0:00:00.000,0:00:05.000 Зборувам за сочувството од гледна точка на Исламот. 0:00:05.000,0:00:08.000 Мојата верба, можеби, не е многу позната 0:00:08.000,0:00:12.000 како верба базирана на сочувство. 0:00:12.000,0:00:14.000 Но, вистината е поинаква. 0:00:14.000,0:00:20.000 Нашата света книга, Куранот, се состои од 114 поглавја 0:00:20.000,0:00:24.000 и секое поглавје почнува со т.н. бисмиллах, 0:00:24.000,0:00:30.000 изреката „Во името на Бога, Милостивиот, Сомилосниот“. 0:00:30.000,0:00:32.000 Или, како што Сер Ричард Бартон, 0:00:32.000,0:00:35.000 не оној Ричард Бартон што ја ожени Елизабет Тејлор, 0:00:35.000,0:00:38.000 туку Сер Ричард Бартон кој живеел еден век пред тоа 0:00:38.000,0:00:40.000 и бил патник по светот 0:00:40.000,0:00:44.000 и преведувач на многу литературни дела, 0:00:44.000,0:00:51.000 ја преведува како „Во името на Бога, кој сочувствува, Милозливиот“. 0:00:51.000,0:00:58.000 Во една изрека од Куранот, кој за Муслиманите го претставува Господовиот збор кон човештвото, 0:00:58.000,0:01:01.000 Господ му вели на пророкот Мухамед, 0:01:01.000,0:01:04.000 за кого веруваме дека е последиот од серијата пророци, 0:01:04.000,0:01:10.000 почнувајќи од Адам, вклучувајќи го Ное, Мојсеј, Авраам, 0:01:10.000,0:01:14.000 вклучувајќи го Исус Христос и завршувајќи со Мухамед, 0:01:14.000,0:01:17.000 му вели „Те пративме тебе, Мухамед, 0:01:17.000,0:01:23.000 како раама, како извор на сочувство за човештвото“. 0:01:23.000,0:01:27.000 И за нас како човечки суштества, а особено за нас како Муслимани, 0:01:27.000,0:01:32.000 чија мисија и цел во следењето на патот на пророкот 0:01:32.000,0:01:36.000 е да станеме слични на него, 0:01:36.000,0:01:38.000 пророкот во една од неговите изреки рекол: 0:01:38.000,0:01:43.000 „Украсете се со особините на Господ“. 0:01:43.000,0:01:49.000 А, бидејќи и самиот Господ рекол дека една од неговите главни особини е сочувството, 0:01:49.000,0:01:54.000 всушност, Куранот вели дека „Господ си пропиша за Себеси сочувство“, 0:01:54.000,0:01:58.000 или „завладеа со сочувство“. 0:01:58.000,0:02:05.000 Затоа, нашата цел и мисија мора да се да бидеме извори на сочувство, 0:02:05.000,0:02:09.000 активатори на сочувство, актери на сочувство, 0:02:09.000,0:02:13.000 говорители на сочувство и сторители на сочувство. 0:02:13.000,0:02:16.000 Сето тоа е поволно и добро, 0:02:16.000,0:02:19.000 но каде грешиме 0:02:19.000,0:02:24.000 и кој е изворот на недостаток на сочувство во светот? 0:02:24.000,0:02:29.000 За да одговориме на ова, ќе се навратиме кон нашето одухотворување. 0:02:29.000,0:02:36.000 Во секоја религиска традиција постои т.н. надворешна и внатрешна патека, 0:02:36.000,0:02:41.000 или егзотерична и езотерична патека. 0:02:41.000,0:02:49.000 Езотеричната патека на Исламот е попозната како суфизам, или тасавуф на арапски. 0:02:49.000,0:02:52.000 И овие доктори или научници, 0:02:52.000,0:02:56.000 овие духовни учители на суфистичката традиција, 0:02:56.000,0:03:00.000 се потпираат на учењата и примерите на нашиот пророк 0:03:00.000,0:03:04.000 кои нè учат за изворот на нашите проблеми. 0:03:04.000,0:03:08.000 Во една од битките кои пророкот ги водел, 0:03:08.000,0:03:13.000 им рекол на своите следбеници: „Се враќаме од помалата војна 0:03:13.000,0:03:17.000 во поголемата војна, во поголемата битка“. 0:03:17.000,0:03:22.000 А, тие му рекле: „Господов пратенику, изморени сме. 0:03:22.000,0:03:25.000 Како да одиме во поголема битка?“ 0:03:25.000,0:03:33.000 Тој рекол „Тоа е битка со самиот себе, битка со егото“. 0:03:33.000,0:03:42.000 Изворите на човековите проблеми се поврзани со егоизам. Јас. 0:03:42.000,0:03:48.000 Познатиот суфистички учител Руми, кој ви е многу добро познат на сите вас, 0:03:48.000,0:03:54.000 има приказна во која раскажува за човек кој оди во куќата на еден пријател, 0:03:54.000,0:03:57.000 чука на вратата 0:03:57.000,0:04:00.000 и еден глас му одговара: „Кој е тоа?“. 0:04:00.000,0:04:05.000 „Тоа сум јас“, или граматички поточно, „Јас сум“, 0:04:05.000,0:04:07.000 како што би кажале на македонски. 0:04:07.000,0:04:10.000 Гласот вели: „Оди си“. 0:04:10.000,0:04:18.000 По многу години вежбање, дисциплина, истражување и борба, 0:04:18.000,0:04:20.000 тој повторно се враќа 0:04:20.000,0:04:24.000 и, со многу поголема човечност, повторно чукнува на вратата. 0:04:24.000,0:04:27.000 Гласот прашува: „Кој е тоа?“. 0:04:27.000,0:04:31.000 Тој вели: „Тоа си ти, срцекршачу“. 0:04:31.000,0:04:35.000 Вратата широко се отвора и гласот вели: 0:04:35.000,0:04:42.000 „Влези, во оваа куќа нема место за две Јас, 0:04:42.000,0:04:46.000 ...за две ега“. 0:04:46.000,0:04:55.000 И приказните на Руми се метафори за духовниот пат. 0:04:55.000,0:05:01.000 Во присуство на Господ, нема место за повеќе од едно Јас, 0:05:01.000,0:05:06.000 а тоа е Јас на божеството. 0:05:06.000,0:05:10.000 Во едни учења од нашата традиција, наречени Хадиси Кудси, 0:05:10.000,0:05:16.000 Господ вели „Мојот слуга“, или „моето суштество, моето човечко суштество, 0:05:16.000,0:05:22.000 не ми приоѓа со ништо што би ми било подраго 0:05:22.000,0:05:25.000 освен со она што го барам од него“. 0:05:25.000,0:05:29.000 Оние од вас кои се работодавци знаат точно на што мислам. 0:05:29.000,0:05:33.000 Вие сакате вашите работници да го работат она што ќе им го побарате. 0:05:33.000,0:05:35.000 Ако го направат тоа, тогаш можат да направат и повеќе, 0:05:35.000,0:05:38.000 но не игнорирајте го она што сте им кажале да го направат првиот пат. 0:05:38.000,0:05:44.000 Па, Господ вели: „Мојот слуга продолжува да ми се доближува, 0:05:44.000,0:05:47.000 правејќи повеќе од она што сум му го побарал“, 0:05:47.000,0:05:49.000 тоа би можеле да го наречеме екстра кредит, 0:05:49.000,0:05:53.000 „сè додека не го сакам него или неа“. 0:05:53.000,0:05:56.000 „А, кога Јас го сакам мојот слуга“, вели Господ, 0:05:56.000,0:06:02.000 „станувам очите со кои тој или таа гледа, 0:06:02.000,0:06:08.000 ушите со кои тој или таа слуша, 0:06:08.000,0:06:13.000 раката со која тој или таа зема, 0:06:13.000,0:06:17.000 нозете со кои тој или таа чекори 0:06:17.000,0:06:22.000 и срцето со кое тој или таа разбира“. 0:06:22.000,0:06:27.000 Ова спојување на самите себеси со божеството 0:06:27.000,0:06:35.000 е лекцијата и целта на нашиот духовен пат и сите наши религиозни традиции. 0:06:35.000,0:06:41.000 Муслиманите го гледаат Исус како учител на суфизмот, 0:06:41.000,0:06:48.000 најголемиот пророк и гласник кој дојде за да му даде значење на духовниот пат. 0:06:48.000,0:06:52.000 Кога тој вели: „Јас сум духот и јас сум патот“, 0:06:52.000,0:06:57.000 кога пророкот Мухамед вели: „Оној кој ме видел мене, го видел Господ“, 0:06:57.000,0:07:02.000 тое е затоа што тие станале инструменти на Господ, 0:07:02.000,0:07:04.000 станале дел од Господовиот здив, 0:07:04.000,0:07:08.000 така што Господовата волја е прикажана преку нив, 0:07:08.000,0:07:12.000 а не од делата поттикнати од нив самите или нивното его. 0:07:12.000,0:07:19.000 Сочувството на Земјата ни е дадено, тоа е во нас. 0:07:19.000,0:07:24.000 Сè што треба да направиме е да го тргнеме егото настрана, 0:07:24.000,0:07:27.000 да го тргнеме егоизмот настрана. 0:07:27.000,0:07:35.000 Сигурен сум дека, веројатно, сите вие тука, или барем мнозинство од вас, 0:07:35.000,0:07:39.000 доживеале нешто што би можело да се нарече духовно искуство. 0:07:39.000,0:07:46.000 Еден момент во вашите животи кога, за неколку секунди или минута можеби, 0:07:46.000,0:07:52.000 границите на вашето его исчезнале. 0:07:52.000,0:07:59.000 И во таа минута, сте почувствувале како да сте едно со Универзумот, 0:07:59.000,0:08:05.000 едно со овој бокал вода, едно со секое човечко суштество, 0:08:05.000,0:08:09.000 едно со создавателот. 0:08:09.000,0:08:14.000 И сте го почувствувале присуството на моќта, на емоцијата, 0:08:14.000,0:08:18.000 на најдлабоката љубов, најдлабоката емоција на сочувство и благодарност, 0:08:18.000,0:08:22.000 која некогаш сте ја доживеале во животот. 0:08:22.000,0:08:28.000 Тој момент ни е подарок од Господ. 0:08:28.000,0:08:32.000 Подарок кога, за момент, тој ја крева границата 0:08:32.000,0:08:38.000 која нè тера да инсистираме на „јас, јас, јас“, 0:08:38.000,0:08:42.000 и наместо тоа, како личноста во приказната на Руми, 0:08:42.000,0:08:48.000 велиме „Ох, сето ова си ти“. 0:08:48.000,0:08:50.000 Сето ова си ти. И сето ова сме ние. 0:08:50.000,0:08:56.000 И ние, и јас и сите сме дел од тебе. 0:08:56.000,0:09:02.000 Сесоздавател, нашата цел, изворот на нашето битие 0:09:02.000,0:09:04.000 и крајот на нашето патување. 0:09:04.000,0:09:09.000 Ти си, исто така, и нашиот срцекршач. 0:09:09.000,0:09:15.000 Ти си она кон што треба да целиме, за чија цел живееме, 0:09:15.000,0:09:19.000 за чија цел ќе умреме 0:09:19.000,0:09:23.000 и за чија цел повторно ќе воскреснеме, 0:09:23.000,0:09:30.000 за да му докажеме на Господ до кој степен сме биле сочувствителни суштества. 0:09:30.000,0:09:34.000 Нашата порака и цел денеска, 0:09:34.000,0:09:37.000 за сите што сте тука денеска, 0:09:37.000,0:09:42.000 и целта на овај говор за сочувството е да потсети. 0:09:42.000,0:09:50.000 Куранот секогаш нè тера да запомниме, да се потсетиме, 0:09:50.000,0:09:58.000 затоа што познавањето на вистината е во секој човек. 0:09:58.000,0:10:01.000 Ние знаеме сè. 0:10:01.000,0:10:03.000 Имаме пристап кон сè. 0:10:03.000,0:10:07.000 Јунг тоа го нарекува потсвест. 0:10:07.000,0:10:11.000 Преку нашата потсвест, во нашите соништа... 0:10:11.000,0:10:19.000 Куранот таа состојба на сон ја нарекува помала смрт, 0:10:19.000,0:10:23.000 привремена смрт. 0:10:23.000,0:10:28.000 Додека спиеме, сонуваме, имаме визии, 0:10:28.000,0:10:34.000 многумина од нас дури и патуваат надвор од своите тела, 0:10:34.000,0:10:37.000 и гледаме прекрасни нешта. 0:10:37.000,0:10:42.000 Патуваме надвор од границите на просторот, таков каков што го познаваме, 0:10:42.000,0:10:46.000 и надвор од границите на времето. 0:10:46.000,0:10:56.000 Но, сето ова е за да го прославиме името на создавателот, 0:10:56.000,0:11:02.000 чие првично име е Оној кој сочувствува, Милозливиот. 0:11:02.000,0:11:09.000 Господ, Бог, со кое било име наречето го. Алах, Рам, Ом. 0:11:09.000,0:11:12.000 Кое и да е името со кое го именувате 0:11:12.000,0:11:16.000 или пристапувате кон присуството на божеството, 0:11:16.000,0:11:22.000 тоа е точката на апсолутното суштество, 0:11:22.000,0:11:26.000 апсолутната љубов, милост и сочувство, 0:11:26.000,0:11:29.000 и апсолутното знаење и мудрост, 0:11:29.000,0:11:32.000 кое Хиндусите го нарекуваат сатчитананда. 0:11:32.000,0:11:35.000 Јазикот се разликува, 0:11:35.000,0:11:39.000 но целта е иста. 0:11:39.000,0:11:41.000 Руми има и друга приказна 0:11:41.000,0:11:44.000 за тројца луѓе: Турчин, Араб 0:11:44.000,0:11:48.000 и заборавам која е третата личност, но да речеме дека е Македонец. 0:11:48.000,0:11:51.000 Првиот бара ангур... 0:11:51.000,0:11:56.000 другиот бара енеб, а третиот бара грозје. 0:11:56.000,0:11:59.000 И така се расправаат и караат, 0:11:59.000,0:12:03.000 „Сакам грозје, сакам енеб, сакам ангур“, 0:12:03.000,0:12:06.000 без да знаат дека зборовите кои ги употребуваат 0:12:06.000,0:12:09.000 го означува истото нешто само на различни јазици. 0:12:09.000,0:12:15.000 По дефиниција, има само една апсолутна реалност, 0:12:15.000,0:12:18.000 едно апсолутно суштество, 0:12:18.000,0:12:21.000 затоа што апсолутното, по дефиниција, е единствено, 0:12:21.000,0:12:24.000 апсолутно и единечно. 0:12:24.000,0:12:27.000 Постои апсолутна концентрација на постоење, 0:12:27.000,0:12:30.000 апсолутна концентрација на совест, 0:12:30.000,0:12:40.000 свест, и апсолутна точка на сочувство и љубов, 0:12:40.000,0:12:44.000 која ги дефинира примарните својства на божеството. 0:12:44.000,0:12:47.000 А, тоа, исто така, треба да бидат 0:12:47.000,0:12:52.000 и примарните својства на она што значи да се биде човек. 0:12:52.000,0:12:58.000 Бидејќи, она што го дефинира човештвото, можеби биолошки, 0:12:58.000,0:13:01.000 е нашата физиологија, 0:13:01.000,0:13:09.000 но Господ го дефинира човештвото по нашата духовност, по нашата природа. 0:13:09.000,0:13:13.000 А, Куранот вели, обраќајќи им се на ангелите: 0:13:13.000,0:13:17.000 „Кога ќе го завршам создавањето на Адам од глина 0:13:17.000,0:13:21.000 и ќе му вдахнам од мојот дух, 0:13:21.000,0:13:25.000 тогаш покорете му се“. 0:13:25.000,0:13:33.000 Ангелите се покорија, не пред човековото тело, 0:13:33.000,0:13:36.000 туку пред човековата душа. 0:13:36.000,0:13:40.000 Зошто? Бидејќи душата, човековата душа, 0:13:40.000,0:13:46.000 содржи дел од божествениот здив, 0:13:46.000,0:13:49.000 дел од божествената душа. 0:13:49.000,0:13:54.000 Ова, исто така, е изразено и во Библијата, 0:13:54.000,0:14:00.000 која учи дека сме создадени според Божјиот лик. 0:14:00.000,0:14:02.000 Кој е ликот Божји? 0:14:02.000,0:14:06.000 Божјиот лик е апсолутното постоење, 0:14:06.000,0:14:09.000 апсолутната свест, знаење и мудрост, 0:14:09.000,0:14:12.000 и апсолутното сочувство и љубов. 0:14:12.000,0:14:16.000 И, затоа, за да бидеме човечни, 0:14:16.000,0:14:20.000 во најшироката смисла на она што значи да се биде човек, 0:14:20.000,0:14:23.000 во најрадосната смисла на она што значи да се биде човек, 0:14:23.000,0:14:29.000 ние самите треба да бидеме сопствени чувари 0:14:29.000,0:14:33.000 на здивот на божеството во нас, 0:14:33.000,0:14:38.000 и да се трудиме да го усовршиме во себе својството да се биде суштество, 0:14:38.000,0:14:41.000 живо суштество, што постои, 0:14:41.000,0:14:46.000 својството на мудрост, совест и свест, 0:14:46.000,0:14:51.000 и својството на суштество кое сака и сочувствува. 0:14:51.000,0:14:57.000 Вака јас ја разбирам мојата религиозна традиција 0:14:57.000,0:15:04.000 и вака ги разбирам другите религиозни традиции. 0:15:04.000,0:15:10.000 Ова е заедничката платформа, на кој ние сите мора да застанеме. 0:15:10.000,0:15:13.000 А, кога ќе застанеме на неа, 0:15:13.000,0:15:19.000 убеден сум дека ќе можеме да создадеме прекрасен свет. 0:15:19.000,0:15:25.000 Јас, лично, верувам дека сме многу близу, 0:15:25.000,0:15:29.000 и дека со присуството и помошта на луѓе како вас, 0:15:29.000,0:15:35.000 ќе можеме да го оствариме пророштвото на Исак, 0:15:35.000,0:15:39.000 кој предвиде доба 0:15:39.000,0:15:46.000 кога луѓето ќе ги претопат мечовите во плугови 0:15:46.000,0:15:52.000 и повеќе нема да знаат што е тоа војна. 0:15:52.000,0:15:58.000 Стигнавме до стадиум во човековата историја кога немаме избор. 0:15:58.000,0:16:07.000 Мораме да го намалиме нашето его 0:16:07.000,0:16:12.000 и да го контролираме, било тоа да е индивидуалното, лично его, 0:16:12.000,0:16:18.000 или семејното его, националното его, 0:16:18.000,0:16:23.000 и сето тоа да биде за слава на Едниот. 0:16:23.000,0:16:25.000 Ви благодарам и Бог нека Ве благослови. 0:16:25.000,0:16:26.000 (аплауз)