[Script Info] Title: [Events] Format: Layer, Start, End, Style, Name, MarginL, MarginR, MarginV, Effect, Text Dialogue: 0,0:00:09.39,0:00:13.43,Default,,0000,0000,0000,,Термохалинска циркулација и Голфска струја Dialogue: 0,0:00:13.43,0:00:16.92,Default,,0000,0000,0000,,Океанските струи имаат директно влијание врз нашите животи. Dialogue: 0,0:00:16.92,0:00:21.86,Default,,0000,0000,0000,,Тие влијаат на времето, климатските услови и многу повеќе. Dialogue: 0,0:00:21.86,0:00:26.32,Default,,0000,0000,0000,,Океанските струи и ветерот пренесуваат топлина од екваторот накај половите Dialogue: 0,0:00:26.52,0:00:30.38,Default,,0000,0000,0000,,и дејствуваат како голем мотор за глобалната клима. Dialogue: 0,0:00:30.38,0:00:33.52,Default,,0000,0000,0000,,Во океаните има многу струи. Dialogue: 0,0:00:33.52,0:00:37.94,Default,,0000,0000,0000,,Термохалинската циркулација е многу важна за нашата клима. Dialogue: 0,0:00:37.94,0:00:40.95,Default,,0000,0000,0000,,Овој термин опишува комбинација на струи Dialogue: 0,0:00:40.95,0:00:45.73,Default,,0000,0000,0000,,кои предизвикуваат размена на вода помеѓу четири од петте океани. Dialogue: 0,0:00:45.73,0:00:49.76,Default,,0000,0000,0000,,Тие формираат систем на струи распространет низ целиот свет. Dialogue: 0,0:00:49.76,0:00:53.09,Default,,0000,0000,0000,,Во поимот термохалинска циркулација Dialogue: 0,0:00:53.09,0:00:55.68,Default,,0000,0000,0000,,“термо“ се однесува на температурата, Dialogue: 0,0:00:55.68,0:00:57.74,Default,,0000,0000,0000,,а “халинска“ на концентрацијата на сол во водата. Dialogue: 0,0:00:59.22,0:01:02.28,Default,,0000,0000,0000,,Двете заедно ја одредуваат густината на водата. Dialogue: 0,0:01:02.62,0:01:05.54,Default,,0000,0000,0000,,Иако водата може делумно да се движи поради ветерот, Dialogue: 0,0:01:05.54,0:01:10.54,Default,,0000,0000,0000,,разликата во густината на океаните е главната причина за нејзиното движење. Dialogue: 0,0:01:11.34,0:01:16.60,Default,,0000,0000,0000,,Топлата вода има пониска густина и плови, а ладната вода тоне. Dialogue: 0,0:01:16.91,0:01:20.30,Default,,0000,0000,0000,,Густината на водата се зголемува и со концентрацијата на сол. Dialogue: 0,0:01:20.70,0:01:23.93,Default,,0000,0000,0000,,На екваторот Сонцето грее многу силно, Dialogue: 0,0:01:23.94,0:01:27.66,Default,,0000,0000,0000,,што предизвикува многу испарување и зголемување на соленоста на водата. Dialogue: 0,0:01:29.18,0:01:31.96,Default,,0000,0000,0000,,Токму таму почнува Голфската струја. Dialogue: 0,0:01:32.46,0:01:36.08,Default,,0000,0000,0000,,Голфската струја е многу важна за европскaта клима. Dialogue: 0,0:01:37.18,0:01:42.42,Default,,0000,0000,0000,,Со должина од 10.000 km, таа е една од најдолгите и најбрзи струи на Земјата, Dialogue: 0,0:01:42.42,0:01:44.41,Default,,0000,0000,0000,,и е многу топла. Dialogue: 0,0:01:44.88,0:01:51.20,Default,,0000,0000,0000,,Со брзина од околу 2 m/s, таа носи и до 100.000.000 m³ вода во секунда накај Европа. Dialogue: 0,0:01:51.38,0:01:56.02,Default,,0000,0000,0000,,Југоисточниот пасат, кој е постојан ветер, Dialogue: 0,0:01:56.06,0:01:59.24,Default,,0000,0000,0000,,ја носи топлата вода од површината накај северозапад, Dialogue: 0,0:01:59.24,0:02:02.90,Default,,0000,0000,0000,,сè до Мексиканскиот Залив каде таа се загрева до 30 °C. Dialogue: 0,0:02:04.62,0:02:07.28,Default,,0000,0000,0000,,Ротацијата на земјата и западните ветрови потоа ја насочуваат Dialogue: 0,0:02:07.28,0:02:09.94,Default,,0000,0000,0000,,Голфската струја накај Европа и ја делат. Dialogue: 0,0:02:10.76,0:02:15.00,Default,,0000,0000,0000,,Еден дел плови на југ, друг на исток и се вика Канарска струја, Dialogue: 0,0:02:15.00,0:02:19.07,Default,,0000,0000,0000,,а трет дел плови накај север каде ослободува многу топлина во атмосферата Dialogue: 0,0:02:19.08,0:02:21.50,Default,,0000,0000,0000,,и е познат како Североатлантска струја. Dialogue: 0,0:02:22.68,0:02:25.19,Default,,0000,0000,0000,,Таму водата станува поладна. Dialogue: 0,0:02:25.19,0:02:28.47,Default,,0000,0000,0000,,Поради испарувањето се зголемува концентрацијата на сол и густината на водата, Dialogue: 0,0:02:28.48,0:02:32.38,Default,,0000,0000,0000,,и водата почнува да тоне помеѓу Гренланд, Норвешка и Исланд. Dialogue: 0,0:02:33.30,0:02:38.00,Default,,0000,0000,0000,,Таму се наоѓаат најголемите водопади на Земјата, или водни оџаци: Dialogue: 0,0:02:38.00,0:02:44.70,Default,,0000,0000,0000,,тоа се столбови вода широки околу 15 km и високи до 4.000 m. Dialogue: 0,0:02:44.70,0:02:50.22,Default,,0000,0000,0000,,секоја секунда паѓаат 17,000,000 m³ вода, или отприлика 15 пати повеќе вода Dialogue: 0,0:02:50.22,0:02:52.50,Default,,0000,0000,0000,,отколку што носат сите реки на светот. Dialogue: 0,0:02:53.28,0:02:57.25,Default,,0000,0000,0000,,Ова предизвикува силен вител, кој постојано привлекува нова вода Dialogue: 0,0:02:57.25,0:03:00.11,Default,,0000,0000,0000,,и така ја тера Голфската струја накај Европа. Dialogue: 0,0:03:01.21,0:03:07.00,Default,,0000,0000,0000,,Многу животни ја користат Голфската струја за превоз од Караибите на Север. Dialogue: 0,0:03:07.44,0:03:09.07,Default,,0000,0000,0000,,Но таа не носи само животни, Dialogue: 0,0:03:09.07,0:03:12.04,Default,,0000,0000,0000,,туку и огромни количини на топол воздух. Dialogue: 0,0:03:12.43,0:03:15.48,Default,,0000,0000,0000,,За да се произведе иста количина топлина како таа што Голфската струја ја носи во Европа Dialogue: 0,0:03:15.48,0:03:18.12,Default,,0000,0000,0000,,би ни требале 1.000.000 нуклеарни централи. Dialogue: 0,0:03:19.04,0:03:21.70,Default,,0000,0000,0000,,Затоа Голфската струја се вика топлотна пумпа. Dialogue: 0,0:03:21.86,0:03:24.52,Default,,0000,0000,0000,,Без неа, температурата овде би била значајно пониска, Dialogue: 0,0:03:24.52,0:03:27.28,Default,,0000,0000,0000,,барем пет до десет степени. Dialogue: 0,0:03:27.28,0:03:31.48,Default,,0000,0000,0000,,Наместо бујни полиња, во Европа би имале долги зими и пејзажи покриени со снег. Dialogue: 0,0:03:32.32,0:03:36.34,Default,,0000,0000,0000,,Во последните години, научниците и експертите често Dialogue: 0,0:03:36.34,0:03:41.16,Default,,0000,0000,0000,,зборуваат за ризикот од престанување на Голфската струја поради климатските промени. Dialogue: 0,0:03:41.94,0:03:45.42,Default,,0000,0000,0000,,Ако поларниот мраз се стопи, концентрацијата на сол во водата Dialogue: 0,0:03:45.42,0:03:48.14,Default,,0000,0000,0000,,во Гренланд ќе се намали, а со тоа ќе ѝ се намали и густината. Dialogue: 0,0:03:49.08,0:03:51.70,Default,,0000,0000,0000,,Североатлантската струја нема веќе да биде доволно тешка Dialogue: 0,0:03:51.70,0:03:54.06,Default,,0000,0000,0000,,и нема да тоне како сега. Dialogue: 0,0:03:55.66,0:04:00.64,Default,,0000,0000,0000,,Во најлош случај, тоа ќе предизвика Голфската струја, нашата топлотна пумпа, да застане. Dialogue: 0,0:04:01.40,0:04:04.94,Default,,0000,0000,0000,,Некои климатски експерти мислат дека глобалното затоплување би можело Dialogue: 0,0:04:04.95,0:04:06.43,Default,,0000,0000,0000,,да го компензира овој ефект. Dialogue: 0,0:04:07.37,0:04:10.69,Default,,0000,0000,0000,,Знаеме дека климата природно се менува Dialogue: 0,0:04:10.70,0:04:13.96,Default,,0000,0000,0000,,што се гледа во развојот на земјата во изминатите неколку милиони години. Dialogue: 0,0:04:14.72,0:04:17.50,Default,,0000,0000,0000,,Имало ладни и топли доби. Dialogue: 0,0:04:17.51,0:04:22.06,Default,,0000,0000,0000,,Во последната ледена доба, огромна поплава од стопен мраз ја блокирала Dialogue: 0,0:04:22.06,0:04:26.27,Default,,0000,0000,0000,,топлата Северностланска струја, покривајќи ја северната хемисфера со мраз. Dialogue: 0,0:04:28.34,0:04:32.43,Default,,0000,0000,0000,,Научниците имаат различни видувања за влијанието кое климатските промени ќе го имаат Dialogue: 0,0:04:32.43,0:04:36.47,Default,,0000,0000,0000,,врз термохалинската циркулација, но едно е сигурно: Dialogue: 0,0:04:36.47,0:04:40.20,Default,,0000,0000,0000,,кога климата ќе се смени, комплексниот систем на океански струи и ветрови, Dialogue: 0,0:04:40.20,0:04:43.38,Default,,0000,0000,0000,,кој бил стабилен од последната ледена доба, Dialogue: 0,0:04:43.38,0:04:46.64,Default,,0000,0000,0000,,ќе се смени на начини кои сè уште не ги разбираме.