0:00:00.000,0:00:03.000 Кога имав седум години, а сестра ми имаше само пет 0:00:03.000,0:00:06.000 си игравме на креветот на кат. 0:00:06.000,0:00:08.000 Тогаш бев две години постар од сестра ми -- 0:00:08.000,0:00:11.000 мислам, и денес сум две години постар од неа -- 0:00:11.000,0:00:14.000 но тогаш ова значеше дека таа мора да прави сè што јас сакав да правиме, 0:00:14.000,0:00:16.000 а јас сакав да си играме војна. 0:00:16.000,0:00:18.000 Значи бевме на горниот кат од креветите, 0:00:18.000,0:00:20.000 на едната страна од креветот бев јас 0:00:20.000,0:00:22.000 и ги имав наредно сите мои војници и оружја, 0:00:22.000,0:00:25.000 а на другата страна беа розевите понија на сестра ми, 0:00:25.000,0:00:27.000 спремни за битка. 0:00:27.000,0:00:29.000 Има различни тврдења за тоа што се случи тоа попладне, 0:00:29.000,0:00:32.000 но бидејќи сестра ми не е овде денес, 0:00:32.000,0:00:34.000 јас ќе ви ја раскажам вистинската приказна -- 0:00:34.000,0:00:36.000 (смеа) -- 0:00:36.000,0:00:38.000 а таа е дека сестра ми е малку несмасна. 0:00:38.000,0:00:41.000 Некако, без никаква помош од нејзиниот постар брат, 0:00:41.000,0:00:43.000 Ејми исчезна од горниот кат на креветите 0:00:43.000,0:00:45.000 и со трескот слета на подот. 0:00:45.000,0:00:47.000 Јас нервозно ѕирнав преку работ на креветот 0:00:47.000,0:00:50.000 да видам што ја снашло сестра ми 0:00:50.000,0:00:52.000 и видов дека слетала на раце и нозе, 0:00:52.000,0:00:54.000 со сите четири на подот. 0:00:54.000,0:00:56.000 Бев нервозен бидејќи моите родители ме задолжија 0:00:56.000,0:00:58.000 да се погрижам јас и сестра ми 0:00:58.000,0:01:01.000 да играме колку што е можно побезбедно и потивко. 0:01:01.000,0:01:04.000 И бидејќи случајно ӣ ја скршив раката на Ејми 0:01:04.000,0:01:06.000 една недела претходно ... 0:01:06.000,0:01:10.000 (смеа) 0:01:10.000,0:01:12.000 ... откако херојски ја спасив 0:01:12.000,0:01:15.000 од еден имагинарен снајперски куршум 0:01:15.000,0:01:17.000 (смеа) 0:01:17.000,0:01:19.000 за што сеуште никој не ми заблагодарил, 0:01:19.000,0:01:21.000 се трудев да бидам -- 0:01:21.000,0:01:23.000 а таа воопшто и да не забележи -- 0:01:23.000,0:01:25.000 се трудев да бидам најпримерен што можам. 0:01:25.000,0:01:27.000 Кога ӣ го видов лицето на сестра ми, 0:01:27.000,0:01:29.000 со израз на болка, патење и изненадување, 0:01:29.000,0:01:31.000 кој се закануваше дека ќе еруптира од незјината уста и ќе ги разбуди 0:01:31.000,0:01:34.000 моите родители од долгата зимска дремка во која западнале, 0:01:34.000,0:01:36.000 го направив единственото нешто што 0:01:36.000,0:01:39.000 мојот испаничен седумгодишен мозок можеше да го смисли за да ја спречи трагедијата. 0:01:39.000,0:01:41.000 Ако имате деца, тогаш ова сте го виделе стотици пати до сега. 0:01:41.000,0:01:43.000 Ӣ реков: "Ејми, Ејми, чекај! Немој да плачеш. Не плачи! 0:01:43.000,0:01:45.000 Виде како слета на подот? 0:01:45.000,0:01:48.000 Ни едно човечко суштество не може да слета така, на сите четири. 0:01:48.000,0:01:51.000 Ејми, мислам дека ова значи дека си еднорог." 0:01:51.000,0:01:54.000 (смеа) 0:01:54.000,0:01:57.000 Се извлеков со измама, бидејќи немаше ништо на светот што сестра ми го сакаше повеќе 0:01:57.000,0:01:59.000 од тоа да не биде Ејми помалата повредена петгодишна сестра, 0:01:59.000,0:02:01.000 туку Ејми - волшебниот еднорог. 0:02:01.000,0:02:04.000 Се разбира, оваа можност никогаш порано не ӣ паднала на ум. 0:02:04.000,0:02:07.000 И можеше да се види како мојата кутра, изманипулирана сестра се соочува со конфликт 0:02:07.000,0:02:09.000 кога нејзиниот малечок мозок се најде поделен 0:02:09.000,0:02:11.000 меѓу чувствата на болка, патење и изненадување, 0:02:11.000,0:02:13.000 кои штотуку ги почувствува, 0:02:13.000,0:02:15.000 и разгледувањето на својот нов идентитет како еднорог. 0:02:15.000,0:02:17.000 И второво победи. 0:02:17.000,0:02:19.000 Наместо да заплаче и да ја прекине нашата игра, 0:02:19.000,0:02:21.000 наместо да ги разбуди моите родители, 0:02:21.000,0:02:23.000 со сите негативни последици кои ќе следеа за мене, 0:02:23.000,0:02:25.000 на нејзиното лице се појави насмевка 0:02:25.000,0:02:28.000 и брзо се врати на креветот со целата грациозност на едно бебе - еднорог ... 0:02:28.000,0:02:30.000 (смеа) 0:02:30.000,0:02:32.000 ... со една скршена нога. 0:02:32.000,0:02:34.000 Она на што наидовме 0:02:34.000,0:02:36.000 на оваа рана возраст од пет и седум години -- 0:02:36.000,0:02:38.000 а не бевме ни свесни во тој момент -- 0:02:38.000,0:02:41.000 е нешто што како авангардна научна револуција ќе се појави 0:02:41.000,0:02:44.000 две децении подоцна и ќе го промени начинот на кој го гледаме човечкиот мозок. 0:02:44.000,0:02:47.000 Она на што наидовме тогаш се вика позитивна психологија 0:02:47.000,0:02:49.000 и е причината поради која сум јас денес тука 0:02:49.000,0:02:51.000 и причината поради која се будам секое утро. 0:02:51.000,0:02:53.000 Кога прв пат започнав да зборувам за ова истражување 0:02:53.000,0:02:55.000 надвор од академските кругови, во компании и училишта, 0:02:55.000,0:02:57.000 првата работа што ми ја кажаа е 0:02:57.000,0:02:59.000 никогаш да не го започнувам говорот со графикон. 0:02:59.000,0:03:01.000 А тоа е баш првата работа што сакам да ја направам. 0:03:01.000,0:03:03.000 Овој графикон изгледа досадно, 0:03:03.000,0:03:05.000 но тој е причината поради која сум возбуден и се будам секое утро. 0:03:05.000,0:03:07.000 А графиконов и нема некое значење; ова се измислени податоци. 0:03:07.000,0:03:09.000 Она што го откривме е -- 0:03:09.000,0:03:13.000 (смеа) 0:03:13.000,0:03:16.000 ако ги добиев овие податоци истражувајќи ве вас тука, во оваа просторија, ќе бев пресреќен, 0:03:16.000,0:03:18.000 бидејќи очигледно е дека се забележува некој тренд, 0:03:18.000,0:03:20.000 што значи дека мојот труд ќе биде објавен, 0:03:20.000,0:03:22.000 а тоа е најважно. 0:03:22.000,0:03:24.000 Фактот што има една чудна црвена точка овде горе, над кривата, 0:03:24.000,0:03:26.000 значи дека има некој чудак во оваа просторија -- 0:03:26.000,0:03:29.000 знам кој си, те видов пред да почнеме -- 0:03:29.000,0:03:31.000 но тоа не е голем проблем. 0:03:31.000,0:03:33.000 Ова не е голем проблем, како што повеќето од вас знаат, 0:03:33.000,0:03:35.000 бидејќи многу лесно можам да ја ибришам оваа точка. 0:03:35.000,0:03:37.000 Можам да ја избришам зошто очигледно станува збор за грешка при мерење. 0:03:37.000,0:03:39.000 А знаеме дека е грешка при мерење 0:03:39.000,0:03:42.000 бидејќи ми го расипува трендот. 0:03:42.000,0:03:44.000 Значи, една од првите работи кои ги учиме луѓето 0:03:44.000,0:03:47.000 на курсевите по економија, статистика, бизнис или психологија 0:03:47.000,0:03:50.000 е како, на статистички исправен начин, да ги елиминираат чудаците. 0:03:50.000,0:03:52.000 Како да ги елиминираме отпадниците 0:03:52.000,0:03:54.000 за да дојдеме до кривата на добро прилагодените? 0:03:54.000,0:03:56.000 Ова е фантастично ако се обидувам да откријам 0:03:56.000,0:03:59.000 колку табелети Адвил (вид лек против болки) треба да зема еден просечен човек -- две. 0:03:59.000,0:04:01.000 Но ако сум заинтересиран за потенцијал, за вашиот потенцијал 0:04:01.000,0:04:03.000 за среќа или продуктивност 0:04:03.000,0:04:05.000 или енергија или креативност, 0:04:05.000,0:04:07.000 она што го правиме е креираме култ на просечност со научни методи. 0:04:07.000,0:04:09.000 Ако го поставам прашањето 0:04:09.000,0:04:11.000 "Колку брзо може да научи да чита едно дете во дадена училница?" 0:04:11.000,0:04:13.000 научниците го одговараат прашањето "Колку брзо научува да чита 0:04:13.000,0:04:15.000 просечното дете во таа училница?" 0:04:15.000,0:04:17.000 и потоа го кроиме целиот клас во однос на тој просек. 0:04:17.000,0:04:19.000 Ако некој падне под просекот на таа крива, 0:04:19.000,0:04:21.000 психолозите се пресреќни, 0:04:21.000,0:04:24.000 бидејќи тоа автоматски значи дека тој е во депресија или има некакво пореметување, 0:04:24.000,0:04:26.000 а се надеваме и двете. 0:04:26.000,0:04:28.000 Се надеваме на обете бидејќи нашиот бизнис модел е следен -- 0:04:28.000,0:04:30.000 ако дојдете на терапија со еден проблем, 0:04:30.000,0:04:32.000 се трудиме да си заминете со сознанието дека имате 10, 0:04:32.000,0:04:34.000 за да продолжите постојано да се враќате. 0:04:34.000,0:04:36.000 Ќе чепкаме и по вашето детство ако е неопходно, 0:04:36.000,0:04:38.000 но она што сакаме да го постигнеме е повторно да се чувствувате нормално. 0:04:38.000,0:04:40.000 А нормално значи само просечно. 0:04:40.000,0:04:42.000 И она што јас го застапувам и она што позитивната психологија го застапува 0:04:42.000,0:04:44.000 е ако го проучуваме она што е само просечно, 0:04:44.000,0:04:46.000 остануваме само просечни. 0:04:46.000,0:04:48.000 Така наместо да ги избришам овие позитивни отпадници, 0:04:48.000,0:04:50.000 јас намерно доаѓам во средина како оваа 0:04:50.000,0:04:52.000 и ве прашувам, зошто? 0:04:52.000,0:04:54.000 Зошто некои од вас се поставени толку повисоко од кривата 0:04:54.000,0:04:56.000 во однос на вашата интелектуална способност, атлетска или музичка способност, 0:04:56.000,0:04:58.000 креативност, енергичност, 0:04:58.000,0:05:00.000 отпорот кој го пружате кога сте соочени со предизвик, вашата смисла за хумор? 0:05:00.000,0:05:03.000 Каква и да е причината, наместо да ве избришам, јас сакам да ве проучувам, 0:05:03.000,0:05:05.000 бидејќи можеме да собереме информации -- 0:05:05.000,0:05:07.000 не само како да ги донесеме луѓето до просекот, 0:05:07.000,0:05:10.000 туку како да го поместиме целиот просек нагоре 0:05:10.000,0:05:12.000 во нашите компании и училишта од целиот свет. 0:05:12.000,0:05:14.000 Причината поради која овој графикон ми е толку важен 0:05:14.000,0:05:16.000 е бидејќи кога ќе вклучам вести, ми изгледа дека најголемиот дел од информациите 0:05:16.000,0:05:18.000 не се позитивни, туку баш напротив -- негативни. 0:05:18.000,0:05:21.000 Повеќето вести се за убиства, корупција, болести, природни катастрофи. 0:05:21.000,0:05:23.000 И многу брзо, мојот мозок започнува да мисли 0:05:23.000,0:05:25.000 дека тоа е точниот сооднос на негативни и позитивни случувања во светот. 0:05:25.000,0:05:27.000 Ова креира нешто 0:05:27.000,0:05:29.000 што се нарекува синдром на медицинско училиште -- 0:05:29.000,0:05:31.000 ако познавате луѓе кои студирале медицина знаете дека 0:05:31.000,0:05:33.000 во првата година од студирањето, 0:05:33.000,0:05:35.000 како што ги читаат списоците на симптоми и болести кои можат да се појават, 0:05:35.000,0:05:37.000 тие сфаќаат дека ги имаат сите од нив. 0:05:37.000,0:05:40.000 Имам еден зет кој се вика Бобо -- но тоа е сосема друга приказна. 0:05:40.000,0:05:43.000 Бобо е оженет со Ејми -- еднорогот. 0:05:43.000,0:05:46.000 Ми се јавува Бобо на телефон 0:05:46.000,0:05:49.000 од медицинскиот факултет на Јеил 0:05:49.000,0:05:51.000 и ми вика "Шон, имам лепра.", 0:05:51.000,0:05:53.000 (смеа) 0:05:53.000,0:05:55.000 што дури и на Јеил се среќава екстремно ретко. 0:05:55.000,0:05:58.000 Но јас немав поим како да го утешам Бобо, 0:05:58.000,0:06:00.000 бидејќи само што закрепна од менопауза која траеше цела недела. 0:06:00.000,0:06:02.000 (смеа) 0:06:02.000,0:06:05.000 Значи она што го осознаваме е дека нас не нè оформува реалноста, 0:06:05.000,0:06:08.000 туку призмата низ која нашиот мозок го гледа светот ја оформува реалноста. 0:06:08.000,0:06:11.000 И доколку можеме да ја промениме призмата, не само што ќе ја промениме среќата, 0:06:11.000,0:06:14.000 туку истовремено ќе го промениме и секој образовен и економски исход. 0:06:14.000,0:06:16.000 Кога се пријавував на Харвард, го сторив тоа поради предизвик. 0:06:16.000,0:06:19.000 Не очекував дека ќе ме примат, а моето семејство немаше пари за факултет. 0:06:19.000,0:06:21.000 Кога две седмици подоцна добив воена стипендија, тие ми дозволија да одам. 0:06:21.000,0:06:24.000 Одеднаш, нешто што воопшто не беше можно стана реалност. 0:06:24.000,0:06:27.000 Кога стигнав таму, претпоставував дека и другите ќе го сметаат своето присуство таму за привилегија, 0:06:27.000,0:06:29.000 дека ќе бидат возбудени што се таму. 0:06:29.000,0:06:31.000 Дури и ако се наоѓате во училница полна со луѓе кои се попаметни од вас 0:06:31.000,0:06:33.000 вие се чувствувате среќни што сте во таа училница. 0:06:33.000,0:06:35.000 Но она што го увидов таму е дека 0:06:35.000,0:06:37.000 и покрај тоа што постојат луѓе кои се чувствуваат така -- 0:06:37.000,0:06:39.000 иако по четири години дипломирав, 0:06:39.000,0:06:41.000 ги поминав и наредните осум години во студентските домови заедно со студентите -- 0:06:41.000,0:06:44.000 од Харвард ми понудија работа; не сум јас таков -- 0:06:44.000,0:06:48.000 (смеа) 0:06:48.000,0:06:51.000 работев како советник на студентите во тие тешки четири години 0:06:51.000,0:06:53.000 и она што го открив во моето истражување и предавање 0:06:53.000,0:06:55.000 е дека овие студенти, колку и да биле среќни 0:06:55.000,0:06:58.000 со нивниот почетен успех кога се запишале на факултетот, 0:06:58.000,0:07:01.000 две седмици подоцна нивниот мозок не се фокусира на привилигијата да се биде таму, 0:07:01.000,0:07:03.000 ниту на предметите филозофија или физика. 0:07:03.000,0:07:05.000 Нивниот мозок се фокусира на конкуренцијата, на работните обврски, 0:07:05.000,0:07:07.000 на кавгите, стресот и поплаките. 0:07:07.000,0:07:09.000 Кога прв пат стигнав таму, влегов во мензата за бруцоши, 0:07:09.000,0:07:12.000 за која моите пријатели од Вако, Тексас -- местото каде што пораснав, 0:07:12.000,0:07:14.000 за кое знам дека некои од вас имаат слушнато -- 0:07:14.000,0:07:16.000 кога ќе дојдеа да ме посетат, разгледуваа наоколу 0:07:16.000,0:07:18.000 и коментираа: “Оваа менза изгледа како да е излезена 0:07:18.000,0:07:20.000 од Хогварт од филмот ‘Хари Потер‘“, и беа во право. 0:07:20.000,0:07:22.000 Еве го Хогварт од филмот “Хари Потер“, а еве го Харвард. 0:07:22.000,0:07:24.000 И кога ќе го видеа ова 0:07:24.000,0:07:26.000 велеа: “Шон, зошто си го губиш времето да ја проучуваш среќата на Харвард? 0:07:26.000,0:07:28.000 Сериозно, која би била причината еден студент од Харвард 0:07:28.000,0:07:30.000 да биде несреќен?“ 0:07:30.000,0:07:32.000 Во ова прашање е вграден 0:07:32.000,0:07:34.000 клучот за разбирање на науката која ја проучува среќата. 0:07:34.000,0:07:36.000 Она што ова прашање го претпоставува 0:07:36.000,0:07:39.000 е дека надворешниот свет е предуслов за нивото на нашата среќа, 0:07:39.000,0:07:41.000 а всушност, ако знам сè за вашиот надворешен свет, 0:07:41.000,0:07:44.000 можам да предвидам само 10 проценти од вашата долгорочна среќа. 0:07:44.000,0:07:46.000 Останатите 90 проценти од вашата долгорочна среќа 0:07:46.000,0:07:48.000 не се одредени од надворешниот свет, 0:07:48.000,0:07:50.000 туку од начинот на кој вашиот мозок го процесира светот. 0:07:50.000,0:07:52.000 И ако го промениме тоа, 0:07:52.000,0:07:54.000 ако ја промениме нашата формула за среќа и успех, 0:07:54.000,0:07:56.000 можеме да го промениме начинот 0:07:56.000,0:07:58.000 на кој делуваме на реалноста. 0:07:58.000,0:08:00.000 Ние откривме дека само 25 проценти од успесите на работното место 0:08:00.000,0:08:02.000 можат да се предвидат од коефициентот на интелигенција. 0:08:02.000,0:08:04.000 75 проценти од успесите на работното место 0:08:04.000,0:08:07.000 зависат од нивото на оптимизам, поддршката од средината 0:08:07.000,0:08:10.000 и можноста да се препознае стресот како предизвик наместо закана. 0:08:10.000,0:08:13.000 Во еден разговор со претставници од еден интернат во Њу Ингланд, веројатно најпрестижниот интернат, 0:08:13.000,0:08:15.000 тие ми кажаа, “Ние веќе го знаеме тоа. 0:08:15.000,0:08:18.000 Затоа секоја година, наместо предавања имаме недела посветена на добросостојбата. 0:08:18.000,0:08:21.000 И многу сме возбудени. Во понеделник навечер најдобриот светски експерт 0:08:21.000,0:08:23.000 за депресија кај адолесценти ќе дојде да зборува. 0:08:23.000,0:08:25.000 Во вторник навечер зборуваме за насилството во училиштата. 0:08:25.000,0:08:27.000 Средата е за пореметувања во исхраната. 0:08:27.000,0:08:29.000 Во четврток вечер зборуваме за употребата на дроги. 0:08:29.000,0:08:32.000 За во петок сеуште одлучуваме меѓу ризичен секс и среќа.“ 0:08:32.000,0:08:35.000 (смеа) 0:08:35.000,0:08:37.000 Јас им одговорив, “Тоа звучи како петочна вечер за повеќето луѓе.“ 0:08:37.000,0:08:40.000 (смеа) 0:08:40.000,0:08:43.000 (аплауз) 0:08:43.000,0:08:45.000 Драго ми е што ви се допаѓа мојот одговор, но ним не им се допадна. 0:08:45.000,0:08:47.000 Од другата страна на слушалката имаше штама. 0:08:47.000,0:08:49.000 И за да ја прекинам тишината реков, “Ќе ми претставува задоволство да зборувам во вашето училиште, 0:08:49.000,0:08:52.000 но морам да ви кажам дека вашата недела е недела на болести, а не на добросостојба. 0:08:52.000,0:08:54.000 Вие сте ги потенцирале сите негативни настани кои можат да се случат, 0:08:54.000,0:08:56.000 но воопшто не сте ги споменале позитивните.“ 0:08:56.000,0:08:58.000 Отсуството на болест не значи здравје. 0:08:58.000,0:09:00.000 Еве како доаѓаме до здравје -- 0:09:00.000,0:09:03.000 треба да ја превртиме формулата за среќа и успех. 0:09:03.000,0:09:05.000 Во последните три години патував во повеќе од 45 различни земји, 0:09:05.000,0:09:07.000 работев со училишта и компании 0:09:07.000,0:09:09.000 во центарот на економската криза. 0:09:09.000,0:09:11.000 И видов дека повеќето компании и училишта 0:09:11.000,0:09:13.000 ја следат следнава формула за успех: 0:09:13.000,0:09:15.000 “Ако работам повредно, ќе бидам поуспешен. 0:09:15.000,0:09:18.000 Ако сум поуспешен, ќе бидам посреќен.“ 0:09:18.000,0:09:20.000 Ова е основата на нашиот пристап кон воспитувањето на децата, менаџирањето 0:09:20.000,0:09:22.000 и мотивирањето воопшто. 0:09:22.000,0:09:25.000 А проблемот е што тоа е научно неоправдано и контрадикторно од две причини. 0:09:25.000,0:09:28.000 Прво, секој пат кога нашиот мозок доживува успех 0:09:28.000,0:09:30.000 се менува нашата замисла за тоа како изгледа успехот. 0:09:30.000,0:09:32.000 Ако имаш добри оцени, следно е да имаш подобри оцени, 0:09:32.000,0:09:34.000 ако се запишеш во добро училиште, потоа се запишуваш во подобро училиште, 0:09:34.000,0:09:36.000 ако имаш добра работа, треба да најдеш уште подобра, 0:09:36.000,0:09:38.000 ако ја исполниш продажната цел, ние ќе ти ја зголемиме целта. 0:09:38.000,0:09:41.000 И кога среќата е на спротивната страна од успехот, нашиот мозок никогаш не стигнува таму. 0:09:41.000,0:09:43.000 Ние, како општество, го поместуваме 0:09:43.000,0:09:46.000 замислениот хоризонт на среќата, 0:09:46.000,0:09:48.000 поради тоа што мислиме дека треба да бидеме успешни 0:09:48.000,0:09:50.000 за потоа да станеме среќни. 0:09:50.000,0:09:52.000 Но вистинскиот проблем е што нашите мозоци работат обратно. 0:09:52.000,0:09:55.000 Ако подигнеме нечие ниво на среќа во сегашноста, 0:09:55.000,0:09:58.000 тогаш нивниот мозок доживува нешто што се нарекува предност на среќа, 0:09:58.000,0:10:00.000 што значи дека мозокот во позитивно расположение 0:10:00.000,0:10:02.000 работи значително подобро 0:10:02.000,0:10:04.000 отколку во просечно, неутрално или стресно расположение. 0:10:04.000,0:10:07.000 Растат интелигенцијата, креативноста и нивото на енергија. 0:10:07.000,0:10:09.000 Всушност, откривме дека вака 0:10:09.000,0:10:11.000 се унапредува буквално секој бизнис исход. 0:10:11.000,0:10:13.000 Вашиот мозок е 31 процент попродуктивен во позитивна состојба, 0:10:13.000,0:10:16.000 отколку во негативна, неутрална или стресна состојба. 0:10:16.000,0:10:18.000 Вашите продажни вештини се за 37 проценти подобри. 0:10:18.000,0:10:20.000 Докторите се 19 проценти побрзи и попрецизни 0:10:20.000,0:10:22.000 во поставување на точни дијагнози 0:10:22.000,0:10:24.000 кога се позитивни, наместо негативни, неутрални или под стрес. 0:10:24.000,0:10:26.000 Ова значи дека можеме да ја превртиме формулата. 0:10:26.000,0:10:29.000 Ако најдеме начин да се биде позитивен во сегашноста, 0:10:29.000,0:10:31.000 тогаш нашите мозоци ќе работат поуспешно 0:10:31.000,0:10:34.000 и ќе можеме да работиме повредно, побрзо и поинтелигентно. 0:10:34.000,0:10:37.000 Мораме да ја превртиме формулата за да 0:10:37.000,0:10:39.000 започнеме да гледаме за што се способни нашите мозоци. 0:10:39.000,0:10:41.000 Допаминот кој циркулира во нашиот систем кога сме позитивно расположени 0:10:41.000,0:10:43.000 има две функции. 0:10:43.000,0:10:45.000 Не само што нè прави посреќни, 0:10:45.000,0:10:47.000 туку ги вклучува центрите за учење во мозокот 0:10:47.000,0:10:50.000 со што ни овозможува да се адаптираме на светот на различен начин. 0:10:50.000,0:10:52.000 Откривме дека постојат начини со кои можеме да го тренираме мозокот 0:10:52.000,0:10:54.000 да стане попозитивен. 0:10:54.000,0:10:57.000 За краток период од 2 минути дневно кој се повторува 21 ден по ред 0:10:57.000,0:10:59.000 можеме да ги промениме врските во мозокот, 0:10:59.000,0:11:01.000 со што ќе му овозможиме на мозокот да работи 0:11:01.000,0:11:03.000 со повеќе оптимизам и повеќе успех. 0:11:03.000,0:11:05.000 Во рамки на истражувањето ги пробавме овие методи 0:11:05.000,0:11:07.000 во секоја компанија со која соработувавме, 0:11:07.000,0:11:09.000 и побаравме од вработените да запишуваат по три нови нешта за кои се благодарни 0:11:09.000,0:11:11.000 секој ден, 21 ден по ред -- три нови нешта секој ден. 0:11:11.000,0:11:13.000 На крајот од вежбата, 0:11:13.000,0:11:15.000 нивниот мозок ја памети шемата со која 0:11:15.000,0:11:18.000 го скенира светот во потрага по позитивните, а не негативните случувања. 0:11:18.000,0:11:20.000 Запишување на едно позитивно искуство кое се случило во текот на изминатите 24 часа 0:11:20.000,0:11:22.000 му овозможува на вашиот мозок повторно да го преживее тоа искуство. 0:11:22.000,0:11:25.000 Оваа вежба го учи вашиот мозок дека однесувањето е важно. 0:11:25.000,0:11:27.000 Знаеме дека медитацијата му помага на мозокот да ги надмине 0:11:27.000,0:11:30.000 проблемите со концентрација и посветеност кои сами ги креираме 0:11:30.000,0:11:32.000 обидувајќи се да се справиме со повеќе задачи истовремено 0:11:32.000,0:11:35.000 и му овозможува да се фокусира само на моменталната задача. 0:11:35.000,0:11:37.000 И на крај, случајните добри дела се свесни добри дела. 0:11:37.000,0:11:39.000 Ги натеравме луѓето секој пат кога ќе го отворат нивното електронско поштенско сандаче 0:11:39.000,0:11:41.000 да испратат една позитивна порака 0:11:41.000,0:11:43.000 во која ќе пофалат или ќе му се заблагодарат некому за поддршката што им ја пружа. 0:11:43.000,0:11:45.000 Со овие активности 0:11:45.000,0:11:47.000 го тренираме мозокот исто како што ги тренираме нашите тела, 0:11:47.000,0:11:50.000 и доаѓаме до сознание дека можеме да ја превртиме формулата за среќа и успех 0:11:50.000,0:11:53.000 и со тоа да креираме бранови на позитивност, 0:11:53.000,0:11:55.000 а истовремено и вистинска револуција. 0:11:55.000,0:11:57.000 Ви благодарам многу. 0:11:57.000,0:12:00.000 (аплауз)