Исповед на еден депресивен комичар
-
0:00 - 0:03Долго време во животот,
-
0:03 - 0:08имав чувство дека водам два различни животи.
-
0:08 - 0:11Постои животот за кој сите знаат,
-
0:11 - 0:15но и животот за кој само јас знам.
-
0:15 - 0:17Во животот за кој сите знаат,
-
0:17 - 0:20јас сум пријател,
-
0:20 - 0:22син, брат,
-
0:22 - 0:26стенд-ап комичар и тинејџер.
-
0:26 - 0:28Тоа е животот за кој сите знаат.
-
0:28 - 0:29Ако побарате од моите пријатели и семејство да ме опишат,
-
0:29 - 0:31токму тоа ќе ви го кажат.
-
0:31 - 0:33И тоа е голем дел од мене. Тоа сум јас.
-
0:33 - 0:36Ако од мене побарате јас самиот да се опишам,
-
0:36 - 0:39веројатно би кажал некои од тие работи.
-
0:39 - 0:42И нема да ве излажам,
-
0:42 - 0:46но и нема да ви ја кажам целата приказна,
-
0:46 - 0:48бидејќи тоа е
-
0:48 - 0:51само животот за кој сите знаат.
-
0:51 - 0:54Во животот за кој само јас знам,
-
0:54 - 0:56јас сум всушност
-
0:56 - 1:01човек кој води тешка борба со депресијата.
-
1:01 - 1:04Тоа го правам изминативе шест години
-
1:04 - 1:09и продолжувам секој ден.
-
1:09 - 1:11Е сега, некој кој никогаш не доживеал депресија
-
1:11 - 1:12или пак не знае што значи тоа,
-
1:12 - 1:14можеби малку ќе се изненади,
-
1:14 - 1:16бидејќи има една многу популарна заблуда
-
1:16 - 1:18дека депресијата е да бидеш тажен
-
1:18 - 1:21кога нешто во животот ти тргнало наопаку,
-
1:21 - 1:22кога ќе раскинеш со девојката,
-
1:22 - 1:24кога ќе изгубиш некој сакан,
-
1:24 - 1:26кога нема да ја добиеш посакуваната работа.
-
1:26 - 1:28Но тоа е тага. Тоа е природно.
-
1:28 - 1:30Тоа е нормална човечка емоција.
-
1:30 - 1:34Вистинската депресија не е да бидеш
-
1:34 - 1:36тажен кога нешто во животот ти тргнало наопаку.
-
1:36 - 1:38Вистинската депресија е да бидеш
-
1:38 - 1:41тажен кога сè во животот ти оди како што треба.
-
1:41 - 1:44Тоа е вистинската депресија, и токму од тоа страдам.
-
1:44 - 1:46И да бидам целосно искрен,
-
1:46 - 1:49тешко ми е да го кажам тоа тука пред вас.
-
1:49 - 1:51Тешко ми е да зборувам за тоа,
-
1:51 - 1:53и се чини дека и на другите им е тешко,
-
1:53 - 1:56толку многу што никој не зборува за депресијата.
-
1:56 - 1:58Никој не зборува за депресијата, но би требало,
-
1:58 - 2:02оти во моментов таа претставува огромен проблем.
-
2:02 - 2:03Огромен проблем.
-
2:03 - 2:05Но не ја гледаме на социјалните медиуми, така?
-
2:05 - 2:07Ја нема на Фејсбук. Ја нема на Твитер.
-
2:07 - 2:09Ја нема на вестите, бидејќи не е радосна вест,
-
2:09 - 2:11не е забавна, не е позитивна.
-
2:11 - 2:14И бидејќи ја нема, не можеме да видиме колку е сурова.
-
2:14 - 2:18Но нејзината суровост и сериозност се рефлектира вака:
-
2:18 - 2:20на секои 30 секунди,
-
2:20 - 2:22секои 30 секунди, некаде,
-
2:22 - 2:24некој во светот си го одзема животот
-
2:24 - 2:25поради депресија,
-
2:25 - 2:28можеби е два блока одовде, можеби две земји или
-
2:28 - 2:29два континенти одовде, но се случува,
-
2:29 - 2:32и се случува буквално секој ден.
-
2:32 - 2:35А ние како општество, честопати ќе
-
2:35 - 2:40се осврнеме на тоа и велиме, "Па што?"
-
2:40 - 2:45Па што? Ќе погледнеме кон тоа, и велиме, "Тоа е твој проблем.
-
2:45 - 2:47Тоа е нивни проблем."
-
2:47 - 2:49Велиме дека сме тажни и дека ни е жал,
-
2:49 - 2:50но истовремено велиме, "Па што?"
-
2:50 - 2:55Пред две години јас имав таков проблем,
-
2:55 - 2:59кога седнав на работ од креветот
-
2:59 - 3:02каде сум седел милион пати претходно
-
3:02 - 3:05и сакав да извршам самоубиство.
-
3:05 - 3:09Имав намера да се самоубијам, но ако погледневте на површината од мојот живот,
-
3:09 - 3:11немаше да забележите дете со таква намера.
-
3:11 - 3:13Ќе видевте дете кое е капитен на кошаркарски тим,
-
3:13 - 3:15ученик на годината по драма и театар,
-
3:15 - 3:16ученик на годината по Англиски,
-
3:16 - 3:18некој на кого постојано му оддаваат признанија
-
3:18 - 3:22и кој е постојано на забавите.
-
3:22 - 3:24И би рекле дека не сум депресивен, би рекле дека немам
-
3:24 - 3:26намера да се самоубијам, но ќе погрешите.
-
3:26 - 3:28Ќе згрешите. И така седнав таму таа ноќ,
-
3:28 - 3:32до мене имав шишенце со апчиња. Во раката држев лист и пенкало,
-
3:32 - 3:34размислував да си го одземам животот,
-
3:34 - 3:37и бев олку близу до тоа.
-
3:37 - 3:39Малку фалеше.
-
3:39 - 3:42Но не го направив тоа, и тоа ме прави еден од оние среќниците,
-
3:42 - 3:44еден од луѓето кои застанале на работ,
-
3:44 - 3:46погледнале надолу, но не скокнале,
-
3:46 - 3:48еден од среќниците кои преживуваат.
-
3:48 - 3:51И така, преживеав, и ми останува само приказната,
-
3:51 - 3:53а мојата приказна е оваа:
-
3:53 - 3:56Во четири едноставни зборови, јас страдам од депресија.
-
3:56 - 3:59Јас страдам од депресија,
-
3:59 - 4:06и долго време, мислам дека
-
4:06 - 4:09живеев два тотално различни животи,
-
4:09 - 4:11каде едната личност секогаш беше исплашена од онаа другата.
-
4:11 - 4:13Ми беше страв дека луѓето ќе откријат кој сум всушност,
-
4:13 - 4:16дека не сум совршеното, популарно дете од средно училиште,
-
4:16 - 4:18дека зад мојата насмевка, се крие борба,
-
4:18 - 4:20зад мојата светлина, лежи мрак,
-
4:20 - 4:25и дека под мојата голема личност, се крие уште поголема болка.
-
4:25 - 4:27Видете, некои луѓе се плашат дека девојките ќе ги одбијат.
-
4:27 - 4:30Некои луѓе се плашат од ајкули. Некои можеби се плашат од смрт.
-
4:30 - 4:34Но јас, најголемиот дел од животот, ми беше страв од самиот себе.
-
4:34 - 4:37Се плашев од мојата вистина, од мојата искреност, од мојата ранливост,
-
4:37 - 4:39а тој страв направи да се чувствувам
-
4:39 - 4:41ко да сум приклештен во ќош,
-
4:41 - 4:45ко да сум приклештен во ќош од кој има само еден излез,
-
4:45 - 4:48а за тој излез размислував секој ден.
-
4:48 - 4:50Размислував секој ден,
-
4:50 - 4:51и да бидам целосно искрен, стоејќи овде
-
4:51 - 4:55повторно размислував, бидејќи таква е болеста,
-
4:55 - 4:57таква е борбата, тоа е депресија,
-
4:57 - 4:58а депресијата не е сипаници.
-
4:58 - 5:00Не можеш да ја победиш еднаш и да си замине засекогаш.
-
5:00 - 5:02Со неа живееш. Во неа живееш.
-
5:02 - 5:06Таа ви е цимер кој не можете да го исфрлите. Глас кој не можете да го игнорирате.
-
5:06 - 5:08Тоа се чувства од кои не можете да избегате,
-
5:08 - 5:13а најстрашно е што после некое време,
-
5:13 - 5:16отрпнувате на нив. Се навикнувате на нив,
-
5:16 - 5:19а најмногу ви е страв не од
-
5:19 - 5:21страдањето кое е во вас.
-
5:21 - 5:23Туку од стигмата која е во другите,
-
5:23 - 5:25од срамот, од резилот,
-
5:25 - 5:28од осудувачкиот поглед на лицето на вашиот пријател,
-
5:28 - 5:31од шепотите во ходникот дека сте слаб,
-
5:31 - 5:32од коментарите дека сте луд.
-
5:32 - 5:35Тоа не ви дозволува да побарате помош.
-
5:35 - 5:38Тоа ве тера да ја држите во себе и да ја криете.
-
5:38 - 5:40Тоа е стигмата. Ја криете депресијата во себе,
-
5:40 - 5:42ја држите и ја криете,
-
5:42 - 5:43иако ве приковува за кревет секој ден
-
5:43 - 5:46и ви го прави животот празен без оглед колку и да се обидувате да го пополните,
-
5:46 - 5:49ја криете, бидејќи стигмата во нашето општество
-
5:49 - 5:51околу депресијата е многу голема.
-
5:51 - 5:55Многу е голема, а ако мислите дека не е така, запрашајте се ова:
-
5:55 - 5:56Како повеќе сакате да гласи вашиот следен Фејсбук статус,
-
5:56 - 5:58дека ви е тешко да станете од кревет
-
5:58 - 6:00оти ви е повреден грбот
-
6:00 - 6:02или дека ви е тешко да станете од кревет секое утро
-
6:02 - 6:04оти сте депресивни?
-
6:04 - 6:07Тоа е стигмата, бидејќи за жал,
-
6:07 - 6:09живееме во свет во кој ако си ја скршите раката,
-
6:09 - 6:12сите трчаат да ви се потпишат на гипсот,
-
6:12 - 6:15но ако им кажете дека сте депресивен, сите бегаат од вас.
-
6:15 - 6:17Тоа е стигмата.
-
6:17 - 6:22Можеме да прифатиме пореметување на било кој дел од телото,
-
6:22 - 6:25освен на мозокот. А тоа е незнаење.
-
6:25 - 6:27Тоа е чисто незнаење, а тоа незнаење има создадено
-
6:27 - 6:29свет кој не ја разбира депресијата,
-
6:29 - 6:31кој не го разбира менталното здравје.
-
6:31 - 6:33А тоа е иронично за мене, бидејќи депресијата
-
6:33 - 6:36е еден од проблемите кој се најдобро утврдени во светот,
-
6:36 - 6:38но сепак проблем за кого најмалку дискутираме.
-
6:38 - 6:40Едноставно ја туркаме под тепих, се преправаме
-
6:40 - 6:44дека не е тука и се надеваме дека ќе се реши сама од себе.
-
6:44 - 6:47Но, нема, тоа се нема случено и нема ни да се случи,
-
6:47 - 6:49оти тоа е само фантазирање,
-
6:49 - 6:52а фантазирањето не ни треба, со него само одолговлекуваме,
-
6:52 - 6:57и не можеме да одолговлекуваме толку важна работа.
-
6:57 - 7:00Првиот чекор за решавање на проблем
-
7:00 - 7:02е да го препознаете проблемот.
-
7:02 - 7:04Но, тоа го немаме направено, и не можеме да очекуваме
-
7:04 - 7:08одговор доколку и понатаму ни е страв од прашањето.
-
7:08 - 7:11И не знам што е решението.
-
7:11 - 7:14Би сакал да знам, но не знам,
-
7:14 - 7:16но мислам дека мора да почне одовде.
-
7:16 - 7:18Мора да почне од мене, мора да почне од вас,
-
7:18 - 7:22мора да почне од луѓето кои страдаат,
-
7:22 - 7:23од оние кои се скриени во сенките.
-
7:23 - 7:25Мораме да зборуваме и да ја прекинеме тишината.
-
7:25 - 7:27Токму ние треба да се охрабриме за она во што веруваме,
-
7:27 - 7:31бидејќи ако има една работа што ја сфатив,
-
7:31 - 7:34ако има една работа за која сметам дека е најголем проблем,
-
7:34 - 7:37тоа не градење на свет
-
7:37 - 7:41во кој ќе го искорениме незнаењето на другите.
-
7:41 - 7:44Туку градење на свет во кој ќе учиме како да се прифатиме самите себе,
-
7:44 - 7:45во кој ќе бидеме океј со тоа кој сме,
-
7:45 - 7:47бидејќи кога сме искрени,
-
7:47 - 7:50можеме да видиме дека сите се бориме и страдаме.
-
7:50 - 7:52Дали со нас, дали со нешто друго, сите знаеме
-
7:52 - 7:55како е кога си повреден.
-
7:55 - 7:56Сите знаеме како е да имаш болка во срцето,
-
7:56 - 7:59сите знаеме колку е важно таа да заздрави.
-
7:59 - 8:02Но во моментов, депресијата е длабока расекотина
-
8:02 - 8:05врз која лепиме фластер и се преправаме дека не постои.
-
8:05 - 8:10Но таа е тука. Тука е, и знаете што? Во ред е.
-
8:10 - 8:13Депресијата е океј. Ако имаш депресија, знај дека си океј.
-
8:13 - 8:16И имај на ум дека си болен, не си слаб,
-
8:16 - 8:18таа е проблем, а не идентитет,
-
8:18 - 8:21оти кога ќе го надминеш стравот, исмејувањето,
-
8:21 - 8:22осудата и стигмата од другите,
-
8:22 - 8:25ќе можеш да ја видиш депресијата онаква каква што è ,
-
8:25 - 8:28а таа е само дел од животот,
-
8:28 - 8:31само дел од животот, и колку и да ги мразам,
-
8:31 - 8:34колку и да ги мразам некои од местата,
-
8:34 - 8:37некои од моите животни епизоди кои ми ги приреди депресијата,
-
8:37 - 8:40на многу начини сум и благодарен за тоа.
-
8:40 - 8:41Бидејќи да, ме турна по надолнина,
-
8:41 - 8:43но само за да ми покаже дека има врв,
-
8:43 - 8:44и да ме влечеше по темнината,
-
8:44 - 8:47но само за да ме потсети дека има светлина.
-
8:47 - 8:51Мојата болка, повеќе од било што во текот на овие 19 години,
-
8:51 - 8:53ми даде перспектива, мојата повреда,
-
8:53 - 8:55мојата повреда ме натера да имам надеж,
-
8:55 - 8:58да имам надеж и верба, верба во себе,
-
8:58 - 9:01верба во другите, верба дека може да биде подобро,
-
9:01 - 9:03дека можеме да го промениме ова, дека можеме да
-
9:03 - 9:05се побуниме и да се бориме против незнаењето,
-
9:05 - 9:08да се бориме против нетолеранцијата,
-
9:08 - 9:10и највеќе од сè,
-
9:10 - 9:13да научиме да се сакаме самите себе,
-
9:13 - 9:15да научиме да се прифатиме онакви какви што сме,
-
9:15 - 9:19а не онакви какви што светот сака да бидеме.
-
9:19 - 9:21Бидејќи светот во кој јас верувам
-
9:21 - 9:25е свет во кој прифаќањето на сопствената светлина не значи игнорирање на сопствената темнина.
-
9:25 - 9:27Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе бидеме оценувани
-
9:27 - 9:31според нашата способност да ги надминеме тешкотиите, а не да ги избегнеме.
-
9:31 - 9:36Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе можам да погледнам некого во очи
-
9:36 - 9:37и да речам, "Поминувам низ пекол,"
-
9:37 - 9:41а таа ќе ме погледне назад и ќе рече, "И јас," и тоа да биде океј,
-
9:41 - 9:45и океј е бидејќи депресијата е океј. Ние сме луѓе.
-
9:45 - 9:47Ние сме луѓе кои се борат, страдаат, крварат
-
9:47 - 9:50и кои плачат, и ако мислите дека вистинската сила
-
9:50 - 9:52значи никогаш да не покажеш слабост, тогаш морам
-
9:52 - 9:55да ви кажам дека грешите.
-
9:55 - 9:59Грешите, бидејќи е токму спротивното.
-
9:59 - 10:02Ние сме луѓе, и имаме проблеми.
-
10:02 - 10:03Не сме совршени и тоа е океј.
-
10:03 - 10:06Значи мораме му ставиме крај на незнаењето,
-
10:06 - 10:09на нетолеранцијата, на стигмата,
-
10:09 - 10:13на тишината, и мораме да ги отстраниме табуата,
-
10:13 - 10:18да ја погледнеме вистината, и да проговориме,
-
10:18 - 10:23бидејќи проблемот со кој луѓето се борат сами,
-
10:23 - 10:26ќе го победиме само ако
-
10:26 - 10:30застанеме сите заедно,
-
10:30 - 10:33ако бидеме сите сложни.
-
10:33 - 10:36И верувам дека можеме.
-
10:36 - 10:38Верувам дека можеме. Дечки ви благодарам многу.
-
10:38 - 10:41Ми се оствари сонот. Ви благодарам. (Аплауз)
-
10:41 - 10:43Ви благодарам. (Аплауз)
- Title:
- Исповед на еден депресивен комичар
- Speaker:
- Кевин Брил
- Description:
-
Кевин Брил не изгледал како депресивно дете: капитен на тим, на секоја забава, забавен и самоуверен. Но тој ја раскажува приказната за ноќта кога сфатил дека -- за да си го спаси животот -- ќе мора да каже четири едноставни зборови.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 11:00
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Confessions of a depressed comic |