0:00:09.388,0:00:13.432 Термохалинска циркулација и Голфска струја 0:00:13.432,0:00:16.921 Океанските струи имаат директно влијание врз нашите животи. 0:00:16.921,0:00:21.863 Тие влијаат на времето, климатските услови и многу повеќе. 0:00:21.863,0:00:26.320 Океанските струи и ветерот пренесуваат топлина од екваторот накај половите 0:00:26.520,0:00:30.385 и дејствуваат како голем мотор за глобалната клима. 0:00:30.385,0:00:33.522 Во океаните има многу струи. 0:00:33.522,0:00:37.942 Термохалинската циркулација е многу важна за нашата клима. 0:00:37.942,0:00:40.947 Овој термин опишува комбинација на струи 0:00:40.947,0:00:45.726 кои предизвикуваат размена на вода помеѓу четири од петте океани. 0:00:45.726,0:00:49.762 Тие формираат систем на струи распространет низ целиот свет. 0:00:49.762,0:00:53.087 Во поимот термохалинска циркулација 0:00:53.087,0:00:55.679 “термо“ се однесува на температурата, 0:00:55.680,0:00:57.740 а “халинска“ на концентрацијата на сол во водата. 0:00:59.220,0:01:02.280 Двете заедно ја одредуваат густината на водата. 0:01:02.620,0:01:05.538 Иако водата може делумно да се движи поради ветерот, 0:01:05.540,0:01:10.540 разликата во густината на океаните е главната причина за нејзиното движење. 0:01:11.340,0:01:16.600 Топлата вода има пониска густина и плови, а ладната вода тоне. 0:01:16.907,0:01:20.303 Густината на водата се зголемува и со концентрацијата на сол. 0:01:20.702,0:01:23.933 На екваторот Сонцето грее многу силно, 0:01:23.940,0:01:27.660 што предизвикува многу испарување и зголемување на соленоста на водата. 0:01:29.180,0:01:31.960 Токму таму почнува Голфската струја. 0:01:32.460,0:01:36.080 Голфската струја е многу важна за европскaта клима. 0:01:37.180,0:01:42.419 Со должина од 10.000 km, таа е една од најдолгите и најбрзи струи на Земјата, 0:01:42.419,0:01:44.407 и е многу топла. 0:01:44.880,0:01:51.200 Со брзина од околу 2 m/s, таа носи и до 100.000.000 m³ вода во секунда накај Европа. 0:01:51.380,0:01:56.020 Југоисточниот пасат, кој е постојан ветер, 0:01:56.060,0:01:59.240 ја носи топлата вода од површината накај северозапад, 0:01:59.240,0:02:02.900 сè до Мексиканскиот Залив каде таа се загрева до 30 °C. 0:02:04.620,0:02:07.280 Ротацијата на земјата и западните ветрови потоа ја насочуваат 0:02:07.280,0:02:09.940 Голфската струја накај Европа и ја делат. 0:02:10.760,0:02:15.000 Еден дел плови на југ, друг на исток и се вика Канарска струја, 0:02:15.000,0:02:19.073 а трет дел плови накај север каде ослободува многу топлина во атмосферата 0:02:19.080,0:02:21.500 и е познат како Североатлантска струја. 0:02:22.680,0:02:25.191 Таму водата станува поладна. 0:02:25.191,0:02:28.473 Поради испарувањето се зголемува концентрацијата на сол и густината на водата, 0:02:28.480,0:02:32.380 и водата почнува да тоне помеѓу Гренланд, Норвешка и Исланд. 0:02:33.300,0:02:38.000 Таму се наоѓаат најголемите водопади на Земјата, или водни оџаци: 0:02:38.000,0:02:44.696 тоа се столбови вода широки околу 15 km и високи до 4.000 m. 0:02:44.696,0:02:50.215 секоја секунда паѓаат 17,000,000 m³ вода, или отприлика 15 пати повеќе вода 0:02:50.220,0:02:52.500 отколку што носат сите реки на светот. 0:02:53.280,0:02:57.254 Ова предизвикува силен вител, кој постојано привлекува нова вода 0:02:57.254,0:03:00.113 и така ја тера Голфската струја накај Европа. 0:03:01.208,0:03:07.000 Многу животни ја користат Голфската струја за превоз од Караибите на Север. 0:03:07.443,0:03:09.074 Но таа не носи само животни, 0:03:09.074,0:03:12.042 туку и огромни количини на топол воздух. 0:03:12.433,0:03:15.482 За да се произведе иста количина топлина како таа што Голфската струја ја носи во Европа 0:03:15.482,0:03:18.116 би ни требале 1.000.000 нуклеарни централи. 0:03:19.040,0:03:21.700 Затоа Голфската струја се вика топлотна пумпа. 0:03:21.860,0:03:24.520 Без неа, температурата овде би била значајно пониска, 0:03:24.523,0:03:27.283 барем пет до десет степени. 0:03:27.283,0:03:31.480 Наместо бујни полиња, во Европа би имале долги зими и пејзажи покриени со снег. 0:03:32.320,0:03:36.340 Во последните години, научниците и експертите често 0:03:36.340,0:03:41.160 зборуваат за ризикот од престанување на Голфската струја поради климатските промени. 0:03:41.940,0:03:45.420 Ако поларниот мраз се стопи, концентрацијата на сол во водата 0:03:45.420,0:03:48.140 во Гренланд ќе се намали, а со тоа ќе ѝ се намали и густината. 0:03:49.080,0:03:51.700 Североатлантската струја нема веќе да биде доволно тешка 0:03:51.700,0:03:54.060 и нема да тоне како сега. 0:03:55.660,0:04:00.640 Во најлош случај, тоа ќе предизвика Голфската струја, нашата топлотна пумпа, да застане. 0:04:01.400,0:04:04.940 Некои климатски експерти мислат дека глобалното затоплување би можело 0:04:04.947,0:04:06.433 да го компензира овој ефект. 0:04:07.366,0:04:10.693 Знаеме дека климата природно се менува 0:04:10.700,0:04:13.960 што се гледа во развојот на земјата во изминатите неколку милиони години. 0:04:14.720,0:04:17.500 Имало ладни и топли доби. 0:04:17.506,0:04:22.061 Во последната ледена доба, огромна поплава од стопен мраз ја блокирала 0:04:22.061,0:04:26.274 топлата Северностланска струја, покривајќи ја северната хемисфера со мраз. 0:04:28.338,0:04:32.427 Научниците имаат различни видувања за влијанието кое климатските промени ќе го имаат 0:04:32.427,0:04:36.474 врз термохалинската циркулација, но едно е сигурно: 0:04:36.474,0:04:40.202 кога климата ќе се смени, комплексниот систем на океански струи и ветрови, 0:04:40.202,0:04:43.384 кој бил стабилен од последната ледена доба, 0:04:43.384,0:04:46.640 ќе се смени на начини кои сè уште не ги разбираме.