1 00:00:00,342 --> 00:00:03,101 Долго време во животот, 2 00:00:03,101 --> 00:00:07,692 имав чувство дека водам два различни животи. 3 00:00:07,692 --> 00:00:11,097 Постои животот за кој сите знаат, 4 00:00:11,097 --> 00:00:14,804 но и животот за кој само јас знам. 5 00:00:14,804 --> 00:00:17,324 Во животот за кој сите знаат, 6 00:00:17,324 --> 00:00:19,798 јас сум пријател, 7 00:00:19,798 --> 00:00:22,353 син, брат, 8 00:00:22,353 --> 00:00:25,979 стенд-ап комичар и тинејџер. 9 00:00:25,979 --> 00:00:27,820 Тоа е животот за кој сите знаат. 10 00:00:27,820 --> 00:00:29,346 Ако побарате од моите пријатели и семејство да ме опишат, 11 00:00:29,346 --> 00:00:31,185 токму тоа ќе ви го кажат. 12 00:00:31,185 --> 00:00:33,183 И тоа е голем дел од мене. Тоа сум јас. 13 00:00:33,183 --> 00:00:35,993 Ако од мене побарате јас самиот да се опишам, 14 00:00:35,993 --> 00:00:38,915 веројатно би кажал некои од тие работи. 15 00:00:38,915 --> 00:00:42,476 И нема да ве излажам, 16 00:00:42,476 --> 00:00:46,006 но и нема да ви ја кажам целата приказна, 17 00:00:46,006 --> 00:00:47,533 бидејќи тоа е 18 00:00:47,533 --> 00:00:50,705 само животот за кој сите знаат. 19 00:00:50,705 --> 00:00:54,468 Во животот за кој само јас знам, 20 00:00:54,468 --> 00:00:56,395 јас сум всушност 21 00:00:56,395 --> 00:01:00,830 човек кој води тешка борба со депресијата. 22 00:01:00,830 --> 00:01:03,507 Тоа го правам изминативе шест години 23 00:01:03,507 --> 00:01:08,626 и продолжувам секој ден. 24 00:01:08,626 --> 00:01:11,123 Е сега, некој кој никогаш не доживеал депресија 25 00:01:11,123 --> 00:01:12,325 или пак не знае што значи тоа, 26 00:01:12,325 --> 00:01:13,708 можеби малку ќе се изненади, 27 00:01:13,708 --> 00:01:15,613 бидејќи има една многу популарна заблуда 28 00:01:15,613 --> 00:01:18,360 дека депресијата е да бидеш тажен 29 00:01:18,360 --> 00:01:20,848 кога нешто во животот ти тргнало наопаку, 30 00:01:20,848 --> 00:01:22,490 кога ќе раскинеш со девојката, 31 00:01:22,490 --> 00:01:23,881 кога ќе изгубиш некој сакан, 32 00:01:23,881 --> 00:01:25,632 кога нема да ја добиеш посакуваната работа. 33 00:01:25,632 --> 00:01:27,619 Но тоа е тага. Тоа е природно. 34 00:01:27,619 --> 00:01:29,531 Тоа е нормална човечка емоција. 35 00:01:29,531 --> 00:01:33,729 Вистинската депресија не е да бидеш 36 00:01:33,729 --> 00:01:36,358 тажен кога нешто во животот ти тргнало наопаку. 37 00:01:36,358 --> 00:01:38,144 Вистинската депресија е да бидеш 38 00:01:38,144 --> 00:01:41,413 тажен кога сè во животот ти оди како што треба. 39 00:01:41,413 --> 00:01:43,898 Тоа е вистинската депресија, и токму од тоа страдам. 40 00:01:43,898 --> 00:01:46,023 И да бидам целосно искрен, 41 00:01:46,023 --> 00:01:48,837 тешко ми е да го кажам тоа тука пред вас. 42 00:01:48,837 --> 00:01:50,558 Тешко ми е да зборувам за тоа, 43 00:01:50,558 --> 00:01:53,321 и се чини дека и на другите им е тешко, 44 00:01:53,321 --> 00:01:55,689 толку многу што никој не зборува за депресијата. 45 00:01:55,689 --> 00:01:58,083 Никој не зборува за депресијата, но би требало, 46 00:01:58,083 --> 00:02:01,825 оти во моментов таа претставува огромен проблем. 47 00:02:01,825 --> 00:02:03,495 Огромен проблем. 48 00:02:03,495 --> 00:02:05,297 Но не ја гледаме на социјалните медиуми, така? 49 00:02:05,297 --> 00:02:07,385 Ја нема на Фејсбук. Ја нема на Твитер. 50 00:02:07,385 --> 00:02:09,207 Ја нема на вестите, бидејќи не е радосна вест, 51 00:02:09,207 --> 00:02:10,836 не е забавна, не е позитивна. 52 00:02:10,836 --> 00:02:14,431 И бидејќи ја нема, не можеме да видиме колку е сурова. 53 00:02:14,431 --> 00:02:18,190 Но нејзината суровост и сериозност се рефлектира вака: 54 00:02:18,190 --> 00:02:19,913 на секои 30 секунди, 55 00:02:19,913 --> 00:02:22,117 секои 30 секунди, некаде, 56 00:02:22,117 --> 00:02:24,310 некој во светот си го одзема животот 57 00:02:24,310 --> 00:02:25,387 поради депресија, 58 00:02:25,387 --> 00:02:27,627 можеби е два блока одовде, можеби две земји или 59 00:02:27,627 --> 00:02:29,157 два континенти одовде, но се случува, 60 00:02:29,157 --> 00:02:31,727 и се случува буквално секој ден. 61 00:02:31,727 --> 00:02:34,691 А ние како општество, честопати ќе 62 00:02:34,691 --> 00:02:39,937 се осврнеме на тоа и велиме, "Па што?" 63 00:02:39,937 --> 00:02:44,592 Па што? Ќе погледнеме кон тоа, и велиме, "Тоа е твој проблем. 64 00:02:44,592 --> 00:02:46,995 Тоа е нивни проблем." 65 00:02:46,995 --> 00:02:48,847 Велиме дека сме тажни и дека ни е жал, 66 00:02:48,847 --> 00:02:50,224 но истовремено велиме, "Па што?" 67 00:02:50,224 --> 00:02:54,907 Пред две години јас имав таков проблем, 68 00:02:54,907 --> 00:02:58,964 кога седнав на работ од креветот 69 00:02:58,964 --> 00:03:02,324 каде сум седел милион пати претходно 70 00:03:02,324 --> 00:03:05,140 и сакав да извршам самоубиство. 71 00:03:05,140 --> 00:03:09,066 Имав намера да се самоубијам, но ако погледневте на површината од мојот живот, 72 00:03:09,066 --> 00:03:11,308 немаше да забележите дете со таква намера. 73 00:03:11,308 --> 00:03:13,424 Ќе видевте дете кое е капитен на кошаркарски тим, 74 00:03:13,424 --> 00:03:15,485 ученик на годината по драма и театар, 75 00:03:15,485 --> 00:03:16,444 ученик на годината по Англиски, 76 00:03:16,444 --> 00:03:18,272 некој на кого постојано му оддаваат признанија 77 00:03:18,272 --> 00:03:21,945 и кој е постојано на забавите. 78 00:03:21,945 --> 00:03:23,586 И би рекле дека не сум депресивен, би рекле дека немам 79 00:03:23,586 --> 00:03:26,297 намера да се самоубијам, но ќе погрешите. 80 00:03:26,297 --> 00:03:27,736 Ќе згрешите. И така седнав таму таа ноќ, 81 00:03:27,736 --> 00:03:31,774 до мене имав шишенце со апчиња. Во раката држев лист и пенкало, 82 00:03:31,774 --> 00:03:33,762 размислував да си го одземам животот, 83 00:03:33,762 --> 00:03:37,114 и бев олку близу до тоа. 84 00:03:37,114 --> 00:03:38,796 Малку фалеше. 85 00:03:38,796 --> 00:03:41,924 Но не го направив тоа, и тоа ме прави еден од оние среќниците, 86 00:03:41,924 --> 00:03:44,059 еден од луѓето кои застанале на работ, 87 00:03:44,059 --> 00:03:46,320 погледнале надолу, но не скокнале, 88 00:03:46,320 --> 00:03:48,325 еден од среќниците кои преживуваат. 89 00:03:48,325 --> 00:03:50,722 И така, преживеав, и ми останува само приказната, 90 00:03:50,722 --> 00:03:53,127 а мојата приказна е оваа: 91 00:03:53,127 --> 00:03:56,480 Во четири едноставни зборови, јас страдам од депресија. 92 00:03:56,480 --> 00:03:58,910 Јас страдам од депресија, 93 00:03:58,910 --> 00:04:06,230 и долго време, мислам дека 94 00:04:06,230 --> 00:04:08,826 живеев два тотално различни животи, 95 00:04:08,826 --> 00:04:10,687 каде едната личност секогаш беше исплашена од онаа другата. 96 00:04:10,687 --> 00:04:12,786 Ми беше страв дека луѓето ќе откријат кој сум всушност, 97 00:04:12,786 --> 00:04:16,028 дека не сум совршеното, популарно дете од средно училиште, 98 00:04:16,028 --> 00:04:18,453 дека зад мојата насмевка, се крие борба, 99 00:04:18,453 --> 00:04:20,416 зад мојата светлина, лежи мрак, 100 00:04:20,416 --> 00:04:24,793 и дека под мојата голема личност, се крие уште поголема болка. 101 00:04:24,793 --> 00:04:27,430 Видете, некои луѓе се плашат дека девојките ќе ги одбијат. 102 00:04:27,430 --> 00:04:29,519 Некои луѓе се плашат од ајкули. Некои можеби се плашат од смрт. 103 00:04:29,519 --> 00:04:34,212 Но јас, најголемиот дел од животот, ми беше страв од самиот себе. 104 00:04:34,212 --> 00:04:36,904 Се плашев од мојата вистина, од мојата искреност, од мојата ранливост, 105 00:04:36,904 --> 00:04:39,126 а тој страв направи да се чувствувам 106 00:04:39,126 --> 00:04:41,483 ко да сум приклештен во ќош, 107 00:04:41,483 --> 00:04:44,513 ко да сум приклештен во ќош од кој има само еден излез, 108 00:04:44,513 --> 00:04:48,306 а за тој излез размислував секој ден. 109 00:04:48,306 --> 00:04:49,753 Размислував секој ден, 110 00:04:49,753 --> 00:04:51,424 и да бидам целосно искрен, стоејќи овде 111 00:04:51,424 --> 00:04:54,797 повторно размислував, бидејќи таква е болеста, 112 00:04:54,797 --> 00:04:56,731 таква е борбата, тоа е депресија, 113 00:04:56,731 --> 00:04:57,950 а депресијата не е сипаници. 114 00:04:57,950 --> 00:04:59,668 Не можеш да ја победиш еднаш и да си замине засекогаш. 115 00:04:59,668 --> 00:05:02,431 Со неа живееш. Во неа живееш. 116 00:05:02,431 --> 00:05:06,003 Таа ви е цимер кој не можете да го исфрлите. Глас кој не можете да го игнорирате. 117 00:05:06,003 --> 00:05:08,264 Тоа се чувства од кои не можете да избегате, 118 00:05:08,264 --> 00:05:13,337 а најстрашно е што после некое време, 119 00:05:13,337 --> 00:05:16,217 отрпнувате на нив. Се навикнувате на нив, 120 00:05:16,217 --> 00:05:18,504 а најмногу ви е страв не од 121 00:05:18,504 --> 00:05:21,360 страдањето кое е во вас. 122 00:05:21,360 --> 00:05:22,876 Туку од стигмата која е во другите, 123 00:05:22,876 --> 00:05:25,157 од срамот, од резилот, 124 00:05:25,157 --> 00:05:27,610 од осудувачкиот поглед на лицето на вашиот пријател, 125 00:05:27,610 --> 00:05:31,074 од шепотите во ходникот дека сте слаб, 126 00:05:31,074 --> 00:05:32,475 од коментарите дека сте луд. 127 00:05:32,475 --> 00:05:34,575 Тоа не ви дозволува да побарате помош. 128 00:05:34,575 --> 00:05:37,569 Тоа ве тера да ја држите во себе и да ја криете. 129 00:05:37,569 --> 00:05:39,904 Тоа е стигмата. Ја криете депресијата во себе, 130 00:05:39,904 --> 00:05:41,766 ја држите и ја криете, 131 00:05:41,766 --> 00:05:43,442 иако ве приковува за кревет секој ден 132 00:05:43,442 --> 00:05:46,382 и ви го прави животот празен без оглед колку и да се обидувате да го пополните, 133 00:05:46,382 --> 00:05:48,545 ја криете, бидејќи стигмата во нашето општество 134 00:05:48,545 --> 00:05:51,460 околу депресијата е многу голема. 135 00:05:51,460 --> 00:05:54,662 Многу е голема, а ако мислите дека не е така, запрашајте се ова: 136 00:05:54,662 --> 00:05:56,471 Како повеќе сакате да гласи вашиот следен Фејсбук статус, 137 00:05:56,471 --> 00:05:58,217 дека ви е тешко да станете од кревет 138 00:05:58,217 --> 00:06:00,366 оти ви е повреден грбот 139 00:06:00,366 --> 00:06:02,358 или дека ви е тешко да станете од кревет секое утро 140 00:06:02,358 --> 00:06:04,458 оти сте депресивни? 141 00:06:04,458 --> 00:06:06,742 Тоа е стигмата, бидејќи за жал, 142 00:06:06,742 --> 00:06:09,210 живееме во свет во кој ако си ја скршите раката, 143 00:06:09,210 --> 00:06:11,884 сите трчаат да ви се потпишат на гипсот, 144 00:06:11,899 --> 00:06:14,700 но ако им кажете дека сте депресивен, сите бегаат од вас. 145 00:06:14,700 --> 00:06:17,200 Тоа е стигмата. 146 00:06:17,200 --> 00:06:22,166 Можеме да прифатиме пореметување на било кој дел од телото, 147 00:06:22,166 --> 00:06:25,268 освен на мозокот. А тоа е незнаење. 148 00:06:25,268 --> 00:06:27,280 Тоа е чисто незнаење, а тоа незнаење има создадено 149 00:06:27,280 --> 00:06:28,844 свет кој не ја разбира депресијата, 150 00:06:28,844 --> 00:06:31,350 кој не го разбира менталното здравје. 151 00:06:31,350 --> 00:06:33,303 А тоа е иронично за мене, бидејќи депресијата 152 00:06:33,303 --> 00:06:35,813 е еден од проблемите кој се најдобро утврдени во светот, 153 00:06:35,813 --> 00:06:37,858 но сепак проблем за кого најмалку дискутираме. 154 00:06:37,858 --> 00:06:40,294 Едноставно ја туркаме под тепих, се преправаме 155 00:06:40,294 --> 00:06:43,881 дека не е тука и се надеваме дека ќе се реши сама од себе. 156 00:06:43,881 --> 00:06:47,223 Но, нема, тоа се нема случено и нема ни да се случи, 157 00:06:47,223 --> 00:06:49,114 оти тоа е само фантазирање, 158 00:06:49,114 --> 00:06:51,887 а фантазирањето не ни треба, со него само одолговлекуваме, 159 00:06:51,887 --> 00:06:56,816 и не можеме да одолговлекуваме толку важна работа. 160 00:06:56,816 --> 00:07:00,207 Првиот чекор за решавање на проблем 161 00:07:00,207 --> 00:07:01,690 е да го препознаете проблемот. 162 00:07:01,690 --> 00:07:04,448 Но, тоа го немаме направено, и не можеме да очекуваме 163 00:07:04,448 --> 00:07:07,633 одговор доколку и понатаму ни е страв од прашањето. 164 00:07:07,633 --> 00:07:11,412 И не знам што е решението. 165 00:07:11,412 --> 00:07:13,873 Би сакал да знам, но не знам, 166 00:07:13,873 --> 00:07:15,881 но мислам дека мора да почне одовде. 167 00:07:15,881 --> 00:07:18,280 Мора да почне од мене, мора да почне од вас, 168 00:07:18,280 --> 00:07:21,698 мора да почне од луѓето кои страдаат, 169 00:07:21,698 --> 00:07:23,115 од оние кои се скриени во сенките. 170 00:07:23,115 --> 00:07:25,115 Мораме да зборуваме и да ја прекинеме тишината. 171 00:07:25,115 --> 00:07:27,434 Токму ние треба да се охрабриме за она во што веруваме, 172 00:07:27,434 --> 00:07:30,609 бидејќи ако има една работа што ја сфатив, 173 00:07:30,609 --> 00:07:34,185 ако има една работа за која сметам дека е најголем проблем, 174 00:07:34,185 --> 00:07:37,224 тоа не градење на свет 175 00:07:37,224 --> 00:07:40,973 во кој ќе го искорениме незнаењето на другите. 176 00:07:40,973 --> 00:07:44,259 Туку градење на свет во кој ќе учиме како да се прифатиме самите себе, 177 00:07:44,259 --> 00:07:45,460 во кој ќе бидеме океј со тоа кој сме, 178 00:07:45,460 --> 00:07:46,960 бидејќи кога сме искрени, 179 00:07:46,960 --> 00:07:49,756 можеме да видиме дека сите се бориме и страдаме. 180 00:07:49,756 --> 00:07:51,708 Дали со нас, дали со нешто друго, сите знаеме 181 00:07:51,708 --> 00:07:54,535 како е кога си повреден. 182 00:07:54,535 --> 00:07:56,373 Сите знаеме како е да имаш болка во срцето, 183 00:07:56,373 --> 00:07:59,067 сите знаеме колку е важно таа да заздрави. 184 00:07:59,067 --> 00:08:02,461 Но во моментов, депресијата е длабока расекотина 185 00:08:02,461 --> 00:08:05,022 врз која лепиме фластер и се преправаме дека не постои. 186 00:08:05,022 --> 00:08:09,526 Но таа е тука. Тука е, и знаете што? Во ред е. 187 00:08:09,526 --> 00:08:13,337 Депресијата е океј. Ако имаш депресија, знај дека си океј. 188 00:08:13,337 --> 00:08:15,999 И имај на ум дека си болен, не си слаб, 189 00:08:15,999 --> 00:08:17,935 таа е проблем, а не идентитет, 190 00:08:17,935 --> 00:08:20,688 оти кога ќе го надминеш стравот, исмејувањето, 191 00:08:20,688 --> 00:08:22,485 осудата и стигмата од другите, 192 00:08:22,485 --> 00:08:25,471 ќе можеш да ја видиш депресијата онаква каква што è , 193 00:08:25,471 --> 00:08:27,710 а таа е само дел од животот, 194 00:08:27,710 --> 00:08:31,438 само дел од животот, и колку и да ги мразам, 195 00:08:31,438 --> 00:08:33,917 колку и да ги мразам некои од местата, 196 00:08:33,917 --> 00:08:37,013 некои од моите животни епизоди кои ми ги приреди депресијата, 197 00:08:37,013 --> 00:08:39,548 на многу начини сум и благодарен за тоа. 198 00:08:39,548 --> 00:08:41,360 Бидејќи да, ме турна по надолнина, 199 00:08:41,360 --> 00:08:42,792 но само за да ми покаже дека има врв, 200 00:08:42,792 --> 00:08:44,391 и да ме влечеше по темнината, 201 00:08:44,391 --> 00:08:46,977 но само за да ме потсети дека има светлина. 202 00:08:46,977 --> 00:08:50,720 Мојата болка, повеќе од било што во текот на овие 19 години, 203 00:08:50,720 --> 00:08:52,979 ми даде перспектива, мојата повреда, 204 00:08:52,979 --> 00:08:55,474 мојата повреда ме натера да имам надеж, 205 00:08:55,474 --> 00:08:58,005 да имам надеж и верба, верба во себе, 206 00:08:58,005 --> 00:09:00,550 верба во другите, верба дека може да биде подобро, 207 00:09:00,550 --> 00:09:02,628 дека можеме да го промениме ова, дека можеме да 208 00:09:02,628 --> 00:09:05,386 се побуниме и да се бориме против незнаењето, 209 00:09:05,386 --> 00:09:07,975 да се бориме против нетолеранцијата, 210 00:09:07,975 --> 00:09:09,990 и највеќе од сè, 211 00:09:09,990 --> 00:09:12,716 да научиме да се сакаме самите себе, 212 00:09:12,716 --> 00:09:14,895 да научиме да се прифатиме онакви какви што сме, 213 00:09:14,895 --> 00:09:18,990 а не онакви какви што светот сака да бидеме. 214 00:09:18,990 --> 00:09:20,602 Бидејќи светот во кој јас верувам 215 00:09:20,602 --> 00:09:24,770 е свет во кој прифаќањето на сопствената светлина не значи игнорирање на сопствената темнина. 216 00:09:24,770 --> 00:09:26,851 Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе бидеме оценувани 217 00:09:26,851 --> 00:09:31,367 според нашата способност да ги надминеме тешкотиите, а не да ги избегнеме. 218 00:09:31,367 --> 00:09:35,591 Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе можам да погледнам некого во очи 219 00:09:35,591 --> 00:09:37,353 и да речам, "Поминувам низ пекол," 220 00:09:37,353 --> 00:09:40,930 а таа ќе ме погледне назад и ќе рече, "И јас," и тоа да биде океј, 221 00:09:40,930 --> 00:09:44,632 и океј е бидејќи депресијата е океј. Ние сме луѓе. 222 00:09:44,632 --> 00:09:47,062 Ние сме луѓе кои се борат, страдаат, крварат 223 00:09:47,062 --> 00:09:49,790 и кои плачат, и ако мислите дека вистинската сила 224 00:09:49,790 --> 00:09:51,909 значи никогаш да не покажеш слабост, тогаш морам 225 00:09:51,909 --> 00:09:55,155 да ви кажам дека грешите. 226 00:09:55,155 --> 00:09:59,052 Грешите, бидејќи е токму спротивното. 227 00:09:59,052 --> 00:10:01,736 Ние сме луѓе, и имаме проблеми. 228 00:10:01,736 --> 00:10:03,407 Не сме совршени и тоа е океј. 229 00:10:03,407 --> 00:10:05,621 Значи мораме му ставиме крај на незнаењето, 230 00:10:05,621 --> 00:10:08,699 на нетолеранцијата, на стигмата, 231 00:10:08,699 --> 00:10:13,273 на тишината, и мораме да ги отстраниме табуата, 232 00:10:13,273 --> 00:10:17,812 да ја погледнеме вистината, и да проговориме, 233 00:10:17,812 --> 00:10:22,536 бидејќи проблемот со кој луѓето се борат сами, 234 00:10:22,536 --> 00:10:25,870 ќе го победиме само ако 235 00:10:25,870 --> 00:10:29,633 застанеме сите заедно, 236 00:10:29,633 --> 00:10:33,397 ако бидеме сите сложни. 237 00:10:33,397 --> 00:10:36,376 И верувам дека можеме. 238 00:10:36,376 --> 00:10:38,295 Верувам дека можеме. Дечки ви благодарам многу. 239 00:10:38,295 --> 00:10:40,702 Ми се оствари сонот. Ви благодарам. (Аплауз) 240 00:10:40,702 --> 00:10:42,960 Ви благодарам. (Аплауз)