Return to Video

Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење

  • 0:00 - 0:03
    Кога имав седум години, а сестра ми имаше само пет
  • 0:03 - 0:06
    си игравме на креветот на кат.
  • 0:06 - 0:08
    Тогаш бев две години постар од сестра ми --
  • 0:08 - 0:11
    мислам, и денес сум две години постар од неа --
  • 0:11 - 0:14
    но тогаш ова значеше дека таа мора да прави сè што јас сакав да правиме,
  • 0:14 - 0:16
    а јас сакав да си играме војна.
  • 0:16 - 0:18
    Значи бевме на горниот кат од креветите,
  • 0:18 - 0:20
    на едната страна од креветот бев јас
  • 0:20 - 0:22
    и ги имав наредно сите мои војници и оружја,
  • 0:22 - 0:25
    а на другата страна беа розевите понија на сестра ми,
  • 0:25 - 0:27
    спремни за битка.
  • 0:27 - 0:29
    Има различни тврдења за тоа што се случи тоа попладне,
  • 0:29 - 0:32
    но бидејќи сестра ми не е овде денес,
  • 0:32 - 0:34
    јас ќе ви ја раскажам вистинската приказна --
  • 0:34 - 0:36
    (смеа) --
  • 0:36 - 0:38
    а таа е дека сестра ми е малку несмасна.
  • 0:38 - 0:41
    Некако, без никаква помош од нејзиниот постар брат,
  • 0:41 - 0:43
    Ејми исчезна од горниот кат на креветите
  • 0:43 - 0:45
    и со трескот слета на подот.
  • 0:45 - 0:47
    Јас нервозно ѕирнав преку работ на креветот
  • 0:47 - 0:50
    да видам што ја снашло сестра ми
  • 0:50 - 0:52
    и видов дека слетала на раце и нозе,
  • 0:52 - 0:54
    со сите четири на подот.
  • 0:54 - 0:56
    Бев нервозен бидејќи моите родители ме задолжија
  • 0:56 - 0:58
    да се погрижам јас и сестра ми
  • 0:58 - 1:01
    да играме колку што е можно побезбедно и потивко.
  • 1:01 - 1:04
    И бидејќи случајно ӣ ја скршив раката на Ејми
  • 1:04 - 1:06
    една недела претходно ...
  • 1:06 - 1:10
    (смеа)
  • 1:10 - 1:12
    ... откако херојски ја спасив
  • 1:12 - 1:15
    од еден имагинарен снајперски куршум
  • 1:15 - 1:17
    (смеа)
  • 1:17 - 1:19
    за што сеуште никој не ми заблагодарил,
  • 1:19 - 1:21
    се трудев да бидам --
  • 1:21 - 1:23
    а таа воопшто и да не забележи --
  • 1:23 - 1:25
    се трудев да бидам најпримерен што можам.
  • 1:25 - 1:27
    Кога ӣ го видов лицето на сестра ми,
  • 1:27 - 1:29
    со израз на болка, патење и изненадување,
  • 1:29 - 1:31
    кој се закануваше дека ќе еруптира од незјината уста и ќе ги разбуди
  • 1:31 - 1:34
    моите родители од долгата зимска дремка во која западнале,
  • 1:34 - 1:36
    го направив единственото нешто што
  • 1:36 - 1:39
    мојот испаничен седумгодишен мозок можеше да го смисли за да ја спречи трагедијата.
  • 1:39 - 1:41
    Ако имате деца, тогаш ова сте го виделе стотици пати до сега.
  • 1:41 - 1:43
    Ӣ реков: "Ејми, Ејми, чекај! Немој да плачеш. Не плачи!
  • 1:43 - 1:45
    Виде како слета на подот?
  • 1:45 - 1:48
    Ни едно човечко суштество не може да слета така, на сите четири.
  • 1:48 - 1:51
    Ејми, мислам дека ова значи дека си еднорог."
  • 1:51 - 1:54
    (смеа)
  • 1:54 - 1:57
    Се извлеков со измама, бидејќи немаше ништо на светот што сестра ми го сакаше повеќе
  • 1:57 - 1:59
    од тоа да не биде Ејми помалата повредена петгодишна сестра,
  • 1:59 - 2:01
    туку Ејми - волшебниот еднорог.
  • 2:01 - 2:04
    Се разбира, оваа можност никогаш порано не ӣ паднала на ум.
  • 2:04 - 2:07
    И можеше да се види како мојата кутра, изманипулирана сестра се соочува со конфликт
  • 2:07 - 2:09
    кога нејзиниот малечок мозок се најде поделен
  • 2:09 - 2:11
    меѓу чувствата на болка, патење и изненадување,
  • 2:11 - 2:13
    кои штотуку ги почувствува,
  • 2:13 - 2:15
    и разгледувањето на својот нов идентитет како еднорог.
  • 2:15 - 2:17
    И второво победи.
  • 2:17 - 2:19
    Наместо да заплаче и да ја прекине нашата игра,
  • 2:19 - 2:21
    наместо да ги разбуди моите родители,
  • 2:21 - 2:23
    со сите негативни последици кои ќе следеа за мене,
  • 2:23 - 2:25
    на нејзиното лице се појави насмевка
  • 2:25 - 2:28
    и брзо се врати на креветот со целата грациозност на едно бебе - еднорог ...
  • 2:28 - 2:30
    (смеа)
  • 2:30 - 2:32
    ... со една скршена нога.
  • 2:32 - 2:34
    Она на што наидовме
  • 2:34 - 2:36
    на оваа рана возраст од пет и седум години --
  • 2:36 - 2:38
    а не бевме ни свесни во тој момент --
  • 2:38 - 2:41
    е нешто што како авангардна научна револуција ќе се појави
  • 2:41 - 2:44
    две децении подоцна и ќе го промени начинот на кој го гледаме човечкиот мозок.
  • 2:44 - 2:47
    Она на што наидовме тогаш се вика позитивна психологија
  • 2:47 - 2:49
    и е причината поради која сум јас денес тука
  • 2:49 - 2:51
    и причината поради која се будам секое утро.
  • 2:51 - 2:53
    Кога прв пат започнав да зборувам за ова истражување
  • 2:53 - 2:55
    надвор од академските кругови, во компании и училишта,
  • 2:55 - 2:57
    првата работа што ми ја кажаа е
  • 2:57 - 2:59
    никогаш да не го започнувам говорот со графикон.
  • 2:59 - 3:01
    А тоа е баш првата работа што сакам да ја направам.
  • 3:01 - 3:03
    Овој графикон изгледа досадно,
  • 3:03 - 3:05
    но тој е причината поради која сум возбуден и се будам секое утро.
  • 3:05 - 3:07
    А графиконов и нема некое значење; ова се измислени податоци.
  • 3:07 - 3:09
    Она што го откривме е --
  • 3:09 - 3:13
    (смеа)
  • 3:13 - 3:16
    ако ги добиев овие податоци истражувајќи ве вас тука, во оваа просторија, ќе бев пресреќен,
  • 3:16 - 3:18
    бидејќи очигледно е дека се забележува некој тренд,
  • 3:18 - 3:20
    што значи дека мојот труд ќе биде објавен,
  • 3:20 - 3:22
    а тоа е најважно.
  • 3:22 - 3:24
    Фактот што има една чудна црвена точка овде горе, над кривата,
  • 3:24 - 3:26
    значи дека има некој чудак во оваа просторија --
  • 3:26 - 3:29
    знам кој си, те видов пред да почнеме --
  • 3:29 - 3:31
    но тоа не е голем проблем.
  • 3:31 - 3:33
    Ова не е голем проблем, како што повеќето од вас знаат,
  • 3:33 - 3:35
    бидејќи многу лесно можам да ја ибришам оваа точка.
  • 3:35 - 3:37
    Можам да ја избришам зошто очигледно станува збор за грешка при мерење.
  • 3:37 - 3:39
    А знаеме дека е грешка при мерење
  • 3:39 - 3:42
    бидејќи ми го расипува трендот.
  • 3:42 - 3:44
    Значи, една од првите работи кои ги учиме луѓето
  • 3:44 - 3:47
    на курсевите по економија, статистика, бизнис или психологија
  • 3:47 - 3:50
    е како, на статистички исправен начин, да ги елиминираат чудаците.
  • 3:50 - 3:52
    Како да ги елиминираме отпадниците
  • 3:52 - 3:54
    за да дојдеме до кривата на добро прилагодените?
  • 3:54 - 3:56
    Ова е фантастично ако се обидувам да откријам
  • 3:56 - 3:59
    колку табелети Адвил (вид лек против болки) треба да зема еден просечен човек -- две.
  • 3:59 - 4:01
    Но ако сум заинтересиран за потенцијал, за вашиот потенцијал
  • 4:01 - 4:03
    за среќа или продуктивност
  • 4:03 - 4:05
    или енергија или креативност,
  • 4:05 - 4:07
    она што го правиме е креираме култ на просечност со научни методи.
  • 4:07 - 4:09
    Ако го поставам прашањето
  • 4:09 - 4:11
    "Колку брзо може да научи да чита едно дете во дадена училница?"
  • 4:11 - 4:13
    научниците го одговараат прашањето "Колку брзо научува да чита
  • 4:13 - 4:15
    просечното дете во таа училница?"
  • 4:15 - 4:17
    и потоа го кроиме целиот клас во однос на тој просек.
  • 4:17 - 4:19
    Ако некој падне под просекот на таа крива,
  • 4:19 - 4:21
    психолозите се пресреќни,
  • 4:21 - 4:24
    бидејќи тоа автоматски значи дека тој е во депресија или има некакво пореметување,
  • 4:24 - 4:26
    а се надеваме и двете.
  • 4:26 - 4:28
    Се надеваме на обете бидејќи нашиот бизнис модел е следен --
  • 4:28 - 4:30
    ако дојдете на терапија со еден проблем,
  • 4:30 - 4:32
    се трудиме да си заминете со сознанието дека имате 10,
  • 4:32 - 4:34
    за да продолжите постојано да се враќате.
  • 4:34 - 4:36
    Ќе чепкаме и по вашето детство ако е неопходно,
  • 4:36 - 4:38
    но она што сакаме да го постигнеме е повторно да се чувствувате нормално.
  • 4:38 - 4:40
    А нормално значи само просечно.
  • 4:40 - 4:42
    И она што јас го застапувам и она што позитивната психологија го застапува
  • 4:42 - 4:44
    е ако го проучуваме она што е само просечно,
  • 4:44 - 4:46
    остануваме само просечни.
  • 4:46 - 4:48
    Така наместо да ги избришам овие позитивни отпадници,
  • 4:48 - 4:50
    јас намерно доаѓам во средина како оваа
  • 4:50 - 4:52
    и ве прашувам, зошто?
  • 4:52 - 4:54
    Зошто некои од вас се поставени толку повисоко од кривата
  • 4:54 - 4:56
    во однос на вашата интелектуална способност, атлетска или музичка способност,
  • 4:56 - 4:58
    креативност, енергичност,
  • 4:58 - 5:00
    отпорот кој го пружате кога сте соочени со предизвик, вашата смисла за хумор?
  • 5:00 - 5:03
    Каква и да е причината, наместо да ве избришам, јас сакам да ве проучувам,
  • 5:03 - 5:05
    бидејќи можеме да собереме информации --
  • 5:05 - 5:07
    не само како да ги донесеме луѓето до просекот,
  • 5:07 - 5:10
    туку како да го поместиме целиот просек нагоре
  • 5:10 - 5:12
    во нашите компании и училишта од целиот свет.
  • 5:12 - 5:14
    Причината поради која овој графикон ми е толку важен
  • 5:14 - 5:16
    е бидејќи кога ќе вклучам вести, ми изгледа дека најголемиот дел од информациите
  • 5:16 - 5:18
    не се позитивни, туку баш напротив -- негативни.
  • 5:18 - 5:21
    Повеќето вести се за убиства, корупција, болести, природни катастрофи.
  • 5:21 - 5:23
    И многу брзо, мојот мозок започнува да мисли
  • 5:23 - 5:25
    дека тоа е точниот сооднос на негативни и позитивни случувања во светот.
  • 5:25 - 5:27
    Ова креира нешто
  • 5:27 - 5:29
    што се нарекува синдром на медицинско училиште --
  • 5:29 - 5:31
    ако познавате луѓе кои студирале медицина знаете дека
  • 5:31 - 5:33
    во првата година од студирањето,
  • 5:33 - 5:35
    како што ги читаат списоците на симптоми и болести кои можат да се појават,
  • 5:35 - 5:37
    тие сфаќаат дека ги имаат сите од нив.
  • 5:37 - 5:40
    Имам еден зет кој се вика Бобо -- но тоа е сосема друга приказна.
  • 5:40 - 5:43
    Бобо е оженет со Ејми -- еднорогот.
  • 5:43 - 5:46
    Ми се јавува Бобо на телефон
  • 5:46 - 5:49
    од медицинскиот факултет на Јеил
  • 5:49 - 5:51
    и ми вика "Шон, имам лепра.",
  • 5:51 - 5:53
    (смеа)
  • 5:53 - 5:55
    што дури и на Јеил се среќава екстремно ретко.
  • 5:55 - 5:58
    Но јас немав поим како да го утешам Бобо,
  • 5:58 - 6:00
    бидејќи само што закрепна од менопауза која траеше цела недела.
  • 6:00 - 6:02
    (смеа)
  • 6:02 - 6:05
    Значи она што го осознаваме е дека нас не нè оформува реалноста,
  • 6:05 - 6:08
    туку призмата низ која нашиот мозок го гледа светот ја оформува реалноста.
  • 6:08 - 6:11
    И доколку можеме да ја промениме призмата, не само што ќе ја промениме среќата,
  • 6:11 - 6:14
    туку истовремено ќе го промениме и секој образовен и економски исход.
  • 6:14 - 6:16
    Кога се пријавував на Харвард, го сторив тоа поради предизвик.
  • 6:16 - 6:19
    Не очекував дека ќе ме примат, а моето семејство немаше пари за факултет.
  • 6:19 - 6:21
    Кога две седмици подоцна добив воена стипендија, тие ми дозволија да одам.
  • 6:21 - 6:24
    Одеднаш, нешто што воопшто не беше можно стана реалност.
  • 6:24 - 6:27
    Кога стигнав таму, претпоставував дека и другите ќе го сметаат своето присуство таму за привилегија,
  • 6:27 - 6:29
    дека ќе бидат возбудени што се таму.
  • 6:29 - 6:31
    Дури и ако се наоѓате во училница полна со луѓе кои се попаметни од вас
  • 6:31 - 6:33
    вие се чувствувате среќни што сте во таа училница.
  • 6:33 - 6:35
    Но она што го увидов таму е дека
  • 6:35 - 6:37
    и покрај тоа што постојат луѓе кои се чувствуваат така --
  • 6:37 - 6:39
    иако по четири години дипломирав,
  • 6:39 - 6:41
    ги поминав и наредните осум години во студентските домови заедно со студентите --
  • 6:41 - 6:44
    од Харвард ми понудија работа; не сум јас таков --
  • 6:44 - 6:48
    (смеа)
  • 6:48 - 6:51
    работев како советник на студентите во тие тешки четири години
  • 6:51 - 6:53
    и она што го открив во моето истражување и предавање
  • 6:53 - 6:55
    е дека овие студенти, колку и да биле среќни
  • 6:55 - 6:58
    со нивниот почетен успех кога се запишале на факултетот,
  • 6:58 - 7:01
    две седмици подоцна нивниот мозок не се фокусира на привилигијата да се биде таму,
  • 7:01 - 7:03
    ниту на предметите филозофија или физика.
  • 7:03 - 7:05
    Нивниот мозок се фокусира на конкуренцијата, на работните обврски,
  • 7:05 - 7:07
    на кавгите, стресот и поплаките.
  • 7:07 - 7:09
    Кога прв пат стигнав таму, влегов во мензата за бруцоши,
  • 7:09 - 7:12
    за која моите пријатели од Вако, Тексас -- местото каде што пораснав,
  • 7:12 - 7:14
    за кое знам дека некои од вас имаат слушнато --
  • 7:14 - 7:16
    кога ќе дојдеа да ме посетат, разгледуваа наоколу
  • 7:16 - 7:18
    и коментираа: “Оваа менза изгледа како да е излезена
  • 7:18 - 7:20
    од Хогварт од филмот ‘Хари Потер‘“, и беа во право.
  • 7:20 - 7:22
    Еве го Хогварт од филмот “Хари Потер“, а еве го Харвард.
  • 7:22 - 7:24
    И кога ќе го видеа ова
  • 7:24 - 7:26
    велеа: “Шон, зошто си го губиш времето да ја проучуваш среќата на Харвард?
  • 7:26 - 7:28
    Сериозно, која би била причината еден студент од Харвард
  • 7:28 - 7:30
    да биде несреќен?“
  • 7:30 - 7:32
    Во ова прашање е вграден
  • 7:32 - 7:34
    клучот за разбирање на науката која ја проучува среќата.
  • 7:34 - 7:36
    Она што ова прашање го претпоставува
  • 7:36 - 7:39
    е дека надворешниот свет е предуслов за нивото на нашата среќа,
  • 7:39 - 7:41
    а всушност, ако знам сè за вашиот надворешен свет,
  • 7:41 - 7:44
    можам да предвидам само 10 проценти од вашата долгорочна среќа.
  • 7:44 - 7:46
    Останатите 90 проценти од вашата долгорочна среќа
  • 7:46 - 7:48
    не се одредени од надворешниот свет,
  • 7:48 - 7:50
    туку од начинот на кој вашиот мозок го процесира светот.
  • 7:50 - 7:52
    И ако го промениме тоа,
  • 7:52 - 7:54
    ако ја промениме нашата формула за среќа и успех,
  • 7:54 - 7:56
    можеме да го промениме начинот
  • 7:56 - 7:58
    на кој делуваме на реалноста.
  • 7:58 - 8:00
    Ние откривме дека само 25 проценти од успесите на работното место
  • 8:00 - 8:02
    можат да се предвидат од коефициентот на интелигенција.
  • 8:02 - 8:04
    75 проценти од успесите на работното место
  • 8:04 - 8:07
    зависат од нивото на оптимизам, поддршката од средината
  • 8:07 - 8:10
    и можноста да се препознае стресот како предизвик наместо закана.
  • 8:10 - 8:13
    Во еден разговор со претставници од еден интернат во Њу Ингланд, веројатно најпрестижниот интернат,
  • 8:13 - 8:15
    тие ми кажаа, “Ние веќе го знаеме тоа.
  • 8:15 - 8:18
    Затоа секоја година, наместо предавања имаме недела посветена на добросостојбата.
  • 8:18 - 8:21
    И многу сме возбудени. Во понеделник навечер најдобриот светски експерт
  • 8:21 - 8:23
    за депресија кај адолесценти ќе дојде да зборува.
  • 8:23 - 8:25
    Во вторник навечер зборуваме за насилството во училиштата.
  • 8:25 - 8:27
    Средата е за пореметувања во исхраната.
  • 8:27 - 8:29
    Во четврток вечер зборуваме за употребата на дроги.
  • 8:29 - 8:32
    За во петок сеуште одлучуваме меѓу ризичен секс и среќа.“
  • 8:32 - 8:35
    (смеа)
  • 8:35 - 8:37
    Јас им одговорив, “Тоа звучи како петочна вечер за повеќето луѓе.“
  • 8:37 - 8:40
    (смеа)
  • 8:40 - 8:43
    (аплауз)
  • 8:43 - 8:45
    Драго ми е што ви се допаѓа мојот одговор, но ним не им се допадна.
  • 8:45 - 8:47
    Од другата страна на слушалката имаше штама.
  • 8:47 - 8:49
    И за да ја прекинам тишината реков, “Ќе ми претставува задоволство да зборувам во вашето училиште,
  • 8:49 - 8:52
    но морам да ви кажам дека вашата недела е недела на болести, а не на добросостојба.
  • 8:52 - 8:54
    Вие сте ги потенцирале сите негативни настани кои можат да се случат,
  • 8:54 - 8:56
    но воопшто не сте ги споменале позитивните.“
  • 8:56 - 8:58
    Отсуството на болест не значи здравје.
  • 8:58 - 9:00
    Еве како доаѓаме до здравје --
  • 9:00 - 9:03
    треба да ја превртиме формулата за среќа и успех.
  • 9:03 - 9:05
    Во последните три години патував во повеќе од 45 различни земји,
  • 9:05 - 9:07
    работев со училишта и компании
  • 9:07 - 9:09
    во центарот на економската криза.
  • 9:09 - 9:11
    И видов дека повеќето компании и училишта
  • 9:11 - 9:13
    ја следат следнава формула за успех:
  • 9:13 - 9:15
    “Ако работам повредно, ќе бидам поуспешен.
  • 9:15 - 9:18
    Ако сум поуспешен, ќе бидам посреќен.“
  • 9:18 - 9:20
    Ова е основата на нашиот пристап кон воспитувањето на децата, менаџирањето
  • 9:20 - 9:22
    и мотивирањето воопшто.
  • 9:22 - 9:25
    А проблемот е што тоа е научно неоправдано и контрадикторно од две причини.
  • 9:25 - 9:28
    Прво, секој пат кога нашиот мозок доживува успех
  • 9:28 - 9:30
    се менува нашата замисла за тоа како изгледа успехот.
  • 9:30 - 9:32
    Ако имаш добри оцени, следно е да имаш подобри оцени,
  • 9:32 - 9:34
    ако се запишеш во добро училиште, потоа се запишуваш во подобро училиште,
  • 9:34 - 9:36
    ако имаш добра работа, треба да најдеш уште подобра,
  • 9:36 - 9:38
    ако ја исполниш продажната цел, ние ќе ти ја зголемиме целта.
  • 9:38 - 9:41
    И кога среќата е на спротивната страна од успехот, нашиот мозок никогаш не стигнува таму.
  • 9:41 - 9:43
    Ние, како општество, го поместуваме
  • 9:43 - 9:46
    замислениот хоризонт на среќата,
  • 9:46 - 9:48
    поради тоа што мислиме дека треба да бидеме успешни
  • 9:48 - 9:50
    за потоа да станеме среќни.
  • 9:50 - 9:52
    Но вистинскиот проблем е што нашите мозоци работат обратно.
  • 9:52 - 9:55
    Ако подигнеме нечие ниво на среќа во сегашноста,
  • 9:55 - 9:58
    тогаш нивниот мозок доживува нешто што се нарекува предност на среќа,
  • 9:58 - 10:00
    што значи дека мозокот во позитивно расположение
  • 10:00 - 10:02
    работи значително подобро
  • 10:02 - 10:04
    отколку во просечно, неутрално или стресно расположение.
  • 10:04 - 10:07
    Растат интелигенцијата, креативноста и нивото на енергија.
  • 10:07 - 10:09
    Всушност, откривме дека вака
  • 10:09 - 10:11
    се унапредува буквално секој бизнис исход.
  • 10:11 - 10:13
    Вашиот мозок е 31 процент попродуктивен во позитивна состојба,
  • 10:13 - 10:16
    отколку во негативна, неутрална или стресна состојба.
  • 10:16 - 10:18
    Вашите продажни вештини се за 37 проценти подобри.
  • 10:18 - 10:20
    Докторите се 19 проценти побрзи и попрецизни
  • 10:20 - 10:22
    во поставување на точни дијагнози
  • 10:22 - 10:24
    кога се позитивни, наместо негативни, неутрални или под стрес.
  • 10:24 - 10:26
    Ова значи дека можеме да ја превртиме формулата.
  • 10:26 - 10:29
    Ако најдеме начин да се биде позитивен во сегашноста,
  • 10:29 - 10:31
    тогаш нашите мозоци ќе работат поуспешно
  • 10:31 - 10:34
    и ќе можеме да работиме повредно, побрзо и поинтелигентно.
  • 10:34 - 10:37
    Мораме да ја превртиме формулата за да
  • 10:37 - 10:39
    започнеме да гледаме за што се способни нашите мозоци.
  • 10:39 - 10:41
    Допаминот кој циркулира во нашиот систем кога сме позитивно расположени
  • 10:41 - 10:43
    има две функции.
  • 10:43 - 10:45
    Не само што нè прави посреќни,
  • 10:45 - 10:47
    туку ги вклучува центрите за учење во мозокот
  • 10:47 - 10:50
    со што ни овозможува да се адаптираме на светот на различен начин.
  • 10:50 - 10:52
    Откривме дека постојат начини со кои можеме да го тренираме мозокот
  • 10:52 - 10:54
    да стане попозитивен.
  • 10:54 - 10:57
    За краток период од 2 минути дневно кој се повторува 21 ден по ред
  • 10:57 - 10:59
    можеме да ги промениме врските во мозокот,
  • 10:59 - 11:01
    со што ќе му овозможиме на мозокот да работи
  • 11:01 - 11:03
    со повеќе оптимизам и повеќе успех.
  • 11:03 - 11:05
    Во рамки на истражувањето ги пробавме овие методи
  • 11:05 - 11:07
    во секоја компанија со која соработувавме,
  • 11:07 - 11:09
    и побаравме од вработените да запишуваат по три нови нешта за кои се благодарни
  • 11:09 - 11:11
    секој ден, 21 ден по ред -- три нови нешта секој ден.
  • 11:11 - 11:13
    На крајот од вежбата,
  • 11:13 - 11:15
    нивниот мозок ја памети шемата со која
  • 11:15 - 11:18
    го скенира светот во потрага по позитивните, а не негативните случувања.
  • 11:18 - 11:20
    Запишување на едно позитивно искуство кое се случило во текот на изминатите 24 часа
  • 11:20 - 11:22
    му овозможува на вашиот мозок повторно да го преживее тоа искуство.
  • 11:22 - 11:25
    Оваа вежба го учи вашиот мозок дека однесувањето е важно.
  • 11:25 - 11:27
    Знаеме дека медитацијата му помага на мозокот да ги надмине
  • 11:27 - 11:30
    проблемите со концентрација и посветеност кои сами ги креираме
  • 11:30 - 11:32
    обидувајќи се да се справиме со повеќе задачи истовремено
  • 11:32 - 11:35
    и му овозможува да се фокусира само на моменталната задача.
  • 11:35 - 11:37
    И на крај, случајните добри дела се свесни добри дела.
  • 11:37 - 11:39
    Ги натеравме луѓето секој пат кога ќе го отворат нивното електронско поштенско сандаче
  • 11:39 - 11:41
    да испратат една позитивна порака
  • 11:41 - 11:43
    во која ќе пофалат или ќе му се заблагодарат некому за поддршката што им ја пружа.
  • 11:43 - 11:45
    Со овие активности
  • 11:45 - 11:47
    го тренираме мозокот исто како што ги тренираме нашите тела,
  • 11:47 - 11:50
    и доаѓаме до сознание дека можеме да ја превртиме формулата за среќа и успех
  • 11:50 - 11:53
    и со тоа да креираме бранови на позитивност,
  • 11:53 - 11:55
    а истовремено и вистинска револуција.
  • 11:55 - 11:57
    Ви благодарам многу.
  • 11:57 - 12:00
    (аплауз)
Title:
Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење
Speaker:
Shawn Achor
Description:

Веруваме дека треба да работиме за да бидеме среќни, но можно ли е обратното да е поточно? Во овој брз и забавен говор од ТЕДхБлумингтон, психологот Шон Акор дискутира за тоа како среќата инспирира продуктивност.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:00
Vasilka Dzikovska added a translation

Macedonian subtitles

Revisions