1 00:00:09,388 --> 00:00:13,432 Термохалинска циркулација и Голфска струја 2 00:00:13,432 --> 00:00:16,921 Океанските струи имаат директно влијание врз нашите животи. 3 00:00:16,921 --> 00:00:21,863 Тие влијаат на времето, климатските услови и многу повеќе. 4 00:00:21,863 --> 00:00:26,320 Океанските струи и ветерот пренесуваат топлина од екваторот накај половите 5 00:00:26,520 --> 00:00:30,385 и дејствуваат како голем мотор за глобалната клима. 6 00:00:30,385 --> 00:00:33,522 Во океаните има многу струи. 7 00:00:33,522 --> 00:00:37,942 Термохалинската циркулација е многу важна за нашата клима. 8 00:00:37,942 --> 00:00:40,947 Овој термин опишува комбинација на струи 9 00:00:40,947 --> 00:00:45,726 кои предизвикуваат размена на вода помеѓу четири од петте океани. 10 00:00:45,726 --> 00:00:49,762 Тие формираат систем на струи распространет низ целиот свет. 11 00:00:49,762 --> 00:00:53,087 Во поимот термохалинска циркулација 12 00:00:53,087 --> 00:00:55,679 “термо“ се однесува на температурата, 13 00:00:55,680 --> 00:00:57,740 а “халинска“ на концентрацијата на сол во водата. 14 00:00:59,220 --> 00:01:02,280 Двете заедно ја одредуваат густината на водата. 15 00:01:02,620 --> 00:01:05,538 Иако водата може делумно да се движи поради ветерот, 16 00:01:05,540 --> 00:01:10,540 разликата во густината на океаните е главната причина за нејзиното движење. 17 00:01:11,340 --> 00:01:16,600 Топлата вода има пониска густина и плови, а ладната вода тоне. 18 00:01:16,907 --> 00:01:20,303 Густината на водата се зголемува и со концентрацијата на сол. 19 00:01:20,702 --> 00:01:23,933 На екваторот Сонцето грее многу силно, 20 00:01:23,940 --> 00:01:27,660 што предизвикува многу испарување и зголемување на соленоста на водата. 21 00:01:29,180 --> 00:01:31,960 Токму таму почнува Голфската струја. 22 00:01:32,460 --> 00:01:36,080 Голфската струја е многу важна за европскaта клима. 23 00:01:37,180 --> 00:01:42,419 Со должина од 10.000 km, таа е една од најдолгите и најбрзи струи на Земјата, 24 00:01:42,419 --> 00:01:44,407 и е многу топла. 25 00:01:44,880 --> 00:01:51,200 Со брзина од околу 2 m/s, таа носи и до 100.000.000 m³ вода во секунда накај Европа. 26 00:01:51,380 --> 00:01:56,020 Југоисточниот пасат, кој е постојан ветер, 27 00:01:56,060 --> 00:01:59,240 ја носи топлата вода од површината накај северозапад, 28 00:01:59,240 --> 00:02:02,900 сè до Мексиканскиот Залив каде таа се загрева до 30 °C. 29 00:02:04,620 --> 00:02:07,280 Ротацијата на земјата и западните ветрови потоа ја насочуваат 30 00:02:07,280 --> 00:02:09,940 Голфската струја накај Европа и ја делат. 31 00:02:10,760 --> 00:02:15,000 Еден дел плови на југ, друг на исток и се вика Канарска струја, 32 00:02:15,000 --> 00:02:19,073 а трет дел плови накај север каде ослободува многу топлина во атмосферата 33 00:02:19,080 --> 00:02:21,500 и е познат како Североатлантска струја. 34 00:02:22,680 --> 00:02:25,191 Таму водата станува поладна. 35 00:02:25,191 --> 00:02:28,473 Поради испарувањето се зголемува концентрацијата на сол и густината на водата, 36 00:02:28,480 --> 00:02:32,380 и водата почнува да тоне помеѓу Гренланд, Норвешка и Исланд. 37 00:02:33,300 --> 00:02:38,000 Таму се наоѓаат најголемите водопади на Земјата, или водни оџаци: 38 00:02:38,000 --> 00:02:44,696 тоа се столбови вода широки околу 15 km и високи до 4.000 m. 39 00:02:44,696 --> 00:02:50,215 секоја секунда паѓаат 17,000,000 m³ вода, или отприлика 15 пати повеќе вода 40 00:02:50,220 --> 00:02:52,500 отколку што носат сите реки на светот. 41 00:02:53,280 --> 00:02:57,254 Ова предизвикува силен вител, кој постојано привлекува нова вода 42 00:02:57,254 --> 00:03:00,113 и така ја тера Голфската струја накај Европа. 43 00:03:01,208 --> 00:03:07,000 Многу животни ја користат Голфската струја за превоз од Караибите на Север. 44 00:03:07,443 --> 00:03:09,074 Но таа не носи само животни, 45 00:03:09,074 --> 00:03:12,042 туку и огромни количини на топол воздух. 46 00:03:12,433 --> 00:03:15,482 За да се произведе иста количина топлина како таа што Голфската струја ја носи во Европа 47 00:03:15,482 --> 00:03:18,116 би ни требале 1.000.000 нуклеарни централи. 48 00:03:19,040 --> 00:03:21,700 Затоа Голфската струја се вика топлотна пумпа. 49 00:03:21,860 --> 00:03:24,520 Без неа, температурата овде би била значајно пониска, 50 00:03:24,523 --> 00:03:27,283 барем пет до десет степени. 51 00:03:27,283 --> 00:03:31,480 Наместо бујни полиња, во Европа би имале долги зими и пејзажи покриени со снег. 52 00:03:32,320 --> 00:03:36,340 Во последните години, научниците и експертите често 53 00:03:36,340 --> 00:03:41,160 зборуваат за ризикот од престанување на Голфската струја поради климатските промени. 54 00:03:41,940 --> 00:03:45,420 Ако поларниот мраз се стопи, концентрацијата на сол во водата 55 00:03:45,420 --> 00:03:48,140 во Гренланд ќе се намали, а со тоа ќе ѝ се намали и густината. 56 00:03:49,080 --> 00:03:51,700 Североатлантската струја нема веќе да биде доволно тешка 57 00:03:51,700 --> 00:03:54,060 и нема да тоне како сега. 58 00:03:55,660 --> 00:04:00,640 Во најлош случај, тоа ќе предизвика Голфската струја, нашата топлотна пумпа, да застане. 59 00:04:01,400 --> 00:04:04,940 Некои климатски експерти мислат дека глобалното затоплување би можело 60 00:04:04,947 --> 00:04:06,433 да го компензира овој ефект. 61 00:04:07,366 --> 00:04:10,693 Знаеме дека климата природно се менува 62 00:04:10,700 --> 00:04:13,960 што се гледа во развојот на земјата во изминатите неколку милиони години. 63 00:04:14,720 --> 00:04:17,500 Имало ладни и топли доби. 64 00:04:17,506 --> 00:04:22,061 Во последната ледена доба, огромна поплава од стопен мраз ја блокирала 65 00:04:22,061 --> 00:04:26,274 топлата Северностланска струја, покривајќи ја северната хемисфера со мраз. 66 00:04:28,338 --> 00:04:32,427 Научниците имаат различни видувања за влијанието кое климатските промени ќе го имаат 67 00:04:32,427 --> 00:04:36,474 врз термохалинската циркулација, но едно е сигурно: 68 00:04:36,474 --> 00:04:40,202 кога климата ќе се смени, комплексниот систем на океански струи и ветрови, 69 00:04:40,202 --> 00:04:43,384 кој бил стабилен од последната ледена доба, 70 00:04:43,384 --> 00:04:46,640 ќе се смени на начини кои сè уште не ги разбираме.