Како американските и кинеските вредности ги дефинираа реакциите кон корона вирусот
-
0:01 - 0:03Хелен Волтерс:
Хуанг, мило ми е што се гледаме. -
0:03 - 0:05Благодарам што дојдовте.
Како е 2020-те за вас? -
0:05 - 0:09Хуанг Хунг: За мене 2020 започна
многу нормално. -
0:09 - 0:13Во јануари отидов во Париз,
-
0:13 - 0:16имав интервју за неделата на модата,
-
0:16 - 0:20се вратив во Пекинг на 22 јануари
-
0:20 - 0:23и наидов на прилично тензични работи
-
0:23 - 0:26бидејќи имаше многу гласини.
-
0:26 - 0:29Бев сведок на САРС
-
0:29 - 0:31и не бев многу загрижена.
-
0:31 - 0:37На 23 јануари во мојот дом
ме посети пријател од Њујорк -
0:37 - 0:38кој имаше грип
-
0:38 - 0:40и вечеравме заедно
-
0:40 - 0:43и уште еден пријател кој дојде
-
0:43 - 0:47и замина за Австралија на одмор
со авион следниот ден . -
0:47 - 0:52Не го сметавме сето тоа за сериозно
-
0:52 - 0:54додека не се случи карантинот.
-
0:54 - 0:57ХВ:Го видовме одекот одекот низ цел свет.
-
0:57 - 1:00Мислам на некои луѓе им беше тешко
да ја сфатат големината -
1:00 - 1:02на чекорите кои ги превзеде Кина.
-
1:02 - 1:06Што е тоа што не го гледаме во начинот
на кој Кина се справи со состојбата? -
1:06 - 1:08ХХ: Знаете, од историски аспект
-
1:08 - 1:13ние сме две различни земји,
-
1:13 - 1:15во смисла на култура и историја.
-
1:15 - 1:22Ова е целосно различно
човечко искуство за двете земји. -
1:22 - 1:24За Кина,
-
1:24 - 1:27кога се случува карантин,
-
1:28 - 1:31луѓето се ОК.
-
1:31 - 1:33Луѓето немаат проблем со тоа
-
1:33 - 1:37зашто сметаат дека тоа
го прави еден добар родител. -
1:37 - 1:39Ако детето се разболи,
-
1:39 - 1:41го ставате во друга соба,
-
1:41 - 1:45го изолирате и се грижите
другите деца да не се разболат. -
1:46 - 1:48Тие го очекуваат тоа и од нивната влада.
-
1:48 - 1:54Но, надвор од Кина,
за Америка тоа претставува проблем -
1:54 - 1:56да се донесе правилната
политичка одлука -
1:56 - 2:00и да не се засегне личната
слобода на поединецот. -
2:00 - 2:05проблемите со кои мора да се соочувате
во демократските општества -
2:05 - 2:09се проблеми со кои луѓето
не се справуваат во Кина. -
2:09 - 2:12Постои еден збор во кинескиот јазик
-
2:12 - 2:15кој го нема во ниеден друг јазик,
-
2:15 - 2:18тој збор е „гуаи“.
-
2:18 - 2:20Така нарекувате дете
-
2:21 - 2:24кое ги слуша своите родители.
-
2:24 - 2:28Мислам дека како луѓе
ние сме многу „гуаи“. -
2:28 - 2:31Кај нас ја има оваа авторитарна фигура
-
2:31 - 2:35на која Кинезите се огледуваат
-
2:35 - 2:40и тие очекуваат владата
да превземе дејствија -
2:40 - 2:42со кои тие ќе се справат.
-
2:42 - 2:45Без разлика колку страдање има,
-
2:45 - 2:51го чувствуваат тоа, но кога големиот
брат вели дека треба да се направи -
2:51 - 2:53тогаш мора да се направи.
-
2:53 - 2:58Тоа ја дефинира Кина
како посебен менталитет. -
2:58 - 3:00Кина има посебен менталитет
-
3:00 - 3:04за разлика од менталитетот
на Европа и Америка. -
3:04 - 3:06ХВ: Чувството на колективната одговорност
-
3:06 - 3:11понекогаш недостасува во оваа култура.
-
3:11 - 3:14Истовремено, неспорно е дека
постои загриженост -
3:14 - 3:19во врска со следењето
и заштитата на личните податоци. -
3:19 - 3:20Која е рамнотежата овде
-
3:20 - 3:25и која е вистинската усогласеност
меѓу следењето и слободата? -
3:25 - 3:29XX:Мислам дека во ерата на интернетот,
-
3:29 - 3:34тоа е некаде меѓу Кина и САД.
-
3:34 - 3:40Кога ја гледате индивидуалната слобода
-
3:40 - 3:43наспроти колективната безбедност,
-
3:43 - 3:45мора да има некаде баланс.
-
3:45 - 3:51За следењето, главниот на Баиду, Робин Ли,
еднаш изјави -
3:51 - 3:57кинескиот народ е подготвен да
се откаже од некои индивидуални права -
3:57 - 3:59во замена за удобност.
-
3:59 - 4:04Тој беше критикуван
на кинеските социјални мрежи -
4:04 - 4:06но мислам дека беше во право.
-
4:06 - 4:09Кинескиот народ е подготвен
да се откаже од одредени права. -
4:09 - 4:12На пример,
-
4:13 - 4:16Кинезите се мошне горди
на платежниот систем кој го имаме, -
4:16 - 4:20што зачи дека можете секаде
да одите само со вашиот Ајфон -
4:20 - 4:21и да плаќате секаде.
-
4:21 - 4:23Сè што прават е скенирање на лицето.
-
4:23 - 4:27Мислам дека тоа
ги разбеснува Американците. -
4:27 - 4:31Во Кина уште сме во полу-карантин,
-
4:31 - 4:36ако одите некаде има
апликација која скенира -
4:36 - 4:39и го внесувате вашиот мобилен број
-
4:39 - 4:46и апликацијата му кажува
на чуварот во молот, на пример -
4:46 - 4:48каде сте биле последните 14 дена.
-
4:48 - 4:51Кога ѝ го кажав ова на една Американка
-
4:51 - 4:53таа беше шокирана
-
4:53 - 4:57сметајќи дека тоа е напад на приватноста.
-
4:57 - 4:59Од друга страна,
-
4:59 - 5:01јас како Кинескиња
-
5:01 - 5:07која живее во Кина последните 20 години,
-
5:07 - 5:10иако го разбирам
американскиот менталитет, -
5:10 - 5:15сепак сум доволно Кинескиња
за речам дека не ми пречи тоа -
5:15 - 5:20и се чувствувам подобро
и побезбедно во молот -
5:20 - 5:23бидејќи сите се скенирани.
-
5:23 - 5:30Сметам дека индивидуалната слобода
како апстрактен концепт -
5:30 - 5:32во пандемија како оваа
-
5:32 - 5:35е навистина безначајна.
-
5:35 - 5:40Мислам дека Западот треба
да направи чекор кон Истокот -
5:40 - 5:44и да размисли за колективното како целина
-
5:44 - 5:47наместо за себе и за индивидуалното.
-
5:47 - 5:50ХВ: Појавата на антагонизмот
во реториката меѓу Кина и САД -
5:50 - 5:52е очигледно вознемирувачка.
-
5:52 - 5:54Всушност, земјите се сплотени
-
5:54 - 5:57во тоа дали ги разбираат ланците
на глобалното снабдување или не. -
5:57 - 6:00Што мислите, каде одиме сега?
-
6:00 - 6:05ХХ: Знаете, ова е најужасното нешто
што се појави од ова, -
6:05 - 6:11еден вид на националистички чувства
кај двете страни во оваа пандемија. -
6:11 - 6:13Бидејќи, јас сум оптимист,
-
6:13 - 6:16мислам дека она што ќе се изроди од ова
-
6:16 - 6:22е тоа деке двете страни
ќе сфатат дека ова е борба -
6:22 - 6:26која човештвото мора да ја помине
заеднички, не раздвоено. -
6:26 - 6:28И покрај реториката,
-
6:28 - 6:34глобалната економија има
пораснато до таква интеграција -
6:34 - 6:40што разединувањето ќе чини
многу скапо и ќе биде болно -
6:40 - 6:43и за САД и за Кина.
-
6:43 - 6:45ХВ:Ме интересираат
-
6:45 - 6:49прилично острите критики упатени до Кина.
-
6:49 - 6:54На пример, ја критикуваат Кина дека
го занемарила бројот на починатите, -
6:54 - 6:55веројатно,
-
6:55 - 6:57исто и за обидот да се
деморализира д-р Ли, -
6:57 - 7:03лекарот од Вухан кој прв предупреди
за корона вирусот. -
7:03 - 7:05Видов еден напис во Њујорк Тајмс кој вели
-
7:05 - 7:11дека Веибо корисниците сѐ уште ја
коментираат последната објава на д-р Ли -
7:11 - 7:14и ја користат како жив споменик за него,
-
7:14 - 7:16преку зборови.
-
7:16 - 7:19Има околу 870.000 коментари
кои продолжуваат -
7:19 - 7:21на последниот пост.
-
7:21 - 7:24Дали гледате промена во медиумите?
-
7:24 - 7:27Дали гледате промена во пристапот
на раководството на Кина -
7:27 - 7:31што може да доведе Кина да
се насочи повеќе кон центарот -
7:31 - 7:36како што можеби и САД треба да се
свртат повеќе кон кинескиот модел? -
7:36 - 7:38ХХ:За жал, не многу,
-
7:38 - 7:43бидејќи мислам дека има начин
-
7:43 - 7:47за комуникација меѓу авторитарните
влади и нивните народи. -
7:47 - 7:50Ноќта кога д-р Ли почина,
-
7:51 - 7:55кога се објави неговата смрт
-
7:55 - 7:57кинеските социјални медиуми експплодираа.
-
7:57 - 8:00Иако неправедно го сметаа
за поткажувач -
8:00 - 8:02тој продолжи да оди на работа
во болницата -
8:03 - 8:05и се обидуваше да спаси животи
како лекар -
8:05 - 8:07и потоа почина
-
8:07 - 8:09видејќи се зарази со вирусот.
-
8:09 - 8:11Имаше бес, гнев
-
8:11 - 8:14и сето тоа се отелотвори
-
8:14 - 8:17во еден вид на комеморативна фигура
-
8:17 - 8:20со која власта неправедно
постапи според нив, -
8:20 - 8:21Пресудата
-
8:22 - 8:27и официјалното мислење од типот:
-
8:27 - 8:30„Кој е д-р Ли? Добар е или лош?“
-
8:30 - 8:33целосно се смени за 180 степени.
-
8:33 - 8:38Од непримерен лекар
-
8:38 - 8:40стана херој кој ги предупреди луѓето.
-
8:40 - 8:44Авторитарните влади
-
8:44 - 8:49се свесни за јавното мислење,
-
8:49 - 8:51но од друга страна
-
8:51 - 8:56кога луѓето се жалат или
кога го паметат д-р Ли, -
8:56 - 8:58дали навистина сакаат
да го променат системот? -
8:59 - 9:02Мојот одговор е не,
-
9:02 - 9:06бидејќи не им се допаѓа некоја одлука,
-
9:06 - 9:08но тие не сакаат да го променат системот.
-
9:08 - 9:10Една од причините е бидејќи
-
9:10 - 9:14тие никогаш не знаеле за друг систем.
-
9:14 - 9:16Овој е системот кој знаат
како функционира. -
9:18 - 9:19ХВ: Хуанг,што е „фрлање на вок -тава“
-
9:19 - 9:25ХХ: Фрлање на вок е кога
обвинувате некој друг. -
9:25 - 9:30Некој кој има одговорност
на жаргон на кинески -
9:30 - 9:34е некој кој носи црн вок.
-
9:34 - 9:39Стануваш жртвено јагне за нешто
лошо што се случува. -
9:39 - 9:44Трамп почна да го нарекува
„Кинески вирус“, -
9:44 - 9:45Вухански вирус“,
-
9:45 - 9:52и се обидуваше да ја обвини
Кина за пандемијата -
9:52 - 9:53со корона вирусот.
-
9:53 - 9:57Потоа кинезите ја фрлија „вок тавата“
назад кон американците. -
9:57 - 10:02Беше многу смешно на кинеските
социјални мрежи -
10:02 - 10:04тоа фрлање на вок-тавата.
-
10:04 - 10:10Има и вок-фрлање аеробик
вежба која ја ма на интернет. -
10:10 - 10:11ХВ: Кажете ни Хуанг,
-
10:11 - 10:14се занимавате и со танцување
на ТикТок, нели? -
10:14 - 10:15ХХ: Секако.
-
10:15 - 10:19Правам многу вок фрлање аеробик на ТикТок.
-
10:19 - 10:23ХВ:Можната добра страна на сето ова е
што излегоа на виделина -
10:23 - 10:27некои неправилности и неправди на ситемот,
-
10:27 - 10:29некои распаднати структури кои ги имаме
-
10:29 - 10:33и кои можеме да ги обновиме ако сме мудри.
-
10:33 - 10:36ХХ:Да, мислам дека една добра
работа од пандемијата -
10:36 - 10:40е дека сфаќаме
-
10:41 - 10:47дека човештвото мора
нешто да направи заедничи -
10:47 - 10:53а не да се дели по раси, боја на кожа
-
10:53 - 10:55или националност;
-
10:55 - 11:01овој вирус не дискриминира
по ниеден основ, -
11:01 - 11:03ниту богати ниту сиромашни,
-
11:03 - 11:05важни или неважни
-
11:05 - 11:09боја кожа или националност.
-
11:09 - 11:12Значи време е да бидеме заедно
-
11:12 - 11:16а не да го разединуваме светот
-
11:16 - 11:20и да се скриваме во нашите
националистички засолништа. -
11:21 - 11:22ХВ: Тоа е прекрасно чувство.
-
11:22 - 11:25Хуанг Хунг, ви благодарам
што дојдовте од Пекинг. -
11:25 - 11:26Останете со добро.
-
11:27 - 11:30ХХ: Благодарам и вие останете со добро.
- Title:
- Како американските и кинеските вредности ги дефинираа реакциите кон корона вирусот
- Speaker:
- Хуанг Хунг
- Description:
-
Во борбата против Ковид-19 земјите во светот воведоа карантини, препораки за останување дома и задолжително носење на маски. Но реакциите (и почитувањето) на овие препораки значително се разликуваат на Истокот и Западот. Во разговорот кој го води Хелен Волтерс од ТЕД, писателката Хуанг Хунг го изнесува своето мислење за тоа како американските и кинеските вредности ги дефинираа реакциите кон корона вирусот. Притоа, таа ја нагласува важноста од заедничкото здружување за запирање на пандемијата. (16 април, 2020)
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 11:44
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response | |
![]() |
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How American and Chinese values shaped the coronavirus response |