ се намали и густината.
  • 3:49 - 3:52
    Североатлантската струја нема веќе да биде доволно тешка
  • 3:52 - 3:54
    и нема да тоне како сега.
  • 3:56 - 4:01
    Во најлош случај, тоа ќе предизвика Голфската струја, нашата топлотна пумпа, да застане.
  • 4:01 - 4:05
    Некои климатски експерти мислат дека глобалното затоплување би можело
  • 4:05 - 4:06
    да го компензира овој ефект.
  • 4:07 - 4:11
    Знаеме дека климата природно се менува
  • 4:11 - 4:14
    што се гледа во развојот на земјата во изминатите неколку милиони години.
  • 4:15 - 4:18
    Имало ладни и топли доби.
  • 4:18 - 4:22
    Во последната ледена доба, огромна поплава од стопен мраз ја блокирала
  • 4:22 - 4:26
    топлата Северностланска струја, покривајќи ја северната хемисфера со мраз.
  • 4:28 - 4:32
    Научниците имаат различни видувања за влијанието кое климатските промени ќе го имаат
  • 4:32 - 4:36
    врз термохалинската циркулација, но едно е сигурно:
  • 4:36 - 4:40
    кога климата ќе се смени, комплексниот систем на океански струи и ветрови,
  • 4:40 - 4:43
    кој бил стабилен од последната ледена доба,
  • 4:43 - 4:47
    ќе се смени на начини кои сè уште не ги разбираме.
Title:
The Gulf Stream & Climate Change
Description:

more » « less
Video Language:
English
Duration:
05:05

Macedonian subtitles

Revisions