1 00:00:00,000 --> 00:00:05,000 Зборувам за сочувството од гледна точка на Исламот. 2 00:00:05,000 --> 00:00:08,000 Мојата верба, можеби, не е многу позната 3 00:00:08,000 --> 00:00:12,000 како верба базирана на сочувство. 4 00:00:12,000 --> 00:00:14,000 Но, вистината е поинаква. 5 00:00:14,000 --> 00:00:20,000 Нашата света книга, Куранот, се состои од 114 поглавја 6 00:00:20,000 --> 00:00:24,000 и секое поглавје почнува со т.н. бисмиллах, 7 00:00:24,000 --> 00:00:30,000 изреката „Во името на Бога, Милостивиот, Сомилосниот“. 8 00:00:30,000 --> 00:00:32,000 Или, како што Сер Ричард Бартон, 9 00:00:32,000 --> 00:00:35,000 не оној Ричард Бартон што ја ожени Елизабет Тејлор, 10 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 туку Сер Ричард Бартон кој живеел еден век пред тоа 11 00:00:38,000 --> 00:00:40,000 и бил патник по светот 12 00:00:40,000 --> 00:00:44,000 и преведувач на многу литературни дела, 13 00:00:44,000 --> 00:00:51,000 ја преведува како „Во името на Бога, кој сочувствува, Милозливиот“. 14 00:00:51,000 --> 00:00:58,000 Во една изрека од Куранот, кој за Муслиманите го претставува Господовиот збор кон човештвото, 15 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 Господ му вели на пророкот Мухамед, 16 00:01:01,000 --> 00:01:04,000 за кого веруваме дека е последиот од серијата пророци, 17 00:01:04,000 --> 00:01:10,000 почнувајќи од Адам, вклучувајќи го Ное, Мојсеј, Авраам, 18 00:01:10,000 --> 00:01:14,000 вклучувајќи го Исус Христос и завршувајќи со Мухамед, 19 00:01:14,000 --> 00:01:17,000 му вели „Те пративме тебе, Мухамед, 20 00:01:17,000 --> 00:01:23,000 како раама, како извор на сочувство за човештвото“. 21 00:01:23,000 --> 00:01:27,000 И за нас како човечки суштества, а особено за нас како Муслимани, 22 00:01:27,000 --> 00:01:32,000 чија мисија и цел во следењето на патот на пророкот 23 00:01:32,000 --> 00:01:36,000 е да станеме слични на него, 24 00:01:36,000 --> 00:01:38,000 пророкот во една од неговите изреки рекол: 25 00:01:38,000 --> 00:01:43,000 „Украсете се со особините на Господ“. 26 00:01:43,000 --> 00:01:49,000 А, бидејќи и самиот Господ рекол дека една од неговите главни особини е сочувството, 27 00:01:49,000 --> 00:01:54,000 всушност, Куранот вели дека „Господ си пропиша за Себеси сочувство“, 28 00:01:54,000 --> 00:01:58,000 или „завладеа со сочувство“. 29 00:01:58,000 --> 00:02:05,000 Затоа, нашата цел и мисија мора да се да бидеме извори на сочувство, 30 00:02:05,000 --> 00:02:09,000 активатори на сочувство, актери на сочувство, 31 00:02:09,000 --> 00:02:13,000 говорители на сочувство и сторители на сочувство. 32 00:02:13,000 --> 00:02:16,000 Сето тоа е поволно и добро, 33 00:02:16,000 --> 00:02:19,000 но каде грешиме 34 00:02:19,000 --> 00:02:24,000 и кој е изворот на недостаток на сочувство во светот? 35 00:02:24,000 --> 00:02:29,000 За да одговориме на ова, ќе се навратиме кон нашето одухотворување. 36 00:02:29,000 --> 00:02:36,000 Во секоја религиска традиција постои т.н. надворешна и внатрешна патека, 37 00:02:36,000 --> 00:02:41,000 или егзотерична и езотерична патека. 38 00:02:41,000 --> 00:02:49,000 Езотеричната патека на Исламот е попозната како суфизам, или тасавуф на арапски. 39 00:02:49,000 --> 00:02:52,000 И овие доктори или научници, 40 00:02:52,000 --> 00:02:56,000 овие духовни учители на суфистичката традиција, 41 00:02:56,000 --> 00:03:00,000 се потпираат на учењата и примерите на нашиот пророк 42 00:03:00,000 --> 00:03:04,000 кои нè учат за изворот на нашите проблеми. 43 00:03:04,000 --> 00:03:08,000 Во една од битките кои пророкот ги водел, 44 00:03:08,000 --> 00:03:13,000 им рекол на своите следбеници: „Се враќаме од помалата војна 45 00:03:13,000 --> 00:03:17,000 во поголемата војна, во поголемата битка“. 46 00:03:17,000 --> 00:03:22,000 А, тие му рекле: „Господов пратенику, изморени сме. 47 00:03:22,000 --> 00:03:25,000 Како да одиме во поголема битка?“ 48 00:03:25,000 --> 00:03:33,000 Тој рекол „Тоа е битка со самиот себе, битка со егото“. 49 00:03:33,000 --> 00:03:42,000 Изворите на човековите проблеми се поврзани со егоизам. Јас. 50 00:03:42,000 --> 00:03:48,000 Познатиот суфистички учител Руми, кој ви е многу добро познат на сите вас, 51 00:03:48,000 --> 00:03:54,000 има приказна во која раскажува за човек кој оди во куќата на еден пријател, 52 00:03:54,000 --> 00:03:57,000 чука на вратата 53 00:03:57,000 --> 00:04:00,000 и еден глас му одговара: „Кој е тоа?“. 54 00:04:00,000 --> 00:04:05,000 „Тоа сум јас“, или граматички поточно, „Јас сум“, 55 00:04:05,000 --> 00:04:07,000 како што би кажале на македонски. 56 00:04:07,000 --> 00:04:10,000 Гласот вели: „Оди си“. 57 00:04:10,000 --> 00:04:18,000 По многу години вежбање, дисциплина, истражување и борба, 58 00:04:18,000 --> 00:04:20,000 тој повторно се враќа 59 00:04:20,000 --> 00:04:24,000 и, со многу поголема човечност, повторно чукнува на вратата. 60 00:04:24,000 --> 00:04:27,000 Гласот прашува: „Кој е тоа?“. 61 00:04:27,000 --> 00:04:31,000 Тој вели: „Тоа си ти, срцекршачу“. 62 00:04:31,000 --> 00:04:35,000 Вратата широко се отвора и гласот вели: 63 00:04:35,000 --> 00:04:42,000 „Влези, во оваа куќа нема место за две Јас, 64 00:04:42,000 --> 00:04:46,000 ...за две ега“. 65 00:04:46,000 --> 00:04:55,000 И приказните на Руми се метафори за духовниот пат. 66 00:04:55,000 --> 00:05:01,000 Во присуство на Господ, нема место за повеќе од едно Јас, 67 00:05:01,000 --> 00:05:06,000 а тоа е Јас на божеството. 68 00:05:06,000 --> 00:05:10,000 Во едни учења од нашата традиција, наречени Хадиси Кудси, 69 00:05:10,000 --> 00:05:16,000 Господ вели „Мојот слуга“, или „моето суштество, моето човечко суштество, 70 00:05:16,000 --> 00:05:22,000 не ми приоѓа со ништо што би ми било подраго 71 00:05:22,000 --> 00:05:25,000 освен со она што го барам од него“. 72 00:05:25,000 --> 00:05:29,000 Оние од вас кои се работодавци знаат точно на што мислам. 73 00:05:29,000 --> 00:05:33,000 Вие сакате вашите работници да го работат она што ќе им го побарате. 74 00:05:33,000 --> 00:05:35,000 Ако го направат тоа, тогаш можат да направат и повеќе, 75 00:05:35,000 --> 00:05:38,000 но не игнорирајте го она што сте им кажале да го направат првиот пат. 76 00:05:38,000 --> 00:05:44,000 Па, Господ вели: „Мојот слуга продолжува да ми се доближува, 77 00:05:44,000 --> 00:05:47,000 правејќи повеќе од она што сум му го побарал“, 78 00:05:47,000 --> 00:05:49,000 тоа би можеле да го наречеме екстра кредит, 79 00:05:49,000 --> 00:05:53,000 „сè додека не го сакам него или неа“. 80 00:05:53,000 --> 00:05:56,000 „А, кога Јас го сакам мојот слуга“, вели Господ, 81 00:05:56,000 --> 00:06:02,000 „станувам очите со кои тој или таа гледа, 82 00:06:02,000 --> 00:06:08,000 ушите со кои тој или таа слуша, 83 00:06:08,000 --> 00:06:13,000 раката со која тој или таа зема, 84 00:06:13,000 --> 00:06:17,000 нозете со кои тој или таа чекори 85 00:06:17,000 --> 00:06:22,000 и срцето со кое тој или таа разбира“. 86 00:06:22,000 --> 00:06:27,000 Ова спојување на самите себеси со божеството 87 00:06:27,000 --> 00:06:35,000 е лекцијата и целта на нашиот духовен пат и сите наши религиозни традиции. 88 00:06:35,000 --> 00:06:41,000 Муслиманите го гледаат Исус како учител на суфизмот, 89 00:06:41,000 --> 00:06:48,000 најголемиот пророк и гласник кој дојде за да му даде значење на духовниот пат. 90 00:06:48,000 --> 00:06:52,000 Кога тој вели: „Јас сум духот и јас сум патот“, 91 00:06:52,000 --> 00:06:57,000 кога пророкот Мухамед вели: „Оној кој ме видел мене, го видел Господ“, 92 00:06:57,000 --> 00:07:02,000 тое е затоа што тие станале инструменти на Господ, 93 00:07:02,000 --> 00:07:04,000 станале дел од Господовиот здив, 94 00:07:04,000 --> 00:07:08,000 така што Господовата волја е прикажана преку нив, 95 00:07:08,000 --> 00:07:12,000 а не од делата поттикнати од нив самите или нивното его. 96 00:07:12,000 --> 00:07:19,000 Сочувството на Земјата ни е дадено, тоа е во нас. 97 00:07:19,000 --> 00:07:24,000 Сè што треба да направиме е да го тргнеме егото настрана, 98 00:07:24,000 --> 00:07:27,000 да го тргнеме егоизмот настрана. 99 00:07:27,000 --> 00:07:35,000 Сигурен сум дека, веројатно, сите вие тука, или барем мнозинство од вас, 100 00:07:35,000 --> 00:07:39,000 доживеале нешто што би можело да се нарече духовно искуство. 101 00:07:39,000 --> 00:07:46,000 Еден момент во вашите животи кога, за неколку секунди или минута можеби, 102 00:07:46,000 --> 00:07:52,000 границите на вашето его исчезнале. 103 00:07:52,000 --> 00:07:59,000 И во таа минута, сте почувствувале како да сте едно со Универзумот, 104 00:07:59,000 --> 00:08:05,000 едно со овој бокал вода, едно со секое човечко суштество, 105 00:08:05,000 --> 00:08:09,000 едно со создавателот. 106 00:08:09,000 --> 00:08:14,000 И сте го почувствувале присуството на моќта, на емоцијата, 107 00:08:14,000 --> 00:08:18,000 на најдлабоката љубов, најдлабоката емоција на сочувство и благодарност, 108 00:08:18,000 --> 00:08:22,000 која некогаш сте ја доживеале во животот. 109 00:08:22,000 --> 00:08:28,000 Тој момент ни е подарок од Господ. 110 00:08:28,000 --> 00:08:32,000 Подарок кога, за момент, тој ја крева границата 111 00:08:32,000 --> 00:08:38,000 која нè тера да инсистираме на „јас, јас, јас“, 112 00:08:38,000 --> 00:08:42,000 и наместо тоа, како личноста во приказната на Руми, 113 00:08:42,000 --> 00:08:48,000 велиме „Ох, сето ова си ти“. 114 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 Сето ова си ти. И сето ова сме ние. 115 00:08:50,000 --> 00:08:56,000 И ние, и јас и сите сме дел од тебе. 116 00:08:56,000 --> 00:09:02,000 Сесоздавател, нашата цел, изворот на нашето битие 117 00:09:02,000 --> 00:09:04,000 и крајот на нашето патување. 118 00:09:04,000 --> 00:09:09,000 Ти си, исто така, и нашиот срцекршач. 119 00:09:09,000 --> 00:09:15,000 Ти си она кон што треба да целиме, за чија цел живееме, 120 00:09:15,000 --> 00:09:19,000 за чија цел ќе умреме 121 00:09:19,000 --> 00:09:23,000 и за чија цел повторно ќе воскреснеме, 122 00:09:23,000 --> 00:09:30,000 за да му докажеме на Господ до кој степен сме биле сочувствителни суштества. 123 00:09:30,000 --> 00:09:34,000 Нашата порака и цел денеска, 124 00:09:34,000 --> 00:09:37,000 за сите што сте тука денеска, 125 00:09:37,000 --> 00:09:42,000 и целта на овај говор за сочувството е да потсети. 126 00:09:42,000 --> 00:09:50,000 Куранот секогаш нè тера да запомниме, да се потсетиме, 127 00:09:50,000 --> 00:09:58,000 затоа што познавањето на вистината е во секој човек. 128 00:09:58,000 --> 00:10:01,000 Ние знаеме сè. 129 00:10:01,000 --> 00:10:03,000 Имаме пристап кон сè. 130 00:10:03,000 --> 00:10:07,000 Јунг тоа го нарекува потсвест. 131 00:10:07,000 --> 00:10:11,000 Преку нашата потсвест, во нашите соништа... 132 00:10:11,000 --> 00:10:19,000 Куранот таа состојба на сон ја нарекува помала смрт, 133 00:10:19,000 --> 00:10:23,000 привремена смрт. 134 00:10:23,000 --> 00:10:28,000 Додека спиеме, сонуваме, имаме визии, 135 00:10:28,000 --> 00:10:34,000 многумина од нас дури и патуваат надвор од своите тела, 136 00:10:34,000 --> 00:10:37,000 и гледаме прекрасни нешта. 137 00:10:37,000 --> 00:10:42,000 Патуваме надвор од границите на просторот, таков каков што го познаваме, 138 00:10:42,000 --> 00:10:46,000 и надвор од границите на времето. 139 00:10:46,000 --> 00:10:56,000 Но, сето ова е за да го прославиме името на создавателот, 140 00:10:56,000 --> 00:11:02,000 чие првично име е Оној кој сочувствува, Милозливиот. 141 00:11:02,000 --> 00:11:09,000 Господ, Бог, со кое било име наречето го. Алах, Рам, Ом. 142 00:11:09,000 --> 00:11:12,000 Кое и да е името со кое го именувате 143 00:11:12,000 --> 00:11:16,000 или пристапувате кон присуството на божеството, 144 00:11:16,000 --> 00:11:22,000 тоа е точката на апсолутното суштество, 145 00:11:22,000 --> 00:11:26,000 апсолутната љубов, милост и сочувство, 146 00:11:26,000 --> 00:11:29,000 и апсолутното знаење и мудрост, 147 00:11:29,000 --> 00:11:32,000 кое Хиндусите го нарекуваат сатчитананда. 148 00:11:32,000 --> 00:11:35,000 Јазикот се разликува, 149 00:11:35,000 --> 00:11:39,000 но целта е иста. 150 00:11:39,000 --> 00:11:41,000 Руми има и друга приказна 151 00:11:41,000 --> 00:11:44,000 за тројца луѓе: Турчин, Араб 152 00:11:44,000 --> 00:11:48,000 и заборавам која е третата личност, но да речеме дека е Македонец. 153 00:11:48,000 --> 00:11:51,000 Првиот бара ангур... 154 00:11:51,000 --> 00:11:56,000 другиот бара енеб, а третиот бара грозје. 155 00:11:56,000 --> 00:11:59,000 И така се расправаат и караат, 156 00:11:59,000 --> 00:12:03,000 „Сакам грозје, сакам енеб, сакам ангур“, 157 00:12:03,000 --> 00:12:06,000 без да знаат дека зборовите кои ги употребуваат 158 00:12:06,000 --> 00:12:09,000 го означува истото нешто само на различни јазици. 159 00:12:09,000 --> 00:12:15,000 По дефиниција, има само една апсолутна реалност, 160 00:12:15,000 --> 00:12:18,000 едно апсолутно суштество, 161 00:12:18,000 --> 00:12:21,000 затоа што апсолутното, по дефиниција, е единствено, 162 00:12:21,000 --> 00:12:24,000 апсолутно и единечно. 163 00:12:24,000 --> 00:12:27,000 Постои апсолутна концентрација на постоење, 164 00:12:27,000 --> 00:12:30,000 апсолутна концентрација на совест, 165 00:12:30,000 --> 00:12:40,000 свест, и апсолутна точка на сочувство и љубов, 166 00:12:40,000 --> 00:12:44,000 која ги дефинира примарните својства на божеството. 167 00:12:44,000 --> 00:12:47,000 А, тоа, исто така, треба да бидат 168 00:12:47,000 --> 00:12:52,000 и примарните својства на она што значи да се биде човек. 169 00:12:52,000 --> 00:12:58,000 Бидејќи, она што го дефинира човештвото, можеби биолошки, 170 00:12:58,000 --> 00:13:01,000 е нашата физиологија, 171 00:13:01,000 --> 00:13:09,000 но Господ го дефинира човештвото по нашата духовност, по нашата природа. 172 00:13:09,000 --> 00:13:13,000 А, Куранот вели, обраќајќи им се на ангелите: 173 00:13:13,000 --> 00:13:17,000 „Кога ќе го завршам создавањето на Адам од глина 174 00:13:17,000 --> 00:13:21,000 и ќе му вдахнам од мојот дух, 175 00:13:21,000 --> 00:13:25,000 тогаш покорете му се“. 176 00:13:25,000 --> 00:13:33,000 Ангелите се покорија, не пред човековото тело, 177 00:13:33,000 --> 00:13:36,000 туку пред човековата душа. 178 00:13:36,000 --> 00:13:40,000 Зошто? Бидејќи душата, човековата душа, 179 00:13:40,000 --> 00:13:46,000 содржи дел од божествениот здив, 180 00:13:46,000 --> 00:13:49,000 дел од божествената душа. 181 00:13:49,000 --> 00:13:54,000 Ова, исто така, е изразено и во Библијата, 182 00:13:54,000 --> 00:14:00,000 која учи дека сме создадени според Божјиот лик. 183 00:14:00,000 --> 00:14:02,000 Кој е ликот Божји? 184 00:14:02,000 --> 00:14:06,000 Божјиот лик е апсолутното постоење, 185 00:14:06,000 --> 00:14:09,000 апсолутната свест, знаење и мудрост, 186 00:14:09,000 --> 00:14:12,000 и апсолутното сочувство и љубов. 187 00:14:12,000 --> 00:14:16,000 И, затоа, за да бидеме човечни, 188 00:14:16,000 --> 00:14:20,000 во најшироката смисла на она што значи да се биде човек, 189 00:14:20,000 --> 00:14:23,000 во најрадосната смисла на она што значи да се биде човек, 190 00:14:23,000 --> 00:14:29,000 ние самите треба да бидеме сопствени чувари 191 00:14:29,000 --> 00:14:33,000 на здивот на божеството во нас, 192 00:14:33,000 --> 00:14:38,000 и да се трудиме да го усовршиме во себе својството да се биде суштество, 193 00:14:38,000 --> 00:14:41,000 живо суштество, што постои, 194 00:14:41,000 --> 00:14:46,000 својството на мудрост, совест и свест, 195 00:14:46,000 --> 00:14:51,000 и својството на суштество кое сака и сочувствува. 196 00:14:51,000 --> 00:14:57,000 Вака јас ја разбирам мојата религиозна традиција 197 00:14:57,000 --> 00:15:04,000 и вака ги разбирам другите религиозни традиции. 198 00:15:04,000 --> 00:15:10,000 Ова е заедничката платформа, на кој ние сите мора да застанеме. 199 00:15:10,000 --> 00:15:13,000 А, кога ќе застанеме на неа, 200 00:15:13,000 --> 00:15:19,000 убеден сум дека ќе можеме да создадеме прекрасен свет. 201 00:15:19,000 --> 00:15:25,000 Јас, лично, верувам дека сме многу близу, 202 00:15:25,000 --> 00:15:29,000 и дека со присуството и помошта на луѓе како вас, 203 00:15:29,000 --> 00:15:35,000 ќе можеме да го оствариме пророштвото на Исак, 204 00:15:35,000 --> 00:15:39,000 кој предвиде доба 205 00:15:39,000 --> 00:15:46,000 кога луѓето ќе ги претопат мечовите во плугови 206 00:15:46,000 --> 00:15:52,000 и повеќе нема да знаат што е тоа војна. 207 00:15:52,000 --> 00:15:58,000 Стигнавме до стадиум во човековата историја кога немаме избор. 208 00:15:58,000 --> 00:16:07,000 Мораме да го намалиме нашето его 209 00:16:07,000 --> 00:16:12,000 и да го контролираме, било тоа да е индивидуалното, лично его, 210 00:16:12,000 --> 00:16:18,000 или семејното его, националното его, 211 00:16:18,000 --> 00:16:23,000 и сето тоа да биде за слава на Едниот. 212 00:16:23,000 --> 00:16:25,000 Ви благодарам и Бог нека Ве благослови. 213 00:16:25,000 --> 00:16:26,000 (аплауз)