Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството
-
0:00 - 0:05Зборувам за сочувството од гледна точка на Исламот.
-
0:05 - 0:08Мојата верба, можеби, не е многу позната
-
0:08 - 0:12како верба базирана на сочувство.
-
0:12 - 0:14Но, вистината е поинаква.
-
0:14 - 0:20Нашата света книга, Куранот, се состои од 114 поглавја
-
0:20 - 0:24и секое поглавје почнува со т.н. бисмиллах,
-
0:24 - 0:30изреката „Во името на Бога, Милостивиот, Сомилосниот“.
-
0:30 - 0:32Или, како што Сер Ричард Бартон,
-
0:32 - 0:35не оној Ричард Бартон што ја ожени Елизабет Тејлор,
-
0:35 - 0:38туку Сер Ричард Бартон кој живеел еден век пред тоа
-
0:38 - 0:40и бил патник по светот
-
0:40 - 0:44и преведувач на многу литературни дела,
-
0:44 - 0:51ја преведува како „Во името на Бога, кој сочувствува, Милозливиот“.
-
0:51 - 0:58Во една изрека од Куранот, кој за Муслиманите го претставува Господовиот збор кон човештвото,
-
0:58 - 1:01Господ му вели на пророкот Мухамед,
-
1:01 - 1:04за кого веруваме дека е последиот од серијата пророци,
-
1:04 - 1:10почнувајќи од Адам, вклучувајќи го Ное, Мојсеј, Авраам,
-
1:10 - 1:14вклучувајќи го Исус Христос и завршувајќи со Мухамед,
-
1:14 - 1:17му вели „Те пративме тебе, Мухамед,
-
1:17 - 1:23како раама, како извор на сочувство за човештвото“.
-
1:23 - 1:27И за нас како човечки суштества, а особено за нас како Муслимани,
-
1:27 - 1:32чија мисија и цел во следењето на патот на пророкот
-
1:32 - 1:36е да станеме слични на него,
-
1:36 - 1:38пророкот во една од неговите изреки рекол:
-
1:38 - 1:43„Украсете се со особините на Господ“.
-
1:43 - 1:49А, бидејќи и самиот Господ рекол дека една од неговите главни особини е сочувството,
-
1:49 - 1:54всушност, Куранот вели дека „Господ си пропиша за Себеси сочувство“,
-
1:54 - 1:58или „завладеа со сочувство“.
-
1:58 - 2:05Затоа, нашата цел и мисија мора да се да бидеме извори на сочувство,
-
2:05 - 2:09активатори на сочувство, актери на сочувство,
-
2:09 - 2:13говорители на сочувство и сторители на сочувство.
-
2:13 - 2:16Сето тоа е поволно и добро,
-
2:16 - 2:19но каде грешиме
-
2:19 - 2:24и кој е изворот на недостаток на сочувство во светот?
-
2:24 - 2:29За да одговориме на ова, ќе се навратиме кон нашето одухотворување.
-
2:29 - 2:36Во секоја религиска традиција постои т.н. надворешна и внатрешна патека,
-
2:36 - 2:41или егзотерична и езотерична патека.
-
2:41 - 2:49Езотеричната патека на Исламот е попозната како суфизам, или тасавуф на арапски.
-
2:49 - 2:52И овие доктори или научници,
-
2:52 - 2:56овие духовни учители на суфистичката традиција,
-
2:56 - 3:00се потпираат на учењата и примерите на нашиот пророк
-
3:00 - 3:04кои нè учат за изворот на нашите проблеми.
-
3:04 - 3:08Во една од битките кои пророкот ги водел,
-
3:08 - 3:13им рекол на своите следбеници: „Се враќаме од помалата војна
-
3:13 - 3:17во поголемата војна, во поголемата битка“.
-
3:17 - 3:22А, тие му рекле: „Господов пратенику, изморени сме.
-
3:22 - 3:25Како да одиме во поголема битка?“
-
3:25 - 3:33Тој рекол „Тоа е битка со самиот себе, битка со егото“.
-
3:33 - 3:42Изворите на човековите проблеми се поврзани со егоизам. Јас.
-
3:42 - 3:48Познатиот суфистички учител Руми, кој ви е многу добро познат на сите вас,
-
3:48 - 3:54има приказна во која раскажува за човек кој оди во куќата на еден пријател,
-
3:54 - 3:57чука на вратата
-
3:57 - 4:00и еден глас му одговара: „Кој е тоа?“.
-
4:00 - 4:05„Тоа сум јас“, или граматички поточно, „Јас сум“,
-
4:05 - 4:07како што би кажале на македонски.
-
4:07 - 4:10Гласот вели: „Оди си“.
-
4:10 - 4:18По многу години вежбање, дисциплина, истражување и борба,
-
4:18 - 4:20тој повторно се враќа
-
4:20 - 4:24и, со многу поголема човечност, повторно чукнува на вратата.
-
4:24 - 4:27Гласот прашува: „Кој е тоа?“.
-
4:27 - 4:31Тој вели: „Тоа си ти, срцекршачу“.
-
4:31 - 4:35Вратата широко се отвора и гласот вели:
-
4:35 - 4:42„Влези, во оваа куќа нема место за две Јас,
-
4:42 - 4:46...за две ега“.
-
4:46 - 4:55И приказните на Руми се метафори за духовниот пат.
-
4:55 - 5:01Во присуство на Господ, нема место за повеќе од едно Јас,
-
5:01 - 5:06а тоа е Јас на божеството.
-
5:06 - 5:10Во едни учења од нашата традиција, наречени Хадиси Кудси,
-
5:10 - 5:16Господ вели „Мојот слуга“, или „моето суштество, моето човечко суштество,
-
5:16 - 5:22не ми приоѓа со ништо што би ми било подраго
-
5:22 - 5:25освен со она што го барам од него“.
-
5:25 - 5:29Оние од вас кои се работодавци знаат точно на што мислам.
-
5:29 - 5:33Вие сакате вашите работници да го работат она што ќе им го побарате.
-
5:33 - 5:35Ако го направат тоа, тогаш можат да направат и повеќе,
-
5:35 - 5:38но не игнорирајте го она што сте им кажале да го направат првиот пат.
-
5:38 - 5:44Па, Господ вели: „Мојот слуга продолжува да ми се доближува,
-
5:44 - 5:47правејќи повеќе од она што сум му го побарал“,
-
5:47 - 5:49тоа би можеле да го наречеме екстра кредит,
-
5:49 - 5:53„сè додека не го сакам него или неа“.
-
5:53 - 5:56„А, кога Јас го сакам мојот слуга“, вели Господ,
-
5:56 - 6:02„станувам очите со кои тој или таа гледа,
-
6:02 - 6:08ушите со кои тој или таа слуша,
-
6:08 - 6:13раката со која тој или таа зема,
-
6:13 - 6:17нозете со кои тој или таа чекори
-
6:17 - 6:22и срцето со кое тој или таа разбира“.
-
6:22 - 6:27Ова спојување на самите себеси со божеството
-
6:27 - 6:35е лекцијата и целта на нашиот духовен пат и сите наши религиозни традиции.
-
6:35 - 6:41Муслиманите го гледаат Исус како учител на суфизмот,
-
6:41 - 6:48најголемиот пророк и гласник кој дојде за да му даде значење на духовниот пат.
-
6:48 - 6:52Кога тој вели: „Јас сум духот и јас сум патот“,
-
6:52 - 6:57кога пророкот Мухамед вели: „Оној кој ме видел мене, го видел Господ“,
-
6:57 - 7:02тое е затоа што тие станале инструменти на Господ,
-
7:02 - 7:04станале дел од Господовиот здив,
-
7:04 - 7:08така што Господовата волја е прикажана преку нив,
-
7:08 - 7:12а не од делата поттикнати од нив самите или нивното его.
-
7:12 - 7:19Сочувството на Земјата ни е дадено, тоа е во нас.
-
7:19 - 7:24Сè што треба да направиме е да го тргнеме егото настрана,
-
7:24 - 7:27да го тргнеме егоизмот настрана.
-
7:27 - 7:35Сигурен сум дека, веројатно, сите вие тука, или барем мнозинство од вас,
-
7:35 - 7:39доживеале нешто што би можело да се нарече духовно искуство.
-
7:39 - 7:46Еден момент во вашите животи кога, за неколку секунди или минута можеби,
-
7:46 - 7:52границите на вашето его исчезнале.
-
7:52 - 7:59И во таа минута, сте почувствувале како да сте едно со Универзумот,
-
7:59 - 8:05едно со овој бокал вода, едно со секое човечко суштество,
-
8:05 - 8:09едно со создавателот.
-
8:09 - 8:14И сте го почувствувале присуството на моќта, на емоцијата,
-
8:14 - 8:18на најдлабоката љубов, најдлабоката емоција на сочувство и благодарност,
-
8:18 - 8:22која некогаш сте ја доживеале во животот.
-
8:22 - 8:28Тој момент ни е подарок од Господ.
-
8:28 - 8:32Подарок кога, за момент, тој ја крева границата
-
8:32 - 8:38која нè тера да инсистираме на „јас, јас, јас“,
-
8:38 - 8:42и наместо тоа, како личноста во приказната на Руми,
-
8:42 - 8:48велиме „Ох, сето ова си ти“.
-
8:48 - 8:50Сето ова си ти. И сето ова сме ние.
-
8:50 - 8:56И ние, и јас и сите сме дел од тебе.
-
8:56 - 9:02Сесоздавател, нашата цел, изворот на нашето битие
-
9:02 - 9:04и крајот на нашето патување.
-
9:04 - 9:09Ти си, исто така, и нашиот срцекршач.
-
9:09 - 9:15Ти си она кон што треба да целиме, за чија цел живееме,
-
9:15 - 9:19за чија цел ќе умреме
-
9:19 - 9:23и за чија цел повторно ќе воскреснеме,
-
9:23 - 9:30за да му докажеме на Господ до кој степен сме биле сочувствителни суштества.
-
9:30 - 9:34Нашата порака и цел денеска,
-
9:34 - 9:37за сите што сте тука денеска,
-
9:37 - 9:42и целта на овај говор за сочувството е да потсети.
-
9:42 - 9:50Куранот секогаш нè тера да запомниме, да се потсетиме,
-
9:50 - 9:58затоа што познавањето на вистината е во секој човек.
-
9:58 - 10:01Ние знаеме сè.
-
10:01 - 10:03Имаме пристап кон сè.
-
10:03 - 10:07Јунг тоа го нарекува потсвест.
-
10:07 - 10:11Преку нашата потсвест, во нашите соништа...
-
10:11 - 10:19Куранот таа состојба на сон ја нарекува помала смрт,
-
10:19 - 10:23привремена смрт.
-
10:23 - 10:28Додека спиеме, сонуваме, имаме визии,
-
10:28 - 10:34многумина од нас дури и патуваат надвор од своите тела,
-
10:34 - 10:37и гледаме прекрасни нешта.
-
10:37 - 10:42Патуваме надвор од границите на просторот, таков каков што го познаваме,
-
10:42 - 10:46и надвор од границите на времето.
-
10:46 - 10:56Но, сето ова е за да го прославиме името на создавателот,
-
10:56 - 11:02чие првично име е Оној кој сочувствува, Милозливиот.
-
11:02 - 11:09Господ, Бог, со кое било име наречето го. Алах, Рам, Ом.
-
11:09 - 11:12Кое и да е името со кое го именувате
-
11:12 - 11:16или пристапувате кон присуството на божеството,
-
11:16 - 11:22тоа е точката на апсолутното суштество,
-
11:22 - 11:26апсолутната љубов, милост и сочувство,
-
11:26 - 11:29и апсолутното знаење и мудрост,
-
11:29 - 11:32кое Хиндусите го нарекуваат сатчитананда.
-
11:32 - 11:35Јазикот се разликува,
-
11:35 - 11:39но целта е иста.
-
11:39 - 11:41Руми има и друга приказна
-
11:41 - 11:44за тројца луѓе: Турчин, Араб
-
11:44 - 11:48и заборавам која е третата личност, но да речеме дека е Македонец.
-
11:48 - 11:51Првиот бара ангур...
-
11:51 - 11:56другиот бара енеб, а третиот бара грозје.
-
11:56 - 11:59И така се расправаат и караат,
-
11:59 - 12:03„Сакам грозје, сакам енеб, сакам ангур“,
-
12:03 - 12:06без да знаат дека зборовите кои ги употребуваат
-
12:06 - 12:09го означува истото нешто само на различни јазици.
-
12:09 - 12:15По дефиниција, има само една апсолутна реалност,
-
12:15 - 12:18едно апсолутно суштество,
-
12:18 - 12:21затоа што апсолутното, по дефиниција, е единствено,
-
12:21 - 12:24апсолутно и единечно.
-
12:24 - 12:27Постои апсолутна концентрација на постоење,
-
12:27 - 12:30апсолутна концентрација на совест,
-
12:30 - 12:40свест, и апсолутна точка на сочувство и љубов,
-
12:40 - 12:44која ги дефинира примарните својства на божеството.
-
12:44 - 12:47А, тоа, исто така, треба да бидат
-
12:47 - 12:52и примарните својства на она што значи да се биде човек.
-
12:52 - 12:58Бидејќи, она што го дефинира човештвото, можеби биолошки,
-
12:58 - 13:01е нашата физиологија,
-
13:01 - 13:09но Господ го дефинира човештвото по нашата духовност, по нашата природа.
-
13:09 - 13:13А, Куранот вели, обраќајќи им се на ангелите:
-
13:13 - 13:17„Кога ќе го завршам создавањето на Адам од глина
-
13:17 - 13:21и ќе му вдахнам од мојот дух,
-
13:21 - 13:25тогаш покорете му се“.
-
13:25 - 13:33Ангелите се покорија, не пред човековото тело,
-
13:33 - 13:36туку пред човековата душа.
-
13:36 - 13:40Зошто? Бидејќи душата, човековата душа,
-
13:40 - 13:46содржи дел од божествениот здив,
-
13:46 - 13:49дел од божествената душа.
-
13:49 - 13:54Ова, исто така, е изразено и во Библијата,
-
13:54 - 14:00која учи дека сме создадени според Божјиот лик.
-
14:00 - 14:02Кој е ликот Божји?
-
14:02 - 14:06Божјиот лик е апсолутното постоење,
-
14:06 - 14:09апсолутната свест, знаење и мудрост,
-
14:09 - 14:12и апсолутното сочувство и љубов.
-
14:12 - 14:16И, затоа, за да бидеме човечни,
-
14:16 - 14:20во најшироката смисла на она што значи да се биде човек,
-
14:20 - 14:23во најрадосната смисла на она што значи да се биде човек,
-
14:23 - 14:29ние самите треба да бидеме сопствени чувари
-
14:29 - 14:33на здивот на божеството во нас,
-
14:33 - 14:38и да се трудиме да го усовршиме во себе својството да се биде суштество,
-
14:38 - 14:41живо суштество, што постои,
-
14:41 - 14:46својството на мудрост, совест и свест,
-
14:46 - 14:51и својството на суштество кое сака и сочувствува.
-
14:51 - 14:57Вака јас ја разбирам мојата религиозна традиција
-
14:57 - 15:04и вака ги разбирам другите религиозни традиции.
-
15:04 - 15:10Ова е заедничката платформа, на кој ние сите мора да застанеме.
-
15:10 - 15:13А, кога ќе застанеме на неа,
-
15:13 - 15:19убеден сум дека ќе можеме да создадеме прекрасен свет.
-
15:19 - 15:25Јас, лично, верувам дека сме многу близу,
-
15:25 - 15:29и дека со присуството и помошта на луѓе како вас,
-
15:29 - 15:35ќе можеме да го оствариме пророштвото на Исак,
-
15:35 - 15:39кој предвиде доба
-
15:39 - 15:46кога луѓето ќе ги претопат мечовите во плугови
-
15:46 - 15:52и повеќе нема да знаат што е тоа војна.
-
15:52 - 15:58Стигнавме до стадиум во човековата историја кога немаме избор.
-
15:58 - 16:07Мораме да го намалиме нашето его
-
16:07 - 16:12и да го контролираме, било тоа да е индивидуалното, лично его,
-
16:12 - 16:18или семејното его, националното его,
-
16:18 - 16:23и сето тоа да биде за слава на Едниот.
-
16:23 - 16:25Ви благодарам и Бог нека Ве благослови.
-
16:25 - 16:26(аплауз)
- Title:
- Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството
- Speaker:
- Feisal Abdul Rauf
- Description:
-
Имам Фаисал Абдул Рауф ги комбинира предавањата од Куранот, приказните на Руми и примерите од Мухамед и Исус, за да докаже дека постои само една пречка помеѓу секој од нас и апсолутното сочувство - самите ние.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:26