WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:03.000 Кога имав седум години, а сестра ми имаше само пет 00:00:03.000 --> 00:00:06.000 си игравме на креветот на кат. 00:00:06.000 --> 00:00:08.000 Тогаш бев две години постар од сестра ми -- 00:00:08.000 --> 00:00:11.000 мислам, и денес сум две години постар од неа -- 00:00:11.000 --> 00:00:14.000 но тогаш ова значеше дека таа мора да прави сè што јас сакав да правиме, 00:00:14.000 --> 00:00:16.000 а јас сакав да си играме војна. 00:00:16.000 --> 00:00:18.000 Значи бевме на горниот кат од креветите, 00:00:18.000 --> 00:00:20.000 на едната страна од креветот бев јас 00:00:20.000 --> 00:00:22.000 и ги имав наредно сите мои војници и оружја, 00:00:22.000 --> 00:00:25.000 а на другата страна беа розевите понија на сестра ми, 00:00:25.000 --> 00:00:27.000 спремни за битка. NOTE Paragraph 00:00:27.000 --> 00:00:29.000 Има различни тврдења за тоа што се случи тоа попладне, 00:00:29.000 --> 00:00:32.000 но бидејќи сестра ми не е овде денес, 00:00:32.000 --> 00:00:34.000 јас ќе ви ја раскажам вистинската приказна -- 00:00:34.000 --> 00:00:36.000 (смеа) -- 00:00:36.000 --> 00:00:38.000 а таа е дека сестра ми е малку несмасна. 00:00:38.000 --> 00:00:41.000 Некако, без никаква помош од нејзиниот постар брат, 00:00:41.000 --> 00:00:43.000 Ејми исчезна од горниот кат на креветите 00:00:43.000 --> 00:00:45.000 и со трескот слета на подот. 00:00:45.000 --> 00:00:47.000 Јас нервозно ѕирнав преку работ на креветот 00:00:47.000 --> 00:00:50.000 да видам што ја снашло сестра ми 00:00:50.000 --> 00:00:52.000 и видов дека слетала на раце и нозе, 00:00:52.000 --> 00:00:54.000 со сите четири на подот. NOTE Paragraph 00:00:54.000 --> 00:00:56.000 Бев нервозен бидејќи моите родители ме задолжија 00:00:56.000 --> 00:00:58.000 да се погрижам јас и сестра ми 00:00:58.000 --> 00:01:01.000 да играме колку што е можно побезбедно и потивко. 00:01:01.000 --> 00:01:04.000 И бидејќи случајно ӣ ја скршив раката на Ејми 00:01:04.000 --> 00:01:06.000 една недела претходно ... 00:01:06.000 --> 00:01:10.000 (смеа) 00:01:10.000 --> 00:01:12.000 ... откако херојски ја спасив 00:01:12.000 --> 00:01:15.000 од еден имагинарен снајперски куршум 00:01:15.000 --> 00:01:17.000 (смеа) 00:01:17.000 --> 00:01:19.000 за што сеуште никој не ми заблагодарил, 00:01:19.000 --> 00:01:21.000 се трудев да бидам -- 00:01:21.000 --> 00:01:23.000 а таа воопшто и да не забележи -- 00:01:23.000 --> 00:01:25.000 се трудев да бидам најпримерен што можам. NOTE Paragraph 00:01:25.000 --> 00:01:27.000 Кога ӣ го видов лицето на сестра ми, 00:01:27.000 --> 00:01:29.000 со израз на болка, патење и изненадување, 00:01:29.000 --> 00:01:31.000 кој се закануваше дека ќе еруптира од незјината уста и ќе ги разбуди 00:01:31.000 --> 00:01:34.000 моите родители од долгата зимска дремка во која западнале, 00:01:34.000 --> 00:01:36.000 го направив единственото нешто што 00:01:36.000 --> 00:01:39.000 мојот испаничен седумгодишен мозок можеше да го смисли за да ја спречи трагедијата. 00:01:39.000 --> 00:01:41.000 Ако имате деца, тогаш ова сте го виделе стотици пати до сега. 00:01:41.000 --> 00:01:43.000 Ӣ реков: "Ејми, Ејми, чекај! Немој да плачеш. Не плачи! 00:01:43.000 --> 00:01:45.000 Виде како слета на подот? 00:01:45.000 --> 00:01:48.000 Ни едно човечко суштество не може да слета така, на сите четири. 00:01:48.000 --> 00:01:51.000 Ејми, мислам дека ова значи дека си еднорог." NOTE Paragraph 00:01:51.000 --> 00:01:54.000 (смеа) NOTE Paragraph 00:01:54.000 --> 00:01:57.000 Се извлеков со измама, бидејќи немаше ништо на светот што сестра ми го сакаше повеќе 00:01:57.000 --> 00:01:59.000 од тоа да не биде Ејми помалата повредена петгодишна сестра, 00:01:59.000 --> 00:02:01.000 туку Ејми - волшебниот еднорог. 00:02:01.000 --> 00:02:04.000 Се разбира, оваа можност никогаш порано не ӣ паднала на ум. 00:02:04.000 --> 00:02:07.000 И можеше да се види како мојата кутра, изманипулирана сестра се соочува со конфликт 00:02:07.000 --> 00:02:09.000 кога нејзиниот малечок мозок се најде поделен 00:02:09.000 --> 00:02:11.000 меѓу чувствата на болка, патење и изненадување, 00:02:11.000 --> 00:02:13.000 кои штотуку ги почувствува, 00:02:13.000 --> 00:02:15.000 и разгледувањето на својот нов идентитет како еднорог. 00:02:15.000 --> 00:02:17.000 И второво победи. 00:02:17.000 --> 00:02:19.000 Наместо да заплаче и да ја прекине нашата игра, 00:02:19.000 --> 00:02:21.000 наместо да ги разбуди моите родители, 00:02:21.000 --> 00:02:23.000 со сите негативни последици кои ќе следеа за мене, 00:02:23.000 --> 00:02:25.000 на нејзиното лице се појави насмевка 00:02:25.000 --> 00:02:28.000 и брзо се врати на креветот со целата грациозност на едно бебе - еднорог ... 00:02:28.000 --> 00:02:30.000 (смеа) 00:02:30.000 --> 00:02:32.000 ... со една скршена нога. NOTE Paragraph 00:02:32.000 --> 00:02:34.000 Она на што наидовме 00:02:34.000 --> 00:02:36.000 на оваа рана возраст од пет и седум години -- 00:02:36.000 --> 00:02:38.000 а не бевме ни свесни во тој момент -- 00:02:38.000 --> 00:02:41.000 е нешто што како авангардна научна револуција ќе се појави 00:02:41.000 --> 00:02:44.000 две децении подоцна и ќе го промени начинот на кој го гледаме човечкиот мозок. 00:02:44.000 --> 00:02:47.000 Она на што наидовме тогаш се вика позитивна психологија 00:02:47.000 --> 00:02:49.000 и е причината поради која сум јас денес тука 00:02:49.000 --> 00:02:51.000 и причината поради која се будам секое утро. NOTE Paragraph 00:02:51.000 --> 00:02:53.000 Кога прв пат започнав да зборувам за ова истражување 00:02:53.000 --> 00:02:55.000 надвор од академските кругови, во компании и училишта, 00:02:55.000 --> 00:02:57.000 првата работа што ми ја кажаа е 00:02:57.000 --> 00:02:59.000 никогаш да не го започнувам говорот со графикон. 00:02:59.000 --> 00:03:01.000 А тоа е баш првата работа што сакам да ја направам. 00:03:01.000 --> 00:03:03.000 Овој графикон изгледа досадно, 00:03:03.000 --> 00:03:05.000 но тој е причината поради која сум возбуден и се будам секое утро. 00:03:05.000 --> 00:03:07.000 А графиконов и нема некое значење; ова се измислени податоци. 00:03:07.000 --> 00:03:09.000 Она што го откривме е -- NOTE Paragraph 00:03:09.000 --> 00:03:13.000 (смеа) NOTE Paragraph 00:03:13.000 --> 00:03:16.000 ако ги добиев овие податоци истражувајќи ве вас тука, во оваа просторија, ќе бев пресреќен, 00:03:16.000 --> 00:03:18.000 бидејќи очигледно е дека се забележува некој тренд, 00:03:18.000 --> 00:03:20.000 што значи дека мојот труд ќе биде објавен, 00:03:20.000 --> 00:03:22.000 а тоа е најважно. 00:03:22.000 --> 00:03:24.000 Фактот што има една чудна црвена точка овде горе, над кривата, 00:03:24.000 --> 00:03:26.000 значи дека има некој чудак во оваа просторија -- 00:03:26.000 --> 00:03:29.000 знам кој си, те видов пред да почнеме -- 00:03:29.000 --> 00:03:31.000 но тоа не е голем проблем. 00:03:31.000 --> 00:03:33.000 Ова не е голем проблем, како што повеќето од вас знаат, 00:03:33.000 --> 00:03:35.000 бидејќи многу лесно можам да ја ибришам оваа точка. 00:03:35.000 --> 00:03:37.000 Можам да ја избришам зошто очигледно станува збор за грешка при мерење. 00:03:37.000 --> 00:03:39.000 А знаеме дека е грешка при мерење 00:03:39.000 --> 00:03:42.000 бидејќи ми го расипува трендот. NOTE Paragraph 00:03:42.000 --> 00:03:44.000 Значи, една од првите работи кои ги учиме луѓето 00:03:44.000 --> 00:03:47.000 на курсевите по економија, статистика, бизнис или психологија 00:03:47.000 --> 00:03:50.000 е како, на статистички исправен начин, да ги елиминираат чудаците. 00:03:50.000 --> 00:03:52.000 Како да ги елиминираме отпадниците 00:03:52.000 --> 00:03:54.000 за да дојдеме до кривата на добро прилагодените? 00:03:54.000 --> 00:03:56.000 Ова е фантастично ако се обидувам да откријам 00:03:56.000 --> 00:03:59.000 колку табелети Адвил (вид лек против болки) треба да зема еден просечен човек -- две. 00:03:59.000 --> 00:04:01.000 Но ако сум заинтересиран за потенцијал, за вашиот потенцијал 00:04:01.000 --> 00:04:03.000 за среќа или продуктивност 00:04:03.000 --> 00:04:05.000 или енергија или креативност, 00:04:05.000 --> 00:04:07.000 она што го правиме е креираме култ на просечност со научни методи. NOTE Paragraph 00:04:07.000 --> 00:04:09.000 Ако го поставам прашањето 00:04:09.000 --> 00:04:11.000 "Колку брзо може да научи да чита едно дете во дадена училница?" 00:04:11.000 --> 00:04:13.000 научниците го одговараат прашањето "Колку брзо научува да чита 00:04:13.000 --> 00:04:15.000 просечното дете во таа училница?" 00:04:15.000 --> 00:04:17.000 и потоа го кроиме целиот клас во однос на тој просек. 00:04:17.000 --> 00:04:19.000 Ако некој падне под просекот на таа крива, 00:04:19.000 --> 00:04:21.000 психолозите се пресреќни, 00:04:21.000 --> 00:04:24.000 бидејќи тоа автоматски значи дека тој е во депресија или има некакво пореметување, 00:04:24.000 --> 00:04:26.000 а се надеваме и двете. 00:04:26.000 --> 00:04:28.000 Се надеваме на обете бидејќи нашиот бизнис модел е следен -- 00:04:28.000 --> 00:04:30.000 ако дојдете на терапија со еден проблем, 00:04:30.000 --> 00:04:32.000 се трудиме да си заминете со сознанието дека имате 10, 00:04:32.000 --> 00:04:34.000 за да продолжите постојано да се враќате. 00:04:34.000 --> 00:04:36.000 Ќе чепкаме и по вашето детство ако е неопходно, 00:04:36.000 --> 00:04:38.000 но она што сакаме да го постигнеме е повторно да се чувствувате нормално. 00:04:38.000 --> 00:04:40.000 А нормално значи само просечно. NOTE Paragraph 00:04:40.000 --> 00:04:42.000 И она што јас го застапувам и она што позитивната психологија го застапува 00:04:42.000 --> 00:04:44.000 е ако го проучуваме она што е само просечно, 00:04:44.000 --> 00:04:46.000 остануваме само просечни. 00:04:46.000 --> 00:04:48.000 Така наместо да ги избришам овие позитивни отпадници, 00:04:48.000 --> 00:04:50.000 јас намерно доаѓам во средина како оваа 00:04:50.000 --> 00:04:52.000 и ве прашувам, зошто? 00:04:52.000 --> 00:04:54.000 Зошто некои од вас се поставени толку повисоко од кривата 00:04:54.000 --> 00:04:56.000 во однос на вашата интелектуална способност, атлетска или музичка способност, 00:04:56.000 --> 00:04:58.000 креативност, енергичност, 00:04:58.000 --> 00:05:00.000 отпорот кој го пружате кога сте соочени со предизвик, вашата смисла за хумор? 00:05:00.000 --> 00:05:03.000 Каква и да е причината, наместо да ве избришам, јас сакам да ве проучувам, 00:05:03.000 --> 00:05:05.000 бидејќи можеме да собереме информации -- 00:05:05.000 --> 00:05:07.000 не само како да ги донесеме луѓето до просекот, 00:05:07.000 --> 00:05:10.000 туку како да го поместиме целиот просек нагоре 00:05:10.000 --> 00:05:12.000 во нашите компании и училишта од целиот свет. NOTE Paragraph 00:05:12.000 --> 00:05:14.000 Причината поради која овој графикон ми е толку важен 00:05:14.000 --> 00:05:16.000 е бидејќи кога ќе вклучам вести, ми изгледа дека најголемиот дел од информациите 00:05:16.000 --> 00:05:18.000 не се позитивни, туку баш напротив -- негативни. 00:05:18.000 --> 00:05:21.000 Повеќето вести се за убиства, корупција, болести, природни катастрофи. 00:05:21.000 --> 00:05:23.000 И многу брзо, мојот мозок започнува да мисли 00:05:23.000 --> 00:05:25.000 дека тоа е точниот сооднос на негативни и позитивни случувања во светот. 00:05:25.000 --> 00:05:27.000 Ова креира нешто 00:05:27.000 --> 00:05:29.000 што се нарекува синдром на медицинско училиште -- 00:05:29.000 --> 00:05:31.000 ако познавате луѓе кои студирале медицина знаете дека 00:05:31.000 --> 00:05:33.000 во првата година од студирањето, 00:05:33.000 --> 00:05:35.000 како што ги читаат списоците на симптоми и болести кои можат да се појават, 00:05:35.000 --> 00:05:37.000 тие сфаќаат дека ги имаат сите од нив. NOTE Paragraph 00:05:37.000 --> 00:05:40.000 Имам еден зет кој се вика Бобо -- но тоа е сосема друга приказна. 00:05:40.000 --> 00:05:43.000 Бобо е оженет со Ејми -- еднорогот. 00:05:43.000 --> 00:05:46.000 Ми се јавува Бобо на телефон 00:05:46.000 --> 00:05:49.000 од медицинскиот факултет на Јеил 00:05:49.000 --> 00:05:51.000 и ми вика "Шон, имам лепра.", 00:05:51.000 --> 00:05:53.000 (смеа) 00:05:53.000 --> 00:05:55.000 што дури и на Јеил се среќава екстремно ретко. 00:05:55.000 --> 00:05:58.000 Но јас немав поим како да го утешам Бобо, 00:05:58.000 --> 00:06:00.000 бидејќи само што закрепна од менопауза која траеше цела недела. NOTE Paragraph 00:06:00.000 --> 00:06:02.000 (смеа) NOTE Paragraph 00:06:02.000 --> 00:06:05.000 Значи она што го осознаваме е дека нас не нè оформува реалноста, 00:06:05.000 --> 00:06:08.000 туку призмата низ која нашиот мозок го гледа светот ја оформува реалноста. 00:06:08.000 --> 00:06:11.000 И доколку можеме да ја промениме призмата, не само што ќе ја промениме среќата, 00:06:11.000 --> 00:06:14.000 туку истовремено ќе го промениме и секој образовен и економски исход. NOTE Paragraph 00:06:14.000 --> 00:06:16.000 Кога се пријавував на Харвард, го сторив тоа поради предизвик. 00:06:16.000 --> 00:06:19.000 Не очекував дека ќе ме примат, а моето семејство немаше пари за факултет. 00:06:19.000 --> 00:06:21.000 Кога две седмици подоцна добив воена стипендија, тие ми дозволија да одам. 00:06:21.000 --> 00:06:24.000 Одеднаш, нешто што воопшто не беше можно стана реалност. 00:06:24.000 --> 00:06:27.000 Кога стигнав таму, претпоставував дека и другите ќе го сметаат своето присуство таму за привилегија, 00:06:27.000 --> 00:06:29.000 дека ќе бидат возбудени што се таму. 00:06:29.000 --> 00:06:31.000 Дури и ако се наоѓате во училница полна со луѓе кои се попаметни од вас 00:06:31.000 --> 00:06:33.000 вие се чувствувате среќни што сте во таа училница. 00:06:33.000 --> 00:06:35.000 Но она што го увидов таму е дека 00:06:35.000 --> 00:06:37.000 и покрај тоа што постојат луѓе кои се чувствуваат така -- 00:06:37.000 --> 00:06:39.000 иако по четири години дипломирав, 00:06:39.000 --> 00:06:41.000 ги поминав и наредните осум години во студентските домови заедно со студентите -- 00:06:41.000 --> 00:06:44.000 од Харвард ми понудија работа; не сум јас таков -- 00:06:44.000 --> 00:06:48.000 (смеа) 00:06:48.000 --> 00:06:51.000 работев како советник на студентите во тие тешки четири години 00:06:51.000 --> 00:06:53.000 и она што го открив во моето истражување и предавање 00:06:53.000 --> 00:06:55.000 е дека овие студенти, колку и да биле среќни 00:06:55.000 --> 00:06:58.000 со нивниот почетен успех кога се запишале на факултетот, 00:06:58.000 --> 00:07:01.000 две седмици подоцна нивниот мозок не се фокусира на привилигијата да се биде таму, 00:07:01.000 --> 00:07:03.000 ниту на предметите филозофија или физика. 00:07:03.000 --> 00:07:05.000 Нивниот мозок се фокусира на конкуренцијата, на работните обврски, 00:07:05.000 --> 00:07:07.000 на кавгите, стресот и поплаките. NOTE Paragraph 00:07:07.000 --> 00:07:09.000 Кога прв пат стигнав таму, влегов во мензата за бруцоши, 00:07:09.000 --> 00:07:12.000 за која моите пријатели од Вако, Тексас -- местото каде што пораснав, 00:07:12.000 --> 00:07:14.000 за кое знам дека некои од вас имаат слушнато -- 00:07:14.000 --> 00:07:16.000 кога ќе дојдеа да ме посетат, разгледуваа наоколу 00:07:16.000 --> 00:07:18.000 и коментираа: “Оваа менза изгледа како да е излезена 00:07:18.000 --> 00:07:20.000 од Хогварт од филмот ‘Хари Потер‘“, и беа во право. 00:07:20.000 --> 00:07:22.000 Еве го Хогварт од филмот “Хари Потер“, а еве го Харвард. 00:07:22.000 --> 00:07:24.000 И кога ќе го видеа ова 00:07:24.000 --> 00:07:26.000 велеа: “Шон, зошто си го губиш времето да ја проучуваш среќата на Харвард? 00:07:26.000 --> 00:07:28.000 Сериозно, која би била причината еден студент од Харвард 00:07:28.000 --> 00:07:30.000 да биде несреќен?“ NOTE Paragraph 00:07:30.000 --> 00:07:32.000 Во ова прашање е вграден 00:07:32.000 --> 00:07:34.000 клучот за разбирање на науката која ја проучува среќата. 00:07:34.000 --> 00:07:36.000 Она што ова прашање го претпоставува 00:07:36.000 --> 00:07:39.000 е дека надворешниот свет е предуслов за нивото на нашата среќа, 00:07:39.000 --> 00:07:41.000 а всушност, ако знам сè за вашиот надворешен свет, 00:07:41.000 --> 00:07:44.000 можам да предвидам само 10 проценти од вашата долгорочна среќа. 00:07:44.000 --> 00:07:46.000 Останатите 90 проценти од вашата долгорочна среќа 00:07:46.000 --> 00:07:48.000 не се одредени од надворешниот свет, 00:07:48.000 --> 00:07:50.000 туку од начинот на кој вашиот мозок го процесира светот. 00:07:50.000 --> 00:07:52.000 И ако го промениме тоа, 00:07:52.000 --> 00:07:54.000 ако ја промениме нашата формула за среќа и успех, 00:07:54.000 --> 00:07:56.000 можеме да го промениме начинот 00:07:56.000 --> 00:07:58.000 на кој делуваме на реалноста. 00:07:58.000 --> 00:08:00.000 Ние откривме дека само 25 проценти од успесите на работното место 00:08:00.000 --> 00:08:02.000 можат да се предвидат од коефициентот на интелигенција. 00:08:02.000 --> 00:08:04.000 75 проценти од успесите на работното место 00:08:04.000 --> 00:08:07.000 зависат од нивото на оптимизам, поддршката од средината 00:08:07.000 --> 00:08:10.000 и можноста да се препознае стресот како предизвик наместо закана. NOTE Paragraph 00:08:10.000 --> 00:08:13.000 Во еден разговор со претставници од еден интернат во Њу Ингланд, веројатно најпрестижниот интернат, 00:08:13.000 --> 00:08:15.000 тие ми кажаа, “Ние веќе го знаеме тоа. 00:08:15.000 --> 00:08:18.000 Затоа секоја година, наместо предавања имаме недела посветена на добросостојбата. 00:08:18.000 --> 00:08:21.000 И многу сме возбудени. Во понеделник навечер најдобриот светски експерт 00:08:21.000 --> 00:08:23.000 за депресија кај адолесценти ќе дојде да зборува. 00:08:23.000 --> 00:08:25.000 Во вторник навечер зборуваме за насилството во училиштата. 00:08:25.000 --> 00:08:27.000 Средата е за пореметувања во исхраната. 00:08:27.000 --> 00:08:29.000 Во четврток вечер зборуваме за употребата на дроги. 00:08:29.000 --> 00:08:32.000 За во петок сеуште одлучуваме меѓу ризичен секс и среќа.“ 00:08:32.000 --> 00:08:35.000 (смеа) 00:08:35.000 --> 00:08:37.000 Јас им одговорив, “Тоа звучи како петочна вечер за повеќето луѓе.“ 00:08:37.000 --> 00:08:40.000 (смеа) 00:08:40.000 --> 00:08:43.000 (аплауз) 00:08:43.000 --> 00:08:45.000 Драго ми е што ви се допаѓа мојот одговор, но ним не им се допадна. 00:08:45.000 --> 00:08:47.000 Од другата страна на слушалката имаше штама. 00:08:47.000 --> 00:08:49.000 И за да ја прекинам тишината реков, “Ќе ми претставува задоволство да зборувам во вашето училиште, 00:08:49.000 --> 00:08:52.000 но морам да ви кажам дека вашата недела е недела на болести, а не на добросостојба. 00:08:52.000 --> 00:08:54.000 Вие сте ги потенцирале сите негативни настани кои можат да се случат, 00:08:54.000 --> 00:08:56.000 но воопшто не сте ги споменале позитивните.“ NOTE Paragraph 00:08:56.000 --> 00:08:58.000 Отсуството на болест не значи здравје. 00:08:58.000 --> 00:09:00.000 Еве како доаѓаме до здравје -- 00:09:00.000 --> 00:09:03.000 треба да ја превртиме формулата за среќа и успех. 00:09:03.000 --> 00:09:05.000 Во последните три години патував во повеќе од 45 различни земји, 00:09:05.000 --> 00:09:07.000 работев со училишта и компании 00:09:07.000 --> 00:09:09.000 во центарот на економската криза. 00:09:09.000 --> 00:09:11.000 И видов дека повеќето компании и училишта 00:09:11.000 --> 00:09:13.000 ја следат следнава формула за успех: 00:09:13.000 --> 00:09:15.000 “Ако работам повредно, ќе бидам поуспешен. 00:09:15.000 --> 00:09:18.000 Ако сум поуспешен, ќе бидам посреќен.“ 00:09:18.000 --> 00:09:20.000 Ова е основата на нашиот пристап кон воспитувањето на децата, менаџирањето 00:09:20.000 --> 00:09:22.000 и мотивирањето воопшто. NOTE Paragraph 00:09:22.000 --> 00:09:25.000 А проблемот е што тоа е научно неоправдано и контрадикторно од две причини. 00:09:25.000 --> 00:09:28.000 Прво, секој пат кога нашиот мозок доживува успех 00:09:28.000 --> 00:09:30.000 се менува нашата замисла за тоа како изгледа успехот. 00:09:30.000 --> 00:09:32.000 Ако имаш добри оцени, следно е да имаш подобри оцени, 00:09:32.000 --> 00:09:34.000 ако се запишеш во добро училиште, потоа се запишуваш во подобро училиште, 00:09:34.000 --> 00:09:36.000 ако имаш добра работа, треба да најдеш уште подобра, 00:09:36.000 --> 00:09:38.000 ако ја исполниш продажната цел, ние ќе ти ја зголемиме целта. 00:09:38.000 --> 00:09:41.000 И кога среќата е на спротивната страна од успехот, нашиот мозок никогаш не стигнува таму. 00:09:41.000 --> 00:09:43.000 Ние, како општество, го поместуваме 00:09:43.000 --> 00:09:46.000 замислениот хоризонт на среќата, 00:09:46.000 --> 00:09:48.000 поради тоа што мислиме дека треба да бидеме успешни 00:09:48.000 --> 00:09:50.000 за потоа да станеме среќни. NOTE Paragraph 00:09:50.000 --> 00:09:52.000 Но вистинскиот проблем е што нашите мозоци работат обратно. 00:09:52.000 --> 00:09:55.000 Ако подигнеме нечие ниво на среќа во сегашноста, 00:09:55.000 --> 00:09:58.000 тогаш нивниот мозок доживува нешто што се нарекува предност на среќа, 00:09:58.000 --> 00:10:00.000 што значи дека мозокот во позитивно расположение 00:10:00.000 --> 00:10:02.000 работи значително подобро 00:10:02.000 --> 00:10:04.000 отколку во просечно, неутрално или стресно расположение. 00:10:04.000 --> 00:10:07.000 Растат интелигенцијата, креативноста и нивото на енергија. 00:10:07.000 --> 00:10:09.000 Всушност, откривме дека вака 00:10:09.000 --> 00:10:11.000 се унапредува буквално секој бизнис исход. 00:10:11.000 --> 00:10:13.000 Вашиот мозок е 31 процент попродуктивен во позитивна состојба, 00:10:13.000 --> 00:10:16.000 отколку во негативна, неутрална или стресна состојба. 00:10:16.000 --> 00:10:18.000 Вашите продажни вештини се за 37 проценти подобри. 00:10:18.000 --> 00:10:20.000 Докторите се 19 проценти побрзи и попрецизни 00:10:20.000 --> 00:10:22.000 во поставување на точни дијагнози 00:10:22.000 --> 00:10:24.000 кога се позитивни, наместо негативни, неутрални или под стрес. 00:10:24.000 --> 00:10:26.000 Ова значи дека можеме да ја превртиме формулата. 00:10:26.000 --> 00:10:29.000 Ако најдеме начин да се биде позитивен во сегашноста, 00:10:29.000 --> 00:10:31.000 тогаш нашите мозоци ќе работат поуспешно 00:10:31.000 --> 00:10:34.000 и ќе можеме да работиме повредно, побрзо и поинтелигентно. NOTE Paragraph 00:10:34.000 --> 00:10:37.000 Мораме да ја превртиме формулата за да 00:10:37.000 --> 00:10:39.000 започнеме да гледаме за што се способни нашите мозоци. 00:10:39.000 --> 00:10:41.000 Допаминот кој циркулира во нашиот систем кога сме позитивно расположени 00:10:41.000 --> 00:10:43.000 има две функции. 00:10:43.000 --> 00:10:45.000 Не само што нè прави посреќни, 00:10:45.000 --> 00:10:47.000 туку ги вклучува центрите за учење во мозокот 00:10:47.000 --> 00:10:50.000 со што ни овозможува да се адаптираме на светот на различен начин. NOTE Paragraph 00:10:50.000 --> 00:10:52.000 Откривме дека постојат начини со кои можеме да го тренираме мозокот 00:10:52.000 --> 00:10:54.000 да стане попозитивен. 00:10:54.000 --> 00:10:57.000 За краток период од 2 минути дневно кој се повторува 21 ден по ред 00:10:57.000 --> 00:10:59.000 можеме да ги промениме врските во мозокот, 00:10:59.000 --> 00:11:01.000 со што ќе му овозможиме на мозокот да работи 00:11:01.000 --> 00:11:03.000 со повеќе оптимизам и повеќе успех. 00:11:03.000 --> 00:11:05.000 Во рамки на истражувањето ги пробавме овие методи 00:11:05.000 --> 00:11:07.000 во секоја компанија со која соработувавме, 00:11:07.000 --> 00:11:09.000 и побаравме од вработените да запишуваат по три нови нешта за кои се благодарни 00:11:09.000 --> 00:11:11.000 секој ден, 21 ден по ред -- три нови нешта секој ден. 00:11:11.000 --> 00:11:13.000 На крајот од вежбата, 00:11:13.000 --> 00:11:15.000 нивниот мозок ја памети шемата со која 00:11:15.000 --> 00:11:18.000 го скенира светот во потрага по позитивните, а не негативните случувања. NOTE Paragraph 00:11:18.000 --> 00:11:20.000 Запишување на едно позитивно искуство кое се случило во текот на изминатите 24 часа 00:11:20.000 --> 00:11:22.000 му овозможува на вашиот мозок повторно да го преживее тоа искуство. 00:11:22.000 --> 00:11:25.000 Оваа вежба го учи вашиот мозок дека однесувањето е важно. 00:11:25.000 --> 00:11:27.000 Знаеме дека медитацијата му помага на мозокот да ги надмине 00:11:27.000 --> 00:11:30.000 проблемите со концентрација и посветеност кои сами ги креираме 00:11:30.000 --> 00:11:32.000 обидувајќи се да се справиме со повеќе задачи истовремено 00:11:32.000 --> 00:11:35.000 и му овозможува да се фокусира само на моменталната задача. 00:11:35.000 --> 00:11:37.000 И на крај, случајните добри дела се свесни добри дела. 00:11:37.000 --> 00:11:39.000 Ги натеравме луѓето секој пат кога ќе го отворат нивното електронско поштенско сандаче 00:11:39.000 --> 00:11:41.000 да испратат една позитивна порака 00:11:41.000 --> 00:11:43.000 во која ќе пофалат или ќе му се заблагодарат некому за поддршката што им ја пружа. NOTE Paragraph 00:11:43.000 --> 00:11:45.000 Со овие активности 00:11:45.000 --> 00:11:47.000 го тренираме мозокот исто како што ги тренираме нашите тела, 00:11:47.000 --> 00:11:50.000 и доаѓаме до сознание дека можеме да ја превртиме формулата за среќа и успех 00:11:50.000 --> 00:11:53.000 и со тоа да креираме бранови на позитивност, 00:11:53.000 --> 00:11:55.000 а истовремено и вистинска револуција. NOTE Paragraph 00:11:55.000 --> 00:11:57.000 Ви благодарам многу. NOTE Paragraph 00:11:57.000 --> 00:12:00.000 (аплауз)