0:00:00.342,0:00:03.101 Долго време во животот, 0:00:03.101,0:00:07.692 имав чувство дека водам два различни животи. 0:00:07.692,0:00:11.097 Постои животот за кој сите знаат, 0:00:11.097,0:00:14.804 но и животот за кој само јас знам. 0:00:14.804,0:00:17.324 Во животот за кој сите знаат, 0:00:17.324,0:00:19.798 јас сум пријател, 0:00:19.798,0:00:22.353 син, брат, 0:00:22.353,0:00:25.979 стенд-ап комичар и тинејџер. 0:00:25.979,0:00:27.820 Тоа е животот за кој сите знаат. 0:00:27.820,0:00:29.346 Ако побарате од моите пријатели и семејство да ме опишат, 0:00:29.346,0:00:31.185 токму тоа ќе ви го кажат. 0:00:31.185,0:00:33.183 И тоа е голем дел од мене. Тоа сум јас. 0:00:33.183,0:00:35.993 Ако од мене побарате јас самиот да се опишам, 0:00:35.993,0:00:38.915 веројатно би кажал некои од тие работи. 0:00:38.915,0:00:42.476 И нема да ве излажам, 0:00:42.476,0:00:46.006 но и нема да ви ја кажам целата приказна, 0:00:46.006,0:00:47.533 бидејќи тоа е 0:00:47.533,0:00:50.705 само животот за кој сите знаат. 0:00:50.705,0:00:54.468 Во животот за кој само јас знам, 0:00:54.468,0:00:56.395 јас сум всушност 0:00:56.395,0:01:00.830 човек кој води тешка борба со депресијата. 0:01:00.830,0:01:03.507 Тоа го правам изминативе шест години 0:01:03.507,0:01:08.626 и продолжувам секој ден. 0:01:08.626,0:01:11.123 Е сега, некој кој никогаш не доживеал депресија 0:01:11.123,0:01:12.325 или пак не знае што значи тоа, 0:01:12.325,0:01:13.708 можеби малку ќе се изненади, 0:01:13.708,0:01:15.613 бидејќи има една многу популарна заблуда 0:01:15.613,0:01:18.360 дека депресијата е да бидеш тажен 0:01:18.360,0:01:20.848 кога нешто во животот ти тргнало наопаку, 0:01:20.848,0:01:22.490 кога ќе раскинеш со девојката, 0:01:22.490,0:01:23.881 кога ќе изгубиш некој сакан, 0:01:23.881,0:01:25.632 кога нема да ја добиеш посакуваната работа. 0:01:25.632,0:01:27.619 Но тоа е тага. Тоа е природно. 0:01:27.619,0:01:29.531 Тоа е нормална човечка емоција. 0:01:29.531,0:01:33.729 Вистинската депресија не е да бидеш 0:01:33.729,0:01:36.358 тажен кога нешто во животот ти тргнало наопаку. 0:01:36.358,0:01:38.144 Вистинската депресија е да бидеш 0:01:38.144,0:01:41.413 тажен кога сè во животот ти оди како што треба. 0:01:41.413,0:01:43.898 Тоа е вистинската депресија, и токму од тоа страдам. 0:01:43.898,0:01:46.023 И да бидам целосно искрен, 0:01:46.023,0:01:48.837 тешко ми е да го кажам тоа тука пред вас. 0:01:48.837,0:01:50.558 Тешко ми е да зборувам за тоа, 0:01:50.558,0:01:53.321 и се чини дека и на другите им е тешко, 0:01:53.321,0:01:55.689 толку многу што никој не зборува за депресијата. 0:01:55.689,0:01:58.083 Никој не зборува за депресијата, но би требало, 0:01:58.083,0:02:01.825 оти во моментов таа претставува огромен проблем. 0:02:01.825,0:02:03.495 Огромен проблем. 0:02:03.495,0:02:05.297 Но не ја гледаме на социјалните медиуми, така? 0:02:05.297,0:02:07.385 Ја нема на Фејсбук. Ја нема на Твитер. 0:02:07.385,0:02:09.207 Ја нема на вестите, бидејќи не е радосна вест, 0:02:09.207,0:02:10.836 не е забавна, не е позитивна. 0:02:10.836,0:02:14.431 И бидејќи ја нема, не можеме да видиме колку е сурова. 0:02:14.431,0:02:18.190 Но нејзината суровост и сериозност се рефлектира вака: 0:02:18.190,0:02:19.913 на секои 30 секунди, 0:02:19.913,0:02:22.117 секои 30 секунди, некаде, 0:02:22.117,0:02:24.310 некој во светот си го одзема животот 0:02:24.310,0:02:25.387 поради депресија, 0:02:25.387,0:02:27.627 можеби е два блока одовде, можеби две земји или 0:02:27.627,0:02:29.157 два континенти одовде, но се случува, 0:02:29.157,0:02:31.727 и се случува буквално секој ден. 0:02:31.727,0:02:34.691 А ние како општество, честопати ќе 0:02:34.691,0:02:39.937 се осврнеме на тоа и велиме, "Па што?" 0:02:39.937,0:02:44.592 Па што? Ќе погледнеме кон тоа, и велиме, "Тоа е твој проблем. 0:02:44.592,0:02:46.995 Тоа е нивни проблем." 0:02:46.995,0:02:48.847 Велиме дека сме тажни и дека ни е жал, 0:02:48.847,0:02:50.224 но истовремено велиме, "Па што?" 0:02:50.224,0:02:54.907 Пред две години јас имав таков проблем, 0:02:54.907,0:02:58.964 кога седнав на работ од креветот 0:02:58.964,0:03:02.324 каде сум седел милион пати претходно 0:03:02.324,0:03:05.140 и сакав да извршам самоубиство. 0:03:05.140,0:03:09.066 Имав намера да се самоубијам, но ако погледневте на површината од мојот живот, 0:03:09.066,0:03:11.308 немаше да забележите дете со таква намера. 0:03:11.308,0:03:13.424 Ќе видевте дете кое е капитен на кошаркарски тим, 0:03:13.424,0:03:15.485 ученик на годината по драма и театар, 0:03:15.485,0:03:16.444 ученик на годината по Англиски, 0:03:16.444,0:03:18.272 некој на кого постојано му оддаваат признанија 0:03:18.272,0:03:21.945 и кој е постојано на забавите. 0:03:21.945,0:03:23.586 И би рекле дека не сум депресивен, би рекле дека немам 0:03:23.586,0:03:26.297 намера да се самоубијам, но ќе погрешите. 0:03:26.297,0:03:27.736 Ќе згрешите. И така седнав таму таа ноќ, 0:03:27.736,0:03:31.774 до мене имав шишенце со апчиња. Во раката држев лист и пенкало, 0:03:31.774,0:03:33.762 размислував да си го одземам животот, 0:03:33.762,0:03:37.114 и бев олку близу до тоа. 0:03:37.114,0:03:38.796 Малку фалеше. 0:03:38.796,0:03:41.924 Но не го направив тоа, и тоа ме прави еден од оние среќниците, 0:03:41.924,0:03:44.059 еден од луѓето кои застанале на работ, 0:03:44.059,0:03:46.320 погледнале надолу, но не скокнале, 0:03:46.320,0:03:48.325 еден од среќниците кои преживуваат. 0:03:48.325,0:03:50.722 И така, преживеав, и ми останува само приказната, 0:03:50.722,0:03:53.127 а мојата приказна е оваа: 0:03:53.127,0:03:56.480 Во четири едноставни зборови, јас страдам од депресија. 0:03:56.480,0:03:58.910 Јас страдам од депресија, 0:03:58.910,0:04:06.230 и долго време, мислам дека 0:04:06.230,0:04:08.826 живеев два тотално различни животи, 0:04:08.826,0:04:10.687 каде едната личност секогаш беше исплашена од онаа другата. 0:04:10.687,0:04:12.786 Ми беше страв дека луѓето ќе откријат кој сум всушност, 0:04:12.786,0:04:16.028 дека не сум совршеното, популарно дете од средно училиште, 0:04:16.028,0:04:18.453 дека зад мојата насмевка, се крие борба, 0:04:18.453,0:04:20.416 зад мојата светлина, лежи мрак, 0:04:20.416,0:04:24.793 и дека под мојата голема личност, се крие уште поголема болка. 0:04:24.793,0:04:27.430 Видете, некои луѓе се плашат дека девојките ќе ги одбијат. 0:04:27.430,0:04:29.519 Некои луѓе се плашат од ајкули. Некои можеби се плашат од смрт. 0:04:29.519,0:04:34.212 Но јас, најголемиот дел од животот, ми беше страв од самиот себе. 0:04:34.212,0:04:36.904 Се плашев од мојата вистина, од мојата искреност, од мојата ранливост, 0:04:36.904,0:04:39.126 а тој страв направи да се чувствувам 0:04:39.126,0:04:41.483 ко да сум приклештен во ќош, 0:04:41.483,0:04:44.513 ко да сум приклештен во ќош од кој има само еден излез, 0:04:44.513,0:04:48.306 а за тој излез размислував секој ден. 0:04:48.306,0:04:49.753 Размислував секој ден, 0:04:49.753,0:04:51.424 и да бидам целосно искрен, стоејќи овде 0:04:51.424,0:04:54.797 повторно размислував, бидејќи таква е болеста, 0:04:54.797,0:04:56.731 таква е борбата, тоа е депресија, 0:04:56.731,0:04:57.950 а депресијата не е сипаници. 0:04:57.950,0:04:59.668 Не можеш да ја победиш еднаш и да си замине засекогаш. 0:04:59.668,0:05:02.431 Со неа живееш. Во неа живееш. 0:05:02.431,0:05:06.003 Таа ви е цимер кој не можете да го исфрлите. Глас кој не можете да го игнорирате. 0:05:06.003,0:05:08.264 Тоа се чувства од кои не можете да избегате, 0:05:08.264,0:05:13.337 а најстрашно е што после некое време, 0:05:13.337,0:05:16.217 отрпнувате на нив. Се навикнувате на нив, 0:05:16.217,0:05:18.504 а најмногу ви е страв не од 0:05:18.504,0:05:21.360 страдањето кое е во вас. 0:05:21.360,0:05:22.876 Туку од стигмата која е во другите, 0:05:22.876,0:05:25.157 од срамот, од резилот, 0:05:25.157,0:05:27.610 од осудувачкиот поглед на лицето на вашиот пријател, 0:05:27.610,0:05:31.074 од шепотите во ходникот дека сте слаб, 0:05:31.074,0:05:32.475 од коментарите дека сте луд. 0:05:32.475,0:05:34.575 Тоа не ви дозволува да побарате помош. 0:05:34.575,0:05:37.569 Тоа ве тера да ја држите во себе и да ја криете. 0:05:37.569,0:05:39.904 Тоа е стигмата. Ја криете депресијата во себе, 0:05:39.904,0:05:41.766 ја држите и ја криете, 0:05:41.766,0:05:43.442 иако ве приковува за кревет секој ден 0:05:43.442,0:05:46.382 и ви го прави животот празен без оглед колку и да се обидувате да го пополните, 0:05:46.382,0:05:48.545 ја криете, бидејќи стигмата во нашето општество 0:05:48.545,0:05:51.460 околу депресијата е многу голема. 0:05:51.460,0:05:54.662 Многу е голема, а ако мислите дека не е така, запрашајте се ова: 0:05:54.662,0:05:56.471 Како повеќе сакате да гласи вашиот следен Фејсбук статус, 0:05:56.471,0:05:58.217 дека ви е тешко да станете од кревет 0:05:58.217,0:06:00.366 оти ви е повреден грбот 0:06:00.366,0:06:02.358 или дека ви е тешко да станете од кревет секое утро 0:06:02.358,0:06:04.458 оти сте депресивни? 0:06:04.458,0:06:06.742 Тоа е стигмата, бидејќи за жал, 0:06:06.742,0:06:09.210 живееме во свет во кој ако си ја скршите раката, 0:06:09.210,0:06:11.884 сите трчаат да ви се потпишат на гипсот, 0:06:11.899,0:06:14.700 но ако им кажете дека сте депресивен, сите бегаат од вас. 0:06:14.700,0:06:17.200 Тоа е стигмата. 0:06:17.200,0:06:22.166 Можеме да прифатиме пореметување на било кој дел од телото, 0:06:22.166,0:06:25.268 освен на мозокот. А тоа е незнаење. 0:06:25.268,0:06:27.280 Тоа е чисто незнаење, а тоа незнаење има создадено 0:06:27.280,0:06:28.844 свет кој не ја разбира депресијата, 0:06:28.844,0:06:31.350 кој не го разбира менталното здравје. 0:06:31.350,0:06:33.303 А тоа е иронично за мене, бидејќи депресијата 0:06:33.303,0:06:35.813 е еден од проблемите кој се најдобро утврдени во светот, 0:06:35.813,0:06:37.858 но сепак проблем за кого најмалку дискутираме. 0:06:37.858,0:06:40.294 Едноставно ја туркаме под тепих, се преправаме 0:06:40.294,0:06:43.881 дека не е тука и се надеваме дека ќе се реши сама од себе. 0:06:43.881,0:06:47.223 Но, нема, тоа се нема случено и нема ни да се случи, 0:06:47.223,0:06:49.114 оти тоа е само фантазирање, 0:06:49.114,0:06:51.887 а фантазирањето не ни треба, со него само одолговлекуваме, 0:06:51.887,0:06:56.816 и не можеме да одолговлекуваме толку важна работа. 0:06:56.816,0:07:00.207 Првиот чекор за решавање на проблем 0:07:00.207,0:07:01.690 е да го препознаете проблемот. 0:07:01.690,0:07:04.448 Но, тоа го немаме направено, и не можеме да очекуваме 0:07:04.448,0:07:07.633 одговор доколку и понатаму ни е страв од прашањето. 0:07:07.633,0:07:11.412 И не знам што е решението. 0:07:11.412,0:07:13.873 Би сакал да знам, но не знам, 0:07:13.873,0:07:15.881 но мислам дека мора да почне одовде. 0:07:15.881,0:07:18.280 Мора да почне од мене, мора да почне од вас, 0:07:18.280,0:07:21.698 мора да почне од луѓето кои страдаат, 0:07:21.698,0:07:23.115 од оние кои се скриени во сенките. 0:07:23.115,0:07:25.115 Мораме да зборуваме и да ја прекинеме тишината. 0:07:25.115,0:07:27.434 Токму ние треба да се охрабриме за она во што веруваме, 0:07:27.434,0:07:30.609 бидејќи ако има една работа што ја сфатив, 0:07:30.609,0:07:34.185 ако има една работа за која сметам дека е најголем проблем, 0:07:34.185,0:07:37.224 тоа не градење на свет 0:07:37.224,0:07:40.973 во кој ќе го искорениме незнаењето на другите. 0:07:40.973,0:07:44.259 Туку градење на свет во кој ќе учиме како да се прифатиме самите себе, 0:07:44.259,0:07:45.460 во кој ќе бидеме океј со тоа кој сме, 0:07:45.460,0:07:46.960 бидејќи кога сме искрени, 0:07:46.960,0:07:49.756 можеме да видиме дека сите се бориме и страдаме. 0:07:49.756,0:07:51.708 Дали со нас, дали со нешто друго, сите знаеме 0:07:51.708,0:07:54.535 како е кога си повреден. 0:07:54.535,0:07:56.373 Сите знаеме како е да имаш болка во срцето, 0:07:56.373,0:07:59.067 сите знаеме колку е важно таа да заздрави. 0:07:59.067,0:08:02.461 Но во моментов, депресијата е длабока расекотина 0:08:02.461,0:08:05.022 врз која лепиме фластер и се преправаме дека не постои. 0:08:05.022,0:08:09.526 Но таа е тука. Тука е, и знаете што? Во ред е. 0:08:09.526,0:08:13.337 Депресијата е океј. Ако имаш депресија, знај дека си океј. 0:08:13.337,0:08:15.999 И имај на ум дека си болен, не си слаб, 0:08:15.999,0:08:17.935 таа е проблем, а не идентитет, 0:08:17.935,0:08:20.688 оти кога ќе го надминеш стравот, исмејувањето, 0:08:20.688,0:08:22.485 осудата и стигмата од другите, 0:08:22.485,0:08:25.471 ќе можеш да ја видиш депресијата онаква каква што è , 0:08:25.471,0:08:27.710 а таа е само дел од животот, 0:08:27.710,0:08:31.438 само дел од животот, и колку и да ги мразам, 0:08:31.438,0:08:33.917 колку и да ги мразам некои од местата, 0:08:33.917,0:08:37.013 некои од моите животни епизоди кои ми ги приреди депресијата, 0:08:37.013,0:08:39.548 на многу начини сум и благодарен за тоа. 0:08:39.548,0:08:41.360 Бидејќи да, ме турна по надолнина, 0:08:41.360,0:08:42.792 но само за да ми покаже дека има врв, 0:08:42.792,0:08:44.391 и да ме влечеше по темнината, 0:08:44.391,0:08:46.977 но само за да ме потсети дека има светлина. 0:08:46.977,0:08:50.720 Мојата болка, повеќе од било што во текот на овие 19 години, 0:08:50.720,0:08:52.979 ми даде перспектива, мојата повреда, 0:08:52.979,0:08:55.474 мојата повреда ме натера да имам надеж, 0:08:55.474,0:08:58.005 да имам надеж и верба, верба во себе, 0:08:58.005,0:09:00.550 верба во другите, верба дека може да биде подобро, 0:09:00.550,0:09:02.628 дека можеме да го промениме ова, дека можеме да 0:09:02.628,0:09:05.386 се побуниме и да се бориме против незнаењето, 0:09:05.386,0:09:07.975 да се бориме против нетолеранцијата, 0:09:07.975,0:09:09.990 и највеќе од сè, 0:09:09.990,0:09:12.716 да научиме да се сакаме самите себе, 0:09:12.716,0:09:14.895 да научиме да се прифатиме онакви какви што сме, 0:09:14.895,0:09:18.990 а не онакви какви што светот сака да бидеме. 0:09:18.990,0:09:20.602 Бидејќи светот во кој јас верувам 0:09:20.602,0:09:24.770 е свет во кој прифаќањето на сопствената светлина не значи игнорирање на сопствената темнина. 0:09:24.770,0:09:26.851 Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе бидеме оценувани 0:09:26.851,0:09:31.367 според нашата способност да ги надминеме тешкотиите, а не да ги избегнеме. 0:09:31.367,0:09:35.591 Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе можам да погледнам некого во очи 0:09:35.591,0:09:37.353 и да речам, "Поминувам низ пекол," 0:09:37.353,0:09:40.930 а таа ќе ме погледне назад и ќе рече, "И јас," и тоа да биде океј, 0:09:40.930,0:09:44.632 и океј е бидејќи депресијата е океј. Ние сме луѓе. 0:09:44.632,0:09:47.062 Ние сме луѓе кои се борат, страдаат, крварат 0:09:47.062,0:09:49.790 и кои плачат, и ако мислите дека вистинската сила 0:09:49.790,0:09:51.909 значи никогаш да не покажеш слабост, тогаш морам 0:09:51.909,0:09:55.155 да ви кажам дека грешите. 0:09:55.155,0:09:59.052 Грешите, бидејќи е токму спротивното. 0:09:59.052,0:10:01.736 Ние сме луѓе, и имаме проблеми. 0:10:01.736,0:10:03.407 Не сме совршени и тоа е океј. 0:10:03.407,0:10:05.621 Значи мораме му ставиме крај на незнаењето, 0:10:05.621,0:10:08.699 на нетолеранцијата, на стигмата, 0:10:08.699,0:10:13.273 на тишината, и мораме да ги отстраниме табуата, 0:10:13.273,0:10:17.812 да ја погледнеме вистината, и да проговориме, 0:10:17.812,0:10:22.536 бидејќи проблемот со кој луѓето се борат сами, 0:10:22.536,0:10:25.870 ќе го победиме само ако 0:10:25.870,0:10:29.633 застанеме сите заедно, 0:10:29.633,0:10:33.397 ако бидеме сите сложни. 0:10:33.397,0:10:36.376 И верувам дека можеме. 0:10:36.376,0:10:38.295 Верувам дека можеме. Дечки ви благодарам многу. 0:10:38.295,0:10:40.702 Ми се оствари сонот. Ви благодарам. (Аплауз) 0:10:40.702,0:10:42.960 Ви благодарам. (Аплауз)