1 00:00:00,000 --> 00:00:03,000 Кога имав седум години, а сестра ми имаше само пет 2 00:00:03,000 --> 00:00:06,000 си игравме на креветот на кат. 3 00:00:06,000 --> 00:00:08,000 Тогаш бев две години постар од сестра ми -- 4 00:00:08,000 --> 00:00:11,000 мислам, и денес сум две години постар од неа -- 5 00:00:11,000 --> 00:00:14,000 но тогаш ова значеше дека таа мора да прави сè што јас сакав да правиме, 6 00:00:14,000 --> 00:00:16,000 а јас сакав да си играме војна. 7 00:00:16,000 --> 00:00:18,000 Значи бевме на горниот кат од креветите, 8 00:00:18,000 --> 00:00:20,000 на едната страна од креветот бев јас 9 00:00:20,000 --> 00:00:22,000 и ги имав наредно сите мои војници и оружја, 10 00:00:22,000 --> 00:00:25,000 а на другата страна беа розевите понија на сестра ми, 11 00:00:25,000 --> 00:00:27,000 спремни за битка. 12 00:00:27,000 --> 00:00:29,000 Има различни тврдења за тоа што се случи тоа попладне, 13 00:00:29,000 --> 00:00:32,000 но бидејќи сестра ми не е овде денес, 14 00:00:32,000 --> 00:00:34,000 јас ќе ви ја раскажам вистинската приказна -- 15 00:00:34,000 --> 00:00:36,000 (смеа) -- 16 00:00:36,000 --> 00:00:38,000 а таа е дека сестра ми е малку несмасна. 17 00:00:38,000 --> 00:00:41,000 Некако, без никаква помош од нејзиниот постар брат, 18 00:00:41,000 --> 00:00:43,000 Ејми исчезна од горниот кат на креветите 19 00:00:43,000 --> 00:00:45,000 и со трескот слета на подот. 20 00:00:45,000 --> 00:00:47,000 Јас нервозно ѕирнав преку работ на креветот 21 00:00:47,000 --> 00:00:50,000 да видам што ја снашло сестра ми 22 00:00:50,000 --> 00:00:52,000 и видов дека слетала на раце и нозе, 23 00:00:52,000 --> 00:00:54,000 со сите четири на подот. 24 00:00:54,000 --> 00:00:56,000 Бев нервозен бидејќи моите родители ме задолжија 25 00:00:56,000 --> 00:00:58,000 да се погрижам јас и сестра ми 26 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 да играме колку што е можно побезбедно и потивко. 27 00:01:01,000 --> 00:01:04,000 И бидејќи случајно ӣ ја скршив раката на Ејми 28 00:01:04,000 --> 00:01:06,000 една недела претходно ... 29 00:01:06,000 --> 00:01:10,000 (смеа) 30 00:01:10,000 --> 00:01:12,000 ... откако херојски ја спасив 31 00:01:12,000 --> 00:01:15,000 од еден имагинарен снајперски куршум 32 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 (смеа) 33 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 за што сеуште никој не ми заблагодарил, 34 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 се трудев да бидам -- 35 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 а таа воопшто и да не забележи -- 36 00:01:23,000 --> 00:01:25,000 се трудев да бидам најпримерен што можам. 37 00:01:25,000 --> 00:01:27,000 Кога ӣ го видов лицето на сестра ми, 38 00:01:27,000 --> 00:01:29,000 со израз на болка, патење и изненадување, 39 00:01:29,000 --> 00:01:31,000 кој се закануваше дека ќе еруптира од незјината уста и ќе ги разбуди 40 00:01:31,000 --> 00:01:34,000 моите родители од долгата зимска дремка во која западнале, 41 00:01:34,000 --> 00:01:36,000 го направив единственото нешто што 42 00:01:36,000 --> 00:01:39,000 мојот испаничен седумгодишен мозок можеше да го смисли за да ја спречи трагедијата. 43 00:01:39,000 --> 00:01:41,000 Ако имате деца, тогаш ова сте го виделе стотици пати до сега. 44 00:01:41,000 --> 00:01:43,000 Ӣ реков: "Ејми, Ејми, чекај! Немој да плачеш. Не плачи! 45 00:01:43,000 --> 00:01:45,000 Виде како слета на подот? 46 00:01:45,000 --> 00:01:48,000 Ни едно човечко суштество не може да слета така, на сите четири. 47 00:01:48,000 --> 00:01:51,000 Ејми, мислам дека ова значи дека си еднорог." 48 00:01:51,000 --> 00:01:54,000 (смеа) 49 00:01:54,000 --> 00:01:57,000 Се извлеков со измама, бидејќи немаше ништо на светот што сестра ми го сакаше повеќе 50 00:01:57,000 --> 00:01:59,000 од тоа да не биде Ејми помалата повредена петгодишна сестра, 51 00:01:59,000 --> 00:02:01,000 туку Ејми - волшебниот еднорог. 52 00:02:01,000 --> 00:02:04,000 Се разбира, оваа можност никогаш порано не ӣ паднала на ум. 53 00:02:04,000 --> 00:02:07,000 И можеше да се види како мојата кутра, изманипулирана сестра се соочува со конфликт 54 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 кога нејзиниот малечок мозок се најде поделен 55 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 меѓу чувствата на болка, патење и изненадување, 56 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 кои штотуку ги почувствува, 57 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 и разгледувањето на својот нов идентитет како еднорог. 58 00:02:15,000 --> 00:02:17,000 И второво победи. 59 00:02:17,000 --> 00:02:19,000 Наместо да заплаче и да ја прекине нашата игра, 60 00:02:19,000 --> 00:02:21,000 наместо да ги разбуди моите родители, 61 00:02:21,000 --> 00:02:23,000 со сите негативни последици кои ќе следеа за мене, 62 00:02:23,000 --> 00:02:25,000 на нејзиното лице се појави насмевка 63 00:02:25,000 --> 00:02:28,000 и брзо се врати на креветот со целата грациозност на едно бебе - еднорог ... 64 00:02:28,000 --> 00:02:30,000 (смеа) 65 00:02:30,000 --> 00:02:32,000 ... со една скршена нога. 66 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 Она на што наидовме 67 00:02:34,000 --> 00:02:36,000 на оваа рана возраст од пет и седум години -- 68 00:02:36,000 --> 00:02:38,000 а не бевме ни свесни во тој момент -- 69 00:02:38,000 --> 00:02:41,000 е нешто што како авангардна научна револуција ќе се појави 70 00:02:41,000 --> 00:02:44,000 две децении подоцна и ќе го промени начинот на кој го гледаме човечкиот мозок. 71 00:02:44,000 --> 00:02:47,000 Она на што наидовме тогаш се вика позитивна психологија 72 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 и е причината поради која сум јас денес тука 73 00:02:49,000 --> 00:02:51,000 и причината поради која се будам секое утро. 74 00:02:51,000 --> 00:02:53,000 Кога прв пат започнав да зборувам за ова истражување 75 00:02:53,000 --> 00:02:55,000 надвор од академските кругови, во компании и училишта, 76 00:02:55,000 --> 00:02:57,000 првата работа што ми ја кажаа е 77 00:02:57,000 --> 00:02:59,000 никогаш да не го започнувам говорот со графикон. 78 00:02:59,000 --> 00:03:01,000 А тоа е баш првата работа што сакам да ја направам. 79 00:03:01,000 --> 00:03:03,000 Овој графикон изгледа досадно, 80 00:03:03,000 --> 00:03:05,000 но тој е причината поради која сум возбуден и се будам секое утро. 81 00:03:05,000 --> 00:03:07,000 А графиконов и нема некое значење; ова се измислени податоци. 82 00:03:07,000 --> 00:03:09,000 Она што го откривме е -- 83 00:03:09,000 --> 00:03:13,000 (смеа) 84 00:03:13,000 --> 00:03:16,000 ако ги добиев овие податоци истражувајќи ве вас тука, во оваа просторија, ќе бев пресреќен, 85 00:03:16,000 --> 00:03:18,000 бидејќи очигледно е дека се забележува некој тренд, 86 00:03:18,000 --> 00:03:20,000 што значи дека мојот труд ќе биде објавен, 87 00:03:20,000 --> 00:03:22,000 а тоа е најважно. 88 00:03:22,000 --> 00:03:24,000 Фактот што има една чудна црвена точка овде горе, над кривата, 89 00:03:24,000 --> 00:03:26,000 значи дека има некој чудак во оваа просторија -- 90 00:03:26,000 --> 00:03:29,000 знам кој си, те видов пред да почнеме -- 91 00:03:29,000 --> 00:03:31,000 но тоа не е голем проблем. 92 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 Ова не е голем проблем, како што повеќето од вас знаат, 93 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 бидејќи многу лесно можам да ја ибришам оваа точка. 94 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 Можам да ја избришам зошто очигледно станува збор за грешка при мерење. 95 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 А знаеме дека е грешка при мерење 96 00:03:39,000 --> 00:03:42,000 бидејќи ми го расипува трендот. 97 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 Значи, една од првите работи кои ги учиме луѓето 98 00:03:44,000 --> 00:03:47,000 на курсевите по економија, статистика, бизнис или психологија 99 00:03:47,000 --> 00:03:50,000 е како, на статистички исправен начин, да ги елиминираат чудаците. 100 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Како да ги елиминираме отпадниците 101 00:03:52,000 --> 00:03:54,000 за да дојдеме до кривата на добро прилагодените? 102 00:03:54,000 --> 00:03:56,000 Ова е фантастично ако се обидувам да откријам 103 00:03:56,000 --> 00:03:59,000 колку табелети Адвил (вид лек против болки) треба да зема еден просечен човек -- две. 104 00:03:59,000 --> 00:04:01,000 Но ако сум заинтересиран за потенцијал, за вашиот потенцијал 105 00:04:01,000 --> 00:04:03,000 за среќа или продуктивност 106 00:04:03,000 --> 00:04:05,000 или енергија или креативност, 107 00:04:05,000 --> 00:04:07,000 она што го правиме е креираме култ на просечност со научни методи. 108 00:04:07,000 --> 00:04:09,000 Ако го поставам прашањето 109 00:04:09,000 --> 00:04:11,000 "Колку брзо може да научи да чита едно дете во дадена училница?" 110 00:04:11,000 --> 00:04:13,000 научниците го одговараат прашањето "Колку брзо научува да чита 111 00:04:13,000 --> 00:04:15,000 просечното дете во таа училница?" 112 00:04:15,000 --> 00:04:17,000 и потоа го кроиме целиот клас во однос на тој просек. 113 00:04:17,000 --> 00:04:19,000 Ако некој падне под просекот на таа крива, 114 00:04:19,000 --> 00:04:21,000 психолозите се пресреќни, 115 00:04:21,000 --> 00:04:24,000 бидејќи тоа автоматски значи дека тој е во депресија или има некакво пореметување, 116 00:04:24,000 --> 00:04:26,000 а се надеваме и двете. 117 00:04:26,000 --> 00:04:28,000 Се надеваме на обете бидејќи нашиот бизнис модел е следен -- 118 00:04:28,000 --> 00:04:30,000 ако дојдете на терапија со еден проблем, 119 00:04:30,000 --> 00:04:32,000 се трудиме да си заминете со сознанието дека имате 10, 120 00:04:32,000 --> 00:04:34,000 за да продолжите постојано да се враќате. 121 00:04:34,000 --> 00:04:36,000 Ќе чепкаме и по вашето детство ако е неопходно, 122 00:04:36,000 --> 00:04:38,000 но она што сакаме да го постигнеме е повторно да се чувствувате нормално. 123 00:04:38,000 --> 00:04:40,000 А нормално значи само просечно. 124 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 И она што јас го застапувам и она што позитивната психологија го застапува 125 00:04:42,000 --> 00:04:44,000 е ако го проучуваме она што е само просечно, 126 00:04:44,000 --> 00:04:46,000 остануваме само просечни. 127 00:04:46,000 --> 00:04:48,000 Така наместо да ги избришам овие позитивни отпадници, 128 00:04:48,000 --> 00:04:50,000 јас намерно доаѓам во средина како оваа 129 00:04:50,000 --> 00:04:52,000 и ве прашувам, зошто? 130 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 Зошто некои од вас се поставени толку повисоко од кривата 131 00:04:54,000 --> 00:04:56,000 во однос на вашата интелектуална способност, атлетска или музичка способност, 132 00:04:56,000 --> 00:04:58,000 креативност, енергичност, 133 00:04:58,000 --> 00:05:00,000 отпорот кој го пружате кога сте соочени со предизвик, вашата смисла за хумор? 134 00:05:00,000 --> 00:05:03,000 Каква и да е причината, наместо да ве избришам, јас сакам да ве проучувам, 135 00:05:03,000 --> 00:05:05,000 бидејќи можеме да собереме информации -- 136 00:05:05,000 --> 00:05:07,000 не само како да ги донесеме луѓето до просекот, 137 00:05:07,000 --> 00:05:10,000 туку како да го поместиме целиот просек нагоре 138 00:05:10,000 --> 00:05:12,000 во нашите компании и училишта од целиот свет. 139 00:05:12,000 --> 00:05:14,000 Причината поради која овој графикон ми е толку важен 140 00:05:14,000 --> 00:05:16,000 е бидејќи кога ќе вклучам вести, ми изгледа дека најголемиот дел од информациите 141 00:05:16,000 --> 00:05:18,000 не се позитивни, туку баш напротив -- негативни. 142 00:05:18,000 --> 00:05:21,000 Повеќето вести се за убиства, корупција, болести, природни катастрофи. 143 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 И многу брзо, мојот мозок започнува да мисли 144 00:05:23,000 --> 00:05:25,000 дека тоа е точниот сооднос на негативни и позитивни случувања во светот. 145 00:05:25,000 --> 00:05:27,000 Ова креира нешто 146 00:05:27,000 --> 00:05:29,000 што се нарекува синдром на медицинско училиште -- 147 00:05:29,000 --> 00:05:31,000 ако познавате луѓе кои студирале медицина знаете дека 148 00:05:31,000 --> 00:05:33,000 во првата година од студирањето, 149 00:05:33,000 --> 00:05:35,000 како што ги читаат списоците на симптоми и болести кои можат да се појават, 150 00:05:35,000 --> 00:05:37,000 тие сфаќаат дека ги имаат сите од нив. 151 00:05:37,000 --> 00:05:40,000 Имам еден зет кој се вика Бобо -- но тоа е сосема друга приказна. 152 00:05:40,000 --> 00:05:43,000 Бобо е оженет со Ејми -- еднорогот. 153 00:05:43,000 --> 00:05:46,000 Ми се јавува Бобо на телефон 154 00:05:46,000 --> 00:05:49,000 од медицинскиот факултет на Јеил 155 00:05:49,000 --> 00:05:51,000 и ми вика "Шон, имам лепра.", 156 00:05:51,000 --> 00:05:53,000 (смеа) 157 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 што дури и на Јеил се среќава екстремно ретко. 158 00:05:55,000 --> 00:05:58,000 Но јас немав поим како да го утешам Бобо, 159 00:05:58,000 --> 00:06:00,000 бидејќи само што закрепна од менопауза која траеше цела недела. 160 00:06:00,000 --> 00:06:02,000 (смеа) 161 00:06:02,000 --> 00:06:05,000 Значи она што го осознаваме е дека нас не нè оформува реалноста, 162 00:06:05,000 --> 00:06:08,000 туку призмата низ која нашиот мозок го гледа светот ја оформува реалноста. 163 00:06:08,000 --> 00:06:11,000 И доколку можеме да ја промениме призмата, не само што ќе ја промениме среќата, 164 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 туку истовремено ќе го промениме и секој образовен и економски исход. 165 00:06:14,000 --> 00:06:16,000 Кога се пријавував на Харвард, го сторив тоа поради предизвик. 166 00:06:16,000 --> 00:06:19,000 Не очекував дека ќе ме примат, а моето семејство немаше пари за факултет. 167 00:06:19,000 --> 00:06:21,000 Кога две седмици подоцна добив воена стипендија, тие ми дозволија да одам. 168 00:06:21,000 --> 00:06:24,000 Одеднаш, нешто што воопшто не беше можно стана реалност. 169 00:06:24,000 --> 00:06:27,000 Кога стигнав таму, претпоставував дека и другите ќе го сметаат своето присуство таму за привилегија, 170 00:06:27,000 --> 00:06:29,000 дека ќе бидат возбудени што се таму. 171 00:06:29,000 --> 00:06:31,000 Дури и ако се наоѓате во училница полна со луѓе кои се попаметни од вас 172 00:06:31,000 --> 00:06:33,000 вие се чувствувате среќни што сте во таа училница. 173 00:06:33,000 --> 00:06:35,000 Но она што го увидов таму е дека 174 00:06:35,000 --> 00:06:37,000 и покрај тоа што постојат луѓе кои се чувствуваат така -- 175 00:06:37,000 --> 00:06:39,000 иако по четири години дипломирав, 176 00:06:39,000 --> 00:06:41,000 ги поминав и наредните осум години во студентските домови заедно со студентите -- 177 00:06:41,000 --> 00:06:44,000 од Харвард ми понудија работа; не сум јас таков -- 178 00:06:44,000 --> 00:06:48,000 (смеа) 179 00:06:48,000 --> 00:06:51,000 работев како советник на студентите во тие тешки четири години 180 00:06:51,000 --> 00:06:53,000 и она што го открив во моето истражување и предавање 181 00:06:53,000 --> 00:06:55,000 е дека овие студенти, колку и да биле среќни 182 00:06:55,000 --> 00:06:58,000 со нивниот почетен успех кога се запишале на факултетот, 183 00:06:58,000 --> 00:07:01,000 две седмици подоцна нивниот мозок не се фокусира на привилигијата да се биде таму, 184 00:07:01,000 --> 00:07:03,000 ниту на предметите филозофија или физика. 185 00:07:03,000 --> 00:07:05,000 Нивниот мозок се фокусира на конкуренцијата, на работните обврски, 186 00:07:05,000 --> 00:07:07,000 на кавгите, стресот и поплаките. 187 00:07:07,000 --> 00:07:09,000 Кога прв пат стигнав таму, влегов во мензата за бруцоши, 188 00:07:09,000 --> 00:07:12,000 за која моите пријатели од Вако, Тексас -- местото каде што пораснав, 189 00:07:12,000 --> 00:07:14,000 за кое знам дека некои од вас имаат слушнато -- 190 00:07:14,000 --> 00:07:16,000 кога ќе дојдеа да ме посетат, разгледуваа наоколу 191 00:07:16,000 --> 00:07:18,000 и коментираа: “Оваа менза изгледа како да е излезена 192 00:07:18,000 --> 00:07:20,000 од Хогварт од филмот ‘Хари Потер‘“, и беа во право. 193 00:07:20,000 --> 00:07:22,000 Еве го Хогварт од филмот “Хари Потер“, а еве го Харвард. 194 00:07:22,000 --> 00:07:24,000 И кога ќе го видеа ова 195 00:07:24,000 --> 00:07:26,000 велеа: “Шон, зошто си го губиш времето да ја проучуваш среќата на Харвард? 196 00:07:26,000 --> 00:07:28,000 Сериозно, која би била причината еден студент од Харвард 197 00:07:28,000 --> 00:07:30,000 да биде несреќен?“ 198 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 Во ова прашање е вграден 199 00:07:32,000 --> 00:07:34,000 клучот за разбирање на науката која ја проучува среќата. 200 00:07:34,000 --> 00:07:36,000 Она што ова прашање го претпоставува 201 00:07:36,000 --> 00:07:39,000 е дека надворешниот свет е предуслов за нивото на нашата среќа, 202 00:07:39,000 --> 00:07:41,000 а всушност, ако знам сè за вашиот надворешен свет, 203 00:07:41,000 --> 00:07:44,000 можам да предвидам само 10 проценти од вашата долгорочна среќа. 204 00:07:44,000 --> 00:07:46,000 Останатите 90 проценти од вашата долгорочна среќа 205 00:07:46,000 --> 00:07:48,000 не се одредени од надворешниот свет, 206 00:07:48,000 --> 00:07:50,000 туку од начинот на кој вашиот мозок го процесира светот. 207 00:07:50,000 --> 00:07:52,000 И ако го промениме тоа, 208 00:07:52,000 --> 00:07:54,000 ако ја промениме нашата формула за среќа и успех, 209 00:07:54,000 --> 00:07:56,000 можеме да го промениме начинот 210 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 на кој делуваме на реалноста. 211 00:07:58,000 --> 00:08:00,000 Ние откривме дека само 25 проценти од успесите на работното место 212 00:08:00,000 --> 00:08:02,000 можат да се предвидат од коефициентот на интелигенција. 213 00:08:02,000 --> 00:08:04,000 75 проценти од успесите на работното место 214 00:08:04,000 --> 00:08:07,000 зависат од нивото на оптимизам, поддршката од средината 215 00:08:07,000 --> 00:08:10,000 и можноста да се препознае стресот како предизвик наместо закана. 216 00:08:10,000 --> 00:08:13,000 Во еден разговор со претставници од еден интернат во Њу Ингланд, веројатно најпрестижниот интернат, 217 00:08:13,000 --> 00:08:15,000 тие ми кажаа, “Ние веќе го знаеме тоа. 218 00:08:15,000 --> 00:08:18,000 Затоа секоја година, наместо предавања имаме недела посветена на добросостојбата. 219 00:08:18,000 --> 00:08:21,000 И многу сме возбудени. Во понеделник навечер најдобриот светски експерт 220 00:08:21,000 --> 00:08:23,000 за депресија кај адолесценти ќе дојде да зборува. 221 00:08:23,000 --> 00:08:25,000 Во вторник навечер зборуваме за насилството во училиштата. 222 00:08:25,000 --> 00:08:27,000 Средата е за пореметувања во исхраната. 223 00:08:27,000 --> 00:08:29,000 Во четврток вечер зборуваме за употребата на дроги. 224 00:08:29,000 --> 00:08:32,000 За во петок сеуште одлучуваме меѓу ризичен секс и среќа.“ 225 00:08:32,000 --> 00:08:35,000 (смеа) 226 00:08:35,000 --> 00:08:37,000 Јас им одговорив, “Тоа звучи како петочна вечер за повеќето луѓе.“ 227 00:08:37,000 --> 00:08:40,000 (смеа) 228 00:08:40,000 --> 00:08:43,000 (аплауз) 229 00:08:43,000 --> 00:08:45,000 Драго ми е што ви се допаѓа мојот одговор, но ним не им се допадна. 230 00:08:45,000 --> 00:08:47,000 Од другата страна на слушалката имаше штама. 231 00:08:47,000 --> 00:08:49,000 И за да ја прекинам тишината реков, “Ќе ми претставува задоволство да зборувам во вашето училиште, 232 00:08:49,000 --> 00:08:52,000 но морам да ви кажам дека вашата недела е недела на болести, а не на добросостојба. 233 00:08:52,000 --> 00:08:54,000 Вие сте ги потенцирале сите негативни настани кои можат да се случат, 234 00:08:54,000 --> 00:08:56,000 но воопшто не сте ги споменале позитивните.“ 235 00:08:56,000 --> 00:08:58,000 Отсуството на болест не значи здравје. 236 00:08:58,000 --> 00:09:00,000 Еве како доаѓаме до здравје -- 237 00:09:00,000 --> 00:09:03,000 треба да ја превртиме формулата за среќа и успех. 238 00:09:03,000 --> 00:09:05,000 Во последните три години патував во повеќе од 45 различни земји, 239 00:09:05,000 --> 00:09:07,000 работев со училишта и компании 240 00:09:07,000 --> 00:09:09,000 во центарот на економската криза. 241 00:09:09,000 --> 00:09:11,000 И видов дека повеќето компании и училишта 242 00:09:11,000 --> 00:09:13,000 ја следат следнава формула за успех: 243 00:09:13,000 --> 00:09:15,000 “Ако работам повредно, ќе бидам поуспешен. 244 00:09:15,000 --> 00:09:18,000 Ако сум поуспешен, ќе бидам посреќен.“ 245 00:09:18,000 --> 00:09:20,000 Ова е основата на нашиот пристап кон воспитувањето на децата, менаџирањето 246 00:09:20,000 --> 00:09:22,000 и мотивирањето воопшто. 247 00:09:22,000 --> 00:09:25,000 А проблемот е што тоа е научно неоправдано и контрадикторно од две причини. 248 00:09:25,000 --> 00:09:28,000 Прво, секој пат кога нашиот мозок доживува успех 249 00:09:28,000 --> 00:09:30,000 се менува нашата замисла за тоа како изгледа успехот. 250 00:09:30,000 --> 00:09:32,000 Ако имаш добри оцени, следно е да имаш подобри оцени, 251 00:09:32,000 --> 00:09:34,000 ако се запишеш во добро училиште, потоа се запишуваш во подобро училиште, 252 00:09:34,000 --> 00:09:36,000 ако имаш добра работа, треба да најдеш уште подобра, 253 00:09:36,000 --> 00:09:38,000 ако ја исполниш продажната цел, ние ќе ти ја зголемиме целта. 254 00:09:38,000 --> 00:09:41,000 И кога среќата е на спротивната страна од успехот, нашиот мозок никогаш не стигнува таму. 255 00:09:41,000 --> 00:09:43,000 Ние, како општество, го поместуваме 256 00:09:43,000 --> 00:09:46,000 замислениот хоризонт на среќата, 257 00:09:46,000 --> 00:09:48,000 поради тоа што мислиме дека треба да бидеме успешни 258 00:09:48,000 --> 00:09:50,000 за потоа да станеме среќни. 259 00:09:50,000 --> 00:09:52,000 Но вистинскиот проблем е што нашите мозоци работат обратно. 260 00:09:52,000 --> 00:09:55,000 Ако подигнеме нечие ниво на среќа во сегашноста, 261 00:09:55,000 --> 00:09:58,000 тогаш нивниот мозок доживува нешто што се нарекува предност на среќа, 262 00:09:58,000 --> 00:10:00,000 што значи дека мозокот во позитивно расположение 263 00:10:00,000 --> 00:10:02,000 работи значително подобро 264 00:10:02,000 --> 00:10:04,000 отколку во просечно, неутрално или стресно расположение. 265 00:10:04,000 --> 00:10:07,000 Растат интелигенцијата, креативноста и нивото на енергија. 266 00:10:07,000 --> 00:10:09,000 Всушност, откривме дека вака 267 00:10:09,000 --> 00:10:11,000 се унапредува буквално секој бизнис исход. 268 00:10:11,000 --> 00:10:13,000 Вашиот мозок е 31 процент попродуктивен во позитивна состојба, 269 00:10:13,000 --> 00:10:16,000 отколку во негативна, неутрална или стресна состојба. 270 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 Вашите продажни вештини се за 37 проценти подобри. 271 00:10:18,000 --> 00:10:20,000 Докторите се 19 проценти побрзи и попрецизни 272 00:10:20,000 --> 00:10:22,000 во поставување на точни дијагнози 273 00:10:22,000 --> 00:10:24,000 кога се позитивни, наместо негативни, неутрални или под стрес. 274 00:10:24,000 --> 00:10:26,000 Ова значи дека можеме да ја превртиме формулата. 275 00:10:26,000 --> 00:10:29,000 Ако најдеме начин да се биде позитивен во сегашноста, 276 00:10:29,000 --> 00:10:31,000 тогаш нашите мозоци ќе работат поуспешно 277 00:10:31,000 --> 00:10:34,000 и ќе можеме да работиме повредно, побрзо и поинтелигентно. 278 00:10:34,000 --> 00:10:37,000 Мораме да ја превртиме формулата за да 279 00:10:37,000 --> 00:10:39,000 започнеме да гледаме за што се способни нашите мозоци. 280 00:10:39,000 --> 00:10:41,000 Допаминот кој циркулира во нашиот систем кога сме позитивно расположени 281 00:10:41,000 --> 00:10:43,000 има две функции. 282 00:10:43,000 --> 00:10:45,000 Не само што нè прави посреќни, 283 00:10:45,000 --> 00:10:47,000 туку ги вклучува центрите за учење во мозокот 284 00:10:47,000 --> 00:10:50,000 со што ни овозможува да се адаптираме на светот на различен начин. 285 00:10:50,000 --> 00:10:52,000 Откривме дека постојат начини со кои можеме да го тренираме мозокот 286 00:10:52,000 --> 00:10:54,000 да стане попозитивен. 287 00:10:54,000 --> 00:10:57,000 За краток период од 2 минути дневно кој се повторува 21 ден по ред 288 00:10:57,000 --> 00:10:59,000 можеме да ги промениме врските во мозокот, 289 00:10:59,000 --> 00:11:01,000 со што ќе му овозможиме на мозокот да работи 290 00:11:01,000 --> 00:11:03,000 со повеќе оптимизам и повеќе успех. 291 00:11:03,000 --> 00:11:05,000 Во рамки на истражувањето ги пробавме овие методи 292 00:11:05,000 --> 00:11:07,000 во секоја компанија со која соработувавме, 293 00:11:07,000 --> 00:11:09,000 и побаравме од вработените да запишуваат по три нови нешта за кои се благодарни 294 00:11:09,000 --> 00:11:11,000 секој ден, 21 ден по ред -- три нови нешта секој ден. 295 00:11:11,000 --> 00:11:13,000 На крајот од вежбата, 296 00:11:13,000 --> 00:11:15,000 нивниот мозок ја памети шемата со која 297 00:11:15,000 --> 00:11:18,000 го скенира светот во потрага по позитивните, а не негативните случувања. 298 00:11:18,000 --> 00:11:20,000 Запишување на едно позитивно искуство кое се случило во текот на изминатите 24 часа 299 00:11:20,000 --> 00:11:22,000 му овозможува на вашиот мозок повторно да го преживее тоа искуство. 300 00:11:22,000 --> 00:11:25,000 Оваа вежба го учи вашиот мозок дека однесувањето е важно. 301 00:11:25,000 --> 00:11:27,000 Знаеме дека медитацијата му помага на мозокот да ги надмине 302 00:11:27,000 --> 00:11:30,000 проблемите со концентрација и посветеност кои сами ги креираме 303 00:11:30,000 --> 00:11:32,000 обидувајќи се да се справиме со повеќе задачи истовремено 304 00:11:32,000 --> 00:11:35,000 и му овозможува да се фокусира само на моменталната задача. 305 00:11:35,000 --> 00:11:37,000 И на крај, случајните добри дела се свесни добри дела. 306 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 Ги натеравме луѓето секој пат кога ќе го отворат нивното електронско поштенско сандаче 307 00:11:39,000 --> 00:11:41,000 да испратат една позитивна порака 308 00:11:41,000 --> 00:11:43,000 во која ќе пофалат или ќе му се заблагодарат некому за поддршката што им ја пружа. 309 00:11:43,000 --> 00:11:45,000 Со овие активности 310 00:11:45,000 --> 00:11:47,000 го тренираме мозокот исто како што ги тренираме нашите тела, 311 00:11:47,000 --> 00:11:50,000 и доаѓаме до сознание дека можеме да ја превртиме формулата за среќа и успех 312 00:11:50,000 --> 00:11:53,000 и со тоа да креираме бранови на позитивност, 313 00:11:53,000 --> 00:11:55,000 а истовремено и вистинска револуција. 314 00:11:55,000 --> 00:11:57,000 Ви благодарам многу. 315 00:11:57,000 --> 00:12:00,000 (аплауз)